Зоран Анчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-anchevski/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 07:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Анчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-anchevski/ 32 32 Поетско-преведувачка вечер посветена на Зоран Анчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetsko-preveduvachka-vecher-posvetena-na-zoran-anchevski/ Wed, 08 May 2024 07:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=775225

Поетско-преведувачка вечер со проф. д-р Зоран Анчевски ќе се одржи на 9 мај во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Разговорот посветен на неговиот поетски и преведувачки опит ќе го водат проф. д-р Калина Малеска и проф. д-р Милан Дамјаноски.

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Своето образование го стекнал во Македонија и во САД. Досега ги има објавено стихозбирките „Патувања низ скршени слики“ (1984), „Стратегија на поразот“ (1994), „Линија на отпорот“ (1998), „Превод на мртвите“ (2000), „Див мир“ (2004), „Избрани песни/Selected Poems“ (2008, изданија на македонски и на англиски јазик), „Историја на ветрот“, 2009), „Небесна пантомима“ (2018, Celestial Pantomime, издание на англиски јазик, СВП 2019), „Збунети компаси” (2021) и поемата „Коњски житија” (2023), како и обемната критичко-теоретска студија „За традицијата“ (2007).

Автор е, приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик. За своето творештво ја има добиено наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга (1985), „Браќа Миладиновци“ (двапати) за најдобра поетска книга меѓу две СВП (2018 и 2021), наградата „Григор Прличев” (2023),како и престижното меѓународно признание за поезија „Џакомо Леопарди“ (Реканати, Италија, 2004). За својата преведувачка дејност ја има добиено наградата „Григор Прличев“ на Друштвото на литературни преведувачи (2001). Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар, чиј секретар бил во два наврата, како а негов претседател од 2017 до 2024 година. Од 2003-2007 година бил претседател на Управниот одбор на меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

 

The post Поетско-преведувачка вечер посветена на Зоран Анчевски appeared first on Република.

]]>

Поетско-преведувачка вечер со проф. д-р Зоран Анчевски ќе се одржи на 9 мај во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Разговорот посветен на неговиот поетски и преведувачки опит ќе го водат проф. д-р Калина Малеска и проф. д-р Милан Дамјаноски. Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Своето образование го стекнал во Македонија и во САД. Досега ги има објавено стихозбирките „Патувања низ скршени слики“ (1984), „Стратегија на поразот“ (1994), „Линија на отпорот“ (1998), „Превод на мртвите“ (2000), „Див мир“ (2004), „Избрани песни/Selected Poems“ (2008, изданија на македонски и на англиски јазик), „Историја на ветрот“, 2009), „Небесна пантомима“ (2018, Celestial Pantomime, издание на англиски јазик, СВП 2019), „Збунети компаси” (2021) и поемата „Коњски житија” (2023), како и обемната критичко-теоретска студија „За традицијата“ (2007). Автор е, приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик. За своето творештво ја има добиено наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга (1985), „Браќа Миладиновци“ (двапати) за најдобра поетска книга меѓу две СВП (2018 и 2021), наградата „Григор Прличев” (2023),како и престижното меѓународно признание за поезија „Џакомо Леопарди“ (Реканати, Италија, 2004). За својата преведувачка дејност ја има добиено наградата „Григор Прличев“ на Друштвото на литературни преведувачи (2001). Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар, чиј секретар бил во два наврата, како а негов претседател од 2017 до 2024 година. Од 2003-2007 година бил претседател на Управниот одбор на меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.  

The post Поетско-преведувачка вечер посветена на Зоран Анчевски appeared first on Република.

]]>
Зоран Анчески ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zoran-ancheski-ja-dobi-nagradata-grigor-prlichev-za-najdobra-poema-za-2022-godina/ Mon, 06 Feb 2023 07:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=605168

На пригодна свеченост одржана во Центарот за култура во Охрид на поетот Зоран Анчески му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобро поетско дело за 2022 година. Неговата поема „Коњски житија“ беше избрана за најдобра на конкурсот за најдобро авторско поетско дело што секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник.

Лауреатот рече дека мотивацијата за неговото творечко дело произлегла спонтано, пред се од неговата љубов кон коњите. Токму таа љубов го инспирирала да креира едно поетско дело во интересна форма, во која коњите говорат за човештвото и цивилизацијата.

