ЗОИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoi/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Jun 2023 09:12:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЗОИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoi/ 32 32 Шведска сака да ја организира Зимската олимпијада во 2030 година https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shvedska-saka-da-ja-organizira-zimskata-olimpijada-vo-2030-godina/ Sun, 18 Jun 2023 09:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=652696

Претседателот на Шведскиот олимписки комитет, Ханс фон Утман, најави можна кандидатура за домаќин на Зимските игри во 2030 година.

Според него, четири месеци се изготвувала физибилити студија која покажала можност за организирање натпревари во Стокхолм.

Главниот град на Шведска беше домаќин на Олимпијадата во 1912 година.

Нашето прелиминарно истражување сугерира дека Шведска има способност, технологија и желба да биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година, изјави Фон Утман.

Местото за игрите во 2030 година треба да биде избрано во 2024 година.

The post Шведска сака да ја организира Зимската олимпијада во 2030 година appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Шведскиот олимписки комитет, Ханс фон Утман, најави можна кандидатура за домаќин на Зимските игри во 2030 година. Според него, четири месеци се изготвувала физибилити студија која покажала можност за организирање натпревари во Стокхолм. Главниот град на Шведска беше домаќин на Олимпијадата во 1912 година.
Нашето прелиминарно истражување сугерира дека Шведска има способност, технологија и желба да биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година, изјави Фон Утман.
Местото за игрите во 2030 година треба да биде избрано во 2024 година.

The post Шведска сака да ја организира Зимската олимпијада во 2030 година appeared first on Република.

]]>
Холанѓанките во солзи: Освоеното злато го посветија на починатата колешка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/holangjankite-vo-solzi-osvoenoto-zlato-go-posvetija-na-pochinatata-koleshka/ Tue, 15 Feb 2022 09:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=458737

Најемотивниот момент во досегашниот дел од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг беше кога штафетата на Холандија во женска конкуренција во трката на 3.000 метри во брзо лизгање освоениот медал го посвети на прерано починатата колешка од тимот.

Станува збор за Лара вон Лујвен (27 години), која почина пред 18 месеци, откако ѝ беше откриена автоимуна болест за време на тренинг-кампот во Франција. Таа во тој момент беше актуелна светска шампионка на 500 метри и дел го холандската штафета на 3.000 метри, која дојде до бронзата на Игрите во Пјонгчанг пред четири години. Денеска, нејзините две тогашни колешки, Сузан Шултинг и Јара вон Керкоф, заедно со Сара Путсма и Ксандра Велцебер, го подобри ова остварување и се искачија на највисокото место на пиедесталот.

Лара денеска гордо нѐ гледаше од горе. Таа има специјално место во нашите срца. Ни недостасува секој ден, но и ни дава сила. Ние сме со златото само поради неа. Постојано го чувствуваме нејзиното присуство и енергија, изјавија холандските скијачки.

Четирите лизгачки по добивањето на медалите емотивно ги кренаа главите и покажаа кон небото, потсетувајќи на својата почината другарка, а потоа ги извадија телефоните на чии екрани беше исцртано срце во спомен на Вон Лујвен.

The post Холанѓанките во солзи: Освоеното злато го посветија на починатата колешка appeared first on Република.

]]>

Најемотивниот момент во досегашниот дел од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг беше кога штафетата на Холандија во женска конкуренција во трката на 3.000 метри во брзо лизгање освоениот медал го посвети на прерано починатата колешка од тимот. Станува збор за Лара вон Лујвен (27 години), која почина пред 18 месеци, откако ѝ беше откриена автоимуна болест за време на тренинг-кампот во Франција. Таа во тој момент беше актуелна светска шампионка на 500 метри и дел го холандската штафета на 3.000 метри, која дојде до бронзата на Игрите во Пјонгчанг пред четири години. Денеска, нејзините две тогашни колешки, Сузан Шултинг и Јара вон Керкоф, заедно со Сара Путсма и Ксандра Велцебер, го подобри ова остварување и се искачија на највисокото место на пиедесталот.
Лара денеска гордо нѐ гледаше од горе. Таа има специјално место во нашите срца. Ни недостасува секој ден, но и ни дава сила. Ние сме со златото само поради неа. Постојано го чувствуваме нејзиното присуство и енергија, изјавија холандските скијачки.
Четирите лизгачки по добивањето на медалите емотивно ги кренаа главите и покажаа кон небото, потсетувајќи на својата почината другарка, а потоа ги извадија телефоните на чии екрани беше исцртано срце во спомен на Вон Лујвен.

