Зоран Јовановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-jovanovski/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 17:27:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Јовановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-jovanovski/ 32 32 Јовановски: Македонија е сè поблиску до својата катарза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-makedonija-e-se-poblisku-do-svojata-katarza/ Sat, 24 Aug 2024 17:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=809819

Распадот на СФР Југославија пред повеќе од три децении резултираше со држави наследнички, меѓу кои и нашава. Оттогаш наваму речиси сите овие земји поминаа низ некаква своја катарза, пишува Зоран Јовановски, за „Економија и бизнис“.

„Што значи катарза во ваков контекст? Тоа е момент на концентрација на огромна општествена енергија која води до некакво случување што влијае стабилизирачки на општеството. По таков катарзичен момент, ништо веќе не е исто како претходно. Притоа не секој момент на висока енергија и на случувања задолжително влијае стабилизирачки на општеството.

 

Што се случи на овој план во републиките на поранешна СФР Југославија? На пример, Словенија го преживеа распадот на големиот југословенски пазар на кој доминираше и успеа да се преориентира, да ја задржи конкурентноста на својата економија и да го преживее претходното значително потпирање на ексјугословенскиот пазар. Хрватска се прекрши со својата „Олуја“, драматична воена акција со која решаваше внатрешни меѓуетнички прашања. Србија помина низ премрежјата од промени на владејачките структури со длабоки општествени потреси, меѓународни судови итн. Црна Гора го имаше референдумот за независност со невообичаено висок процент на меѓународно прифатлива проодност на резултатот од 55 %. Босна и Херцеговина „се бори“ со комплексноста на своето општествено уредување и со сите егзистенцијални закани и предизвици што произлегуваат од тоа и изгледа дека сè уште ја нема доживеано својата катарза.

 

Каде сме ние тука, македонското општество? Имавме катарзичен момент со зачленувањето во НАТО бидејќи тоа влијаеше стабилизирачки на безбедносните изгледи на земјава за иднината. Но, тоа беше повеќе нешто што се случи во рамките на меѓународниот контекст на настани. На домашен план работите изгледаат поинаку. Изминативе децении се соочивме со бројни ситуации, сериозни предизвици, преживеавме трговски ембарга и затворени граници, промена на знамето, внатрешен вооружен конфликт и последователен редефиниран општествен договор, промена на името на државава за внатрешна и надворешна употреба. Сите овие случувања влијаеја на текот на функционирање на општеството, но колку и да се драматични по својата природа тие не доведоа до катарза во општеството. Општеството не се помири со некои од случувањата, веројатно ги перципира(ше) само како некаков нужен чекор што требал да се направи. Општествениот котел наместо да се смирува продолжи притаено да врие.

 

Последиците од сите случувања во земјава за некого значеа промена на подобро, за некого промена на полошо. Фактот дека низ годините огромен број граѓани ја напуштија земјава може да биде своевиден индикатор дека втората група е веројатно побројна. Притоа важна карактеристика на ваквиот тренд е сознанието дека земјава ја напуштаат сè повеќе млади кои не гледаат светла иднина, но и семејства кои се во поодмината фаза од животот и немаат економски мотиви за заминување.

 

Каде е тогаш точката на катарза која може да го стабилизира македонското општество? Тоа е владеењето на правото и сигурноста што ја носи тоа за граѓаните, за бизнисите, за сите. Ерозијата на овој план и несигурноста што се акумулираше низ децениите јасно се одразуваат низ разновидните анкети што ја покажуваат изразито ниската доверба на граѓаните во овие институции на системот. Изразите „селективна правда“ и „неказнивост“ се изрази што се одомаќинија во македонското општество и се присутни одамна, вклучително и во вокабуларот на претставниците на меѓународната заедница. Затоа воопшто не е изненадување што правната несигурност за многумина тука добива статус на егзистенцијална закана за иднината за општеството.

 

И, тука, по ова прашање, македонското општество е во поодмината фаза на поделба на две групи. Во едната се сите оние кои сакаат да живеат во правна држава, сакаат функционирање на институциите, владеење на правото, правичност и неселективност. Во другата група се оние кои примената на правото ја перципираат како растеглива категорија, како пластелин што може да се моделира според сопствените интереси. За нив правдата треба да биде скроена од власта, учеството во власта се перципира како плен, а коалициското функционирање е „освоена територија“ во која едните „не им се мешаат“ на другите“.

Целиот текст на „Економија и бизнис“.

The post Јовановски: Македонија е сè поблиску до својата катарза appeared first on Република.

]]>

Распадот на СФР Југославија пред повеќе од три децении резултираше со држави наследнички, меѓу кои и нашава. Оттогаш наваму речиси сите овие земји поминаа низ некаква своја катарза, пишува Зоран Јовановски, за „Економија и бизнис“.
„Што значи катарза во ваков контекст? Тоа е момент на концентрација на огромна општествена енергија која води до некакво случување што влијае стабилизирачки на општеството. По таков катарзичен момент, ништо веќе не е исто како претходно. Притоа не секој момент на висока енергија и на случувања задолжително влијае стабилизирачки на општеството.   Што се случи на овој план во републиките на поранешна СФР Југославија? На пример, Словенија го преживеа распадот на големиот југословенски пазар на кој доминираше и успеа да се преориентира, да ја задржи конкурентноста на својата економија и да го преживее претходното значително потпирање на ексјугословенскиот пазар. Хрватска се прекрши со својата „Олуја“, драматична воена акција со која решаваше внатрешни меѓуетнички прашања. Србија помина низ премрежјата од промени на владејачките структури со длабоки општествени потреси, меѓународни судови итн. Црна Гора го имаше референдумот за независност со невообичаено висок процент на меѓународно прифатлива проодност на резултатот од 55 %. Босна и Херцеговина „се бори“ со комплексноста на своето општествено уредување и со сите егзистенцијални закани и предизвици што произлегуваат од тоа и изгледа дека сè уште ја нема доживеано својата катарза.   Каде сме ние тука, македонското општество? Имавме катарзичен момент со зачленувањето во НАТО бидејќи тоа влијаеше стабилизирачки на безбедносните изгледи на земјава за иднината. Но, тоа беше повеќе нешто што се случи во рамките на меѓународниот контекст на настани. На домашен план работите изгледаат поинаку. Изминативе децении се соочивме со бројни ситуации, сериозни предизвици, преживеавме трговски ембарга и затворени граници, промена на знамето, внатрешен вооружен конфликт и последователен редефиниран општествен договор, промена на името на државава за внатрешна и надворешна употреба. Сите овие случувања влијаеја на текот на функционирање на општеството, но колку и да се драматични по својата природа тие не доведоа до катарза во општеството. Општеството не се помири со некои од случувањата, веројатно ги перципира(ше) само како некаков нужен чекор што требал да се направи. Општествениот котел наместо да се смирува продолжи притаено да врие.   Последиците од сите случувања во земјава за некого значеа промена на подобро, за некого промена на полошо. Фактот дека низ годините огромен број граѓани ја напуштија земјава може да биде своевиден индикатор дека втората група е веројатно побројна. Притоа важна карактеристика на ваквиот тренд е сознанието дека земјава ја напуштаат сè повеќе млади кои не гледаат светла иднина, но и семејства кои се во поодмината фаза од животот и немаат економски мотиви за заминување.   Каде е тогаш точката на катарза која може да го стабилизира македонското општество? Тоа е владеењето на правото и сигурноста што ја носи тоа за граѓаните, за бизнисите, за сите. Ерозијата на овој план и несигурноста што се акумулираше низ децениите јасно се одразуваат низ разновидните анкети што ја покажуваат изразито ниската доверба на граѓаните во овие институции на системот. Изразите „селективна правда“ и „неказнивост“ се изрази што се одомаќинија во македонското општество и се присутни одамна, вклучително и во вокабуларот на претставниците на меѓународната заедница. Затоа воопшто не е изненадување што правната несигурност за многумина тука добива статус на егзистенцијална закана за иднината за општеството.   И, тука, по ова прашање, македонското општество е во поодмината фаза на поделба на две групи. Во едната се сите оние кои сакаат да живеат во правна држава, сакаат функционирање на институциите, владеење на правото, правичност и неселективност. Во другата група се оние кои примената на правото ја перципираат како растеглива категорија, како пластелин што може да се моделира според сопствените интереси. За нив правдата треба да биде скроена од власта, учеството во власта се перципира како плен, а коалициското функционирање е „освоена територија“ во која едните „не им се мешаат“ на другите“.
Целиот текст на „Економија и бизнис“.