Тие се еден вид меморија, тивка меморија на нашето постоење на оваа планета кои никогаш во ниедна прилика не ги искажале своите размисли во врска со животот и постоењето. Кога почнав да работам прво морав да направам длабоки истражувања за посебни и особени коњи од битот, од легендата, од историјата, фолклорот. Ги врзав во една структура, на целата поема и претходи Пролог како што е редот, а пеењата се поврзани драмски монолози на посебни коњи, како што реков низ историјата, митологијата,фолклорот и легендите, рече Анчески.

За самата награда „Григор Прличев“, тој рече дека е гордост, добивањето награда што го носи прличевото име е изнонредна чест за секој поет.

Ако Прличев ја донел тука во Охрид и Македонија титулата Втор Хомер, тогаш ние со право можеме да се гордееме што сме вторите Прличеви во оваа наша литература, рече Анчески.

За претседателот на жири-комисијата Александар Прокопиев, уште со првото читање било очигледно дека за поемата „Коњски житија“ стои автор со големо поетско умеење што, според него, е уште една потврда дека во нашата земја има големи творци.

Веднаш се наметна поемата, од тоа како е поетски изведена… Сите делови на поемата, со вовед и епилог, покажуваат дека се работи за творец со големи познавања и поетско умеење, истовремено со голема културолошка и литературна подлога, рече тој.

Прокопиев изрази задоволство што меѓу пристигнатите трудови на конкурсот, имало мошне солидни поеми.

Поемата е сепак тешка форма, да се напише добра поема треба време…Но овој конкурс покажа дека оваа земја има силни, силни творци што се зафатиле со тој жанр, рече тој.

Чествувањата по повод 130-годишнината од смртта на Григор Прличев во рамки на манифестацијата „Прличеви Беседи“ продолжуваат утре со панихида и полагање цвеќе на гробот на ловороносецот, во возобновената куќа на поетот ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“, додека во рамки на традиционалната „Прличева визита“ ќе биде прогласена најдобрата беседа за 2023 година на тема „Прличев и ние“, како и промоцијата на аудио-записот, есејот „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски.

 

The post Зоран Анчески ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2022 година appeared first on Република.

]]>

На пригодна свеченост одржана во Центарот за култура во Охрид на поетот Зоран Анчески му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобро поетско дело за 2022 година. Неговата поема „Коњски житија“ беше избрана за најдобра на конкурсот за најдобро авторско поетско дело што секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник. Лауреатот рече дека мотивацијата за неговото творечко дело произлегла спонтано, пред се од неговата љубов кон коњите. Токму таа љубов го инспирирала да креира едно поетско дело во интересна форма, во која коњите говорат за човештвото и цивилизацијата.
Тие се еден вид меморија, тивка меморија на нашето постоење на оваа планета кои никогаш во ниедна прилика не ги искажале своите размисли во врска со животот и постоењето. Кога почнав да работам прво морав да направам длабоки истражувања за посебни и особени коњи од битот, од легендата, од историјата, фолклорот. Ги врзав во една структура, на целата поема и претходи Пролог како што е редот, а пеењата се поврзани драмски монолози на посебни коњи, како што реков низ историјата, митологијата,фолклорот и легендите, рече Анчески.
За самата награда „Григор Прличев“, тој рече дека е гордост, добивањето награда што го носи прличевото име е изнонредна чест за секој поет.
Ако Прличев ја донел тука во Охрид и Македонија титулата Втор Хомер, тогаш ние со право можеме да се гордееме што сме вторите Прличеви во оваа наша литература, рече Анчески.
За претседателот на жири-комисијата Александар Прокопиев, уште со првото читање било очигледно дека за поемата „Коњски житија“ стои автор со големо поетско умеење што, според него, е уште една потврда дека во нашата земја има големи творци.
Веднаш се наметна поемата, од тоа како е поетски изведена… Сите делови на поемата, со вовед и епилог, покажуваат дека се работи за творец со големи познавања и поетско умеење, истовремено со голема културолошка и литературна подлога, рече тој.
Прокопиев изрази задоволство што меѓу пристигнатите трудови на конкурсот, имало мошне солидни поеми.
Поемата е сепак тешка форма, да се напише добра поема треба време…Но овој конкурс покажа дека оваа земја има силни, силни творци што се зафатиле со тој жанр, рече тој.
Чествувањата по повод 130-годишнината од смртта на Григор Прличев во рамки на манифестацијата „Прличеви Беседи“ продолжуваат утре со панихида и полагање цвеќе на гробот на ловороносецот, во возобновената куќа на поетот ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“, додека во рамки на традиционалната „Прличева визита“ ќе биде прогласена најдобрата беседа за 2023 година на тема „Прличев и ние“, како и промоцијата на аудио-записот, есејот „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски.  

