Златна рамка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-ramka/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 10:35:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Златна рамка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-ramka/ 32 32 Врачени почесните награди „Златна рамка“ на Тони Михајловски, Марина Колоска и Владимир Анастасов – Вац https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vracheni-pochesnite-nagradi-zlatna-ramka-na-toni-mihajlovski-marina-koloska-i-vladimir-anastasov-vats/ Thu, 20 Jun 2024 10:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=789300

Престижните почесни награди во рамки на филмската ревија „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) беа доделени вчера за време на свечената церемонија која се одржа во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје. Настанот на едно место обедини околу стотина гости - еминентни претставници од светот на културата и кинематографијата и љубители и поддржувачи на македонската филмска индустрија. Годинешните почесни награди беа доделени на Владимир Анастасов - Вац за најистакнат филмски автор, на Тони Михајловски како најистакнат актер и Марина Колоска за најистакнат филмски работник.

Манифестацијата „Златна рамка“ фокусот го става на филмовите произведени во изминатата година и има значајна улога во развојот на филмската култура во земјава. Таа, според организаторите, претставува еден вид витална платформа за филмските професионалци да разменат искуства и согледувања, поттикнувајќи средина за соработка која го подобрува квалитетот и досегот на македонската кинематографија. Истовремено, оваа манифестација ги претставува македонските краткометражни, долгометражни и документарни филмови пред будното око на македонската публика, која со своите впечатоци и критика придонесува за континуиран развој на кинематографијата.

Со организацијата на ’Златна Рамка’, целиме да ја промовираме македонската кинематографија на поширока публика и верувам дека оваа година успеавме во тоа, иако ни преостануваат уште неколку проекции до крајот на овогодинешното издание. Навистина ми е драго што имаме зголемен број на филмски проекции, а киносалите се исполнети до последното столче, изјави Томи Салковски, генерален секретар на ДФРМ.

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Игор Иванов - Изи оценува дека иако посветеноста и креативноста на нашите филмски работници се видливи преку нивната импресивна работа, македонската филмска индустрија бара соодветна поддршка и промоција од нашите институции за вистински просперитет.

Сегашната состојба на македонскиот филм ја истакнува алармантната потреба од систематско делување. Манифестациите како ’Златна рамка’ го прикажуваат потенцијалот на македонската кинематографија, но без одржлива институционална поддршка, нашата филмска индустрија не може да просперира. Апелирам за зголемена поддршка на македонската кинематографија, за да не се доведуваме во ситуација да треба да ја реанимираме и враќаме во живот. Да ја поддржиме и со тоа и да го поттикнеме филмскиот талент во државата. Ги охрабрувам сите граѓани со своето присуство на филмски проекции да ги испочитуваат нашите талентирани филмаџии и да оддадат признание на македонската кинематографија, вели Игор Иванов - Изи.

Како дел од програмата на филмската ревија „Златна рамка“, до крај на завршување на манифестацијата, љубителите на македонскиот филм во киното “Фросина“ ќе може да ги проследат проекциите на документарниот филм „Дневник по многу години“ со почеток од 18:00 часот, како и долгометражните филмови „Лена и Владимир“ со почеток од 20:00 часот и „Домаќинство за почетници“ со почеток од 22:00 часот.

Дополнително, последниот ден од ревијата ќе биде во знакот на еден исклучително важен сегмент на кинематографијата, а тоа е грижата за нејзиното негување и сочувување. Сите заинтересирани ќе може да присуствуваат на трибината на тема „Зачувување на аудиовизуелното наследство“ со почеток од 12 часот, на која ќе учествуваат експерти како Владимир Ангелов, проф. Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски, соопштуваат од ДФРМ.

The post Врачени почесните награди „Златна рамка“ на Тони Михајловски, Марина Колоска и Владимир Анастасов – Вац appeared first on Република.

]]>

Престижните почесни награди во рамки на филмската ревија „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) беа доделени вчера за време на свечената церемонија која се одржа во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје. Настанот на едно место обедини околу стотина гости - еминентни претставници од светот на културата и кинематографијата и љубители и поддржувачи на македонската филмска индустрија. Годинешните почесни награди беа доделени на Владимир Анастасов - Вац за најистакнат филмски автор, на Тони Михајловски како најистакнат актер и Марина Колоска за најистакнат филмски работник. Манифестацијата „Златна рамка“ фокусот го става на филмовите произведени во изминатата година и има значајна улога во развојот на филмската култура во земјава. Таа, според организаторите, претставува еден вид витална платформа за филмските професионалци да разменат искуства и согледувања, поттикнувајќи средина за соработка која го подобрува квалитетот и досегот на македонската кинематографија. Истовремено, оваа манифестација ги претставува македонските краткометражни, долгометражни и документарни филмови пред будното око на македонската публика, која со своите впечатоци и критика придонесува за континуиран развој на кинематографијата.
Со организацијата на ’Златна Рамка’, целиме да ја промовираме македонската кинематографија на поширока публика и верувам дека оваа година успеавме во тоа, иако ни преостануваат уште неколку проекции до крајот на овогодинешното издание. Навистина ми е драго што имаме зголемен број на филмски проекции, а киносалите се исполнети до последното столче, изјави Томи Салковски, генерален секретар на ДФРМ.
Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Игор Иванов - Изи оценува дека иако посветеноста и креативноста на нашите филмски работници се видливи преку нивната импресивна работа, македонската филмска индустрија бара соодветна поддршка и промоција од нашите институции за вистински просперитет.
Сегашната состојба на македонскиот филм ја истакнува алармантната потреба од систематско делување. Манифестациите како ’Златна рамка’ го прикажуваат потенцијалот на македонската кинематографија, но без одржлива институционална поддршка, нашата филмска индустрија не може да просперира. Апелирам за зголемена поддршка на македонската кинематографија, за да не се доведуваме во ситуација да треба да ја реанимираме и враќаме во живот. Да ја поддржиме и со тоа и да го поттикнеме филмскиот талент во државата. Ги охрабрувам сите граѓани со своето присуство на филмски проекции да ги испочитуваат нашите талентирани филмаџии и да оддадат признание на македонската кинематографија, вели Игор Иванов - Изи.
Како дел од програмата на филмската ревија „Златна рамка“, до крај на завршување на манифестацијата, љубителите на македонскиот филм во киното “Фросина“ ќе може да ги проследат проекциите на документарниот филм „Дневник по многу години“ со почеток од 18:00 часот, како и долгометражните филмови „Лена и Владимир“ со почеток од 20:00 часот и „Домаќинство за почетници“ со почеток од 22:00 часот. Дополнително, последниот ден од ревијата ќе биде во знакот на еден исклучително важен сегмент на кинематографијата, а тоа е грижата за нејзиното негување и сочувување. Сите заинтересирани ќе може да присуствуваат на трибината на тема „Зачувување на аудиовизуелното наследство“ со почеток од 12 часот, на која ќе учествуваат експерти како Владимир Ангелов, проф. Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски, соопштуваат од ДФРМ.

The post Врачени почесните награди „Златна рамка“ на Тони Михајловски, Марина Колоска и Владимир Анастасов – Вац appeared first on Република.

]]>
„Преекспонирано“, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“ на шестото издание на „Златна рамка“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/preeksponirano-domakinstvo-za-pochetnitsi-i-lena-i-vladimir-na-shestoto-izdanie-na-zlatna-ramka/ Tue, 18 Jun 2024 12:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=788775

Долгометражни, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција ќе се прикажуваат од вечерва до четврток, 20 јуни, во киното „Фросина“ во МКЦ, во рамки на шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“. Во делот на долгометражната програма, вечер ќе се одржи проекција на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова.