The post Јовановски: Македонија е сè поблиску до својата катарза appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-neshto-mora-sushtinski-da-se-menuva-vo-nachinot-na-koj-se-kaznuvaat-onie-shto-go-prekrshile-zakonot-na-prvo-mesto-parite-a-na-vtoro-zatvorska-kazna/ Sat, 10 Aug 2024 11:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=805182

Не сум експерт за право, но логиката на здравиот разум ми вели дека нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, напиша на својот фејсбук профил Зоран Јовановски.

Мислам дека на прво место треба да бидат парите, а на второ место затворските казни. Прво да ги врати парите тој што ги украл или да ја надомести направената штета, а башка ќе оди и во затвор.

Македонија цел месец се бори со пожари и скоро секој ден дознаваме за некој фатен пироман. На сите такви треба прво да им се испостави сметка и да платат за трошокот за ангажирање хеликоптери, пожарникари и тоа да биде од имотот што го имаат (пари, станови, куќи, коли, или од тоа што ќе го заработат во иднина). После доаѓа затворската казна за “предизвикување општа опасност”. Така секој ќе си размисли дали да подметнува пожари.

Поенатата е криминалот да се направи финансиски неисплатлив!!! Мислам дека тоа е убедливо најголемата казна за криминалците во Македонија. И ги има многу што би одлежале години затвор, ама да им останат парите или ненадоместена штетата што ја направиле.

The post Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна appeared first on Република.

]]>

Не сум експерт за право, но логиката на здравиот разум ми вели дека нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, напиша на својот фејсбук профил Зоран Јовановски.

Мислам дека на прво место треба да бидат парите, а на второ место затворските казни. Прво да ги врати парите тој што ги украл или да ја надомести направената штета, а башка ќе оди и во затвор.

Македонија цел месец се бори со пожари и скоро секој ден дознаваме за некој фатен пироман. На сите такви треба прво да им се испостави сметка и да платат за трошокот за ангажирање хеликоптери, пожарникари и тоа да биде од имотот што го имаат (пари, станови, куќи, коли, или од тоа што ќе го заработат во иднина). После доаѓа затворската казна за “предизвикување општа опасност”. Така секој ќе си размисли дали да подметнува пожари.

Поенатата е криминалот да се направи финансиски неисплатлив!!! Мислам дека тоа е убедливо најголемата казна за криминалците во Македонија. И ги има многу што би одлежале години затвор, ама да им останат парите или ненадоместена штетата што ја направиле.

The post Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна appeared first on Република.

]]>
Филков во затворот Идризово по вчерашниот инцидент – пронајдени ножеви, шипки, дрвени рачки, кабли, шрафцигери, шприцеви и игли https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/filkov-vo-zatvorot-idrizovo-po-vcherashniot-intsident-pronajdeni-nozhevi-shipki-drveni-rachki-kabli-shraftsigeri-shpritsevi-i-igli/ Thu, 27 Jun 2024 16:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=791360

Министерот за правда Игор Филков ја посети Казнено-поправната установа Идризово, по вчерашниот инцидент, кој се случи во затвореното одделение Амбуланта, каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници.

Филков, како што информира Министерството за правда, во разговорот со директорот на затворот Зоран Јовановски, беше информиран за настанот, како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација.

- По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 шрафови, 15 ножеви, 4 шрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон. При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета, се вели во соопштението.

Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите. Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има, стои во соопштението.

Вчера во 13:10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10:30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу повеќе осудени лица. Притоа со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Филков во затворот Идризово по вчерашниот инцидент – пронајдени ножеви, шипки, дрвени рачки, кабли, шрафцигери, шприцеви и игли appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков ја посети Казнено-поправната установа Идризово, по вчерашниот инцидент, кој се случи во затвореното одделение Амбуланта, каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници. Филков, како што информира Министерството за правда, во разговорот со директорот на затворот Зоран Јовановски, беше информиран за настанот, како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација.
- По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 шрафови, 15 ножеви, 4 шрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон. При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета, се вели во соопштението.
Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите. Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има, стои во соопштението. Вчера во 13:10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10:30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу повеќе осудени лица. Притоа со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Филков во затворот Идризово по вчерашниот инцидент – пронајдени ножеви, шипки, дрвени рачки, кабли, шрафцигери, шприцеви и игли appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Трагично е како некои работи веќе престанавме да ги забележуваме https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jovanovski-tragichno-e-kako-nekoi-raboti-veke-prestanavme-da-gi-zabelezhuvame/ Fri, 07 Jun 2024 18:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=785601

Викендов, кога ќе се движите низ Скопје помислете дека сте странец и гледајте го градот низ очите на странец, советува Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанска Комора.

Нема да ви се допадне тоа што ќе го видите, вели тој.

Трагично е како некои работи веќе престанавме да ги забележуваме.

The post Јовановски: Трагично е како некои работи веќе престанавме да ги забележуваме appeared first on Република.

]]>

Викендов, кога ќе се движите низ Скопје помислете дека сте странец и гледајте го градот низ очите на странец, советува Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанска Комора. Нема да ви се допадне тоа што ќе го видите, вели тој.
Трагично е како некои работи веќе престанавме да ги забележуваме.

