змиски отров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zmiski-otrov/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 10:06:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png змиски отров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zmiski-otrov/ 32 32 Научниците на чекор да произведат универзален серум за токсините на сите отровни змии https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nauchnitsite-na-chekor-da-proizvedat-univerzalen-serum-za-toksinite-na-site-otrovni-zmii/ Mon, 26 Feb 2024 09:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=748421

Повеќе од 100.000 луѓе годишно, главно во Азија и Африка, умираат од каснување од змија, а сегашните серуми обично се корисни само за отровот на еден вид змии, што значи дека треба да се произведе на различен начин и не е секогаш и секаде достапен. Но, научниците од Истражувачкиот институт Скрипс во САД дојдоа до големо откритие.

Тие развија антитела кои го блокираат ефектот на смртоносните токсини во отровот на разни змии од Африка, Азија и Австралија. Деталите за антителата, кои ги штителе глувците од инаку смртоносниот отров на отровниците, вклучувајќи црни мамби и кралски кобри, се опишани во Science Translational Medicine.

Новото истражување користи форми на токсини произведени во лабораторија за да испитаат милијарди различни човечки антитела и да ги идентификуваат оние кои можат да ја блокираат активноста на овие отрови. Тоа е голем чекор кон универзален серум за отров од змии, кој би заштитил од сите видови отров, соопштуваат од институтот Скрипс.

„Овие антитела делуваат против еден од главните отрови пронајдени во различни видови змии што убива десетици илјади луѓе секоја година“, рече Џозеф Џардин, професор по имунологија и микробиологија на институтот Скрипс.

Во новото истражување, научниците изолираа и споредија отровни протеини од различни видови отровни змии, вклучувајќи мамба, кобри и краит. Откриле дека типот на протеинот 3FTx, кој е присутен кај сите нив, има мал дел кој е сличен кај повеќето видови. Покрај тоа, протеините 3FTx се сметаат за високо токсични и одговорни за парализа на целото тело.

Со цел да откријат антитела за блокирање на 3FTx, научниците создадоа иновативна платформа која става 16 различни 3FTx во клетките на цицачите, кои потоа ги произведуваат токсините. Преку системот на елиминација, од повеќе од 50 милијарди антитела, откриено е она што има најсилна интеракција со сите варијации на токсинот – 95Mat5.

Овие антитела им биле дадени на глувците и потоа биле тестирани ефектите на отровот врз нив. Во сите случаи, 95Mat5 не само што заштитуваше од смрт, туку и од парализа што обично и претходи.

Иако 95Mat5 е ефикасна заштита од отровот на сите змии, тој не е ефикасен против отровот на змиите ѕвечарка, втората по големина група на отровни змии. Затоа сега ги тестираат антителата за други отрови и веруваат дека комбинирањето на 95Mat5 со нив може да заштити од сите отрови од змии.

„Сметаме дека коктел од овие четири антитела би можел да биде универзален серум за сите медицински релевантни змии во светот“, рече Ајрене Калек, истражувач на Скрипс и прв автор на студијата.

The post Научниците на чекор да произведат универзален серум за токсините на сите отровни змии appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 100.000 луѓе годишно, главно во Азија и Африка, умираат од каснување од змија, а сегашните серуми обично се корисни само за отровот на еден вид змии, што значи дека треба да се произведе на различен начин и не е секогаш и секаде достапен. Но, научниците од Истражувачкиот институт Скрипс во САД дојдоа до големо откритие.
Тие развија антитела кои го блокираат ефектот на смртоносните токсини во отровот на разни змии од Африка, Азија и Австралија. Деталите за антителата, кои ги штителе глувците од инаку смртоносниот отров на отровниците, вклучувајќи црни мамби и кралски кобри, се опишани во Science Translational Medicine.
Новото истражување користи форми на токсини произведени во лабораторија за да испитаат милијарди различни човечки антитела и да ги идентификуваат оние кои можат да ја блокираат активноста на овие отрови. Тоа е голем чекор кон универзален серум за отров од змии, кој би заштитил од сите видови отров, соопштуваат од институтот Скрипс.
„Овие антитела делуваат против еден од главните отрови пронајдени во различни видови змии што убива десетици илјади луѓе секоја година“, рече Џозеф Џардин, професор по имунологија и микробиологија на институтот Скрипс.
Во новото истражување, научниците изолираа и споредија отровни протеини од различни видови отровни змии, вклучувајќи мамба, кобри и краит. Откриле дека типот на протеинот 3FTx, кој е присутен кај сите нив, има мал дел кој е сличен кај повеќето видови. Покрај тоа, протеините 3FTx се сметаат за високо токсични и одговорни за парализа на целото тело. Со цел да откријат антитела за блокирање на 3FTx, научниците создадоа иновативна платформа која става 16 различни 3FTx во клетките на цицачите, кои потоа ги произведуваат токсините. Преку системот на елиминација, од повеќе од 50 милијарди антитела, откриено е она што има најсилна интеракција со сите варијации на токсинот – 95Mat5. Овие антитела им биле дадени на глувците и потоа биле тестирани ефектите на отровот врз нив. Во сите случаи, 95Mat5 не само што заштитуваше од смрт, туку и од парализа што обично и претходи. Иако 95Mat5 е ефикасна заштита од отровот на сите змии, тој не е ефикасен против отровот на змиите ѕвечарка, втората по големина група на отровни змии. Затоа сега ги тестираат антителата за други отрови и веруваат дека комбинирањето на 95Mat5 со нив може да заштити од сите отрови од змии.