зоо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoo/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 07:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зоо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoo/ 32 32 Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/anima-mundi-ptichji-grip-ne-se-prevenira-so-krshene-vratovi-frlane-zhivi-vo-kanta-i-strelane-so-pushki/ Sun, 20 Oct 2024 07:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=828983

Здружението за заштита на животни Анима Мунди денеска испрати соопштение во кое се вели дека иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје.

Според нив, што е видливо и на грозоморните видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре – се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.

Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право?

Кои се шансите во ЗОО Скопје, каде не е извршен увоз на ниту една птица периодов; да се пријави птичји грип, а никаде во државава да го нема?

Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност – гуски, патки, чавки, кокошки – или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во правож

Ние во ова не веруваме додека не се излезе јавно со сериозни докази, а и доколку е точно за овој терор оправдување немажДоколку требаше да се преземат одредени мерки за спречување на евентуално ширење на птичјиот грип, тоа би можело да се реши со ставање под карантин на околината која е потенцијален ризик на изворот на вирусот.

Несфатливо е, ако треба да се изврши евтаназија, живината претходно да не биде зашеметена со евтини гасовити анестетици како што е хлороформот, кој му е познат на секој ветеринар.

Наместо тоа, бездушно е извршена болна ликвидација на питома живина со истиснување на нивните вратови и пукање со огнено оружје, што, за уште поголем срам на цела Македонија, утре ќе се нарече хумана евтаназија.

Повикуваме на разум, ако некој ја има и итен прекин на ова лудилож АХВ, Институт за јавно здравје, сите надлежни, бараме итно ова да запреж Бараме одговорност за сите кои наредиле и спровеле вакво умоболие врз животните“, велат од Анима Мунди.

The post Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки appeared first on Република.

]]>

Здружението за заштита на животни Анима Мунди денеска испрати соопштение во кое се вели дека иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје. Според нив, што е видливо и на грозоморните видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре – се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.
Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право? Кои се шансите во ЗОО Скопје, каде не е извршен увоз на ниту една птица периодов; да се пријави птичји грип, а никаде во државава да го нема? Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност – гуски, патки, чавки, кокошки – или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во правож Ние во ова не веруваме додека не се излезе јавно со сериозни докази, а и доколку е точно за овој терор оправдување немажДоколку требаше да се преземат одредени мерки за спречување на евентуално ширење на птичјиот грип, тоа би можело да се реши со ставање под карантин на околината која е потенцијален ризик на изворот на вирусот. Несфатливо е, ако треба да се изврши евтаназија, живината претходно да не биде зашеметена со евтини гасовити анестетици како што е хлороформот, кој му е познат на секој ветеринар. Наместо тоа, бездушно е извршена болна ликвидација на питома живина со истиснување на нивните вратови и пукање со огнено оружје, што, за уште поголем срам на цела Македонија, утре ќе се нарече хумана евтаназија. Повикуваме на разум, ако некој ја има и итен прекин на ова лудилож АХВ, Институт за јавно здравје, сите надлежни, бараме итно ова да запреж Бараме одговорност за сите кои наредиле и спровеле вакво умоболие врз животните“, велат од Анима Мунди.

The post Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки appeared first on Република.

]]>
Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prof-danailovski-za-opasnosta-od-ptichji-grip-bidete-spokojni/ Sun, 20 Oct 2024 07:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=828974

По вчерашниот стрес и за граѓаните и за животните од Зоолошката градина во Скопје, кој резултираше со затворање и убивање на скоро 40 птици, свое објаснување даде професорот Драган Данаиловски, епидемиолог.

Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша:

По една денешна, според мене, мошне „несреќна“ објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип“, дека „зоолошката градина е затворена“, а „посетителите биле евакуирани“, „инспекторите влезени“… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле“, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен, напиша тој и додаде:

Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на „Зоолошката градина“, во кое, меѓу другото, стои дека „инспектори и лица со оружје без налог упаднале и извршиле масакр врз птиците!“ Па се продолжува со обвинение дека се работело за „секташка политика“ чија цел е да „се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“. И дека за тоа ќе поднеле „кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“! Сево ова, без официјална информација дека е изолиран вирус од надлежните органи..„Чуму им беше тоа потребно?“.