The post Јовановски: Трагично е како некои работи веќе престанавме да ги забележуваме appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Во новата влада има луѓе кои разбираат економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-vo-novata-vlada-ima-luge-koi-razbiraat-ekonomija/ Fri, 31 May 2024 09:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=783461

Во новата Влада има луѓе кои што разбираат економија, посочи потпретседателот на Стопанскатата комора Зоран Јовановски во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21.

Според него, почетните најави се позитивни.

Мојата перцепција генерално е дека новата Влада има разбирање за тоа колку е значајно да се обезбеди силен раст на македонската економија, и разбира колку е важно улогата на приватниот бизнис сектор во тој процес, вели Јовановски.

Јовановски вели дека има впечаток оти новата Влада има план, и точно знае што сака да постигне.

https://youtu.be/RaU2GFf3np0?si=LyHbJ8_4TqWbgVWT

The post Јовановски: Во новата влада има луѓе кои разбираат економија appeared first on Република.

]]>

Во новата Влада има луѓе кои што разбираат економија, посочи потпретседателот на Стопанскатата комора Зоран Јовановски во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21. Според него, почетните најави се позитивни.
Мојата перцепција генерално е дека новата Влада има разбирање за тоа колку е значајно да се обезбеди силен раст на македонската економија, и разбира колку е важно улогата на приватниот бизнис сектор во тој процес, вели Јовановски.
Јовановски вели дека има впечаток оти новата Влада има план, и точно знае што сака да постигне. https://youtu.be/RaU2GFf3np0?si=LyHbJ8_4TqWbgVWT

The post Јовановски: Во новата влада има луѓе кои разбираат економија appeared first on Република.

]]>
Обвинителството испитува кој и зошто го запали автомобилот на директорот Јовановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ispituva-koj-i-zoshto-go-zapali-avtomobilot-na-direktorot-jovanovski/ Wed, 15 May 2024 13:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=778392

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата.

Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија, информираат од ЈОРМ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-avtomobilot-na-direktorot-na-zatvorot-idrizovo/

Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

The post Обвинителството испитува кој и зошто го запали автомобилот на директорот Јовановски appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата.
Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија, информираат од ЈОРМ.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-avtomobilot-na-direktorot-na-zatvorot-idrizovo/ Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј.. Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

The post Обвинителството испитува кој и зошто го запали автомобилот на директорот Јовановски appeared first on Република.

]]>
Запален автомобилот на директорот на затворот „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-avtomobilot-na-direktorot-na-zatvorot-idrizovo/ Wed, 15 May 2024 07:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=778135

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил „пасат” на директорот на затворот „Идризово”, Зоран Јовановски. Инцидентот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, позади економското училиште, во скопската населба Кисела Вода.

Скопската пожарникарна бригада интервенирала и го локализирала пожарот, а повредени лица нема.

Пожарот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот. Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Ова не е првпат да се врши притисок преку вандализам на вработени лица во затворот.

Повеќе фото на „Фактор

The post Запален автомобилот на директорот на затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил „пасат” на директорот на затворот „Идризово”, Зоран Јовановски. Инцидентот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, позади економското училиште, во скопската населба Кисела Вода. Скопската пожарникарна бригада интервенирала и го локализирала пожарот, а повредени лица нема. Пожарот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот. Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Ова не е првпат да се врши притисок преку вандализам на вработени лица во затворот. Повеќе фото на „Фактор

The post Запален автомобилот на директорот на затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Поголема количина на недозволени предмети се откриени при претресите во КПУ Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jovanovski-pogolema-kolichina-na-nedozvoleni-predmeti-se-otkrieni-pri-pretresite-vo-kpu-idrizovo/ Thu, 11 Apr 2024 11:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=764938

Поголема кличина на недозволени предмети се откриени при претресите што утрово беа извршени во Казнено поправната установа Идризово со цел обезбедување доказни материјали, информира за МИА директорот на КПУ Идризово - Скопје, Зоран Јовановски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tigri-vlegoa-vo-idrizovo-se-spremala-vojna-megu-dve-bandi/

Тој нагласи дека веќе се завршени претресите.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал, информира претходно ОЈО Скопје.

The post Јовановски: Поголема количина на недозволени предмети се откриени при претресите во КПУ Идризово appeared first on Република.

]]>

Поголема кличина на недозволени предмети се откриени при претресите што утрово беа извршени во Казнено поправната установа Идризово со цел обезбедување доказни материјали, информира за МИА директорот на КПУ Идризово - Скопје, Зоран Јовановски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tigri-vlegoa-vo-idrizovo-se-spremala-vojna-megu-dve-bandi/ Тој нагласи дека веќе се завршени претресите.
Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал, информира претходно ОЈО Скопје.

The post Јовановски: Поголема количина на недозволени предмети се откриени при претресите во КПУ Идризово appeared first on Република.

]]>
Зоран Јовановски: Судот да објасни зошто не е одреден притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoran-jovanovski-sudot-da-objasni-zoshto-ne-e-odreden-pritvor/ Sat, 06 Jan 2024 16:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=730505

Зоран Јовановски, потпретседателот на Стопанската комора, побара од Кривичниот суд Скопје да образложи зошто не е определен притвор за четворицата осомничени за упадот во М-НАВ.

Со сета почит кон независноста на судството, за случаите со висок степен на општествен интерес јавноста има право да го знае образложението за одлуките на судиите. На тој начин се создава основа да се заземе објективен став и за судиите што ги носат одлуките. Судиите треба да знаат дека преземаат сопствен професионален ризик ако не ја штитат правдата и општествениот интерес. Независноста не значи самоволие и анархија. Има огромен број луѓе во земјава на кои сето ова многу им значи.

The post Зоран Јовановски: Судот да објасни зошто не е одреден притвор appeared first on Република.

]]>

Зоран Јовановски, потпретседателот на Стопанската комора, побара од Кривичниот суд Скопје да образложи зошто не е определен притвор за четворицата осомничени за упадот во М-НАВ.
Со сета почит кон независноста на судството, за случаите со висок степен на општествен интерес јавноста има право да го знае образложението за одлуките на судиите. На тој начин се создава основа да се заземе објективен став и за судиите што ги носат одлуките. Судиите треба да знаат дека преземаат сопствен професионален ризик ако не ја штитат правдата и општествениот интерес. Независноста не значи самоволие и анархија. Има огромен број луѓе во земјава на кои сето ова многу им значи.

The post Зоран Јовановски: Судот да објасни зошто не е одреден притвор appeared first on Република.

]]>
Зоран Јовановски: Канцер на Онкологија – канцер во општеството… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoran-jovanovski-kantser-na-onkologija-kantser-vo-opshtestvoto/ Mon, 04 Sep 2023 18:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=678805

Канцер на Онкологија - канцер во општеството..., напиша на својот фејсбук профил Зоран Јовановски.

The post Зоран Јовановски: Канцер на Онкологија – канцер во општеството… appeared first on Република.

]]>

Канцер на Онкологија - канцер во општеството..., напиша на својот фејсбук профил Зоран Јовановски.

The post Зоран Јовановски: Канцер на Онкологија – канцер во општеството… appeared first on Република.