The post Зоран Анчески ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2022 година appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-zbuneti-kompasi-od-zoran-anchevski/ Tue, 15 Nov 2022 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=573923

В среда, на 16 ноември 2022 година, со почеток во 12.00 часот, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата ,,Браќа Миладиновци” што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Настанот ќе се одржи во Спомен собата ,,Т’га за југ”.

 

The post Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски appeared first on Република.

]]>

В среда, на 16 ноември 2022 година, со почеток во 12.00 часот, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата ,,Браќа Миладиновци” што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата. За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во Спомен собата ,,Т’га за југ”.  

The post Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски appeared first on Република.

]]>
Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/olivera-kjorvezirovska-tanikava-i-anchevski-si-ja-rimuvaat-tishinata-kako-zaednichka-tatkovina-na-nivnite-zborovi/ Sat, 27 Aug 2022 08:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=544632

Годинава, на 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, во една длабока, симболична и суштинска смисла се римуваат и наградите. Златниот венец за 2022 се римува со наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик помеѓу два фестивала. Се римуваат и Шунтаро Таникава и Зоран Анчевски со своите допрени и испреплетени јазици (како поет и препејувач) и со своите блиски поетики (како поет и поет). Симболичното римување на годинашните награди и наградоносци е еден вид заокружување на универзалните творечки концепти, охрабрувачки синхроницитет и апотеоза на поезијата. Македонските поети во своите песни ги римуваа просторите со љубените, Струшките вечери годинава ги римуваат наградите, а Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови. Ова вечерва го истакна писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезировска на Портретот посветен на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за неговата книга „Збунети компаси“ што се доделува за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала.

Анчевски го добива ова признание вторпат. Претходно тој ја доби истата награда за стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година.

Сѐ е толку префинето и обмислено во „Збунети компаси“, што „стрелките“ се секогаш таму каде што треба да бидат. Збунетоста е само игра на слободата со која тие покажуваат на двата севера: северот на потрагата и северот на пронаоѓањето. „Збунети компаси“ е отстојана збирка во најубавата смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Цибрини, боринки, ѓерѓефи, ибришими, синори, кандилки, коткања, забели, басри, ноќви, шикли... и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик, истакна Ќорвезировска.

Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше претставен и Портрет на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Џерардо Мазучо, награда што „Струшките вечери на поезијата“ ја доделуваат за најдобра дебитантска поетска збирка од млад автор.

Стихозбирката „Дотука живеел човек“, веќе наградена во Италија со „Премио Камаиоре“ и „Премио Сан Доменикано“, донесува 64 лирски песни во кои младиот и сензибилен поет стои исправен пред тајната на животот, соочувајќи се со најразновидните искушенија, претставувајќи и преточувајќи во стихови фрагменти, делчиња или „фиокички живот“, чии клучеви останале затурени низ времето. Ова творештво, оценето како високо рефлексивно и филозофско, некои критичари, како Џована Розадини, на пример, го сместуваат во рамките на егзистенцијализмот, или попрецизно на пост-егзистенцијализмот, истакна Анастасија Ѓурчинова.

Маузочо, пак, истакна дека животот не би му имал смисла без литература.

Литературата за мене претставува кајче при бродолом. Па, сепак, ако тој пат за бегство е спас за бродоломникот на кого бродот му тоне под нозете, ако значи преживување и ако тој бродоломник му должи бескрајна благодарност, не треба да се мисли дека човек запловува во море со цел да заврши качен во некое кајче. Не, не можам да речам дека сум роден за литература, но можам со сигурност да тврдам дека литературата го направи возможен мојот живот, рече Мазучо.

Во рамките на програмата беше организирана и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика.
Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“.
На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови appeared first on Република.