Кога станува збор за потенцијална опасност по јавното здравје, (а сепак не е, како што ќе образложам понатаму), сите ние како поединци, (особено оние кои биле на раководни позиции, како авторот на несреќната објава на Фејсбук) и организации (во случајов „Зоолошката градина“) – се очекува да покажеме внимателност и елементарна свест, совест и „сенс“ за можните реперкусии во јавноста од јавно искажаниот збор! Како што тоа секогаш бидува, порталите едвај дочекаа да ја објават „пикантната“ вест! Со што ја кренаа „топката“ уште повисоко! Што ли беше тоа професионална етика? На крајот, се огласи и Агенцијата за храна и лекови (АХВ). Соопшти дека, по вчерашното лабораториско тестирање на угинатата птица на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдено е присуство на виосокопатогениот сој на вирусот на птичји грип A(H5N1), .

Мутации кај вирусот се случуваат кога циркулира меѓу големи популации на животни (во случајов птици), со што може да ја зголеми патогеноста. Но, една угината птица од која е изолиран вирусот не мора да значи дека цела зоолошка градина и цел парк се со заразени птици.

Мерките што АХВ ги има преземено денес (колку и да изгледаат отстрана драматично) – и што ќе ги презема наредните денови, се легитимни и легални. АХВ го превенира ширењето со ригорозни мерки, без толеранција, согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца! Тоа е за поздравување!

Кој е под ризик да се зарази? Практично, исклучиво птиците! Ако не се спречи ширењето меѓу нив, можни се големи загуби во живинарските фарми и последици врз увозот и извозот на живина.

Нема овде многу работа за Институтот за јавно здравје, ниту за Центрите за јавно здравје, освен здравствен надзор над граѓаните што ја посетиле Зоолошката градина. Сепак, за нивно заразување ризиците се минимални.

Како може човек да се зарази? Само ако дојде во контакт со секрети и екскрети, крв и месо на заразена птица, ако допре површина контаминирана со вирусот, а потоа ги допре очите, носот или устата. Вирусот може да биде вдишан и преку капки или прашина во воздухот. Од ова е јасно дека под ризик се само луѓе кои професионално работат со живина.

Не постои ризик од заразување од месо и јајца од заразена живина ако тие добро термички се обработат (сварат, испржат, испечат). Секако, треба добро да се измијат рацете по манипулација со свежо месо.

Преносот од човек на човек е многу редок. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако повеќе години циркулира меѓу птиците во земјите од ЕУ.

Периодот на инкубација се движи просечно од 2 до 5 дена, па и до 17 дена.

Знаците и симптомите на птичјиот грип кај луѓе може да вклучуваат висока температура, кашлица, воспалено грло, болки во мускулите, пневмонија, отежнато дишење, акутен респираторен дистрес, респираторна инсуфициенција, гадење, абдоминална болка, дијареа, повраќање и понекогаш невролошки промени (изменет ментален статус, епилептични напади).

Стапката на смртност од инфекција со A(H5N1) кај луѓето е релативно висока, проценета на околу 50%, што го прави еден од најсмртоносните познати видови на грип. Оттаму, навремениот медицински третман, вклучително и антивирусни лекови (oseltamivir (Tamiflu), baloxavir (Xofluza) и zanamivir (Relenza) е клучен.

Наспроти сѐ, место за страв не треба да има, зашто, ризиците за заразување навистина се занемарливо мали.

Бидете си спокојни!