]]>
По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-paleneto-i-brojnite-zakani-zatvorski-politsajtsi-zemaat-boleduvane-samo-za-da-ne-odat-na-rabota/ Sat, 29 Apr 2023 08:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=635200

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани.

Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“.

Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.

Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.

Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани. Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“. Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.
Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.
Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>
Досегашниот директор на затворот „Идризово“ Шпенд Тахири доби отказ, Зоран Јовановски е именуван за в.д. директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dosegashniot-direktor-na-zatvorot-idrizovo-shpend-tahiri-dobi-otkaz-zoran-jovanovski-e-imenuvan-za-v-d-direktor/ Tue, 21 Mar 2023 15:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=622116

Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван генерал-мајор, магистер Зоран Јовановски.

Премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за Јовановски на денешната прес-конференција, рече дека се работи за врвен професионалец, кој има богата професионална кариера, пред се во Министерството за внатрешни работи.

Тој потенцира дека Јовановски во текот на својата професионална кариера поминал обуки во Полициската академија во Луизијана, организирани од Американската амбасада во земјава, како други обуки во САД, Германија, Велика Британија и Турција.

 

The post Досегашниот директор на затворот „Идризово“ Шпенд Тахири доби отказ, Зоран Јовановски е именуван за в.д. директор appeared first on Република.

]]>

Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван генерал-мајор, магистер Зоран Јовановски. Премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за Јовановски на денешната прес-конференција, рече дека се работи за врвен професионалец, кој има богата професионална кариера, пред се во Министерството за внатрешни работи. Тој потенцира дека Јовановски во текот на својата професионална кариера поминал обуки во Полициската академија во Луизијана, организирани од Американската амбасада во земјава, како други обуки во САД, Германија, Велика Британија и Турција.  

The post Досегашниот директор на затворот „Идризово“ Шпенд Тахири доби отказ, Зоран Јовановски е именуван за в.д. директор appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Многумина не го гледаат бранот што доаѓа, бидејќи не е локален, за да се справи со корупцијата и криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-mnogumina-ne-go-gledaat-branot-shto-doagja-bidejkji-ne-e-lokalen-za-da-se-spravi-so-korupcijata-i-kriminalot/ Wed, 16 Nov 2022 20:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=574675

Мислам дека е почнат процес на „прочистување на општеството“, вели поранешниот висок функционер на СДСМ, Зоран Јовановски.

Многумина не го гледаат бранот што доаѓа, бидејќи не е локален, за да се справи со корупцијата и криминалот и нема да прашува кој е власт, а кој опозиција. Некои ќе бидат изненадени, други ќе имаат проблем да ја прифатат новата реалност, трети ќе се обидат да се спротивстават, ама мислам безуспешно. Така ми личи работава, коментира Јовановски.

The post Јовановски: Многумина не го гледаат бранот што доаѓа, бидејќи не е локален, за да се справи со корупцијата и криминалот appeared first on Република.

]]>

Мислам дека е почнат процес на „прочистување на општеството“, вели поранешниот висок функционер на СДСМ, Зоран Јовановски.
Многумина не го гледаат бранот што доаѓа, бидејќи не е локален, за да се справи со корупцијата и криминалот и нема да прашува кој е власт, а кој опозиција. Некои ќе бидат изненадени, други ќе имаат проблем да ја прифатат новата реалност, трети ќе се обидат да се спротивстават, ама мислам безуспешно. Така ми личи работава, коментира Јовановски.

The post Јовановски: Многумина не го гледаат бранот што доаѓа, бидејќи не е локален, за да се справи со корупцијата и криминалот appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Сега е време на преживување, не за даночни реформи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-sega-e-vreme-na-prezivuvanje-ne-za-danochni-reformi/ Thu, 20 Oct 2022 20:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=563797

Потпретседателот на ССМ Зоран Јовановски во гостување во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека сега е време на преживување, а не за даночни реформи.

Мислам дека постои општ консензус во ваква ситуација на максимална неизвесност и на масата е веќе темата за ликвидност и отежната ликвидност, пролонгиран рок на извршување на обврските. Ова не е момент кога би требало веројатно да зборуваме за даночни реформи. Тоа сме го кажале ние и со министерот за финансии отворено, значи сите теми заслужуваат да се разговараат меѓутоа треба да има нормален амбиент кога тоа би го разговарале, рече Јовановски.

Извршниот директор на Комората на северозападна Македонија, Дриљон Исени додаде дека голем број од комапниите биле во дилема дали да работат со загуба или да отпуштаат вработени лица.

Ако прашате кои се трите најголеми проблеми во бизнисот сега, без сомнение сите ќе ви речат енергетската криза, човечкиот капитал и ликвидните средства. Сега компаниите се соочуваат со овие три проблеми истовремено. Ликвидните средства што ги имаат како заштеди или во банки веќе ги исцрпиле сите поради ковид пандемијата и сега се во дилема дали да работат со загуба да ги отпуштат своите вработени, рече Исени.

Исени рече дека компаниите биле и во дилема доколку отпуштат вработени лица, дали повторно ќе може да најдат кога ќе се стабилизира ситуацијата.

Одлуката на Владата за помош на домаќинствата за цената на електричната енергија за Јовановски е добра, но нагласи дека мора да има помош и за компаниите.

Ако трошокот го субвенционирате 80% за домаќинствата, значи ако треба да биде 100 денари сметката за струја, граѓаните плаќаат 20, а 80 им плаќа државата. Тоа ли е решението, ако фирмата се затвори, тој што требало тие 20 да ги плати не може затоа што нема плата, вели Јовановски.

Потпретседателот на ССК Горан Георгиевски додаде дека Владата морала да се насочи кон целосно домашно производство на струја за да биде поевтина за стопанството.

Според него, Владата исто така требало да се спрегне и сите капацитети кои ги поседува земјата да бидат во функција.

Еден од РЕК-овите практично не работи, не знам точно кој е. Понатака, ТЕЦ Неготино има два котели по 80 мегавати, едниот чинам дека работи, другиот не сум сигурен дека работи. Практично сето ова требаше да функционира и да работи длабоко во минатиот период, таму на почеток некаде во првиот квартал на годината затоа што тоа ќе овозможеше да имаме пониски цени на електричната енергија, односно да има бизнисот пониски цени на електричната енергија, вели Георгиевски.

