ЗНМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/znm/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:09:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЗНМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/znm/ 32 32 Судскиот совет јавно ја укори судијката Спировска-Панева што исклучила јавност од судење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-javno-ja-ukori-sudijkata-spirovska-paneva-shto-iskluchila-javnost-od-sudene/ Tue, 22 Oct 2024 12:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=829850

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција соопшти дека на 10 октомври годинава Судскиот совет донел дисциплинска мерка – јавен укор за судијката Јованка Спировска-Панева затоа што ѝ забранила на јавноста да следи рочиште во случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“.

Во одлуката на Судскиот Совет е наведено дека, „исклучувањето на јавноста за време на судските рочишта претставува груба повреда на транспарентноста и правото на информирање, што е од суштинска важност за слободата на медиумите“.

Драган Секуловски, директор на ЗНМ, истакна дека со постапката на судијата за отстранување на новинарите од судница директно се напаѓа медиумската слобода, а одлукатана Судскиот совет ЗНМ ја смета за позитивен пример за заштита на слободата на изразување.

На 19 октомври 2023 година, ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет, барајќи одговорност од судијата Спировска-Панева поради исклучувањето на јавноста од рочиштето од овој случај, како и поведување на дисциплинска постапка. ЗНМ активно учествуваше на сите четири расправи пред комисијата составена од тројца судии.

The post Судскиот совет јавно ја укори судијката Спировска-Панева што исклучила јавност од судење appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција соопшти дека на 10 октомври годинава Судскиот совет донел дисциплинска мерка – јавен укор за судијката Јованка Спировска-Панева затоа што ѝ забранила на јавноста да следи рочиште во случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“. Во одлуката на Судскиот Совет е наведено дека, „исклучувањето на јавноста за време на судските рочишта претставува груба повреда на транспарентноста и правото на информирање, што е од суштинска важност за слободата на медиумите“. Драган Секуловски, директор на ЗНМ, истакна дека со постапката на судијата за отстранување на новинарите од судница директно се напаѓа медиумската слобода, а одлукатана Судскиот совет ЗНМ ја смета за позитивен пример за заштита на слободата на изразување. На 19 октомври 2023 година, ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет, барајќи одговорност од судијата Спировска-Панева поради исклучувањето на јавноста од рочиштето од овој случај, како и поведување на дисциплинска постапка. ЗНМ активно учествуваше на сите четири расправи пред комисијата составена од тројца судии.

The post Судскиот совет јавно ја укори судијката Спировска-Панева што исклучила јавност од судење appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-nova-kontroverzna-presuda-na-osnovniot-graganski-sud-skopje/ Thu, 26 Sep 2024 13:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=819916

Основниот граѓански суд Скопје, претставуван од судијата Јованка Спировска Панева, го одби барањето за повторување на постапката за надомест на нематеријална штета поднесено од тужителот Горан Трпеновски, информира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Образложението на судот во пресудата е неприфатливо, бидејќи се оспорува својството на новинарите кои работат или работеле во онлајн медиуми имплицирајќи дека тие не се новинари. Во пресудата, судијката нагласува дека новинарот Трпеновски не можел да биде присутен во Собранието во својство на новинар, повикувајќи се на ‘постоечки материјално правни прописи’. Овој пристап ја загрозува медиумската слобода и правата на новинарите кои известуваат преку онлајн платформи, и отвора врата за понатамошни ограничувања на нивната работа“, појаснуваат од ЗНМ.

Оваа судска пракса поставува двојни стандарди за правата на новинарите, истакнуваат оттаму, особено имајќи предвид дека пред десетина дена колешката Душица Мрѓа доби делумна правда од истиот суд. Со оваа пресуда, Мрѓа доби надомест на штета по два основи – претрпен страв и повреда на правото на слобода на изразување. Дополнително, додаваат, освен двојните стандарди, оваа пресуда не само што го доведува во прашање правото на новинарите да бараат правна заштита, туку создава потенцијално опасна практика која стимулира цензура и заплашување на медиумите.

„Судската постапка на Трпеновски се однесуваше на барањето за надомест на штета по настаните од 27-ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија, при што новинарот Трпеновски, тогашен известувач за онлајн медиумот Сакамдакажам.мк, професионално ги покриваше настаните“, велат од ЗНМ.

За потсетување, голем број новинари и сниматели беа спречени да ја вршат својата работа на овој настан, при што дел од нив се соочија со закани и физички напади. Повеќе од седум години по овој инцидент, дел од новинарите сè уште се принудени сами да ја бараат правдата пред судските институции, бидејќи државата не успеа да ги заштити.

„ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), поради пресудите на судијата Јованка Спировска Панева, на 17 ноември 2023 година организираа новинарски протест со слоганот ‘Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“, потсетуваат оттаму.

The post ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје appeared first on Република.

]]>

Основниот граѓански суд Скопје, претставуван од судијата Јованка Спировска Панева, го одби барањето за повторување на постапката за надомест на нематеријална штета поднесено од тужителот Горан Трпеновски, информира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
„Образложението на судот во пресудата е неприфатливо, бидејќи се оспорува својството на новинарите кои работат или работеле во онлајн медиуми имплицирајќи дека тие не се новинари. Во пресудата, судијката нагласува дека новинарот Трпеновски не можел да биде присутен во Собранието во својство на новинар, повикувајќи се на ‘постоечки материјално правни прописи’. Овој пристап ја загрозува медиумската слобода и правата на новинарите кои известуваат преку онлајн платформи, и отвора врата за понатамошни ограничувања на нивната работа“, појаснуваат од ЗНМ.
Оваа судска пракса поставува двојни стандарди за правата на новинарите, истакнуваат оттаму, особено имајќи предвид дека пред десетина дена колешката Душица Мрѓа доби делумна правда од истиот суд. Со оваа пресуда, Мрѓа доби надомест на штета по два основи – претрпен страв и повреда на правото на слобода на изразување. Дополнително, додаваат, освен двојните стандарди, оваа пресуда не само што го доведува во прашање правото на новинарите да бараат правна заштита, туку создава потенцијално опасна практика која стимулира цензура и заплашување на медиумите.
„Судската постапка на Трпеновски се однесуваше на барањето за надомест на штета по настаните од 27-ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија, при што новинарот Трпеновски, тогашен известувач за онлајн медиумот Сакамдакажам.мк, професионално ги покриваше настаните“, велат од ЗНМ.
За потсетување, голем број новинари и сниматели беа спречени да ја вршат својата работа на овој настан, при што дел од нив се соочија со закани и физички напади. Повеќе од седум години по овој инцидент, дел од новинарите сè уште се принудени сами да ја бараат правдата пред судските институции, бидејќи државата не успеа да ги заштити.
„ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), поради пресудите на судијата Јованка Спировска Панева, на 17 ноември 2023 година организираа новинарски протест со слоганот ‘Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“, потсетуваат оттаму.

The post ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје appeared first on Република.

]]>
Комеморација за новинарот Саше Димовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komemoratsija-za-novinarot-sashe-dimovski/ Fri, 23 Aug 2024 08:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=809282

На 27-ми август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на колегата Саше Димовски.

Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ.

Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник.

Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми.

Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.

 

The post Комеморација за новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>

На 27-ми август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на колегата Саше Димовски. Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации. Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ. Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми. Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.  

The post Комеморација за новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>
Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/negova-odgovornost-bilo-da-brishi-komentari-sluchajot-dobro-zoshto-odi-na-sud/ Wed, 26 Jun 2024 11:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=790983

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, ја отфрли претставката на Богдан Илиевски, против соопштението на ЗНМ/ССНМ во кое го повикуваат јавно дека поттикнал на вербално насилство и говор на омраза, соопшти денеска водителт.

На седницата одржана на 19.06.2024, Советот на честа се прогласи за ненадлежен да одлучува во спор од ваков облик, но укажа дека секој имател на социјална мрежа е одговорен за модерирање на коментарите под одреден пост, за што, како што велат, постои и судска пракса.

Утрово го ополномоштив адвокатското друштво „Менкиноски“ да ме застапува во постапката која ја најавив против ЗНМ и ССНМ. Мојот коментар на одлуката на Советот на честа на ЗНМ ќе го објавам подоцна во текот на денов.
Со надеж дека не поттикнав омраза кај никој од вас, се читаме подоцна, објави Илиевски.

Случајот почна со споделен пост на Илиевски, на кој тој коментира „Добро, зошто?“:

https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/

The post Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд appeared first on Република.

]]>

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, ја отфрли претставката на Богдан Илиевски, против соопштението на ЗНМ/ССНМ во кое го повикуваат јавно дека поттикнал на вербално насилство и говор на омраза, соопшти денеска водителт. На седницата одржана на 19.06.2024, Советот на честа се прогласи за ненадлежен да одлучува во спор од ваков облик, но укажа дека секој имател на социјална мрежа е одговорен за модерирање на коментарите под одреден пост, за што, како што велат, постои и судска пракса.
Утрово го ополномоштив адвокатското друштво „Менкиноски“ да ме застапува во постапката која ја најавив против ЗНМ и ССНМ. Мојот коментар на одлуката на Советот на честа на ЗНМ ќе го објавам подоцна во текот на денов. Со надеж дека не поттикнав омраза кај никој од вас, се читаме подоцна, објави Илиевски.
Случајот почна со споделен пост на Илиевски, на кој тој коментира „Добро, зошто?“: https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/

The post Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд appeared first on Република.

]]>
ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-i-ssnm-preku-soopshtenie-baraat-izvinuvane-od-bogdan-ilievski-potoa-ja-spushtija-topkata/ Tue, 11 Jun 2024 18:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=786695

Во само неколку часа, два различни ставови. ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, пред камерата на Алфа спуштање на топката. Откако претходно побараа кривична одговорност поради објавата на Фејсбук и реакциите под неа, во која Илиевски сподели кратко видео од интервју од друга телевизија на кое пишуваше само „Добро, зошто?“.

Преку соопштение денеска побараа извинување на новинарот и автор на емисија на Алфа, велејќи дека станува збор за јавна личност од национална телевизија.

Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.

Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“.

Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.

Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.

Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.

Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.

Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_

The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.

