Златна лира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-lira/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 10:13:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Златна лира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-lira/ 32 32 „Пијано трио“ го отвора Фестивалот на класична музика „Златна лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pijano-trio-go-otvora-festivalot-na-klasichna-muzika-zlatna-lira/ Tue, 08 Oct 2024 10:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=824132

Фестивалот на класична музика „Златна лира“ ќе биде отворен вечерва во 20 часот со концерт на „Пијано трио“ во Музејот на македонската борба во Скопје. На програмата ќе бидат: Г. Начевски – „Flashes“, компонирано за Пијано трио, Ф. Пуланк – Соната за обоа и пијано, К. Сен-Санс – Соната за фагот и пијано, М. Глинка – „Патетично трио“, Ж. Фрасе – Трио.

Составено од тројца извонредни музичари – Татијана Петрушевска Караскаковска, прва обоистка во оркестарот на Националната опера и балет, Марјан Милошевски, прв фаготист во истиот оркестар и професор на Факултетот за музичка уметност, и Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник на Факултетот за драмски уметности – овој камерен состав ги здружи своите креативни сили во 2014 година.

Како докажани и афирмирани уметници, сите тројца се водени од страста за истражување нови музички хоризонти и желбата за постојано збогатување на својот репертоар. Создавајќи ансамбл кој овозможува динамична уметничка соработка, тие го споделуваат верувањето дека камерната музика, без оглед на нејзината формација, е од суштинско значење за секој музичар. Таа отвора врати за размена на идеи, проширување на репертоарот и изведба на дела кои бараат интеракција со други инструменти, надминувајќи ја солистичката изведба.

Формацијата на овој ансамбл нуди огромна палета на репертоар од различни музички епохи, чии дела претставуваат вистински предизвик за изведба и бараат виртуозност и уметничка зрелост. Композитори како Хенрих Брод, Теобалд Лалие, Карл Фридеман, Волфганг Амадеус Моцарт, Франсис Пуланк, Георг Фридрих Хендл, Антонио Вивалди, Антон Рајхенауер, Лудвиг ван Бетовен и Михаил Глинка се само дел од имињата на нивниот репертоар, кој постојано се обновува со нови и возбудливи дела.

Нивниот прв јавен настап се случи на концертот и промоцијата на цедето во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје, а по тој успех следуваа концерти во различни градови низ Македонија, како Демир Капија, Куманово, Виница, Крушево, Прилеп, Гевгелија, Берово, Делчево и Кочани, како и во Нови Сад. На нивните концерти, секогаш имаат место за дела што премиерно се изведуваат во Македонија, а нивната посветеност и умешност секогаш будат искрено воодушевување кај публиката.

Во 2022 година, македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов компонираа дела специјално за Триото, кои ја доживеаја својата светска премиера на Фестивалот на камерна музика во Нови Сад, по повод титулата на градот како Европска престолнина на културата за 2022 година. Истата година, триото се претстави со рецитална програма на фестивалот „Есенски музички свечености“, изведувајќи дела од глобалната музичка литература.

Во 2023 година, македонските композитори Костадин Делиниколов и Горан Начевски посветија свои нови дела на Триото, кои доживеаја светска премиера на ДММ 2023. Во јули истата година, триото настапи со целовечерен концерт на престижниот фестивал „Охридско Лето“, а во септември, во Македонскиот културен центар во Истанбул, одржаа целовечерен концерт со дела од македонски композитори.

Она што го прави ова трио посебно се нивниот префинет и истовремено моќен звук, длабоката интеракција меѓу музичарите, врвната прецизност во изведбата и извонредната индивидуалност и виртуозност на секој од нив.

 

The post „Пијано трио“ го отвора Фестивалот на класична музика „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на класична музика „Златна лира“ ќе биде отворен вечерва во 20 часот со концерт на „Пијано трио“ во Музејот на македонската борба во Скопје. На програмата ќе бидат: Г. Начевски – „Flashes“, компонирано за Пијано трио, Ф. Пуланк – Соната за обоа и пијано, К. Сен-Санс – Соната за фагот и пијано, М. Глинка – „Патетично трио“, Ж. Фрасе – Трио. Составено од тројца извонредни музичари – Татијана Петрушевска Караскаковска, прва обоистка во оркестарот на Националната опера и балет, Марјан Милошевски, прв фаготист во истиот оркестар и професор на Факултетот за музичка уметност, и Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник на Факултетот за драмски уметности – овој камерен состав ги здружи своите креативни сили во 2014 година. Како докажани и афирмирани уметници, сите тројца се водени од страста за истражување нови музички хоризонти и желбата за постојано збогатување на својот репертоар. Создавајќи ансамбл кој овозможува динамична уметничка соработка, тие го споделуваат верувањето дека камерната музика, без оглед на нејзината формација, е од суштинско значење за секој музичар. Таа отвора врати за размена на идеи, проширување на репертоарот и изведба на дела кои бараат интеракција со други инструменти, надминувајќи ја солистичката изведба. Формацијата на овој ансамбл нуди огромна палета на репертоар од различни музички епохи, чии дела претставуваат вистински предизвик за изведба и бараат виртуозност и уметничка зрелост. Композитори како Хенрих Брод, Теобалд Лалие, Карл Фридеман, Волфганг Амадеус Моцарт, Франсис Пуланк, Георг Фридрих Хендл, Антонио Вивалди, Антон Рајхенауер, Лудвиг ван Бетовен и Михаил Глинка се само дел од имињата на нивниот репертоар, кој постојано се обновува со нови и возбудливи дела. Нивниот прв јавен настап се случи на концертот и промоцијата на цедето во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје, а по тој успех следуваа концерти во различни градови низ Македонија, како Демир Капија, Куманово, Виница, Крушево, Прилеп, Гевгелија, Берово, Делчево и Кочани, како и во Нови Сад. На нивните концерти, секогаш имаат место за дела што премиерно се изведуваат во Македонија, а нивната посветеност и умешност секогаш будат искрено воодушевување кај публиката. Во 2022 година, македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов компонираа дела специјално за Триото, кои ја доживеаја својата светска премиера на Фестивалот на камерна музика во Нови Сад, по повод титулата на градот како Европска престолнина на културата за 2022 година. Истата година, триото се претстави со рецитална програма на фестивалот „Есенски музички свечености“, изведувајќи дела од глобалната музичка литература. Во 2023 година, македонските композитори Костадин Делиниколов и Горан Начевски посветија свои нови дела на Триото, кои доживеаја светска премиера на ДММ 2023. Во јули истата година, триото настапи со целовечерен концерт на престижниот фестивал „Охридско Лето“, а во септември, во Македонскиот културен центар во Истанбул, одржаа целовечерен концерт со дела од македонски композитори. Она што го прави ова трио посебно се нивниот префинет и истовремено моќен звук, длабоката интеракција меѓу музичарите, врвната прецизност во изведбата и извонредната индивидуалност и виртуозност на секој од нив.  

The post „Пијано трио“ го отвора Фестивалот на класична музика „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>
Фестивал на музичките уметници на Македонија „Златна лира 2024“ од 8 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festival-na-muzichkite-umetnitsi-na-makedonija-zlatna-lira-2024-od-8-oktomvri/ Sun, 06 Oct 2024 15:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=823532

Од 8 октомври до 9 ноември во Музејот на македонската борба ќе се одржи 18. издание на Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“ во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ).

Оваа година, како што посочуваат организаторите, фестивалот ќе понуди десет исклучителни концерти со богат и разновиден репертоар. Најавуваат дека ќе бидат претставени дела од македонскиот камерен опус, заедно со композиции на светски автори, овозможувајќи совршен спој на локални и глобални музички традиции во врвни изведби на реномирани музички уметници.

„Фестивалскиот подиум ќе ги пречека уметниците и камерните состави: Пијано трио (Татјана Петрушевска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано), Горан Начевски (баритон) и Николета Конти (пијано), Весна Ѓиновска Илкова (сопран) и Кристина Светиева (пијано), Дуо пијано Божиновска – Димовска, Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова – Филипова (пијано), Елена Атанасовска Ивановска (пијано), Владимир Костов (виолина) и Цветанка Созовска (чембало), Триото АУРА (добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година) и Даница Стојанова (пијано). На свеченото затворање на фестивалот на 3 ноември ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ што СМУМ традиционално ја доделува на музички уметници или ансамбли за врвни уметнички достигнувања во текот на изминатата година“, велат од СМУМ.

Во рамките на својата редовна концертна програма, фестивалот „Златна лира“, како што велат од СМУМ, традиционално ќе ја отстапи својата сцена и на младите уметници со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на концертната кариера.

