ЗОИ 2022 Пекинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoi-2022-peking/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Feb 2022 07:37:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЗОИ 2022 Пекинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoi-2022-peking/ 32 32 На Олимпиец му замрзна пенисот после крос-кантри трка, му се случува вторпат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-olimpiec-mu-zamrzna-penisot-posle-kros-kantri-trka-mu-se-sluchuva-vtorpat/ Sun, 20 Feb 2022 17:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=461119

50-километарката трка во машката конкуренција во крос-кантри скијање на овогодинешната Олимпијада во Пекинг беше скратена на 30 километри, но тоа не помогна многу на Финецот Реми Линдхолм, на кого му требаше топлач на крајот на трката за да одмрзне еден особено чувствителен дел од телото, пишува „Њујорк пост“. Линдхолм ја мина патеката за помалку од еден час и 16 минути, борејќи се со многу силен и студен ветер, поради што неговиот пенис се замрзна по вторпат. Сличен „инцидент“ доживеал пред само неколку месеци во Рука, Финска.

Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… ова беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил, изјави тој за финските медиуми, додавајќи дека било гола борба само да се помине.

Линдхолм објасни дека користел топлинско пакување за да се обиде да го одмрзне пенисот откако трката заврши.

Кога деловите од телото почнаа да се загреваат по финишот, болката беше неподнослива, додаде тој.

Бидејќи организаторите беа загрижени дека ќе има смрзнатини кај скијачите на трката, таа беше одложена за еден час и скратена за 20 километри. Тенките костуми и долните слоеви што ги носеа тркачите, како и наслагите за покривање на лицата и ушите, беа мала заштита.

The post На Олимпиец му замрзна пенисот после крос-кантри трка, му се случува вторпат appeared first on Република.

]]>

50-километарката трка во машката конкуренција во крос-кантри скијање на овогодинешната Олимпијада во Пекинг беше скратена на 30 километри, но тоа не помогна многу на Финецот Реми Линдхолм, на кого му требаше топлач на крајот на трката за да одмрзне еден особено чувствителен дел од телото, пишува „Њујорк пост“. Линдхолм ја мина патеката за помалку од еден час и 16 минути, борејќи се со многу силен и студен ветер, поради што неговиот пенис се замрзна по вторпат. Сличен „инцидент“ доживеал пред само неколку месеци во Рука, Финска.
Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… ова беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил, изјави тој за финските медиуми, додавајќи дека било гола борба само да се помине.
Линдхолм објасни дека користел топлинско пакување за да се обиде да го одмрзне пенисот откако трката заврши.
Кога деловите од телото почнаа да се загреваат по финишот, болката беше неподнослива, додаде тој.
Бидејќи организаторите беа загрижени дека ќе има смрзнатини кај скијачите на трката, таа беше одложена за еден час и скратена за 20 километри. Тенките костуми и долните слоеви што ги носеа тркачите, како и наслагите за покривање на лицата и ушите, беа мала заштита.

The post На Олимпиец му замрзна пенисот после крос-кантри трка, му се случува вторпат appeared first on Република.

]]>
ЗОИ: Сара Хектор победничка во женскиот велеслалом https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zoi-sara-hektor-pobednichka-vo-zenskiot-veleslalom/ Mon, 07 Feb 2022 08:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=454975

Швеѓанката Сара Хектор го освои златниот медал во дисциплината велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг. Хектор до триумфот дојде со вкупен резултат 1:55.69 минута по двете возења.

Сребрениот медал и припадна на италијанската скијачка Федерика Брињоне која двете трки ги заврши со време 1:55.97 минута.

Мал подвиг направи Лара Гут-Бехрами која од осмата позиција по првото возење, стигна до третото место и бронзениот медал по втората трка заостанувајќи 72 стоти делови од секундата зад победничката.

По денешниот велеслалом Шведска изби на чело во поредокот на медалисти со три освоени златни медали.

The post ЗОИ: Сара Хектор победничка во женскиот велеслалом appeared first on Република.

]]>

Швеѓанката Сара Хектор го освои златниот медал во дисциплината велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг. Хектор до триумфот дојде со вкупен резултат 1:55.69 минута по двете возења. Сребрениот медал и припадна на италијанската скијачка Федерика Брињоне која двете трки ги заврши со време 1:55.97 минута. Мал подвиг направи Лара Гут-Бехрами која од осмата позиција по првото возење, стигна до третото место и бронзениот медал по втората трка заостанувајќи 72 стоти делови од секундата зад победничката. По денешниот велеслалом Шведска изби на чело во поредокот на медалисти со три освоени златни медали.