„Златна рамка“ е ревија на македонски филм основана по урнекот на многу европски држави и регионално, каде што се прикажува едногодишната продукција поддржана од Агенцијата за филм на филмовите кои имале премиера минатата календарска година.

Уметничкиот координатор на „Златна Рамка“, Ана Василевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека освен „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, во долгометражната програма е и филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој беше кандидат за Оскар од нашата дража, како и филмот „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, кои ќе се прикажуваат во четврток.

Краткометражната програма, како што рече, ќе може да се види утре и истата ќе оди во еден блок.

Василевска констатираше дека и документарната програма е вредна за внимание, имајќи ја во предвид двојната номинација за Оскар на филмот „Медена земја“, што ни покажува дека македонскиот филм треба посебно да биде посветен и на документарната продукција.

Во документарната програма, утре вечер ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ во режија на Зоран Димов и „Емигрант сум или“ во режија на Сенад Абдул, а во четврток ќе се одржи проекција на „Дневник по многу години“ во режија на Никола Т. Калајџиски.

Како што посочи, во рамки на оваа филмска ревија, граѓаните ќе можат сосема бесплатно во овие три дена ги погледнат македонските филмови.

Таа додаде дека утре традиционално ќе бидат доделени почесните награди „Златна рамка“, кои ДФРМ ги доделува на филмски актер, филмски автор и филмски работник.

Годинава овие награди одат во рацете на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов - Вац, и филмскиот работник Марина Колоска, рече Василевска.

Василевска најави дека во четврток ќе има трибина која е дел од „Златна рамка“ и ќе се однесува на заштитата на аудио-визуелното наследство, која ќе се одржи во фоајето на МКЦ. Во фокус програмата, оваа година проекции ќе има и во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Како што рече Василевска, „Златна рамка“ претставува отчет на тоа што е сработено во една календарска година, но и увид на филмската критика.

„Златна рамка“ е можност каде што после секоја проекција на филмовите, доколку постои интерес имаме и плодни дискусии, да види и филмската критика што е тоа што се случува со македонскиот филм. Втор и не помалку важен сегмент на „Златна рамка“ е тоа што тој служи за афирмирање на македонската кинематографија, која верувам дека голем дел ќе се согласат, не е толку популарна, иако можеби е популарна надвор од границите. Имаме голем подем на македонската кинематографија последните години, додаде Василевска.

Според Василевска, третиот сегмент на „Златна рамка“ е да им се одаде почит на филмските работници, на ДФРМ, кое постои повеќе од 70 години и кое посветено работи на мала кинематографија, но толку многу значајна.

Претседателот на ДФРМ Игор Иванов денеска на брифингот рече дека „Златна рамка“ се соочува оваа година со кратење на буџетот и напомена оти работат со минимални средства и поради тоа не може да биде проширена програмата.

Ние пред две години направивме една иницијатива за таканаречениот „Скопје филм форум“. Ќе беше многу убаво да го повториме и оваа година, тоа беше наша интенција и таков проект поднесовме, но едноставно не добивме поддршка. Не можеме за тоа никого да обвиниме, бидејќи касата во Агенцијата за филм е празна и ние за тоа сме свесни. Добро е што ќе може да се погледне годишната продукција од Македонија ги поканувам сите граѓани да ги видат филмовите, рече Иванов.

 

The post „Преекспонирано“, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“ на шестото издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>

Долгометражни, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција ќе се прикажуваат од вечерва до четврток, 20 јуни, во киното „Фросина“ во МКЦ, во рамки на шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“. Во делот на долгометражната програма, вечер ќе се одржи проекција на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова. „Златна рамка“ е ревија на македонски филм основана по урнекот на многу европски држави и регионално, каде што се прикажува едногодишната продукција поддржана од Агенцијата за филм на филмовите кои имале премиера минатата календарска година. Уметничкиот координатор на „Златна Рамка“, Ана Василевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека освен „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, во долгометражната програма е и филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој беше кандидат за Оскар од нашата дража, како и филмот „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, кои ќе се прикажуваат во четврток. Краткометражната програма, како што рече, ќе може да се види утре и истата ќе оди во еден блок. Василевска констатираше дека и документарната програма е вредна за внимание, имајќи ја во предвид двојната номинација за Оскар на филмот „Медена земја“, што ни покажува дека македонскиот филм треба посебно да биде посветен и на документарната продукција. Во документарната програма, утре вечер ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ во режија на Зоран Димов и „Емигрант сум или“ во режија на Сенад Абдул, а во четврток ќе се одржи проекција на „Дневник по многу години“ во режија на Никола Т. Калајџиски. Како што посочи, во рамки на оваа филмска ревија, граѓаните ќе можат сосема бесплатно во овие три дена ги погледнат македонските филмови. Таа додаде дека утре традиционално ќе бидат доделени почесните награди „Златна рамка“, кои ДФРМ ги доделува на филмски актер, филмски автор и филмски работник.
Годинава овие награди одат во рацете на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов - Вац, и филмскиот работник Марина Колоска, рече Василевска.
Василевска најави дека во четврток ќе има трибина која е дел од „Златна рамка“ и ќе се однесува на заштитата на аудио-визуелното наследство, која ќе се одржи во фоајето на МКЦ. Во фокус програмата, оваа година проекции ќе има и во Домот за стари лица „Мајка Тереза“. Како што рече Василевска, „Златна рамка“ претставува отчет на тоа што е сработено во една календарска година, но и увид на филмската критика.
„Златна рамка“ е можност каде што после секоја проекција на филмовите, доколку постои интерес имаме и плодни дискусии, да види и филмската критика што е тоа што се случува со македонскиот филм. Втор и не помалку важен сегмент на „Златна рамка“ е тоа што тој служи за афирмирање на македонската кинематографија, која верувам дека голем дел ќе се согласат, не е толку популарна, иако можеби е популарна надвор од границите. Имаме голем подем на македонската кинематографија последните години, додаде Василевска.
Според Василевска, третиот сегмент на „Златна рамка“ е да им се одаде почит на филмските работници, на ДФРМ, кое постои повеќе од 70 години и кое посветено работи на мала кинематографија, но толку многу значајна. Претседателот на ДФРМ Игор Иванов денеска на брифингот рече дека „Златна рамка“ се соочува оваа година со кратење на буџетот и напомена оти работат со минимални средства и поради тоа не може да биде проширена програмата.
Ние пред две години направивме една иницијатива за таканаречениот „Скопје филм форум“. Ќе беше многу убаво да го повториме и оваа година, тоа беше наша интенција и таков проект поднесовме, но едноставно не добивме поддршка. Не можеме за тоа никого да обвиниме, бидејќи касата во Агенцијата за филм е празна и ние за тоа сме свесни. Добро е што ќе може да се погледне годишната продукција од Македонија ги поканувам сите граѓани да ги видат филмовите, рече Иванов.
 

The post „Преекспонирано“, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“ на шестото издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>
Почнува шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochnuva-shestoto-izdanie-na-filmskata-revija-zlatna-ramka/ Tue, 18 Jun 2024 07:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=788595

Во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), од денеска до 20 јуни ќе се одржи шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во рамки на тридневната фестивалска програма, почесни награди „Златна Рамка“ ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов – Вац, и филмскиот работник Марина Колоска.

