злокуќани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlokukjani/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 13:33:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png злокуќани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlokukjani/ 32 32 Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/registriran-nov-sluchaj-na-ptichji-grip-kaj-uginata-guska-vo-skopsko-zlokukani/ Thu, 31 Oct 2024 13:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=832822

Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди нов случај на болеста високопатогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај една пцовисана дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс „Свети Јован“ во скопско Злокуќани. Направено е лабораториско тестирање на две живи птици (лебеди) кај кои не е утврдено присуство на вирусот. Денес се преземаат мерки за заловување на другите птици во комплексот кај кои ќе се врши лабораториско тестирање за утврдување на присуство на болеста, информираат од АХВ.

АХВ, како што појаснуваат, донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување заштитни и контролни мерки со цел спречување ширење и сузбивање на оваа зооноза – убивање и нештетно отстранување затекнати диви птици на локацијата, освен птиците што се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за лабораториско тестирање за утврдување присуство на птичји грип, и наредено е спроведување дезинфекција на одгледувачницата, забрането е движење на живина и други птици во и од одгледувачницата, без одобрение на официјален ветеринар.

Покрај овие мерки, наредено е и затворање на живината/птиците во нивните одгледувачници, земање мостри од пцовисани птици за утврдување присуство на вирусот, забрана за одржување саеми, изложби, пазари и други собири на живина или птици од наведеното епизотиолошко подрачје.

„Задолжително е пријавувањето промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината и дивите птици до надлежен официјален ветеринар, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности во одгледувачницата.

Болеста најчесто се шири преку птиците преселници, кои се сметаат за нејзин резервоар. Се работи за зооноза, од која првенствено заболуваат птиците, но и луѓето, и затоа АХВ апелира на внимателност и преземање заштитни мерки за категориите лица што се изложени на ризик (близок контакт со заразени птици или во висококонтаминирана средина).

АХВ донесе решение и за воведување заштитни мерки во однос на болеста син јазик кај говеда, овци и кози на целата територија на земјав, по лабораториска потврда на присуство на болеста во две одгледувачници во Демир Капија. Таму од 190 животни, пцовисанисе 7, а десеттина се со клиничка слика карактеристична за оваа болест и со зголемена телесна температура.

Станува збор за болеста која задолжително се пријавува. Луѓето не заболуваат. Болеста син јазик е неконтагиозно вирусно заболување кај домашните и дивите преживари. Претежно се јавува кај овците, но заболуваат и говедата, козите, биволите, кај антилопите, елените, срните и камилите. Се пренесува преку инсекти (комарци) од видот Culicoides. Болеста не се пренесува од животно на животно. Векторите се заразуваат со вирусот по цицање крв од инфицирано животно.

До донесеното решение забрането е движење на сите преживни животи во и од одгледувачницата најмалку 30 дена по последниот случај на болеста, спроведување епидемиолошко испитување во заразената одгледувачница за утврдување на можниот извор на инфекцијата, местата на присутност и распространетост на векторот (преносителот), преземање мерки за спроведување редовна дезинсекција на заразените одгледувачници најмалку еднаш неделно, како и третман на животните со репеленти. Хумано убивање на заболените животни со тешка клиничка слика ќе се врши по налог на официјален ветеринар по претходно мислење од доктор по ветеринарна медицина од надлежното ветеринарно друштво.

Задолжително е пријавување на секој сомнеж на болеста и пцовисување на животните до овластените ветеринарни друштва, односно до официјалниот ветеринар. Сточарите имаат обврска за поставување мрежи за заштита од инсекти на прозорците на фармите, секојдневно чистење на одгледувачниците и заштита со најлонска фолија на исчистеното ѓубре и простирката, отстранување на местата на кои има заостаната вода, а кои се подобни за размножување на векторите, како и забрана за напасување на добитокот во временски период од 17 до 9 часот наутро кога нивната активност е најголема“, се потенцира во информацијата од Агенцијата.

Во информацијата се дополнува дека на целата територија на земјава се забранува движење на сите преживари – говеда, овци и кози во и од одгледувалиште, освен ако животните се упатуваат во кланица, а се забранува и работа на добиточните пазари, изложби или друг вид настани за сите видови преживари.

The post Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани appeared first on Република.

