зоолошка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zooloshka/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 10:16:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зоолошка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zooloshka/ 32 32 ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос и доверување на животните онаму каде ќе се соодветно третирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ldp-plombirane-na-zooloshkata-gradina-dodeka-ne-se-reshi-gradskiot-haos-i-doveruvane-na-zhivotnite-onamu-kade-ke-se-soodvetno-tretirani-2/ Sun, 20 Oct 2024 11:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=829067

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа.

Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат.

За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност - оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе.

Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште.

Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип.

Одговорност мора да има.

The post ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос и доверување на животните онаму каде ќе се соодветно третирани appeared first on Република.

]]>

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа. Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат. За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност - оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе. Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште. Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип. Одговорност мора да има.

The post ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос и доверување на животните онаму каде ќе се соодветно третирани appeared first on Република.

]]>
Зоолошка стана како погребално: Угина царскиот орел што беше спасен на Пониква https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zooloshka-stana-kako-pogrebalno-ugina-tsarskiot-orel-shto-beshe-spasen-na-ponikva/ Fri, 09 Aug 2024 10:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=804897

Царскиот орел, што беше спасен од пожарите на Пониква угинал пред два дена во Скопската зоолошка.

Орелот по угинувањето бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде што од страна на стручни лица – професори, се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните.

Македонското еколошко друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел.

Кочанските пожарникари го спасија орелот кој беше пронајден заглавен во громобранска инсталација на викендичка на Пониква.

The post Зоолошка стана како погребално: Угина царскиот орел што беше спасен на Пониква appeared first on Република.

]]>

Царскиот орел, што беше спасен од пожарите на Пониква угинал пред два дена во Скопската зоолошка. Орелот по угинувањето бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде што од страна на стручни лица – професори, се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните. Македонското еколошко друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел. Кочанските пожарникари го спасија орелот кој беше пронајден заглавен во громобранска инсталација на викендичка на Пониква.

The post Зоолошка стана како погребално: Угина царскиот орел што беше спасен на Пониква appeared first on Република.

]]>
Се огласија од скопската зоолошка за слоницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-oglasija-od-skopskata-zooloshka-za-slonitsata/ Wed, 07 Aug 2024 11:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=804221

Од скопската зоолошка се огласија по повод информациите за една од слониците. Од таму информираат дека со одлука на експерти, е одлучено да се евтаназира слоницата поради болест.

„Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња, по насока на сопствениците кои ѝ ја позајмија на нашата зоолошка - „Pairi Daiza” од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата.

Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.

Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница.

Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.

За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина.

Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови.

Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови”.

Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме самп нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови.

Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите „пензионерски” денови“, стои во соопштението од скопската зоолошка.

The post Се огласија од скопската зоолошка за слоницата appeared first on Република.

]]>

Од скопската зоолошка се огласија по повод информациите за една од слониците. Од таму информираат дека со одлука на експерти, е одлучено да се евтаназира слоницата поради болест. „Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња, по насока на сопствениците кои ѝ ја позајмија на нашата зоолошка - „Pairi Daiza” од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата. Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда. Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем. За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина. Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови. Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови”. Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме самп нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови. Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите „пензионерски” денови“, стои во соопштението од скопската зоолошка.

The post Се огласија од скопската зоолошка за слоницата appeared first on Република.

]]>
(Вознемирувачко) Угина слоницата во скопската зоолошка: Директорот поставен од Арсовска се обидел тајно да ја однесе во Дрисла? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/voznemiruvachko-ugina-slonitsata-vo-skopskata-zooloshka-direktorot-postaven-od-arsovska-se-obidel-tajno-da-ja-odnese-vo-drisla/ Wed, 07 Aug 2024 08:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=804156

Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата.

Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.

Од раководството на скопската Зоолошка градина за овој случај не се објави ниту збор, како што во минатото правеа кога починаа жирафите.

Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.

Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.

Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.

Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.

ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.

Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.

The post (Вознемирувачко) Угина слоницата во скопската зоолошка: Директорот поставен од Арсовска се обидел тајно да ја однесе во Дрисла? appeared first on Република.

]]>

Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата. Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.
Од раководството на скопската Зоолошка градина за овој случај не се објави ниту збор, како што во минатото правеа кога починаа жирафите. Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста. Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи. Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови. Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори. ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми. Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени. Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.