Како што соопштија од Друштвото на филмските работници на Македонија, филмските ентузијасти ќе може да ги проследат најновите филмски остварувања на домашните филмски таленти.

Иницирана како дел од стратешката програма за афирмирање на филмската уметност и домашната продукција, “Златна рамка“ се етаблира како клучен настан за промоција на македонската кинематографија. Примарната цел на фестивалот е транспарентно да ја претстави годишната продукција, а со тоа да го подобри квалитетот на проектите и да генерира интерес кај домашната публика и медиумите. Исто така, оваа филмска ревија нуди платформа за филмските професионалци да разговараат за релевантни прашања и да ги споделат нивните достигнувања. Во текот на следните три дена, „Златна рамка“ ќе служи како енергично место за средба на филмаџиите, актерите и кино ентузијастите, се наведува во соопштението од ДФРМ.

Најавена е програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција.

 

The post Почнува шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), од денеска до 20 јуни ќе се одржи шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Во рамки на тридневната фестивалска програма, почесни награди „Златна Рамка“ ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов – Вац, и филмскиот работник Марина Колоска. Како што соопштија од Друштвото на филмските работници на Македонија, филмските ентузијасти ќе може да ги проследат најновите филмски остварувања на домашните филмски таленти.
Иницирана како дел од стратешката програма за афирмирање на филмската уметност и домашната продукција, “Златна рамка“ се етаблира како клучен настан за промоција на македонската кинематографија. Примарната цел на фестивалот е транспарентно да ја претстави годишната продукција, а со тоа да го подобри квалитетот на проектите и да генерира интерес кај домашната публика и медиумите. Исто така, оваа филмска ревија нуди платформа за филмските професионалци да разговараат за релевантни прашања и да ги споделат нивните достигнувања. Во текот на следните три дена, „Златна рамка“ ќе служи како енергично место за средба на филмаџиите, актерите и кино ентузијастите, се наведува во соопштението од ДФРМ.
Најавена е програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција.  

The post Почнува шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>
Актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов – Вац, и филмскиот работник Марина Колоска – добитници на почесни награди „Златна Рамка“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/akterot-toni-mihajlovski-produtsentot-vladimir-anastasov-vats-i-filmskiot-rabotnik-marina-koloska-dobitnitsi-na-pochesni-nagradi-zlatna-ramka/ Mon, 17 Jun 2024 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=788453

Во рамки на тридневната фестивалска програма, која започнува на 18.06.2024 година, почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија:

• Тони Михајловски, истакнат филмски актер: Роден на 30 јуни 1967 г., во Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин (1993). Од 1994 до 1999 г. работи во Македонскиот народен театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 г. повторно се враќа во Македонски народен театар – Скопје.

• Владимир Анастасов – Вац, продуцент, ќе ја добие наградата за истакнат филмски автор. Анастасов дипломирал на катедрата за Филм, Театар и ТВ продукција при Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија. Во декември 2002 година, ја основа продуцентската куќа „Сектор филм“, во чии рамки е продуцент на голем број наградувани филмови, прикажани на меѓународни филмски фестивали.

• Марина Колоска, истакнат филмски работник: Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот камера. Во периодот од 2000 до 2004 година, својот кариерен пат го гради како дел од тимот на Македонската Радио Телевизија (МРТВ). До сега, Колоска била прв асистент на камера на над 60 кратки и играни филмови.

Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18. до 20. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Филмските ентузијасти ќе може да ги проследат најновите филмски остварувања на домашните филмски таленти. Филмската ревија “Златна рамка“ ќе започне традиционално, со свеченото собрание на ДФРМ, по што ќе следува богата тридневна филмска програма.

Иницирана како дел од стратешката програма за афирмирање на филмската уметност и домашната продукција, „Златна рамка“ се етаблира како клучен настан за промоција на македонската кинематографија. Примарната цел на фестивалот е транспарентно да ја претстави годишната продукција, а со тоа да го подобри квалитетот на проектите и да генерира интерес кај домашната публика и медиумите. Исто така, оваа филмска ревија нуди платформа за филмските професионалци да разговараат за релевантни прашања и да ги споделат нивните достигнувања. Во текот на следните три дена, „Златна рамка“ ќе служи како енергично место за средба на филмаџиите, актерите и кино ентузијастите.

Присутните може да очекуваат да уживаат во програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција.

„Златна рамка“ ја симболизира основната кинематографска „рамка“, суштинската единица на филмската технологија. Оваа филмска ревија која веќе традиционално се одржува секоја година, продолжува да ги промовира македонските филмски дела и да придонесува за енергичниот културен дијалог што ги надминува лингвистичките и културните граници.

ПРОГРАМА
Долгометражни филмови:

• 18 јуни, 20.30 часот: „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова, во продукција на „ДНФ филмска продукција“.
• 20 јуни, 20.00 часот: „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, во продукција на „Мајнд продукција“.
• 20 јуни, 22.00 часот: „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски, во продукција на „Лист продукција“.

Краткометражни филмови: На 19 јуни во 18 часот ќе бидат прикажани девет кратки филмови. На програмата се остварувања на режисерите: Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Гоце Трајковски.

Документарна програма:

• 18 јуни, 18.00 часот: „Бисер“ во режија на Драган Кумев, „Кумев Бротхерс продукција“.
• 18 јуни, 18.00 часот: „Последниот каубој на Балканот“ во режија на Сабедин Али, во продукција на „Визиони Плус д.о.о.е.л.“.
• 19 јуни, 12.00 часот: „Живот на крстосница“ (Недопирливи) од Зоран Димов, во продукција на “Супер Продукција БТР“ и „Емигрант сум или…“ од Сенад Абдули, “Арнел Продакшн д.о.о.е.л.“.
• 20 јуни, 18.00 часот: „Дневник по многу години“ (Јанsа) во режија Никола Т. Калајџиски, а во продукција на “Контраст Филм“.

Социјална програма „Фокус“: Специјални проекции кои ќе се одржат на 20 јуни во Домот за стари лица “Мајка Тереза“ за публиката која не може да го посети киното “Фросина“.

Дополнителни настани:

• 19 јуни, 20.00 часот: Презентација на филмската камера на „Sony“.
• 20 јуни, 12.00 часот: Трибина на тема “Зачувување на аудиовизуелното наследство“ на која учествуваат експерти како Владимир Ангелов, проф. Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

 