The post Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот стрес и за граѓаните и за животните од Зоолошката градина во Скопје, кој резултираше со затворање и убивање на скоро 40 птици, свое објаснување даде професорот Драган Данаиловски, епидемиолог. Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша: По една денешна, според мене, мошне „несреќна“ објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип“, дека „зоолошката градина е затворена“, а „посетителите биле евакуирани“, „инспекторите влезени“… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле“, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен, напиша тој и додаде:
Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на „Зоолошката градина“, во кое, меѓу другото, стои дека „инспектори и лица со оружје без налог упаднале и извршиле масакр врз птиците!“ Па се продолжува со обвинение дека се работело за „секташка политика“ чија цел е да „се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“. И дека за тоа ќе поднеле „кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“! Сево ова, без официјална информација дека е изолиран вирус од надлежните органи..„Чуму им беше тоа потребно?“. Кога станува збор за потенцијална опасност по јавното здравје, (а сепак не е, како што ќе образложам понатаму), сите ние како поединци, (особено оние кои биле на раководни позиции, како авторот на несреќната објава на Фејсбук) и организации (во случајов „Зоолошката градина“) – се очекува да покажеме внимателност и елементарна свест, совест и „сенс“ за можните реперкусии во јавноста од јавно искажаниот збор! Како што тоа секогаш бидува, порталите едвај дочекаа да ја објават „пикантната“ вест! Со што ја кренаа „топката“ уште повисоко! Што ли беше тоа професионална етика? На крајот, се огласи и Агенцијата за храна и лекови (АХВ). Соопшти дека, по вчерашното лабораториско тестирање на угинатата птица на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдено е присуство на виосокопатогениот сој на вирусот на птичји грип A(H5N1), . Мутации кај вирусот се случуваат кога циркулира меѓу големи популации на животни (во случајов птици), со што може да ја зголеми патогеноста. Но, една угината птица од која е изолиран вирусот не мора да значи дека цела зоолошка градина и цел парк се со заразени птици. Мерките што АХВ ги има преземено денес (колку и да изгледаат отстрана драматично) – и што ќе ги презема наредните денови, се легитимни и легални. АХВ го превенира ширењето со ригорозни мерки, без толеранција, согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца! Тоа е за поздравување! Кој е под ризик да се зарази? Практично, исклучиво птиците! Ако не се спречи ширењето меѓу нив, можни се големи загуби во живинарските фарми и последици врз увозот и извозот на живина. Нема овде многу работа за Институтот за јавно здравје, ниту за Центрите за јавно здравје, освен здравствен надзор над граѓаните што ја посетиле Зоолошката градина. Сепак, за нивно заразување ризиците се минимални. Како може човек да се зарази? Само ако дојде во контакт со секрети и екскрети, крв и месо на заразена птица, ако допре површина контаминирана со вирусот, а потоа ги допре очите, носот или устата. Вирусот може да биде вдишан и преку капки или прашина во воздухот. Од ова е јасно дека под ризик се само луѓе кои професионално работат со живина. Не постои ризик од заразување од месо и јајца од заразена живина ако тие добро термички се обработат (сварат, испржат, испечат). Секако, треба добро да се измијат рацете по манипулација со свежо месо. Преносот од човек на човек е многу редок. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако повеќе години циркулира меѓу птиците во земјите од ЕУ. Периодот на инкубација се движи просечно од 2 до 5 дена, па и до 17 дена. Знаците и симптомите на птичјиот грип кај луѓе може да вклучуваат висока температура, кашлица, воспалено грло, болки во мускулите, пневмонија, отежнато дишење, акутен респираторен дистрес, респираторна инсуфициенција, гадење, абдоминална болка, дијареа, повраќање и понекогаш невролошки промени (изменет ментален статус, епилептични напади). Стапката на смртност од инфекција со A(H5N1) кај луѓето е релативно висока, проценета на околу 50%, што го прави еден од најсмртоносните познати видови на грип. Оттаму, навремениот медицински третман, вклучително и антивирусни лекови (oseltamivir (Tamiflu), baloxavir (Xofluza) и zanamivir (Relenza) е клучен. Наспроти сѐ, место за страв не треба да има, зашто, ризиците за заразување навистина се занемарливо мали. Бидете си спокојни!

The post Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! appeared first on Република.

]]>
Ексдиректорот на ЗОО-Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/eksdirektorot-na-zoo-skopje-ke-formira-fondatsija-so-tsel-da-najde-pari-za-vrabotenite-i-zhivotnite/ Fri, 18 Oct 2024 11:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=828457

Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат, денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и истите одбија да ми ги вратат со банални објаснувања документите не се разгледани (пликото не е отворено) ниту пак се пратени до градоначалничката на Град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна, вели поранешниот директор на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски.

Без разлика на сите отежнителни околности со кои се соочувам во моментов, јас не се откажувам од она за што се залагам. Сакам да ги известам посетителите и моите колеги од Зоолошката градина дека мојот следен чекор е формирање фондација под името „За европска зоолошка“, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени.

Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди, овозможувајќи соодветни услови за живот на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените – какви што впрочем заслужуваат, а во моментов ги немаат, вели Галетановски и додава:

Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања, во соработка со релевантни европски институции и организации. Воедно, ќе бидат активирани многу домашни и странски фирми и донатори кои ќе помагаат со финансии за потребите на ЗОО Скопје. Од редот на вработените во ЗОО Скопје ќе назначам и ополномоштам вработен кој ќе има увид во финансиите, со право да управува со истите.

