златни резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatni-rezervi/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Mar 2024 10:26:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png златни резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatni-rezervi/ 32 32 Земји од ширум светот го повлекуваат своето злато од американските трезори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemji-od-shirum-svetot-go-povlekuvaat-svoeto-zlato-od-amerikanskite-trezori/ Wed, 20 Mar 2024 07:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=756492

Земји од ширум светот полека почнуваат да го повлекуваат своето злато од американските трезори, а Американците се загрижени поради тековното истекување на резервите на странско злато од магацините во САД.

Одлуката на Западот, кога воведе санкции кон Русија и ги замрзна средствата на Централната банка на Руската Федерација лоцирани во странство и јавно најавува дека планира да ги користи за свои цели, сериозно ги вознемири другите земји кои исто така го складираат своето злато во САД и Велика Британија.

Како што пишува списанието „Голд игл“ (Gold Eagle), трендот го потврдува тоа што го предвиделрускиот претседател, Владимир Путин, по замрзнувањето на руското злато - дека е забрзан процесот на повлекување на странските девизни и златни резерви од САД.

Од списанието додаваат дека властите во Вашингтон тоа го кријат од американскиот народ.

По одлуката на западните земји, официјална Москва постојано предупредуваше дека запленувањето на рускиот имот и приходи ќе има големи последици за Западот.

The post Земји од ширум светот го повлекуваат своето злато од американските трезори appeared first on Република.

]]>

Земји од ширум светот полека почнуваат да го повлекуваат своето злато од американските трезори, а Американците се загрижени поради тековното истекување на резервите на странско злато од магацините во САД. Одлуката на Западот, кога воведе санкции кон Русија и ги замрзна средствата на Централната банка на Руската Федерација лоцирани во странство и јавно најавува дека планира да ги користи за свои цели, сериозно ги вознемири другите земји кои исто така го складираат своето злато во САД и Велика Британија. Како што пишува списанието „Голд игл“ (Gold Eagle), трендот го потврдува тоа што го предвиделрускиот претседател, Владимир Путин, по замрзнувањето на руското злато - дека е забрзан процесот на повлекување на странските девизни и златни резерви од САД. Од списанието додаваат дека властите во Вашингтон тоа го кријат од американскиот народ. По одлуката на западните земји, официјална Москва постојано предупредуваше дека запленувањето на рускиот имот и приходи ќе има големи последици за Западот.

The post Земји од ширум светот го повлекуваат своето злато од американските трезори appeared first on Република.

]]>
Златните резерви на Русија надминаа рекордни 150 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zlatnite-rezervi-na-rusija-nadminaa-rekordni-150-milijardi-dolari/ Fri, 15 Dec 2023 19:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=722817

Руските златни резерви надминале рекордни 150 милијарди долари

Благодарение на растот на светските цени на овој скапоцен материјал, златните резерви на Русија достигнаа рекордни вредности, соопшти Централната банка на Русија.

Инвестициите во руското злато се зголемиле за 2,2 отсто на 151,9 милијарди долари во ноември, што е највисоко ниво во модерната историја. Претходниот врв беше забележан во октомври на ниво од 148,7 милијарди долари.

Во исто време, физички, резервите на злато се намалуваат втор месец по ред - во ноември тоа било за околу 16 тони, на 2.315 тони.

The post Златните резерви на Русија надминаа рекордни 150 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Руските златни резерви надминале рекордни 150 милијарди долари
Благодарение на растот на светските цени на овој скапоцен материјал, златните резерви на Русија достигнаа рекордни вредности, соопшти Централната банка на Русија.
Инвестициите во руското злато се зголемиле за 2,2 отсто на 151,9 милијарди долари во ноември, што е највисоко ниво во модерната историја. Претходниот врв беше забележан во октомври на ниво од 148,7 милијарди долари. Во исто време, физички, резервите на злато се намалуваат втор месец по ред - во ноември тоа било за околу 16 тони, на 2.315 тони.