„Ваквата можност да го претстават својот талент на професионалниот концертен подиум е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат. СМУМ ја продолжува традиционалната соработка со меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“, кој од 2002 година се одржува на годишно ниво во Охрид и опфаќа учесници во повеќе категории и дисциплини од целиот свет. Плод на таа соработка е наградата за најдобар учесник на натпреварот од Македонија која ја доделува токму здружението СМУМ, а се состои од организација на концерт во рамките на фестивалот „Златна лира“. Оваа година, можноста да настапат на фестивалскиот подиум ќе ја имаат младите музичари Иван Стојанов (пијано), Ана Кузмановска (виолина), Лина Николоска (виолина) и Антица Николоска (виолина)“, посочуваат оттаму.

Фестивалот „Златна лира“ се реализира со поддршка на Министерството за култура, а влезот на сите концерти на програмата на фестивалот е слободен.

 

The post Фестивал на музичките уметници на Македонија „Златна лира 2024“ од 8 октомври appeared first on Република.

]]>

Од 8 октомври до 9 ноември во Музејот на македонската борба ќе се одржи 18. издание на Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“ во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Оваа година, како што посочуваат организаторите, фестивалот ќе понуди десет исклучителни концерти со богат и разновиден репертоар. Најавуваат дека ќе бидат претставени дела од македонскиот камерен опус, заедно со композиции на светски автори, овозможувајќи совршен спој на локални и глобални музички традиции во врвни изведби на реномирани музички уметници. „Фестивалскиот подиум ќе ги пречека уметниците и камерните состави: Пијано трио (Татјана Петрушевска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано), Горан Начевски (баритон) и Николета Конти (пијано), Весна Ѓиновска Илкова (сопран) и Кристина Светиева (пијано), Дуо пијано Божиновска – Димовска, Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова – Филипова (пијано), Елена Атанасовска Ивановска (пијано), Владимир Костов (виолина) и Цветанка Созовска (чембало), Триото АУРА (добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година) и Даница Стојанова (пијано). На свеченото затворање на фестивалот на 3 ноември ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ што СМУМ традиционално ја доделува на музички уметници или ансамбли за врвни уметнички достигнувања во текот на изминатата година“, велат од СМУМ. Во рамките на својата редовна концертна програма, фестивалот „Златна лира“, како што велат од СМУМ, традиционално ќе ја отстапи својата сцена и на младите уметници со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на концертната кариера.
„Ваквата можност да го претстават својот талент на професионалниот концертен подиум е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат. СМУМ ја продолжува традиционалната соработка со меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“, кој од 2002 година се одржува на годишно ниво во Охрид и опфаќа учесници во повеќе категории и дисциплини од целиот свет. Плод на таа соработка е наградата за најдобар учесник на натпреварот од Македонија која ја доделува токму здружението СМУМ, а се состои од организација на концерт во рамките на фестивалот „Златна лира“. Оваа година, можноста да настапат на фестивалскиот подиум ќе ја имаат младите музичари Иван Стојанов (пијано), Ана Кузмановска (виолина), Лина Николоска (виолина) и Антица Николоска (виолина)“, посочуваат оттаму.
Фестивалот „Златна лира“ се реализира со поддршка на Министерството за култура, а влезот на сите концерти на програмата на фестивалот е слободен.  

The post Фестивал на музичките уметници на Македонија „Златна лира 2024“ од 8 октомври appeared first on Република.

]]>
Триото „Аура“ и Снежана Анастасова Чадиковска добитници на наградата на СМУМ „Златна лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trioto-aura-i-snezhana-anastasova-chadikovska-dobitnitsi-na-nagradata-na-smum-zlatna-lira/ Tue, 31 Oct 2023 16:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=696779

Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година, за 2022 година им му се доделува на Триото Аура во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано).

Триото АУРА го сочинуваат тројца истакнати музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти по покана на реномирани меѓународни фестивали како „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Златна лира“, БУНТ Белград, Софија, Нишки фестивал, фестивал „Барски љетопис“, фестивал „Еспресиво“ - Цетиње, фестивал „Нимус“, фестивал „Ледамус“, Врање, Ваљево итн, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.

Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Чести гости се на реномирани меѓународни фестивали во земјата и странство, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото промовира премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко високо естетско камерно музицирање високо го карактеризира „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“.

Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за животно дело, овој пат ѝ се доделува на пијанистката, публицист и педагог Снежана Анастасова Чадиковска.
 
Истакнатата македонска пијанистка, пијано педагог, музички публицист, музички аниматор и организатор Снежана Анастасова Чадиковска (Скопје, 1950) дипломира на Државниот конзерваториум во Софија, Бугарија (класа на проф. Дора Лазарова и Величка Савова). Во тек на студиите се усовршува и на семинари раководени од проф. Алдо Чиколини во Охрид. Постдипломски студии завршува на Музичката академија во Љубљана (1979) во класата на светски истакнатата пијанистка, проф. Дубравка Томшич. Во 1978 и 1979 се усовршува на Летните академии во Вајмар, Германија.

Во 1972 дебитира на концертната сцена во Салонот 19,19 во Скопје, со солистички рецитал. Активно концертира како солист и камерен музичар, реализирајки стотина концерти во Македонија и значајни музички центри на поранешна Југославија. Како пијанист покажува особен интерес за дела од романтизмот и 20-тиот век. Таа е прв изведувач во Македонија на значајни дела од Сергеј Прокофјев, Димитри Шостакович и Бела Барток. Воедно, изведува 45 дела од македонски композитори од кои 10 се праизведби.

Од 1972 работи како наставник по пијано во Десетгодишното музичко училиште во Скопје, подоцна интегрирано во Музичко-балетскиот училишен центар. Во оваа учебна институција набрзо стекнува реноме на еден од најистакнатите пијано - педагози. Во 1992 година се стекнува со звањето Особено истакнат педагошки работник на Република Македонија, а во 2004 година ја добива наградата за животно дело од здружението на музучки и балетски педагози на Република Македонија. Во ДМБУЦ работи работи до 1.1.2013.

Од 1982 развива дејност на музички публицист, како рецензент во македонскиот печат, соработник на МТВ, учесник во музички публикации и автор на повеќе монографии за видни музички уметници и институции. Снежана Анастасова Чадиковска низ повеќе форми на работа многу активно делува во процесите за развој и афирмација на македонската музичка култура, во сите педесет години на своето постоење во македонскиот културен живот. Тоа особено се искажува низ професионалната соработка со фестивалот ,,Охридско лето” и Музичката младина на Македонија. И денес таа оддржува живи контакти со настаните во македонската музичка култура, често давајки во нив значаен професионален придонес.

Снежана Анастасова Чадиковска е добитник на државната награда Св. Климент Охридски во 2021 година.

The post Триото „Аура“ и Снежана Анастасова Чадиковска добитници на наградата на СМУМ „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>

Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година, за 2022 година им му се доделува на Триото Аура во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано). Триото АУРА го сочинуваат тројца истакнати музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти по покана на реномирани меѓународни фестивали како „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Златна лира“, БУНТ Белград, Софија, Нишки фестивал, фестивал „Барски љетопис“, фестивал „Еспресиво“ - Цетиње, фестивал „Нимус“, фестивал „Ледамус“, Врање, Ваљево итн, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија. Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Чести гости се на реномирани меѓународни фестивали во земјата и странство, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото промовира премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко високо естетско камерно музицирање високо го карактеризира „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“. Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за животно дело, овој пат ѝ се доделува на пијанистката, публицист и педагог Снежана Анастасова Чадиковска.   Истакнатата македонска пијанистка, пијано педагог, музички публицист, музички аниматор и организатор Снежана Анастасова Чадиковска (Скопје, 1950) дипломира на Државниот конзерваториум во Софија, Бугарија (класа на проф. Дора Лазарова и Величка Савова). Во тек на студиите се усовршува и на семинари раководени од проф. Алдо Чиколини во Охрид. Постдипломски студии завршува на Музичката академија во Љубљана (1979) во класата на светски истакнатата пијанистка, проф. Дубравка Томшич. Во 1978 и 1979 се усовршува на Летните академии во Вајмар, Германија. Во 1972 дебитира на концертната сцена во Салонот 19,19 во Скопје, со солистички рецитал. Активно концертира како солист и камерен музичар, реализирајки стотина концерти во Македонија и значајни музички центри на поранешна Југославија. Како пијанист покажува особен интерес за дела од романтизмот и 20-тиот век. Таа е прв изведувач во Македонија на значајни дела од Сергеј Прокофјев, Димитри Шостакович и Бела Барток. Воедно, изведува 45 дела од македонски композитори од кои 10 се праизведби. Од 1972 работи како наставник по пијано во Десетгодишното музичко училиште во Скопје, подоцна интегрирано во Музичко-балетскиот училишен центар. Во оваа учебна институција набрзо стекнува реноме на еден од најистакнатите пијано - педагози. Во 1992 година се стекнува со звањето Особено истакнат педагошки работник на Република Македонија, а во 2004 година ја добива наградата за животно дело од здружението на музучки и балетски педагози на Република Македонија. Во ДМБУЦ работи работи до 1.1.2013. Од 1982 развива дејност на музички публицист, како рецензент во македонскиот печат, соработник на МТВ, учесник во музички публикации и автор на повеќе монографии за видни музички уметници и институции. Снежана Анастасова Чадиковска низ повеќе форми на работа многу активно делува во процесите за развој и афирмација на македонската музичка култура, во сите педесет години на своето постоење во македонскиот културен живот. Тоа особено се искажува низ професионалната соработка со фестивалот ,,Охридско лето” и Музичката младина на Македонија. И денес таа оддржува живи контакти со настаните во македонската музичка култура, често давајки во нив значаен професионален придонес. Снежана Анастасова Чадиковска е добитник на државната награда Св. Климент Охридски во 2021 година.

