Злоставување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlostavuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 06:44:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Злоставување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlostavuvanje/ 32 32 Скопјанец фатен на дело како си ја злоставува ќеркичката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-faten-na-delo-kako-si-ja-zlostavuva-kerkichkata/ Fri, 16 Aug 2024 06:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=807024

Во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг Р.С. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка и се самозадоволувал пред неа.

Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали и преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанец фатен на дело како си ја злоставува ќеркичката appeared first on Република.

]]>

Во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг Р.С. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка и се самозадоволувал пред неа. Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали и преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Скопјанец фатен на дело како си ја злоставува ќеркичката appeared first on Република.

]]>
Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-japonija-minatata-godina-registrirani-rekordni-122-806-sluchai-na-zlostavuvane-detsa/ Thu, 28 Mar 2024 10:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=759677

Јапонската полиција ги предупреди центрите за згрижување деца за рекордни 122.806 наводни жртви на злоставување во 2023 година, што е за 6,1 отсто повеќе од претходната година, соопшти денеска Националната полициска агенција.

Минатата година полицијата спроведе рекордни 2.385 кривични истраги за случаи на злоставување деца, што е за 9,4 отсто повеќе од 2022 година, покажуваат податоците собрани од Агенцијата.

Бројот на деца под 18 години упатени во центрите за згрижување деца поради психичко малтретирање се искачи на рекордни 90.761, вклучувајќи 52.611 кои биле сведоци на семејно насилство врз членови на семејството, објави Кјодо.

Според податоците, имало 21.520 физички малтретирани деца, додека 10.205 деца доживеале запоставување или напуштање, а 320 претрпеле сексуално злоставување.

Меѓу случаите што довеле до кривични истраги, 1.903 деца биле изложени на физичко малтретирање, 372 претрпеле сексуално злоставување, 65 доживеале психичко малтретирање и 45 биле запоставени или напуштени.

Сепак, во 2023 година е забележан рекордно низок број на смртни случаи поради злоставување, 28 случаи, што е значително помалку од најголемиот број од 111 случаи во 2006 година.

The post Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца appeared first on Република.

]]>

Јапонската полиција ги предупреди центрите за згрижување деца за рекордни 122.806 наводни жртви на злоставување во 2023 година, што е за 6,1 отсто повеќе од претходната година, соопшти денеска Националната полициска агенција. Минатата година полицијата спроведе рекордни 2.385 кривични истраги за случаи на злоставување деца, што е за 9,4 отсто повеќе од 2022 година, покажуваат податоците собрани од Агенцијата. Бројот на деца под 18 години упатени во центрите за згрижување деца поради психичко малтретирање се искачи на рекордни 90.761, вклучувајќи 52.611 кои биле сведоци на семејно насилство врз членови на семејството, објави Кјодо. Според податоците, имало 21.520 физички малтретирани деца, додека 10.205 деца доживеале запоставување или напуштање, а 320 претрпеле сексуално злоставување. Меѓу случаите што довеле до кривични истраги, 1.903 деца биле изложени на физичко малтретирање, 372 претрпеле сексуално злоставување, 65 доживеале психичко малтретирање и 45 биле запоставени или напуштени. Сепак, во 2023 година е забележан рекордно низок број на смртни случаи поради злоставување, 28 случаи, што е значително помалку од најголемиот број од 111 случаи во 2006 година.

The post Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца appeared first on Република.

]]>
Познат јутјубер злоставувал и измачувал немоќни лица, сè пренесувал во живо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poznat-jutjuber-zlostavuval-i-izmachuval-nemokni-litsa-se-prenesuval-vo-zhivo/ Wed, 07 Feb 2024 16:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=741504

Грчката полиција уапсила 35-годишен маж, кој злоупотребувал и малтретирал лица со инвалидитети и попреченост и сето тоа го пренесувал во живо на социјална мрежа, додека пак гледачите од него барале да врши конкретни дела како физички повреди, сексуални дејства и слично насилство за што плаќале одреден износ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, станува збор за познат грчки јутјубер, кој ја користел платформата Тик Ток.