The post Холанѓанките во солзи: Освоеното злато го посветија на починатата колешка appeared first on Република.

]]>
Француските танцувачи на мраз Пападакис и Сизерон поставија светски рекорд https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/francuskite-tancuvachi-na-mraz-papadakis-i-sizeron-postavija-svetski-rekord/ Mon, 14 Feb 2022 08:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=458167

Француската натпреварувачка двојка во уметничко лизгање Габриела Пападакис и Гијом Сизерон поставија светскиот рекорд по најмногу освоени поени на Олимпијадите.

Тие утринава освоија злато на Игрите во Пекинг. За двата танца, парот освои 226,98 поени. Ним им припаѓаше и претходниот рекорд поставен на Јапонското Гран при во 2019 година. Тогаш Пападакис и Сизерон добија 226,61 поен.

Сребрениот медал го освои руската двојка Викторија Синицина – Никите Кацалапов со освоени 220,51 поен.

Третото место и бронзениот медал отиде кај Американците Медисон Хебел – Закари Донохју.

The post Француските танцувачи на мраз Пападакис и Сизерон поставија светски рекорд appeared first on Република.

]]>

Француската натпреварувачка двојка во уметничко лизгање Габриела Пападакис и Гијом Сизерон поставија светскиот рекорд по најмногу освоени поени на Олимпијадите. Тие утринава освоија злато на Игрите во Пекинг. За двата танца, парот освои 226,98 поени. Ним им припаѓаше и претходниот рекорд поставен на Јапонското Гран при во 2019 година. Тогаш Пападакис и Сизерон добија 226,61 поен. Сребрениот медал го освои руската двојка Викторија Синицина – Никите Кацалапов со освоени 220,51 поен. Третото место и бронзениот медал отиде кај Американците Медисон Хебел – Закари Донохју.

The post Француските танцувачи на мраз Пападакис и Сизерон поставија светски рекорд appeared first on Република.

]]>
Укината е суспензијата за руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева, таа ќе продолжи со натпреварите на ЗОИ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ukinata-e-suspenzijata-za-ruskata-natprevaruvachka-vo-umetnichko-lizganje-kamila-valieva-taa-kje-prodolzi-so-natprevarite-na-zoi/ Fri, 11 Feb 2022 11:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=457148

Укината е суспензијата за руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева која ќе може да ги продолжи натпреварите на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Валиева, како што е познато, доби позитивен наод на триметазидин по што беше суспендирана. Но, оваа одлука е поништена ден подоцна.

Русинката со свои 15 години се запиша во историјата како прва лизгачка која изведе комплетен четворкратен скок.

„Валиева вложи жалба на привремената суспензија и Руската антидопинг агенција се одлучи да ја укине, па со самото тоа и е дозволено да продолжи со натпреварите на ЗОИ. Причината за оваа одлука ќе биде наскоро образложена пред сите“ – се вели во соопштението од Меѓународната агенција за тестирање.

The post Укината е суспензијата за руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева, таа ќе продолжи со натпреварите на ЗОИ appeared first on Република.