]]>

Во само неколку часа, два различни ставови. ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, пред камерата на Алфа спуштање на топката. Откако претходно побараа кривична одговорност поради објавата на Фејсбук и реакциите под неа, во која Илиевски сподели кратко видео од интервју од друга телевизија на кое пишуваше само „Добро, зошто?“. Преку соопштение денеска побараа извинување на новинарот и автор на емисија на Алфа, велејќи дека станува збор за јавна личност од национална телевизија.
Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме, се вели во соопштението од ССНМ и ЗНМ.
Во писмената реакција на ЗНМ не е објаснето како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката. Обврска на тој што некого обвинува дека сторил кривично или друго со закон казниво дело, е да докажува. Во случајот, докажувањето на „јасната намера“ е клучно. Проблемот очигледно е во тоа што е буквално невозможно во двата збора во Богдановиот коментар да се детектира било каква, а најмалку „јасна намера“. Само неколку часа по објавувањето на ова соопштение, сосем друга реторика на првиот човек на ЗНМ. Младен Чадиковски вели воопшто не мислеле на Илиевски, туку за еден од коментарите под неговата објава.
Значи сакам да расчистиме една работа, пријавата на ЗНМ до Министерството за внатрешни работи е за коментарот, односно за лицето од коментарот оставен под постот кој што беше напишан, а не за Богдан Илиевски. Само сакам да дополнам, бидејќи на некој начин тоа се спинуваше во јавноста, што навистина не е добро или се создаде недоразбирање во јавноста, еве добра прилика сега тоа да го расчистиме, изјави Чадиковски.
Но, и самите објави на ЗНМ поттикнуваат говор на омраза. Пред неколку дена токму на оваа тема на нивниот профил на социјалните мрежи имаше коментар кој гласеше „Тој Богдан, Бетмен треба да биде запален на клада“. Првиот човек на ЗНМ вели дека не реагирале се уште, бидејќи коментарот бил кратко објавен, па го виделе многу доцна.
Јас проверив утрово со моите колеги од канцеларијата, бидејќи ние сите постови кои што содржат говор на омраза ги бришеме веднаш. Според нашите сознанија тој коментар стоел само една минута и веројатно поставувачот самиот го избришал. (ЗНАЧИ НЕМАТЕ ПРИЈАВА?) Не, тој коментар ние го немаме видено, го видовме отпосле, меѓутоа ќе го пријавиме и го осудуваме јавно секој говор на омраза, изјави Чадиковски.
Инаку, Илиевски најави дека ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Вели сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, поради тоа бара симболична оштета од 1984 евра, како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел, во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/   https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR39CPQio3g1hO216fSs_bWPBHo6ASXgsOoqvnwEIx4fb11VbMvwYAlHbRw_aem_ARa9fWW4ZZOd0ZSkSnCVPO_CF8zlRs9VlPipf3SxPea0nIrEBOR9GOss0tq0gTtIrAM2V9L-6obrQtpSEXHrkYD_

The post ЗНМ и ССНМ преку соопштение бараат извинување од Богдан Илиевски, потоа ја спуштија топката appeared first on Република.

]]>
ЗНМ и ССНМ: Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-i-ssnm-bogdan-ilievski-javno-da-se-izvini-na-lepa-dhundeva-za-veruvame-nenamerniot-poteg-od-negova-strana/ Tue, 11 Jun 2024 11:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=786556

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) согласно своите статути постојано ги застапуваат и ги штитат правата на своите членови, како и правото на слобода на изразување и слобода на говор.

Со оглед на тоа што минатата недела имаше пријава до двете организации од новинарката Лепа Џундева за говор на омраза и сериозни закани упатени кон неа на статус/коментар објавен на профилот на Богдан Илиевски на социјалната мрежа Фејсбук, двете организации јавно повикаа дека таквите напади и закани се недозволиви и сериозно можат да ја загрозат безбедноста, но и животот на колешката. Загриженоста за растечкиот број на напади и закани, особено кон новинарките преку социјалните мрежи двете организации ја адресираат веќе подолго време.

За статусот на Илиевски кој се состоеше од два збора „Добро, зошто?“, пропратен со само мал од дел од интервјуто на колешката Џундева со грчки пратеник, оценката на двете организации беше дека во актуелниот контекст поттикнал коментари кои ја загрозија нејзината сигурност. Земено беше предвид дека Илиевски како јавна личност која води емисија на телевизија со национална концесија, а притоа е и активен на социјалните мрежи на кои што има значителен број на следбеници, треба да биде свесен дека неговите зборови, врамувања, посочувања и контексти може да предизвикаат последици, како што впрочем и се случи.

Поттикнувањето говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство не мора да биде направено со директни зборови што се јасен говор на омраза. Илиевски е јавна личност, чии општествени и политички ставови се исто така познати поради неговото учество во јавниот живот. Токму поради тоа и одговорноста на јавните личности за јавно искажаниот збор е поголема.

Врамувањето на колешката во конкретниот контекст, со коментар со пропратен линк од дел од интервјуто кое таа го направила со грчки пратеник, укажува на сосема јасна намера таа да се изложи во негативен контекст. Значењето, пак, на јавно искажаниот збор во овој случај е особено засилено поради тоа што се наоѓаме во сензитивен период во кој емоциите во јавноста се на високо ниво поради сѐ уште актуелната тема за употреба или неупотреба на името Македонија и реакциите и жалбите од Грција. Двете организации во овој случај потенцираат дека за нив е од исклучителна важност слободата на изразување да остане неприкосновена, без разлика дали во општеството постојат различни мислења околу некоја тема од јавен интерес.

Оттука, потребно е да се истакне дека посочувањето од Илиевски поттикна огромен број коментари од трети лица во кои има повици за насилство, говор на омраза врз политичка, национална и родова основа, како и експлицитни закани по животот на новинарката Џундева.

Затоа овој случај беше пријавен и во Министерството за внатрешни работи, односно беше посочен коментар под статусот на Илиевски кој претставува сериозно загрозување на безбедноста на Џундева. Тој коментар, кој истовремено од група на други корисници беше поддржан и промовиран содржи експлицитни навреди, повикува на „сечење јазик“ и сексуално насилство.

Укажуваме дека за сличен коментар во кој повторно наративот беше „сечење јазици на новинари“ на Фејсбук-профилот на ЗНМ, Основното јавно обвинителство презеде дејствија кои резултираа со правосилна пресуда од страна на Основниот кривичен суд на штета на авторот.

Оттука, сметаме дека доколку ја повлечеме јавната осуда за говорот на омраза кон новинарките ќе ги прекршиме основите на кои овие организации се поставени, како што се одбраната на интегритетот и безбедноста на нашите членови.

Безбедноста на медиумските работници според стандардите на Советот на Европа, во кои Македонија е членка, како и на Европската федерација на новинари во која ЗНМ и ССНМ се членки, претставува основа на слободата на изразување и слободата на говор.

Потсетуваме дека за вакви случаи имаме активен меморандум за соработка со Министерство за внатрешни работи на Македонија како и Протокол за безбедност на новинарите (со фокус на новинарките) на интернет усогласен со МВР.

Одлуката за вакви и слични реакции поминува низ протокол во организациите кој е воспоставен со цел коректна и прецизна оценка на случаите на напади врз новинарите и медиумските работници и не е дело на поединци.

Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме. Интересот на ЗНМ и ССНМ е сплотена новинарска фела, толеранција и почит за пример во општеството.

За крај, ЗНМ и ССНМ се дополнително загрижени што по јавната реакција, наместо поддршка за Џундева, се огласија поединци кои ги искривуваат изнесените факти за случајот, а со тоа ја зголемуваат тенденцијата на напади врз жени во општеството и одново поттикнуваат вербални деликти кон Џундева. Во случајов беа забележани и непријателски коментари кон Илиевски, кои исто така ги осудуваме, а тие се последица од присутната поларизација во општеството за конкретното прашање.

Двете организации уште еднаш укажуваат дека новинарите, без разлика на нивните лични ставови, треба професионално и ослободени од притисоци да известуваат за овие прашања без притоа да се изложуваат на говор на омраза или да се врамуваат во одреден политички контекст, велат од Здружение на новинари на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/

The post ЗНМ и ССНМ: Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) согласно своите статути постојано ги застапуваат и ги штитат правата на своите членови, како и правото на слобода на изразување и слобода на говор. Со оглед на тоа што минатата недела имаше пријава до двете организации од новинарката Лепа Џундева за говор на омраза и сериозни закани упатени кон неа на статус/коментар објавен на профилот на Богдан Илиевски на социјалната мрежа Фејсбук, двете организации јавно повикаа дека таквите напади и закани се недозволиви и сериозно можат да ја загрозат безбедноста, но и животот на колешката. Загриженоста за растечкиот број на напади и закани, особено кон новинарките преку социјалните мрежи двете организации ја адресираат веќе подолго време. За статусот на Илиевски кој се состоеше од два збора „Добро, зошто?“, пропратен со само мал од дел од интервјуто на колешката Џундева со грчки пратеник, оценката на двете организации беше дека во актуелниот контекст поттикнал коментари кои ја загрозија нејзината сигурност. Земено беше предвид дека Илиевски како јавна личност која води емисија на телевизија со национална концесија, а притоа е и активен на социјалните мрежи на кои што има значителен број на следбеници, треба да биде свесен дека неговите зборови, врамувања, посочувања и контексти може да предизвикаат последици, како што впрочем и се случи. Поттикнувањето говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство не мора да биде направено со директни зборови што се јасен говор на омраза. Илиевски е јавна личност, чии општествени и политички ставови се исто така познати поради неговото учество во јавниот живот. Токму поради тоа и одговорноста на јавните личности за јавно искажаниот збор е поголема. Врамувањето на колешката во конкретниот контекст, со коментар со пропратен линк од дел од интервјуто кое таа го направила со грчки пратеник, укажува на сосема јасна намера таа да се изложи во негативен контекст. Значењето, пак, на јавно искажаниот збор во овој случај е особено засилено поради тоа што се наоѓаме во сензитивен период во кој емоциите во јавноста се на високо ниво поради сѐ уште актуелната тема за употреба или неупотреба на името Македонија и реакциите и жалбите од Грција. Двете организации во овој случај потенцираат дека за нив е од исклучителна важност слободата на изразување да остане неприкосновена, без разлика дали во општеството постојат различни мислења околу некоја тема од јавен интерес. Оттука, потребно е да се истакне дека посочувањето од Илиевски поттикна огромен број коментари од трети лица во кои има повици за насилство, говор на омраза врз политичка, национална и родова основа, како и експлицитни закани по животот на новинарката Џундева. Затоа овој случај беше пријавен и во Министерството за внатрешни работи, односно беше посочен коментар под статусот на Илиевски кој претставува сериозно загрозување на безбедноста на Џундева. Тој коментар, кој истовремено од група на други корисници беше поддржан и промовиран содржи експлицитни навреди, повикува на „сечење јазик“ и сексуално насилство. Укажуваме дека за сличен коментар во кој повторно наративот беше „сечење јазици на новинари“ на Фејсбук-профилот на ЗНМ, Основното јавно обвинителство презеде дејствија кои резултираа со правосилна пресуда од страна на Основниот кривичен суд на штета на авторот. Оттука, сметаме дека доколку ја повлечеме јавната осуда за говорот на омраза кон новинарките ќе ги прекршиме основите на кои овие организации се поставени, како што се одбраната на интегритетот и безбедноста на нашите членови. Безбедноста на медиумските работници според стандардите на Советот на Европа, во кои Македонија е членка, како и на Европската федерација на новинари во која ЗНМ и ССНМ се членки, претставува основа на слободата на изразување и слободата на говор. Потсетуваме дека за вакви случаи имаме активен меморандум за соработка со Министерство за внатрешни работи на Македонија како и Протокол за безбедност на новинарите (со фокус на новинарките) на интернет усогласен со МВР. Одлуката за вакви и слични реакции поминува низ протокол во организациите кој е воспоставен со цел коректна и прецизна оценка на случаите на напади врз новинарите и медиумските работници и не е дело на поединци. Очекуваме Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна кој предизвика неприфатливи коментари кои се насочени кон неа во изминатите денови на социјалните мрежи. Тоа ќе биде потег кој ќе придонесе во смирување на непотребната тензија која настана, како и гест кој неминовно ќе го поздравиме. Интересот на ЗНМ и ССНМ е сплотена новинарска фела, толеранција и почит за пример во општеството. За крај, ЗНМ и ССНМ се дополнително загрижени што по јавната реакција, наместо поддршка за Џундева, се огласија поединци кои ги искривуваат изнесените факти за случајот, а со тоа ја зголемуваат тенденцијата на напади врз жени во општеството и одново поттикнуваат вербални деликти кон Џундева. Во случајов беа забележани и непријателски коментари кон Илиевски, кои исто така ги осудуваме, а тие се последица од присутната поларизација во општеството за конкретното прашање. Двете организации уште еднаш укажуваат дека новинарите, без разлика на нивните лични ставови, треба професионално и ослободени од притисоци да известуваат за овие прашања без притоа да се изложуваат на говор на омраза или да се врамуваат во одреден политички контекст, велат од Здружение на новинари на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-sega-ne-me-goni-sdsm-tuku-znm-i-ssnm/