Од грчката полиција соопштија дека уапсениот најмалку од јануари 2023 година, под псевдоним користел профил на социјална мрежа на која во живо емитувал навредливи однесувања кон лица со ментална попреченост и од тоа се стекнал со незаконска финансиска корист.

Поконкретно овие дела се состоеле од постојана злоупотреба, физичко повредување и сексуални дејствија, кои ги барале гледачите кои гледале пренос во живо, плаќајќи соодветен износ на пари, соопштија од грчката полиција.

Уапсен бил вчера во неговиот дом во Атина, бидејќи во раните утрински часови во живо злоупотребувал две лица, а се товари за трговија со луѓе и физичко повредување на изнемоштени лица, кривично дело со расистички карактеристики поради инвалидитет.

The post Познат јутјубер злоставувал и измачувал немоќни лица, сè пренесувал во живо appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција уапсила 35-годишен маж, кој злоупотребувал и малтретирал лица со инвалидитети и попреченост и сето тоа го пренесувал во живо на социјална мрежа, додека пак гледачите од него барале да врши конкретни дела како физички повреди, сексуални дејства и слично насилство за што плаќале одреден износ, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите во Грција, станува збор за познат грчки јутјубер, кој ја користел платформата Тик Ток. Од грчката полиција соопштија дека уапсениот најмалку од јануари 2023 година, под псевдоним користел профил на социјална мрежа на која во живо емитувал навредливи однесувања кон лица со ментална попреченост и од тоа се стекнал со незаконска финансиска корист.
Поконкретно овие дела се состоеле од постојана злоупотреба, физичко повредување и сексуални дејствија, кои ги барале гледачите кои гледале пренос во живо, плаќајќи соодветен износ на пари, соопштија од грчката полиција.
Уапсен бил вчера во неговиот дом во Атина, бидејќи во раните утрински часови во живо злоупотребувал две лица, а се товари за трговија со луѓе и физичко повредување на изнемоштени лица, кривично дело со расистички карактеристики поради инвалидитет.

The post Познат јутјубер злоставувал и измачувал немоќни лица, сè пренесувал во живо appeared first on Република.

]]>
Mонструм воспитувач во 15 години злоставувал 91 дете, ги снимал и објавувал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/monstrum-vospituvach-vo-15-godini-zlostavuval-91-dete-gi-snimal-i-objavuval/ Tue, 01 Aug 2023 07:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=667457

Поранешен австралиски воспитувач (45) е обвинет дека сексуално злоставувал 91 дете, го снимал злоставувањето и снимките ги објавувал на интернет.

Полицијата вели дека мажот 15 години ловел млади девојки во десетина центри за згрижување во Австралија и во странство. Тој бил уапсен во август 2022 година, но на полицијата и требаше една година да ги истражи и идентификува жртвите, јави Би-би-си.

Властите во Австралија велат дека тоа е еден од најужасните случаи што некогаш ги виделе. Поранешниот воспитувач се соочува со 246 точки од обвинение за силување и 673 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Поради ваквите обвиненија 45-годишникот би можел да добие максимална казна – доживотен затвор.

Мажот се соочува и со стотици обвиненија за снимање и дистрибуција на материјал за злоупотреба на деца. Полицијата тврди дека тој ги снимал сите злоставувања, а на неговите електронски уреди биле пронајдени 4.000 фотографии и видеа.

Злоставувањето се случилувало во 10 центри за згрижување деца во Квинсленд и еден во Нов Јужен Велс. Зборувајќи за медиумите, австралискиот федерален полициски комесар Џастин Гоф рече дека случајот е длабоко вознемирувачки за заедницата.

Идентификувани се 87 деца од Австралија кои биле злоставувани и контактирани се нивните семејства. Австралиските власти сега работат со меѓународни колеги за да контактираат со другите четири жртви.

