злоупотреба на службена положба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zloupotreba-na-sluzbena-polozba/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 13:18:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png злоупотреба на службена положба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zloupotreba-na-sluzbena-polozba/ 32 32 Им продолжила договори на полицајци кои паднале на обука – кривична за помошничка на поранешниот министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/im-prodolzhila-dogovori-na-politsajtsi-koi-padnale-na-obuka-krivichna-za-pomoshnichka-na-poraneshniot-minister/ Thu, 14 Nov 2024 13:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=837684

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува МВР, пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година, постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул.

Пријавената самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност на судот.

Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста на склучените договори за работа.

The post Им продолжила договори на полицајци кои паднале на обука – кривична за помошничка на поранешниот министер appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштува МВР, пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година, постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул.
Пријавената самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност на судот.
Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста на склучените договори за работа.

The post Им продолжила договори на полицајци кои паднале на обука – кривична за помошничка на поранешниот министер appeared first on Република.

]]>
За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-800-evra-nezakonski-vadele-makedonski-drzhavjanstva-za-turtsi/ Thu, 07 Nov 2024 15:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=835234

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет.

А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет. А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>
Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nachalnik-faten-kako-ne-plaka-patarini-ke-se-goni-za-zloupotreba-na-sluzhba/ Wed, 06 Nov 2024 09:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=834650

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици, соопштува МВР.

Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација.

https://youtu.be/T7ITbsKhyyM?si=IhfaM7JswZFtwCxL

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

The post Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици, соопштува МВР.
Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација. https://youtu.be/T7ITbsKhyyM?si=IhfaM7JswZFtwCxL Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

The post Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба appeared first on Република.

]]>
Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-direktor-i-obezbeduvane-drpnaa-80-000-evra-od-plaoshnik/ Wed, 30 Oct 2024 07:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=832281

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и Џ.Б.(54) од Кичево, за  „несовесно работење во службата“.

А.А. во својство на в.д. директор на Управа за водење на културно наследство – Скопје, со пропуштање на должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дали избраната агенција за обезбедување имоти и лица со седиште во Кичево, се придржува на потпишаниот договор и дали врши физичко и техничко обезбедување на локалитетот како што било предвидено, свесно и овозможил  да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4 926 250 денари. Второпријавениот, вработен како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број на вработени лица. Исто така, не се придржувал на законот за приватно обезбедување, каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација, соопшти МВР.

The post Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и Џ.Б.(54) од Кичево, за  „несовесно работење во службата“. А.А. во својство на в.д. директор на Управа за водење на културно наследство – Скопје, со пропуштање на должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дали избраната агенција за обезбедување имоти и лица со седиште во Кичево, се придржува на потпишаниот договор и дали врши физичко и техничко обезбедување на локалитетот како што било предвидено, свесно и овозможил  да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4 926 250 денари. Второпријавениот, вработен како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број на вработени лица. Исто така, не се придржувал на законот за приватно обезбедување, каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација, соопшти МВР.

The post Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник appeared first on Република.

]]>
Директорката што не знаеше македонски обвинета за злоупотреба на службена положба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-shto-ne-znaeshe-makedonski-obvineta-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba/ Wed, 25 Sep 2024 08:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=819459

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвинителен предлог против поранешната организациска директорка на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија Бесија Иљази за злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи, соопшти денеска Јавното обвинителство.

На овој начин буџетот на Клиниката, како што е наведено во соопштението, бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

The post Директорката што не знаеше македонски обвинета за злоупотреба на службена положба appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвинителен предлог против поранешната организациска директорка на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија Бесија Иљази за злоупотреба на службена положба и овластување.
Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи, соопшти денеска Јавното обвинителство.
На овој начин буџетот на Клиниката, како што е наведено во соопштението, бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

The post Директорката што не знаеше македонски обвинета за злоупотреба на службена положба appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за пет лица за работата на Олимписки базен во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-pet-litsa-za-rabotata-na-olimpiski-bazen-vo-skopje/ Tue, 09 Jul 2024 06:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=794747

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 5. јули годинава до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В. (58) и А.Д.(29), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и З.И.(60) и Б.Б.(51), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот Д.Д., управител на две правни лица од Скопје во јули 2019, пречекорувајќи ги своите овластувања и неизвршувајќи ја својата службена должност, иако знаел дека во 2013 година добил судска пресуда за побарувања од ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, за да ги наплати побарувањата, склучил договор за закуп на дел од спортско-рекреативен центар, спротивно на Законот за спорт, иако знаел дека неговото правно лице нема регистрирано дејност од област на спортот и нема решение за вршење на таква дејност од Агенцијата за млади и спорт. Второпријавениот М.Г., управител на правно лице од Скопје, во содејство и по насоки на Д.Д., а спротивно на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за споменатиот простор склучил договор за закуп, за месечна закупнина во вкупен износ од 9.419.586 денари со вклучен ДДВ за целиот период на закупот, а за наплата на закупнината од страна на тогашниот директор на јавното претпријатие на правното лице му била доставена фактура за наведениот износ.

