зоран крстевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-krstevski/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jan 2022 08:07:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зоран крстевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-krstevski/ 32 32 Астрологот Зоран Крстевски предвидува бурен период, но и можен крај на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/astrologot-zoran-krstevski-predviduva-buren-period-no-i-mozen-kraj-na-pandemijata/ Mon, 10 Jan 2022 08:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=442393

За тоа што од астролошки аспект ќе ни донесе наредниот период и какви се шансите за надминување на актуелните состојби на глобално ниво, познатиот астролог, писател и филозоф Зоран Крстевски за „Нова Македонија“ вели дека фактот што Јупитер навлезе во знакот на риби, а Сатурн останува во знакот на водолија, можно е некои работи да тргнат на подобро, а други да продолжат да се движат кон негативна насока.

Тоа беше аспектот што на 24 декември се случи помеѓу планетата на старото и ограничувачкото, Сатурн, и планетата на новото и револуционерното, Уран, кој владее со знакот на водолија. Судирот на овие две спротивставени космички сили може да предизвика коренити промени на глобален план, кои, се надеваме, дека на крајот ќе излезат на добро. Сепак, првично нештата нема да бидат најидеални, туку исполнети со многу борби, искушенија и проблеми. Клучно е да согледаме до кој степен ќе оди пандемијата во прогресија, или, пак, ќе предизвика уште поголема криза, штета, напнатост и неизвесност поврзана со глобалните финансиски текови, вели астрологот.

Според Крстовски, тоа значи дека сѐ уште сме далеку од надминување на пандемијата и другите проблеми, како енергетска криза, економска рецесија, духовен пад...

Тоа значи дека нè очекуваат бурни периоди и состојби на живеење исполнети со страв, стрес и неизвесност. Сатурн во водолија влијае врз перспективата на планетата Земја, ги определува иднината и сето она што на некој начин ќе ја утврди судбината на човештвото. Водолијата е директно поврзана со глобалната тематика, со универзалните аспекти на постоењето и со хуманоста. Од позитивна гледна точка, Плутон владее со регенерацијата, трансформацијата и со будењето на човековите потенцијали. Тогаш кога сме отпишани на здравствен план, плутоновата енергија може да нè спаси од тешка болест, да нè избави од опасни искушенија и да нè однесе кон повисоката димензија на постоењето. Астролошки гледано, негативниот аспект помеѓу Сатурн и Плутон предизвика човештвото да се соочи со голема тегобност, со невидлива агресија и злокобност на коронавирусот и последиците од таа пандемија сè уште ги трпиме, додава тој.

The post Астрологот Зоран Крстевски предвидува бурен период, но и можен крај на пандемијата appeared first on Република.

]]>