The post Триото „Аура“ и Снежана Анастасова Чадиковска добитници на наградата на СМУМ „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>
Златна лира 2023: Свечено затворање на фестивалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-lira-2023-svecheno-zatvorane-na-festivalot/ Tue, 31 Oct 2023 16:28:50 +0000 https://republika.mk/?p=696776

Вечерва, вторник, 31 октомври во Музеј на македонската борба, со почеток во 20 часот ќе се одржи Свечено затворање на фестовалот „Златна лира“, со концерт на ДАНИЕЛ АПОСТОЛОВ - фагот и ДАРКО МАРИНОВСКИ - пијано.

Со особена техничка прецизност, мек и топол тон, умешност во водењето на мелодичните фрази и одмерена агогика, изведбите на Даниел Апостолов неминовно го потенцираат благородниот квалитет на фаготот, поставувајќи на самиот пиедестал. Уметник, кој воодушевува со своите изведби, оваа година добива заслужено место на Свеченото затворање на „Златна лира“, овој пат во придружба на Дарко Маринковски, пијанист чија што биографија испишува бројни значајни уметнички соработки со истакнати музички исполнители. Дуото Апостолов / Мариновски ќе изведе дела на Ч. Кехлин, Ф. Борн, О. Нусио, К. М. Вебер.

Даниел Апостолов (Скопје, 1975) дипломира на ФМУ во Скопје како прв студент од дувачкиот оддел што студиите ги завршува со највисока оцена cum laude. Постдипломските студии ги завршува на Музичката академија во Љубљана како прв постдипломец на вокално-инструменталниот оддел, инструмент фагот. За време на студиите е активен учесник во концертниот живот на Словенија како надворешен соработник на Словенечката филхармонија. Во сезоната 2000/01 членувал и во оркестарот на Националната опера и балет на Љубљана, додека во 2002 година и во оркестарот на Националната опера и балет на Марибор. Во текот на студиите учествувал на бројни семинари и мастеркласи кај истакнати фаготисти и педагози (Клаус, Тунеман, Албрехт Холдер). На два наврати членува во интернационалниот оркестри на Алтенбург (1996) и Бајрот (1998). Во 2002 година во Германија ги завршува и уметничките постдипломски студии (класа на проф. Албрехт Холдер).

Добитник е на бројни студентски награди и признанија. Апостолов е активен член на триото Македонико“ и Скопскиот дувачки квинтет. Членувал и во оркестарот на Косовската филхармонија, ревијалниот оркестар на МРТВ, настапувал на фестивалите „Скопско лето“, „Есенски музички свечености“, „Интерфест“, „Охридско лето“, „Хераклејски вечери“, „Штипско лето“ и реализира бројни концертни настапи во Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија и Германија. Од 1999 година работи како професор по фагот и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, а од 2005 година работи како професор на ФМУ во Скопје. Член е и на оркестарот на Македонската филхармонија.

Дарко Мариновски (Скопје, 1974) дипломира на ФМУ во Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистерските студии ги завршува на истата институција под менторство на проф. Јасмина Чакар. Од 2013 година работи како професор по пијано и корепетиција во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Во јануари 2009 година е избран за Декан на Факултетот за применета музика на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ИУ Еуропа Прима, функција која ја извршува до 2017 година. Во 2016 година е избран во звањето редовен професор на ИУ Еуропа Прима. Во богатата концертна биографија на Дарко Мариновски се запишани бројни настапи и уметнички соработки со реномирани музички уметници, на концертни и фестивалски подиуми во Македонија и надвор од нејзините граници (Рим, Париз, Вашингтон).

Од септември 2013 година работи на Музичката академија при УГД Штип како пијано соработник на вокалната класа на проф. Борис Трајанов и во оперското студио при истата институција. Од септември 2015 година работи и на Филмската академија при УГД Штип каде ги предава предметите звук на филм и акустика со психоакустика, перцепција и анализа.

Дарко Мариновски е автор и на применета музика на неколку краткометражни филмови, на музиката за театарската претстава „Косара“ од Загорка По Антовска. Како член на квартетот „Коскаров“ го снима ЦД-то „The Best of Jazz and Blues“ со музика од светската џез литература (2011).

The post Златна лира 2023: Свечено затворање на фестивалот appeared first on Република.

]]>

Вечерва, вторник, 31 октомври во Музеј на македонската борба, со почеток во 20 часот ќе се одржи Свечено затворање на фестовалот „Златна лира“, со концерт на ДАНИЕЛ АПОСТОЛОВ - фагот и ДАРКО МАРИНОВСКИ - пијано. Со особена техничка прецизност, мек и топол тон, умешност во водењето на мелодичните фрази и одмерена агогика, изведбите на Даниел Апостолов неминовно го потенцираат благородниот квалитет на фаготот, поставувајќи на самиот пиедестал. Уметник, кој воодушевува со своите изведби, оваа година добива заслужено место на Свеченото затворање на „Златна лира“, овој пат во придружба на Дарко Маринковски, пијанист чија што биографија испишува бројни значајни уметнички соработки со истакнати музички исполнители. Дуото Апостолов / Мариновски ќе изведе дела на Ч. Кехлин, Ф. Борн, О. Нусио, К. М. Вебер. Даниел Апостолов (Скопје, 1975) дипломира на ФМУ во Скопје како прв студент од дувачкиот оддел што студиите ги завршува со највисока оцена cum laude. Постдипломските студии ги завршува на Музичката академија во Љубљана како прв постдипломец на вокално-инструменталниот оддел, инструмент фагот. За време на студиите е активен учесник во концертниот живот на Словенија како надворешен соработник на Словенечката филхармонија. Во сезоната 2000/01 членувал и во оркестарот на Националната опера и балет на Љубљана, додека во 2002 година и во оркестарот на Националната опера и балет на Марибор. Во текот на студиите учествувал на бројни семинари и мастеркласи кај истакнати фаготисти и педагози (Клаус, Тунеман, Албрехт Холдер). На два наврати членува во интернационалниот оркестри на Алтенбург (1996) и Бајрот (1998). Во 2002 година во Германија ги завршува и уметничките постдипломски студии (класа на проф. Албрехт Холдер). Добитник е на бројни студентски награди и признанија. Апостолов е активен член на триото Македонико“ и Скопскиот дувачки квинтет. Членувал и во оркестарот на Косовската филхармонија, ревијалниот оркестар на МРТВ, настапувал на фестивалите „Скопско лето“, „Есенски музички свечености“, „Интерфест“, „Охридско лето“, „Хераклејски вечери“, „Штипско лето“ и реализира бројни концертни настапи во Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија и Германија. Од 1999 година работи како професор по фагот и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, а од 2005 година работи како професор на ФМУ во Скопје. Член е и на оркестарот на Македонската филхармонија. Дарко Мариновски (Скопје, 1974) дипломира на ФМУ во Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистерските студии ги завршува на истата институција под менторство на проф. Јасмина Чакар. Од 2013 година работи како професор по пијано и корепетиција во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Во јануари 2009 година е избран за Декан на Факултетот за применета музика на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ИУ Еуропа Прима, функција која ја извршува до 2017 година. Во 2016 година е избран во звањето редовен професор на ИУ Еуропа Прима. Во богатата концертна биографија на Дарко Мариновски се запишани бројни настапи и уметнички соработки со реномирани музички уметници, на концертни и фестивалски подиуми во Македонија и надвор од нејзините граници (Рим, Париз, Вашингтон). Од септември 2013 година работи на Музичката академија при УГД Штип како пијано соработник на вокалната класа на проф. Борис Трајанов и во оперското студио при истата институција. Од септември 2015 година работи и на Филмската академија при УГД Штип каде ги предава предметите звук на филм и акустика со психоакустика, перцепција и анализа. Дарко Мариновски е автор и на применета музика на неколку краткометражни филмови, на музиката за театарската претстава „Косара“ од Загорка По Антовска. Како член на квартетот „Коскаров“ го снима ЦД-то „The Best of Jazz and Blues“ со музика од светската џез литература (2011).

The post Златна лира 2023: Свечено затворање на фестивалот appeared first on Република.