Во договор со тогашниот директор на јавното претпријатие, Д.Д. и М.Г. фактурата ја искористиле за склучување на договор за цесија, со кој закупецот наместо да му плати на јавното претпријатие како закуподавач, требало да биде регулиран долгот кој ЈП ги имал кон правното лице по основ на донесената пресуда. Исто така, Д.Д. со иста цел во 2020 склучил договор за деловна соработка со лице од Истанбул, Р.Турција, иако знаел и бил свесен дека склучува договор со тогашниот директор на ЈП за реализација на деловните активности кои произлегуваат од реализација на договорот за закуп на истиот дел од спортско рекреативниот центар склучен помеѓу правното лице од Скопје, чиј управител е М.Г. и јавното претпријатие, кој е даден во подзакуп на правно лице чиј управител е Д.Д., без склучен писмен договор, со што овозможиле корист преку која трите лица требало да остваруваат добивка со правото на користење на простор кој бил за спортска дејност, а на штета на јавниот интерес за спорт.

Пријавениот М.М., управител на правно лице од Скопје, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, во 2004 година склучил договор за закуп со предметното јавно претпријатие за закуп на Олимписки базен во Скопје за период од 15 години, односно до 2019 година, а во периодот што следел иако немал правен основ и без склучен нов договор за закуп, како и без добиено решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, постапил спротивно од Законот за спортот, според кој објектите за спорт не смеат да се пренаменуваат и да се користат за друга дејност освен за дејноста спорт, и за дел од тој објект склучил договор за подзакуп со две правни лица, едното од Скопје, другото од тетовско Теарце.

Пријавениот К.В., управител на правно лице од Скопје и пријавената А.Д., генерален секретар на правно лице - асоцијација, со пречекорување на границите на своите службени овластувања склучиле договори за закуп со споменатото јавно претпријатие на делови од објектот на спортско-рекреативниот центар, без правните лица да имаат регистрирано дејност од областа на спортот и без добиено Решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, со што постапиле спротивно на Законот за спортот.

Пријавените З.И. и Б.Б., поранешни директори на јавното претпријатие, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и не повеле постапка за раскинување на претходно склучените договори за закуп со правните лица, како и постапка за ослободување и напуштање на просторот во Олимписки базен Скопје од страна на правното лице - закупец, предизвикувајќи штета на ЈП, со што дошло до нарушување на неговото работење.

Штетата на сметка на ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, односно Буџетот на РСМ која во континуитет била нанесувана од 2004 до денес, ќе биде дополнително утврдена со вештачење кое ќе се изврши по наредба од ОЈО Скопје, информираа од МВР.

The post Кривична пријава за пет лица за работата на Олимписки базен во Скопје appeared first on Република.