]]>

Црн чад се зададе над Скопје: Горат гуми во Злокуќани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tsrn-chad-se-zadade-nad-skopje-gorat-gumi-vo-zlokukani/ Sat, 17 Aug 2024 17:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=807540

Во скопската населба Злокуќани, во близина на телевизијата Канал 5, горат гуми. Според сведочења на локалните жители на местото на пожарот пристигнале противпожарни и полициски возила. Според жителите црниот  чад е од запалени гуми 

The post Црн чад се зададе над Скопје: Горат гуми во Злокуќани appeared first on Република.

Дел од Злокуќани без вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/del-od-zlokukani-bez-voda/ Mon, 26 Feb 2024 08:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=748339

Без вода денеска од 9:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „22“ и комплексот „Св.Јован“ во населбата Злокуќани.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на улица „Скупи“ 22/34 во Злокуќани.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

The post Дел од Злокуќани без вода appeared first on Република.

]]>

Без вода денеска од 9:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „22“ и комплексот „Св.Јован“ во населбата Злокуќани. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на улица „Скупи“ 22/34 во Злокуќани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

The post Дел од Злокуќани без вода appeared first on Република.

]]>
Коалиција СДСМ – Левица – ДУИ за дупови и тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/koalitsija-sdsm-levitsa-dui-za-dupovi-i-tenderi/ Thu, 30 Mar 2023 20:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=625612

Коалицијата СДС – Левица – ДУИ функционира. На Арсовска и изгласаа програми, а на Јакимовски во Карпош урбанистички планови.Во еден ден и во Советот на град Скопје и во Советот на општина Карпош излезе на површина коалицијата за дупови и тендери СДС – ДУИ – Левица.Бизнисите на ДУИ и СДС изгласани со Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа коалиција водена од бизнис интереси денес на Арсовска и изгласа програми за инвестиции, програма за ЈП Дрисла, програма за животна средина, програма за ЈП Водовод, програма за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена, тоа се нови тендери, па се прашуваме дали повторно на истите ќе се јавува само по една фирма која случајно ќе биде блиска до владината коалиција?

Во Карпош истата коалиција СДС – ДУИ – Левица изгласа ДУП во кој се вцртани 8 згради за А2 домување, но притоа не се предвидуваат јавни објекти – училиште и градинка за најмалите граѓани кои сега живеат на овој потег, а одат во градинка и на училиште во Бардовци или пак во Влае.

Коалицијата СДС – ДУИ – Левица на локално ниво значи тендери, бетонизација, и ставање на интересите на поедини моќници над интересот на граѓаните.

The post Коалиција СДСМ – Левица – ДУИ за дупови и тендери appeared first on Република.

]]>

Коалицијата СДС – Левица – ДУИ функционира. На Арсовска и изгласаа програми, а на Јакимовски во Карпош урбанистички планови.Во еден ден и во Советот на град Скопје и во Советот на општина Карпош излезе на површина коалицијата за дупови и тендери СДС – ДУИ – Левица.Бизнисите на ДУИ и СДС изгласани со Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа коалиција водена од бизнис интереси денес на Арсовска и изгласа програми за инвестиции, програма за ЈП Дрисла, програма за животна средина, програма за ЈП Водовод, програма за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена, тоа се нови тендери, па се прашуваме дали повторно на истите ќе се јавува само по една фирма која случајно ќе биде блиска до владината коалиција?
Во Карпош истата коалиција СДС – ДУИ – Левица изгласа ДУП во кој се вцртани 8 згради за А2 домување, но притоа не се предвидуваат јавни објекти – училиште и градинка за најмалите граѓани кои сега живеат на овој потег, а одат во градинка и на училиште во Бардовци или пак во Влае. Коалицијата СДС – ДУИ – Левица на локално ниво значи тендери, бетонизација, и ставање на интересите на поедини моќници над интересот на граѓаните.

The post Коалиција СДСМ – Левица – ДУИ за дупови и тендери appeared first on Република.

]]>
Тинејџерка нападната и ограбена на мостот во Злокуќани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdzerka-napadnata-i-ograbena-na-mostot-vo-zlokukjani/ Sat, 25 Jun 2022 15:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=519662

На 24.06.2022 во 07:50 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека на подрачјето на Карпош, на пешачкиот мост во нас.Злокуќани, едно лице со употреба на сила ѝ ја одзело чантата на Н.Ј.(18) од Скопје.