Сакам да им се заблагодарам за поддршката и да ги охрабрам моите колеги од институцијата кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци – да се борат за нивните права и заслуги исто како што се боревме заедно! Никој не смее да се изживува со нив и да врши мобинг. Ги повикувам, доколку имаат потреба од правен совет, мојот адвокат секогаш ќе биде на располагање за било какво прекршување на Законот за работни односи, со цел да бидат заштитени.

Департизацијата на Зоолошката градина Скопје останува моја прва и единствена цел и останувам да се борам за тоа!, вели Галетановски.

The post Ексдиректорот на ЗОО-Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните appeared first on Република.

]]>

Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат, денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и истите одбија да ми ги вратат со банални објаснувања документите не се разгледани (пликото не е отворено) ниту пак се пратени до градоначалничката на Град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна, вели поранешниот директор на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски. Без разлика на сите отежнителни околности со кои се соочувам во моментов, јас не се откажувам од она за што се залагам. Сакам да ги известам посетителите и моите колеги од Зоолошката градина дека мојот следен чекор е формирање фондација под името „За европска зоолошка“, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени. Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди, овозможувајќи соодветни услови за живот на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените – какви што впрочем заслужуваат, а во моментов ги немаат, вели Галетановски и додава: Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања, во соработка со релевантни европски институции и организации. Воедно, ќе бидат активирани многу домашни и странски фирми и донатори кои ќе помагаат со финансии за потребите на ЗОО Скопје. Од редот на вработените во ЗОО Скопје ќе назначам и ополномоштам вработен кој ќе има увид во финансиите, со право да управува со истите. Сакам да им се заблагодарам за поддршката и да ги охрабрам моите колеги од институцијата кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци – да се борат за нивните права и заслуги исто како што се боревме заедно! Никој не смее да се изживува со нив и да врши мобинг. Ги повикувам, доколку имаат потреба од правен совет, мојот адвокат секогаш ќе биде на располагање за било какво прекршување на Законот за работни односи, со цел да бидат заштитени. Департизацијата на Зоолошката градина Скопје останува моја прва и единствена цел и останувам да се борам за тоа!, вели Галетановски.

The post Ексдиректорот на ЗОО-Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните appeared first on Република.

]]>
Угина лавот Жика во скопската ЗОО https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ugina-lavot-zhika-vo-skopskata-zoo/ Tue, 15 Oct 2024 16:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=827252

Скопската зоошлошка градина, за жал, остана без уште едно животно. Од старост угина лавот Жика.

Со големо жалење и тага ве информираме дека денеска на 16годишна возраст не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград. Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа.
Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас, велат од ЗОО- Скопје.

The post Угина лавот Жика во скопската ЗОО appeared first on Република.

]]>

Скопската зоошлошка градина, за жал, остана без уште едно животно. Од старост угина лавот Жика.
Со големо жалење и тага ве информираме дека денеска на 16годишна возраст не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград. Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа. Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас, велат од ЗОО- Скопје.

The post Угина лавот Жика во скопската ЗОО appeared first on Република.

]]>
Галетановски верува дека коњите од скопската ЗОО ги отрул некој вработен https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galetanovski-veruva-deka-konite-od-skopskata-zoo-gi-otrul-nekoj-vraboten/ Sun, 13 Aug 2023 09:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=671598

Поранешниот директор на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, откако обдукцискиот наод покажа дека трите коњи од реткиот вид „пржевалски“ се отруени, смета дека тоа најверојатно го направил некој вработен или наводен соработник на скопската ЗОО.

Популарниот Чомбе вели дека добро е тоа што од интензивниот ортов не настрадал некој посетител и се чуди како баш не работела камерата што го снима тој агол.

„Како може да прегорат камери и да не се поправат истиот момент, не само камери, туку било што, доколку има дефект или оштетување, тоа веднаш мора да се санира, така се постапува во секоја институција!

Уверен сум дека извршителот на ова злодело е некој од внатре, кој добро ги познавал околностите! И не смее да се дозволи овој случај да падне во заборав за кратко, мора да има темелна истрага и резултати, кои ќе бидат транспарентно соопштени пред јавноста, а убиецот најстрого да биде казнет“, вели Галетановски за „Фокус“.

Во времето на Галетановски, скопската ЗОО градина беше пример за добро менаџирање.