]]>

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 5. јули годинава до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В. (58) и А.Д.(29), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и З.И.(60) и Б.Б.(51), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот Д.Д., управител на две правни лица од Скопје во јули 2019, пречекорувајќи ги своите овластувања и неизвршувајќи ја својата службена должност, иако знаел дека во 2013 година добил судска пресуда за побарувања од ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, за да ги наплати побарувањата, склучил договор за закуп на дел од спортско-рекреативен центар, спротивно на Законот за спорт, иако знаел дека неговото правно лице нема регистрирано дејност од област на спортот и нема решение за вршење на таква дејност од Агенцијата за млади и спорт. Второпријавениот М.Г., управител на правно лице од Скопје, во содејство и по насоки на Д.Д., а спротивно на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за споменатиот простор склучил договор за закуп, за месечна закупнина во вкупен износ од 9.419.586 денари со вклучен ДДВ за целиот период на закупот, а за наплата на закупнината од страна на тогашниот директор на јавното претпријатие на правното лице му била доставена фактура за наведениот износ. Во договор со тогашниот директор на јавното претпријатие, Д.Д. и М.Г. фактурата ја искористиле за склучување на договор за цесија, со кој закупецот наместо да му плати на јавното претпријатие како закуподавач, требало да биде регулиран долгот кој ЈП ги имал кон правното лице по основ на донесената пресуда. Исто така, Д.Д. со иста цел во 2020 склучил договор за деловна соработка со лице од Истанбул, Р.Турција, иако знаел и бил свесен дека склучува договор со тогашниот директор на ЈП за реализација на деловните активности кои произлегуваат од реализација на договорот за закуп на истиот дел од спортско рекреативниот центар склучен помеѓу правното лице од Скопје, чиј управител е М.Г. и јавното претпријатие, кој е даден во подзакуп на правно лице чиј управител е Д.Д., без склучен писмен договор, со што овозможиле корист преку која трите лица требало да остваруваат добивка со правото на користење на простор кој бил за спортска дејност, а на штета на јавниот интерес за спорт. Пријавениот М.М., управител на правно лице од Скопје, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, во 2004 година склучил договор за закуп со предметното јавно претпријатие за закуп на Олимписки базен во Скопје за период од 15 години, односно до 2019 година, а во периодот што следел иако немал правен основ и без склучен нов договор за закуп, како и без добиено решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, постапил спротивно од Законот за спортот, според кој објектите за спорт не смеат да се пренаменуваат и да се користат за друга дејност освен за дејноста спорт, и за дел од тој објект склучил договор за подзакуп со две правни лица, едното од Скопје, другото од тетовско Теарце. Пријавениот К.В., управител на правно лице од Скопје и пријавената А.Д., генерален секретар на правно лице - асоцијација, со пречекорување на границите на своите службени овластувања склучиле договори за закуп со споменатото јавно претпријатие на делови од објектот на спортско-рекреативниот центар, без правните лица да имаат регистрирано дејност од областа на спортот и без добиено Решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, со што постапиле спротивно на Законот за спортот. Пријавените З.И. и Б.Б., поранешни директори на јавното претпријатие, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и не повеле постапка за раскинување на претходно склучените договори за закуп со правните лица, како и постапка за ослободување и напуштање на просторот во Олимписки базен Скопје од страна на правното лице - закупец, предизвикувајќи штета на ЈП, со што дошло до нарушување на неговото работење. Штетата на сметка на ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, односно Буџетот на РСМ која во континуитет била нанесувана од 2004 до денес, ќе биде дополнително утврдена со вештачење кое ќе се изврши по наредба од ОЈО Скопје, информираа од МВР.

The post Кривична пријава за пет лица за работата на Олимписки базен во Скопје appeared first on Република.

]]>
Директорка од Битола се рашетавала низ странство со службеното возило, го частела дневници пензионираниот секретар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorka-od-bitola-se-rashetavala-niz-stranstvo-so-sluzhbenoto-vozilo-go-chastela-dnevnitsi-penzioniraniot-sekretar/ Wed, 03 Jul 2024 15:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=793147

СВР Битола до Основното јавно обвинителство вчера поднесе кривична пријава против Е.С.(57) од Битола, поради основано сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, сите од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска МВР, пријавената во својство на одговорно лице, директор на државен ученички дом во Битола ја злоупотребила својата службена положба и овластување и вршела несовесно работење во службата при што во повеќе наврати заедно со поранешниот секретар на домот ја напуштале државата со приватно возило, а во налозите за користење на службеното возило била евидентирана дека е на работа или на службено патување во државата, потоа реализирала повеќе службени патувања во странство со службеното возило заедно со лица кои не биле вработени во домот, без одлуки од Управен одбор за нивно одобрување.

Пријавената, исто така, на поранешниот секретар свесно и намерно не му го одобрила барањето за одмор, со образложение за неопходна потреба од негово присуство за извршување на работните обврски како секретар во домот, носејќи Решение за исплата на надомест за неискористени денови од одморот или вкупно 51 работен ден во износ од 103.989 денари, иако секретарот во тој временски период немал редовно присуство на работа, туку често бил отсутен и надвор од државата во работно време заедно со пријавената. Покрај ова, пријавената во четири наврати, и тоа на 20.07.2022, 15.09.2022, 05.10.2022 и од 20.10.2022 до 22.10.2022 година, иако знаела дека секретарот е веќе во пензија, му исплатила дневници за службени патувања во државата и му овозможила да користи службена претплата за мобилен телефон за периодот од јули 2022 до октомври 2023 година, додека за периодот од 01 до 30.11.2022 година му исплаќала пари по основ на договор за дело за вршење на општи и нормативно правни работи и договор за консултантски услуги, а покрај овие имала и други активни договори на дело, со што постапила спротивно на чл. 8 и чл. 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. Со цел оправдување на сите горенаведени дејствија преземени од страна на пријавената, таа вршела изменување, дополнување и изготвување на фиктивни одлуки и записници. Исто така, таа како одговорно лице на ученичкиот дом во 2022 склучила Договор за дело за вршење на сметководствени услуги со правно лице од Битола во износ од 180.000 денари, без претходно спроведена постапка за јавна набавка и во 2023 година продолжила да исплаќа пари за извршените книговодствени услуги на истото правно лице, врз основа на непотпишан договор, кој бил само архивски заведен.