Инспекторите велат дека го уапсиле мажот откако успеале да ја идентификуваат позадината што се појавува на видеата. Станува збор за еден од центрите за згрижување деца каде што работел како воспитувач.

На 20 август 2022 година, австралиската федерална полиција извршила рација во домот на 45-годишниот во градот Голд Коуст и заплени електронски уреди што содржеле материјал за злоставување деца што тој го снимил.

Тој бил пријавен во полицијата во Квинсленд двапати претходно, во 2021 и 2022 година, но истражителите не нашле доволно докази за да дејствуваат, соопшти полицијата.

Обвинетитот треба да се појави пред судот во Бризбејн на 21 август.

The post Mонструм воспитувач во 15 години злоставувал 91 дете, ги снимал и објавувал appeared first on Република.

]]>

Поранешен австралиски воспитувач (45) е обвинет дека сексуално злоставувал 91 дете, го снимал злоставувањето и снимките ги објавувал на интернет. Полицијата вели дека мажот 15 години ловел млади девојки во десетина центри за згрижување во Австралија и во странство. Тој бил уапсен во август 2022 година, но на полицијата и требаше една година да ги истражи и идентификува жртвите, јави Би-би-си. Властите во Австралија велат дека тоа е еден од најужасните случаи што некогаш ги виделе. Поранешниот воспитувач се соочува со 246 точки од обвинение за силување и 673 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца. Поради ваквите обвиненија 45-годишникот би можел да добие максимална казна – доживотен затвор. Мажот се соочува и со стотици обвиненија за снимање и дистрибуција на материјал за злоупотреба на деца. Полицијата тврди дека тој ги снимал сите злоставувања, а на неговите електронски уреди биле пронајдени 4.000 фотографии и видеа. Злоставувањето се случилувало во 10 центри за згрижување деца во Квинсленд и еден во Нов Јужен Велс. Зборувајќи за медиумите, австралискиот федерален полициски комесар Џастин Гоф рече дека случајот е длабоко вознемирувачки за заедницата. Идентификувани се 87 деца од Австралија кои биле злоставувани и контактирани се нивните семејства. Австралиските власти сега работат со меѓународни колеги за да контактираат со другите четири жртви. Инспекторите велат дека го уапсиле мажот откако успеале да ја идентификуваат позадината што се појавува на видеата. Станува збор за еден од центрите за згрижување деца каде што работел како воспитувач. На 20 август 2022 година, австралиската федерална полиција извршила рација во домот на 45-годишниот во градот Голд Коуст и заплени електронски уреди што содржеле материјал за злоставување деца што тој го снимил. Тој бил пријавен во полицијата во Квинсленд двапати претходно, во 2021 и 2022 година, но истражителите не нашле доволно докази за да дејствуваат, соопшти полицијата. Обвинетитот треба да се појави пред судот во Бризбејн на 21 август.

The post Mонструм воспитувач во 15 години злоставувал 91 дете, ги снимал и објавувал appeared first on Република.

]]>
Tри девојчиња жртви на сексуална експлоатација во 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tri-devojchina-zhrtvi-na-seksualna-eksploatatsija-vo-2022/ Tue, 30 May 2023 10:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=646089

Во 2022 година, идентификувани се девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од нив, се деца - седум на возраст од 14 до 17 години. Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак - шест лица, а две се идентификувани како сексуална експоатација од кои едниот случај е онлајн експлоатација. Годинава, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната регионална конференција посветена на спречувањето и борбата против трговијата со луѓе.

Според министерката, мора подобро да се заштитат и да им помогне на жртвите. Посочи дека постојат повеќе услуги за поддршка на жртвите, регулирање на нивната состојба и помош за нивно закрепнување. Центарот за жртви на трговија со луѓе соодветно функционира со целосен капацитет за згрижување на шест лица.

Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободите и безбедноста на секое општество. Нашата држава и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговијата со луѓе, како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите во регионот, да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе која е транснационален организиран криминал. Потребна е заедничка акција во која ќе се фокусираме на борбата со едно од најтемните реалности во светот денес, во која голем број на жени и мажи, момчиња и девојчиња се заробени, порача Тренчевска.

МТСП, како што додаде, ја има зголемено финансиската поддршка за Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и во целост ја финансира услугата обезбедена од здружението „Отворена порта“. Поради претрпените длабоки трауми, според Тренчевска, постои потреба од поголемо признание дека работата на рехабилитацијата не може да биде кратка програма, туку бара долгорочна инвестиција за да се обезбеди помош, поддршка, лекување, обуки неопходни за жртвите да започнат нормален, продуктивен и автономен живот.

Таа инвестиција, додава Тренчевска, мора да вклучува значително проширување и на сместувачките капацитети, обезбедување на безбедно враќање на жртвите на трговија со луѓе, а спречувањето на нивната повторна виктимизација е клучна компонента на борбата против трговијата со луѓе. Како таква, рече министерката, таа бара координиран одговор на државните актери, агенциите за спроведување на законот и организациите на граѓанското општество на засегнатите земји, како и соработка на меѓународните актери и организации.

-Во овој период се работи на ревидирање на стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе со цел унифициран приод на сите вклучени актери од идентификација до реинтеграција и враќање на жртвите во безбедна средина. За сето да функционира потребно е да се има сензитивни и едуцирани професионалци кои посветено ќе работат на проблематиката. Поради тоа се посвети внимание на градење на капацитетите на социјалните рбаотници и трудовите инспектори кои беа вклучени во голем број обуки а во оовј период се вклучува и здравствениот сектор. Може да кажеме дека работата на превенција и заштита на трговија со луше треба да ни претставува приоритет. Навремено откривање на можноста некое лице да биде вовлечено во трговија со луѓе е основа за првовремена интервенција со цел да се спречи експлоатацијата и да се обезбеди навремена поддршка, нагласи Тренчевска.

МТСП преку Секторот за еднакви можности, Одделението за родова еднаквост има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе кој претставува рамка за соработка и координиран пристап меѓу социјалните служби, полицијата, трудовата инспекција и граѓанскиот сектор.

-Постигнат е значителен напредок во идентификацијата и справувањето со многу од социјалните, економските, културните, политичките фактори кои ги прават луѓето ранливи на трговија со луѓе, но и во формулирањето на сеопфатни политики и програми и во развојот на едукативни кампањи и кампањи за подигање на свеста. Воспоставивме пет мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на центрите за социјална работа, претставници на МВР, на Националната единица за борба против трговија со луѓе и претставници на здруженијата граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример не само во нашата држава туку и во регионот, подвлече Тренчевска.

The post Tри девојчиња жртви на сексуална експлоатација во 2022 appeared first on Република.

