златна камера 300 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-kamera-300/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 21:00:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png златна камера 300 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlatna-kamera-300/ 32 32 Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-kamera-300-za-germanskata-kinematograferka-dhudit-kaufman/ Fri, 27 Sep 2024 20:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=820435

Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“.

Џудит Кауфман е наградувана кинематограферка  позната во филмовите „Корсаж“ (2022), „Мојата прекрасна ванда“ (2020), „13 минути“ (2015), „Меѓу световите“ (2014), „Два живота“ (2012), „Кога заминуваме“ (2010), „Четири минути“ (2006) и „Скршено стакло“ (2002), а во моментов снима нов филм и затоа не присуствуваше на свеченоста во Битола.

Со исти професионални обврски надвор од Битола се и добитниците на сребрената „Камера 300“ која ја ја доби Ранабир Дас од Индија, кинематографер во филмот „Се’ што замислуваме како светлина“, додека бронзената „Камера 300“ ја освои Расмус Видебек од Данска, кинематографер во филмот „Ветената земја“. Со одлука на жирито, специјално признание вечерва беше доделено на кинематограферот Пабло Лозано, а наградата ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

ИФФК „Браќа Манаки“ година внесе повеќе фестивалски новини и додели награди за креативна синергија и соработка во филмот која ја примија Алис Брукс и Дејвид Смит, наградата во категоријата Европска Lo-Cap програма му припадна на Витаутас Каткус, наградата за најдобар кинематографер во категоријата документарен филм ја доби Хатем Нечу, за најдобар кинематографер во категоријата краток филм беше прогласен Хелсио Алемао, а награда доби и кинематограферот Марго Бесон кој со филмот „Ананси“ се натпреваруваше во студентската програма.

Организаторот посебно признание „Пионер во професијата“ додели на кинематограферката Ненси Шрајбер која се заблагодари на градот и фестивалот за приемот во Битола и Македонија.

The post Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман appeared first on Република.

]]>

Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“. Џудит Кауфман е наградувана кинематограферка  позната во филмовите „Корсаж“ (2022), „Мојата прекрасна ванда“ (2020), „13 минути“ (2015), „Меѓу световите“ (2014), „Два живота“ (2012), „Кога заминуваме“ (2010), „Четири минути“ (2006) и „Скршено стакло“ (2002), а во моментов снима нов филм и затоа не присуствуваше на свеченоста во Битола. Со исти професионални обврски надвор од Битола се и добитниците на сребрената „Камера 300“ која ја ја доби Ранабир Дас од Индија, кинематографер во филмот „Се’ што замислуваме како светлина“, додека бронзената „Камера 300“ ја освои Расмус Видебек од Данска, кинематографер во филмот „Ветената земја“. Со одлука на жирито, специјално признание вечерва беше доделено на кинематограферот Пабло Лозано, а наградата ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков. ИФФК „Браќа Манаки“ година внесе повеќе фестивалски новини и додели награди за креативна синергија и соработка во филмот која ја примија Алис Брукс и Дејвид Смит, наградата во категоријата Европска Lo-Cap програма му припадна на Витаутас Каткус, наградата за најдобар кинематографер во категоријата документарен филм ја доби Хатем Нечу, за најдобар кинематографер во категоријата краток филм беше прогласен Хелсио Алемао, а награда доби и кинематограферот Марго Бесон кој со филмот „Ананси“ се натпреваруваше во студентската програма. Организаторот посебно признание „Пионер во професијата“ додели на кинематограферката Ненси Шрајбер која се заблагодари на градот и фестивалот за приемот во Битола и Македонија.

The post Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман appeared first on Република.

]]>
Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochesna-zlatna-kamera-300-za-janaki-manaki/ Sun, 22 Sep 2024 07:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=818605

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на свеченото отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки.

Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон Манаки му додели награда Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело, потсети директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески.

Решивме да ја исправиме оваа неправда и затоа оваа година доделуваме Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело на Јанаки Манаки, истакна Дамески.

Наградата беше врачена на Милтон, внукот на Јанаки Манаки кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали во светот што ги слават кинематогаферите.

Прв пат мојот татко ја прими наградата златна „Камера 300“ во името на неговиот татко. Голема е честа и благодарност што оваа награда ја добива нашето семејство, и во име на нашиот Јанаки Манаки, истакна внукот Милтон.