The post ЗНМ и ССНМ: Богдан Илиевски јавно да ѝ се извини на Лепа Џундева за веруваме ненамерниот потег од негова страна appeared first on Република.

]]>
Случајот „Добро зошто?“: ЗНМ се однесува како теледелегирана структура на нарачани прогони, смета адвокатот Дуковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/ Sat, 08 Jun 2024 13:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=785713

Слобода на говор да, но говор на омраза не! Вака може да се сублимира ставот на адвокатот Сашко Дуковски за делувањето на ЗНМ и ССНМ по статусот на Богдан Илиевски Бетмен, автор и водител на ноќната емисија „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“.

Во кусиот коментар под објавата на Илиевски, во која тој ги коментира постапките на новинарските здруженија, адвокатот Дуковски пишува:

Мислам три работи:
1. Има една работа, уставно загарантирана што се нарекува слобода на говор.
2. Како тоа Богдан Илиевски е „водител на ноќна емисијата“, а не е новинар и тој, па не треба и него да го заштитите?
3. Што има до странски институции да се обраќате?
4. Знаете што е говор на омраза - очигледно не.
5. ЗНМ, престанете еднаш да бидете наместо наменска новинарска организација, теледиригирана структура на нарачани прогони.
Уште еднаш, прочитајте што е говор на омраза пред да пишувате вакви будалаштини.

ЗНМ и ССНМ упатија заедничко писмо до странските амбасади и организации во земјава со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. За новинарските здруженија во земјава постои „вознемирувачки тренд (кој) претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци создаваат чувство на несигурност и предизвикуваат самоцензура во медиумскиот простор“, стои меѓу другото во образложението од ЗНМ.

Загриженоста на ЗНМ и ССМ за „сериозна закана за слободата на медиумите“ доаѓа по Фејсбук коментарот на Илиевски: „Добро, зошто?“, проследен со фотоисечок од онлајн интервју на новинарката Лепа Џундева со пратеникот на Нова демократија Ангелос Сиригос.

Во Фејсбук објавата на Илиевски ЗНМ гледа закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи кон колешката од ТВ24 и поради тоа ЗНМ го осудува Бетмен и му поднесува кривична пријава.

Според ЗНМ, „последен сериозен случај на закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи беше со колешката Лепа Џундева од ТВ 24, а поврзано со нејзиното интервју со грчкиот пратеник Сиригос. Дел од ова интервју, извадено од контекст, на својот Фејсбук профил објави Богдан Илиевски, ТВ водител на вечерна емисија, со што поттикна говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство.“

Коментарот на Илиевски се однесува на благодарноста за одвоното време што му ја искажува новинарката на грчкиот пратеник, во која вели „овде во Скопје, Cеверна Македонија“.

Илиевски исто така најави судска постапка, во која, како што вели, ќе им даде шанса на ЗНМ и ССНМ да покажат целиот контекст и да како го извадил од контекст добредојдето на новинарката кон грчкиот пратеник.

Да покажат што и како сум извлекол од контекст, со цел да „поттикнам говор на омраза“, како што тврдат, вели Илиевски, кој денеска ги пријавил здруженијата на новинарите ЗНМ и ССНМ во Советот за етика во медиумите на Македонија, Судот на честа при ЗНМ, и во Комисијата за спречување и заштитата од дискриминацијата по основ на дискриминација од професионални и етнички побуди.

Исто така, Илиевски побарал од ЗНМ и ССНМ да му се извинат и да ја повлечат изјавата.

 

The post Случајот „Добро зошто?“: ЗНМ се однесува како теледелегирана структура на нарачани прогони, смета адвокатот Дуковски appeared first on Република.

]]>

Слобода на говор да, но говор на омраза не! Вака може да се сублимира ставот на адвокатот Сашко Дуковски за делувањето на ЗНМ и ССНМ по статусот на Богдан Илиевски Бетмен, автор и водител на ноќната емисија „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“. Во кусиот коментар под објавата на Илиевски, во која тој ги коментира постапките на новинарските здруженија, адвокатот Дуковски пишува:
Мислам три работи: 1. Има една работа, уставно загарантирана што се нарекува слобода на говор. 2. Како тоа Богдан Илиевски е „водител на ноќна емисијата“, а не е новинар и тој, па не треба и него да го заштитите? 3. Што има до странски институции да се обраќате? 4. Знаете што е говор на омраза - очигледно не. 5. ЗНМ, престанете еднаш да бидете наместо наменска новинарска организација, теледиригирана структура на нарачани прогони. Уште еднаш, прочитајте што е говор на омраза пред да пишувате вакви будалаштини.
ЗНМ и ССНМ упатија заедничко писмо до странските амбасади и организации во земјава со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. За новинарските здруженија во земјава постои „вознемирувачки тренд (кој) претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци создаваат чувство на несигурност и предизвикуваат самоцензура во медиумскиот простор“, стои меѓу другото во образложението од ЗНМ. Загриженоста на ЗНМ и ССМ за „сериозна закана за слободата на медиумите“ доаѓа по Фејсбук коментарот на Илиевски: „Добро, зошто?“, проследен со фотоисечок од онлајн интервју на новинарката Лепа Џундева со пратеникот на Нова демократија Ангелос Сиригос. Во Фејсбук објавата на Илиевски ЗНМ гледа закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи кон колешката од ТВ24 и поради тоа ЗНМ го осудува Бетмен и му поднесува кривична пријава. Според ЗНМ, „последен сериозен случај на закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи беше со колешката Лепа Џундева од ТВ 24, а поврзано со нејзиното интервју со грчкиот пратеник Сиригос. Дел од ова интервју, извадено од контекст, на својот Фејсбук профил објави Богдан Илиевски, ТВ водител на вечерна емисија, со што поттикна говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство.“ Коментарот на Илиевски се однесува на благодарноста за одвоното време што му ја искажува новинарката на грчкиот пратеник, во која вели „овде во Скопје, Cеверна Македонија“. Илиевски исто така најави судска постапка, во која, како што вели, ќе им даде шанса на ЗНМ и ССНМ да покажат целиот контекст и да како го извадил од контекст добредојдето на новинарката кон грчкиот пратеник.
Да покажат што и како сум извлекол од контекст, со цел да „поттикнам говор на омраза“, како што тврдат, вели Илиевски, кој денеска ги пријавил здруженијата на новинарите ЗНМ и ССНМ во Советот за етика во медиумите на Македонија, Судот на честа при ЗНМ, и во Комисијата за спречување и заштитата од дискриминацијата по основ на дискриминација од професионални и етнички побуди.
Исто така, Илиевски побарал од ЗНМ и ССНМ да му се извинат и да ја повлечат изјавата.  

The post Случајот „Добро зошто?“: ЗНМ се однесува како теледелегирана структура на нарачани прогони, смета адвокатот Дуковски appeared first on Република.

]]>
ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-bara-odgovornost-od-besija-ilazi-za-tsenzurata/ Tue, 21 May 2024 12:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=780506

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организацискиската директорка на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.5.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката.

Ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот. Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ. Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес, алармираат од ЗНМ.

Во осудата од ЗНМ се додава дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

 

The post ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организацискиската директорка на Клиниката за Токсикологија во Скопје. Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.5.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката.
Ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот. Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ. Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес, алармираат од ЗНМ.
Во осудата од ЗНМ се додава дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.  

The post ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата appeared first on Република.

]]>
ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-bara-od-dik-mediumskite-rabotnitsi-neprecheno-da-ja-vrshat-svojata-rabota/ Tue, 30 Apr 2024 14:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=772690

Државната изборна комисија (ДИК) достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката Мери Јордановска за време на изборниот ден на 24 април. Во одговорот стои дека доколку се повтори ситуација на прекршување на правата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот ден на 08 мај 2024 година, членовите и замениците членови на изборните органи ќе бидат соодветно санкционирани.

Конкретно, во претставката која е испратена до ДИК на 25 април, ЗНМ реагираше за непрофесионалниот однос од страна на членови на избирачки одбор во избирачко место бр. 2762 во општина Кисела Вода - Дом на М.З. на ул. Христо Татарчев број 44, Скопје, каде на новинарката Јордановска не и било дозволено да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето и покрај што таа претходно уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација.

ЗНМ исто така бара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случај како и да укаже на членовите на изборните комисии дека не смеат да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес.