]]>
Завршува фестивалот на македонски музички уметници „Златна лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshuva-festivalot-na-makedonski-muzichki-umetnitsi-zlatna-lira/ Tue, 31 Oct 2023 08:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=696538

Со концерт на Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано), вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе заврши годинашниот фестивал на македонски музички уметници „Златна лира“.

На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година. За 2022 година, наградата му се доделува на триото „Аура“, во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано).

Флејтистот Темков, пијанистката Гацева и фаготистот Милошевски се професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје, имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во повеќе земји во светот и добиваат позитивни оценки.

Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти на покана на реномирани меѓународни фестивали несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија, соопшти СМУМ - организатор на фестивалот „Златна лира“.

На завршниот концерт, на кој ќе настапат фаготистот Даниел Апостолов и пијанистот Дарко Мариновски, ќе бидат изведени дела од Кехлин, Борн, Нусио и Вебер.

 

 

The post Завршува фестивалот на македонски музички уметници „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>

Со концерт на Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано), вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе заврши годинашниот фестивал на македонски музички уметници „Златна лира“. На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година. За 2022 година, наградата му се доделува на триото „Аура“, во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано). Флејтистот Темков, пијанистката Гацева и фаготистот Милошевски се професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје, имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во повеќе земји во светот и добиваат позитивни оценки.
Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти на покана на реномирани меѓународни фестивали несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија, соопшти СМУМ - организатор на фестивалот „Златна лира“.
На завршниот концерт, на кој ќе настапат фаготистот Даниел Апостолов и пијанистот Дарко Мариновски, ќе бидат изведени дела од Кехлин, Борн, Нусио и Вебер.    

The post Завршува фестивалот на македонски музички уметници „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва на „Златна лира“ концерт на пијанистката Јасмина Трајческа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-zlatna-lira-kontsert-na-pijanistkata-jasmina-trajcheska/ Mon, 30 Oct 2023 07:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=696094

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи пијанистката Јасмина Трајчевски, во рамки на „Златна лира“.

Повеќе од две децении присуство на музичката сцена и богатото уметничко портфолио ја сместуваат пијанистката Трајческа во редот на најактивните изведувачи кај нас. И оваа вечер на фестивалот „Златна лира“, Трајческа со впечатлив, внимателно избран и несекојдневен репертоар за пијано, изведувајќи дела на Б. Бојовиќ, Ј. Матичич и Џ. Гершвин.

Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршува на ФМУ, Скопје во (класа на проф. Валери Стефановски). Учесничка е на бројни мастеркласи кај еминентни професори: М. Келер, К. Богино, С. Богино, В. Огарков, А. Диев. Добитничка е на бројни награди на меѓународни и на интернационални натпревари, меѓу кои се издвојуваат: Internatonal piano competiton Giovani talenti Rovere Doro – Сан Бартоломео ал маре, Италија; DINO CIANI Вербаниа Интра, Милано, Италија; JUPITER – Џенова, Италија; Internatonal competition Interfest – Битола, Македонија; Втор меѓународен конкурс „Димитар Ненов“, Разград, Бугарија; Државниот натпревар по пијано во Скопје, Македонија итн.

Трајческа повеќе од две децении остварува богата концертна дејност. Одржала полурецитали и рецитали на летните академии во Пиран (Р. Словенија), Варна (Бугарија), на фестивалот Musica di laguna Choggia (Италија), на официјалното отворање на новото пијано YAMAHA C9 во Гросупље (Словенија). По покана учествува како како специјален гостин-солист на Фестивалот EUROCHESTRIES CHARANTE MARITIMES во Бордо (Франција), а остварува и културен престој во Париз, настапи на фестивалот Makarska summer во Макарска (Хрватска), фестивалот „Прилеп, град на културата“, на манифестацијата „Прилепско културно лето“, на проектот „Рапсодија за Скопје“ и на проекти за концерти за камерна музика – флејта и пијано.

Реализира концерт на ЈАМУ, во Брно, Р. Чешка, концерт во Љубљана во концертната сала на Глазбена матица на Словенија, и е дел концертот „Балканска синтеза“ на покана на фестивалот ИМАГО СЛОВЕНИЈАЕ во Љубљана, проект поддржан од Град Прилеп и Амбасадата на Република Словенија во Скопје, како и од јубилејниот концерт„Балканска рапсодија“ во Битола и Гевгелија, проектот „Словенски воз“ за соло пијано во Гевгелија, а реализира и бројни солистички концерти поддржани од Министерството за култура на Македонија во градовите Прилеп, Гевгелија, Охрид, Тетово, Куманово и Скопје. Работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Влезот на концертот е слободен.

 

The post Вечерва на „Златна лира“ концерт на пијанистката Јасмина Трајческа appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи пијанистката Јасмина Трајчевски, во рамки на „Златна лира“. Повеќе од две децении присуство на музичката сцена и богатото уметничко портфолио ја сместуваат пијанистката Трајческа во редот на најактивните изведувачи кај нас. И оваа вечер на фестивалот „Златна лира“, Трајческа со впечатлив, внимателно избран и несекојдневен репертоар за пијано, изведувајќи дела на Б. Бојовиќ, Ј. Матичич и Џ. Гершвин. Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршува на ФМУ, Скопје во (класа на проф. Валери Стефановски). Учесничка е на бројни мастеркласи кај еминентни професори: М. Келер, К. Богино, С. Богино, В. Огарков, А. Диев. Добитничка е на бројни награди на меѓународни и на интернационални натпревари, меѓу кои се издвојуваат: Internatonal piano competiton Giovani talenti Rovere Doro – Сан Бартоломео ал маре, Италија; DINO CIANI Вербаниа Интра, Милано, Италија; JUPITER – Џенова, Италија; Internatonal competition Interfest – Битола, Македонија; Втор меѓународен конкурс „Димитар Ненов“, Разград, Бугарија; Државниот натпревар по пијано во Скопје, Македонија итн. Трајческа повеќе од две децении остварува богата концертна дејност. Одржала полурецитали и рецитали на летните академии во Пиран (Р. Словенија), Варна (Бугарија), на фестивалот Musica di laguna Choggia (Италија), на официјалното отворање на новото пијано YAMAHA C9 во Гросупље (Словенија). По покана учествува како како специјален гостин-солист на Фестивалот EUROCHESTRIES CHARANTE MARITIMES во Бордо (Франција), а остварува и културен престој во Париз, настапи на фестивалот Makarska summer во Макарска (Хрватска), фестивалот „Прилеп, град на културата“, на манифестацијата „Прилепско културно лето“, на проектот „Рапсодија за Скопје“ и на проекти за концерти за камерна музика – флејта и пијано. Реализира концерт на ЈАМУ, во Брно, Р. Чешка, концерт во Љубљана во концертната сала на Глазбена матица на Словенија, и е дел концертот „Балканска синтеза“ на покана на фестивалот ИМАГО СЛОВЕНИЈАЕ во Љубљана, проект поддржан од Град Прилеп и Амбасадата на Република Словенија во Скопје, како и од јубилејниот концерт„Балканска рапсодија“ во Битола и Гевгелија, проектот „Словенски воз“ за соло пијано во Гевгелија, а реализира и бројни солистички концерти поддржани од Министерството за култура на Македонија во градовите Прилеп, Гевгелија, Охрид, Тетово, Куманово и Скопје. Работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Влезот на концертот е слободен.  

The post Вечерва на „Златна лира“ концерт на пијанистката Јасмина Трајческа appeared first on Република.

]]>
„Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-lira-kontsert-na-aleksandra-kotsevska-metsosopran-i-gligor-gelebeshev-pijano/ Tue, 24 Oct 2023 08:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=694074

Вторник, 24 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот

КОНЦЕРТ НА

АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА - мецосопран
ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ - пијано

За програмата
Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата, остварувајќи впечатливи музички креации кои остануваат долго присутни во меморијата на публиката и критиката. Оваа вечер на фестивалот „Златна лира“ ќе изведат оперски арии од Жорж Бизе, Џузепе Верди, Жил Масне, Волфганг Амадеус Моцарт, Камиј Сен - Санс и Саверио Маркаданте.

За уметниците
Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото Колегиум.

Глигор Гелебешев студира на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ, а магистрира на ФМУ во Скопје. За време на своето школување е добитник на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и е учесник на голем број концерти и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и други). По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист и камерен музичар, соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001 година со својата сопруга, пијанистката Катерина Гелебешева Костадиновска го формираат пијано дуото Гелебешеви кое остварува бројни настапи во земјата и странство, меѓу кои се вбројува и настап со Македонската филхармонија. Дуото во својата биографија запишува и две ЦД-а, а реализира голем број трајни снимки за МРТ. Глигор Гелебешев настапил на најзначајните фестивали на домашната сцена: „Охридско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, а реализирал и настапи во Франција, Италија, Холандија, САД, Романија, Турција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Србија, БиХ. Како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, тој бележи голем број успеси со своите ученици на домашни и меѓународни натпревари. Поради својата успешна педагошка работа, Гелебешев е честопати покануван да биде дел од жирија на натпревари по пијано во Македонија и надвор од нејзините граници.