Пред аудиториумот во Битола, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески, најави дека наскоро ќе се постави и споменик на Јанаки Манаки кој се очекува да биде во непосредна близина на споменикот на Милтон Манаки што се наоѓа пред НУ Центар за култура, во центарот на градот.

Денеска во Битола ќе бидат промовирани три, од вкупно 18 ѕвезди на „Патеката на славните“ што се наоѓа на Широк Сокак, а почнува од пред киното Манаки каде се поместени ѕвездите на Милтон Манаки, Јанаки Манаки и Данте Спиноти.

The post Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на свеченото отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки. Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон Манаки му додели награда Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело, потсети директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески.
Решивме да ја исправиме оваа неправда и затоа оваа година доделуваме Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело на Јанаки Манаки, истакна Дамески.
Наградата беше врачена на Милтон, внукот на Јанаки Манаки кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали во светот што ги слават кинематогаферите.
Прв пат мојот татко ја прими наградата златна „Камера 300“ во името на неговиот татко. Голема е честа и благодарност што оваа награда ја добива нашето семејство, и во име на нашиот Јанаки Манаки, истакна внукот Милтон.
Пред аудиториумот во Битола, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески, најави дека наскоро ќе се постави и споменик на Јанаки Манаки кој се очекува да биде во непосредна близина на споменикот на Милтон Манаки што се наоѓа пред НУ Центар за култура, во центарот на градот. Денеска во Битола ќе бидат промовирани три, од вкупно 18 ѕвезди на „Патеката на славните“ што се наоѓа на Широк Сокак, а почнува од пред киното Манаки каде се поместени ѕвездите на Милтон Манаки, Јанаки Манаки и Данте Спиноти.

The post Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки appeared first on Република.

]]>
Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferite-dhevahir-sahin-i-kursat-uresin/ Sat, 30 Sep 2023 06:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=686520

Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.

Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои се наградата за најдобра камера на Филмскиот фестивал во Истанбул, како и три награди на филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија.

Со одлука на стручно жири, сребрена „Камера 300“ на сцената во Битола му беше врачена на кинематограферот Ченгма Жијуан, член на кинеското друштво на кинематогарфери, а бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематограферот Паоло Карнера.

Пред спуштањето на филмското платно, на фестивалската сцена во Битола беа доделени награди и специјални признанија за документарен филм, студентска програма и краткометражен филм, кристална и железна „Камера 300“, а меѓу наградените беа и македонските кинематографери Стефан Ѓоргиевски кој доби специјално признание за неговиот придонес во филмот „Мавера“ и Наум Доксевски, кинематографер во филмот „Домаќинство за почетници“.

Според востановената традиција, специјалната златна „Камера 300“ за посебен придонес во филмската уметност која годинава му припадна на Шејмус Мекгарви, ја врачи покровителот на фестивалот, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Лауратот Мекгарви во Битола одржа мастер клас, два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија-кинематографија во филмот „Покајание“ и за филмот „Ана Каренина“. Во својата кариера, Мекгарви е потписник на педесеттина филмови, меѓу кои „Педесет нијанси на сивото“, „Годзила“, „Величествениот шоумен“..., а неговиот најнов филм „Вонка“, каде исто така е кинематографер, премиерно ќе биде прикажан оваа година, во декември.

The post Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин appeared first on Република.

]]>

Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола. Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои се наградата за најдобра камера на Филмскиот фестивал во Истанбул, како и три награди на филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија. Со одлука на стручно жири, сребрена „Камера 300“ на сцената во Битола му беше врачена на кинематограферот Ченгма Жијуан, член на кинеското друштво на кинематогарфери, а бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематограферот Паоло Карнера. Пред спуштањето на филмското платно, на фестивалската сцена во Битола беа доделени награди и специјални признанија за документарен филм, студентска програма и краткометражен филм, кристална и железна „Камера 300“, а меѓу наградените беа и македонските кинематографери Стефан Ѓоргиевски кој доби специјално признание за неговиот придонес во филмот „Мавера“ и Наум Доксевски, кинематографер во филмот „Домаќинство за почетници“. Според востановената традиција, специјалната златна „Камера 300“ за посебен придонес во филмската уметност која годинава му припадна на Шејмус Мекгарви, ја врачи покровителот на фестивалот, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Лауратот Мекгарви во Битола одржа мастер клас, два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија-кинематографија во филмот „Покајание“ и за филмот „Ана Каренина“. Во својата кариера, Мекгарви е потписник на педесеттина филмови, меѓу кои „Педесет нијанси на сивото“, „Годзила“, „Величествениот шоумен“..., а неговиот најнов филм „Вонка“, каде исто така е кинематографер, премиерно ќе биде прикажан оваа година, во декември.