The post Актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов – Вац, и филмскиот работник Марина Колоска – добитници на почесни награди „Златна Рамка“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на тридневната фестивалска програма, која започнува на 18.06.2024 година, почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: • Тони Михајловски, истакнат филмски актер: Роден на 30 јуни 1967 г., во Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин (1993). Од 1994 до 1999 г. работи во Македонскиот народен театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 г. повторно се враќа во Македонски народен театар – Скопје. • Владимир Анастасов – Вац, продуцент, ќе ја добие наградата за истакнат филмски автор. Анастасов дипломирал на катедрата за Филм, Театар и ТВ продукција при Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија. Во декември 2002 година, ја основа продуцентската куќа „Сектор филм“, во чии рамки е продуцент на голем број наградувани филмови, прикажани на меѓународни филмски фестивали. • Марина Колоска, истакнат филмски работник: Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот камера. Во периодот од 2000 до 2004 година, својот кариерен пат го гради како дел од тимот на Македонската Радио Телевизија (МРТВ). До сега, Колоска била прв асистент на камера на над 60 кратки и играни филмови. Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18. до 20. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Филмските ентузијасти ќе може да ги проследат најновите филмски остварувања на домашните филмски таленти. Филмската ревија “Златна рамка“ ќе започне традиционално, со свеченото собрание на ДФРМ, по што ќе следува богата тридневна филмска програма. Иницирана како дел од стратешката програма за афирмирање на филмската уметност и домашната продукција, „Златна рамка“ се етаблира како клучен настан за промоција на македонската кинематографија. Примарната цел на фестивалот е транспарентно да ја претстави годишната продукција, а со тоа да го подобри квалитетот на проектите и да генерира интерес кај домашната публика и медиумите. Исто така, оваа филмска ревија нуди платформа за филмските професионалци да разговараат за релевантни прашања и да ги споделат нивните достигнувања. Во текот на следните три дена, „Златна рамка“ ќе служи како енергично место за средба на филмаџиите, актерите и кино ентузијастите. Присутните може да очекуваат да уживаат во програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција. „Златна рамка“ ја симболизира основната кинематографска „рамка“, суштинската единица на филмската технологија. Оваа филмска ревија која веќе традиционално се одржува секоја година, продолжува да ги промовира македонските филмски дела и да придонесува за енергичниот културен дијалог што ги надминува лингвистичките и културните граници. ПРОГРАМА Долгометражни филмови: • 18 јуни, 20.30 часот: „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова, во продукција на „ДНФ филмска продукција“. • 20 јуни, 20.00 часот: „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, во продукција на „Мајнд продукција“. • 20 јуни, 22.00 часот: „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски, во продукција на „Лист продукција“. Краткометражни филмови: На 19 јуни во 18 часот ќе бидат прикажани девет кратки филмови. На програмата се остварувања на режисерите: Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Гоце Трајковски. Документарна програма: • 18 јуни, 18.00 часот: „Бисер“ во режија на Драган Кумев, „Кумев Бротхерс продукција“. • 18 јуни, 18.00 часот: „Последниот каубој на Балканот“ во режија на Сабедин Али, во продукција на „Визиони Плус д.о.о.е.л.“. • 19 јуни, 12.00 часот: „Живот на крстосница“ (Недопирливи) од Зоран Димов, во продукција на “Супер Продукција БТР“ и „Емигрант сум или…“ од Сенад Абдули, “Арнел Продакшн д.о.о.е.л.“. • 20 јуни, 18.00 часот: „Дневник по многу години“ (Јанsа) во режија Никола Т. Калајџиски, а во продукција на “Контраст Филм“. Социјална програма „Фокус“: Специјални проекции кои ќе се одржат на 20 јуни во Домот за стари лица “Мајка Тереза“ за публиката која не може да го посети киното “Фросина“. Дополнителни настани: • 19 јуни, 20.00 часот: Презентација на филмската камера на „Sony“. • 20 јуни, 12.00 часот: Трибина на тема “Зачувување на аудиовизуелното наследство“ на која учествуваат експерти како Владимир Ангелов, проф. Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.  

The post Актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов – Вац, и филмскиот работник Марина Колоска – добитници на почесни награди „Златна Рамка“ appeared first on Република.

]]>
„Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20-22 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-ramka-2023-vo-organizatsija-na-dfrm-so-proshirena-programa-besplatni-proektsii-i-tribini-od-20-22-april/ Thu, 13 Apr 2023 11:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=630522

Петтото издание на „Златна рамка 2023“ под наслов „Во наш филм“, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 20 до 22 април во Кинотека на Македонија и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската манифестација „Златна рамка“ веќе пет години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а кои се финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата е планирано да понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни и седум краткометражни филмови.

Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска, како и документарните филмови „How do you define arrogance“ режиран од Небојша Илијевски, „Фениксот од Кавадарци-Васил Хаџиманов“ во режија на Мишо Нетков и „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова. Краткометражната програма ќе се одвива во Киното „Фросина“, во рамките на која, во петок, на 21 април ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ во режија на Томислав Алексов, „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Обичната Ели“ режиран од Лавинија Софрониевска. На 22. Април (сабота) ќе бидат прикажани „Синиот час“ во режија на Ана Јакимска, „Си беше еднаш еден звук“ на Огнен Шапковски, „Бесценета“ режиран од Дејан Јованов и „Соло Мод“ во режија на Тамара Котевска.

Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, петтото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.

Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска манифестација има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2023“, ќе го избере  директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој почнувајќи од 1979 година е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во месец септември е планирано да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“, истакна претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.

„Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број од домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги креирале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја проекција, истакна Василевска.

Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски посочи дека како и минатата година, „Златна рамка“ ќе продолжи со спроведување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да ги посети кино салите.

Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, и оваа година на „Златна рамка“ ќе бидат организирани проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино, ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции, вели Салковски.

 

 

 

 

The post „Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20-22 април appeared first on Република.

]]>

Петтото издание на „Златна рамка 2023“ под наслов „Во наш филм“, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 20 до 22 април во Кинотека на Македонија и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската манифестација „Златна рамка“ веќе пет години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а кои се финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата е планирано да понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни и седум краткометражни филмови. Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска, како и документарните филмови „How do you define arrogance“ режиран од Небојша Илијевски, „Фениксот од Кавадарци-Васил Хаџиманов“ во режија на Мишо Нетков и „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова. Краткометражната програма ќе се одвива во Киното „Фросина“, во рамките на која, во петок, на 21 април ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ во режија на Томислав Алексов, „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Обичната Ели“ режиран од Лавинија Софрониевска. На 22. Април (сабота) ќе бидат прикажани „Синиот час“ во режија на Ана Јакимска, „Си беше еднаш еден звук“ на Огнен Шапковски, „Бесценета“ режиран од Дејан Јованов и „Соло Мод“ во режија на Тамара Котевска. Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, петтото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.
Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска манифестација има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2023“, ќе го избере  директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој почнувајќи од 1979 година е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во месец септември е планирано да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“, истакна претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.
Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.
„Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број од домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги креирале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја проекција, истакна Василевска.
Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски посочи дека како и минатата година, „Златна рамка“ ќе продолжи со спроведување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да ги посети кино салите.
Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, и оваа година на „Златна рамка“ ќе бидат организирани проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино, ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции, вели Салковски.
       

The post „Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20-22 април appeared first on Република.

]]>
Стандардизиран буџет за филм и дефиниран статус на филмските работници за поубава филмска иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/standardiziran-budzet-za-film-i-definiran-status-na-filmskite-rabotnici-za-poubava-filmska-idnina/ Tue, 19 Jul 2022 11:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=531020

Неодамнешното четврто издание на „Златна рамка“ повторно ги начна темите што го кочат филмот и македонската кинематографија, со посебен акцент на Законот за филм и статусот на филмските работници во државата.

 

Актуелниот закон за филмска дејност, донесен во 2014 година, не е во согласност со начелата на Друштвото на филмски работници на Македонија и веќе подолго време ДФРМ се залага за донесување нов закон, со кој би се стандардизирал националниот буџет за филм и конечно би се решил статусот на филмските работници во државата.

 

Овие прашања беа отворени и на неодамна завршеното четврто издание на манифестацијата „Златна рамка“, чија цел е промоција и доближување на македонскиот филм до публиката, каде што меѓу другото беа опфатени важни теми што го кочат филмот и македонската кинематографија, со посебен акцент на Законот за филм и статусот на филмските работници во државата.

