Maкедонија стигна до нов успех на Светското првенство во кик-бокс за кадети и јуниори. По вчерашниот златен медал на Марија Димовска, денеска успешен настап имаше Силвио Мировски, пренесува „Скопје1.мк“.
Мировски стигна до златниот медал во конкуренција на постари јуниори во категоријата до 71 килограм.
Во полуфианлето Мировски беше подобар од Бугаринот, Атанас Димов, а во финалето го совлада Украинецот Иван Бородатки за јуниорска светска титула.
The post Силвио Мировски стана светски јуниорски шампион во кик-бокс appeared first on Република.
]]>The post Силвио Мировски стана светски јуниорски шампион во кик-бокс appeared first on Република.
]]>Македонската кик-боксерка Марија Димовска освои златен медал на Светското јуниорско првенство за кадети и јуниори во Будимпешта!
Младата кик-боксерка во финалето во Унгарија беше подобра од Мија Лијамичев од Израел и ја победи со резултат 2-1. Нашата репрезентативка направи уште еден подвиг и успех, откако во февруари беше сребрена на Европското првенство за јуниори и кадети.
На истиот турнир но во машка конкуренција за злато се бореше Лука Змејкоски, но загуби во финалето.
The post Марија Димовска е светска шампионка во кик-бокс во јуниорска категорија! appeared first on Република.
]]>The post Марија Димовска е светска шампионка во кик-бокс во јуниорска категорија! appeared first on Република.
]]>Дуња Иванова од ВК Енерџи, оваа недела избори победа на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа на Стара планина, Србија.
Овој натпревар беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација - УЦИ. Нешто повеќе од 60 км и висинска разлика од речиси 2400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања.
Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени. Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третата позиција се бореше Асја Борисова од Бугарија.
Во машката конкуренција, подиумот го делеа Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија.
The post Велосипедистката Дуња Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина! appeared first on Република.
]]>The post Велосипедистката Дуња Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина! appeared first on Република.
]]>Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз совладувајќи го Карлос Алкараз во финалето со 7:6 (3), 7:6 (2), пренесува „Спорт клуб“.
Српската влада великодушно ги наградува олимпијците кои ѝ носат медали за земјата, поточно Ѓоковиќ ќе добие 200.000 евра за златото. Србија на Ѓоковиќ ќе му исплатува и спортска пензија која ќе му биде активирана од 40-от роденден.
Србија е меѓу најдарежливите земји, а само две земји даваат повеќе за олимписко злато. Израел златниот медал го наградува со 253.000, а Хонг Конг дури со 708.000 евра.
The post Србија ќе го награди Ноле со државна пензија за медалот appeared first on Република.
]]>The post Србија ќе го награди Ноле со државна пензија за медалот appeared first on Република.
]]>Српскиот тим победи во конкуренција на мешани двојки во стрелање со воздушен пиштол на далечина од 10 метри. Зорана Аруновиќ и Дамир Микец го победија турскиот тим со резултат 16:14.
Ова злато беше прво за Србија на Игрите во 2024 година.
Пласман на најдобрите три двојки:
1. Србија (Зорана Аруновиќ, Дамир Микец)
2. Турција (Севал Илајда Тархан, Јусуф Дикеш)
3. Индија (Ману Бакер, Анируд Синг).
The post Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.
]]>The post Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.
]]>Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз.
Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки.
Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон и Кесиди Кук од САД.
Бронзата им припадна на Британките Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен
The post И второто злато на ОИ 2024 за Кина appeared first on Република.
]]>The post И второто злато на ОИ 2024 за Кина appeared first on Република.
]]>Младиот Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика, која од 15 до 19 јули година се одржуваше во Кутаиси, Грузија.
Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година“, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ).
Оттаму објавија дека Олимпијадата, која заврши вчера, покрај Јан Стојановски кој е ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, награди за успешно учество (пофалници) добија и Матеј Гелев, исто така ученик во ПСУ „Јахја Кемал“, потоа Емилија Николовска ученичка во Математичко информатичката гимназија од Скопје и Димитриј Анѓеловски – ученик во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.
Достојно ја престави својата држава и го покажа своето знаење на оваа олимпијада и Дамјан Стојанов ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје“, соопштуваат од ДФРМ.
Тимот го предводеа проф. д-р Ирина Петреска, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и м-р Христијан Кочанковски, асистент на ПМФ во Скопје и претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.
Инаку, на Европска олимпијада учествуваа 54 држави и тоа 36 држави од Европа и 18 држави надвор од Европа. Секоја од државите на олимпијадата имаше право да учествува со тим од 5 ученици.
The post Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на Европската олимпијада по физика appeared first on Република.
]]>Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година“, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ).Оттаму објавија дека Олимпијадата, која заврши вчера, покрај Јан Стојановски кој е ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, награди за успешно учество (пофалници) добија и Матеј Гелев, исто така ученик во ПСУ „Јахја Кемал“, потоа Емилија Николовска ученичка во Математичко информатичката гимназија од Скопје и Димитриј Анѓеловски – ученик во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.