The post „Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано appeared first on Република.

]]>

Вторник, 24 октомври Музеј на македонската борба, 20 часот КОНЦЕРТ НА АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА - мецосопран ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ - пијано За програмата Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата, остварувајќи впечатливи музички креации кои остануваат долго присутни во меморијата на публиката и критиката. Оваа вечер на фестивалот „Златна лира“ ќе изведат оперски арии од Жорж Бизе, Џузепе Верди, Жил Масне, Волфганг Амадеус Моцарт, Камиј Сен - Санс и Саверио Маркаданте. За уметниците Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото Колегиум. Глигор Гелебешев студира на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ, а магистрира на ФМУ во Скопје. За време на своето школување е добитник на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и е учесник на голем број концерти и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и други). По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист и камерен музичар, соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001 година со својата сопруга, пијанистката Катерина Гелебешева Костадиновска го формираат пијано дуото Гелебешеви кое остварува бројни настапи во земјата и странство, меѓу кои се вбројува и настап со Македонската филхармонија. Дуото во својата биографија запишува и две ЦД-а, а реализира голем број трајни снимки за МРТ. Глигор Гелебешев настапил на најзначајните фестивали на домашната сцена: „Охридско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, а реализирал и настапи во Франција, Италија, Холандија, САД, Романија, Турција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Србија, БиХ. Како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, тој бележи голем број успеси со своите ученици на домашни и меѓународни натпревари. Поради својата успешна педагошка работа, Гелебешев е честопати покануван да биде дел од жирија на натпревари по пијано во Македонија и надвор од нејзините граници.

The post „Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано appeared first on Република.

]]>
На „Златна лира“ концерт на добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-zlatna-lira-kontsert-na-dobitnitsite-na-nagradata-na-smum-na-natprevarot-ohridski-biseri/ Thu, 19 Oct 2023 10:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=692782

Во сабота, на 21 октомври, во Музејот на македонската борба, во 20 часот, во рамки на Фестивалот „Златна лира“ ќе се одржи концерт на добитниците на наградата на СМУМ на Фестивалот „Охридски бисери“, под наслов „Подиум на млади“.

Ќе настапат: Мерт Рустемов - кларинет, Стефан Трајаноски - саксофон, Мевљуд Асаноски кларинет, Ѓорѓи Димовски - саксофон, Арсениј Ангелески - пијано, кои ќе изведат дела на Кепке, Шостакович, Руеф, Вебер, Менделсон и Крепин.

Во рамките на својата редовна концертна програма која ја сочинуваат настапи на реномирани музички уметници од Македонија и странство, фестивалот „Златна лира“ традиционално го отстапува својот подиум на младите уметници со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на концертната кариера. Ваквата можност да го претстават својот талент на професионалниот концертен подиум е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат. Фестивалскиот подиум на млади на „Златна лира“ овозможува да се создаде компактна, генерална слика за тоа, каква е патека на движење и развој на македонското исполнителство .

Во таа смисла, последниве години, СМУМ соработува со меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“, кој од 2002 година се одржува на годишно ниво во Охрид и опфаќа учесници во повеќе категории и дисциплини од целиот свет. Плод на таа соработка е наградата за најдобар учесник на натпреварот од Македонија која ја доделува токму здружението СМУМ, а се состои од организација на концерт во рамките на фестивалот „Златна лира“.

 

The post На „Златна лира“ концерт на добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“ appeared first on Република.

]]>

Во сабота, на 21 октомври, во Музејот на македонската борба, во 20 часот, во рамки на Фестивалот „Златна лира“ ќе се одржи концерт на добитниците на наградата на СМУМ на Фестивалот „Охридски бисери“, под наслов „Подиум на млади“. Ќе настапат: Мерт Рустемов - кларинет, Стефан Трајаноски - саксофон, Мевљуд Асаноски кларинет, Ѓорѓи Димовски - саксофон, Арсениј Ангелески - пијано, кои ќе изведат дела на Кепке, Шостакович, Руеф, Вебер, Менделсон и Крепин. Во рамките на својата редовна концертна програма која ја сочинуваат настапи на реномирани музички уметници од Македонија и странство, фестивалот „Златна лира“ традиционално го отстапува својот подиум на младите уметници со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на концертната кариера. Ваквата можност да го претстават својот талент на професионалниот концертен подиум е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат. Фестивалскиот подиум на млади на „Златна лира“ овозможува да се создаде компактна, генерална слика за тоа, каква е патека на движење и развој на македонското исполнителство . Во таа смисла, последниве години, СМУМ соработува со меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“, кој од 2002 година се одржува на годишно ниво во Охрид и опфаќа учесници во повеќе категории и дисциплини од целиот свет. Плод на таа соработка е наградата за најдобар учесник на натпреварот од Македонија која ја доделува токму здружението СМУМ, а се состои од организација на концерт во рамките на фестивалот „Златна лира“.  

The post На „Златна лира“ концерт на добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на пијанистката Хајди Елзесер на „Златна лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijanistkata-hajdi-elzeser-na-zlatna-lira/ Mon, 16 Oct 2023 07:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=691519

Во вторник, на 17 октомври, о Музејот на Македонската борба во 20 часот концерт ќе одржи пијанистката Хајди Елзесер. Концерто е дел од Фествалот „Златна лира“.

Успешна на полето на солистичката и камерната музика, но и во педагогијата, оваа македонската уметница што живее и работи во Германија негува посебен сензибилитет и длабок однос кон музиката, за што сведочат многубројните рецензии напишани за нејзините настапи на концертните подиуми низ Европа. Познатиот француски критичар Шантал Стиљани дури истакнува дека Елзесер ги исполнува француските композитори со таков француски сензибилитет, поголем и од оној на француските музичари. Посебна љубов таа негува кон делата на македонските композитори кои честопати се застапени на нејзиниот концертен репертоар, не ретко и како праизведби. Хајди Елзесер им вдахнала живот на бројни дела од Томислав Зографски, Гоце Коларовски, Јана Андреевска, Александар Пејовски, Михаило Трандафиловски, Панде Шахов, Ана Пандевска, Костадин Делиниколов, Владимир Николов.

Нејзините изведби се редовно застапени на македонските фестивали како „Денови на македонска музика“, а оваа година својот подиум ќе ѝ го отстапи фестивалот „Златна лира“. На програмата се дела од Јорг Петер Митман, Јоханес Брамс, Гизелер Клебе, Константин Делиниколов, Морис Равел и Франсис Пуленк.

Елзесер настапува како солист и камерен музичар во концертни сали ширум светот.

Елзесер има издадено свој соло компакт диск со дела на Брамс и Шуберт, а учествува и во повеќе продукции на компакт дискови со камерна музика во Германија. Од 2011г Хајди Елзесер и нејзиниот ансамбл за современа музика се почесни членови на Фондацијата „Томислав Зографски“.

Хајди Елзесер е родена во Скопје, Македонија. Дипломира на ФМУ во класата на С. Слејанска, го продолжува студиите на Екол Нормал де Музик во Париз каде се здобива со повеќе дипломи, како и на Европскиот Конзерваториум исто така во Париз, Франција.

Елзесер работи неколку години како асистент на ФМУ Скопје, а по студиите во Германија (во којшто период работи како асистент на Проф. Бавузе) останува таму и работи како предавач на Факултетот за музика во Детмолд. Хајди Елзесер е член на жири комисии на германски натпревари, држи национални и интернационални мастеркласи, а нејзините ученици и студенти се добитници на награди на повеќе натпревари во Германија.