Како што се наведува во соопштението од МВР, пријавената, ја злоупотребила својата службена положба така што одобрувала и исплаќала пари кон правно лице од Битола врз основа на фактури за набавка на компјутерска опрема и услуги кои реално не биле испорачани и извршени. Со наредба на пријавената, пак, до Министерството за образование и наука се испраќале невистинити списоци за ученици вселени во домот со цел префрлање на поголем износ на пари од ресорното министерство по основ на партиципација, со што го оштетила Буџетот на МОН за износ од 202.500 денари.

The post Директорка од Битола се рашетавала низ странство со службеното возило, го частела дневници пензионираниот секретар appeared first on Република.

]]>

СВР Битола до Основното јавно обвинителство вчера поднесе кривична пријава против Е.С.(57) од Битола, поради основано сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, сите од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска МВР, пријавената во својство на одговорно лице, директор на државен ученички дом во Битола ја злоупотребила својата службена положба и овластување и вршела несовесно работење во службата при што во повеќе наврати заедно со поранешниот секретар на домот ја напуштале државата со приватно возило, а во налозите за користење на службеното возило била евидентирана дека е на работа или на службено патување во државата, потоа реализирала повеќе службени патувања во странство со службеното возило заедно со лица кои не биле вработени во домот, без одлуки од Управен одбор за нивно одобрување. Пријавената, исто така, на поранешниот секретар свесно и намерно не му го одобрила барањето за одмор, со образложение за неопходна потреба од негово присуство за извршување на работните обврски како секретар во домот, носејќи Решение за исплата на надомест за неискористени денови од одморот или вкупно 51 работен ден во износ од 103.989 денари, иако секретарот во тој временски период немал редовно присуство на работа, туку често бил отсутен и надвор од државата во работно време заедно со пријавената. Покрај ова, пријавената во четири наврати, и тоа на 20.07.2022, 15.09.2022, 05.10.2022 и од 20.10.2022 до 22.10.2022 година, иако знаела дека секретарот е веќе во пензија, му исплатила дневници за службени патувања во државата и му овозможила да користи службена претплата за мобилен телефон за периодот од јули 2022 до октомври 2023 година, додека за периодот од 01 до 30.11.2022 година му исплаќала пари по основ на договор за дело за вршење на општи и нормативно правни работи и договор за консултантски услуги, а покрај овие имала и други активни договори на дело, со што постапила спротивно на чл. 8 и чл. 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. Со цел оправдување на сите горенаведени дејствија преземени од страна на пријавената, таа вршела изменување, дополнување и изготвување на фиктивни одлуки и записници. Исто така, таа како одговорно лице на ученичкиот дом во 2022 склучила Договор за дело за вршење на сметководствени услуги со правно лице од Битола во износ од 180.000 денари, без претходно спроведена постапка за јавна набавка и во 2023 година продолжила да исплаќа пари за извршените книговодствени услуги на истото правно лице, врз основа на непотпишан договор, кој бил само архивски заведен. Како што се наведува во соопштението од МВР, пријавената, ја злоупотребила својата службена положба така што одобрувала и исплаќала пари кон правно лице од Битола врз основа на фактури за набавка на компјутерска опрема и услуги кои реално не биле испорачани и извршени. Со наредба на пријавената, пак, до Министерството за образование и наука се испраќале невистинити списоци за ученици вселени во домот со цел префрлање на поголем износ на пари од ресорното министерство по основ на партиципација, со што го оштетила Буџетот на МОН за износ од 202.500 денари.

The post Директорка од Битола се рашетавала низ странство со службеното возило, го частела дневници пензионираниот секретар appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска со нови наводи до Обвинителство за поранешното раководство на АД ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-so-novi-navodi-do-obvinitelstvo-za-poraneshnoto-rakovodstvo-na-ad-esm/ Fri, 26 Jan 2024 13:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=737149

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) утврдила состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешни раководни лица на АД ЕСМ Скопје и од други службени лица вработени во АД ЕСМ. Сомнежите се за даночно затајување преку дампинг практики, трансфер на цени на штета на буџетот на АД ЕСМ и Буџетот.

ДКСК на денешната 99-та седница донесе одлука претходната иницијартива до ОЈО ГОКК да се дополни и истата да биде доставена и до РКЕ, Комисијата за заштита на конкуренција, УЈП и Управата за финансиска полиција.

Членот на ДКСК, Горан Трпеноски рече дека ова произлегло по предметот оформен по сопствена иницијатива по јавно изнесени наводи за сомнеж за незаконска набавки на мазут од АД ЕСМ за потребите на ТЕЦ Неготино за време на енергетската криза.