The post Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин appeared first on Република.

]]>
Златна „Камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Рубен Импенс за филмот „Осум планини“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-kamera-300-na-brakja-manaki-za-ruben-impens-za-filmot-osum-planini/ Sat, 27 Aug 2022 07:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=544612

Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – добитник на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Меѓународното стручно жири синоќа во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во неговите раце. Второто по ранг одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ годинава отпатува за Италија, затоа што добитничка на сребрена „Камера 300“ е Италијанката Дарија Д’Антонио, додека бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематографот Хидетоши Шиномија од Јапонија.
ИФФК „Браќа Манаки“ на големата сцена во НУ Центар за култура-Битола додели специјална „Камера 300“ на една од легендите во кинематографијата Џон Метисон, а високото фестивалско признание го врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Апсолутно сум воодушевен што сум тука и затоа што ова е единственото место во светот каде што се чувствува нашата работа. Вие го направивте фестивалот „Браќа Манаки“ таков како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографи но и самата филмска камера како нешто што заслужува голема важност“, истакна кинематограферот Метисон и додаде дека визуелниот јазик секој го разбира и тоа е така уште со првите слики на браќата Манаки кои сите ги разбираат.

Според востановената традиција. награди се доделија во категориите документарна програма, а железна „Камера 300“ му припадна на кинематогареферот Саша Кулак од Франција, во категоријата краткометражен филм мала „Камера 300“ доби кинематограферот Шад Чабан, а посебно признание и беше доделено и на кинематограферката Жоана Пимента од Бразил за нејзиниот придонес во документарниот филм „Гори сува земја“.

Годинава првпат награда се додели и во категоријата студетнска програма, а со одлука на жирито првата златна „Камера 300“ ја добија кинематограферите Симоне Харт и Кристијан Нојбергер од Филмската академија во Виена.

По доделувањето на наградите и свеченото затворање следуваше проекцијата на „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески.

The post Златна „Камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Рубен Импенс за филмот „Осум планини“ appeared first on Република.

]]>

Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – добитник на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Меѓународното стручно жири синоќа во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во неговите раце. Второто по ранг одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ годинава отпатува за Италија, затоа што добитничка на сребрена „Камера 300“ е Италијанката Дарија Д’Антонио, додека бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематографот Хидетоши Шиномија од Јапонија. ИФФК „Браќа Манаки“ на големата сцена во НУ Центар за култура-Битола додели специјална „Камера 300“ на една од легендите во кинематографијата Џон Метисон, а високото фестивалско признание го врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Апсолутно сум воодушевен што сум тука и затоа што ова е единственото место во светот каде што се чувствува нашата работа. Вие го направивте фестивалот „Браќа Манаки“ таков како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографи но и самата филмска камера како нешто што заслужува голема важност“, истакна кинематограферот Метисон и додаде дека визуелниот јазик секој го разбира и тоа е така уште со првите слики на браќата Манаки кои сите ги разбираат.
Според востановената традиција. награди се доделија во категориите документарна програма, а железна „Камера 300“ му припадна на кинематогареферот Саша Кулак од Франција, во категоријата краткометражен филм мала „Камера 300“ доби кинематограферот Шад Чабан, а посебно признание и беше доделено и на кинематограферката Жоана Пимента од Бразил за нејзиниот придонес во документарниот филм „Гори сува земја“. Годинава првпат награда се додели и во категоријата студетнска програма, а со одлука на жирито првата златна „Камера 300“ ја добија кинематограферите Симоне Харт и Кристијан Нојбергер од Филмската академија во Виена. По доделувањето на наградите и свеченото затворање следуваше проекцијата на „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески.

The post Златна „Камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Рубен Импенс за филмот „Осум планини“ appeared first on Република.

]]>