Во одговорот по претставката, ДИК информира дека на јавна седница пред првиот круг на Претседателските избори, дала јасни препораки на сите изборни органи дека нивната работа е јавна и транспарентна. Исто така ДИК потенцира дека новинарите, снимателите и фоторепортерите во рамките на вршење на својата професионална работа можат слободно да одат во избирачките места и да снимаат и фотографираат со единствено укажување да се внимава на тајноста на личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, тајноста на гласањето зад параванот и евентуално доколку некој гласач изјави дека не сака да биде сниман ниту фотографиран.

Во дописот до ЗНМ, ДИК укажува дека за време на вториот круг на Претседателските избори како и за Парламентарните избори кои ќе се одржат на 08 мај 2024 година, треба да се овозможи на новинарите кои уредно се легитимирале пред избирачкиот одбор, непречено да ја остварат својата професионална работа. Тие додаваат дека согласно прирачникот за едукација на избирачките одбори од особена важност е да се соработува со медиумите и да не се попречува нивната работа и известување во текот на изборниот ден.

The post ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката Мери Јордановска за време на изборниот ден на 24 април. Во одговорот стои дека доколку се повтори ситуација на прекршување на правата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот ден на 08 мај 2024 година, членовите и замениците членови на изборните органи ќе бидат соодветно санкционирани. Конкретно, во претставката која е испратена до ДИК на 25 април, ЗНМ реагираше за непрофесионалниот однос од страна на членови на избирачки одбор во избирачко место бр. 2762 во општина Кисела Вода - Дом на М.З. на ул. Христо Татарчев број 44, Скопје, каде на новинарката Јордановска не и било дозволено да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето и покрај што таа претходно уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација. ЗНМ исто така бара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случај како и да укаже на членовите на изборните комисии дека не смеат да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес. Во одговорот по претставката, ДИК информира дека на јавна седница пред првиот круг на Претседателските избори, дала јасни препораки на сите изборни органи дека нивната работа е јавна и транспарентна. Исто така ДИК потенцира дека новинарите, снимателите и фоторепортерите во рамките на вршење на својата професионална работа можат слободно да одат во избирачките места и да снимаат и фотографираат со единствено укажување да се внимава на тајноста на личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, тајноста на гласањето зад параванот и евентуално доколку некој гласач изјави дека не сака да биде сниман ниту фотографиран. Во дописот до ЗНМ, ДИК укажува дека за време на вториот круг на Претседателските избори како и за Парламентарните избори кои ќе се одржат на 08 мај 2024 година, треба да се овозможи на новинарите кои уредно се легитимирале пред избирачкиот одбор, непречено да ја остварат својата професионална работа. Тие додаваат дека согласно прирачникот за едукација на избирачките одбори од особена важност е да се соработува со медиумите и да не се попречува нивната работа и известување во текот на изборниот ден.

The post ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: Осуда за правниот притисок кон Гоце Михајлоски и Михаела Димовска од ТВ Канал 5 од страна на Левица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-osuda-za-pravniot-pritisok-kon-gotse-mihajloski-i-mihaela-dimovska-od-tv-kanal-5-od-strana-na-levitsa/ Fri, 12 Apr 2024 18:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=765520

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува неоснованите приватни кривични тужби од страна на политичката партија ЛЕВИЦА кон новинарот и уредник Гоце Михајлоски и новинарката Михаела Димовска од Канал 5 телевизија.

Конкретно, политичката партијата Левица денеска преку соопштение информираше дека поднеле приватна кривична пријава против главниот и одговорен уредник на Канал 5 ТВ, Гоце Михајлоски, и новинарката Михаела Димовска, поради тоа што во прилог во вестите наводно бил објавен интерен партиски документ.

Во соопштението се додава дека пријавата е за кривичното дело „Неовластено објавување личен запис“, казниво по чл. 148 од Кривичниот законик, и потенцираат дека за истото е „запретена парична и затворска казна до една година“.

Цениме дека ваквата кривична пријава претставува злоупотреба на правните механизми со цел да предизвика несигурност и самоцензура кон новинарите и медиумите во ваков сензитивен период на предизборие.

Проблематично е и што претседател на политичка партија на социјални мрежи објавува саркастични коментари за овие правни закани кон новинарите, бидејќи на овој начин може да се поттикне говор на омраза кон новинарите и медиумските работници.

Ваквите тужби, посебно кога се иницирани од политичари, пратеници и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните. Овие тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP).

The post ЗНМ: Осуда за правниот притисок кон Гоце Михајлоски и Михаела Димовска од ТВ Канал 5 од страна на Левица appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува неоснованите приватни кривични тужби од страна на политичката партија ЛЕВИЦА кон новинарот и уредник Гоце Михајлоски и новинарката Михаела Димовска од Канал 5 телевизија. Конкретно, политичката партијата Левица денеска преку соопштение информираше дека поднеле приватна кривична пријава против главниот и одговорен уредник на Канал 5 ТВ, Гоце Михајлоски, и новинарката Михаела Димовска, поради тоа што во прилог во вестите наводно бил објавен интерен партиски документ. Во соопштението се додава дека пријавата е за кривичното дело „Неовластено објавување личен запис“, казниво по чл. 148 од Кривичниот законик, и потенцираат дека за истото е „запретена парична и затворска казна до една година“. Цениме дека ваквата кривична пријава претставува злоупотреба на правните механизми со цел да предизвика несигурност и самоцензура кон новинарите и медиумите во ваков сензитивен период на предизборие. Проблематично е и што претседател на политичка партија на социјални мрежи објавува саркастични коментари за овие правни закани кон новинарите, бидејќи на овој начин може да се поттикне говор на омраза кон новинарите и медиумските работници. Ваквите тужби, посебно кога се иницирани од политичари, пратеници и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните. Овие тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP).

The post ЗНМ: Осуда за правниот притисок кон Гоце Михајлоски и Михаела Димовска од ТВ Канал 5 од страна на Левица appeared first on Република.

]]>
ЗНМ бара Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/znm-bara-furkan-saliu-da-bide-pushten-na-sloboda/ Sun, 07 Apr 2024 18:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=763551

Попладневно на социјалните мрежи и на неколку онлајн медиуми беше објавено видео од кое се забележува како повеќе униформирани специјалци од МВР апсат лице кое се наоѓа на земја и не пружа отпор. Непосредно по оваа објава, следеа неколку сензационалистички наслови од медиуми, кои се блиски до политички партии, кои шпекулираат разни основи за притворање на новинарот Фуркан, а притоа се повикуваат на наводни полициски извори, соопшти попладнево ЗНМ.

ЗНМ и ССНМ апелираат случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно-политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.

-Пред малку беше објавена информација на PortaliX, онлјан медиумот во кој Фуркан Салиу е основач и уредник. Уредничкиот тим на медиумот информира дека денешниот акт на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно диригиран и претставува обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува PortaliX, стои во соопштението на ЗНМ.

МВР претходно објави дека денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат, соопшти МВР.

За време на интервенцијата, како што стои во соопштението, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка.

The post ЗНМ бара Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода appeared first on Република.

]]>

Попладневно на социјалните мрежи и на неколку онлајн медиуми беше објавено видео од кое се забележува како повеќе униформирани специјалци од МВР апсат лице кое се наоѓа на земја и не пружа отпор. Непосредно по оваа објава, следеа неколку сензационалистички наслови од медиуми, кои се блиски до политички партии, кои шпекулираат разни основи за притворање на новинарот Фуркан, а притоа се повикуваат на наводни полициски извори, соопшти попладнево ЗНМ. ЗНМ и ССНМ апелираат случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно-политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.
-Пред малку беше објавена информација на PortaliX, онлјан медиумот во кој Фуркан Салиу е основач и уредник. Уредничкиот тим на медиумот информира дека денешниот акт на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно диригиран и претставува обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува PortaliX, стои во соопштението на ЗНМ.
МВР претходно објави дека денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат, соопшти МВР. За време на интервенцијата, како што стои во соопштението, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка.

The post ЗНМ бара Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода appeared first on Република.

]]>
Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predupreduvane-za-rizik-od-zloupotreba-na-javni-pari-vo-onlajn-prostorot-za-vreme-na-pretstojnite-izbori/ Fri, 08 Mar 2024 13:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=752688

Платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба. Очекуваните измени во Изборната регулатива за кои се залагаа и се залагаат еснафските новинарски и медиумски организации не беа земени предвид за претстојниве избори. Останаа старите проблематични решенија во законот и покрај забелешките кои беа дадени на креаторите на законските решенија на повеќе консултативни средби на работните групи, сметаат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Според нив, актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните. Еснафските организации остануваат на ставот, односно предлозите дадени во работните групи дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет.

-Како последица на ова, во моментов има пријавено 249 онлајн медиуми кај Државната изборна комисија за државно финансирање за партиско-политички реклами во изборната кампања. Сомнително е тоа што дел од нив се сајтови со непознат сопственик или без импресум, новоформирани портали за кои се отвора сомнеж дека се наменски формирани само за да добијат пари за кампањата, како и портали кои не објавуваат информации од поширок јавен интерес, се вели во денешното соопштение.

За да се спречи злоупотреба на јавни средства од страна на фантомски медиуми и да се избегне дезинформирање на граѓаните за изборниот процес, потребно е да се направат итни измени во Законот за медиуми за создавање регистар на онлајн медиумите во Македонија. За овие законски измени ЗНМ, ССНМ и СЕММ, како што нагласуваат, повеќе пати му имаат укажано на МИОА како надлежно министерство, но очигледно има недостаток од политичка волја за конструктивни законски решенија.

Исто така, укажуваме дека во рамките на проектот „ЕУ за слобода на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“, поддржан од ЕУ, нов Закон за медиуми е изготвен во декември 2023 година од страна на домашни и меѓународни експерти и предаден до МИОА. Зо овој нов предлог закон претходеа широки консултации со повеќе чинители од медиумскиот сектор. Основните цели на предлог законот, во согласност со европските стандарди, се формирање јавен регистар на онлајн медиуми со цел спречување или намалување на злоупотребите на овие медиуми од страна на политичките партии, подобрување на социо-економскиот статус на новинарите и медиумските работници преку воведување на контролни механизми, зголемување на транспарентноста во медиумската сопственост и поддршка за плурализмот во медиумите со цел да се заштити јавниот интерес, се додава во соопштението.

Според ЗНМ, СЕЕМ и ССНМ, немањето на политичка волја за усвојување нов Закон за медиумите (што беше обврска до крајот на 2023) ќе се одрази негативно во однос на позицијата на Македонија на светските индекси за слободата на медиумите. Укажуваме дека усвојувањето на новиот Закон за медиумите во Собранието, а потоа и неговото спроведување ќе ја гарантира независноста на медиумите и правата на новинарите и ќе демонстрира дека МИОА и Собранието се ангажирани кон позитивни евро-интегративни процеси.