The post Јовановски: Сега е време на преживување, не за даночни реформи appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ССМ Зоран Јовановски во гостување во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека сега е време на преживување, а не за даночни реформи.
Мислам дека постои општ консензус во ваква ситуација на максимална неизвесност и на масата е веќе темата за ликвидност и отежната ликвидност, пролонгиран рок на извршување на обврските. Ова не е момент кога би требало веројатно да зборуваме за даночни реформи. Тоа сме го кажале ние и со министерот за финансии отворено, значи сите теми заслужуваат да се разговараат меѓутоа треба да има нормален амбиент кога тоа би го разговарале, рече Јовановски.
Извршниот директор на Комората на северозападна Македонија, Дриљон Исени додаде дека голем број од комапниите биле во дилема дали да работат со загуба или да отпуштаат вработени лица.
Ако прашате кои се трите најголеми проблеми во бизнисот сега, без сомнение сите ќе ви речат енергетската криза, човечкиот капитал и ликвидните средства. Сега компаниите се соочуваат со овие три проблеми истовремено. Ликвидните средства што ги имаат како заштеди или во банки веќе ги исцрпиле сите поради ковид пандемијата и сега се во дилема дали да работат со загуба да ги отпуштат своите вработени, рече Исени.
Исени рече дека компаниите биле и во дилема доколку отпуштат вработени лица, дали повторно ќе може да најдат кога ќе се стабилизира ситуацијата. Одлуката на Владата за помош на домаќинствата за цената на електричната енергија за Јовановски е добра, но нагласи дека мора да има помош и за компаниите.
Ако трошокот го субвенционирате 80% за домаќинствата, значи ако треба да биде 100 денари сметката за струја, граѓаните плаќаат 20, а 80 им плаќа државата. Тоа ли е решението, ако фирмата се затвори, тој што требало тие 20 да ги плати не може затоа што нема плата, вели Јовановски.
Потпретседателот на ССК Горан Георгиевски додаде дека Владата морала да се насочи кон целосно домашно производство на струја за да биде поевтина за стопанството. Според него, Владата исто така требало да се спрегне и сите капацитети кои ги поседува земјата да бидат во функција.
Еден од РЕК-овите практично не работи, не знам точно кој е. Понатака, ТЕЦ Неготино има два котели по 80 мегавати, едниот чинам дека работи, другиот не сум сигурен дека работи. Практично сето ова требаше да функционира и да работи длабоко во минатиот период, таму на почеток некаде во првиот квартал на годината затоа што тоа ќе овозможеше да имаме пониски цени на електричната енергија, односно да има бизнисот пониски цени на електричната енергија, вели Георгиевски.

The post Јовановски: Сега е време на преживување, не за даночни реформи appeared first on Република.

]]>
Резултатите од пописот ниту може, ниту смее да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rezultatite-od-popisot-nitu-moze-nitu-smee-da-gi-tolkuva-koj-kako-kje-stigne-bez-ogled-na-kakva-pozicija-e/ Fri, 16 Sep 2022 18:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=551566

Резултатите од пописот НИТУ МОЖЕ НИТУ СМЕЕ да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е!, пишува на Фејсбук, Зоран Јовановски
Си постојат меѓународни правила и стандарди. Пописот не попишува државјани, туку попишува граѓани кои ВО МОМЕНТОТ НА ПОПИСОТ СЕ ВО ЗЕМЈАТА, односно она што се нарекува РЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ. Тие што живеат во друга земја ги регистрира пописот на таа друга земја. И, тоа е тоа, нема никакви специфичности, нема врска со девизни дознаки, јасно е, инаку на две места ќе се попишат истите луѓе.
Примената на резултатите од пописот, за балансерот за вработување или некоја друга потреба, НЕ Е ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ, НЕ Е КОАЛИЦИСКО ПРАШАЊЕ, тоа е прашање на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!
Праксата, прашања кои значат владеење на правото да се третираат како прашања на политичко толкување и политички договор за да се извртат работите - МОРА ДА ПРЕСТАНЕ еднаш засекогаш!!!

The post Резултатите од пописот ниту може, ниту смее да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е! appeared first on Република.

]]>

Резултатите од пописот НИТУ МОЖЕ НИТУ СМЕЕ да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е!, пишува на Фејсбук, Зоран Јовановски Си постојат меѓународни правила и стандарди. Пописот не попишува државјани, туку попишува граѓани кои ВО МОМЕНТОТ НА ПОПИСОТ СЕ ВО ЗЕМЈАТА, односно она што се нарекува РЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ. Тие што живеат во друга земја ги регистрира пописот на таа друга земја. И, тоа е тоа, нема никакви специфичности, нема врска со девизни дознаки, јасно е, инаку на две места ќе се попишат истите луѓе. Примената на резултатите од пописот, за балансерот за вработување или некоја друга потреба, НЕ Е ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ, НЕ Е КОАЛИЦИСКО ПРАШАЊЕ, тоа е прашање на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО! Праксата, прашања кои значат владеење на правото да се третираат како прашања на политичко толкување и политички договор за да се извртат работите - МОРА ДА ПРЕСТАНЕ еднаш засекогаш!!!

The post Резултатите од пописот ниту може, ниту смее да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е! appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-vo-ovoj-moment-nema-pogolem-problem-za-makedonskata-ekonomija-od-cenata-na-strujata/ Mon, 22 Aug 2022 10:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=542795

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора.

Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат.

Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.

-Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6 995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.

-Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.

Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност.

-Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората.

На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.

-Во нивни интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.

На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата.

-Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

The post Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата appeared first on Република.

]]>

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора. Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.
-Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.
Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6 995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.
-Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.
Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност. -Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората. На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.
-Во нивни интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.
На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата. -Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

The post Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата appeared first on Република.

]]>
Се прашалува ли некој што ако Русија го запре гасот, Бугарија ја затвори границата за енергија и приватната фирма Те-То го остави Скопје без греење? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-prashaluva-li-nekoj-shto-ako-rusija-go-zapre-gasot-bugarija-ja-zatvori-granicata-za-energija-i-privatnata-firma-te-to-go-ostavi-skopje-bez-greenje/ Thu, 11 Aug 2022 17:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=539236

Еден од најдборите економисти во Македонија и поранешен висок кадар на СДСМ Зоран Јовановски се осврнува на проекциите за една од најтешките зими, која е на неколку месеци пред нас. Јовановски нагласува две работи - прво, вели, мора да се знае кој точно одлучува за енергетиката, а второ, според него, важно е да се разработат три сценарија: основно, песимистично и оптимистично.

Збор-два за тоа што ни доаѓа. Сосема е јасно дека зимава ќе биде многу тешка. Такви сигнали доаѓаат од многу земји во Европа. Сите се подготвуваат, најавуваат штедење, рестрикции.
Во ваква ситуација треба да се направат барем две работи.
Прво, да се знае точно кој е тој во државава кој ги носи конечните одлуки за енергетиката. Треба да се знае по име и презиме. Ова е важно затоа што има еден куп разно-разни субјекти и сите покриваат само дел од енергетскиот систем. Мора да се знае кој ги координира сите и одлучува.
Второ, треба да се направат барем три сценарија за зимава, основно, песимистичко и оптимистичко. Ова е базична работа што ја знае секој што правел некакви проекции. Притоа, треба да се има одговор на сите прашања за можни ситуации, без оглед колку тие и да изгледаат малку веројатни во моментот. На пример, што ако Русија го запре гасот? Што ако Бугарија ја затвори границата за проток на енергија? Што ако Те-То како приватна компанија одлучи да не работи зимава на ист начин како лани и има опасност да нема парно греење во Скопје? Ова се само некои од прашањата.
Само вака ќе се земат предвид и најопасните ситуации и ќе се бараат уште сега решенија за секој случај. Поарно спремни одошто изненадени, пишува Јовановски.