Достојно ја престави својата држава и го покажа своето знаење на оваа олимпијада и Дамјан Стојанов ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје“, соопштуваат од ДФРМ.Тимот го предводеа проф. д-р Ирина Петреска, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и м-р Христијан Кочанковски, асистент на ПМФ во Скопје и претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ. Инаку, на Европска олимпијада учествуваа 54 држави и тоа 36 држави од Европа и 18 држави надвор од Европа. Секоја од државите на олимпијадата имаше право да учествува со тим од 5 ученици.
The post Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на Европската олимпијада по физика appeared first on Република.
]]>На престижната математичка олимпијада “Коперникус”, која се одржува на Универзитетот Колумбија во Њујорк, оваа година со златен медал се закити и талентираниот Дарјан Мирчевски, ученик од основното училиште “Јаха Кемал” во Карпош, Скопје.
13 годишниот Дарјан беше единствениот учесник од Македонија на оваа математичка олимпијада, во конкуренција од 60 финалисти кои доаѓаа од 34 различни држави ширум светот.
Во категоријата за шесто и седмооделенци, соред критериумите на Универзитетот “Колумбија”, покрај Дарјан Мирчевски, златен медал освоија и неговите врсници математичари од Јапонија, Казахстан, Британија и Монголија. Честитки и уште многу успеси!
The post Младиот Дарјан со златен медал по математика во Њујорк appeared first on Република.
]]>The post Младиот Дарјан со златен медал по математика во Њујорк appeared first on Република.
]]>Нашиот мал математички генијалец Македон Димитровски, оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал, овојпат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД.
Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето НОВА, каде доби целосна стипендија за образование.
Инаку оваа математичка олимпијада е основана во 1979-та година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.
The post Златен медал за Македон Димитровски на математичка олимпијада во САД appeared first on Република.
]]>The post Златен медал за Македон Димитровски на математичка олимпијада во САД appeared first on Република.
]]>Нашиот мал математички генијалец Македон Димитровски, оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал, овојпат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД.
Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето НОВА, каде доби целосна стипендија за образование.
Инаку оваа математичка олимпијада е основана во 1979-та година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.
The post Златен медал за Македон Димитровски на математичка олимпијада во САД appeared first on Република.
]]>The post Златен медал за Македон Димитровски на математичка олимпијада во САД appeared first on Република.
]]>Шест македонски математичари постигнаа огромен успех на математичката олимпијада во Јапонија. На престижниот натрепвар тие освоија четири медали и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).
Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, соопштија од СММ.
Златен медал освои Дамјан Давков, додека со сребрен медал по математика на интернационалната олимпијада се закити Алексиј Тасиќ. Никола Цветаноски и Никола Спироски добија бронзени медали.
Во продолжение списокот и освоените поени на македонските математички олимпијци.
ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)
НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)
БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)
Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!, велат од СММ.
The post Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал appeared first on Република.
]]>Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, соопштија од СММ.Златен медал освои Дамјан Давков, додека со сребрен медал по математика на интернационалната олимпијада се закити Алексиј Тасиќ. Никола Цветаноски и Никола Спироски добија бронзени медали. Во продолжение списокот и освоените поени на македонските математички олимпијци. ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени) АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени) НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени) НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени) ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени) БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)
Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!, велат од СММ.
The post Огромен успех за средношколците на математичката олимпијада во Јапонија: Дамјан Давков освои златен медал appeared first on Република.
]]>На 27.Јуниорска балканска математичка олимпијада, Македонија е единствената земја која освои златен медал со максимален број на поени. Златниот медал го освои Дамјан Давков, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).
Покрај златниот медал, освоени се еден сребрен медал, од Ивано Божиновски и еден бронзен медал од Андрија Младеновиќ. На ЈБМО 2023 државата успешно ја претставија уште Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ.
Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов, додаваат од СММ.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески, Лука Хаџи Јорданов, проф. д-р Мирко Петрушевски, Виктор Симјаноски и претседателот на комисијата за ЈММО и меѓународни натпревари до 15,5 години проф. д-р Делчо Лешковски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот. На крај неизоставно им искажуваме благодарност на спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките, додаваат лидерите на тимот, Никола Велов и Петар Филиповски.
The post Дамјан Давков освои злато со максимални поени на Јуниорската балканска математичка олимпијада appeared first on Република.
]]>Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески, Лука Хаџи Јорданов, проф. д-р Мирко Петрушевски, Виктор Симјаноски и претседателот на комисијата за ЈММО и меѓународни натпревари до 15,5 години проф. д-р Делчо Лешковски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот. На крај неизоставно им искажуваме благодарност на спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките, додаваат лидерите на тимот, Никола Велов и Петар Филиповски.