Затоа ова е дополнение на иницијативата за мазутот, ова е за продажбата на домашните вишоци на струја. По доставената документација пред ДКСК се отворија сомнежи за несоодветно планирање на производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ со што резултира остварување корист од други приватни субјекти. Со други зборови, ДКСК се сомнева дека производството резултира со обезбедување корист на приватни трговски конзументи преку дампинг пракса и трансфер на цената на електричната енергија на начин така што врз Буџетот се создава штета по основ на евазија на данок на добивка и данок на ДДВ, заради трансферната цена на товар на ЕСМ, со загуба поради несоодветно планирање на производството на електрична енергија, појасни Трпеновски.

Затоа, рече Трпеновски, предлагам претходната иницијатива да се дополни со одлука:

- ДКСК утврди состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешни раководни лица на АД ЕСМ Скопје и од други службени лица вработени во АД ЕСМ, на начин така што се отвораат сомнежи за даночно затајување преку дампинг практики, трансфер на цени на штета на Буџетот на АД ЕСМ и Буџетот. Затоа предлагам да се дополни иницијативата до ОЈО ГОКК за сите инволвирани во случајот, потоа да се достави и до сите институции кои имаат надлежност, како што е РКЕ, Комисијата за заштита на конкуренција, УЈП и Управата за финансиска полиција, изјави Трпеновски.

ДКСК, исто така, препорачува до Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за економија да се разгледаат и да се усогласи законската регулатива од областа на енергетиката која целосно ја игнорира заштитата на животната средина.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека анализата произлегува од предмет отворен по новинарски текст „Мали хидроцентрали, големи тајни“ кој се однесува на субвенциите кои се исплаќаат за произведена електрична енергија по повластена тарифа од малите хидроцентрали.

- Во периодот кога требал да се подготви и донесе Законот за енергетика за претставници на Владата биле назначени министерот Крешник Бектеши, заменик министерот за економија Кире Наумов, за повереници биле назначени Зоран Павлевски, државен секретар во Министерство за економија и Исмаил Лума, раководител во секторот за министерство, но, иако немал овластување во целиот процес учествувал и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања во тој период Кочо Анѓушев, изјави Ивановска.

Со тоа, според Ивановска, на некој начин може да се каже дека при донесување на Законот за енергетика, како што рече, има ризици дека преовладувал личниот интерес над јавниот интерес, имајќи предвид дека истото во тој период службено лице се бавело и со фирми кои учествувале на пазарот на струја.

Сите слабости во националната регулатива од областа на енергетиката (како немање обврска на инвеститорот да обезбеди елаборат за заштита на животната средина или формирање на Фонд за заштита на животната срдина), а кои се утврдени во анализата, Ивановска посочи дека ќе бидат сумирани и доставени до надлежните институции.

The post Антикорупциска со нови наводи до Обвинителство за поранешното раководство на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) утврдила состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешни раководни лица на АД ЕСМ Скопје и од други службени лица вработени во АД ЕСМ. Сомнежите се за даночно затајување преку дампинг практики, трансфер на цени на штета на буџетот на АД ЕСМ и Буџетот. ДКСК на денешната 99-та седница донесе одлука претходната иницијартива до ОЈО ГОКК да се дополни и истата да биде доставена и до РКЕ, Комисијата за заштита на конкуренција, УЈП и Управата за финансиска полиција. Членот на ДКСК, Горан Трпеноски рече дека ова произлегло по предметот оформен по сопствена иницијатива по јавно изнесени наводи за сомнеж за незаконска набавки на мазут од АД ЕСМ за потребите на ТЕЦ Неготино за време на енергетската криза.
Затоа ова е дополнение на иницијативата за мазутот, ова е за продажбата на домашните вишоци на струја. По доставената документација пред ДКСК се отворија сомнежи за несоодветно планирање на производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ со што резултира остварување корист од други приватни субјекти. Со други зборови, ДКСК се сомнева дека производството резултира со обезбедување корист на приватни трговски конзументи преку дампинг пракса и трансфер на цената на електричната енергија на начин така што врз Буџетот се создава штета по основ на евазија на данок на добивка и данок на ДДВ, заради трансферната цена на товар на ЕСМ, со загуба поради несоодветно планирање на производството на електрична енергија, појасни Трпеновски.
Затоа, рече Трпеновски, предлагам претходната иницијатива да се дополни со одлука:
- ДКСК утврди состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешни раководни лица на АД ЕСМ Скопје и од други службени лица вработени во АД ЕСМ, на начин така што се отвораат сомнежи за даночно затајување преку дампинг практики, трансфер на цени на штета на Буџетот на АД ЕСМ и Буџетот. Затоа предлагам да се дополни иницијативата до ОЈО ГОКК за сите инволвирани во случајот, потоа да се достави и до сите институции кои имаат надлежност, како што е РКЕ, Комисијата за заштита на конкуренција, УЈП и Управата за финансиска полиција, изјави Трпеновски.
ДКСК, исто така, препорачува до Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за економија да се разгледаат и да се усогласи законската регулатива од областа на енергетиката која целосно ја игнорира заштитата на животната средина. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека анализата произлегува од предмет отворен по новинарски текст „Мали хидроцентрали, големи тајни“ кој се однесува на субвенциите кои се исплаќаат за произведена електрична енергија по повластена тарифа од малите хидроцентрали. - Во периодот кога требал да се подготви и донесе Законот за енергетика за претставници на Владата биле назначени министерот Крешник Бектеши, заменик министерот за економија Кире Наумов, за повереници биле назначени Зоран Павлевски, државен секретар во Министерство за економија и Исмаил Лума, раководител во секторот за министерство, но, иако немал овластување во целиот процес учествувал и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања во тој период Кочо Анѓушев, изјави Ивановска. Со тоа, според Ивановска, на некој начин може да се каже дека при донесување на Законот за енергетика, како што рече, има ризици дека преовладувал личниот интерес над јавниот интерес, имајќи предвид дека истото во тој период службено лице се бавело и со фирми кои учествувале на пазарот на струја. Сите слабости во националната регулатива од областа на енергетиката (како немање обврска на инвеститорот да обезбеди елаборат за заштита на животната средина или формирање на Фонд за заштита на животната срдина), а кои се утврдени во анализата, Ивановска посочи дека ќе бидат сумирани и доставени до надлежните институции.