The post Се прашалува ли некој што ако Русија го запре гасот, Бугарија ја затвори границата за енергија и приватната фирма Те-То го остави Скопје без греење? appeared first on Република.

]]>

Еден од најдборите економисти во Македонија и поранешен висок кадар на СДСМ Зоран Јовановски се осврнува на проекциите за една од најтешките зими, која е на неколку месеци пред нас. Јовановски нагласува две работи - прво, вели, мора да се знае кој точно одлучува за енергетиката, а второ, според него, важно е да се разработат три сценарија: основно, песимистично и оптимистично.
Збор-два за тоа што ни доаѓа. Сосема е јасно дека зимава ќе биде многу тешка. Такви сигнали доаѓаат од многу земји во Европа. Сите се подготвуваат, најавуваат штедење, рестрикции. Во ваква ситуација треба да се направат барем две работи. Прво, да се знае точно кој е тој во државава кој ги носи конечните одлуки за енергетиката. Треба да се знае по име и презиме. Ова е важно затоа што има еден куп разно-разни субјекти и сите покриваат само дел од енергетскиот систем. Мора да се знае кој ги координира сите и одлучува. Второ, треба да се направат барем три сценарија за зимава, основно, песимистичко и оптимистичко. Ова е базична работа што ја знае секој што правел некакви проекции. Притоа, треба да се има одговор на сите прашања за можни ситуации, без оглед колку тие и да изгледаат малку веројатни во моментот. На пример, што ако Русија го запре гасот? Што ако Бугарија ја затвори границата за проток на енергија? Што ако Те-То како приватна компанија одлучи да не работи зимава на ист начин како лани и има опасност да нема парно греење во Скопје? Ова се само некои од прашањата. Само вака ќе се земат предвид и најопасните ситуации и ќе се бараат уште сега решенија за секој случај. Поарно спремни одошто изненадени, пишува Јовановски.

The post Се прашалува ли некој што ако Русија го запре гасот, Бугарија ја затвори границата за енергија и приватната фирма Те-То го остави Скопје без греење? appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Без работници нема компании, но и без компании нема работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-bez-rabotnici-nema-kompanii-no-i-bez-kompanii-nema-rabotnici/ Thu, 30 Jun 2022 12:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=521551

Потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Зоран Јовановски, истакнува дека Стопанската комора во континуитет покренува разни иницијативи и доставува барања до надлежните институции, се’ со цел да се им се помогне на компаниите во нивното работење.

Јовановси инфоермира дека од почетокот на годинава се доставени повеќе иницијативи, на пример, инцијатива поврзана со Законот за извршување, друга иницијатива поврзана со Законот за работни односи во неколку сегменти, вклучително и за недела неработен ден итн.

Притоа, важно е да се истакне дека иницијативите и барањата на Стопанската комора се насочени кон обезбедување опстанок и зголемување на успешноста на компаниите набљудувани во целина. Стопанската комора не е организација само на работодавачите, за тоа постои друга посебна институција што така се вика. Значи Стопанската комора е комора за компаниите во целина, и за сопствениците и за работниците, а помеѓу нив и за менаџерите. Тоа се три групи на играчи на една иста екипа која не може да се натпреварува на пазарот доколку не е комплетна со сите три групи. Сите тие се меѓусебно нераскинливо поврзани и во тој контекст никој не ги сака повеќе работниците од оние што им даваат плата за вложениот труд и придонес.

 

Имајќи го ова предвид, важно е да се разбере дека кога се носи правна регулатива за работењето на компаниите таа мора да биде избалансирана за целината на работењето на компаниите и да биде во линија со пазарните законитости за да можат компаниите да опстанат и да бидат успешни на долг рок.

 

Ако законските одлуки не се такви, имаат само парцијален фокус и носат бенефиции само за една група играчи во тимот, на пример работниците, а со таквите одлуки се зголемуваат финансиските обврски за компаниите, не се овозможува работење на компаниите, на пример во недела и не се води сметка за законитостите на пазарната економија, тогаш таквите законски решенија на долг рок не се добри ниту за самите работници.

 

Да не заборавиме дека компаниите се борат на пазар кој сега е глобален и мора да бидат конкурентни со цената на своите производи и услуги за да опстанат на пазарот.

 

Ако компаниите не се конкурентни заради законски решенија со парцијален фокус, тогаш компаниите мораат соодветно да го прилагодат своето работење за да опстанат и за да ги сочуваат оние работни места што пазарот им дозволува да ги сочуваат.

 

Накусо кажано, без работници нема компании, но и без компании нема работници - вели Јовановски.

Во продолжение на својата колумна, Јовановски дава осврт на покренатите барања и иницијативи од Стопанската комора.

Покренати барања / иницијативи за дел од актуелните проблеми на кои укажува бизнисот поднесени од почетокот на 2022 година од страна на Стопанската комора до надлежните институции, како: 1. Иницијативi пред Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (Службен весник на РСМ, бр. 288 од 21.12.2021 година) и за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (*) (Службен весник на РСМ, бр. 295 од 27.12.2021 година), кои се однесуваат на недела како неработен ден од 11.1.2022 година.

Во услови кога слободата на пазарот и претприемништвото е утврдена како темелна вредност на уставниот поредок, а еднаквата правна положба на економските субјекти на пазарот е загарантирана со највисокиот правен акт во државава, бизнис заедницата оцени дека е неприфатливо и неуставно со Законот за работни односи да се забрани вршење на одредени економски дејности и таксативно да се набројат други кои ќе бидат исклучок од правилото дека недела е ден на неделен одмор, туку потребно е секаде каде тоа е неопходно заради производниот процес или заради оптимизирање на работните процеси на компанијата да се остави можноста за работа во недела.

 

Исто така, решенијата кои се однесуваат за работа во ден на неделен одмор уредени во Законот за работните односи како lex generalis во областа на трудовото право треба да се однесуваат за сите работодавачи без оглед на видот на дејноста која ја вршат. 2. Барање за измена и дополнување на член 218 од Законот за извршување во рамки на работна група формирана за измени и дополнувања на овој закон. Со член 218 од Законот за извршување се уредува дека врз предмети и права на државата и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи, при што во пракса многу често се случува компаниите да не може да ги наплатат побарувањата затоа што повикувајќи се на оваа одредба, паричните средства на овие субјекти на сметка кај носител на платен промет речиси секогаш се сметаат за предмети и права кои се неопходни за вршење на нивната дејност и задачи.