]]>

Укината е суспензијата за руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева која ќе може да ги продолжи натпреварите на Зимските олимписки игри во Пекинг. Валиева, како што е познато, доби позитивен наод на триметазидин по што беше суспендирана. Но, оваа одлука е поништена ден подоцна. Русинката со свои 15 години се запиша во историјата како прва лизгачка која изведе комплетен четворкратен скок.
„Валиева вложи жалба на привремената суспензија и Руската антидопинг агенција се одлучи да ја укине, па со самото тоа и е дозволено да продолжи со натпреварите на ЗОИ. Причината за оваа одлука ќе биде наскоро образложена пред сите“ – се вели во соопштението од Меѓународната агенција за тестирање.

The post Укината е суспензијата за руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева, таа ќе продолжи со натпреварите на ЗОИ appeared first on Република.

]]>
Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerot-ristevski-e-na-zoi-vo-peking-a-pretsedatelot-na-skijachkata-federacija-ognjan-cigovski-go-prashuva-zoshto-ne-e-na-rabota/ Wed, 09 Feb 2022 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=456240

Поранешниот македонски олимпиец, алпскиот скијач Антонио Ристевски како тренер на Дардан Дехари, македонскиот претставник на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се одржуваат во Пекинг, добил порака од претседателот на Скијачката федерација, Огњан Циговски во која тој го прашува зошто не се појавил на работа.

Антонио Ристевски е револтиран од односот на претседателот на Скијачката федерација, кој го прашува зошто не се појавил на работа, а целата јавност знае дека е во Пекинг како дел од македонската репрезентација.

Тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до јавноста, а ја покажа и пораката која ја добил од Циговски.

Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентациите во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!“, напиша Антонио Ристевски на социјалните мрежи.

The post Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски олимпиец, алпскиот скијач Антонио Ристевски како тренер на Дардан Дехари, македонскиот претставник на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се одржуваат во Пекинг, добил порака од претседателот на Скијачката федерација, Огњан Циговски во која тој го прашува зошто не се појавил на работа. Антонио Ристевски е револтиран од односот на претседателот на Скијачката федерација, кој го прашува зошто не се појавил на работа, а целата јавност знае дека е во Пекинг како дел од македонската репрезентација. Тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до јавноста, а ја покажа и пораката која ја добил од Циговски.
Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентациите во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!“, напиша Антонио Ристевски на социјалните мрежи.

The post Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? appeared first on Република.

]]>
Македонскиот олимпиец Дехари ги скина лигаментите на коленото и нема да настапи во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-olimpiec-dehari-gi-skina-ligamentite-na-kolenoto-i-nema-da-nastapi-vo-peking/ Tue, 08 Feb 2022 17:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=455848

Македонскиот репрезентативец во алпско скијање Дардан Дехари поради повреда нема да настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Дехари за време на тренингот ги скина лигаментите на коленото и мора веднаш да замине на операција.

На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено.

По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран.

Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари.

Да му посакаме на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени”, се вели во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.

The post Македонскиот олимпиец Дехари ги скина лигаментите на коленото и нема да настапи во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Македонскиот репрезентативец во алпско скијање Дардан Дехари поради повреда нема да настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. Дехари за време на тренингот ги скина лигаментите на коленото и мора веднаш да замине на операција.
На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено. По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран. Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари. Да му посакаме на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени”, се вели во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.

The post Македонскиот олимпиец Дехари ги скина лигаментите на коленото и нема да настапи во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Дардан Дехари ќе биде единствениот знаменосец на ЗОИ во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dardan-dehari-kje-bide-edinstveniot-znamenosec-na-zoi-vo-peking/ Thu, 03 Feb 2022 14:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=453697

Единствен носител на македонското знаме на отварањето на Зимските олимписки игри Пекинг 2022 ќе биде Дардан Дехари.

Беше планирано на Дехари друштво да му прави Ана Цветановска, но таа поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на ковид 19), нема да може да го носи македонското знаме. Во целата ситуација е добро тоа што Цветановска беше негативна на двата теста, па ќе настапи на спортската програма според планот.

Доколку има два последователни негативни теста, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот ковид-хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.

