змија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zmija/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 19:51:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png змија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zmija/ 32 32 Ова е најевтиниот лек ако ве касне змија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ova-e-najevtiniot-lek-ako-ve-kasne-zmija/ Sat, 20 Jul 2024 06:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=798601

Лекот „Хепарин“ што вообичаено се препишува против заболувања на крвта, може успешно да се користи како евтин противотров по каснување од кобра и други отровни змии, открива тим научници од Австралија, Канада, Костарика и Велика Британија.

Каснувањето од змии убива околу 138.000 луѓе во светот годишно - главно во посиромашните области во Африка, Јужна и Југоисточна Азија. Повеќе од 400.000 лица, пак, кои преживеале каснување, развиваат некроза - состојба во која ткивото околу каснатото место ги губи животните функции, се умртвува и претставува дополнителна опасност од труење.

Лекот не е делотворен против сите видови змии, но научниците велат дека може да биде релативно поевтин и поефективен од бројни постоечките противотрови што делуваат само против еден вид змија и не можат да спречат некроза.

Бидејќи лекот е веќе тестиран на глувци, следниот чекор ќе биде испитување на луѓе. Професор Грег Нили, од Универзитетот на Сиднеј, Австралија, кој има удел во испитувањата, изјави:

- Нашето откритие може драматично да ги намали ужасните последици на некрозата по каснувања од кобра, а ќе може и да го забави отровот, што може да ја подобри стапката на преживување. Биолошките агенси како што се отровите и токсините бараат одредено прифаќање со молекулите во телото на домаќинот, така што целта на нашето истражување беше да идентификуваме што, кај луѓето, комуницира со отровот за да развие некроза или води кон смрт.

Наодите говорат отиима  мал број начини на „комуникација“ меѓу отровот и човековите клетки.

- Така, една од многу добрите работи од научно гледиште, е тоа што мислиме дека може да идентификуваме четири или пет различни начини на коишто отровите комуницираат со клетките, а потоа и да направиме универзални противотрови што може да блокираат поголем спектар на (отровите од) змии, појасни проф. Нили.

Докторантот Тијан Ду, исто така од Сиднеј, се согласува дека откритието е голем чекор напред.

- „Хепаринот“ е евтин, сеприсутен и есенцијален лек од списокот на Светската здравствена организација, заклучува Ду.

Доктор Николас Кејсвел од Ливерпул нагласува дека каснувањето од змии сè уште е најсмртоносното од сите тропски болести.

- Нашите наоди се возбудливи бидејќи сегашните противотрови се во голема мера неделотворни против посериозно зафаќање (на каснатото место), што вклучува болен брзорастечки оток, плускавци и / или ткивна некроза околу зафатеното место, што често доведува до губење на функцијата на екстремитетите, ампутација и доживотна попреченост, истакнува проф. Кејсвел.

Целта е, пред сѐ, намалување на смртноста и повредите од каснување од змија во најсиромашните заедници во светот.

The post Ова е најевтиниот лек ако ве касне змија appeared first on Република.

]]>

Лекот „Хепарин“ што вообичаено се препишува против заболувања на крвта, може успешно да се користи како евтин противотров по каснување од кобра и други отровни змии, открива тим научници од Австралија, Канада, Костарика и Велика Британија. Каснувањето од змии убива околу 138.000 луѓе во светот годишно - главно во посиромашните области во Африка, Јужна и Југоисточна Азија. Повеќе од 400.000 лица, пак, кои преживеале каснување, развиваат некроза - состојба во која ткивото околу каснатото место ги губи животните функции, се умртвува и претставува дополнителна опасност од труење. Лекот не е делотворен против сите видови змии, но научниците велат дека може да биде релативно поевтин и поефективен од бројни постоечките противотрови што делуваат само против еден вид змија и не можат да спречат некроза. Бидејќи лекот е веќе тестиран на глувци, следниот чекор ќе биде испитување на луѓе. Професор Грег Нили, од Универзитетот на Сиднеј, Австралија, кој има удел во испитувањата, изјави: - Нашето откритие може драматично да ги намали ужасните последици на некрозата по каснувања од кобра, а ќе може и да го забави отровот, што може да ја подобри стапката на преживување. Биолошките агенси како што се отровите и токсините бараат одредено прифаќање со молекулите во телото на домаќинот, така што целта на нашето истражување беше да идентификуваме што, кај луѓето, комуницира со отровот за да развие некроза или води кон смрт. Наодите говорат отиима  мал број начини на „комуникација“ меѓу отровот и човековите клетки.
- Така, една од многу добрите работи од научно гледиште, е тоа што мислиме дека може да идентификуваме четири или пет различни начини на коишто отровите комуницираат со клетките, а потоа и да направиме универзални противотрови што може да блокираат поголем спектар на (отровите од) змии, појасни проф. Нили.
Докторантот Тијан Ду, исто така од Сиднеј, се согласува дека откритието е голем чекор напред. - „Хепаринот“ е евтин, сеприсутен и есенцијален лек од списокот на Светската здравствена организација, заклучува Ду. Доктор Николас Кејсвел од Ливерпул нагласува дека каснувањето од змии сè уште е најсмртоносното од сите тропски болести.
- Нашите наоди се возбудливи бидејќи сегашните противотрови се во голема мера неделотворни против посериозно зафаќање (на каснатото место), што вклучува болен брзорастечки оток, плускавци и / или ткивна некроза околу зафатеното место, што често доведува до губење на функцијата на екстремитетите, ампутација и доживотна попреченост, истакнува проф. Кејсвел.
Целта е, пред сѐ, намалување на смртноста и повредите од каснување од змија во најсиромашните заедници во светот.