The post Дамјан Давков освои злато со максимални поени на Јуниорската балканска математичка олимпијада appeared first on Република.
]]>Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од клубот Тигри Скопје, викендот освои златен медал во конкуренција сениорки -62 кг на меѓународниот натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата.
На натпреварот турнирот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија…
Во својата категорија Рељиќ на патот до златото ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.
Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.
Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, на претстојното Европското клупско првенство од 22 – 26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, како и на Светското првенство во ноември во Мексико.
The post Злато на Израел Г2 опен за македонската таеквондистка Мила Рељиќ appeared first on Република.
]]>The post Злато на Израел Г2 опен за македонската таеквондистка Мила Рељиќ appeared first on Република.
]]>Од 22-24 март на Копаоник во Србија се одрза скијачкиот ЕУРОБАЛКАН КУП на кој учествуваа и македонски натпреварувачи во состав Виктор Петков, Влатко Анастасоски и помладиот Петков - Владимир.
Одличната форма и предходните добри резултати ги потврди со златен медал, Виктор Петков кој во слалом на ЕУРОБАЛКАН КУП го освои златниот медал.
Уште првиот ден, во дисциплината велеслалом, Виктор Петков го освои второто место, а останатите дваца преставници ги постигнаа најдобрите лични ФИС точки.
И на вториот натпревар во слалом на Државното првенство на Србија, Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал. Во оваа натпреварувачка сезона, Виктор Петков, од дваесет и девет стартувања на ФИС натпревари дури десет пати освојуваше пласман на пиедесталот.
The post Златен медал за Македонија на ЕУРОБАЛКАН КУП appeared first on Република.
]]>The post Златен медал за Македонија на ЕУРОБАЛКАН КУП appeared first on Република.
]]>Музичкиот состав Трио долче во кој членуваат професионалните музичарки :Андријана Дукоска (виолончело), Марија Шамоска Буџаковски (пијано), Светлана Богданоска Ристоски (флејта), добија златен медал на Интернационалниот музички натпревар Прометеус во Болоња, Италија.Ова пијано трио е оформено во 2016 година.
Честа и здоволството од резултатите се огромни, знаејќи дека во јака конкуренција на состави од различни земји низ светот, комисијата составена од еминентни уметници и педагози, ни ја доделија оваа награда, истакнуваат од триото.
Поддржани од Министерството за култура на Р.Македонија, тие активно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци). Во нивниот изведувачки опус се опфатени композиции од сите стилски епохи. Овој музички состав, во периодот јануари/февруари 2021 год. ја освои Првата награда – LAUREATЕ, на Меѓународниот уметнички фестивал во Италија – Future Stars на фондацијата Sopravista International Festival – Contest, во категоријата Инструментална музика.
The post Златен медал за Трио Долче во Италија appeared first on Република.
]]>Музичкиот состав Трио долче во кој членуваат професионалните музичарки :Андријана Дукоска (виолончело), Марија Шамоска Буџаковски (пијано), Светлана Богданоска Ристоски (флејта), добија златен медал на Интернационалниот музички натпревар Прометеус во Болоња, Италија.Ова пијано трио е оформено во 2016 година.
Поддржани од Министерството за култура на Р.Македонија, тие активно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци). Во нивниот изведувачки опус се опфатени композиции од сите стилски епохи. Овој музички состав, во периодот јануари/февруари 2021 год. ја освои Првата награда – LAUREATЕ, на Меѓународниот уметнички фестивал во Италија – Future Stars на фондацијата Sopravista International Festival – Contest, во категоријата Инструментална музика.Честа и здоволството од резултатите се огромни, знаејќи дека во јака конкуренција на состави од различни земји низ светот, комисијата составена од еминентни уметници и педагози, ни ја доделија оваа награда, истакнуваат од триото.
The post Златен медал за Трио Долче во Италија appeared first on Република.
]]>Премиерниот златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг го освои норвешката претставничка во нордиско трчање Тереза Јохауг, која денеска победи во дисциплината скијатлон, која вклучува 7.5 километри класичен стил и 7.5 километри слободен стил.
На трката на која првично требаше да настапи и македонската олимпијка Ана Цветановска, но Меѓународната скијачка федерација дополнително го лимитираше бројот на учесници според рангирањето, Јохауг мина прва низ целта пред Русинката Наталија Непријајева (+30 секунди), додека бронзата и припадна на Тереза Стадлобер од Австрија (+30.5).
По исклучително студено и ветровито време, норвешката олимпијка во вториот дел од трката во слободен стил направи недостижна предност пред конкурентките и го освои своето прво поединечно злато во кариерата.
The post Првото олимписко злато годинава оди кај Тереза Јохауг од Норвешка appeared first on Република.
]]>The post Првото олимписко злато годинава оди кај Тереза Јохауг од Норвешка appeared first on Република.
]]>