The post ЗОИ: Сара Хектор победничка во женскиот велеслалом appeared first on Република.

]]>
Историски ден за словенечкиот спорт, злато и бронза на ЗОИ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriski-den-za-slovenechkiot-sport-zlato-i-bronza-na-zoi/ Sat, 05 Feb 2022 15:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=454541

Словенечките претставнички во скијачки скокови Урша Богатај и Ника Крижнар и донесоа историски успех на својата земја, освојувајќи златен и бронзен медал на денешниот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Богатај со вкупно 239 бодови се закити со златото, додека Крижнар (236.8) ја освои бронзата.

Словенија до денеска немаше златен олимписки медал, а на Игрите во Сочи освои сребро и бронза со кои се закити Петер Превц, исто така, во скијачки скокови.

Меѓу двете словенечки олимпијки на подиумот денеска се искачи Катарина Алтхаус, која го освои сребрениот медал.

The post Историски ден за словенечкиот спорт, злато и бронза на ЗОИ appeared first on Република.

]]>

Словенечките претставнички во скијачки скокови Урша Богатај и Ника Крижнар и донесоа историски успех на својата земја, освојувајќи златен и бронзен медал на денешниот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пекинг. Богатај со вкупно 239 бодови се закити со златото, додека Крижнар (236.8) ја освои бронзата. Словенија до денеска немаше златен олимписки медал, а на Игрите во Сочи освои сребро и бронза со кои се закити Петер Превц, исто така, во скијачки скокови. Меѓу двете словенечки олимпијки на подиумот денеска се искачи Катарина Алтхаус, која го освои сребрениот медал.

The post Историски ден за словенечкиот спорт, злато и бронза на ЗОИ appeared first on Република.

]]>
Првото олимписко злато годинава оди кај Тереза Јохауг од Норвешка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/prvoto-olimpisko-zlato-godinava-odi-kaj-tereza-johaug-od-norveshka/ Sat, 05 Feb 2022 10:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=454464

Премиерниот златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг го освои норвешката претставничка во нордиско трчање Тереза Јохауг, која денеска победи во дисциплината скијатлон, која вклучува 7.5 километри класичен стил и 7.5 километри слободен стил.

На трката на која првично требаше да настапи и македонската олимпијка Ана Цветановска, но Меѓународната скијачка федерација дополнително го лимитираше бројот на учесници според рангирањето, Јохауг мина прва низ целта пред Русинката Наталија Непријајева (+30 секунди), додека бронзата и припадна на Тереза Стадлобер од Австрија (+30.5).

По исклучително студено и ветровито време, норвешката олимпијка во вториот дел од трката во слободен стил направи недостижна предност пред конкурентките и го освои своето прво поединечно злато во кариерата.

The post Првото олимписко злато годинава оди кај Тереза Јохауг од Норвешка appeared first on Република.

]]>

Премиерниот златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг го освои норвешката претставничка во нордиско трчање Тереза Јохауг, која денеска победи во дисциплината скијатлон, која вклучува 7.5 километри класичен стил и 7.5 километри слободен стил. На трката на која првично требаше да настапи и македонската олимпијка Ана Цветановска, но Меѓународната скијачка федерација дополнително го лимитираше бројот на учесници според рангирањето, Јохауг мина прва низ целта пред Русинката Наталија Непријајева (+30 секунди), додека бронзата и припадна на Тереза Стадлобер од Австрија (+30.5). По исклучително студено и ветровито време, норвешката олимпијка во вториот дел од трката во слободен стил направи недостижна предност пред конкурентките и го освои своето прво поединечно злато во кариерата.

The post Првото олимписко злато годинава оди кај Тереза Јохауг од Норвешка appeared first on Република.

]]>
Путин дремна на отворањето на Зимските олимписки игри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/putin-dremna-na-otvoranjeto-na-zimskite-olimpiski-igri/ Fri, 04 Feb 2022 16:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=454323

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги прогласи за отворени 24-те Зимски олимписки игри на свеченост одржана на националниот стадион во Пекинг, а македонското знаме на церемнијата го носеше алпскиот скијач Дардан Дехари.