]]>

Во 2022 година, идентификувани се девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од нив, се деца - седум на возраст од 14 до 17 години. Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак - шест лица, а две се идентификувани како сексуална експоатација од кои едниот случај е онлајн експлоатација. Годинава, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната регионална конференција посветена на спречувањето и борбата против трговијата со луѓе. Според министерката, мора подобро да се заштитат и да им помогне на жртвите. Посочи дека постојат повеќе услуги за поддршка на жртвите, регулирање на нивната состојба и помош за нивно закрепнување. Центарот за жртви на трговија со луѓе соодветно функционира со целосен капацитет за згрижување на шест лица.
Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободите и безбедноста на секое општество. Нашата држава и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговијата со луѓе, како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите во регионот, да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе која е транснационален организиран криминал. Потребна е заедничка акција во која ќе се фокусираме на борбата со едно од најтемните реалности во светот денес, во која голем број на жени и мажи, момчиња и девојчиња се заробени, порача Тренчевска.
МТСП, како што додаде, ја има зголемено финансиската поддршка за Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и во целост ја финансира услугата обезбедена од здружението „Отворена порта“. Поради претрпените длабоки трауми, според Тренчевска, постои потреба од поголемо признание дека работата на рехабилитацијата не може да биде кратка програма, туку бара долгорочна инвестиција за да се обезбеди помош, поддршка, лекување, обуки неопходни за жртвите да започнат нормален, продуктивен и автономен живот. Таа инвестиција, додава Тренчевска, мора да вклучува значително проширување и на сместувачките капацитети, обезбедување на безбедно враќање на жртвите на трговија со луѓе, а спречувањето на нивната повторна виктимизација е клучна компонента на борбата против трговијата со луѓе. Како таква, рече министерката, таа бара координиран одговор на државните актери, агенциите за спроведување на законот и организациите на граѓанското општество на засегнатите земји, како и соработка на меѓународните актери и организации. -Во овој период се работи на ревидирање на стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе со цел унифициран приод на сите вклучени актери од идентификација до реинтеграција и враќање на жртвите во безбедна средина. За сето да функционира потребно е да се има сензитивни и едуцирани професионалци кои посветено ќе работат на проблематиката. Поради тоа се посвети внимание на градење на капацитетите на социјалните рбаотници и трудовите инспектори кои беа вклучени во голем број обуки а во оовј период се вклучува и здравствениот сектор. Може да кажеме дека работата на превенција и заштита на трговија со луше треба да ни претставува приоритет. Навремено откривање на можноста некое лице да биде вовлечено во трговија со луѓе е основа за првовремена интервенција со цел да се спречи експлоатацијата и да се обезбеди навремена поддршка, нагласи Тренчевска. МТСП преку Секторот за еднакви можности, Одделението за родова еднаквост има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе кој претставува рамка за соработка и координиран пристап меѓу социјалните служби, полицијата, трудовата инспекција и граѓанскиот сектор. -Постигнат е значителен напредок во идентификацијата и справувањето со многу од социјалните, економските, културните, политичките фактори кои ги прават луѓето ранливи на трговија со луѓе, но и во формулирањето на сеопфатни политики и програми и во развојот на едукативни кампањи и кампањи за подигање на свеста. Воспоставивме пет мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на центрите за социјална работа, претставници на МВР, на Националната единица за борба против трговија со луѓе и претставници на здруженијата граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример не само во нашата држава туку и во регионот, подвлече Тренчевска.

The post Tри девојчиња жртви на сексуална експлоатација во 2022 appeared first on Република.

]]>
За злоставување ученичка уапсен домар, се обидел да побегне https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-zlostavuvane-uchenichka-uapsen-domar-se-obidel-da-pobegne/ Mon, 22 May 2023 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=643752

Четириесет и седумгодишниот Н.М. е уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал малолетничка од училиштето каде што работи како домар, соопшти црногорската полиција, наведувајќи само дека станува збор за училиште на северот на државата.

Припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ во соработка со службениците на Секторот за гранична полиција го спречија обидот за бегство на осомничениот (47), го пронајдоа и го приведоа во службените простории, се наведува во соопштението на Полициската управа, пренесува Вијести.

Се додава дека мажот е лишен од слобода по наредба на Вишото државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена полова активност.

Тој е осомничен за сексуална злоупотреба на малолетничка во јуни и септември 2022 година, како и на 19 мај годинава во просториите на училиштето во кое чуварот работел а девојчето била ученичка.

The post За злоставување ученичка уапсен домар, се обидел да побегне appeared first on Република.

]]>

Четириесет и седумгодишниот Н.М. е уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал малолетничка од училиштето каде што работи како домар, соопшти црногорската полиција, наведувајќи само дека станува збор за училиште на северот на државата.
Припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ во соработка со службениците на Секторот за гранична полиција го спречија обидот за бегство на осомничениот (47), го пронајдоа и го приведоа во службените простории, се наведува во соопштението на Полициската управа, пренесува Вијести.
Се додава дека мажот е лишен од слобода по наредба на Вишото државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена полова активност. Тој е осомничен за сексуална злоупотреба на малолетничка во јуни и септември 2022 година, како и на 19 мај годинава во просториите на училиштето во кое чуварот работел а девојчето била ученичка.