 

The post Концерт на пијанистката Хајди Елзесер на „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 17 октомври, о Музејот на Македонската борба во 20 часот концерт ќе одржи пијанистката Хајди Елзесер. Концерто е дел од Фествалот „Златна лира“. Успешна на полето на солистичката и камерната музика, но и во педагогијата, оваа македонската уметница што живее и работи во Германија негува посебен сензибилитет и длабок однос кон музиката, за што сведочат многубројните рецензии напишани за нејзините настапи на концертните подиуми низ Европа. Познатиот француски критичар Шантал Стиљани дури истакнува дека Елзесер ги исполнува француските композитори со таков француски сензибилитет, поголем и од оној на француските музичари. Посебна љубов таа негува кон делата на македонските композитори кои честопати се застапени на нејзиниот концертен репертоар, не ретко и како праизведби. Хајди Елзесер им вдахнала живот на бројни дела од Томислав Зографски, Гоце Коларовски, Јана Андреевска, Александар Пејовски, Михаило Трандафиловски, Панде Шахов, Ана Пандевска, Костадин Делиниколов, Владимир Николов. Нејзините изведби се редовно застапени на македонските фестивали како „Денови на македонска музика“, а оваа година својот подиум ќе ѝ го отстапи фестивалот „Златна лира“. На програмата се дела од Јорг Петер Митман, Јоханес Брамс, Гизелер Клебе, Константин Делиниколов, Морис Равел и Франсис Пуленк. Елзесер настапува како солист и камерен музичар во концертни сали ширум светот. Елзесер има издадено свој соло компакт диск со дела на Брамс и Шуберт, а учествува и во повеќе продукции на компакт дискови со камерна музика во Германија. Од 2011г Хајди Елзесер и нејзиниот ансамбл за современа музика се почесни членови на Фондацијата „Томислав Зографски“. Хајди Елзесер е родена во Скопје, Македонија. Дипломира на ФМУ во класата на С. Слејанска, го продолжува студиите на Екол Нормал де Музик во Париз каде се здобива со повеќе дипломи, како и на Европскиот Конзерваториум исто така во Париз, Франција. Елзесер работи неколку години како асистент на ФМУ Скопје, а по студиите во Германија (во којшто период работи како асистент на Проф. Бавузе) останува таму и работи како предавач на Факултетот за музика во Детмолд. Хајди Елзесер е член на жири комисии на германски натпревари, држи национални и интернационални мастеркласи, а нејзините ученици и студенти се добитници на награди на повеќе натпревари во Германија.  

The post Концерт на пијанистката Хајди Елзесер на „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>
„Златна лира“ се отвора со концерт на Михаило Арсенски и Дино Имери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-lira-se-otvora-so-kontsert-na-mihailo-arsenski-i-dino-imeri/ Fri, 13 Oct 2023 08:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=690747

Вечерва во Музеј на македонската борба во 20 часот со концерт на извонредниот тенор Михаило Арсенски и пијанистот Дино Имери се отвора Фестивалот „Златна лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија.

Македонскиот тенор Михајло Арсенски, чии што уметнички патишта го носат далеку од нашата држава, својата кариера долги години ја гради на концертните и оперски сцени на голем број светски метрополи. Критичарите го нарекуваат мајстор на вокалната техника, пејач кој импресионира со зрелоста на својот вокал и супериорната пејачка експресија. Концертот на свеченото отворање на годинашната „Златна лира“, Арсенски во пијано придружба на Дино Имери ќе го посвети на соло песната, форма на која тој ѝ дава особен пиетет и успева да ја воздигне на највисоко уметничко ниво, изведувајќи композиции од Клод Дебиси, Рихард Штраус, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски и Томислав Зографски.

The post „Златна лира“ се отвора со концерт на Михаило Арсенски и Дино Имери appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Музеј на македонската борба во 20 часот со концерт на извонредниот тенор Михаило Арсенски и пијанистот Дино Имери се отвора Фестивалот „Златна лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Македонскиот тенор Михајло Арсенски, чии што уметнички патишта го носат далеку од нашата држава, својата кариера долги години ја гради на концертните и оперски сцени на голем број светски метрополи. Критичарите го нарекуваат мајстор на вокалната техника, пејач кој импресионира со зрелоста на својот вокал и супериорната пејачка експресија. Концертот на свеченото отворање на годинашната „Златна лира“, Арсенски во пијано придружба на Дино Имери ќе го посвети на соло песната, форма на која тој ѝ дава особен пиетет и успева да ја воздигне на највисоко уметничко ниво, изведувајќи композиции од Клод Дебиси, Рихард Штраус, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски и Томислав Зографски.

The post „Златна лира“ се отвора со концерт на Михаило Арсенски и Дино Имери appeared first on Република.

]]>
Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ и доделување на наградите на СМУМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svecheno-zatvoranje-na-festivalot-zlatna-lira-i-dodeluvanje-na-nagradite-na-smum/ Mon, 31 Oct 2022 18:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=567925

Во Музеј на македонската борба, 20 часот вечерва свечено ќе биде затворен фестивалот „Златна лира“ со доделување на наградата „Златна лира и концерт на ТРИО АУРА.

Страшо Темков - флејта
Марјан Милошевски - фагот
Ана Гацева - пијано

На програмата на концертот на Триото АУРА се дела од Лефебре, Иванов, Доницети, Морлаки, Пјацола.

Триото АУРА го сочинуваат тројца истакнати музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти по покана на реномирани меѓународни фестивали како „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Златна лира“, БУНТ Белград, Софија, Нишки фестивал, фестивал „Барски љетопис“, фестивал „Еспресиво“ - Цетиње, фестивал „Нимус“, фестивал „Ледамус“, Врање, Ваљево итн, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.


Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Чести гости се на реномирани меѓународни фестивали во земјата и странство, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото промовира премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко високо естетско камерно музицирање високо го карактеризира „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“.

НАГРАДА „ЗЛАТНА ЛИРА“

Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година, за 2021 година му се доделува на кларинетистот Ристо Ѓоревски.

Ристо Ѓоревски завршува нижо и средно музичко училиште во Битола во класата на професорот Панде Татарчевски, а своите студии ги продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Иван Кочаров, во чија класа ги завршува и постдипломските студии во 2006 година. Уште во текот на своето образование забележува бројни настапи како на концерти така и на државните натпревари по кларинет и камерна музика. Наградуван е со прва државна награда за кларинет во 1994 и 1997 и прва државна награда за камерна музика во 2002 година, а во 2015 година како ДУО КЛАРИНЕТИ Ѓоревски-Бакревски ја освојуваат сребрената награда на натпреварот Свирел во Словенија во категоријата камерни состави.

Концертно настапувал на повеке соло рецитали но и како член на различни камерни состави и оркестри во републиката и надвор од неа. Одреден период настапувал како член на Македонскиот дувачки квинтет, додека сега е активен член на Скопскиот дувачки квинтет. Забележителен е и неговиот настап на Скопско Лето 2009, на концертот по камерна музика заедно со македонскиот пијанист Симон Трпчески, како и со младинскиот оркестар на КултурОп под раководство на светското „чудо од дете“ диригентот Илич Ривас. Исто така, голем впечаток и позитивни критики беа забележани после неговиот настап заедно со Сергеј Петров – прв кларинетист на Бољшој театар (Москва) и Елена Атанасовска Ивановска – пијано на фестивалот Охридско лето 2014, како и на Битфест 2014.

Како член на различни оркестри настапувал со Симфонискиот оркестар при Факултетот за музичка уметност-Скопје, камерниот оркестар Св. Софија, Битолскиот камерен оркестар, Балканска филхармонија-Скопје, оркестарот Јохан Штраус, симфонискиот оркестар на КултурОп, оркестарот за филмска музика FAME’S Скопје, Македонската Филхармонија и оркестарот на Македонската Oпера и Балет каде што е и вработен. На меѓународно ниво настапувал во Интернационалниот младински оркестар-Сараево 2003 година, Кралскиот симфониски оркестар при палатата Виланов – Полска, Меѓународниот Московски Фестивал за Славјанска Музика, каде што е член на жири комисија а воедно има и солистички настапи во рамките на истиот фестивал и др. Посетувал семинари кај Филип Пагљалонга, Јоко Јокота, Пол Маер, Николас Кокс. Има реализирано повеќе аудио и ТВ записи како и издадени два компакт диска со Скопскиот дувачки квинтет, а неодамна го издаде и својот прв солистички компакт диск.

Неговите настапи биле дел од повеќе фестивали како што се „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Денови на македонската музика“, „Интерфест-Битола“, „Хераклејски вечери“, Битфест, „Штипско лето“, „Дојрански ракувања“, „Сараевска зима“, како и настапи со различни формации, оркестри или солистички во Австрија, Aлбанија, Србија, Словенија, Бугарија, Полска, Русија, САД, Индонезија и др.

Настапувал и како солист со Македонската Филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет, а забележителен настап како солист има и со Московскиот државен академски симфониски оркестар во Москва  во 2015 година и со Дувачкиот оркестар на Музичкиот универзитет Фредерик Шопен во Варшава, Полска 2017 г. Ристо Ѓоревски во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас. Од тогаш е редовен гостин на фестивалот.

Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за животно дело, овој пат му се доделува на кларинетистот и универзитетски професор Иван Кочаров.

Иван Кочаров дипломира на Факултетот за музичка уметност во Белград, Србија (класа на проф. Бруно Брун). Во 1969 година се вработува како прв кларинетист – солист во оркестарот на Македонската филхармонија. Истовремено е избран за професор на ФМУ во Скопје, тогашна Висока музичка школа. Постдипломски студии завршува во Белград во 1978 година кај истиот професор, како прв магистер по кларинет од Македонија. Од неговата класа по кларинет досега имаат дипломирано околу 90 студенти, активни учесници на концертната сцена во Македонија и надвор од границите.