Оттаму бараат политичките партии застапени во собранието во најскоро време да пристапат кон разгледување и усвојување на новиот закон за медиуми.

 

The post Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори appeared first on Република.

]]>

Платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба. Очекуваните измени во Изборната регулатива за кои се залагаа и се залагаат еснафските новинарски и медиумски организации не беа земени предвид за претстојниве избори. Останаа старите проблематични решенија во законот и покрај забелешките кои беа дадени на креаторите на законските решенија на повеќе консултативни средби на работните групи, сметаат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Според нив, актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните. Еснафските организации остануваат на ставот, односно предлозите дадени во работните групи дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет. -Како последица на ова, во моментов има пријавено 249 онлајн медиуми кај Државната изборна комисија за државно финансирање за партиско-политички реклами во изборната кампања. Сомнително е тоа што дел од нив се сајтови со непознат сопственик или без импресум, новоформирани портали за кои се отвора сомнеж дека се наменски формирани само за да добијат пари за кампањата, како и портали кои не објавуваат информации од поширок јавен интерес, се вели во денешното соопштение. За да се спречи злоупотреба на јавни средства од страна на фантомски медиуми и да се избегне дезинформирање на граѓаните за изборниот процес, потребно е да се направат итни измени во Законот за медиуми за создавање регистар на онлајн медиумите во Македонија. За овие законски измени ЗНМ, ССНМ и СЕММ, како што нагласуваат, повеќе пати му имаат укажано на МИОА како надлежно министерство, но очигледно има недостаток од политичка волја за конструктивни законски решенија.
Исто така, укажуваме дека во рамките на проектот „ЕУ за слобода на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“, поддржан од ЕУ, нов Закон за медиуми е изготвен во декември 2023 година од страна на домашни и меѓународни експерти и предаден до МИОА. Зо овој нов предлог закон претходеа широки консултации со повеќе чинители од медиумскиот сектор. Основните цели на предлог законот, во согласност со европските стандарди, се формирање јавен регистар на онлајн медиуми со цел спречување или намалување на злоупотребите на овие медиуми од страна на политичките партии, подобрување на социо-економскиот статус на новинарите и медиумските работници преку воведување на контролни механизми, зголемување на транспарентноста во медиумската сопственост и поддршка за плурализмот во медиумите со цел да се заштити јавниот интерес, се додава во соопштението.
Според ЗНМ, СЕЕМ и ССНМ, немањето на политичка волја за усвојување нов Закон за медиумите (што беше обврска до крајот на 2023) ќе се одрази негативно во однос на позицијата на Македонија на светските индекси за слободата на медиумите. Укажуваме дека усвојувањето на новиот Закон за медиумите во Собранието, а потоа и неговото спроведување ќе ја гарантира независноста на медиумите и правата на новинарите и ќе демонстрира дека МИОА и Собранието се ангажирани кон позитивни евро-интегративни процеси. Оттаму бараат политичките партии застапени во собранието во најскоро време да пристапат кон разгледување и усвојување на новиот закон за медиуми.  

The post Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори appeared first on Република.

]]>
ЗНМ со реакција за изјавите на Ковачевски: Партиските тензии кон новинарите се непотребни и контрапродуктивни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-so-reaktsija-za-izjavite-na-kovachevski-partiskite-tenzii-kon-novinarite-se-nepotrebni-i-kontraproduktivni/ Tue, 20 Feb 2024 16:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=746249

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради изјавите на Димитар Ковачевски, кои создаваат непотребни тензии кон новинарите, особено во предизборен период. Негативниот и агресивен политички говор кон новинарите ги зголемува ризиците од напади кон новинари, а воедно и го нарушува правото на граѓаните да бидат правилно информирани.

Појаснуваме дека на партиската трибина одржана на 19 февруари Ковачевски се служеше со непристоен говор кон новинари, притоа ставајќи ги сите медиумски професионалци во ист кош, и меѓу другото кажа: „Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале“.

 

Партиските лидери мора да знаат дека вакви изјави можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период. Повторно укажуваме дека доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на конкретни медиуми или пак новинари, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации на партиски собири или јавно, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди.

 

Освен ова, укажуваме дека од неодамна, а во соработка со ОДИХР, функционира Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси.

 

Координативното тело ќе постапува по претставки во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и другите субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

 

Секој може да поднесе претставка на koordinativnotelozaizbori@avmu.mk а претставките може да се однесуваат за ширење дезинформации (неточни, нецелосни или злонамерни информации), говор на омраза, и дискриминација по која било основа, непочитување на правилата и стандардите за заштита на личните податоци, како и за други форми на неетичко однесување на интернет, се вели во реакцијата на Здружението.

ЗНМ апелира до сите политички субјекти да ја почитуваат улогата на новинарите но и на смиреност, дијалог и почитување на медиумската слобода и професионалноста, кои се клучни за демократското општество и фер избори.

The post ЗНМ со реакција за изјавите на Ковачевски: Партиските тензии кон новинарите се непотребни и контрапродуктивни appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради изјавите на Димитар Ковачевски, кои создаваат непотребни тензии кон новинарите, особено во предизборен период. Негативниот и агресивен политички говор кон новинарите ги зголемува ризиците од напади кон новинари, а воедно и го нарушува правото на граѓаните да бидат правилно информирани.
Појаснуваме дека на партиската трибина одржана на 19 февруари Ковачевски се служеше со непристоен говор кон новинари, притоа ставајќи ги сите медиумски професионалци во ист кош, и меѓу другото кажа: „Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале“.   Партиските лидери мора да знаат дека вакви изјави можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период. Повторно укажуваме дека доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на конкретни медиуми или пак новинари, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации на партиски собири или јавно, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди.   Освен ова, укажуваме дека од неодамна, а во соработка со ОДИХР, функционира Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси.   Координативното тело ќе постапува по претставки во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и другите субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.   Секој може да поднесе претставка на koordinativnotelozaizbori@avmu.mk а претставките може да се однесуваат за ширење дезинформации (неточни, нецелосни или злонамерни информации), говор на омраза, и дискриминација по која било основа, непочитување на правилата и стандардите за заштита на личните податоци, како и за други форми на неетичко однесување на интернет, се вели во реакцијата на Здружението.
ЗНМ апелира до сите политички субјекти да ја почитуваат улогата на новинарите но и на смиреност, дијалог и почитување на медиумската слобода и професионалноста, кои се клучни за демократското општество и фер избори.

The post ЗНМ со реакција за изјавите на Ковачевски: Партиските тензии кон новинарите се непотребни и контрапродуктивни appeared first on Република.

]]>
ЗНМ ја промовираше „Јасно.мк“, дигитална платформа со фокус на локалното новинарство https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/znm-ja-promovirashe-jasno-mk-digitalna-platforma-so-fokus-na-lokalnoto-novinarstvo/ Tue, 13 Feb 2024 11:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=743589

Здружението на новинари во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ја промовираше дигиталната платформа „Јасно.мк“, која се фокусира на нови медиумски содржини со локален контекст.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, на настанот истакна дека оваа платформа ќе претставува еден сериозен поттик за развој на новинарството и развој на локалните дописништва во регионите во Македонија.

Дигитална платформа која ќе ги спои потребното, корисното и неопходното во едно. Сакаме да воспоставиме ново ниво на препознавање на дезинформации.„Јасно.мк“ има за цел кревање на свест и поттикнување на капацитетите на локалните заедници, рече Чадиковски.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, рече дека целта на проектот е да се зголеми свеста за важноста на точните информации и која е улогата што ја имаат дезинформациите во денешницата. Тој посочи дека оваа платформа е место каде што локалниот глас ќе може да се чуе.

Наша стратешка одлука беше овој пат да се фокусираме на малите градови бидејќи сметаме дека тие се малку застапени во медиумскиот пејсаж, рече тој.

Дополни дека ова е единствен проект од ваков вид што се одвива во Балканскиот регион и рече дека целта е да се помогне на луѓето, особено на младите, да ја направат разликата помеѓу новинарство и пропаганда. Платформата има цел да придонесе за кревање на свеста и зајакнување на капацитетите на локалните заедници да бидат подобро подготвени да препознаат дезинформации и да се борат со оваа појава, со посебен акцент во делот на родово базирани дезинформации.

На „Јасно.мк“ ќе бидат пласирани нови медиумски содржини со чија подготовка ќе се подобри интеракцијата на релација новинари – граѓани за придонес за теми од локално значење.

Веб- страницата „Јасно.мк“ дава и можност граѓаните да пријават дезинформации.

 

The post ЗНМ ја промовираше „Јасно.мк“, дигитална платформа со фокус на локалното новинарство appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинари во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ја промовираше дигиталната платформа „Јасно.мк“, која се фокусира на нови медиумски содржини со локален контекст. Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, на настанот истакна дека оваа платформа ќе претставува еден сериозен поттик за развој на новинарството и развој на локалните дописништва во регионите во Македонија.
Дигитална платформа која ќе ги спои потребното, корисното и неопходното во едно. Сакаме да воспоставиме ново ниво на препознавање на дезинформации.„Јасно.мк“ има за цел кревање на свест и поттикнување на капацитетите на локалните заедници, рече Чадиковски.
Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, рече дека целта на проектот е да се зголеми свеста за важноста на точните информации и која е улогата што ја имаат дезинформациите во денешницата. Тој посочи дека оваа платформа е место каде што локалниот глас ќе може да се чуе.
Наша стратешка одлука беше овој пат да се фокусираме на малите градови бидејќи сметаме дека тие се малку застапени во медиумскиот пејсаж, рече тој.
Дополни дека ова е единствен проект од ваков вид што се одвива во Балканскиот регион и рече дека целта е да се помогне на луѓето, особено на младите, да ја направат разликата помеѓу новинарство и пропаганда. Платформата има цел да придонесе за кревање на свеста и зајакнување на капацитетите на локалните заедници да бидат подобро подготвени да препознаат дезинформации и да се борат со оваа појава, со посебен акцент во делот на родово базирани дезинформации. На „Јасно.мк“ ќе бидат пласирани нови медиумски содржини со чија подготовка ќе се подобри интеракцијата на релација новинари – граѓани за придонес за теми од локално значење. Веб- страницата „Јасно.мк“ дава и можност граѓаните да пријават дезинформации.  

The post ЗНМ ја промовираше „Јасно.мк“, дигитална платформа со фокус на локалното новинарство appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: Непримерно е претседателот на СДСМ Ковачевски да дава етички оценки за работата на МТВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-neprimerno-e-pretsedatelot-na-sdsm-kovachevski-da-dava-etichki-otsenki-za-rabotata-na-mtv/ Thu, 08 Feb 2024 20:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=741991

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешната изјава на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ. Изразуваме сериозна загриженост за вакви изјави кои можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период посебно на јавниот сервис.

