„Златната топка“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatnata-topka/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 14:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Златната топка“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatnata-topka/ 32 32 Ахмети од Швајцарија се закани дека без Албанците Македонија немало да постои https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-od-shvajtsarija-se-zakani-deka-bez-albantsite-makedonija-nemalo-da-postoi/ Sun, 24 Nov 2024 14:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=841290

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Македонија. Во фокусот на неговиот говор беа прашањата за употребата на албанскиот јазик и легитимитетот на Владата во однос на албанскиот електорат.

„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60% од гласовите на албанскиот електорат,“ рече Ахмети, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.

Ахмети потсети на преговорите во 2016 година, кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ побарале поддршка за отстапување на Никола Груевски од премиерската функција. „Им реков дека тие работи треба сами да ги решат. Три месеци водевме преговори,“ изјави тој.

Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, подвлекувајќи дека единствена алтернатива за  Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.

Ахмети ја критикуваше неконзистентноста на албанските политички опоненти, потсетувајќи дека постигнале договор за поддршка на уставните измени, кој подоцна бил негиран.

Посетата на Швајцарија е дел од турнејата на Ахмети низ дијаспората, каде што централно место зазема собирот во Арау, по повод годишнината од Првото соопштение на УЧК.

Ахмети ја заврши својата порака со апел за единство и посветеност на заедничките цели за просперитет и стабилност на Албанците во Македонија.

The post Ахмети од Швајцарија се закани дека без Албанците Македонија немало да постои appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Македонија. Во фокусот на неговиот говор беа прашањата за употребата на албанскиот јазик и легитимитетот на Владата во однос на албанскиот електорат.
„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60% од гласовите на албанскиот електорат,“ рече Ахмети, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.
Ахмети потсети на преговорите во 2016 година, кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ побарале поддршка за отстапување на Никола Груевски од премиерската функција. „Им реков дека тие работи треба сами да ги решат. Три месеци водевме преговори,“ изјави тој.
Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, подвлекувајќи дека единствена алтернатива за  Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД. Ахмети ја критикуваше неконзистентноста на албанските политички опоненти, потсетувајќи дека постигнале договор за поддршка на уставните измени, кој подоцна бил негиран. Посетата на Швајцарија е дел од турнејата на Ахмети низ дијаспората, каде што централно место зазема собирот во Арау, по повод годишнината од Првото соопштение на УЧК. Ахмети ја заврши својата порака со апел за единство и посветеност на заедничките цели за просперитет и стабилност на Албанците во Македонија.

The post Ахмети од Швајцарија се закани дека без Албанците Македонија немало да постои appeared first on Република.

]]>
Кој ќе прави ајвар како да јаде кавијар: Пиперката ајварка поскапа 20 посто од лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koj-ke-pravi-ajvar-kado-da-jade-kavijar-piperkata-ajavarka-poskapa-20-posto-od-lani/ Fri, 15 Sep 2023 12:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=682163

Зимницата годинава ќе биде поскапа за македонските граѓани. На Градскиот пазар во Штип денеска пиперките за ајвар се продаваа по цена од 40 до 60 денари. Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев вели дека за разлика од лани граѓаните ајварскиот пипер го купуваат за 20 отсто поскапо. Посочи дека го има во доволни количини, односно производителите и трговците го нудат на своите муштерии. Но, во овој период на пазарот недостига доматот, кој се продава по цена од 80 до 100 денари.

-Има недостиг на домати, а другите артикли ги има колку толку, во доволни количини, е сега цените за продавачите се жалат дека се евтини, а за купувачите е скапо. Во моментов е актуелен ајварскиот пипер лани го имаше од 30 до 50, а сега е од 40 до 60 денари. Значи за некои над 10  до 20 отсто имаме зголемување, вели Колев.

Забележа дека за разлика од лани на пазарот ги нема традиционалните производители на домати, кои се жалат дека оваа сезона немале услови за производство, односно немале вода за наводнување.