Уште како ученик во средното музичко училиште и подоцна како студент во Белград, Кочаров учествувал на бројни семинари, мастер класи и натпревари во тогашна Југославија и надвор од нејзините граници. Настапувал како солист со Камерниот оркестар на Музичката академија во Белград, а во 1967 година настапил како солист со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Тодор Скаловски. По завршувањето на студиите почнува богата солистичка концертна дејност, со бројни реализирани рецитали и полурецитали и како солист со Македонската филхармонија во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Во неговото портфолио како солист со Македонската филхармонија се впишани 24 реализирани концерти. Настапувал како солист со оркестарот на Темишварската филхармонија под диригенство на Николај Бобок. Долги години бил член на реномираниот Ансамлб за современа музика „Св. Софија“ со кого реализирал концерти во бројни градови од поранешна Југославија, на фестивали како „Охридско лето“, „Дубровнички летни игри“, „БЕМУС“, како и на концерти во Италија, Франција, Чехословачка, Тунис, Турција. Петнаесет години е член на Скопскиот дувачки квинтет со кого реализирал преку 300 концерти во земјата и надвор од неа. За својата уметничка дејност е добитник на наградата „13 ноември“ на Град Скопје. Настапувал како солист и со Камерниот ансамбл на РТС на концерти во Скопје и Штип. Со горенаведените состави има снимено голем процент минутажа за радио и телевизиски емисии, од кои ,,Рондо” од македонскиот композитор Стојан Стојков и сонатата ,,ин-ес”од Благој Цанев, се ставени на плоча на дела од македонски автори. Во 2006 година ја добива државната награда „Св. Климент Охридски“.

Музичката критика за настапите на Иван Кочаров се огласува со позитивни оцени, истакнувајќи ја неговата музикалност, одличната техника, сигурна интерпретација, топол тон, чувство за внатрешна логика на делото, интерпретаторска зрелост и сугестивност.

Влезот на концертот е слободен.

The post Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ и доделување на наградите на СМУМ appeared first on Република.

]]>

Во Музеј на македонската борба, 20 часот вечерва свечено ќе биде затворен фестивалот „Златна лира“ со доделување на наградата „Златна лира и концерт на ТРИО АУРА. Страшо Темков - флејта Марјан Милошевски - фагот Ана Гацева - пијано На програмата на концертот на Триото АУРА се дела од Лефебре, Иванов, Доницети, Морлаки, Пјацола. Триото АУРА го сочинуваат тројца истакнати музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти по покана на реномирани меѓународни фестивали како „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Златна лира“, БУНТ Белград, Софија, Нишки фестивал, фестивал „Барски љетопис“, фестивал „Еспресиво“ - Цетиње, фестивал „Нимус“, фестивал „Ледамус“, Врање, Ваљево итн, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија. Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Чести гости се на реномирани меѓународни фестивали во земјата и странство, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото промовира премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко високо естетско камерно музицирање високо го карактеризира „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“. НАГРАДА „ЗЛАТНА ЛИРА“ Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година, за 2021 година му се доделува на кларинетистот Ристо Ѓоревски. Ристо Ѓоревски завршува нижо и средно музичко училиште во Битола во класата на професорот Панде Татарчевски, а своите студии ги продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Иван Кочаров, во чија класа ги завршува и постдипломските студии во 2006 година. Уште во текот на своето образование забележува бројни настапи како на концерти така и на државните натпревари по кларинет и камерна музика. Наградуван е со прва државна награда за кларинет во 1994 и 1997 и прва државна награда за камерна музика во 2002 година, а во 2015 година како ДУО КЛАРИНЕТИ Ѓоревски-Бакревски ја освојуваат сребрената награда на натпреварот Свирел во Словенија во категоријата камерни состави. Концертно настапувал на повеке соло рецитали но и како член на различни камерни состави и оркестри во републиката и надвор од неа. Одреден период настапувал како член на Македонскиот дувачки квинтет, додека сега е активен член на Скопскиот дувачки квинтет. Забележителен е и неговиот настап на Скопско Лето 2009, на концертот по камерна музика заедно со македонскиот пијанист Симон Трпчески, како и со младинскиот оркестар на КултурОп под раководство на светското „чудо од дете“ диригентот Илич Ривас. Исто така, голем впечаток и позитивни критики беа забележани после неговиот настап заедно со Сергеј Петров – прв кларинетист на Бољшој театар (Москва) и Елена Атанасовска Ивановска – пијано на фестивалот Охридско лето 2014, како и на Битфест 2014. Како член на различни оркестри настапувал со Симфонискиот оркестар при Факултетот за музичка уметност-Скопје, камерниот оркестар Св. Софија, Битолскиот камерен оркестар, Балканска филхармонија-Скопје, оркестарот Јохан Штраус, симфонискиот оркестар на КултурОп, оркестарот за филмска музика FAME’S Скопје, Македонската Филхармонија и оркестарот на Македонската Oпера и Балет каде што е и вработен. На меѓународно ниво настапувал во Интернационалниот младински оркестар-Сараево 2003 година, Кралскиот симфониски оркестар при палатата Виланов – Полска, Меѓународниот Московски Фестивал за Славјанска Музика, каде што е член на жири комисија а воедно има и солистички настапи во рамките на истиот фестивал и др. Посетувал семинари кај Филип Пагљалонга, Јоко Јокота, Пол Маер, Николас Кокс. Има реализирано повеќе аудио и ТВ записи како и издадени два компакт диска со Скопскиот дувачки квинтет, а неодамна го издаде и својот прв солистички компакт диск. Неговите настапи биле дел од повеќе фестивали како што се „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Денови на македонската музика“, „Интерфест-Битола“, „Хераклејски вечери“, Битфест, „Штипско лето“, „Дојрански ракувања“, „Сараевска зима“, како и настапи со различни формации, оркестри или солистички во Австрија, Aлбанија, Србија, Словенија, Бугарија, Полска, Русија, САД, Индонезија и др. Настапувал и како солист со Македонската Филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет, а забележителен настап како солист има и со Московскиот државен академски симфониски оркестар во Москва  во 2015 година и со Дувачкиот оркестар на Музичкиот универзитет Фредерик Шопен во Варшава, Полска 2017 г. Ристо Ѓоревски во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас. Од тогаш е редовен гостин на фестивалот. Наградата „Златна лира“ која СМУМ ја доделува за животно дело, овој пат му се доделува на кларинетистот и универзитетски професор Иван Кочаров. Иван Кочаров дипломира на Факултетот за музичка уметност во Белград, Србија (класа на проф. Бруно Брун). Во 1969 година се вработува како прв кларинетист – солист во оркестарот на Македонската филхармонија. Истовремено е избран за професор на ФМУ во Скопје, тогашна Висока музичка школа. Постдипломски студии завршува во Белград во 1978 година кај истиот професор, како прв магистер по кларинет од Македонија. Од неговата класа по кларинет досега имаат дипломирано околу 90 студенти, активни учесници на концертната сцена во Македонија и надвор од границите. Уште како ученик во средното музичко училиште и подоцна како студент во Белград, Кочаров учествувал на бројни семинари, мастер класи и натпревари во тогашна Југославија и надвор од нејзините граници. Настапувал како солист со Камерниот оркестар на Музичката академија во Белград, а во 1967 година настапил како солист со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Тодор Скаловски. По завршувањето на студиите почнува богата солистичка концертна дејност, со бројни реализирани рецитали и полурецитали и како солист со Македонската филхармонија во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Во неговото портфолио како солист со Македонската филхармонија се впишани 24 реализирани концерти. Настапувал како солист со оркестарот на Темишварската филхармонија под диригенство на Николај Бобок. Долги години бил член на реномираниот Ансамлб за современа музика „Св. Софија“ со кого реализирал концерти во бројни градови од поранешна Југославија, на фестивали како „Охридско лето“, „Дубровнички летни игри“, „БЕМУС“, како и на концерти во Италија, Франција, Чехословачка, Тунис, Турција. Петнаесет години е член на Скопскиот дувачки квинтет со кого реализирал преку 300 концерти во земјата и надвор од неа. За својата уметничка дејност е добитник на наградата „13 ноември“ на Град Скопје. Настапувал како солист и со Камерниот ансамбл на РТС на концерти во Скопје и Штип. Со горенаведените состави има снимено голем процент минутажа за радио и телевизиски емисии, од кои ,,Рондо” од македонскиот композитор Стојан Стојков и сонатата ,,ин-ес”од Благој Цанев, се ставени на плоча на дела од македонски автори. Во 2006 година ја добива државната награда „Св. Климент Охридски“. Музичката критика за настапите на Иван Кочаров се огласува со позитивни оцени, истакнувајќи ја неговата музикалност, одличната техника, сигурна интерпретација, топол тон, чувство за внатрешна логика на делото, интерпретаторска зрелост и сугестивност. Влезот на концертот е слободен.