 

Во рамките на „Златна рамка“ се одржа интернационалниот филмски форум на темите „Модели на финансирање и легислатива“ и „Регионална соработка, можности и унапредување“, на кој учествуваа девет директори на национални филмски фондови и продуценти од осум земји, меѓу кои Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција, кои ги споделија своите искуства и третманот на филмот во нивните земји. На Форумот се разговараше за теми кои во другите држави се одамна апсолвирани, но не и кај нас, а тоа е стандардизацијата на буџетите за филм, позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, моделите на копродукција итн.

 

Хрватите се пофалија со буџет од 10,5 милиони евра од државата, додека Словенија има 6,5 милиони евра и се бори за повеќе. Турција ја поседува најголемата филмска индустрија на Балканот и на државно ниво безрезервно вложува во продукција и филмска промоција. Грција гордо истакна дека Роберт Де Ниро периодов снима кај нив, а одлично искуство имале и со Антонио Бандерас. Македонија во моментов „кубури“ заеднички со Црна Гора, Албанија, Косово…

 

Според режисерот и претседател на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, една од битните сопки е непостоењето на стандарден буџет за филм. „Биполарниот“ буџет потекнува од Министерството за култура, секој министер (а сведоци сме дека за пет години се сменија пет министри) има различни погледи, различни приоритети… И некако на нишан секогаш е буџетот за филм. Тоа значи ако една година буџетот од државата е два милиони евра, следната година може да е 1,5 или 1 милион, а со ребалансот на буџетот може и пак да се намали, и филмските работници да се остават на цедило, без однапред предвидените и ветени пари, а нивните проекти да чекаат подобри времиња, подобри услови, или нова гарнитура во министерството, со поперспективни погледи кон филмот.

 

Во Македонија имаме голем проблем со тоа што кај нас не постои стандарден буџет за филм, па политичките инстанци можат да ја моделираат оваа ставка по свое видување и потреба. Кога се случуваат ребаланси на буџетот, некако наједноставно им е на надлежните да скратат од културата и филмот, а сето тоа може да ја доведе во прашање егзистенцијата на филмската дејност, бидејќи во најголем дел од случаите станува збор за независни продукции, кои зависат од овие пари. А Друштвото бара само стабилен, стандарден буџет и властите да си останат на зборот, да ги одржат ветувањата. Кога има вакви кратења на буџетот за филм и кога за тоа ќе ги известиме колегите копродуценти од другите земји дека можеби ќе има намалување на буџетот, тие не можат да го разберат тоа. Друштвото на филмските работници предлага ставката за финансирање од буџетот на државата да биде по жител, како што е случај во скандинавските земји, на пример, и да бидат воведени одредени даночни олеснувања, како и финансирање на филмот и преку локалната самоуправа“, вели Иванов.

 

Еден од предизвиците што си го постави ДФРМ е и да се дефинира статусот на филмските работници, што е од круцијална важност за оваа индустрија. Без нив ниту еден филм не би се снимил, ниту еден проект не би се реализирал, а максимумот што го добиваат е хонорар и статус фриленсер. Филмските работници можеби не се директни автори во процесот на создавање на филмот, но се важни чинители за секоја филмска продукција.

 

Според првиот човек на ДФРМ, Игор Иванов, секаде во светот и во сите кинематографии постојат колективни договори и агенции преку кои се решава статусот на филмските работници. Според него, на членовите на ДФРМ, а станува збор за нешто повеќе од сто луѓе, треба да им биде дефиниран статусот. Во минатото тие биле вработувани во „Вардар филм“, а по распаѓањето на Југославија и трансформацијата кон приватни продуцентски куќи, овие луѓе останаа без статус и соодветна поддршка од државата. Со донесувањето на новиот закон за филм, тие се надеваат и очекуваат да биде решено и ова битно социјално прашање во филмската дејност.

 

ДФРМ уште пред две години, при одбележувањето на 70 години од своето постоење си постави задача да се официјализира и дефинира статусот на филмските работници. Станува збор за голем број професионалци  (мајстор на сцена, фар-мајстор, шарфер, гафер, мајстор на светло, гардеробер, асистент-костимограф и други), кои не се директни автори во процесот на создавање на филмот, но се важни чинители за секоја филмска продукција. Овие луѓе не се некаде вработени, односно станува збор за фриленсери што заслужуваат да имаат решен статус. Тие напорно работат, некогаш и по 12 часа дневно, на терен, планина, во екстремни услови за хонорар, а кога ќе бидат физички немоќни да останат во професијата, би можеле да останат без заслужениот пензиски надоместок. Сите оние што учествуваат во градењето на сцената и сите луѓе што работат зад камерите, исто така заслужуваат да имаат свој статус. Со донесувањето на новиот Закон за филм се надеваме и очекуваме да биде решено и ова битно кадровско прашање во филмската дејност“, потенцира Игор Иванов-Изи.

 

 

 

The post Стандардизиран буџет за филм и дефиниран статус на филмските работници за поубава филмска иднина appeared first on Република.