The post Златните резерви на Русија надминаа рекордни 150 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zlatnite-rezervi-na-rusija-se-namaleni-za-11-6-milijardi-dolari/ Mon, 07 Aug 2023 07:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=669401

Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки.

Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место.

Од друга страна, Кина, според објавените податоци, и понатаму останува на врвот кога се во прашање меѓународните златни резерви - на крајот на мај 2023 година, нејзините средства изнесуваа 3,371 трилиони долари.

Во март, Руската централна банка (РЦБ) го обнови објавувањето податоци за структурата на девизните резерви.

И додека Русија, Турција, Индија и Кина сочинуваат речиси 60 отсто од нето-промената на златните резерви на глобално ниво од 2017 до 2022 година, малите земји од Блискиот Исток и Северна Африка се тие кои купуваат злато со најбрзи стапки. Мавританија, Катар и Обединетите Арапски Емирати повеќе од тројно ги зголемија своите златни резерви од 2017 до 2022 година, додека Оман ја зголеми својата некогаш скудна понуда на злато за повеќе од сто пати.

The post Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки. Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Од друга страна, Кина, според објавените податоци, и понатаму останува на врвот кога се во прашање меѓународните златни резерви - на крајот на мај 2023 година, нејзините средства изнесуваа 3,371 трилиони долари. Во март, Руската централна банка (РЦБ) го обнови објавувањето податоци за структурата на девизните резерви. И додека Русија, Турција, Индија и Кина сочинуваат речиси 60 отсто од нето-промената на златните резерви на глобално ниво од 2017 до 2022 година, малите земји од Блискиот Исток и Северна Африка се тие кои купуваат злато со најбрзи стапки. Мавританија, Катар и Обединетите Арапски Емирати повеќе од тројно ги зголемија своите златни резерви од 2017 до 2022 година, додека Оман ја зголеми својата некогаш скудна понуда на злато за повеќе од сто пати.

The post Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
САД сака да ги замрзне златните резерви на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-saka-da-gi-zamrzne-drzavnite-zlatni-rezervi-na-rusija/ Thu, 24 Mar 2022 08:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=477509

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, оствари средба со претставници на американскиот Конгрес за да разговара за можното замрзнување на златните резерви на Русија.

Овој потег уследува откако неколку конгресмени поднесоа предлог-закон за забрана на руското злато, кој треба да се фокусира на способноста на Русија да ги продава своите златни резерви со цел да го избегне влијанието на санкциите.

https://twitter.com/nytimesbusiness/status/1506714918820663306?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506714918820663306%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3897187%2Frat-u-ukrajini-28-dan

Сегашните санкции наметнати врз руските функционери, централната банка, претседателот Владимир Путин и другите мерки не влијаат на руските златни резерви што Русија ги акумулирала во последните неколку години.

Според претставници на американскиот Конгрес, Русија има околу 130 милијарди долари златни резерви.

The post САД сака да ги замрзне златните резерви на Русија appeared first on Република.

]]>

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, оствари средба со претставници на американскиот Конгрес за да разговара за можното замрзнување на златните резерви на Русија. Овој потег уследува откако неколку конгресмени поднесоа предлог-закон за забрана на руското злато, кој треба да се фокусира на способноста на Русија да ги продава своите златни резерви со цел да го избегне влијанието на санкциите. https://twitter.com/nytimesbusiness/status/1506714918820663306?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506714918820663306%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3897187%2Frat-u-ukrajini-28-dan Сегашните санкции наметнати врз руските функционери, централната банка, претседателот Владимир Путин и другите мерки не влијаат на руските златни резерви што Русија ги акумулирала во последните неколку години. Според претставници на американскиот Конгрес, Русија има околу 130 милијарди долари златни резерви.

The post САД сака да ги замрзне златните резерви на Русија appeared first on Република.

]]>