На новинарско прашање Ковачевски изјави:

,,МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“.

Ваквите изјави од лидери на политички партии кои отвораат прашања за објективноста и непристрасноста во медиумското известување на МРТ, прави штета на имиџот на јавниот сервис но и на демократските принципи и правото на граѓаните да бидат информирани точно и непристрасно.

Потсетуваме дека Законот кој ја регулира работата на МТВ во членот 111, укажува дека јавниот сервис обезбедува непристрасни, сеопфатни и важни информации и истите треба да ги презентираат јасно, недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето мислење. Дополнително овие информации не застапуваат или фаворизираат ставови или интереси на одредена политичка партија, здружение, личен интерес, религија или идеологија и во програмите еднакво да го уважуваат мислењето и уверувањето на другите медиумски услуги.

Доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на јавниот сервис или било кој друг медиум, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди.

Вистинската улога на медиумите е да служат како стожер на демократијата, пренесувајќи проверени информации без влијание од политички интереси, и секој обид за поткопување на медиумскиот интегритет е за осуда.

 

The post ЗНМ: Непримерно е претседателот на СДСМ Ковачевски да дава етички оценки за работата на МТВ appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешната изјава на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ. Изразуваме сериозна загриженост за вакви изјави кои можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период посебно на јавниот сервис. На новинарско прашање Ковачевски изјави: ,,МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“. Ваквите изјави од лидери на политички партии кои отвораат прашања за објективноста и непристрасноста во медиумското известување на МРТ, прави штета на имиџот на јавниот сервис но и на демократските принципи и правото на граѓаните да бидат информирани точно и непристрасно. Потсетуваме дека Законот кој ја регулира работата на МТВ во членот 111, укажува дека јавниот сервис обезбедува непристрасни, сеопфатни и важни информации и истите треба да ги презентираат јасно, недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето мислење. Дополнително овие информации не застапуваат или фаворизираат ставови или интереси на одредена политичка партија, здружение, личен интерес, религија или идеологија и во програмите еднакво да го уважуваат мислењето и уверувањето на другите медиумски услуги. Доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на јавниот сервис или било кој друг медиум, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди. Вистинската улога на медиумите е да служат како стожер на демократијата, пренесувајќи проверени информации без влијание од политички интереси, и секој обид за поткопување на медиумскиот интегритет е за осуда.  

The post ЗНМ: Непримерно е претседателот на СДСМ Ковачевски да дава етички оценки за работата на МТВ appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-zajaknuvane-na-avtorskoto-pravo-fotoreporteri-i-onlajn-mediumi-vo-potraga-po-sistemski-reshenija/ Mon, 05 Feb 2024 14:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=740599

На иницијатива на претставниците на секцијата на фоторепортери при ЗНМ денеска се одржа средба со претставници на Здружението на онлајн медиуми (Онлајн медиа), на која се разговараше за тековни предизвици поврзани со авторското право и потенцијални модели за подобрување.

Средбата беше поттикната од проблемите со кои се соочуваат фоторепортерите со неовластено преземање на авторски фотографии од страна на дел од медиумите во земјата.

Големиот број на досега вонсудски решени спорови, навестува дека има зголемена свест за соработка од двете засегнати страни но недостасуваат системски решенија кои ќе понудат заштита на овие права на авторите, поголем интерес кај медиумските менаџери и секако подобрување на квалитетот на медиумската содржина.

Од страна на фоторепортерите беше кратко презентиран и модел за платформа за споделување на професионални фотографии што може да прерасне во важен ресурс за збогатување на медиумските содржини со квалитетни авторски фотографии.

Претставниците на Онлајн медиа имаат размислување дека таква платформа, за чие користење пред се би имале бенефит членките на ова здружение, би бил потенцијално добар модел за подобрена саморегулација во унапредување на авторските права. Освен тоа истакнаа дека Законот за авторско право и сродни права, нужно е да биде унапреден за поголема заштита не само на фоторепортерите туку и на новинарите во иднина.

Претставниците од извршната канцеларија на ЗНМ, кои исто така беа присутни на состанокот, во иднина ќе разгледуваат потенцијални партнери за развој и промоција на платформа за споделување на професионални и авторски фотографии.

На тема поврзана со авторските права Здружението на новинарите во јануари оваа година објави анализа, Метадата Извештај за 2023.

 

The post ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на претставниците на секцијата на фоторепортери при ЗНМ денеска се одржа средба со претставници на Здружението на онлајн медиуми (Онлајн медиа), на која се разговараше за тековни предизвици поврзани со авторското право и потенцијални модели за подобрување. Средбата беше поттикната од проблемите со кои се соочуваат фоторепортерите со неовластено преземање на авторски фотографии од страна на дел од медиумите во земјата. Големиот број на досега вонсудски решени спорови, навестува дека има зголемена свест за соработка од двете засегнати страни но недостасуваат системски решенија кои ќе понудат заштита на овие права на авторите, поголем интерес кај медиумските менаџери и секако подобрување на квалитетот на медиумската содржина. Од страна на фоторепортерите беше кратко презентиран и модел за платформа за споделување на професионални фотографии што може да прерасне во важен ресурс за збогатување на медиумските содржини со квалитетни авторски фотографии. Претставниците на Онлајн медиа имаат размислување дека таква платформа, за чие користење пред се би имале бенефит членките на ова здружение, би бил потенцијално добар модел за подобрена саморегулација во унапредување на авторските права. Освен тоа истакнаа дека Законот за авторско право и сродни права, нужно е да биде унапреден за поголема заштита не само на фоторепортерите туку и на новинарите во иднина. Претставниците од извршната канцеларија на ЗНМ, кои исто така беа присутни на состанокот, во иднина ќе разгледуваат потенцијални партнери за развој и промоција на платформа за споделување на професионални и авторски фотографии. На тема поврзана со авторските права Здружението на новинарите во јануари оваа година објави анализа, Метадата Извештај за 2023.  

The post ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија appeared first on Република.

]]>
ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-reagira-do-mitreski-za-vcherashniot-neprintsipielen-tretman-kon-stranski-novinari-na-smetka-na-domashnite/ Mon, 29 Jan 2024 12:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=738164

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на Македонија до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.

По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Portal X, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила.

Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност, се вели во соопштението.

Привилегирањето на одредени новинари во однос на други од страна на службите на Република Македонија предизвикува сериозна загриженост за слободата и интегритетот на новинарството во земјата.

Таквото фаворизирање може да резултира со пристрасно известување, цензура и сузбивање на различни гласови, што на крајот ќе го загрози правото на јавноста за пристап до точни и непристрасни информации.

 

The post ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на Македонија до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.
По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Portal X, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила. Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност, се вели во соопштението.
Привилегирањето на одредени новинари во однос на други од страна на службите на Република Македонија предизвикува сериозна загриженост за слободата и интегритетот на новинарството во земјата. Таквото фаворизирање може да резултира со пристрасно известување, цензура и сузбивање на различни гласови, што на крајот ќе го загрози правото на јавноста за пристап до точни и непристрасни информации.  

The post ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните appeared first on Република.

]]>
Протест на ЗНМ и ССНМ: Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-znm-i-ssnm-nashata-rabota-e-za-vo-javnost-a-ne-za-pred-kolegite/ Fri, 17 Nov 2023 12:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=702512

„Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите", „Новинарството на удар, ние сме обединети", „Модуларно судство", „Цензори во име на моќниците" и „Осудени за вистината" се дел од паролите со кои денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје новинарите одржаа протест поради пресудата за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Протестот е организиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Биљана Настеска Каланоска од ЗНМ на протесот изјави дека ќе испратат барање до судиите од граѓанскиот и апелациониот суд за поголемо разбирање и сериозност, внимателност во постапките и тужбите против новинарите и медиумските работници во државата.

Бараме со голема сериозност да се земаат во предвид одлуките на Советот за етика во медиумите на Македонија, како и одлуките на Советот на честа во насока на кредибилитетот и интегритетот на новинарите и медиумските работници во државата, додаде Настеска Каланоска.

Како што потенцираше, постои можност за организирање на обуки за градење на капацитетите на судиите за да се избегнат вакви ситуации со девалвирање и омаловажување на интегритетот на новинарите.

[caption id="attachment_702516" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption]

Новинарот Сеад Ризвановиќ на протестот изјави дека не може некој во државата да оценува дали се новинари или не. Како што рече, станува збор за скандалозна одлука на судиката и на судот.

Сите ние сме ИРЛ, сите ние сме Сашка Цветковска, ова се работи за сите нас. Скандалозна одлука на судиката, скандалозна на судот, нешто што со години и години се повторува. Се повторува повторно пресудата за 27 април, каде исто така судот оцени дека колегите што биле во Собранието не можеле да докажат дека се новинари. Дали судот учи нешто од историјата, од минатото.. Гледаат ли дека не можат да ја победат слободната мисла, не можат да го победат слободниот говор, порача Ризвановиќ.

Како што рече, целта е да ги замолчат и да не истражуваат. Но, посочи, тоа нема да им успее.

Ние зборуваме во име на граѓаните, во име на луѓето. Ние сме гласот на народот, кога ние зборуваме, зборуваат граѓаните. Кога сакаат да не забранат нас, ги забрануваат граѓаните, додаде Ризвановиќ.

[caption id="attachment_702517" align="alignnone" width="683"] фото: МИА[/caption]

Новинарот Горан Теменугов на протестот порача дека истражувачото новинарство е многу значајно, а судиите треба да си ја знаат работата.

Проблемот е што некој сака да не дефинира, да не озакони кој може, а кој не може да биде новинар. Слободните новинари се сржта на истражувањето и новинарството каде што обработуваме теми кои се многу важни за јавноста и со кои ги штитиме граѓаните. Ние слободните новинари, „фриленсерите“ кои се финансираме странично а не од реклами, сме точно на браникот на јавниот интерес на браникот на граѓаните, додае Теменугов.

 

The post Протест на ЗНМ и ССНМ: Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите appeared first on Република.