Во чантата имало пари, лични документи и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тинејџерка нападната и ограбена на мостот во Злокуќани appeared first on Република.

]]>

На 24.06.2022 во 07:50 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека на подрачјето на Карпош, на пешачкиот мост во нас.Злокуќани, едно лице со употреба на сила ѝ ја одзело чантата на Н.Ј.(18) од Скопје. Во чантата имало пари, лични документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тинејџерка нападната и ограбена на мостот во Злокуќани appeared first on Република.

]]>
Пожар во Злокуќани, гори покрај кејот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozar-vo-zlokukjani-gori-pokraj-kejot/ Sat, 18 Jun 2022 18:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=516979

Пред неполн час се случи пожар кај Злокуќани. Гореше во близнина на ке кејот на реката Вардар. Противпожарникарни екипи излегоа на терен за да го изгаснат огнот кој можеше да се прошири на околните објекти.

The post Пожар во Злокуќани, гори покрај кејот appeared first on Република.

Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-potpaluvachi-na-kabli-vo-naselba-zlokukjani/ Thu, 21 Apr 2022 11:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=491733

Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли. Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено.

Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.

The post Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани appeared first on Република.

]]>

Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли. Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено. Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.

The post Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани appeared first on Република.

]]>
На Божик никна минаре во Карпош, никој не знае кој ја гради џамијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-bozik-nikna-minare-vo-karposh-nikoj-ne-znae-koj-ja-gradi-dzamijata/ Sun, 09 Jan 2022 16:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=442207

Во ноќните часови на Божик никна минаре во скопската населба Злокуќани, пренесува „Сител“. Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците поголго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу, кои, како што велат, најинтензивно се граделе во време на избори.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, за телевизијата потврди дека џамијата се гради бесправно и вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради. Јакимовски објаснува дека ноќта на Божик се градело минарето, кое всушност се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде. Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата. Раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро.

Од Исламската верска заедница за „Сител“ нема официјален одговор дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат.

„Сител“ се обиде да добие одговор и од оџата од новата џамија во Злокуќани, но тој не сакаше да разговара со новинари.

Инаку, мештаните не се жалат само за џамијата. Тие веќе подолг период имаат проблеми со новодоселените бидејќи секојдневно пуштале премногу гласна музика. Се жалат и на неподнослива миризба поради тоа што новите соседи, кои во последните неколку години масовно се доселуваат во населбата, често горат пластика, гуми и кабли.

Само во последните две години поднеле над 200 пријави до Полицијата, но решение за проблемот нема. Не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се соочуваат дури и со физички напади од новодојденците.

Ако надлежните не го решат проблемот, најавуваат блокади и протести.

Повеќе на „Сител

The post На Божик никна минаре во Карпош, никој не знае кој ја гради џамијата appeared first on Република.

]]>

Во ноќните часови на Божик никна минаре во скопската населба Злокуќани, пренесува „Сител“. Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците поголго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу, кои, како што велат, најинтензивно се граделе во време на избори. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, за телевизијата потврди дека џамијата се гради бесправно и вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради. Јакимовски објаснува дека ноќта на Божик се градело минарето, кое всушност се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде. Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата. Раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро. Од Исламската верска заедница за „Сител“ нема официјален одговор дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат. „Сител“ се обиде да добие одговор и од оџата од новата џамија во Злокуќани, но тој не сакаше да разговара со новинари. Инаку, мештаните не се жалат само за џамијата. Тие веќе подолг период имаат проблеми со новодоселените бидејќи секојдневно пуштале премногу гласна музика. Се жалат и на неподнослива миризба поради тоа што новите соседи, кои во последните неколку години масовно се доселуваат во населбата, често горат пластика, гуми и кабли. Само во последните две години поднеле над 200 пријави до Полицијата, но решение за проблемот нема. Не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се соочуваат дури и со физички напади од новодојденците. Ако надлежните не го решат проблемот, најавуваат блокади и протести. Повеќе на „Сител

The post На Божик никна минаре во Карпош, никој не знае кој ја гради џамијата appeared first on Република.

]]>