The post (Вознемирувачко) Угина слоницата во скопската зоолошка: Директорот поставен од Арсовска се обидел тајно да ја однесе во Дрисла? appeared first on Република.

]]>
Скопската зоолошка го одбележа Светскиот ден на морските лавови https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopskata-zooloshka-go-odbelezha-svetskiot-den-na-morskite-lavovi/ Thu, 30 May 2024 15:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=783279

Зоолошката градина во Скопје денеска го прослави Светскиот ден на морските лавови, информираат на нивната страница на „Фејсбук“.

- Денеска го прославуваме Светскиот ден на морските лавови заедно со нашите омилени Кан и Гете. Нивните медицински тренинг и хранење може да се погледнат секој ден од 11 и 14 часот, освен во петок кога се празни и чисти базенот, а тие уживаат во третман со солена вода во малите базени, појаснуваат од Скопската зоолошка.

Оттаму апелираат граѓаните да бидат добри посетители и да не фрлаат ништо во живеалиштето на морските лавови.

Фото: Зоолошка градина - Скопје

The post Скопската зоолошка го одбележа Светскиот ден на морските лавови appeared first on Република.

]]>

Зоолошката градина во Скопје денеска го прослави Светскиот ден на морските лавови, информираат на нивната страница на „Фејсбук“.
- Денеска го прославуваме Светскиот ден на морските лавови заедно со нашите омилени Кан и Гете. Нивните медицински тренинг и хранење може да се погледнат секој ден од 11 и 14 часот, освен во петок кога се празни и чисти базенот, а тие уживаат во третман со солена вода во малите базени, појаснуваат од Скопската зоолошка.
Оттаму апелираат граѓаните да бидат добри посетители и да не фрлаат ништо во живеалиштето на морските лавови. Фото: Зоолошка градина - Скопје

The post Скопската зоолошка го одбележа Светскиот ден на морските лавови appeared first on Република.

]]>
Носорог уби чуварка во зоолошка градина во негувателка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nosorog-ubi-chuvarka-vo-zooloshka-gradina-vo-neguvatelka/ Tue, 12 Sep 2023 10:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=681214

Носорог во зоолошката градина во Салцбург нападнал и убил 33-годишна негувателка на животни за време на утринското хранење и тешко повредил 34-годишен врбаотен, кој дошол на помош на колешката. Несреќата се случила вчера рано наутро во заграден простор со бели носорози, од кои едниот нападнал и усмртил чувар на животни и тешко повредил колешка која и пришол на помош. Тој поради сериозни повреди е пренесен во болница, јавува германската агенција dpa.

Зоолошката градина беше затворена цел ден во вторникот поради инцидентот. Полицијата ги истражува околностите на несреќата, а дополнителни информации ќе открие на утринската прес-конференција.

Во зоолошката градина во Салцбург во последните неколку години се случија неколку инциденти. Негувателите, меѓу другото, морале да ловат и избегани пингвини и гепарди. Ова исто така не е прва фатална несреќа од ваков вид во Австрија. Во виенската зоолошка градина Шенбрун,негувателка почина во 2002 година кога ја нападна јагуар. Уште еден вработен во истата зоолошка градина починал во 2005 година, откако бил прободен од слон.

 

The post Носорог уби чуварка во зоолошка градина во негувателка appeared first on Република.

]]>

Носорог во зоолошката градина во Салцбург нападнал и убил 33-годишна негувателка на животни за време на утринското хранење и тешко повредил 34-годишен врбаотен, кој дошол на помош на колешката. Несреќата се случила вчера рано наутро во заграден простор со бели носорози, од кои едниот нападнал и усмртил чувар на животни и тешко повредил колешка која и пришол на помош. Тој поради сериозни повреди е пренесен во болница, јавува германската агенција dpa. Зоолошката градина беше затворена цел ден во вторникот поради инцидентот. Полицијата ги истражува околностите на несреќата, а дополнителни информации ќе открие на утринската прес-конференција. Во зоолошката градина во Салцбург во последните неколку години се случија неколку инциденти. Негувателите, меѓу другото, морале да ловат и избегани пингвини и гепарди. Ова исто така не е прва фатална несреќа од ваков вид во Австрија. Во виенската зоолошка градина Шенбрун,негувателка почина во 2002 година кога ја нападна јагуар. Уште еден вработен во истата зоолошка градина починал во 2005 година, откако бил прободен од слон.  