]]>

„Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите", „Новинарството на удар, ние сме обединети", „Модуларно судство", „Цензори во име на моќниците" и „Осудени за вистината" се дел од паролите со кои денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје новинарите одржаа протест поради пресудата за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Протестот е организиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Биљана Настеска Каланоска од ЗНМ на протесот изјави дека ќе испратат барање до судиите од граѓанскиот и апелациониот суд за поголемо разбирање и сериозност, внимателност во постапките и тужбите против новинарите и медиумските работници во државата.
Бараме со голема сериозност да се земаат во предвид одлуките на Советот за етика во медиумите на Македонија, како и одлуките на Советот на честа во насока на кредибилитетот и интегритетот на новинарите и медиумските работници во државата, додаде Настеска Каланоска.
Како што потенцираше, постои можност за организирање на обуки за градење на капацитетите на судиите за да се избегнат вакви ситуации со девалвирање и омаловажување на интегритетот на новинарите. [caption id="attachment_702516" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption] Новинарот Сеад Ризвановиќ на протестот изјави дека не може некој во државата да оценува дали се новинари или не. Како што рече, станува збор за скандалозна одлука на судиката и на судот.
Сите ние сме ИРЛ, сите ние сме Сашка Цветковска, ова се работи за сите нас. Скандалозна одлука на судиката, скандалозна на судот, нешто што со години и години се повторува. Се повторува повторно пресудата за 27 април, каде исто така судот оцени дека колегите што биле во Собранието не можеле да докажат дека се новинари. Дали судот учи нешто од историјата, од минатото.. Гледаат ли дека не можат да ја победат слободната мисла, не можат да го победат слободниот говор, порача Ризвановиќ.
Како што рече, целта е да ги замолчат и да не истражуваат. Но, посочи, тоа нема да им успее.
Ние зборуваме во име на граѓаните, во име на луѓето. Ние сме гласот на народот, кога ние зборуваме, зборуваат граѓаните. Кога сакаат да не забранат нас, ги забрануваат граѓаните, додаде Ризвановиќ.
[caption id="attachment_702517" align="alignnone" width="683"] фото: МИА[/caption] Новинарот Горан Теменугов на протестот порача дека истражувачото новинарство е многу значајно, а судиите треба да си ја знаат работата.
Проблемот е што некој сака да не дефинира, да не озакони кој може, а кој не може да биде новинар. Слободните новинари се сржта на истражувањето и новинарството каде што обработуваме теми кои се многу важни за јавноста и со кои ги штитиме граѓаните. Ние слободните новинари, „фриленсерите“ кои се финансираме странично а не од реклами, сме точно на браникот на јавниот интерес на браникот на граѓаните, додае Теменугов.
 

The post Протест на ЗНМ и ССНМ: Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: За судијката Панева новинарите во ИРЛ не се новинари и може да се соочат со забрана за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-za-sudijkata-paneva-novinarite-vo-irl-ne-se-novinari-i-mozhe-da-se-soochat-so-zabrana-za-rabota/ Sat, 11 Nov 2023 09:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=700480

„ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа“, ова се парафразирани цитати во дел од писменото образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ беше објавена на 24 октомври, а денеска стаса писменото образложение во кое се користат низа на проблематични квалификации кои се граничат со цензура и закани за затворање на медиумот објави ЗНМ во соопштението.

Имено, Судијата Панева во образложението од пресудата 8П5-33/23, го спори статусот на новинарите во ИРЛ и тврди дека ИРЛ не е медиум односно ИРЛ не е здружение за „новинарски известувања“.

„ИРЛ нема ниту својство на медиум, како средство за јавно информирање според Закон за медиуми, a членовите на истото немаат својство на новинари, ниту можат, заради известување на јавноста да прават новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари или да се бават со жанрот истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање“.

Освен ова, за колешката Цветковска, која е глобално наградуван новинар во дејноста за истражувачко новинарство, судијата Панева вели дека „таа во здружението (се мисли на ИРЛ), нема својство на новинар, па не може да се претставува во емисиите, кои таму се снимаат, ниту како уредник, ниту како новинар, бидејќи таквите емисии не се сметаат како новинарски продукт“. Во таа смисла, судот наоѓа дека на колешката Цветковска „кажувањата се ирелевантни“ зошто ИРЛ како организација не смеела воопшто јавно да го објави истражувањето.

Оваа пресуда го спори фактот дека граѓански здруженија смеат и можат да бидат медиуми во Македонија, па дека дури не треба ниту да постојат. Во образложението има поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да изрече и забрана за работа.

Во секој случај, туженото здружение (се мисли на ИРЛ) веројатно во својот статус има предвидено кои дејствија може да ги превземе за да ги остварува своите цели, бидејќи при евентуален надзор од страна на овластен орган, а согласно член 65 од горенаведениот закон може да се забрани и работата на граѓанската организација (се мисли на ИРЛ) ако меѓу другото со нивното дејствување се повредуваат слободите и правата на други лице.“

Ова може да се толкува како повик на Панева до извршната власт за институционална пресметка со критичните медиуми.

Овој опасен судски преседан штети на независноста на медиумите и истиот е во колизија со Советот на Европа. Конкретно е во спротивност со препораката CM/Rec(2011)7 според која се смета дека заради посебната природа на интернетот, „обврските и одговорностите“, кои треба да се доделат на информативен интернет портал за потребите од членот 10 на ЕСЧП, истите можат да се разликуваат до одредено ниво од оние на традиционален издавач.

ЗНМ за оваа судска постапка ќе иницира пријава до Платформатa на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите. Платформата известува за сериозни закани за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Европа, а со цел да се зајакне одговорот на Советот на Европа на заканите и одговорноста на земјите-членки.

Потсетуваме дека, за сторијата „Заговор против воздухот“, која исто така беше емитувана и на МРТВ, ИРЛ доби две новинарски награди, а Советот на честа и Советот за етика, по претходни претставки, донесе одлуки дека овој медиумски производ е во согласност со Етичкиот кодекс на новинари.

Укажуваме дека на 19-ти октомври ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет за судијата Спировска Панева за неправедно исклучување на јавност од рочиште за оваа судска постапка. Во претставката се бара одговорност од судијката за постапката, а од Судскиот совет на РСМ да поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно доставените докази и посочените законски одредби против судијата Јованка Спировска Панева. Во претставката се бара да се изрече дисциплинска мерка согласно Законот за судовите на РСМ бидејќи новинарите беа спречени да известуваат од рочиштето, а со тоа и јавноста да биде информирана за оваа судска постапка.

The post ЗНМ: За судијката Панева новинарите во ИРЛ не се новинари и може да се соочат со забрана за работа appeared first on Република.

]]>

„ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа“, ова се парафразирани цитати во дел од писменото образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ беше објавена на 24 октомври, а денеска стаса писменото образложение во кое се користат низа на проблематични квалификации кои се граничат со цензура и закани за затворање на медиумот објави ЗНМ во соопштението. Имено, Судијата Панева во образложението од пресудата 8П5-33/23, го спори статусот на новинарите во ИРЛ и тврди дека ИРЛ не е медиум односно ИРЛ не е здружение за „новинарски известувања“. „ИРЛ нема ниту својство на медиум, како средство за јавно информирање според Закон за медиуми, a членовите на истото немаат својство на новинари, ниту можат, заради известување на јавноста да прават новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари или да се бават со жанрот истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање“. Освен ова, за колешката Цветковска, која е глобално наградуван новинар во дејноста за истражувачко новинарство, судијата Панева вели дека „таа во здружението (се мисли на ИРЛ), нема својство на новинар, па не може да се претставува во емисиите, кои таму се снимаат, ниту како уредник, ниту како новинар, бидејќи таквите емисии не се сметаат како новинарски продукт“. Во таа смисла, судот наоѓа дека на колешката Цветковска „кажувањата се ирелевантни“ зошто ИРЛ како организација не смеела воопшто јавно да го објави истражувањето. Оваа пресуда го спори фактот дека граѓански здруженија смеат и можат да бидат медиуми во Македонија, па дека дури не треба ниту да постојат. Во образложението има поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да изрече и забрана за работа. „Во секој случај, туженото здружение (се мисли на ИРЛ) веројатно во својот статус има предвидено кои дејствија може да ги превземе за да ги остварува своите цели, бидејќи при евентуален надзор од страна на овластен орган, а согласно член 65 од горенаведениот закон може да се забрани и работата на граѓанската организација (се мисли на ИРЛ) ако меѓу другото со нивното дејствување се повредуваат слободите и правата на други лице.“ Ова може да се толкува како повик на Панева до извршната власт за институционална пресметка со критичните медиуми. Овој опасен судски преседан штети на независноста на медиумите и истиот е во колизија со Советот на Европа. Конкретно е во спротивност со препораката CM/Rec(2011)7 според која се смета дека заради посебната природа на интернетот, „обврските и одговорностите“, кои треба да се доделат на информативен интернет портал за потребите од членот 10 на ЕСЧП, истите можат да се разликуваат до одредено ниво од оние на традиционален издавач. ЗНМ за оваа судска постапка ќе иницира пријава до Платформатa на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите. Платформата известува за сериозни закани за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Европа, а со цел да се зајакне одговорот на Советот на Европа на заканите и одговорноста на земјите-членки. Потсетуваме дека, за сторијата „Заговор против воздухот“, која исто така беше емитувана и на МРТВ, ИРЛ доби две новинарски награди, а Советот на честа и Советот за етика, по претходни претставки, донесе одлуки дека овој медиумски производ е во согласност со Етичкиот кодекс на новинари. Укажуваме дека на 19-ти октомври ЗНМ поднесе претставка до Судскиот совет за судијата Спировска Панева за неправедно исклучување на јавност од рочиште за оваа судска постапка. Во претставката се бара одговорност од судијката за постапката, а од Судскиот совет на РСМ да поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно доставените докази и посочените законски одредби против судијата Јованка Спировска Панева. Во претставката се бара да се изрече дисциплинска мерка согласно Законот за судовите на РСМ бидејќи новинарите беа спречени да известуваат од рочиштето, а со тоа и јавноста да биде информирана за оваа судска постапка.

The post ЗНМ: За судијката Панева новинарите во ИРЛ не се новинари и може да се соочат со забрана за работа appeared first on Република.

]]>
Именувани тројца нови обвинители за предмети поврзани со безбедноста на новинарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/imenuvani-trojtsa-novi-obviniteli-za-predmeti-povrzani-so-bezbednosta-na-novinarite/ Thu, 02 Nov 2023 16:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=697534

Именувањето на три нови обвинители во трите основни јавни обвинителства во Тетово, Битола и Штип кои ќе бидат задолжени да постапуваат за предмети поврзани со безбедноста на новинарите, претставува исчекор во обезбедување поголема заштита и справување со неказнивоста за злосторствата против новинарите и медиумските работници.

Минатата година за првпат беше именуван јавен обвинител од ОЈО Скопје да постапува во предмети поврзани со безбедноста на новинарите и забележан е напредок во нивното решавање. Во 2022 година од пет предмети, решени се четири, додека годинава од вкупно шест, досега решени се четири.