The post За злоставување ученичка уапсен домар, се обидел да побегне appeared first on Република.

]]>
Уапсени десетина лица поради сексуална експлоатација на дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-desetina-litsa-poradi-seksualna-eksploatatsija-na-dete/ Thu, 11 May 2023 12:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=639763

Во голема полициска акција во Тетово и Гостивар која уште е во тек, уапсени се десетина лица поради сексуална експлоатација на дете.

Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат по нејзиното завршување

The post Уапсени десетина лица поради сексуална експлоатација на дете appeared first on Република.

]]>

Во голема полициска акција во Тетово и Гостивар која уште е во тек, уапсени се десетина лица поради сексуална експлоатација на дете. Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат по нејзиното завршување

The post Уапсени десетина лица поради сексуална експлоатација на дете appeared first on Република.

]]>
Со месеци ја тепал, малтретирал и оставал гладна и валкана својата 14-годишна ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-mesetsi-ja-tepal-maltretiral-i-ostaval-gladna-i-valkana-svojata-14-godishna-kerka/ Fri, 07 Apr 2023 09:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=628246

Скопското Основно јавно обвинителство поведе постапка против 45-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. За осомничениот се бара и мерка притвор.

Во периодот од септември 2022 до 28 март годинава, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, осомничениот ја запуштил и ја малтретирал сопствената ќерка. Како татко и единствен родител со кој живеело детето родено во 2008 година, тој редовно патувајќи во странство ја оставал својата ќерка сама, без соодветна родителска грижа и без обезбедена храна и хигиена во домот. Кога ќе се врател од своите патувања, тој вршел психичко и физичко насилство врз детето, користејќи каиш и удирање како средство за нејзино воспитување, а во една прилика се обидел да ја прободе со нож. Осомничениот ја вработил 14-годишната ќерка во слаткарница за време на викенди, а остварениот приход ѝ го земал за да ги надомести сопствените долгови, известуваат од ЈО.

На 22 март девојчето се разболело само дома и не отишло на училиште, а осомничениот и се јавил од странство и ѝ се заканил дека кога ќе се врати ќе ја претепа затоа што отсуствува.

Ваквото однесување, кај жртвата предизвикало постојан страв и стрес, како и чувство на напуштеност и на отсуство на родителска грижа, велат од ЈО.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности укажуваат на тоа дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

The post Со месеци ја тепал, малтретирал и оставал гладна и валкана својата 14-годишна ќерка appeared first on Република.

Пронајдено „едвај живо“: Татко со години чувал 8-годишно девојче како роб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-edvaj-zhivo-tatko-so-godini-chuval-8-godishno-devojche-kako-rob/ Mon, 27 Mar 2023 14:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=624317

Хорор вести пристигнуваат од Белград, каде во стан во населбата Палилула „едвај живо“ било пронајдено осумгодишно девојче, кое со години било чувано како роб во сопствениот дом.

По нејзиниот татко, Урош Пашалиќ (37) е распишана потерница откако неговата сопруга Ивана дошла во полициска станица со скршен нос и модринки под окото и го пријавила за насилство.

Дојде цела претепана и облеана во крв. Таа пријави дека Урош ја тепал и дека во станот има осумгодишно девојче, кое е држено како робинка. Полицијата отишла во станот и наишле на страшна глетка. Малото девојче било спасено, изјавил извор од истрагата за српски „Телеграф“.

Според изворите на порталот, таткото со години јги малтретирал и сопругата и девојчето, кое го држел заклучено во станот. Кога ја пронашле, била во многу тешка состојба и изгладнета, и како што вели изворот - едвај живо.