The post Дардан Дехари ќе биде единствениот знаменосец на ЗОИ во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Единствен носител на македонското знаме на отварањето на Зимските олимписки игри Пекинг 2022 ќе биде Дардан Дехари. Беше планирано на Дехари друштво да му прави Ана Цветановска, но таа поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на ковид 19), нема да може да го носи македонското знаме. Во целата ситуација е добро тоа што Цветановска беше негативна на двата теста, па ќе настапи на спортската програма според планот. Доколку има два последователни негативни теста, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот ковид-хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.

The post Дардан Дехари ќе биде единствениот знаменосец на ЗОИ во Пекинг appeared first on Република.

]]>
ЗОИ: Потврдени 34 нови случаи на Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zoi-potvrdeni-34-novi-sluchai-na-kovid-19/ Sun, 30 Jan 2022 22:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=451713

Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг се зголеми за 34 во однос на последното тестирање и сега вкупниот број изнесува вкупно 139 случаи, потврдија огранизаторите на Игрите.

Од последните случаи, 13 се спортисти или членови на екипи, а останатите 11 се позитвивни членови во нациоанлните олимписки комитети.

Македонија на ЗОИ ќе ја претставуваат: Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари),  Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари), Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

The post ЗОИ: Потврдени 34 нови случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг се зголеми за 34 во однос на последното тестирање и сега вкупниот број изнесува вкупно 139 случаи, потврдија огранизаторите на Игрите. Од последните случаи, 13 се спортисти или членови на екипи, а останатите 11 се позитвивни членови во нациоанлните олимписки комитети. Македонија на ЗОИ ќе ја претставуваат: Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари),  Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари), Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

The post ЗОИ: Потврдени 34 нови случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
На Ставре Јада Општина Крушево му даде срамни 10.000 денари за учество на Олимписките игри! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-stavre-jada-opshtina-krushevo-mu-dade-sramni-10-000-denari-za-uchestvo-na-olimpiskite-igri/ Fri, 28 Jan 2022 11:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=450651

На Ставре Јада кој е еден од тројцата македонски спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг Општина Крушево, од каде што тој потекнува му додели срамни 10 илјади денари за учество на Игрите.

Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево.

На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци.
Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација.
Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево
1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?
2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?
И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг“, пишува Јада на социјалните мрежи.

Тој во Пекинг ќе настапи во две дисциплина, спринт на 1,4 километри и маратон на 50 километри.

The post На Ставре Јада Општина Крушево му даде срамни 10.000 денари за учество на Олимписките игри! appeared first on Република.

]]>

На Ставре Јада кој е еден од тројцата македонски спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг Општина Крушево, од каде што тој потекнува му додели срамни 10 илјади денари за учество на Игрите.
Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево. На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци. Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација. Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево 1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот? 2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите? И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг“, пишува Јада на социјалните мрежи.
Тој во Пекинг ќе настапи во две дисциплина, спринт на 1,4 километри и маратон на 50 километри.

The post На Ставре Јада Општина Крушево му даде срамни 10.000 денари за учество на Олимписките игри! appeared first on Република.

]]>
Путин и претседателот на СЗО на отворањето на ЗОИ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/putin-i-pretsedatelot-na-szo-na-otvoranjeto-na-zoi/ Fri, 28 Jan 2022 08:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=450544

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе присуствува на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг и ќе организира банкет за шефовите на државите и меѓународните организации кои ќе го посетат, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Меѓу посетителите ќе бидат, претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, се наведува во соопштението, а пренесува Ројтерс.

Зимските олимписки игри ќе бидат отворени на 4 февруари.

The post Путин и претседателот на СЗО на отворањето на ЗОИ appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе присуствува на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг и ќе организира банкет за шефовите на државите и меѓународните организации кои ќе го посетат, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Меѓу посетителите ќе бидат, претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, се наведува во соопштението, а пренесува Ројтерс. Зимските олимписки игри ќе бидат отворени на 4 февруари.

The post Путин и претседателот на СЗО на отворањето на ЗОИ appeared first on Република.