-Недостигот на доматот не е во големи количини, но земјоделците какошто ни кажуваат немаат услови да работат. Закупувачите на тезги, односно производителите кои ни доаѓаа оваа сезона се жалат дека немаат вода за наводнување и затоа нема производство на домати, вели Колев.

Прашан колку мерките на Владата ќе придонесот за понудата на зеленчукот и овошјето на Градските пазари, Колев со одговор дека цените на зелените пазари се нормални, освен неколку производи, какошто е доматот кој достигнува цена и до 100 денари.

МИА анкетираше граѓани на Градскиот пазар, кои велат дека годинава за традиционалниот ајвар зеленчукот им е поскап. Некои од нив ајвар ќе прават во помали количини, а некои и воопшто нема да приготват, бидејќи овде ги  калкулираат трудот и маката додека го стават во тегли

The post Кој ќе прави ајвар како да јаде кавијар: Пиперката ајварка поскапа 20 посто од лани appeared first on Република.

]]>

Зимницата годинава ќе биде поскапа за македонските граѓани. На Градскиот пазар во Штип денеска пиперките за ајвар се продаваа по цена од 40 до 60 денари. Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев вели дека за разлика од лани граѓаните ајварскиот пипер го купуваат за 20 отсто поскапо. Посочи дека го има во доволни количини, односно производителите и трговците го нудат на своите муштерии. Но, во овој период на пазарот недостига доматот, кој се продава по цена од 80 до 100 денари.
-Има недостиг на домати, а другите артикли ги има колку толку, во доволни количини, е сега цените за продавачите се жалат дека се евтини, а за купувачите е скапо. Во моментов е актуелен ајварскиот пипер лани го имаше од 30 до 50, а сега е од 40 до 60 денари. Значи за некои над 10  до 20 отсто имаме зголемување, вели Колев.
Забележа дека за разлика од лани на пазарот ги нема традиционалните производители на домати, кои се жалат дека оваа сезона немале услови за производство, односно немале вода за наводнување. -Недостигот на доматот не е во големи количини, но земјоделците какошто ни кажуваат немаат услови да работат. Закупувачите на тезги, односно производителите кои ни доаѓаа оваа сезона се жалат дека немаат вода за наводнување и затоа нема производство на домати, вели Колев. Прашан колку мерките на Владата ќе придонесот за понудата на зеленчукот и овошјето на Градските пазари, Колев со одговор дека цените на зелените пазари се нормални, освен неколку производи, какошто е доматот кој достигнува цена и до 100 денари. МИА анкетираше граѓани на Градскиот пазар, кои велат дека годинава за традиционалниот ајвар зеленчукот им е поскап. Некои од нив ајвар ќе прават во помали количини, а некои и воопшто нема да приготват, бидејќи овде ги  калкулираат трудот и маката додека го стават во тегли

The post Кој ќе прави ајвар како да јаде кавијар: Пиперката ајварка поскапа 20 посто од лани appeared first on Република.

]]>
Џафери: Не морам да свикам седница и да побарате 20 пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-ne-moram-da-svikam-sednitsa-i-da-pobarate-20-pratenitsi/ Tue, 05 Sep 2023 11:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=678997

Можноста дваесет пратеници да побараат свикување нова седница не е и обврска за претседателот на Собранието да свика седница, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, на почетокот на денешната нова 125. седница одговарајќи на барањето на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ да се свика продолжение на 123. седница за да се гласа за уставните измени.

На почетокот од 125 седница во Собранието, претседателот одговори дека основот на барањето е несоодветен.

По однос на барањето, мислам дека основот не ви е соодветен, да побарате свикување на прекината седница. За нова седница е неспорно, можете да побарате, но, тоа е повторно можност да побарате, но не и обврска за да се свика седница. Правниците тоа си го знаат. Свикување седница, покрај другото може да побараат 20 пратеници. Претседателот може да свика седница по барање на 20 пратеници. Може, што значи и не мора. Така што, да сме начисто со тоа. Ниту множев, ниту делев, а кој се множи сам себеси тоа си е негов проблем, рече Џафери.

Тој дополни дека продолжението на прекината седница е во исклучива надлежност на претседателот на Собранието.

