златно славејче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatno-slavejche/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 10:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png златно славејче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatno-slavejche/ 32 32 Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ https://arhiva3.republika.mk/scena/ajdin-osmanovik-od-srebrenik-ja-voodushevi-publikata-na-zlatno-slavejche/ Mon, 18 Nov 2024 10:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=839090

Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на на фестивалот „Златно славејче“, фестивал кој е познат по својата богата традиција и поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот народен театар.

Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна „Јано мори“, емотивната „Заветна“ и химната на љубовта кон Македонија,  „Мојата Македонија“. Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот.

Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба „Радост на Европа“ каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски. Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.

Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа „Златно славејче“, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти, вели професорот Јасмин Брашњиќ.

Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин. Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија. Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката.

https://www.youtube.com/watch?si=sjBgXZiImHGWlpCZ&fbclid=IwY2xjawGn8gdleHRuA2FlbQIxMAABHZT5IaDu1P2g8amCDqquw7zdrDViI-dRJWfJDo7thHI7Pu4-RPaCaUYU6Q_aem_-1hH74bxjZOUU3HRE4OqwQ&v=PXVYvzUAMbw&feature=youtu.be

The post Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на на фестивалот „Златно славејче“, фестивал кој е познат по својата богата традиција и поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот народен театар. Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна „Јано мори“, емотивната „Заветна“ и химната на љубовта кон Македонија,  „Мојата Македонија“. Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот. Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба „Радост на Европа“ каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски. Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.
Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа „Златно славејче“, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти, вели професорот Јасмин Брашњиќ.
Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин. Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија. Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката. https://www.youtube.com/watch?si=sjBgXZiImHGWlpCZ&fbclid=IwY2xjawGn8gdleHRuA2FlbQIxMAABHZT5IaDu1P2g8amCDqquw7zdrDViI-dRJWfJDo7thHI7Pu4-RPaCaUYU6Q_aem_-1hH74bxjZOUU3HRE4OqwQ&v=PXVYvzUAMbw&feature=youtu.be

The post Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ appeared first on Република.

]]>
Аудиција за нови членови на хорот на Златно Славејче 2024 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/auditsija-za-novi-chlenovi-na-horot-na-zlatno-slavejche-2024/ Thu, 11 Apr 2024 10:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=764903

Денеска и утре во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје, со почеток во 18:00 часот ќе се одржи аудиција за нови членови на хорот на Златно Славејче.

Аудицијата е отворена за сите деца на возраст од 7 до 12 години.

Сè што треба да направите е да дојдете и да бидете расположени за другарување танцување и пеење со сегашните и идните славејчиња.

The post Аудиција за нови членови на хорот на Златно Славејче 2024 appeared first on Република.

]]>

Денеска и утре во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје, со почеток во 18:00 часот ќе се одржи аудиција за нови членови на хорот на Златно Славејче. Аудицијата е отворена за сите деца на возраст од 7 до 12 години. Сè што треба да направите е да дојдете и да бидете расположени за другарување танцување и пеење со сегашните и идните славејчиња.

The post Аудиција за нови членови на хорот на Златно Славејче 2024 appeared first on Република.

]]>
„Златно славејче“ на 18 и 19 ноември во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zlatno-slavejche-na-18-i-19-noemvri-vo-filharmonija/ Tue, 14 Nov 2023 21:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=701594

просториите на Фалихармонија викендов, 18 и 19 ноември, ќе се одржи 53-то издание на фестивалот на детската песна „Златно славејче 2023“.

Гостин на фестивалот годинава ќе биде и популарниот Пајак. Пробите во просториите на Сојузот за грижи и воспитување деца на Град Скопје се во тек.

Претставите почнуваат во 10, 12 и 19.30 часот. Ние сме повеќе од подготвени и расположени за да ги отпееме најновите детски хитови. Се гледаме на ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ 2023, соопштија од фестивалот на нивната фејсбук страница.

Фестивалот „Златно славејче” е основан во 1970 година, а првото издание се одржа на 23-ти мај 1971 година во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје.

Ова е првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори на македонски јазик. Голем број на наши музички ѕвезди ги имаа своите почетоци токму на „Златно славејче”- Тоше Проески, Калиопи, Ана Дурловски, Симон Трпчески, Стефан и Мартин – дуото Некст тајм, Влатко Илиевски, Давид Темелков, Маја Гроздановска Панчева и многу други.

The post „Златно славејче“ на 18 и 19 ноември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

просториите на Фалихармонија викендов, 18 и 19 ноември, ќе се одржи 53-то издание на фестивалот на детската песна „Златно славејче 2023“. Гостин на фестивалот годинава ќе биде и популарниот Пајак. Пробите во просториите на Сојузот за грижи и воспитување деца на Град Скопје се во тек.
Претставите почнуваат во 10, 12 и 19.30 часот. Ние сме повеќе од подготвени и расположени за да ги отпееме најновите детски хитови. Се гледаме на ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ 2023, соопштија од фестивалот на нивната фејсбук страница.
Фестивалот „Златно славејче” е основан во 1970 година, а првото издание се одржа на 23-ти мај 1971 година во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје. Ова е првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори на македонски јазик. Голем број на наши музички ѕвезди ги имаа своите почетоци токму на „Златно славејче”- Тоше Проески, Калиопи, Ана Дурловски, Симон Трпчески, Стефан и Мартин – дуото Некст тајм, Влатко Илиевски, Давид Темелков, Маја Гроздановска Панчева и многу други.