]]>

Годинава, на 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, во една длабока, симболична и суштинска смисла се римуваат и наградите. Златниот венец за 2022 се римува со наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик помеѓу два фестивала. Се римуваат и Шунтаро Таникава и Зоран Анчевски со своите допрени и испреплетени јазици (како поет и препејувач) и со своите блиски поетики (како поет и поет). Симболичното римување на годинашните награди и наградоносци е еден вид заокружување на универзалните творечки концепти, охрабрувачки синхроницитет и апотеоза на поезијата. Македонските поети во своите песни ги римуваа просторите со љубените, Струшките вечери годинава ги римуваат наградите, а Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови. Ова вечерва го истакна писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезировска на Портретот посветен на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за неговата книга „Збунети компаси“ што се доделува за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала. Анчевски го добива ова признание вторпат. Претходно тој ја доби истата награда за стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година.
Сѐ е толку префинето и обмислено во „Збунети компаси“, што „стрелките“ се секогаш таму каде што треба да бидат. Збунетоста е само игра на слободата со која тие покажуваат на двата севера: северот на потрагата и северот на пронаоѓањето. „Збунети компаси“ е отстојана збирка во најубавата смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Цибрини, боринки, ѓерѓефи, ибришими, синори, кандилки, коткања, забели, басри, ноќви, шикли... и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик, истакна Ќорвезировска.
Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше претставен и Портрет на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Џерардо Мазучо, награда што „Струшките вечери на поезијата“ ја доделуваат за најдобра дебитантска поетска збирка од млад автор.
Стихозбирката „Дотука живеел човек“, веќе наградена во Италија со „Премио Камаиоре“ и „Премио Сан Доменикано“, донесува 64 лирски песни во кои младиот и сензибилен поет стои исправен пред тајната на животот, соочувајќи се со најразновидните искушенија, претставувајќи и преточувајќи во стихови фрагменти, делчиња или „фиокички живот“, чии клучеви останале затурени низ времето. Ова творештво, оценето како високо рефлексивно и филозофско, некои критичари, како Џована Розадини, на пример, го сместуваат во рамките на егзистенцијализмот, или попрецизно на пост-егзистенцијализмот, истакна Анастасија Ѓурчинова.
Маузочо, пак, истакна дека животот не би му имал смисла без литература.
Литературата за мене претставува кајче при бродолом. Па, сепак, ако тој пат за бегство е спас за бродоломникот на кого бродот му тоне под нозете, ако значи преживување и ако тој бродоломник му должи бескрајна благодарност, не треба да се мисли дека човек запловува во море со цел да заврши качен во некое кајче. Не, не можам да речам дека сум роден за литература, но можам со сигурност да тврдам дека литературата го направи возможен мојот живот, рече Мазучо.
Во рамките на програмата беше организирана и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика. Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“. На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови appeared first on Република.

]]>
Промоцијата на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocijata-na-stihozbirkata-zbuneti-kompasi-od-zoran-anchevski/ Mon, 16 May 2022 13:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=502938

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи промоцијата на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Станува збор за 10 книга во едицијата „Поеза“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

Како што информираат од тимот збирката поезија „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски се состои од пет циклуси песни кои градат многу занимливи меѓусебни врски, но и деликатни, дискретни, а суштински врски со претходното поетско творештво на Анчевски. Првиот циклус ги поставува поетичките начела и креда на поетот, а четирите циклуси што следат ги разработуваат истите во најразлични детали, ситуации и контексти. Завршниот циклус, пак, наместо да прави заклучоци и поетски „резимеа“ на изнесените начела, всушност, многу умешно и мудро, го враќа читателот на почетокот и бара нов прочит на книгата.

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Своето образование го стекнал во Македонија и во САД. Досега ги има објавено стихозбирките Патувања низ скршени слики, Стратегија на поразот, Линија на отпорот, Превод на мртвите, Див мир , Избрани песни / Selected Poems, изданија на македонски и на англиски јазик, Историја на ветрот, Небесна пантомима (2018, Celestial Pantomime, издание на англиски јазик, како и обемната критичко-теоретска студија За традицијата.

The post Промоцијата на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски appeared first on Република.

]]>

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи промоцијата на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Станува збор за 10 книга во едицијата „Поеза“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Како што информираат од тимот збирката поезија „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски се состои од пет циклуси песни кои градат многу занимливи меѓусебни врски, но и деликатни, дискретни, а суштински врски со претходното поетско творештво на Анчевски. Првиот циклус ги поставува поетичките начела и креда на поетот, а четирите циклуси што следат ги разработуваат истите во најразлични детали, ситуации и контексти. Завршниот циклус, пак, наместо да прави заклучоци и поетски „резимеа“ на изнесените начела, всушност, многу умешно и мудро, го враќа читателот на почетокот и бара нов прочит на книгата. Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Своето образование го стекнал во Македонија и во САД. Досега ги има објавено стихозбирките Патувања низ скршени слики, Стратегија на поразот, Линија на отпорот, Превод на мртвите, Див мир , Избрани песни / Selected Poems, изданија на македонски и на англиски јазик, Историја на ветрот, Небесна пантомима (2018, Celestial Pantomime, издание на англиски јазик, како и обемната критичко-теоретска студија За традицијата.

The post Промоцијата на стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски appeared first on Република.

]]>