]]>

Неодамнешното четврто издание на „Златна рамка“ повторно ги начна темите што го кочат филмот и македонската кинематографија, со посебен акцент на Законот за филм и статусот на филмските работници во државата.   Актуелниот закон за филмска дејност, донесен во 2014 година, не е во согласност со начелата на Друштвото на филмски работници на Македонија и веќе подолго време ДФРМ се залага за донесување нов закон, со кој би се стандардизирал националниот буџет за филм и конечно би се решил статусот на филмските работници во државата.   Овие прашања беа отворени и на неодамна завршеното четврто издание на манифестацијата „Златна рамка“, чија цел е промоција и доближување на македонскиот филм до публиката, каде што меѓу другото беа опфатени важни теми што го кочат филмот и македонската кинематографија, со посебен акцент на Законот за филм и статусот на филмските работници во државата.   Во рамките на „Златна рамка“ се одржа интернационалниот филмски форум на темите „Модели на финансирање и легислатива“ и „Регионална соработка, можности и унапредување“, на кој учествуваа девет директори на национални филмски фондови и продуценти од осум земји, меѓу кои Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција, кои ги споделија своите искуства и третманот на филмот во нивните земји. На Форумот се разговараше за теми кои во другите држави се одамна апсолвирани, но не и кај нас, а тоа е стандардизацијата на буџетите за филм, позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, моделите на копродукција итн.   Хрватите се пофалија со буџет од 10,5 милиони евра од државата, додека Словенија има 6,5 милиони евра и се бори за повеќе. Турција ја поседува најголемата филмска индустрија на Балканот и на државно ниво безрезервно вложува во продукција и филмска промоција. Грција гордо истакна дека Роберт Де Ниро периодов снима кај нив, а одлично искуство имале и со Антонио Бандерас. Македонија во моментов „кубури“ заеднички со Црна Гора, Албанија, Косово…   Според режисерот и претседател на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, една од битните сопки е непостоењето на стандарден буџет за филм. „Биполарниот“ буџет потекнува од Министерството за култура, секој министер (а сведоци сме дека за пет години се сменија пет министри) има различни погледи, различни приоритети… И некако на нишан секогаш е буџетот за филм. Тоа значи ако една година буџетот од државата е два милиони евра, следната година може да е 1,5 или 1 милион, а со ребалансот на буџетот може и пак да се намали, и филмските работници да се остават на цедило, без однапред предвидените и ветени пари, а нивните проекти да чекаат подобри времиња, подобри услови, или нова гарнитура во министерството, со поперспективни погледи кон филмот.  
Во Македонија имаме голем проблем со тоа што кај нас не постои стандарден буџет за филм, па политичките инстанци можат да ја моделираат оваа ставка по свое видување и потреба. Кога се случуваат ребаланси на буџетот, некако наједноставно им е на надлежните да скратат од културата и филмот, а сето тоа може да ја доведе во прашање егзистенцијата на филмската дејност, бидејќи во најголем дел од случаите станува збор за независни продукции, кои зависат од овие пари. А Друштвото бара само стабилен, стандарден буџет и властите да си останат на зборот, да ги одржат ветувањата. Кога има вакви кратења на буџетот за филм и кога за тоа ќе ги известиме колегите копродуценти од другите земји дека можеби ќе има намалување на буџетот, тие не можат да го разберат тоа. Друштвото на филмските работници предлага ставката за финансирање од буџетот на државата да биде по жител, како што е случај во скандинавските земји, на пример, и да бидат воведени одредени даночни олеснувања, како и финансирање на филмот и преку локалната самоуправа“, вели Иванов.
  Еден од предизвиците што си го постави ДФРМ е и да се дефинира статусот на филмските работници, што е од круцијална важност за оваа индустрија. Без нив ниту еден филм не би се снимил, ниту еден проект не би се реализирал, а максимумот што го добиваат е хонорар и статус фриленсер. Филмските работници можеби не се директни автори во процесот на создавање на филмот, но се важни чинители за секоја филмска продукција.   Според првиот човек на ДФРМ, Игор Иванов, секаде во светот и во сите кинематографии постојат колективни договори и агенции преку кои се решава статусот на филмските работници. Според него, на членовите на ДФРМ, а станува збор за нешто повеќе од сто луѓе, треба да им биде дефиниран статусот. Во минатото тие биле вработувани во „Вардар филм“, а по распаѓањето на Југославија и трансформацијата кон приватни продуцентски куќи, овие луѓе останаа без статус и соодветна поддршка од државата. Со донесувањето на новиот закон за филм, тие се надеваат и очекуваат да биде решено и ова битно социјално прашање во филмската дејност.  
ДФРМ уште пред две години, при одбележувањето на 70 години од своето постоење си постави задача да се официјализира и дефинира статусот на филмските работници. Станува збор за голем број професионалци  (мајстор на сцена, фар-мајстор, шарфер, гафер, мајстор на светло, гардеробер, асистент-костимограф и други), кои не се директни автори во процесот на создавање на филмот, но се важни чинители за секоја филмска продукција. Овие луѓе не се некаде вработени, односно станува збор за фриленсери што заслужуваат да имаат решен статус. Тие напорно работат, некогаш и по 12 часа дневно, на терен, планина, во екстремни услови за хонорар, а кога ќе бидат физички немоќни да останат во професијата, би можеле да останат без заслужениот пензиски надоместок. Сите оние што учествуваат во градењето на сцената и сите луѓе што работат зад камерите, исто така заслужуваат да имаат свој статус. Со донесувањето на новиот Закон за филм се надеваме и очекуваме да биде решено и ова битно кадровско прашање во филмската дејност“, потенцира Игор Иванов-Изи.
     

The post Стандардизиран буџет за филм и дефиниран статус на филмските работници за поубава филмска иднина appeared first on Република.

]]>
Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/osum-makedonski-filmovi-od-minatata-godina-prviot-internacionalen-filmski-forum-i-socijalnata-programa-fokus-go-odbelezaa-4-izdanie-na-zlatna-ramka/ Mon, 13 Jun 2022 11:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=514496

Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“

Во изминатите четири дена (9 до 12 јуни) се одржа четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од година во година се зголемува посетеноста на фестивалот, а годинава публиката можеше бесплатно да погледне осум македонски филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови.

Одбележувајќи го четвртотото издание на „Златна рамка“, ДФРМ ги додели и традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник му припадна на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја доби Сашко Коцев. Оваа година, за првпат беше биде доделена и почесна награда на странски автор, која му припадна на познатиот филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ.

Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, беше одржан и првиот Интернационален Филмски Форум на кој присуствуваа девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот . На Форумот беше продлабочена соработката со регионалните продукции и беа разменети искуства во насока на поголема поддршка на македонската кинематографија. На Форумот стана збор и за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.

Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е и отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не можеше да го посети киното „Фросина“. Годинава, проекции беа прикажани за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, како и во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот во Шуто Оризари.

Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот.

 

 

 

The post Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>

Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“ Во изминатите четири дена (9 до 12 јуни) се одржа четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од година во година се зголемува посетеноста на фестивалот, а годинава публиката можеше бесплатно да погледне осум македонски филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови. Одбележувајќи го четвртотото издание на „Златна рамка“, ДФРМ ги додели и традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник му припадна на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја доби Сашко Коцев. Оваа година, за првпат беше биде доделена и почесна награда на странски автор, која му припадна на познатиот филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, беше одржан и првиот Интернационален Филмски Форум на кој присуствуваа девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот . На Форумот беше продлабочена соработката со регионалните продукции и беа разменети искуства во насока на поголема поддршка на македонската кинематографија. На Форумот стана збор и за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн. Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е и отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не можеше да го посети киното „Фросина“. Годинава, проекции беа прикажани за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, како и во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот во Шуто Оризари. Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот.      

The post Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>
Сашко Коцев, Драган Бјелогрлиќ, Кирил Спасески и Бранко Петровски добитници на наградите „Златна рамка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sashko-kocev-dragan-bjelogrlikj-kiril-spaseski-i-branko-petrovski-dobitnici-na-nagradite-zlatna-ramka/ Tue, 07 Jun 2022 08:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=512052

Одбележувајќи го четвртотото издание на манифестацијата „Златна рамка“, Друштвото на филмски работници на Македонија ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник ќе му припадне на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја добива Сашко Коцев. Оваа година, за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. ДФРМ годинава одлучи да им одаде почит за нивната импресивна работа која низ годините допринесува за успешен развој на националната и балканската кинематографија.

Кирил Спасески ја добива наградата филмски автор поради неуморната посветеност и извонредното сценографско обличје на десетиците филмови од земјава и регионот.

Добитник на почесната награда филмски работник е Бранко Петровски поради дедицираноста кон македонскиот филм во процесите на неговото создавање и промоција и особената посветеност на младите автори и нивниот пробив.

Актерот Сашко Коцев ја заслужи почесната награда филмски актер со низата вонредни филмски остварувања во последните години.

Драган Бјелогрлиќ ја добива почесната награда за странски автор поради неговата појава пред се како актер, додека како продуцент и режисер ги обединува малите балкански народи. Неговото име и презиме значи мост помеѓу нашите слични, а сепак многу различни култури, нации и конфесии. Оваа награда е еден вид признание за особен приодонес кон балканскиот филм и градењето на културна кохезија помеѓу балканците.

 

Церемонијата на доделување на наградите во присуство на странски гости ќе се одржи на отворањето на „Златна рамка 22“, на 9. јуни во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 20 часот.