Свеченото отворање, кое беше наречено „Приказна за снегулката“, го режираше Жанг Јиму (71), чие дело беше и свеченото отворање на Летните олимписки игри во кинеската престолнина во 2008 година.

Свеченоста одржана на првиот ден од пролетта според кинескиот календар, почна со настап на танчари, кои салутираа со вжештени зелени стебленца со цел да ја прикажат виталноста на пролетта, по што уследи експлозија од огномет во бела и зелена боја, испишувајќи го зборот „Пролет“ над стадионот „Птичје гнездо“.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах во поздравниот говор изрази надеж дека олимпискиот дух може да згасне бројни контроверзи, кои претходеа на подготовките на олимписката манифестација која во следните две недели ќе се одржува во Пекинг.

Во следните две недели ќе се борите за најголемата награда, додека живеете заедно, во мир, под ист олимписки покрив. Тука ќе има нулта дискриминација, истакна Бах.

Најголемо внимание, сепак, предизвика присуството на рускиот претседател Владимир Путин, кој од трибините самиот ја следеше церемонијата. Телевизиските камери во еден момент го уловија со затворени очи, по што видеото веднаш почна да се споделува по социјалните мрежи:

На Зимските олимписки игри ќе настапат вкупно 2.871 спортисти од 91 држава, кои ќе се натпреваруваат во седум спортови во 15 дисциплини, а поделени ќе бидат 109 комплети одличја.

Македонскиот олимписки тим го сочинуваат Ана Цветановска (нордиско трчање), Ставре Јада (нордиско трчање) и Дардан Дехари (алпско скијање).

Игрите ќе се одржат под строги протоколи поради пандемијата на коронавирус, а максималната исполнетост на олимписките трибини ќе биде до 30 отсто.

Пекинг е прв град во олимписката историја како домаќин на летни и зимски игри, а националниот стадион „Птичје гнездо“ е првиот стадион домаќин на свечено отворање на летна и зимска олимпијада.

The post Путин дремна на отворањето на Зимските олимписки игри appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги прогласи за отворени 24-те Зимски олимписки игри на свеченост одржана на националниот стадион во Пекинг, а македонското знаме на церемнијата го носеше алпскиот скијач Дардан Дехари. Свеченото отворање, кое беше наречено „Приказна за снегулката“, го режираше Жанг Јиму (71), чие дело беше и свеченото отворање на Летните олимписки игри во кинеската престолнина во 2008 година. Свеченоста одржана на првиот ден од пролетта според кинескиот календар, почна со настап на танчари, кои салутираа со вжештени зелени стебленца со цел да ја прикажат виталноста на пролетта, по што уследи експлозија од огномет во бела и зелена боја, испишувајќи го зборот „Пролет“ над стадионот „Птичје гнездо“. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах во поздравниот говор изрази надеж дека олимпискиот дух може да згасне бројни контроверзи, кои претходеа на подготовките на олимписката манифестација која во следните две недели ќе се одржува во Пекинг.
Во следните две недели ќе се борите за најголемата награда, додека живеете заедно, во мир, под ист олимписки покрив. Тука ќе има нулта дискриминација, истакна Бах.
Најголемо внимание, сепак, предизвика присуството на рускиот претседател Владимир Путин, кој од трибините самиот ја следеше церемонијата. Телевизиските камери во еден момент го уловија со затворени очи, по што видеото веднаш почна да се споделува по социјалните мрежи: На Зимските олимписки игри ќе настапат вкупно 2.871 спортисти од 91 држава, кои ќе се натпреваруваат во седум спортови во 15 дисциплини, а поделени ќе бидат 109 комплети одличја. Македонскиот олимписки тим го сочинуваат Ана Цветановска (нордиско трчање), Ставре Јада (нордиско трчање) и Дардан Дехари (алпско скијање). Игрите ќе се одржат под строги протоколи поради пандемијата на коронавирус, а максималната исполнетост на олимписките трибини ќе биде до 30 отсто. Пекинг е прв град во олимписката историја како домаќин на летни и зимски игри, а националниот стадион „Птичје гнездо“ е првиот стадион домаќин на свечено отворање на летна и зимска олимпијада.

The post Путин дремна на отворањето на Зимските олимписки игри appeared first on Република.

