знаме на Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zname-na-albanija/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 09:09:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png знаме на Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zname-na-albanija/ 32 32 Веднаш е приведен: Ова е лицето од Мала Речица што го постави знамето на Албанија на манастирот на Попова Шапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-zhitel-od-mala-rechitsa-osomnichen-deka-postavil-zname-na-albanija-na-manastirot-na-popova-shapka/ Wed, 29 Nov 2023 08:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=717419

Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23:30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, информираат од МВР.

По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил меѓу другото напиша дека брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост.

- Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба, напиша Ангелов.

Тој преку фејсбук го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин

„Република“ вчера објави дека две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентиран преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, информира вчера Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

The post Веднаш е приведен: Ова е лицето од Мала Речица што го постави знамето на Албанија на манастирот на Попова Шапка appeared first on Република.

]]>

Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23:30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, информираат од МВР.
По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР. Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил меѓу другото напиша дека брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост.
- Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба, напиша Ангелов.
Тој преку фејсбук го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин „Република“ вчера објави дека две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентиран преку камери за видео надзор.