Ставот 5 од членот 81 е јасен, прецизен и дециден во смисла на тоа дека прекината седница е во исклучива надлежност на претседателот на Собранието, кога ќе продолжи со таа седница. Впрочем, како што и многу други седници стојат и чекаат продолжение поради одредени работи кои што и вам и на јавноста претходно им се познати, а тоа е поради неработењето на соодветните комисии, рече Џафери.

Тој дополни дека 123. седница ќе продолжи тогаш кога ќе има услови да продолжи.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека седницата на 18 август била затворена без никакво образложение и побара од Џафери, повикувајќи се на член 67 став 2 од Деловникот и согласно потписите од дваесет пратеници од оваа партија да се свика продолжение на оваа седница.

И барем еден облак којшто виси над македонските граѓани да се разреши дилемата околу тоа кој е за или против уставни измени, рече Стојановска.

Според неа, проблемите треба да се решаваат, и во Собранието треба да се зборува за случувањата на Клиниката за онкологија. Забележа дека непосредно пред седницата, која доцнеше со почетокот, се дојдени закони по скратена постапка, меѓу кои и измени на Кривичниот закон.

Според пратеникот Димитар Апасиев, промена на Устав се прави со специјални одредби и деловничкиот рок не зависи од ничија волја.

Собранискиот спикер ја прекина седницата за уставните измени на 18 август со информација дека нема веќе пријавени за дискусија, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.

The post Џафери: Не морам да свикам седница и да побарате 20 пратеници appeared first on Република.

]]>

Можноста дваесет пратеници да побараат свикување нова седница не е и обврска за претседателот на Собранието да свика седница, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, на почетокот на денешната нова 125. седница одговарајќи на барањето на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ да се свика продолжение на 123. седница за да се гласа за уставните измени. На почетокот од 125 седница во Собранието, претседателот одговори дека основот на барањето е несоодветен.
По однос на барањето, мислам дека основот не ви е соодветен, да побарате свикување на прекината седница. За нова седница е неспорно, можете да побарате, но, тоа е повторно можност да побарате, но не и обврска за да се свика седница. Правниците тоа си го знаат. Свикување седница, покрај другото може да побараат 20 пратеници. Претседателот може да свика седница по барање на 20 пратеници. Може, што значи и не мора. Така што, да сме начисто со тоа. Ниту множев, ниту делев, а кој се множи сам себеси тоа си е негов проблем, рече Џафери.
Тој дополни дека продолжението на прекината седница е во исклучива надлежност на претседателот на Собранието.
Ставот 5 од членот 81 е јасен, прецизен и дециден во смисла на тоа дека прекината седница е во исклучива надлежност на претседателот на Собранието, кога ќе продолжи со таа седница. Впрочем, како што и многу други седници стојат и чекаат продолжение поради одредени работи кои што и вам и на јавноста претходно им се познати, а тоа е поради неработењето на соодветните комисии, рече Џафери.
Тој дополни дека 123. седница ќе продолжи тогаш кога ќе има услови да продолжи. Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека седницата на 18 август била затворена без никакво образложение и побара од Џафери, повикувајќи се на член 67 став 2 од Деловникот и согласно потписите од дваесет пратеници од оваа партија да се свика продолжение на оваа седница.
И барем еден облак којшто виси над македонските граѓани да се разреши дилемата околу тоа кој е за или против уставни измени, рече Стојановска.
Според неа, проблемите треба да се решаваат, и во Собранието треба да се зборува за случувањата на Клиниката за онкологија. Забележа дека непосредно пред седницата, која доцнеше со почетокот, се дојдени закони по скратена постапка, меѓу кои и измени на Кривичниот закон. Според пратеникот Димитар Апасиев, промена на Устав се прави со специјални одредби и деловничкиот рок не зависи од ничија волја. Собранискиот спикер ја прекина седницата за уставните измени на 18 август со информација дека нема веќе пријавени за дискусија, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.

The post Џафери: Не морам да свикам седница и да побарате 20 пратеници appeared first on Република.

]]>