златна палма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-palma/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 06:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png златна палма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-palma/ 32 32 Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице: Мерил Стрип за Златната палма на Канскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/mnogu-sum-srekna-shto-ne-ste-umorni-od-moeto-litse-meril-strip-za-zlatnata-palma-na-kanskiot-filmski-festival/ Sun, 19 May 2024 06:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=779695

Холивудската ѕвезда, Мерил Стрип, ја доби почесната Златна палма на 77. Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“.

Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, истакна француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.

 

Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, одговори Мерил Стрип.

Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма добија и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседателка на жирито беше Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

The post Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице: Мерил Стрип за Златната палма на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Холивудската ѕвезда, Мерил Стрип, ја доби почесната Златна палма на 77. Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“.
Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, истакна француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.
 
Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, одговори Мерил Стрип.
Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма добија и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки. Претседателка на жирито беше Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

The post Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице: Мерил Стрип за Златната палма на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Жилиет Бинош се расплака кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на Мерил Стрип во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zhiliet-binosh-se-rasplaka-koga-ja-dodeli-pochesnata-zlatna-palma-na-meril-strip-vo-kan/ Wed, 15 May 2024 09:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=778225

„Вие сте меѓународно богатство“, ѝ кажа француската актерка Жилиет Бинош на американската колешка Мерил Стрип кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на стартот на престижниот Филмски фестивал кој почна синоќа во Кан.

Бинош (60) се расплака додека зборуваше за влијанието на Стрип, повикувајќи се на некои од нејзините класични улоги, вклучувајќи ги „Холокауст“ од 1978 година, „Крамер против Крамер“ од 1979 година и „Изборот на Софи“ од 1982 година, меѓу другите.

Изградивте неизбришливо место за себе во историјата на кинематографијата. Она што можев да го почувствувам додека ги гледав вашите филмови е дека мора да ги исполните своите соништа, нашите соништа и пошироко. Вие го менувате начинот на кој гледаме на жените, а исто така ни помогнавте поинаку да гледаме на себе, ѝ рече Бинош на Стрип на сцената.

Холивудската легенда и повеќекратна оскаровка Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на стартот на престижниот Филмски фестивал во во Кан.

Годинешното издание на Канскиот фестивал ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма се во официјалната конкуренција за „Златна палма“.

Покрај Стрип, оваа година почесна „Златна палма“ ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно студиото „Gibli“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Филмскиот фестивал во Кан официјално започна во вторникот вечерта кога славните личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот „Grand Theatre Lumiere“.

На актерската екипа на француската комедија и воведниот филм на фестивалот „Вториот чин“ се приклучи и годинашното жири предводено од американската режисерка Грета Гервиг, чиј филмски хит „Барби“ заработи повеќе од милијарда долари.

The post Жилиет Бинош се расплака кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на Мерил Стрип во Кан appeared first on Република.

]]>

„Вие сте меѓународно богатство“, ѝ кажа француската актерка Жилиет Бинош на американската колешка Мерил Стрип кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на стартот на престижниот Филмски фестивал кој почна синоќа во Кан. Бинош (60) се расплака додека зборуваше за влијанието на Стрип, повикувајќи се на некои од нејзините класични улоги, вклучувајќи ги „Холокауст“ од 1978 година, „Крамер против Крамер“ од 1979 година и „Изборот на Софи“ од 1982 година, меѓу другите.
Изградивте неизбришливо место за себе во историјата на кинематографијата. Она што можев да го почувствувам додека ги гледав вашите филмови е дека мора да ги исполните своите соништа, нашите соништа и пошироко. Вие го менувате начинот на кој гледаме на жените, а исто така ни помогнавте поинаку да гледаме на себе, ѝ рече Бинош на Стрип на сцената.
Холивудската легенда и повеќекратна оскаровка Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на стартот на престижниот Филмски фестивал во во Кан. Годинешното издание на Канскиот фестивал ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма се во официјалната конкуренција за „Златна палма“. Покрај Стрип, оваа година почесна „Златна палма“ ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно студиото „Gibli“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки. Филмскиот фестивал во Кан официјално започна во вторникот вечерта кога славните личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот „Grand Theatre Lumiere“. На актерската екипа на француската комедија и воведниот филм на фестивалот „Вториот чин“ се приклучи и годинашното жири предводено од американската режисерка Грета Гервиг, чиј филмски хит „Барби“ заработи повеќе од милијарда долари.