The post Носорог уби чуварка во зоолошка градина во негувателка appeared first on Република.

]]>
Откако дојде Арсовска Зоолошка стана куќа на стравот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otkako-dojde-arsovska-zooloshka-stana-kuka-na-stravot/ Mon, 31 Jul 2023 07:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=667127

Помор на животни во скопската ЗООЛОШКА!!!Жирафата погина поради непрочистување од паразити што треба да е рутинска нега, сега се отруени два коњи!.Од кога дојде Данела Арсовска нашата ЗОО стана куќата на стравот, се колат и умираат животни!!!, пишува Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Каде се сега друштвата за заштита со реакција и барање одговорност, во скутот на Данела и во управните одбори и директорски фотелји, тие се ФОТЕЛЈАШИ и ништо повеќе од тоа, перални за пари низ проекти и фондации!!!

Неспособноста на Данела не уназади на секое поле, и овде има од нејзините рачишта во медот со тендерите за набавка на храна!

 

 

The post Откако дојде Арсовска Зоолошка стана куќа на стравот appeared first on Република.

]]>

Помор на животни во скопската ЗООЛОШКА!!!Жирафата погина поради непрочистување од паразити што треба да е рутинска нега, сега се отруени два коњи!.Од кога дојде Данела Арсовска нашата ЗОО стана куќата на стравот, се колат и умираат животни!!!, пишува Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Каде се сега друштвата за заштита со реакција и барање одговорност, во скутот на Данела и во управните одбори и директорски фотелји, тие се ФОТЕЛЈАШИ и ништо повеќе од тоа, перални за пари низ проекти и фондации!!!
Неспособноста на Данела не уназади на секое поле, и овде има од нејзините рачишта во медот со тендерите за набавка на храна!    

The post Откако дојде Арсовска Зоолошка стана куќа на стравот appeared first on Република.

]]>
Гори една од најголемите зоолошки градини во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gori-edna-od-najgolemite-zooloshki-gradini-vo-evropa/ Mon, 26 Jun 2023 20:36:17 +0000 https://republika.mk/?p=655496

Пожар избувна во зоолошката градина во Ростов на Дон, спасувачите се на терен, соопшти прес-службата на управата на Министерството за вонредни состојби на Ростовската област.

Имаше пожар во реонот на зоолошката градина во Ростов на Дон, спасувачите излегоа на местото на настанот – се наведува во извештајот.

Таа е една од најголемите во Русија и Европа, со површина од 56,97 хектари.

Зоолошката поседува една од највредните колекции на животни, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Прес-службата соопшти дека нема опасност од ширење на пожарот и се уште нема информации за жртви.

 

The post Гори една од најголемите зоолошки градини во Европа appeared first on Република.

]]>

Пожар избувна во зоолошката градина во Ростов на Дон, спасувачите се на терен, соопшти прес-службата на управата на Министерството за вонредни состојби на Ростовската област.
Имаше пожар во реонот на зоолошката градина во Ростов на Дон, спасувачите излегоа на местото на настанот – се наведува во извештајот.
Таа е една од најголемите во Русија и Европа, со површина од 56,97 хектари. Зоолошката поседува една од највредните колекции на животни, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. Прес-службата соопшти дека нема опасност од ширење на пожарот и се уште нема информации за жртви.  

The post Гори една од најголемите зоолошки градини во Европа appeared first on Република.

]]>
Разрешен директорот на Скопска зоолошка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/razreshen-direktorot-na-skopska-zooloshka/ Thu, 14 Jul 2022 17:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=529006

По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.

Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува.

Разрешувањето следува откако денеска се пласираше информација во јавноста дека токму во скопската Зоолошка градина биле заклани повеќе од 10 коњи за храна за лавовите.

The post Разрешен директорот на Скопска зоолошка appeared first on Република.

]]>

По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.
Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува.
Разрешувањето следува откако денеска се пласираше информација во јавноста дека токму во скопската Зоолошка градина биле заклани повеќе од 10 коњи за храна за лавовите.

The post Разрешен директорот на Скопска зоолошка appeared first on Република.

]]>