The post „Златно славејче“ на 18 и 19 ноември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Оштетување на столчињата и неправилно користење на просторот причини што „Златно славејче“ нема да биде во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/oshtetuvane-na-stolchinata-i-nepravilno-koristene-na-prostorot-prichini-shto-zlatno-slavejche-nema-da-bide-vo-filharmonija/ Sat, 13 May 2023 08:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=640277

Детскиот фестивал „Златно славејче“ оваа година беше одбиен за реализација во просториите на Филхармонија. Од Филхармонија за „Република“ велат дека одлуката следи по минатогодишно искуство.

Токму одбивањето на апликацијата на „Златно славејче“ била една од замерките на контролорите од Министерството за култура кои министерката Бисера Костадиновска Стојчевска ги испратила да ја чешлаат документацијата на Македонската Филхармонија откако во неделата таму се одржа Годинешната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, како тоа на реномиран детски фестивал му се одбива барањето, а се прифаќа издавање на салата за политички настан.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-ja-cheshla-filharmonija-luta-zoshto-iznajmile-sala-na-vmro-dpmne/

Кон крајот на 2022 година, во големата сала на Филхармонија беше одржан детскиот фестивал Златно славејче. По завршувањето на фестивалот, од страна на вработените во Филхармонија беа констатирани одредени оштетувања на столчињата во делот на публиката, како и неправилно користење на просторот, вклучително и тоалетите и гардеробите, за што беше испратен и писмен допис до организаторот. Од оваа причина, беше одлучено во текот на 2023 година, да не дозволи одржување на овој фестивал во просторот на Филхармонија, велат од Филхармонија.

Замерки се наоѓале и  што настанот е во ден недела, но, бидејќи концерти, културни и секакви настани во Филхармонија редовно има и за викенд, не е направена никаква отстапка за партијата. Како што потврдуваат и од самата институција - салата се изнајмувала и се изнајмува за разни субјекти, вклучително и политички.

Во официјалната изјава од Филхармонија за „Република“ велат дека на ден 11.05.2023 година (четврток) , од страна на Министерството за култура пристигнаа тројца вработени, административни службеници, кои пренесоа дека доаѓаат по налог на министерката за култура со цел да извршат увид во документацијата за настанот кој се одржа на ден 07.05.2023 година (недела) од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, односно за настанот Унија на жени на ВМРО.

Според она што ни беше соопштено на состанокот од 11.05.2023 година, кој се одржа во просториите на Филхармонија, додаваат, целта на контролата беше Годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Би констатирале дека не стануваше збор за инспекција од инспекторатот на министерството, туку за контрола по налог на министер, потенцираат од Филхармонија.

The post Оштетување на столчињата и неправилно користење на просторот причини што „Златно славејче“ нема да биде во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Детскиот фестивал „Златно славејче“ оваа година беше одбиен за реализација во просториите на Филхармонија. Од Филхармонија за „Република“ велат дека одлуката следи по минатогодишно искуство. Токму одбивањето на апликацијата на „Златно славејче“ била една од замерките на контролорите од Министерството за култура кои министерката Бисера Костадиновска Стојчевска ги испратила да ја чешлаат документацијата на Македонската Филхармонија откако во неделата таму се одржа Годинешната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, како тоа на реномиран детски фестивал му се одбива барањето, а се прифаќа издавање на салата за политички настан. https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-ja-cheshla-filharmonija-luta-zoshto-iznajmile-sala-na-vmro-dpmne/
Кон крајот на 2022 година, во големата сала на Филхармонија беше одржан детскиот фестивал Златно славејче. По завршувањето на фестивалот, од страна на вработените во Филхармонија беа констатирани одредени оштетувања на столчињата во делот на публиката, како и неправилно користење на просторот, вклучително и тоалетите и гардеробите, за што беше испратен и писмен допис до организаторот. Од оваа причина, беше одлучено во текот на 2023 година, да не дозволи одржување на овој фестивал во просторот на Филхармонија, велат од Филхармонија.
Замерки се наоѓале и  што настанот е во ден недела, но, бидејќи концерти, културни и секакви настани во Филхармонија редовно има и за викенд, не е направена никаква отстапка за партијата. Како што потврдуваат и од самата институција - салата се изнајмувала и се изнајмува за разни субјекти, вклучително и политички. Во официјалната изјава од Филхармонија за „Република“ велат дека на ден 11.05.2023 година (четврток) , од страна на Министерството за култура пристигнаа тројца вработени, административни службеници, кои пренесоа дека доаѓаат по налог на министерката за култура со цел да извршат увид во документацијата за настанот кој се одржа на ден 07.05.2023 година (недела) од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, односно за настанот Унија на жени на ВМРО. Според она што ни беше соопштено на состанокот од 11.05.2023 година, кој се одржа во просториите на Филхармонија, додаваат, целта на контролата беше Годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Би констатирале дека не стануваше збор за инспекција од инспекторатот на министерството, туку за контрола по налог на министер, потенцираат од Филхармонија.

The post Оштетување на столчињата и неправилно користење на просторот причини што „Златно славејче“ нема да биде во Филхармонија appeared first on Република.

]]>