The post Жилиет Бинош се расплака кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на Мерил Стрип во Кан appeared first on Република.

]]>
„Златна палма“ за „Анатомија на падот“ на Жастин Трие https://arhiva3.republika.mk/vesti/zlatna-palma-za-anatomija-na-padot-na-zhastin-trie/ Mon, 29 May 2023 08:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=645633

„Анатомија на падот“, судска драма во режија на француската режисерка Жастин Трие, ја освои „Златната палма“ на 76. Кански филмски фестивал.

Трие стана третата жена режисер која се закити со престижната награда на фестивалот во Кан. Психотрилерот „Анатомија на падот“ раскажува приказна за успешна и модерна писателка обвинета за убиство на својот сопруг.

Гран при доби филмот „Зона на интерес“ во режија на Британецот Џонатан Глејзер.

Филмот го реконструира семејниот живот на командантот на концентрациониот логор Аушвиц со цел да потсети на тезата за „баналноста на злото“. Застрашувачкиот поглед на идиличниот семеен живот на еден германски офицер стациониран во нацистичкиот логор на смртта е заснован на истоимениот роман на Мартин Амис, кој почина за време на фестивалот.

Почесна „Златна палма“ добија и Мајкл Даглас и Харисон Форд на почетокот на фестивалот.

Саботната церемонија на доделување награди го затвори годинешниот фестивал на кој не му недостасуваше гламур, ѕвезди и контроверзи.

The post „Златна палма“ за „Анатомија на падот“ на Жастин Трие appeared first on Република.

]]>

„Анатомија на падот“, судска драма во режија на француската режисерка Жастин Трие, ја освои „Златната палма“ на 76. Кански филмски фестивал. Трие стана третата жена режисер која се закити со престижната награда на фестивалот во Кан. Психотрилерот „Анатомија на падот“ раскажува приказна за успешна и модерна писателка обвинета за убиство на својот сопруг. Гран при доби филмот „Зона на интерес“ во режија на Британецот Џонатан Глејзер. Филмот го реконструира семејниот живот на командантот на концентрациониот логор Аушвиц со цел да потсети на тезата за „баналноста на злото“. Застрашувачкиот поглед на идиличниот семеен живот на еден германски офицер стациониран во нацистичкиот логор на смртта е заснован на истоимениот роман на Мартин Амис, кој почина за време на фестивалот. Почесна „Златна палма“ добија и Мајкл Даглас и Харисон Форд на почетокот на фестивалот. Саботната церемонија на доделување награди го затвори годинешниот фестивал на кој не му недостасуваше гламур, ѕвезди и контроверзи.

The post „Златна палма“ за „Анатомија на падот“ на Жастин Трие appeared first on Република.

]]>
Почесна „Златна палма“ за Харисон Форд https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochesna-zlatna-palma-za-harison-ford/ Fri, 19 May 2023 07:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=642523

Американската филмска легенда Харисон Форд, кој дојде на Филмскиот фестивал во Кан да го претстави петтиот дел од серијалот „Индијана Џонс““ и последен филм каде што го глуми прочуениот археолог, вчера доби почесна „Златна палма“, како своевидно изненадување на Фестивалот, пред прикажувањето на ова негово последно остварување.

Длабоко сум трогнат од ова признание, рече видно возбуден, 80-годишниот американски актер примајќи ја наградата.

Кога објавија дека петтиот дел од оваа филмска авантура ќе биде премиерно прикажан во Кан, организаторите посочија дека ќе му оддадат почит на Харисон Форд, неоткривајќи за што се работи.

„Индијана Џонс 5“ оди на киноплатното пред пошироката публика на крајот на јуни.