The post Галетановски верува дека коњите од скопската ЗОО ги отрул некој вработен appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, откако обдукцискиот наод покажа дека трите коњи од реткиот вид „пржевалски“ се отруени, смета дека тоа најверојатно го направил некој вработен или наводен соработник на скопската ЗОО. Популарниот Чомбе вели дека добро е тоа што од интензивниот ортов не настрадал некој посетител и се чуди како баш не работела камерата што го снима тој агол. „Како може да прегорат камери и да не се поправат истиот момент, не само камери, туку било што, доколку има дефект или оштетување, тоа веднаш мора да се санира, така се постапува во секоја институција! Уверен сум дека извршителот на ова злодело е некој од внатре, кој добро ги познавал околностите! И не смее да се дозволи овој случај да падне во заборав за кратко, мора да има темелна истрага и резултати, кои ќе бидат транспарентно соопштени пред јавноста, а убиецот најстрого да биде казнет“, вели Галетановски за „Фокус“. Во времето на Галетановски, скопската ЗОО градина беше пример за добро менаџирање.

The post Галетановски верува дека коњите од скопската ЗОО ги отрул некој вработен appeared first on Република.

]]>
Радосна вест од скопската ЗОО: Се родија шест пара близначиња лемурчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/radosna-vest-od-skopskata-zoo-se-rodija-shest-para-bliznachina-lemurchina/ Thu, 22 Jun 2023 09:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=653946

Во скопската Зоолошка градина годинава има најмногу подмладоци од лемурите кои потекнуваат од Мадагаскар.

Но, овојпат, токму во нашата зоолошка градина забележан е светски феномен, бидејќи се родиле дури шест пара близначиња.

„Годинава имаме најмногу подмладоци, а особено е интересен податокот дека за првпат добивме шест пара близначиња што е светски феномен. Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а Скопје ЗОО придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта сѐ повеќе се намалуваат. Да ни се живи и здрави малечките“, се вели во соопштението на скопската ЗОО.

The post Радосна вест од скопската ЗОО: Се родија шест пара близначиња лемурчиња appeared first on Република.

]]>

Во скопската Зоолошка градина годинава има најмногу подмладоци од лемурите кои потекнуваат од Мадагаскар. Но, овојпат, токму во нашата зоолошка градина забележан е светски феномен, бидејќи се родиле дури шест пара близначиња.
„Годинава имаме најмногу подмладоци, а особено е интересен податокот дека за првпат добивме шест пара близначиња што е светски феномен. Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а Скопје ЗОО придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта сѐ повеќе се намалуваат. Да ни се живи и здрави малечките“, се вели во соопштението на скопската ЗОО.

The post Радосна вест од скопската ЗОО: Се родија шест пара близначиња лемурчиња appeared first on Република.

]]>
Жирафата Каспер од скопската ЗОО угинала од салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zhirafata-kasper-od-skopskata-zoo-uginala-od-salmonela/ Mon, 05 Jun 2023 09:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=647960

Жирафата Каспер која угина во скопската зоолошка угинала од инфекцијата салмонела. Според патохистолошката анализа Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити, објави Макфакс.

„Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“.

Засега нема информации со каква храна била хранета жирафата во Зоолошката градина, а од која би можела да ја добие бактеријата салмонела. Директорот Зоран Попов, претходно само истакна дека жирафата повеќе месеци не била во добра состојба.

The post Жирафата Каспер од скопската ЗОО угинала од салмонела appeared first on Република.

]]>

Жирафата Каспер која угина во скопската зоолошка угинала од инфекцијата салмонела. Според патохистолошката анализа Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити, објави Макфакс. „Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“. Засега нема информации со каква храна била хранета жирафата во Зоолошката градина, а од која би можела да ја добие бактеријата салмонела. Директорот Зоран Попов, претходно само истакна дека жирафата повеќе месеци не била во добра состојба.

The post Жирафата Каспер од скопската ЗОО угинала од салмонела appeared first on Република.

]]>
Анима Мунди бара одговорност за настанот во Зоолошка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/anima-mundi-bara-odgovornost-za-nastanot-vo-zooloshka/ Fri, 15 Jul 2022 09:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=529205

Анима Мунди – здружение за заштита на животни ја поздрави одлуката на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за разрешувањето на сега поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов и бара од институциите (МВР, АХВ) итно да постапат и најстрого го казнат екс-директорот, како и сите кои биле инволвирани, ставиле потпис и ја аминувале одлуката за колеж на животните!

Згрозени сме од настанот во Зоолошката градина во Скопје. Свирепо убиство на 16 копитари (искористувани, мачени цел живот; меѓу нив и млади ждребиња) е надвор од сите законски прописи и правилници е нешто што не е одлика на нормална држава – велат од Анима Мунди.