]]>
Јада и Цветановска македонски претставници на ЗОИ во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/jada-i-cvetanovska-makedonski-pretstavnici-na-zoi-vo-peking/ Tue, 18 Jan 2022 12:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=446344

Ставре Јада вторпат, по настапот во Пјонгчанг во 2018 година, и Ана Цветановска првпат ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) што ќе се одржат во Пекинг (Кина), од 4 до 20 февруари.

Јада кој има олимписка А-норма според најавите треба да настапи во спринтот на 1,5 км и во маратонот на 50 километри.

Олимпијада е сонот на секој спортист, но патот до таму е еден од најтешките, да се совладаат сите препреки,сите критикувања, да се заборави ноќниот живот, да се стани секое утро во 7 часот, да се направат 2 тренинзи во денот од околу 40-60км, да се биде дома и со најблиските 60дена од вкупно 365 во годината, професионалниот спорт бара жртва или СИ или НЕ.

Втора олимпијада за мене, целта е една подобро претставување од претходната олимпијада во 2018год, напиша Јада на Фејсбук.

Ана Цветановска која исто така е член на клубот „Скии-Рис“ од Скопје за првпат ќе учествува на ЗОИ.

Цветановска која исто така обезбеди олимписка А-норма, ќе учествува на трката на 10 км класично и во скијатлон 7,5 км во класичен и 7,5 км во слободен стил.

The post Јада и Цветановска македонски претставници на ЗОИ во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Ставре Јада вторпат, по настапот во Пјонгчанг во 2018 година, и Ана Цветановска првпат ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) што ќе се одржат во Пекинг (Кина), од 4 до 20 февруари. Јада кој има олимписка А-норма според најавите треба да настапи во спринтот на 1,5 км и во маратонот на 50 километри.
Олимпијада е сонот на секој спортист, но патот до таму е еден од најтешките, да се совладаат сите препреки,сите критикувања, да се заборави ноќниот живот, да се стани секое утро во 7 часот, да се направат 2 тренинзи во денот од околу 40-60км, да се биде дома и со најблиските 60дена од вкупно 365 во годината, професионалниот спорт бара жртва или СИ или НЕ. Втора олимпијада за мене, целта е една подобро претставување од претходната олимпијада во 2018год, напиша Јада на Фејсбук.
Ана Цветановска која исто така е член на клубот „Скии-Рис“ од Скопје за првпат ќе учествува на ЗОИ. Цветановска која исто така обезбеди олимписка А-норма, ќе учествува на трката на 10 км класично и во скијатлон 7,5 км во класичен и 7,5 км во слободен стил.

The post Јада и Цветановска македонски претставници на ЗОИ во Пекинг appeared first on Република.

]]>
ИОК: Омикрон нема да ги загрози Зимските олимписки игри во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-omikron-nema-da-gi-zagrozi-zimskite-olimpiski-igri-vo-peking/ Thu, 13 Jan 2022 09:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=444057

Откако организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг изразија загриженост поради растот на бројот на инфекции со Омикрон во Кина, директорот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за ЗОИ кои ќе почнат на 4 февруари.

Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре.

Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите учесници на Игрите.

Сите акредитирани лица, вклучувајќи ги спортистите, официјалните претставници, новинарите како и другиот персонал ќе мораат секојдневно да се тестираат на коронавирусот за време на нивниот престој во олимпиското село.

The post ИОК: Омикрон нема да ги загрози Зимските олимписки игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Откако организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг изразија загриженост поради растот на бројот на инфекции со Омикрон во Кина, директорот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за ЗОИ кои ќе почнат на 4 февруари.
Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре.
Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите учесници на Игрите. Сите акредитирани лица, вклучувајќи ги спортистите, официјалните претставници, новинарите како и другиот персонал ќе мораат секојдневно да се тестираат на коронавирусот за време на нивниот престој во олимпиското село.

The post ИОК: Омикрон нема да ги загрози Зимските олимписки игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>