]]>
На четири дена до Олимпијадата корона во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-chetiri-dena-do-olimpijadata-korona-vo-peking/ Mon, 31 Jan 2022 07:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=451736

Неколку области во Пекинг се ставени под карантин откако беа регистрирани 20 случаи на коронавирус во еден ден, што е најголем број од јуни 2020 година.

Жителите на Пекинг масовно се испраќаат на тестирање. „Локдаунот“ е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите. На оваа улица има постојана редица од локалното население за тестирање.

Олимпијадата во Пекинг официјално се отвора на 4 февруари, а првите натпревари започнуваат два дена претходно.

Во кинеската престолнина се воведени строги безбедносни мерки, маски мора да се носат дури и на улица

The post На четири дена до Олимпијадата корона во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Неколку области во Пекинг се ставени под карантин откако беа регистрирани 20 случаи на коронавирус во еден ден, што е најголем број од јуни 2020 година. Жителите на Пекинг масовно се испраќаат на тестирање. „Локдаунот“ е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите. На оваа улица има постојана редица од локалното население за тестирање. Олимпијадата во Пекинг официјално се отвора на 4 февруари, а првите натпревари започнуваат два дена претходно. Во кинеската престолнина се воведени строги безбедносни мерки, маски мора да се носат дури и на улица

The post На четири дена до Олимпијадата корона во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Регистрирани 72 случаи на коронавирус на ЗОИ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/registrirani-72-sluchai-na-koronavirus-na-zoi/ Sun, 23 Jan 2022 18:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=448426

Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари.

Во соопштението се прецизира дека меѓу 171 спортисти и официјални лица, кои влегле во Кина во истиот период, нема позитивни на коронавирусот.

Од потврдените случаи, 39 се регистрирани при тестирања на аеродромот, додека 33 внатре во „олимпискиот балон“.

Во периодот од 4 до 22 јануари вкупно биле направени 336.421 ПЦР тестирања.

The post Регистрирани 72 случаи на коронавирус на ЗОИ appeared first on Република.

]]>

Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари. Во соопштението се прецизира дека меѓу 171 спортисти и официјални лица, кои влегле во Кина во истиот период, нема позитивни на коронавирусот. Од потврдените случаи, 39 се регистрирани при тестирања на аеродромот, додека 33 внатре во „олимпискиот балон“. Во периодот од 4 до 22 јануари вкупно биле направени 336.421 ПЦР тестирања.

The post Регистрирани 72 случаи на коронавирус на ЗОИ appeared first on Република.

]]>
Aмериканските спортисти нема да носат мобилни во Пекинг за да не ги прислушкуваат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikanskite-sportisti-nema-da-nosat-mobilni-vo-peking-za-da-ne-gi-prislushkuvaat/ Sun, 23 Jan 2022 15:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=448338

Олимпискиот комитет на САД ги повика членовите на својата делегација на Игрите во 2022 година да не ги носат своите лични мобилни уреди во Пекинг и наместо тоа да користат евтини „телефони за еднократна употреба“ кои можат да се користат за контакт со семејството и да се фрлат кога ќе се вратат дома.

Според „Wall Street Journal“, во Кина, гаџетите може тајно да се хакираат со помош на апликацијата My2022 – од сите гости на Олимпијадата се бара да ја инсталираат за цели против КОВИД.

Во исто време, следењето, прислушувањето и кражбата на идентитет наводно може да продолжат и по завршувањето на Игрите.

The post Aмериканските спортисти нема да носат мобилни во Пекинг за да не ги прислушкуваат appeared first on Република.

]]>

Олимпискиот комитет на САД ги повика членовите на својата делегација на Игрите во 2022 година да не ги носат своите лични мобилни уреди во Пекинг и наместо тоа да користат евтини „телефони за еднократна употреба“ кои можат да се користат за контакт со семејството и да се фрлат кога ќе се вратат дома. Според „Wall Street Journal“, во Кина, гаџетите може тајно да се хакираат со помош на апликацијата My2022 – од сите гости на Олимпијадата се бара да ја инсталираат за цели против КОВИД. Во исто време, следењето, прислушувањето и кражбата на идентитет наводно може да продолжат и по завршувањето на Игрите.

The post Aмериканските спортисти нема да носат мобилни во Пекинг за да не ги прислушкуваат appeared first on Република.