The post Антикорупциска со нови наводи до Обвинителство за поранешното раководство на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на полицијата поднесе кривични пријави против раководни лица во МВР за злоупотреба на службена положба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-politsijata-podnese-krivichni-prijavi-protiv-rakovodni-litsa-vo-mvr-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba/ Fri, 22 Dec 2023 13:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=725736

Синдикатот на полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против директорот на БЈБ, помошник на министерот за внатрешна контрола, помошник на директорот за криминалистичка полиција и против двајца началници на Сектори за внатрешни работи заради основано сомнение дека сите пријавени сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување предвидено по член 353 од Кривичен законик.

„Постои основано сомнение дека прво, второ и третопријавените во својство на службени лица–во два наврати, ги пречекориле границите на своите службени овластувања постапувајќи спротивно на член 196 од Законот за внатрешни работи, како и четврто и петтопријавениот во еден наврат, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 од ЗВР при изработката на решенијата и целата постапка за оштетените О.К и Н.К, како службени лица односно одговорни лица во Министерството за внатрешни работи, односно иако знаеле или биле должни да знаат дека постапките кои се поведени, водени и разрешени со решенија донесени од второпријавениот, се во спротивност со член 196 став од ЗВР, односно дисциплинските престапи кои им се ставале на товар на оштетените биле со апсолутна застареност и не било потребно да биде поведена, одобрена, водена и разрешена постапка со донесување на решенија за суспензија и распоредување во рамките на МВР.

Со опишаните дејствија на оштетените пријавените им нанеле материјална штета во вкупна висина од околу 100.000 денари, како и друга нематеријална штета.

Очигледно во целиот случај, целта на МВР очигледно била на секаков начин да се наштети на оштетените и да престанат со синдикалните активности, како и по секоја цена Синдикатот на полиција во Македонија да биде згаснат.

Повеќе детали, на пријавените ќе им бидат прикажани откако ќе бидат повикани во ОЈОГОКК.

Го повикуваме Министерот за внатрешни работи наместо постојано да тера кампања на терен, да провери што му се случува во неговиот двор и како тоа највисокото раководство на МВР сторува кривични дела и конечно да земе метла и да го расчисти криминалот во своите редови." се вели во соопштението од Синдикатот на полицијата.