Во 2022 година, Том Круз ја доби и почесната „Златна палма“ пред прикажувањето на филмот „Топ ган: Маверик“. Почесната „Златна палма“ завчера му припадна и на уште едно големо име на американската кинематографија - Мајкл Даглас (78), кому наградата му беше доделена на свеченото отворање на 76. издание на овој светски признат фестивал.

 

The post Почесна „Златна палма“ за Харисон Форд appeared first on Република.

]]>

Американската филмска легенда Харисон Форд, кој дојде на Филмскиот фестивал во Кан да го претстави петтиот дел од серијалот „Индијана Џонс““ и последен филм каде што го глуми прочуениот археолог, вчера доби почесна „Златна палма“, како своевидно изненадување на Фестивалот, пред прикажувањето на ова негово последно остварување.
Длабоко сум трогнат од ова признание, рече видно возбуден, 80-годишниот американски актер примајќи ја наградата.
Кога објавија дека петтиот дел од оваа филмска авантура ќе биде премиерно прикажан во Кан, организаторите посочија дека ќе му оддадат почит на Харисон Форд, неоткривајќи за што се работи. „Индијана Џонс 5“ оди на киноплатното пред пошироката публика на крајот на јуни. Во 2022 година, Том Круз ја доби и почесната „Златна палма“ пред прикажувањето на филмот „Топ ган: Маверик“. Почесната „Златна палма“ завчера му припадна и на уште едно големо име на американската кинематографија - Мајкл Даглас (78), кому наградата му беше доделена на свеченото отворање на 76. издание на овој светски признат фестивал.  

The post Почесна „Златна палма“ за Харисон Форд appeared first on Република.

]]>
„Златна палма“ во Кан за „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-palma-vo-kan-za-triagolnik-na-tagata-na-shvedskiot-reziser-ruben-ostlund/ Mon, 30 May 2022 07:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=508549

„Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд е добиник на „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал. Ова е втора ваква награда за Швеѓанецот кој во 2017 година освои „Златна палма“ за „Сквер“ (The Square).

„Триаголник на тагаа“ е остра општествена сатира за класниот конфликт, со веќе неславна сцена со повраќање и дијареа.

Прифаќајќи ја наградата, Остлунд рече дека сакал публиката да се забавува, но и „да си поставувааат прашања, да излезат по проекцијата и да имаат за што да разговараат“.

Наградата за најдобар режисер ја освои Парк Чан-вук од Јужна Кореја. Парк – познат по трилерот „Олдбој“ од 2003 година – победи со еротската крими-драма Decision to Leave („Одлука за заминување“).

Ова беше силна ноќ за Јужна Кореја – наградата за најдобар актер заврши во рацете на Сонг Канг-хо за „Брокер“. Сонг го привлече меѓународното внимание со неговата изведба во „Паразит“ награден со „Оскар“ во 2019 година.

The post „Златна палма“ во Кан за „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд appeared first on Република.

]]>

„Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд е добиник на „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал. Ова е втора ваква награда за Швеѓанецот кој во 2017 година освои „Златна палма“ за „Сквер“ (The Square). „Триаголник на тагаа“ е остра општествена сатира за класниот конфликт, со веќе неславна сцена со повраќање и дијареа. Прифаќајќи ја наградата, Остлунд рече дека сакал публиката да се забавува, но и „да си поставувааат прашања, да излезат по проекцијата и да имаат за што да разговараат“. Наградата за најдобар режисер ја освои Парк Чан-вук од Јужна Кореја. Парк – познат по трилерот „Олдбој“ од 2003 година – победи со еротската крими-драма Decision to Leave („Одлука за заминување“). Ова беше силна ноќ за Јужна Кореја – наградата за најдобар актер заврши во рацете на Сонг Канг-хо за „Брокер“. Сонг го привлече меѓународното внимание со неговата изведба во „Паразит“ награден со „Оскар“ во 2019 година.

The post „Златна палма“ во Кан за „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд appeared first on Република.

]]>