 

Манифестацијата „Златна рамка“ годинава се одржува од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

The post Сашко Коцев, Драган Бјелогрлиќ, Кирил Спасески и Бранко Петровски добитници на наградите „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>

Одбележувајќи го четвртотото издание на манифестацијата „Златна рамка“, Друштвото на филмски работници на Македонија ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник ќе му припадне на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја добива Сашко Коцев. Оваа година, за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. ДФРМ годинава одлучи да им одаде почит за нивната импресивна работа која низ годините допринесува за успешен развој на националната и балканската кинематографија. Кирил Спасески ја добива наградата филмски автор поради неуморната посветеност и извонредното сценографско обличје на десетиците филмови од земјава и регионот. Добитник на почесната награда филмски работник е Бранко Петровски поради дедицираноста кон македонскиот филм во процесите на неговото создавање и промоција и особената посветеност на младите автори и нивниот пробив. Актерот Сашко Коцев ја заслужи почесната награда филмски актер со низата вонредни филмски остварувања во последните години. Драган Бјелогрлиќ ја добива почесната награда за странски автор поради неговата појава пред се како актер, додека како продуцент и режисер ги обединува малите балкански народи. Неговото име и презиме значи мост помеѓу нашите слични, а сепак многу различни култури, нации и конфесии. Оваа награда е еден вид признание за особен приодонес кон балканскиот филм и градењето на културна кохезија помеѓу балканците.   Церемонијата на доделување на наградите во присуство на странски гости ќе се одржи на отворањето на „Златна рамка 22“, на 9. јуни во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 20 часот.   Манифестацијата „Златна рамка“ годинава се одржува од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

The post Сашко Коцев, Драган Бјелогрлиќ, Кирил Спасески и Бранко Петровски добитници на наградите „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>
На „Златна рамка“ проекции за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-zlatna-ramka-proekcii-za-shtitenicite-vo-domot-za-stari-lica-majka-tereza-skopje-gradskata-opshta-bolnica-8-mi-septemvri-i-vo-zatvorot-shutka/ Sat, 04 Jun 2022 14:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=511083

Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни

Четвртото издание на „Златна рамка“, ревија на македонски филмови во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Оваа година ќе бидат прикажани осум филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови.

Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, која ќе биде наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“. Водејќи се од ова сознание, ДФРМ одлучи филмот да го донесе пред оние граѓани, во институциите каде што се затекнати поради најразлични околности (пензионерски домови, затвори, болници, домови за деца, казнено-поправни домови итн.).

Филмската уметност им припаѓа на сите, без исклучок. Филмот, од самата негова појава пред речиси 130 години се до денес е постојан придружник на современиот човек, без разлика на неговиот материјален, образовен и социјален статус. Но, за жал, а особено на овие наши простори, постојат извесни групи на граѓани кои од најразлични причини се социјално маргинализирани, изолирани и спречени да восприемаат филмска уметност, што пак во современиот свет претставува елементарно човеково право, без разлика на статусот на секој еден од нас.

Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната „Златна рамка“ ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни

Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата  „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот.

 

Друштвото на филмски работници на Македонија верува дека филмската уметност и нејзината повеќекратна семантичка димензија е благороден начин на комуникација и можност за подобрување на животот и на оние луѓе кои судбината од различни причини ги ограничила во нивното движење, дејствување и желба за социјална интеграција. Оваа социјално одговорна програма е иницијатива на „Златна рамка“ и ќе се практикува и во иднина.

 

 

 

 

 

The post На „Златна рамка“ проекции за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“ appeared first on Република.

]]>

Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни Четвртото издание на „Златна рамка“, ревија на македонски филмови во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Оваа година ќе бидат прикажани осум филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови. Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, која ќе биде наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“. Водејќи се од ова сознание, ДФРМ одлучи филмот да го донесе пред оние граѓани, во институциите каде што се затекнати поради најразлични околности (пензионерски домови, затвори, болници, домови за деца, казнено-поправни домови итн.). Филмската уметност им припаѓа на сите, без исклучок. Филмот, од самата негова појава пред речиси 130 години се до денес е постојан придружник на современиот човек, без разлика на неговиот материјален, образовен и социјален статус. Но, за жал, а особено на овие наши простори, постојат извесни групи на граѓани кои од најразлични причини се социјално маргинализирани, изолирани и спречени да восприемаат филмска уметност, што пак во современиот свет претставува елементарно човеково право, без разлика на статусот на секој еден од нас. Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната „Златна рамка“ ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата  „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот.   Друштвото на филмски работници на Македонија верува дека филмската уметност и нејзината повеќекратна семантичка димензија е благороден начин на комуникација и можност за подобрување на животот и на оние луѓе кои судбината од различни причини ги ограничила во нивното движење, дејствување и желба за социјална интеграција. Оваа социјално одговорна програма е иницијатива на „Златна рамка“ и ќе се практикува и во иднина.          

The post На „Златна рамка“ проекции за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“ appeared first on Република.

]]>
Нови македонски филмови, интернационален форум и програма за маргинализирани лица на 4. издание на „Златна рамка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-makedonski-filmovi-internacionalen-forum-i-programa-za-marginalizirani-lica-na-4-izdanie-na-zlatna-ramka/ Fri, 03 Jun 2022 11:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=510611

Со проширена програма, бесплатни проекции, меѓународни гости и работилници од 9-12 јуни ќе се одржи "Златна рамка" во организација на ДФРМ

Четвртото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската ревија „Златна рамка“ веќе четири години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм.

Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Сестри“ во режија на Дина Дума, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи и „Сокриениот“ во режија на Арсим Фазлија, документарниот филм „Брод полн со бисери“ режиран од Александар Зиков и краткометражните филмови „Северен пол“ во режија на Марија Апчевска, „Баскет“ на Димитар Банов, „Касапот“ режиран од Илчо Царовски и „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ.

Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, четвртото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.

 

Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска ревија има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2022“, ќе се осврне и на стандрардизирање на буџетот за филм според европските модели и негово перманентно зголемување, донесувањето нов Закон за филмска дејност, како и на регулирање на статусот на филмските работници“, истакна Иванов.

 

Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.

На сите креaтивни остварувања, а посебно на филмот кој претставува најкомплексна уметност потребна му е поддршката од својата публика. „Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број на домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја програма“, нагласи Василевска.

 

Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски  објави дека значајна новина на „Златна рамка“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“.

Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната манифестација ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека на 12. јуни, граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции“, посочи Салковски.

 

Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, ќе биде одржана и интернационалната конференција насловена „Модели на финансирање и легислатива-регионална соработка, можности и унапредување“ на која ќе учествуваат директори на национални филмски фондови и продуценти од десет земји, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција. На конференцијата ќе стане збор за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.

 

 

 

 

 

The post Нови македонски филмови, интернационален форум и програма за маргинализирани лица на 4. издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>

Со проширена програма, бесплатни проекции, меѓународни гости и работилници од 9-12 јуни ќе се одржи "Златна рамка" во организација на ДФРМ Четвртото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската ревија „Златна рамка“ веќе четири години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Сестри“ во режија на Дина Дума, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи и „Сокриениот“ во режија на Арсим Фазлија, документарниот филм „Брод полн со бисери“ режиран од Александар Зиков и краткометражните филмови „Северен пол“ во режија на Марија Апчевска, „Баскет“ на Димитар Банов, „Касапот“ режиран од Илчо Царовски и „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ. Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, четвртото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.  
Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска ревија има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2022“, ќе се осврне и на стандрардизирање на буџетот за филм според европските модели и негово перманентно зголемување, донесувањето нов Закон за филмска дејност, како и на регулирање на статусот на филмските работници“, истакна Иванов.
  Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.
На сите креaтивни остварувања, а посебно на филмот кој претставува најкомплексна уметност потребна му е поддршката од својата публика. „Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број на домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја програма“, нагласи Василевска.
  Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски  објави дека значајна новина на „Златна рамка“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“.
Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната манифестација ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека на 12. јуни, граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции“, посочи Салковски.
  Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, ќе биде одржана и интернационалната конференција насловена „Модели на финансирање и легислатива-регионална соработка, можности и унапредување“ на која ќе учествуваат директори на национални филмски фондови и продуценти од десет земји, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција. На конференцијата ќе стане збор за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.          