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривични пријави против раководни лица во МВР за злоупотреба на службена положба appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против директорот на БЈБ, помошник на министерот за внатрешна контрола, помошник на директорот за криминалистичка полиција и против двајца началници на Сектори за внатрешни работи заради основано сомнение дека сите пријавени сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување предвидено по член 353 од Кривичен законик. „Постои основано сомнение дека прво, второ и третопријавените во својство на службени лица–во два наврати, ги пречекориле границите на своите службени овластувања постапувајќи спротивно на член 196 од Законот за внатрешни работи, како и четврто и петтопријавениот во еден наврат, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 од ЗВР при изработката на решенијата и целата постапка за оштетените О.К и Н.К, како службени лица односно одговорни лица во Министерството за внатрешни работи, односно иако знаеле или биле должни да знаат дека постапките кои се поведени, водени и разрешени со решенија донесени од второпријавениот, се во спротивност со член 196 став од ЗВР, односно дисциплинските престапи кои им се ставале на товар на оштетените биле со апсолутна застареност и не било потребно да биде поведена, одобрена, водена и разрешена постапка со донесување на решенија за суспензија и распоредување во рамките на МВР. Со опишаните дејствија на оштетените пријавените им нанеле материјална штета во вкупна висина од околу 100.000 денари, како и друга нематеријална штета. Очигледно во целиот случај, целта на МВР очигледно била на секаков начин да се наштети на оштетените и да престанат со синдикалните активности, како и по секоја цена Синдикатот на полиција во Македонија да биде згаснат. Повеќе детали, на пријавените ќе им бидат прикажани откако ќе бидат повикани во ОЈОГОКК. Го повикуваме Министерот за внатрешни работи наместо постојано да тера кампања на терен, да провери што му се случува во неговиот двор и како тоа највисокото раководство на МВР сторува кривични дела и конечно да земе метла и да го расчисти криминалот во своите редови." се вели во соопштението од Синдикатот на полицијата.

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривични пријави против раководни лица во МВР за злоупотреба на службена положба appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска не била надлежна за Данела Арсовска и нејзините директори, барем така тврди Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/antikoruptsiska-ne-bila-nadlezhna-za-danela-arsovska-i-nejzinite-direktori-barem-taka-tvrdi-grad-skopje/ Thu, 20 Jul 2023 07:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=663381

Од Град Скопје реагираат на веста дека градоначалничката Данела Арсовска заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба   поради незаконско поставување на в.д директори на МКЦ и Зоолошка градина.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-dobi-krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-dolzhnost-za-imenuvaneto-na-direktori-na-mkts-i-zoloshka/

Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди. Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија. Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти. Секако, членовите на ДКСК ќе мора да ја докажат и сопствената надлежност во постапувањето по овој „предмет“ пред соодветна судска инстанца, се вели во реакцијата од Град Скопје.

На вчерашната 89 седницаДржавната комисија за спречување на корупција утврди дека градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина. Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект.

Како што информираа од ДКСК, извршен бил вонреден инсекциски надзор и според записникот од надзорот бил утврдена неправилност по што инспекторот упатил укажување напомена за отстранување на констатираната неправилност согласно предвидениот законски рок, со напомена дека за сторената повреда на член 34 од Закоот за култура не е определена ниту пропишана прекршочна санкција.

Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски. ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, појасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.

Од Комисијата соопштија дека од нивна страна ќе биде поведена иницијатива до ОЈО за поведување постапка кривично гонење, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Данела Арсовска. Воедно Комисијата ќе достави иницијатива за поведување кривично гонење и за в.д директорот Драган Илиевски, како и препорака до Инспекцискиот совет во врска со непостапувањето на Инспекторот кој извршил надзор.

 

The post Антикорупциска не била надлежна за Данела Арсовска и нејзините директори, барем така тврди Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Од Град Скопје реагираат на веста дека градоначалничката Данела Арсовска заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба   поради незаконско поставување на в.д директори на МКЦ и Зоолошка градина. https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-dobi-krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-dolzhnost-za-imenuvaneto-na-direktori-na-mkts-i-zoloshka/
Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди. Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија. Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти. Секако, членовите на ДКСК ќе мора да ја докажат и сопствената надлежност во постапувањето по овој „предмет“ пред соодветна судска инстанца, се вели во реакцијата од Град Скопје.
На вчерашната 89 седницаДржавната комисија за спречување на корупција утврди дека градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина. Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект. Како што информираа од ДКСК, извршен бил вонреден инсекциски надзор и според записникот од надзорот бил утврдена неправилност по што инспекторот упатил укажување напомена за отстранување на констатираната неправилност согласно предвидениот законски рок, со напомена дека за сторената повреда на член 34 од Закоот за култура не е определена ниту пропишана прекршочна санкција.
Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски. ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, појасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.
Од Комисијата соопштија дека од нивна страна ќе биде поведена иницијатива до ОЈО за поведување постапка кривично гонење, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Данела Арсовска. Воедно Комисијата ќе достави иницијатива за поведување кривично гонење и за в.д директорот Драган Илиевски, како и препорака до Инспекцискиот совет во врска со непостапувањето на Инспекторот кој извршил надзор.  