The post Ова е најевтиниот лек ако ве касне змија appeared first on Република.

]]>
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-nemame-nadlezhnost-za-deratizatsija-ili-postapuvane-vo-sluchai-so-zmii-drugi-vlekachi-ili-glodari/ Fri, 21 Jun 2024 15:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=789594

Поврзано со дезинформациите пласирани во јавноста, а во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово, ја известуваме јавноста дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно Град Скопје нема надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари, велат од Град Скопје.

Во член 15 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија.

Дератизација е збир на процедури кои се спроведуваат со цел да се уништат опасни штетници и можни носители на одредени заразни болести. Дезинфекцијата е постапка насочена кон уништување на најголемиот број на несакани микроорганизми со различни физичко-хемиски средства.

За појаснување со член 10 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје, утврдена е единствено надлежноста на градот за дезинсекција, како збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите.

The post Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари appeared first on Република.

]]>

Поврзано со дезинформациите пласирани во јавноста, а во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово, ја известуваме јавноста дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно Град Скопје нема надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари, велат од Град Скопје. Во член 15 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија. Дератизација е збир на процедури кои се спроведуваат со цел да се уништат опасни штетници и можни носители на одредени заразни болести. Дезинфекцијата е постапка насочена кон уништување на најголемиот број на несакани микроорганизми со различни физичко-хемиски средства. За појаснување со член 10 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје, утврдена е единствено надлежноста на градот за дезинсекција, како збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите.

The post Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари appeared first on Република.

]]>
Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/holandski-turist-kasnat-od-zmija-so-itna-pomosh-odnesen-vo-debar-zashto-vo-ohrid-nemale-serum/ Wed, 12 Jun 2024 16:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=786783

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.

„Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид.

„Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли.

Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи. „Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли. Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид. „Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли. Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>
Се слушаат врисоци: Во Грција снимена огромна змија на плажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-slushaat-vrisotsi-vo-grtsija-snimena-ogromna-zmija-na-plazha/ Tue, 04 Jun 2024 09:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=784602

На Фејсбук групата „Грција инфо“ се појави видео кое, благо кажано, исплаши многумина. Имено, на видеото од плажата во Патра може да се види како огромна змија излегува од морето и лази по плажата до грмушките.

Меѓу стотиците коментари на ова видео, голем е и бројот на оние на кои не им било грижа кога на плажата виделе змија која, колку што може да се процени од видеото, била долга од 1,5 до 2 метри.

„Ова е да се умре веднаш“, беше еден од многуте коментари на оние кои не сакаат змии или се плашат од нив.

Од друга страна, имаше доста реакции од оние кои тврдат дека тоа не е змија отровница, дека тоа е нејзиното природно живеалиште, дека луѓето се натрапници на плажата.

The post Се слушаат врисоци: Во Грција снимена огромна змија на плажа appeared first on Република.

]]>

На Фејсбук групата „Грција инфо“ се појави видео кое, благо кажано, исплаши многумина. Имено, на видеото од плажата во Патра може да се види како огромна змија излегува од морето и лази по плажата до грмушките. Меѓу стотиците коментари на ова видео, голем е и бројот на оние на кои не им било грижа кога на плажата виделе змија која, колку што може да се процени од видеото, била долга од 1,5 до 2 метри. „Ова е да се умре веднаш“, беше еден од многуте коментари на оние кои не сакаат змии или се плашат од нив. Од друга страна, имаше доста реакции од оние кои тврдат дека тоа не е змија отровница, дека тоа е нејзиното природно живеалиште, дека луѓето се натрапници на плажата.

The post Се слушаат врисоци: Во Грција снимена огромна змија на плажа appeared first on Република.