The post Нови македонски филмови, интернационален форум и програма за маргинализирани лица на 4. издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>
4. издание на „Златна рамка“: Филмови од најновата македонска долгометражна, документарна и краткометражна филмска продукција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/4-izdanie-na-zlatna-ramka-filmovi-od-najnovata-makedonska-dolgometrazna-dokumentarna-i-kratkometrazna-filmska-produkcija/ Wed, 01 Jun 2022 12:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=509750

Годинашното издание на „Златна рамка“ е проширено и со дополнителна работна програма со интернационални гости, која ќе биде одржана во хотелот „Александар Палас“

Од 9 до 12 јуни, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи четвртото издание на „Златна рамка“, филмската ревија на македонската продукција. Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе бидат прикажани филмови од најновата македонска долгометражна, документарна и краткометражна филмска продукција, реализирани минатата година со поддршка на Агенцијата за филм. За разлика од претходните три изданија на филмската ревија „Златна рамка“, која претставува годишен преглед на домашната филмска продукција во една календарска година, ова издание е проширено и со дополнителна работна програма со интернационални гости, која ќе биде одржана во хотелот „Александар Палас“.

Филмовите што ќе ја сочинуваат програмата во киното Фросина се: долгометражните „Сестри“ во режија на Дина Дума, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи и „Сокриениот“ во режија на Арсим Фазлија, документарниот филм „Брод полн со бисери“ во режија на Александар Зиков и краткометражните филмови „Северен пол“ во режија на Марија Апчевска, „Баскет“ во режија на Димитар Банов, „Денот кога сакав да умрам“, во режија на Петар Џуровски, „Касапот“ во режија на Илчо Царовски и „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ.

Проекциите во киното „Фросина“ се бесплатни за посетителите, кои воведно ќе имаат можност и да се сретнат со дел од авторите од филмските екипи што ќе присуствуваат на овие проекции. Прикажувањето ќе започне на 9. јуни во 19 часот, со документарниот филм „Брод полн со бисери“ во режија на Александар Зиков (филмска продукција ДЕА). На 10. јуни, со почеток во 19 часот ќе бидат прикажани пет краткометражни филмови, додека следниот ден (11. јуни), со почеток во 17 часот ќе биде одржана долгометражната програмата, составена од три македонски филма („Сокриениот“, „Исчезнатиот“ и „Сестри“).

Друштвото на филмски работници како основач и организатор на „Златна рамка“, традиционалното ќе им ги додели почесните награди на филмскиот актер Сашко Коцев, филмскиот работник Бранко Петровски и на филмскиот автор Кирил Спасески Кикиќ, а за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која оваа година ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Гала настанот за доделување на наградите со присуство на странски гости ќе се одржи на 9. јуни во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 20 часот.

Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, ќе биде одржана и интернационалната конференција насловена „Модели на финансирање и легислатива-регионална соработка, можности и унапредување“ на која ќе учествуваат директори на национални филмски фондови и продуценти од десет земји, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција. На конференцијата ќе стане збор за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.

Значајна новина на годинешното издание на „Златна рамка“ е отпочнување на социјална програма, која ќе биде наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“. Водејќи се од ова сознание, ДФРМ одлучи филмот да го однесе пред оние граѓани, во институциите каде што се затекнати поради најразлични околности (пензионерски дом, затвор, болница, домови за деца, казнено-поправни домови итн.). За оваа цел, во недела (12 јуни) ќе бидат организирани проекции во Казнено-поправниот дом. Оваа социјално одговорна програма е иницијатива на „Златна рамка“ и ќе се практикува и во иднина.

 

 

 

The post 4. издание на „Златна рамка“: Филмови од најновата македонска долгометражна, документарна и краткометражна филмска продукција appeared first on Република.

]]>

Годинашното издание на „Златна рамка“ е проширено и со дополнителна работна програма со интернационални гости, која ќе биде одржана во хотелот „Александар Палас“ Од 9 до 12 јуни, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи четвртото издание на „Златна рамка“, филмската ревија на македонската продукција. Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе бидат прикажани филмови од најновата македонска долгометражна, документарна и краткометражна филмска продукција, реализирани минатата година со поддршка на Агенцијата за филм. За разлика од претходните три изданија на филмската ревија „Златна рамка“, која претставува годишен преглед на домашната филмска продукција во една календарска година, ова издание е проширено и со дополнителна работна програма со интернационални гости, која ќе биде одржана во хотелот „Александар Палас“. Филмовите што ќе ја сочинуваат програмата во киното Фросина се: долгометражните „Сестри“ во режија на Дина Дума, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи и „Сокриениот“ во режија на Арсим Фазлија, документарниот филм „Брод полн со бисери“ во режија на Александар Зиков и краткометражните филмови „Северен пол“ во режија на Марија Апчевска, „Баскет“ во режија на Димитар Банов, „Денот кога сакав да умрам“, во режија на Петар Џуровски, „Касапот“ во режија на Илчо Царовски и „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ. Проекциите во киното „Фросина“ се бесплатни за посетителите, кои воведно ќе имаат можност и да се сретнат со дел од авторите од филмските екипи што ќе присуствуваат на овие проекции. Прикажувањето ќе започне на 9. јуни во 19 часот, со документарниот филм „Брод полн со бисери“ во режија на Александар Зиков (филмска продукција ДЕА). На 10. јуни, со почеток во 19 часот ќе бидат прикажани пет краткометражни филмови, додека следниот ден (11. јуни), со почеток во 17 часот ќе биде одржана долгометражната програмата, составена од три македонски филма („Сокриениот“, „Исчезнатиот“ и „Сестри“). Друштвото на филмски работници како основач и организатор на „Златна рамка“, традиционалното ќе им ги додели почесните награди на филмскиот актер Сашко Коцев, филмскиот работник Бранко Петровски и на филмскиот автор Кирил Спасески Кикиќ, а за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која оваа година ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Гала настанот за доделување на наградите со присуство на странски гости ќе се одржи на 9. јуни во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 20 часот. Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, ќе биде одржана и интернационалната конференција насловена „Модели на финансирање и легислатива-регионална соработка, можности и унапредување“ на која ќе учествуваат директори на национални филмски фондови и продуценти од десет земји, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција. На конференцијата ќе стане збор за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн. Значајна новина на годинешното издание на „Златна рамка“ е отпочнување на социјална програма, која ќе биде наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“. Водејќи се од ова сознание, ДФРМ одлучи филмот да го однесе пред оние граѓани, во институциите каде што се затекнати поради најразлични околности (пензионерски дом, затвор, болница, домови за деца, казнено-поправни домови итн.). За оваа цел, во недела (12 јуни) ќе бидат организирани проекции во Казнено-поправниот дом. Оваа социјално одговорна програма е иницијатива на „Златна рамка“ и ќе се практикува и во иднина.      

The post 4. издание на „Златна рамка“: Филмови од најновата македонска долгометражна, документарна и краткометражна филмска продукција appeared first on Република.

]]>