Откако дежурниот заменик на Првото основно јавно обвинителство Белград бил известен за насилството, на осомничениот му е одредена мерка притвор“, соопштија од Обвинителството.

The post Пронајдено „едвај живо“: Татко со години чувал 8-годишно девојче како роб appeared first on Република.

]]>

Хорор вести пристигнуваат од Белград, каде во стан во населбата Палилула „едвај живо“ било пронајдено осумгодишно девојче, кое со години било чувано како роб во сопствениот дом. По нејзиниот татко, Урош Пашалиќ (37) е распишана потерница откако неговата сопруга Ивана дошла во полициска станица со скршен нос и модринки под окото и го пријавила за насилство.
Дојде цела претепана и облеана во крв. Таа пријави дека Урош ја тепал и дека во станот има осумгодишно девојче, кое е држено како робинка. Полицијата отишла во станот и наишле на страшна глетка. Малото девојче било спасено, изјавил извор од истрагата за српски „Телеграф“.
Според изворите на порталот, таткото со години јги малтретирал и сопругата и девојчето, кое го држел заклучено во станот. Кога ја пронашле, била во многу тешка состојба и изгладнета, и како што вели изворот - едвај живо. Откако дежурниот заменик на Првото основно јавно обвинителство Белград бил известен за насилството, на осомничениот му е одредена мерка притвор“, соопштија од Обвинителството.

The post Пронајдено „едвај живо“: Татко со години чувал 8-годишно девојче како роб appeared first on Република.

]]>
Францускиот кардинал Жан Пјер Рикард призна дека сексуално злоставувал малолетничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francuskiot-kardinal-zan-pjer-rikard-prizna-deka-seksualno-zlostavuval-maloletnichka/ Tue, 08 Nov 2022 11:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=571366

Во Франција 11 бискупи се обвинети за сексуално злоставување. Француската независна комисија минатата година процени дека во текот на 70 години 330.000 деца биле сексуално злоставувани.

Документот од 2.500 страници опишува дека во текот на 7 децении, околу 3.000 злоставувачи на деца, од кои две третини се свештеници, работеле во Католичката црква во Франција.

Францускиот кардинал Жан Пјер Рикард бил меѓу единаесетте поранешни или сегашни бискупи обвинети за сексуално злоставување, објави црковното тело.

Изјавата на кардиналот за признанијата е прочитана на конференција на француските бискупи во Лурд. Сите обвинети ќе се соочат со дисциплински мерки.

Рикард во изјавата рекол дека „пред 35 години, кога бил свештеник, се однесувал на непристоен начин кон 14-годишно девојче“.

Без сомнежи моето однесување предизвика сериозни и долготрајни последици на таа личност“, изјавил кардиналот, додавајќи дека побарал прошка од девојчето.

Рикард бил бискуп во Бордо од 2001 година до 2019 година. Изјави дека ќе се повлече од сите функции и ќе им биде достапен на црковните и на правните власти. Сега е во пензија и има 78 години.

The post Францускиот кардинал Жан Пјер Рикард призна дека сексуално злоставувал малолетничка appeared first on Република.

]]>

Во Франција 11 бискупи се обвинети за сексуално злоставување. Француската независна комисија минатата година процени дека во текот на 70 години 330.000 деца биле сексуално злоставувани. Документот од 2.500 страници опишува дека во текот на 7 децении, околу 3.000 злоставувачи на деца, од кои две третини се свештеници, работеле во Католичката црква во Франција. Францускиот кардинал Жан Пјер Рикард бил меѓу единаесетте поранешни или сегашни бискупи обвинети за сексуално злоставување, објави црковното тело. Изјавата на кардиналот за признанијата е прочитана на конференција на француските бискупи во Лурд. Сите обвинети ќе се соочат со дисциплински мерки. Рикард во изјавата рекол дека „пред 35 години, кога бил свештеник, се однесувал на непристоен начин кон 14-годишно девојче“.