]]>
Змија прошета во мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zmija-prosheta-vo-menzata-na-studentskiot-dom-stiv-naumov/ Tue, 28 May 2024 20:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=782535

Студентите сместени во студентскиот дом ,,Стив Наумов”, се згрозени и исплашени од змијата која слободно се шета во мензата на домот, објави Скопје 1.

Револтирано прашуваат како може ова да се случи во сред Скопје и тоа во установа каде престојуваат.

Никој не знае како ова се случило, но одамна се алармира дека и на други места се движат овие опасни животни. Дел, вината ја префрлаат на негрижата за градот и високите неискосени треви.

The post Змија прошета во мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“ appeared first on Република.

Многу отровна змија го прекина мечот меѓу Тием и Мекаби https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mnogu-otrovna-zmija-go-prekina-mechot-megu-tiem-i-mekabi/ Sat, 30 Dec 2023 10:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=728142

Квалификацискиот натпревар за пласман во главната жрепка на АТП тенискиот турнир во Бризбејн меѓу Австриецот Доминик Тием и Австралиецот Џејмс Мекаби денеска мораше да биде прекинат поради змија која се појави на теренот.

Австралиските медиуми јавија дека станува збор за екстремно опасна змија, долга околу половина метар.

Со брза интервенција на обезбедувањето, змијата бил отстранетата од теренот и натпреварот продолжи.

Тием дојде до победа со голем пресврт добивајќи (2-6, 7-6, 6-4) го вториот и третиот сет, откако домашниот тенисер поведе по воведниот сет.

The post Многу отровна змија го прекина мечот меѓу Тием и Мекаби appeared first on Република.

]]>

Квалификацискиот натпревар за пласман во главната жрепка на АТП тенискиот турнир во Бризбејн меѓу Австриецот Доминик Тием и Австралиецот Џејмс Мекаби денеска мораше да биде прекинат поради змија која се појави на теренот. Австралиските медиуми јавија дека станува збор за екстремно опасна змија, долга околу половина метар. Со брза интервенција на обезбедувањето, змијата бил отстранетата од теренот и натпреварот продолжи. Тием дојде до победа со голем пресврт добивајќи (2-6, 7-6, 6-4) го вториот и третиот сет, откако домашниот тенисер поведе по воведниот сет.

The post Многу отровна змија го прекина мечот меѓу Тием и Мекаби appeared first on Република.

]]>
Ова е најлудата улична тепачка на сите времиња: Со жив питон го млати противникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-najludata-ulichna-tepachka-na-site-vremina-so-zhiv-piton-go-mlati-protivnikot/ Sun, 21 May 2023 18:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=643348

Човек (45) од Торонто е уапсен откако во текот на улична тепачка нападнал друг маж со питон.

Полицијата претходно добила пријава дека маж им се заканувал на минувачите со змија во близина на една крстосница малку пред полноќ.

Дошло до физичка пресметка и мажот го употреби питонот да ја нападне жртвата“, се наведува во соопштение од полицијата.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот замавнува со змијата и со неа го удира другиот маж. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата.

https://twitter.com/crazyclipsonly/status/1657482303906480130?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1657482303906480130%7Ctwgr%5E66c7dbc8a3bba6760c3ba2e896934c7cb4b2f305%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2Fcrazyclipsonly2Fstatus2F1657482303906480130widget%3DTweet

Набрзо потоа доаѓа полицијата и ја прекинува тепачката и ги тера мажите да легнат на земја. На видеото се гледа како питонот се обидува да побегне.

Мажот е обвинет за напад со оружје и злоставување на животното. Се појавил пред судот по пат на видеолинк и одреден му е притвор.

The post Ова е најлудата улична тепачка на сите времиња: Со жив питон го млати противникот appeared first on Република.

]]>

Човек (45) од Торонто е уапсен откако во текот на улична тепачка нападнал друг маж со питон. Полицијата претходно добила пријава дека маж им се заканувал на минувачите со змија во близина на една крстосница малку пред полноќ.
Дошло до физичка пресметка и мажот го употреби питонот да ја нападне жртвата“, се наведува во соопштение од полицијата.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот замавнува со змијата и со неа го удира другиот маж. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата. https://twitter.com/crazyclipsonly/status/1657482303906480130?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1657482303906480130%7Ctwgr%5E66c7dbc8a3bba6760c3ba2e896934c7cb4b2f305%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2Fcrazyclipsonly2Fstatus2F1657482303906480130widget%3DTweet Набрзо потоа доаѓа полицијата и ја прекинува тепачката и ги тера мажите да легнат на земја. На видеото се гледа како питонот се обидува да побегне. Мажот е обвинет за напад со оружје и злоставување на животното. Се појавил пред судот по пат на видеолинк и одреден му е притвор.