Ова беше истакнато на денешниот јавен настан на тема „Нови обвинители во основните јавни обвинителства во Македонија, за поголема заштита и ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите и медиумските работници“ организиран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по повод 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите, а на кој се обратија и претставници од ЈОРМ за новите механизми за институционална заштита на медиумски работници.

Младен Чадиковски претседател на ЗНМ, истакна дека е голема одговорноста и тежината на бројките кога секоја година се потсетуваме на злсторствата сторени врз новинарите не само во земјава туку и во регионот и глобално, бидејќи, годинава само кај нас имаше најмалку четири обиди за напад и напад врз новинари и сниматели кои се во тековна постапка. Ова се само бројки и статистики, а новинарите не се само бројки туку се огледало на јавноста и токму затоа кажуваме зошто е важно неказнивоста врз насилниците да престане.

-Со години постоеше и сè уште донекаде постои култура на неказнивост на оние што ги атактуваат новинарите, и тоа мора да се смени, бидејќи нашата цел е јавноста има потреба да биде информирана на начин во којшто новинарите нема да бидат обремените. Ние новинарите имаме клучна улога во поддржувањето на слободата на говорот и слободата на печатот кои се основни столбови на демократијата, рече Чадиковски.

Тој потсети на нападите врз новинарите од 27 април, прислушувањето на новинарите во еден долг период во изминатата декада, но и на омаловажувања и потценувања на кои тие се изложени и денес од политичарите.

-Листата на нерешените случаи на напади врз новинарите е голема, но голема е и листата на нашите очекувања и барања за нивно решавање. Целта е да покажеме дека сакаме да ставиме крај на неказнивоста и дека имаме нула толеранција за напади врз новинарите и медиумските работници, додаде Чадиковски и изрази задоволство што тоа е препознаено од Обвинителството.

Билјана Арсовска портпарол на ЈОРМ во контекст на прашањето истакна дека државното заедно со основните јавни обвинителства имаат причина за задоволство врз основа на резултатите и динамиката на решавање на случаи поврзани со напади врз новинари, како и почитување на меѓународните стандарди, посебно по именувањето лани на јавната обвинителка Искра Хаџи Василева од ОЈО Скопје за овој вид предмети, што уследи на иницијатива на ЗНМ.

Ова рече таа, е посочено како позитивен пример и од сите меѓународни организации, кои можат и покажуваат интерeс да го следат и другите земји од регионот. На одбележувањето на денешниот ден таа ги претстави имињата на три нови обвинителки кои ќе бидат задолжени да постапуваат по предмети поврзани со новинарите – Нина Димитриевска од ОЈО Тетово, Ирена Атанасовска од ОЈО Битола и Татјана Кацарова од ОЈО Штип.

-Листата на напади против новинари е навистина долга, но во последно време станува се пократка. Од вкупно шест предмети поврзани со безбедноста на новинарите евидентирани во обвинителствата од почетокот на годинава по два предмета веќе имаме изречена пресуда, во уште два предмета е поднесено обвинение и се очекува судска постапка, од кои еден е предмет на ОЈО Скопје за кој тукушто е донесена јавнообвинителска пресуда. Тоа значи дека четири предмети веќе се решени. По останатите два исто така е постапено, но со оглед дека се работи за закани преку електронски комуникации се уште не е идентификуван испраќачот. Во 2022 година од пет евидентирани предмети решени се четири, а во еден се трага по сторителот. Од решените предмети изречени се две пресуди, во еден случај предметот е решен уште од МВР со писмено предупредување, додека во еден предмет е донесена резолуција повторно само затоа што од социјалната мрежа твитер е добиен официјален одговор дека не може да се идентификува корисникот на анонимен профил кој веднаш по објавите го згаснал профилот, рече Арсовска.

Според јавната обвинителка Хаџи Василева јасно е дека има вербални напади, а година е забележано и физичко насилство врз новинари и медиумски работници, но она што загрижува вели таа, се онјалн нападите кон жени новинарки.

-Тоа е глобален тренд, кој порано и подоцна доаѓа и кај нас. Годинава за жал имаме и експлицититни закани по живот на жена новинарка, и е нешто што загрижува сега и ќе загрижува и во иднина, особено што обично истрагите за онлајн нападите се проследени и со низа предизвици од аспект на откривање на сторителите и понатаму водење на истрагата, рече Хаџи Василева.

Претседателот на ССНМ Павле Беловски меѓу другото ги потенцира донесените измени во Кривичниот законик со кој напад врз новинар се смета за напад врз службено лице, односно се гони по службена должност после петгодишни инсистирања од еснафските здруженија. Важно е да се сфати, додаде тој, и фактот дека нападите кон новинарите не се лични напади, туку работата на новинарите која е од јавен интерес.

-Треба да работиме уште посилно и поздружено дека не смее да се напаѓа, и мора да се штити јавниот интерес и новинарската работа бидејќи тоа се повисоки императиви во општеството, рече Беловски, а целта е, вели, нулта напади во една календарска година врз новинари и медиумски работници.

The post Именувани тројца нови обвинители за предмети поврзани со безбедноста на новинарите appeared first on Република.

]]>

Именувањето на три нови обвинители во трите основни јавни обвинителства во Тетово, Битола и Штип кои ќе бидат задолжени да постапуваат за предмети поврзани со безбедноста на новинарите, претставува исчекор во обезбедување поголема заштита и справување со неказнивоста за злосторствата против новинарите и медиумските работници. Минатата година за првпат беше именуван јавен обвинител од ОЈО Скопје да постапува во предмети поврзани со безбедноста на новинарите и забележан е напредок во нивното решавање. Во 2022 година од пет предмети, решени се четири, додека годинава од вкупно шест, досега решени се четири. Ова беше истакнато на денешниот јавен настан на тема „Нови обвинители во основните јавни обвинителства во Македонија, за поголема заштита и ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите и медиумските работници“ организиран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по повод 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите, а на кој се обратија и претставници од ЈОРМ за новите механизми за институционална заштита на медиумски работници. Младен Чадиковски претседател на ЗНМ, истакна дека е голема одговорноста и тежината на бројките кога секоја година се потсетуваме на злсторствата сторени врз новинарите не само во земјава туку и во регионот и глобално, бидејќи, годинава само кај нас имаше најмалку четири обиди за напад и напад врз новинари и сниматели кои се во тековна постапка. Ова се само бројки и статистики, а новинарите не се само бројки туку се огледало на јавноста и токму затоа кажуваме зошто е важно неказнивоста врз насилниците да престане.
-Со години постоеше и сè уште донекаде постои култура на неказнивост на оние што ги атактуваат новинарите, и тоа мора да се смени, бидејќи нашата цел е јавноста има потреба да биде информирана на начин во којшто новинарите нема да бидат обремените. Ние новинарите имаме клучна улога во поддржувањето на слободата на говорот и слободата на печатот кои се основни столбови на демократијата, рече Чадиковски.
Тој потсети на нападите врз новинарите од 27 април, прислушувањето на новинарите во еден долг период во изминатата декада, но и на омаловажувања и потценувања на кои тие се изложени и денес од политичарите.
-Листата на нерешените случаи на напади врз новинарите е голема, но голема е и листата на нашите очекувања и барања за нивно решавање. Целта е да покажеме дека сакаме да ставиме крај на неказнивоста и дека имаме нула толеранција за напади врз новинарите и медиумските работници, додаде Чадиковски и изрази задоволство што тоа е препознаено од Обвинителството.
Билјана Арсовска портпарол на ЈОРМ во контекст на прашањето истакна дека државното заедно со основните јавни обвинителства имаат причина за задоволство врз основа на резултатите и динамиката на решавање на случаи поврзани со напади врз новинари, како и почитување на меѓународните стандарди, посебно по именувањето лани на јавната обвинителка Искра Хаџи Василева од ОЈО Скопје за овој вид предмети, што уследи на иницијатива на ЗНМ. Ова рече таа, е посочено како позитивен пример и од сите меѓународни организации, кои можат и покажуваат интерeс да го следат и другите земји од регионот. На одбележувањето на денешниот ден таа ги претстави имињата на три нови обвинителки кои ќе бидат задолжени да постапуваат по предмети поврзани со новинарите – Нина Димитриевска од ОЈО Тетово, Ирена Атанасовска од ОЈО Битола и Татјана Кацарова од ОЈО Штип.
-Листата на напади против новинари е навистина долга, но во последно време станува се пократка. Од вкупно шест предмети поврзани со безбедноста на новинарите евидентирани во обвинителствата од почетокот на годинава по два предмета веќе имаме изречена пресуда, во уште два предмета е поднесено обвинение и се очекува судска постапка, од кои еден е предмет на ОЈО Скопје за кој тукушто е донесена јавнообвинителска пресуда. Тоа значи дека четири предмети веќе се решени. По останатите два исто така е постапено, но со оглед дека се работи за закани преку електронски комуникации се уште не е идентификуван испраќачот. Во 2022 година од пет евидентирани предмети решени се четири, а во еден се трага по сторителот. Од решените предмети изречени се две пресуди, во еден случај предметот е решен уште од МВР со писмено предупредување, додека во еден предмет е донесена резолуција повторно само затоа што од социјалната мрежа твитер е добиен официјален одговор дека не може да се идентификува корисникот на анонимен профил кој веднаш по објавите го згаснал профилот, рече Арсовска.
Според јавната обвинителка Хаџи Василева јасно е дека има вербални напади, а година е забележано и физичко насилство врз новинари и медиумски работници, но она што загрижува вели таа, се онјалн нападите кон жени новинарки.
-Тоа е глобален тренд, кој порано и подоцна доаѓа и кај нас. Годинава за жал имаме и експлицититни закани по живот на жена новинарка, и е нешто што загрижува сега и ќе загрижува и во иднина, особено што обично истрагите за онлајн нападите се проследени и со низа предизвици од аспект на откривање на сторителите и понатаму водење на истрагата, рече Хаџи Василева.
Претседателот на ССНМ Павле Беловски меѓу другото ги потенцира донесените измени во Кривичниот законик со кој напад врз новинар се смета за напад врз службено лице, односно се гони по службена должност после петгодишни инсистирања од еснафските здруженија. Важно е да се сфати, додаде тој, и фактот дека нападите кон новинарите не се лични напади, туку работата на новинарите која е од јавен интерес.
-Треба да работиме уште посилно и поздружено дека не смее да се напаѓа, и мора да се штити јавниот интерес и новинарската работа бидејќи тоа се повисоки императиви во општеството, рече Беловски, а целта е, вели, нулта напади во една календарска година врз новинари и медиумски работници.

The post Именувани тројца нови обвинители за предмети поврзани со безбедноста на новинарите appeared first on Република.

]]>