The post Антикорупциска не била надлежна за Данела Арсовска и нејзините директори, барем така тврди Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Уште не се открива кои се: Иницирани три постапки за злоупотреби од функционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-ne-se-otkriva-koi-se-inicirani-tri-postapki-za-zloupotrebi-od-funkcioneri/ Wed, 21 Dec 2022 09:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=588256

Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска досега иницирал три постапки поврзани со злоупотреби од страна на функционери. Во интервју за МИА, вицепремиерката Грковска потенцира дека за две постои основано сомнение за поднесувањето кривична пријава, додека третиот случај е поднесен пред извесно време и станува збор за голем и обемен случај, поради што не очекува до крајот на годината да има исход од страна на истражните органи.

Вицепремиерката не открива за какви случаи и за кого станува збор, но потенцира дека се постапува непристрасно, без оглед за кого станува збор, доколку Кабинетот добие инормации за злоупотреба.

Јас сум многу приврзаник на презумпцијата на невиност и на легалниот след на настаните. Важно е дека ние како Кабинет и, добро е граѓаните да знаат, дека постапуваме и дека ако добиеме информации кои ако укажуваат на тоа дека е можно да има одредена злоупотреба на законски решенија, на одредени постапки, дека непристрасно одлучуваме без разлика за кого станува збор, дали е министер во Владата, директори во јавни институции… Како и да е за нас воопшто не е важно, туку е важно само дали има некаква основа за евентуална злоупотреба, која понатака ја проследуваме до надлежните институции и како фидбек од нивна страна добивме дека за две од нив постои основа за покренување на кривична постапка. Третиот е прилично голем. Скоро го поднесовме и затоа не очекуваме до крајот на годинава да може да имаме некаков исход, изјави Грковска во интервјуто за МИА, кое во целост ќе биде објавено денеска.

The post Уште не се открива кои се: Иницирани три постапки за злоупотреби од функционери appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска досега иницирал три постапки поврзани со злоупотреби од страна на функционери. Во интервју за МИА, вицепремиерката Грковска потенцира дека за две постои основано сомнение за поднесувањето кривична пријава, додека третиот случај е поднесен пред извесно време и станува збор за голем и обемен случај, поради што не очекува до крајот на годината да има исход од страна на истражните органи. Вицепремиерката не открива за какви случаи и за кого станува збор, но потенцира дека се постапува непристрасно, без оглед за кого станува збор, доколку Кабинетот добие инормации за злоупотреба.
Јас сум многу приврзаник на презумпцијата на невиност и на легалниот след на настаните. Важно е дека ние како Кабинет и, добро е граѓаните да знаат, дека постапуваме и дека ако добиеме информации кои ако укажуваат на тоа дека е можно да има одредена злоупотреба на законски решенија, на одредени постапки, дека непристрасно одлучуваме без разлика за кого станува збор, дали е министер во Владата, директори во јавни институции… Како и да е за нас воопшто не е важно, туку е важно само дали има некаква основа за евентуална злоупотреба, која понатака ја проследуваме до надлежните институции и како фидбек од нивна страна добивме дека за две од нив постои основа за покренување на кривична постапка. Третиот е прилично голем. Скоро го поднесовме и затоа не очекуваме до крајот на годинава да може да имаме некаков исход, изјави Грковска во интервјуто за МИА, кое во целост ќе биде објавено денеска.

The post Уште не се открива кои се: Иницирани три постапки за злоупотреби од функционери appeared first on Република.

]]>
Зеќири не знае дека е осомничен за злоупотреби и дека се бара притвор за него https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zekjiri-ne-znae-deka-e-osomnichen-za-zloupotrebi-i-deka-se-bara-pritvor-za-nego/ Fri, 08 Apr 2022 07:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=485146

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, не знае дека против него се води истрага за злоупотреба на службената положба и овластување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-bara-pritvor-za-muhamed-zekjiri-kumashinot-na-zaev-kje-se-goni-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba/

Тој во кратка изјава за „А1он“ вели: „Нема такво нешто“.

На прашањето дали знае дека за него е побаран и притвор, тој рече: „Не, не“.

Претходно од ОЈО соопштија дека предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на Македонија.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени, велат оттаму.

The post Зеќири не знае дека е осомничен за злоупотреби и дека се бара притвор за него appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, не знае дека против него се води истрага за злоупотреба на службената положба и овластување. https://republika.mk/vesti/makedonija/se-bara-pritvor-za-muhamed-zekjiri-kumashinot-na-zaev-kje-se-goni-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba/
Тој во кратка изјава за „А1он“ вели: „Нема такво нешто“. На прашањето дали знае дека за него е побаран и притвор, тој рече: „Не, не“.
Претходно од ОЈО соопштија дека предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на Македонија. Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени, велат оттаму.

The post Зеќири не знае дека е осомничен за злоупотреби и дека се бара притвор за него appeared first on Република.

]]>