 

Министерството за правда формираше работна група за измени и дополнувања на Законот за извршување, каде беше делегиран член од Стопанската комора на Македонија и во рамки на работната група беше презентиран и прифатен предлогот на бизнис заедницата прецизно да се уреди кои се предметите и правата над кои не може да се спроведе извршување, при што изречно ќе се наведе дека средствата на сметката на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не претставуваат права и предмети кои се неопходни за вршење на нивната дејност, освен средствата потребни за исплата на бруто плата на вработените и средствата за исплата на комуналните трошоци. Упатено до: Министерство за правда 3. Барање законодавниот дом да не ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за работните односи, кои се однесуваат на намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време и намалување на крајниот рок за исплата на платите од 5.4.2022 година Бизнис заедницата укажа дека Законот за работните односи е комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување во скратена постапка.

 

Во однос на предложените измени за намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време на 6 месеци, посочи дека периодот на адаптација при вработување, во принцип трае околу шест месеци, што значи дека за овој период многу тешко може да се направи проценка дали некој вработен воопшто треба да продолжи да работи или не во компанијата, а уште помалку на истиот да му се транформира работниот однос од определено на неопределено време, како и дека со воведување на неделата како неработен ден, голем број работници веќе останаа без работа, па предложената измена би придонела за дополнително да се зголеми нивниот број. Во однос на предложените измени за намалување на крајниот рок за исплата на платите рокот е премногу краток, особено ако се земе предвид целокупната економска состојба во државата, па во услови кога работодавачите се борат да обезбедат услови за работа и егзистенција на своите вработени, ваквата промена би ја нарушила и ликвидноста на голем број работодавачи - пишува Јовановски.

The post Јовановски: Без работници нема компании, но и без компании нема работници appeared first on Република.

]]>

Потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Зоран Јовановски, истакнува дека Стопанската комора во континуитет покренува разни иницијативи и доставува барања до надлежните институции, се’ со цел да се им се помогне на компаниите во нивното работење. Јовановси инфоермира дека од почетокот на годинава се доставени повеќе иницијативи, на пример, инцијатива поврзана со Законот за извршување, друга иницијатива поврзана со Законот за работни односи во неколку сегменти, вклучително и за недела неработен ден итн.
Притоа, важно е да се истакне дека иницијативите и барањата на Стопанската комора се насочени кон обезбедување опстанок и зголемување на успешноста на компаниите набљудувани во целина. Стопанската комора не е организација само на работодавачите, за тоа постои друга посебна институција што така се вика. Значи Стопанската комора е комора за компаниите во целина, и за сопствениците и за работниците, а помеѓу нив и за менаџерите. Тоа се три групи на играчи на една иста екипа која не може да се натпреварува на пазарот доколку не е комплетна со сите три групи. Сите тие се меѓусебно нераскинливо поврзани и во тој контекст никој не ги сака повеќе работниците од оние што им даваат плата за вложениот труд и придонес.   Имајќи го ова предвид, важно е да се разбере дека кога се носи правна регулатива за работењето на компаниите таа мора да биде избалансирана за целината на работењето на компаниите и да биде во линија со пазарните законитости за да можат компаниите да опстанат и да бидат успешни на долг рок.   Ако законските одлуки не се такви, имаат само парцијален фокус и носат бенефиции само за една група играчи во тимот, на пример работниците, а со таквите одлуки се зголемуваат финансиските обврски за компаниите, не се овозможува работење на компаниите, на пример во недела и не се води сметка за законитостите на пазарната економија, тогаш таквите законски решенија на долг рок не се добри ниту за самите работници.   Да не заборавиме дека компаниите се борат на пазар кој сега е глобален и мора да бидат конкурентни со цената на своите производи и услуги за да опстанат на пазарот.   Ако компаниите не се конкурентни заради законски решенија со парцијален фокус, тогаш компаниите мораат соодветно да го прилагодат своето работење за да опстанат и за да ги сочуваат оние работни места што пазарот им дозволува да ги сочуваат.   Накусо кажано, без работници нема компании, но и без компании нема работници - вели Јовановски.
Во продолжение на својата колумна, Јовановски дава осврт на покренатите барања и иницијативи од Стопанската комора. Покренати барања / иницијативи за дел од актуелните проблеми на кои укажува бизнисот поднесени од почетокот на 2022 година од страна на Стопанската комора до надлежните институции, како: 1. Иницијативi пред Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (Службен весник на РСМ, бр. 288 од 21.12.2021 година) и за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (*) (Службен весник на РСМ, бр. 295 од 27.12.2021 година), кои се однесуваат на недела како неработен ден од 11.1.2022 година.
Во услови кога слободата на пазарот и претприемништвото е утврдена како темелна вредност на уставниот поредок, а еднаквата правна положба на економските субјекти на пазарот е загарантирана со највисокиот правен акт во државава, бизнис заедницата оцени дека е неприфатливо и неуставно со Законот за работни односи да се забрани вршење на одредени економски дејности и таксативно да се набројат други кои ќе бидат исклучок од правилото дека недела е ден на неделен одмор, туку потребно е секаде каде тоа е неопходно заради производниот процес или заради оптимизирање на работните процеси на компанијата да се остави можноста за работа во недела.   Исто така, решенијата кои се однесуваат за работа во ден на неделен одмор уредени во Законот за работните односи како lex generalis во областа на трудовото право треба да се однесуваат за сите работодавачи без оглед на видот на дејноста која ја вршат. 2. Барање за измена и дополнување на член 218 од Законот за извршување во рамки на работна група формирана за измени и дополнувања на овој закон. Со член 218 од Законот за извршување се уредува дека врз предмети и права на државата и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи, при што во пракса многу често се случува компаниите да не може да ги наплатат побарувањата затоа што повикувајќи се на оваа одредба, паричните средства на овие субјекти на сметка кај носител на платен промет речиси секогаш се сметаат за предмети и права кои се неопходни за вршење на нивната дејност и задачи.   Министерството за правда формираше работна група за измени и дополнувања на Законот за извршување, каде беше делегиран член од Стопанската комора на Македонија и во рамки на работната група беше презентиран и прифатен предлогот на бизнис заедницата прецизно да се уреди кои се предметите и правата над кои не може да се спроведе извршување, при што изречно ќе се наведе дека средствата на сметката на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не претставуваат права и предмети кои се неопходни за вршење на нивната дејност, освен средствата потребни за исплата на бруто плата на вработените и средствата за исплата на комуналните трошоци. Упатено до: Министерство за правда 3. Барање законодавниот дом да не ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за работните односи, кои се однесуваат на намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време и намалување на крајниот рок за исплата на платите од 5.4.2022 година Бизнис заедницата укажа дека Законот за работните односи е комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување во скратена постапка.   Во однос на предложените измени за намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време на 6 месеци, посочи дека периодот на адаптација при вработување, во принцип трае околу шест месеци, што значи дека за овој период многу тешко може да се направи проценка дали некој вработен воопшто треба да продолжи да работи или не во компанијата, а уште помалку на истиот да му се транформира работниот однос од определено на неопределено време, како и дека со воведување на неделата како неработен ден, голем број работници веќе останаа без работа, па предложената измена би придонела за дополнително да се зголеми нивниот број. Во однос на предложените измени за намалување на крајниот рок за исплата на платите рокот е премногу краток, особено ако се земе предвид целокупната економска состојба во државата, па во услови кога работодавачите се борат да обезбедат услови за работа и егзистенција на своите вработени, ваквата промена би ја нарушила и ликвидноста на голем број работодавачи - пишува Јовановски.

