златна малина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-malina/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Mar 2023 17:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png златна малина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-malina/ 32 32 Том Хенкс доби „Златна малина“ за лошата изведба во филмот „Елвис“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tom-henks-dobi-zlatna-malina-za-loshata-izvedba-vo-filmot-elvis/ Sat, 11 Mar 2023 17:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=618567

Том Хенкс е актерско име кое нешто повеќе од четириесет години е синоним за неверојатен талент за глума.

Сепак, организаторите на пародичните филмски награди Златна малина, коишто им „оддаваат почит“ на најлошите филмски остварувања во изминатата година, одлучија да му доделат дури две вакви статуетки на Хенкс.

Имено, легендарниот актер е „награден“ со Златна малина за најлош актер во споредна улога, за неговото појавување во филмот „Elvis“, каде го игра менаџерот на Елвис Присли – полковникот Том Паркер, и за најлоша филмска двојка, за него и неговото „латексно лице“.

Во останатите поважни категории на годинашното 43 издание на Златна малина, биографскиот филм за Мерилин Монро, „Blonde“ е прогласен за најлош филм на годината, а режисерот и сценарист Ендру Доминик ја доби статуетката за најлошо сценарио.

Актерот Џаред Лето е прогласен за најлош актер во главна улога поради неговата актерска изведба во филмот „Morbius“, а неговата колешка од истиот филм Адрија Арџона ја доби наградата за најлоша актерка во споредна улога.

Наградата за „искупување“ отиде во рацете на Колин Фарел, кој во 2004 година беше номиниран за Златна малина за , а годинава е во трка за најпрестижната филмска награда Оскар за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“.

 

The post Том Хенкс доби „Златна малина“ за лошата изведба во филмот „Елвис“ appeared first on Република.

]]>

Том Хенкс е актерско име кое нешто повеќе од четириесет години е синоним за неверојатен талент за глума. Сепак, организаторите на пародичните филмски награди Златна малина, коишто им „оддаваат почит“ на најлошите филмски остварувања во изминатата година, одлучија да му доделат дури две вакви статуетки на Хенкс. Имено, легендарниот актер е „награден“ со Златна малина за најлош актер во споредна улога, за неговото појавување во филмот „Elvis“, каде го игра менаџерот на Елвис Присли – полковникот Том Паркер, и за најлоша филмска двојка, за него и неговото „латексно лице“. Во останатите поважни категории на годинашното 43 издание на Златна малина, биографскиот филм за Мерилин Монро, „Blonde“ е прогласен за најлош филм на годината, а режисерот и сценарист Ендру Доминик ја доби статуетката за најлошо сценарио. Актерот Џаред Лето е прогласен за најлош актер во главна улога поради неговата актерска изведба во филмот „Morbius“, а неговата колешка од истиот филм Адрија Арџона ја доби наградата за најлоша актерка во споредна улога. Наградата за „искупување“ отиде во рацете на Колин Фарел, кој во 2004 година беше номиниран за Златна малина за , а годинава е во трка за најпрестижната филмска награда Оскар за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“.  

The post Том Хенкс доби „Златна малина“ за лошата изведба во филмот „Елвис“ appeared first on Република.

]]>
Том Хенкс номиниран за три Златни малини https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tom-henks-nominiran-za-tri-zlatni-malini/ Mon, 23 Jan 2023 12:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=599983

Иако неговиот последен филм „Елвис“, во кој го толкува ликот на Том Паркер менаџерот на славниот пејач Елвис Присли, кој важи за фаворит во категоријата најдобар филм на годинешните Оскари, актерот Том Хенкс во понеделникот беше силно изненаден кога дозна дека добил три номинации за Златна малина, наградата којашто се доделува за најлошите филмски остварувања.

За Златната малина Хенск е номиниран за две улоги, за биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на столарот Џепето во римејкот на филмот „Пинокио“ на студијата Disney.

Во објавата за медиумите организаторите на доделување на Златните малини се наведува дека улогата на Хенкс во „Елвис“ е „најмногу исмејуваната изведба во 2022 година“.

Дополнително е номиниран и во категоријата „најлош филмски спој“, а тоа е „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс (со смешен акцент)“.

И додека филмот „Елвис“ и неговата ѕвезда Остин Батлер се фалени од критичарите, улогата на Хенск на менаџерот на пејачот, „полковникот“ Том Паркер многумина жестоко ја критикуваа.

Филмот „Пинокио“, пак, е меѓу петте номинирани за „најлош филм“ за годинешната Златна малина, покрај контроверзниот биографски филм за Мерилин Монро под насловот „Русокоса“.

Во критиката во The New York Times се наведува дека Хенкс во филмот „Пинокио“ се појавува со куп латекс на лицето и има бизарен акцент.

Номинациите за Златните малини вообичаено се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите на престижните Оскари.

Хенкс, инаку, е и во потесниот избор за Оскарот за најдобар актер во филмот „A Man Called Otto”.

 

The post Том Хенкс номиниран за три Златни малини appeared first on Република.

]]>

Иако неговиот последен филм „Елвис“, во кој го толкува ликот на Том Паркер менаџерот на славниот пејач Елвис Присли, кој важи за фаворит во категоријата најдобар филм на годинешните Оскари, актерот Том Хенкс во понеделникот беше силно изненаден кога дозна дека добил три номинации за Златна малина, наградата којашто се доделува за најлошите филмски остварувања. За Златната малина Хенск е номиниран за две улоги, за биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на столарот Џепето во римејкот на филмот „Пинокио“ на студијата Disney. Во објавата за медиумите организаторите на доделување на Златните малини се наведува дека улогата на Хенкс во „Елвис“ е „најмногу исмејуваната изведба во 2022 година“. Дополнително е номиниран и во категоријата „најлош филмски спој“, а тоа е „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс (со смешен акцент)“. И додека филмот „Елвис“ и неговата ѕвезда Остин Батлер се фалени од критичарите, улогата на Хенск на менаџерот на пејачот, „полковникот“ Том Паркер многумина жестоко ја критикуваа. Филмот „Пинокио“, пак, е меѓу петте номинирани за „најлош филм“ за годинешната Златна малина, покрај контроверзниот биографски филм за Мерилин Монро под насловот „Русокоса“. Во критиката во The New York Times се наведува дека Хенкс во филмот „Пинокио“ се појавува со куп латекс на лицето и има бизарен акцент. Номинациите за Златните малини вообичаено се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите на престижните Оскари. Хенкс, инаку, е и во потесниот избор за Оскарот за најдобар актер во филмот „A Man Called Otto”.  

The post Том Хенкс номиниран за три Златни малини appeared first on Република.

]]>