 

The post Анима Мунди бара одговорност за настанот во Зоолошка appeared first on Република.

]]>

Анима Мунди – здружение за заштита на животни ја поздрави одлуката на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за разрешувањето на сега поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов и бара од институциите (МВР, АХВ) итно да постапат и најстрого го казнат екс-директорот, како и сите кои биле инволвирани, ставиле потпис и ја аминувале одлуката за колеж на животните!
Згрозени сме од настанот во Зоолошката градина во Скопје. Свирепо убиство на 16 копитари (искористувани, мачени цел живот; меѓу нив и млади ждребиња) е надвор од сите законски прописи и правилници е нешто што не е одлика на нормална држава – велат од Анима Мунди.
 

The post Анима Мунди бара одговорност за настанот во Зоолошка appeared first on Република.

]]>
Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vonredna-inspekciska-kontrola-na-ahv-vo-zoo-vo-skopje-mesoto-od-zaklanite-konji-kje-se-unishti/ Fri, 15 Jul 2022 09:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=529184

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спровеле вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни.

Со контролата, утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење, иако истите на зоолошката градина и се отстапени на чување во соодветни услови од страна на Управата за извршување на санкции при КПУ- КПД Идризово, соопштија денеска од АХВ.

Во депото, биле затекнати и две живи животни, а во фрижидерите во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни во вкупна количина од 1.286 килограми и 100 замрзнати пилиња.

Бидејќи месото од закланите копитари потекнува од неидентификувани и нерегистрирани животни со непознат здравствен статус кои се заклани во неодобрен објект, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение и нареди нештетно уништување на небезбедното месо на депонијата Дрисла, информираат од АХВ.

Инаку, вчера во 18 часот, полицијата приведе пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник.

При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, соопштија од МВР.

За сторените прекршоци, против Зоолошката градина на Град Скопје и одговорното лице, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе изрече соодветни казни согласно Законот за ветеринарно јавно здравство, Законот за безбедност на храна, Законот за заштита и благосостојба на животните и Законот за идентификација и регистрација на животните.

The post Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спровеле вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни. Со контролата, утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење, иако истите на зоолошката градина и се отстапени на чување во соодветни услови од страна на Управата за извршување на санкции при КПУ- КПД Идризово, соопштија денеска од АХВ. Во депото, биле затекнати и две живи животни, а во фрижидерите во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни во вкупна количина од 1.286 килограми и 100 замрзнати пилиња. Бидејќи месото од закланите копитари потекнува од неидентификувани и нерегистрирани животни со непознат здравствен статус кои се заклани во неодобрен објект, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение и нареди нештетно уништување на небезбедното месо на депонијата Дрисла, информираат од АХВ. Инаку, вчера во 18 часот, полицијата приведе пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник. При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина. Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, соопштија од МВР. За сторените прекршоци, против Зоолошката градина на Град Скопје и одговорното лице, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе изрече соодветни казни согласно Законот за ветеринарно јавно здравство, Законот за безбедност на храна, Законот за заштита и благосостојба на животните и Законот за идентификација и регистрација на животните.

The post Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи appeared first on Република.

]]>
Директорот и пет вработени добија кривична поради колењето коњи за да нахранат животни во Зоолошката во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-i-pet-vraboteni-dobija-krivichna-poradi-kolenjeto-konji-za-da-nahranat-zivotni-vo-zooloshkata-vo-skopje/ Fri, 15 Jul 2022 07:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=529110

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош вчера во 18 часот привеле пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник.

При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, информираа денеска од МВР, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје – се наведува во соопштението од МВР.

Вчера од Град Скопје информираа дека е разрешен е в.д. директорот на скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов и се оградија од, како што наведоа, од неговите индивидуално преземените дејствија.

Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува – се наведува во соопштението на Град Скопје.

 

The post Директорот и пет вработени добија кривична поради колењето коњи за да нахранат животни во Зоолошката во Скопје appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош вчера во 18 часот привеле пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник. При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, информираа денеска од МВР, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.
Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје – се наведува во соопштението од МВР.
Вчера од Град Скопје информираа дека е разрешен е в.д. директорот на скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов и се оградија од, како што наведоа, од неговите индивидуално преземените дејствија.
Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува – се наведува во соопштението на Град Скопје.
 

The post Директорот и пет вработени добија кривична поради колењето коњи за да нахранат животни во Зоолошката во Скопје appeared first on Република.

]]>