The post Јовановски: Без работници нема компании, но и без компании нема работници appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Затоа што 17 семејства трошат 30% од струјата мерките мора да се насочени кон ранливите групи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-zatoa-shto-17-semejstva-troshat-30-od-strujata-merkite-mora-da-se-nasocheni-kon-ranlivite-grupi/ Tue, 17 May 2022 07:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=503180

Според Регулаторна комисија за енергетика, од вкупно 660 илјади семејства во земјава, само 17 семејства трошат дури 30% од целото годишно производство на нашите хидроцентрали, потенцира економскиот експерт и некогашен висок функционер од СДСМ Зоран Јовановски.

На тој што троши толку многу не смее да му се дозволи да троши по субвенционирана цена. Затоа цело време муабетот е дека какви и да се мерките, тие треба да бидат насочени кон ранливите групи на граѓани!, потенцира тој.

The post Јовановски: Затоа што 17 семејства трошат 30% од струјата мерките мора да се насочени кон ранливите групи appeared first on Република.

]]>

Според Регулаторна комисија за енергетика, од вкупно 660 илјади семејства во земјава, само 17 семејства трошат дури 30% од целото годишно производство на нашите хидроцентрали, потенцира економскиот експерт и некогашен висок функционер од СДСМ Зоран Јовановски.
На тој што троши толку многу не смее да му се дозволи да троши по субвенционирана цена. Затоа цело време муабетот е дека какви и да се мерките, тие треба да бидат насочени кон ранливите групи на граѓани!, потенцира тој.

The post Јовановски: Затоа што 17 семејства трошат 30% од струјата мерките мора да се насочени кон ранливите групи appeared first on Република.

]]>
Јовановски со една поинаква перспектива за штрајкот, за образованието, за учениците, за наставниците… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-so-edna-poinakva-perspektiva-za-shtrajkot-za-obrazovanieto-za-uchenicite-za-nastavnicite/ Wed, 13 Apr 2022 16:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=488053

За период од 30,5 години независност Македонија имала 19 министри за образование!!! Замислете фирма во која за 30,5 години се смениле 19 генерални директори. Што ќе си помислите за таква фирма – па овие немаат ниту визија ниту план, не знаат каде одат.

Ова во својата последна колумна го пишува економистот и некогашен потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски.

Кога човек е болен и има температура, тогаш температурата е само последица на нешто друго што се случува во организмот. Има лекови за спуштање на температурата, ама секој добар доктор знае дека за вистинско оздравување треба да се утврди причината за температурата и таа причина да се разреши.

Една од главните теми деновиве во нашето општество деновиве е штрајкот на наставниците во основните и средните училишта и воспитувачите во градинките. И разговорот во најголем дел се одвива околу тоа колкави се платите, како се менувале, дали се доволни или не, итн. Тоа е погрешен пристап. Нашето „образование“ е болно. Барањата за зголемување на платите во образованието и штрајкот се само температурата, последицата на „болеста“. Причината е друга и додека таа не се разреши, сè ќе биде привремено, до следната „температура“.

Знаете ли колку министри за образование имала земјава од моментот кога станала независна? Нема да ви се верува. За период од 30,5 години независност имала 19 министри за образование!!! Замислете фирма во која за 30,5 години се смениле 19 генерални директори. Што ќе си помислите за таква фирма – па овие немаат ниту визија ниту план, не знаат каде одат.

Во изминативе 30,5 години министер за образование во просек се менувал на секои 1,6 години. Само еден министер истерал цел четиригодишен мандат. Во текот на целиот период од 1991 година досега просечната старост на министрите за образование во моментот кога стапувале на функција била 40,4 години. Од 2000 година наваму немало министер за образование кој имал повеќе од 45 години кога ја презел функцијата, а 8 од нив биле во своите 30-ти години од животот. 

Нашето „образование“ се наоѓа на маргините на општеството, речиси заборавено од сите. Изгледа дека изминативе децении било третирано како монета за поткусурување во политичката „распределба на колачот“ помеѓу коалициските партнери, а не како еден од столбовите на државата и на македонската економија. Затоа е такво, „болно“ и има висока „температура“.  

Целата колумна на „Економија и бизнис

The post Јовановски со една поинаква перспектива за штрајкот, за образованието, за учениците, за наставниците… appeared first on Република.

]]>

За период од 30,5 години независност Македонија имала 19 министри за образование!!! Замислете фирма во која за 30,5 години се смениле 19 генерални директори. Што ќе си помислите за таква фирма – па овие немаат ниту визија ниту план, не знаат каде одат. Ова во својата последна колумна го пишува економистот и некогашен потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски.
Кога човек е болен и има температура, тогаш температурата е само последица на нешто друго што се случува во организмот. Има лекови за спуштање на температурата, ама секој добар доктор знае дека за вистинско оздравување треба да се утврди причината за температурата и таа причина да се разреши. Една од главните теми деновиве во нашето општество деновиве е штрајкот на наставниците во основните и средните училишта и воспитувачите во градинките. И разговорот во најголем дел се одвива околу тоа колкави се платите, како се менувале, дали се доволни или не, итн. Тоа е погрешен пристап. Нашето „образование“ е болно. Барањата за зголемување на платите во образованието и штрајкот се само температурата, последицата на „болеста“. Причината е друга и додека таа не се разреши, сè ќе биде привремено, до следната „температура“. Знаете ли колку министри за образование имала земјава од моментот кога станала независна? Нема да ви се верува. За период од 30,5 години независност имала 19 министри за образование!!! Замислете фирма во која за 30,5 години се смениле 19 генерални директори. Што ќе си помислите за таква фирма – па овие немаат ниту визија ниту план, не знаат каде одат. Во изминативе 30,5 години министер за образование во просек се менувал на секои 1,6 години. Само еден министер истерал цел четиригодишен мандат. Во текот на целиот период од 1991 година досега просечната старост на министрите за образование во моментот кога стапувале на функција била 40,4 години. Од 2000 година наваму немало министер за образование кој имал повеќе од 45 години кога ја презел функцијата, а 8 од нив биле во своите 30-ти години од животот.  Нашето „образование“ се наоѓа на маргините на општеството, речиси заборавено од сите. Изгледа дека изминативе децении било третирано како монета за поткусурување во политичката „распределба на колачот“ помеѓу коалициските партнери, а не како еден од столбовите на државата и на македонската економија. Затоа е такво, „болно“ и има висока „температура“.  
Целата колумна на „Економија и бизнис

The post Јовановски со една поинаква перспектива за штрајкот, за образованието, за учениците, за наставниците… appeared first on Република.

]]>