златен накит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlaten-nakit/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 14:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png златен накит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlaten-nakit/ 32 32 Над 43 килограми златен накит запленети од куфер на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nad-43-kilogrami-zlaten-nakit-zapleneti-od-kufer-na-skopskiot-aerodrom/ Tue, 21 Mar 2023 14:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=622112

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.

По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато, до дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, информираше Кутиров.

Како што рече, лицето и накитот се привремено задржани и во моментов се спроведува истрагата. Во истрагата се вклучени и Секторот за контроли и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Директорката на Царинската управа рече дека за овој случај веднаш е известен дежурниот јавен обвинител, заради спроведување на понатамошни истражни дејствија.

Кутиров напомена дека во 2022 година се забележува двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија по сите категории, во однос на 2021 година.

Споредено со 2021 година кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на над осум тони дроги и психотропни супстанци, како и заплена на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Од нив, во пет случаи се запленети 33,8 килограми злато, со проценета вредност од околу 1,5 милиони евра. Златото е предадено на Агенцијата за управување со одземен имот, која понатаму го депонира во Народната банка до правосилно завршување на судската постапка, рече Кутиров.

Како што информираше таа, од почетокот на оваа година имало вкупно 18 случаи на спречување на недозволена трговија во повеќе категории, меѓу кои два случаи со околу 50 килограми запленети дроги и психотропни супстанци, девет случаи со заплена на акцизни стоки, тутун и преработки од тутун, електронски цигари и тутун за наргиле, три случаи на заплени на девизи во вкупен износ од над 90 илјади евра, како и два случаи на заплена на злато, вклучувајќи го и овој денес, со вкупна проценета вредност од над 2,3 милиони евра.

The post Над 43 килограми златен накит запленети од куфер на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.
По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато, до дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, информираше Кутиров.
Како што рече, лицето и накитот се привремено задржани и во моментов се спроведува истрагата. Во истрагата се вклучени и Секторот за контроли и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа. Директорката на Царинската управа рече дека за овој случај веднаш е известен дежурниот јавен обвинител, заради спроведување на понатамошни истражни дејствија. Кутиров напомена дека во 2022 година се забележува двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија по сите категории, во однос на 2021 година.
Споредено со 2021 година кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на над осум тони дроги и психотропни супстанци, како и заплена на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Од нив, во пет случаи се запленети 33,8 килограми злато, со проценета вредност од околу 1,5 милиони евра. Златото е предадено на Агенцијата за управување со одземен имот, која понатаму го депонира во Народната банка до правосилно завршување на судската постапка, рече Кутиров.
Како што информираше таа, од почетокот на оваа година имало вкупно 18 случаи на спречување на недозволена трговија во повеќе категории, меѓу кои два случаи со околу 50 килограми запленети дроги и психотропни супстанци, девет случаи со заплена на акцизни стоки, тутун и преработки од тутун, електронски цигари и тутун за наргиле, три случаи на заплени на девизи во вкупен износ од над 90 илјади евра, како и два случаи на заплена на злато, вклучувајќи го и овој денес, со вкупна проценета вредност од над 2,3 милиони евра.

The post Над 43 килограми златен накит запленети од куфер на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Скопјанка украла злато во Чаршија, златарот ја фатил и ја истепал, а таа го пријавила https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-ukrala-zlato-vo-charshija-zlatarot-ja-fatil-i-ja-istepal-a-taa-go-prijavila/ Fri, 18 Nov 2022 22:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=575680

Скопјанка вчера украла златен предмет од златарница во Старата чаршија, a златарот ја фатил и ја истепал, по што таа го пријавила, соопшти полицијата.

„На подрачјето на Бит Пазар-Скопје, вчера во 13.40 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Р.А.(37) од Скопје. Таа се сомничи дека претходно од златарница одзела златен предмет. Р.А. пријавила дека околу 13.00 часот во златарницата продавачот Н.А.(60) од Скопје ја нападнал физички.

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветни поднесоци.

The post Скопјанка украла злато во Чаршија, златарот ја фатил и ја истепал, а таа го пријавила appeared first on Република.

Изложба на фотографии од златни археолошки артефакти пронајдени во Неготинско https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-fotografii-od-zlatni-arheoloshki-artefakti-pronajdeni-vo-negotinsko/ Mon, 07 Mar 2022 15:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=469087

Изложба на фотографии од златни археолошки артефакти пронајдени во Неготинско, беше отворена денеска во Музеј галерија во Кавадарци. Автор на изложбата е Драгица Чекорова, кустос-советник и директор на Музеј на град Неготино.

Директорката на кавадаречкиот музеј, Весна Ѓорѓиева рече дека изложбата е во чест на утрешниот празник на жената. Таа појасни дека фотографиите од златните археолошки артефакти пронајдени на археолошкиот локалитет „Орманков гроб” во 2008 година, се претставени на 30 паноа. Станува збор за накит, предмети за чување на накит, монети и слично.

Тие се едни од најрепрезентативните експонати во нашата држава, поради што имаат огромна археолошка и уметничка вредност, нагласи Ѓорѓиева.

За изложбата говореше Раде Атанасов, виш-кустос археолог во кавадаречкиот музеј.

Предметите датираат од 5-4 век пред нашата ера, а најверојатно припаѓаат на некој виден Пеонец во неговото време. Самата разновидност на предметите укажува дека биле собирани во еден подолг временски период, рече Атанасов.

Авторката на изложбата, Чекорова потсети дека во античко време златото се користело за производство на вреден накит и екстравагантни луксузни предмети, но и како платежно средство.

-Накитот, како што се ѓердани, обетки, брошеви и нараквици, не само што ја краселе личноста што ги носела, туку служеле и како амајлии, вредносни складишта и за впечатлив приказ на богатството на жените и нивните сопрузи, рече Чекорова

The post Изложба на фотографии од златни археолошки артефакти пронајдени во Неготинско appeared first on Република.