злоупотреба на служба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zloupotreba-na-sluzhba/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 15:46:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png злоупотреба на служба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zloupotreba-na-sluzhba/ 32 32 Финансова со кривична за злоупотреба на европски средства против пет лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finansova-so-krivichna-za-zloupotreba-na-evropski-sredstva-protiv-pet-litsa/ Fri, 22 Dec 2023 15:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=725764

Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и Несовесно работење во служба по член 353-в и против едно правно лице – деловна банка поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Измама на средства на Европската заедница по член 249-а став од Кривичниот Законик.

Пријавените физички лица спротивно на кредитната политика, без знаење на кредитобарателите, со намера да ги искористат средствата кои потекнуваат од кредитната линија наменета за зголемување на енергетската ефикасност во Република Македонија и намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 обезбедена од GGF, Green for Growth Fund основан како јавно – приватно партнерство од страна на Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, во прилог на поднесените барања за одобрување на еко кредити изготвиле и приложиле про-фактури со невистинита содржина, како кредитобарателите да вршат набавка на демит фасада од правно лице од Битола, иако знаеле дека паричните средства ќе бидат искористени за лични цели на кредитобарателите, а потоа врз основа на решенија за одобрување на кредитни барања биле склучени 36 договори за еко кредити, на кој начин биле исплатени девизни средства во вкупен износ од 15.449.023 денари, стои во соопштението на Финансиската полиција.

The post Финансова со кривична за злоупотреба на европски средства против пет лица appeared first on Република.

]]>

Вработен во пошта си „присвоил“ над 50.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-poshta-si-prisvoil-nad-50-000-evra/ Mon, 27 Nov 2023 12:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=716730

Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против дебранец, вработен во подружницата на „Македонски пошти“ во Центар Жупа, поради неовластено присвојување на над три милиони денари.

Кривична пријава е поднесена против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ - подружница во општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека со тоа Е.М. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.

The post Вработен во пошта си „присвоил“ над 50.000 евра appeared first on Република.

За лични документи наплаќала на рака зошто пос-терминалот „не работел“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-lichni-dokumenti-naplakala-na-raka-zoshto-pos-terminalot-ne-rabotel/ Mon, 17 Jul 2023 15:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=662392

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница, осомничена дека сторила кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл.45 од Кривичниот законик.

Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари - мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата, така што барала од граѓаните - баратели на услуги за издавање на лични документи, да ѝ дадат пари на рака при поднесување на барање за издавање патна исправа и лична карта, под изговор дека можноста за плаќање на пос - терминалот со платежна картичка во моментот не е во функција. Притоа, таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на РСМ, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post За лични документи наплаќала на рака зошто пос-терминалот „не работел“ appeared first on Република.