The post Ова е најлудата улична тепачка на сите времиња: Со жив питон го млати противникот appeared first on Република.

]]>
Питон долг 3,7 метри живее во директорска канцеларија во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/piton-dolg-3-7-metri-zhivee-vo-direktorska-kantselarija-vo-bugarija/ Sun, 12 Feb 2023 21:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=608123

Питонот Лејди Кали живее во директорска канцеларија во Добрич. Змијата која е од заштитен вид е жртва на нелегална трговија и завршила во зоолошката градина во бугарскиот град Добрич, каде што директорот, Христијан Христов, ја засолнил во својата канцеларија.

Таму спасот го нашле уште неколку егзотични животни, а идејата е да се создаде куќа во која тие слободно ќе живеат.

Женскиот питон Лејди Кали веќе шест месеци е под заштита на директорот на Центарот за заштита на природата и животните во Добрич.

Змијата беше атрактивен подарок за ексцентрична дама, прошверцувана во нашата земја. Една госпоѓа реши да биде малку поалтернативна со своето милениче и избра да земе дома змија - мал питон долг 50 сантиметри кој е увезен од странство. Но, тогаш сфати дека е многу тешко да се грижи за такво животно кое прво, бара многу грижа и, второ, дека всушност бара документи за потекло, кои животното всушност ги нема“, изјави Христов за БНТ.

Денес, питонот е стар 4,5 години и долг 3,7 метри.

Змијата не е отровна, но има силен, силен загриз со стотици заби во устата, за разлика од отровните змии“, вели Христов.

Христијан ѝ дозволува на змијата да шета низ неговата канцеларија, но внимава да се одржува константна соодветна температура.

Таа постојано е чувана во овој прилагоден терариум. Кога дојде кај нас, немаше соодветен контролер, термостат, штитник за грејач, а всушност самата змија има неколку траги од изгореници“, вели Христов.

https://www.youtube.com/watch?v=v13tP70qL0Q

The post Питон долг 3,7 метри живее во директорска канцеларија во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Питонот Лејди Кали живее во директорска канцеларија во Добрич. Змијата која е од заштитен вид е жртва на нелегална трговија и завршила во зоолошката градина во бугарскиот град Добрич, каде што директорот, Христијан Христов, ја засолнил во својата канцеларија. Таму спасот го нашле уште неколку егзотични животни, а идејата е да се создаде куќа во која тие слободно ќе живеат. Женскиот питон Лејди Кали веќе шест месеци е под заштита на директорот на Центарот за заштита на природата и животните во Добрич.
Змијата беше атрактивен подарок за ексцентрична дама, прошверцувана во нашата земја. Една госпоѓа реши да биде малку поалтернативна со своето милениче и избра да земе дома змија - мал питон долг 50 сантиметри кој е увезен од странство. Но, тогаш сфати дека е многу тешко да се грижи за такво животно кое прво, бара многу грижа и, второ, дека всушност бара документи за потекло, кои животното всушност ги нема“, изјави Христов за БНТ.
Денес, питонот е стар 4,5 години и долг 3,7 метри.
Змијата не е отровна, но има силен, силен загриз со стотици заби во устата, за разлика од отровните змии“, вели Христов.
Христијан ѝ дозволува на змијата да шета низ неговата канцеларија, но внимава да се одржува константна соодветна температура.
Таа постојано е чувана во овој прилагоден терариум. Кога дојде кај нас, немаше соодветен контролер, термостат, штитник за грејач, а всушност самата змија има неколку траги од изгореници“, вели Христов.
https://www.youtube.com/watch?v=v13tP70qL0Q

The post Питон долг 3,7 метри живее во директорска канцеларија во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Хорор на плажа во Сплит! Змија каснала жена: „Имаше многу крв, ме касна во вена“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/horor-na-plaza-vo-split-zmija-kasnala-zena-imashe-mnogu-krv-me-kasna-vo-vena/ Wed, 29 Jun 2022 18:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=521266

Романска државјанка со адреса на живеење во Сплит на плажата Жњан бил каснат од змија, за која се покажало дека не е отровна, пишува денеска локалниот портал Далмација Данас.

Рекла дека и заѕвонил мобилниот телефон на плажата и дека откако решила да одговори се повлекла во сенката на блиското дрво.

– Зборував, а потоа одеднаш почувствував силна болка. Кога погледнав во ногата, видов змија како бега во блиската грмушка, рекла Моника.

Рекла и дека имало многу крв, бидејќи се испоставило дека змијата ја каснала во вена.

The post Хорор на плажа во Сплит! Змија каснала жена: „Имаше многу крв, ме касна во вена“ appeared first on Република.