The post Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ и доделување на наградите на СМУМ appeared first on Република.

]]>
В петок почнува Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-petok-pochnuva-festivalot-na-kamerna-muzika-zlatna-lira/ Wed, 12 Oct 2022 12:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=560135

Фестивалот на камерна музика „ЗЛАТНА ЛИРА“ што Сојузот на музичките уметници на Македонија СМУМ традиционално секоја година го организира во месец октомври, свечено ќе биде отворен во петок 14 октомври во Музејот на македонската борба со концертот на сопранот Биљана Јосифов во пијано придружба на Иван Еминовиќ. Програмата на концертот е посветена на оперското творештво на Волфганг Амадеус Моцарт, а публиката ќе има можност во изведба на Јосифов и Еминовиќ да слушне арии од познатите опери „Свадбата на Фигаро“, „Така прават сите“, „Бастиен и Бастиена“, „Идоменео“ и „Дон Џовани“.

Биљана Јосифов (1989) дипломира и магистрира соло пеење ФМУ во Скопје со посебна почест – cum laude (класа на проф. Славица Петровска – Галиќ). Природната вокална дарба и музикалност на Биљана е поткрепена со високо професионално и сценско претставување каде до израз доаѓа нејзината сопствена уметничка креација и топол контакт со публиката. Овие квалитети таа постојано ги надградува и усовршува посетувајќи семинари и соработувајќи со афирмирани музички уметници и професори од повеќе светски земји.

Нејзината посветеност и преданост кон музиката резултираат со бројни јавни настапи, концерти и натпревари на кои освојува бројни награди и признанија. Таа е солист во Националната опера и балет, а своето музичко деби го реализира на 18-годишна возраст. Нејзината досегашна биографија ги вбројува следните улоги: Бастиена во операта „Бастиен и Бастиена“ Втора дама во „Волшебната флејта“ на Моцарт, Јованче во детската опера „Јованче и Марика“ на Хумпердинк, Антонија во „Хофманови приказни“ на Офенбах, Фиордилиџи во „Така прават сите“ на Моцарт, Жувено во „Адриана Лекуврер“ на Чилеа, Виолета во „Травијата“ и Чепрано во „Риголето“ на Верди, Розина во „Севилскиот бербер“ на Росини, Кристин во „Фантомот на операта“, Музето во „Боеми“ на Пучини, Недда во „Палјачи“ на Леонкавали и други. На сцена ги одигрува и улогите на Дона Ана во „Дон Џовани“, Рада во „Змејовата невеста“, Придружната дама во „Магбет“, Маргарита во „Фауст“. Во 2017 година ја изведува сопранската соло делница во Деветтата симфонија на Бетовен.

Биљана настапува и како редовен гостин-солист со Македонската филхармонија и со Камерниот оркестар на Битола. Настапила на фестивалите „Скопско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, „Есенски музички свечености“. Покрај редовните настапи со истакнати македонски уметници и диригенти, како солист Биљана настапувала и со врвни странски солисти и диригенти меѓу кои Даниела Деси (Италија), Џована Казола (Италија), Роберто Јачини (Италија), Микел Спадачини (Белгија), Џанлука Мартиненги (Италија), Енрико Довико (Италија), Јануш Пшибилски (Полска), Хуан Аткинс (САД), Ле Фи Фи (Виетнам), Валерио Гали (Италија), Џејсон Ерхарт (Канада) и други. Како солист во Националната опера и балет одиграла главни и споредни улоги во повеќе од 70 претстави, а настапила и на бројни солистички концерти и рецитали во земјата и надвор од нејзините граници во Италија, Бугарија, Русија, Босна и Херцеговина, Романија, Србија.

Роден во Скопје, Иван Еминовиќ музика започнува да изучува на 6-годишна возраст, посетувајќи најпрвин на одделот по пијано во нижото музичко училиште, а потоа и средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски – Ѓумар, каде во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композицијата, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал повеќе број концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија (Државен музички натпревар во Скопје, меѓународниот натпревар во рамките на фестивалот „Интерфест“ – Битола,  фестивалот ЕРТА во Осијек, Хрватска и други). Во јули 2018 диригира со Сараевската филхармонија по повод отварање на Башчаршиски ноќи во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќи продукции на Македонската опера и балет меѓу кои Травијата, Набуко, Дамата со камелии, Кармина Бурана, Севилски бербер, Кавалерија Рустикана, Жизел, Риголето, Евгениј Онегин, Адриана Лекуврер, Дон Џовани, Турандот, Реквием – Моцарт, како и многубројни концерти.

Влезот е слободен.

The post В петок почнува Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на камерна музика „ЗЛАТНА ЛИРА“ што Сојузот на музичките уметници на Македонија СМУМ традиционално секоја година го организира во месец октомври, свечено ќе биде отворен во петок 14 октомври во Музејот на македонската борба со концертот на сопранот Биљана Јосифов во пијано придружба на Иван Еминовиќ. Програмата на концертот е посветена на оперското творештво на Волфганг Амадеус Моцарт, а публиката ќе има можност во изведба на Јосифов и Еминовиќ да слушне арии од познатите опери „Свадбата на Фигаро“, „Така прават сите“, „Бастиен и Бастиена“, „Идоменео“ и „Дон Џовани“. Биљана Јосифов (1989) дипломира и магистрира соло пеење ФМУ во Скопје со посебна почест – cum laude (класа на проф. Славица Петровска – Галиќ). Природната вокална дарба и музикалност на Биљана е поткрепена со високо професионално и сценско претставување каде до израз доаѓа нејзината сопствена уметничка креација и топол контакт со публиката. Овие квалитети таа постојано ги надградува и усовршува посетувајќи семинари и соработувајќи со афирмирани музички уметници и професори од повеќе светски земји. Нејзината посветеност и преданост кон музиката резултираат со бројни јавни настапи, концерти и натпревари на кои освојува бројни награди и признанија. Таа е солист во Националната опера и балет, а своето музичко деби го реализира на 18-годишна возраст. Нејзината досегашна биографија ги вбројува следните улоги: Бастиена во операта „Бастиен и Бастиена“ Втора дама во „Волшебната флејта“ на Моцарт, Јованче во детската опера „Јованче и Марика“ на Хумпердинк, Антонија во „Хофманови приказни“ на Офенбах, Фиордилиџи во „Така прават сите“ на Моцарт, Жувено во „Адриана Лекуврер“ на Чилеа, Виолета во „Травијата“ и Чепрано во „Риголето“ на Верди, Розина во „Севилскиот бербер“ на Росини, Кристин во „Фантомот на операта“, Музето во „Боеми“ на Пучини, Недда во „Палјачи“ на Леонкавали и други. На сцена ги одигрува и улогите на Дона Ана во „Дон Џовани“, Рада во „Змејовата невеста“, Придружната дама во „Магбет“, Маргарита во „Фауст“. Во 2017 година ја изведува сопранската соло делница во Деветтата симфонија на Бетовен. Биљана настапува и како редовен гостин-солист со Македонската филхармонија и со Камерниот оркестар на Битола. Настапила на фестивалите „Скопско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, „Есенски музички свечености“. Покрај редовните настапи со истакнати македонски уметници и диригенти, како солист Биљана настапувала и со врвни странски солисти и диригенти меѓу кои Даниела Деси (Италија), Џована Казола (Италија), Роберто Јачини (Италија), Микел Спадачини (Белгија), Џанлука Мартиненги (Италија), Енрико Довико (Италија), Јануш Пшибилски (Полска), Хуан Аткинс (САД), Ле Фи Фи (Виетнам), Валерио Гали (Италија), Џејсон Ерхарт (Канада) и други. Како солист во Националната опера и балет одиграла главни и споредни улоги во повеќе од 70 претстави, а настапила и на бројни солистички концерти и рецитали во земјата и надвор од нејзините граници во Италија, Бугарија, Русија, Босна и Херцеговина, Романија, Србија. Роден во Скопје, Иван Еминовиќ музика започнува да изучува на 6-годишна возраст, посетувајќи најпрвин на одделот по пијано во нижото музичко училиште, а потоа и средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски – Ѓумар, каде во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композицијата, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал повеќе број концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија (Државен музички натпревар во Скопје, меѓународниот натпревар во рамките на фестивалот „Интерфест“ – Битола,  фестивалот ЕРТА во Осијек, Хрватска и други). Во јули 2018 диригира со Сараевската филхармонија по повод отварање на Башчаршиски ноќи во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќи продукции на Македонската опера и балет меѓу кои Травијата, Набуко, Дамата со камелии, Кармина Бурана, Севилски бербер, Кавалерија Рустикана, Жизел, Риголето, Евгениј Онегин, Адриана Лекуврер, Дон Џовани, Турандот, Реквием – Моцарт, како и многубројни концерти. Влезот е слободен.

The post В петок почнува Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ appeared first on Република.

]]>