]]>
Ќе им се пика стапче од пет сантиметри: Aнален корона тест за спортистите на ОИ во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kje-im-se-pika-stapche-od-pet-santimetri-analen-korona-test-za-sportistite-na-oi-vo-peking/ Sat, 22 Jan 2022 21:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=448239

Две недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг (4-20 февруари) овој град практично беше затворен, воведени се строги мерки поради круната, а кинеските власти повторно воведуваат тестирање за ковид-19 со непопуларен метод - анален.

Наместо глобално прифатениот брис од нос или грло, во Пекинг се применува овој помалку пријатен метод на тестирање, кој започна големи контроверзии, пишува „Њујорк пост“.

Првиот случај на омикрон е забележан во Пекинг на 15 јануари, по што следеа уште десет, поради што градските власти воведоа строго заклучување или заклучување и построги мерки. Весникот „The Beijing News“ објави дека 27 жители на зградата во која живее жената со првиот случај на омикрон биле подложени на анален тест за кој Кинезите веруваат дека дава подобри резултати, пишува Index.hr.

Инаку, аналниот тест се прави со туркање на стап долг пет сантиметри со стерилизирана памучна вата во ректумот, по што се ротира, се извлекува и се испраќа на анализа.

Кинеските експерти уште во март минатата година се залагаа за таков инвазивен и непријатен начин на тестирање бидејќи тврдат дека трагите од ковид може да се откријат подлабоко во примероците од столицата отколку во носот или грлото

The post Ќе им се пика стапче од пет сантиметри: Aнален корона тест за спортистите на ОИ во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Две недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг (4-20 февруари) овој град практично беше затворен, воведени се строги мерки поради круната, а кинеските власти повторно воведуваат тестирање за ковид-19 со непопуларен метод - анален. Наместо глобално прифатениот брис од нос или грло, во Пекинг се применува овој помалку пријатен метод на тестирање, кој започна големи контроверзии, пишува „Њујорк пост“. Првиот случај на омикрон е забележан во Пекинг на 15 јануари, по што следеа уште десет, поради што градските власти воведоа строго заклучување или заклучување и построги мерки. Весникот „The Beijing News“ објави дека 27 жители на зградата во која живее жената со првиот случај на омикрон биле подложени на анален тест за кој Кинезите веруваат дека дава подобри резултати, пишува Index.hr. Инаку, аналниот тест се прави со туркање на стап долг пет сантиметри со стерилизирана памучна вата во ректумот, по што се ротира, се извлекува и се испраќа на анализа. Кинеските експерти уште во март минатата година се залагаа за таков инвазивен и непријатен начин на тестирање бидејќи тврдат дека трагите од ковид може да се откријат подлабоко во примероците од столицата отколку во носот или грлото

The post Ќе им се пика стапче од пет сантиметри: Aнален корона тест за спортистите на ОИ во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Тројца спортисти во боите на Македонија на Олимписките игри во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trojca-sportisti-vo-boite-na-makedonija-na-olimpiskite-igri-vo-peking/ Tue, 18 Jan 2022 22:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=446560

Врз основа на комуникација со ФИС (Меѓународната скијачка федерација) и ИОК (Меѓународниот олимписки комитет), МОК информира дека македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, кои че се одржат во периодот 4-20 Февруари 2022 година, ќе биде составена од следните спортисти:

– Ана Цветановска – Крос кантри – ФИС код 3755009 (тренер Борче Јовановски) – 126,98 ФИС поени / дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).

– Дардан Дехари – Слалом – ФИС код 750089 (тренер Антонио Ристевски) – 58,50 ФИС поени / дисциплини слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари).

– Ставре Јада – Крос кантри – ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29 Јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 Февруари.

The post Тројца спортисти во боите на Македонија на Олимписките игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Врз основа на комуникација со ФИС (Меѓународната скијачка федерација) и ИОК (Меѓународниот олимписки комитет), МОК информира дека македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, кои че се одржат во периодот 4-20 Февруари 2022 година, ќе биде составена од следните спортисти: – Ана Цветановска – Крос кантри – ФИС код 3755009 (тренер Борче Јовановски) – 126,98 ФИС поени / дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари). – Дардан Дехари – Слалом – ФИС код 750089 (тренер Антонио Ристевски) – 58,50 ФИС поени / дисциплини слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари). – Ставре Јада – Крос кантри – ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари). Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари. Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29 Јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 Февруари.

The post Тројца спортисти во боите на Македонија на Олимписките игри во Пекинг appeared first on Република.

]]>