Златен елец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlaten-elec/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 09:43:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Златен елец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlaten-elec/ 32 32 Прва реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prva-repriza-na-pretstavata-hinkeman-vo-rezhija-i-adaptatsija-na-tamara-stojanoska-vo-mkts/ Fri, 22 Nov 2024 09:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=840716

Во понеделник(25.11) со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар Скопје ќе се изведе првата реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска а во продукција на Театар „Златен Елец“ и Фестивалот МОТ.

Претставата „Хинкеман“ е работена според анти-воената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество. Во текстот на Толер се препознаваме и денес, а со тоа треба да се запрашаме дали воопшто нешто се менува во длабочината на човечкото однесување. Овој текст е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. „Хинкеман“ е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние кои се различни на било кој начин, секогаш, во било кој историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата.

 

Хинкеман, нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние кои се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Низ неговото патување, се потсетуваме дека секој поединец, без разлика колку е скршен или различен, заслужува достоинство и сочувство. Oва е повик да се изгради општество кое им помага на луѓето наместо да ги турка на маргините – општество каде емпатијата е извор на сила, трансформирајќи ги не само поединците, туку и светот околу нас. – вели режисерката Тамара Стојаноска.

Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски, музиката е на Лука Тошев, дизајнер на рекламен материјал е Бојана Цилевска а фотографиите се на Тамара Малкоска и Александар Ристовски.

 

Оваа копродукциска претстава со фестивалот МОТ е резултат на наградата „Биш“ на Театар „Златен Елец“ за претставата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, која е сеуште активна претстава со вкупно четири награди на различни театарски фестивали.

The post Прва реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во понеделник(25.11) со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар Скопје ќе се изведе првата реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска а во продукција на Театар „Златен Елец“ и Фестивалот МОТ. Претставата „Хинкеман“ е работена според анти-воената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество. Во текстот на Толер се препознаваме и денес, а со тоа треба да се запрашаме дали воопшто нешто се менува во длабочината на човечкото однесување. Овој текст е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. „Хинкеман“ е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние кои се различни на било кој начин, секогаш, во било кој историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата.   Хинкеман, нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние кои се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Низ неговото патување, се потсетуваме дека секој поединец, без разлика колку е скршен или различен, заслужува достоинство и сочувство. Oва е повик да се изгради општество кое им помага на луѓето наместо да ги турка на маргините – општество каде емпатијата е извор на сила, трансформирајќи ги не само поединците, туку и светот околу нас. – вели режисерката Тамара Стојаноска. Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски, музиката е на Лука Тошев, дизајнер на рекламен материјал е Бојана Цилевска а фотографиите се на Тамара Малкоска и Александар Ристовски.   Оваа копродукциска претстава со фестивалот МОТ е резултат на наградата „Биш“ на Театар „Златен Елец“ за претставата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, која е сеуште активна претстава со вкупно четири награди на различни театарски фестивали.

The post Прва реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Независниот театар „Златен Елец“ со „Кенди“ денеска ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nezavisniot-teatar-zlaten-elets-so-kendi-deneska-ke-nastapi-na-vtoriot-internatsionalen-festival-na-duodrama-branko-gorchev-vo-negotino/ Fri, 12 May 2023 07:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=639978

Во петок(12.05) независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, со дуодрамата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска според роман на Лук Дејвис и авторски материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а претставата е селектирана во официјалната конкуренција. Во „Кенди“ играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, а музиката е на Лука Тошев.
Изведбите на „Кенди“ во Скопје се одржуваат во Младинскиот културен центар.

– Кенди е љубовна приказна, но истовремено е сурово истражување на животот со зависност и приказ на времето во кое живееме. Претстава што говори за младиот човек денес, за борбата со болеста зависност и дискриминацијата што доаѓа со неа, за недостатоците во здравството и за тие што немаат поддршка, за сите млади луѓе што се чувствуваат заглавено во машинеријата на системот – вели режисерката Тамара.
Наредната недела, во среда(17.05), дипломската претстава „Разнесени“ на режисерката Тамара Стојаноска ќе го отвори интернационалниот студентски фестивал „Фист“ во Белград, Р. Србија. Автор на „Разнесени“ е Сара Кејн, а користена е дел од поезијата на Милена Марковиќ и Силвија Плат, претставата е копродукција со универзитетот „Еуропа Прима“ од Скопје. Бобан Алексоски, Ива Петровска и Ане Блажовски се актерите во претставата, музиката е на Лука Тошев, а дизајнот на рекламниот материјал и во двете претстави е на Бојана Цилевска.

„Разнесени“ исто така посочува на системот кој се бори со една тажна, насилна и бесмислена епоха во која живеееме, кајшто владее секаква омраза и страв, од разисам до хомофобија, со една надеж за промена во светот и општеството воопшто. – се вели за претставата.

Освен фестивалските изведби, театар „Златен Елец“ периодов, редовно ги репризира сите претстави во Скопје и низ државата.

The post Независниот театар „Златен Елец“ со „Кенди“ денеска ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино appeared first on Република.

]]>

Во петок(12.05) независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, со дуодрамата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска според роман на Лук Дејвис и авторски материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а претставата е селектирана во официјалната конкуренција. Во „Кенди“ играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, а музиката е на Лука Тошев. Изведбите на „Кенди“ во Скопје се одржуваат во Младинскиот културен центар. – Кенди е љубовна приказна, но истовремено е сурово истражување на животот со зависност и приказ на времето во кое живееме. Претстава што говори за младиот човек денес, за борбата со болеста зависност и дискриминацијата што доаѓа со неа, за недостатоците во здравството и за тие што немаат поддршка, за сите млади луѓе што се чувствуваат заглавено во машинеријата на системот – вели режисерката Тамара. Наредната недела, во среда(17.05), дипломската претстава „Разнесени“ на режисерката Тамара Стојаноска ќе го отвори интернационалниот студентски фестивал „Фист“ во Белград, Р. Србија. Автор на „Разнесени“ е Сара Кејн, а користена е дел од поезијата на Милена Марковиќ и Силвија Плат, претставата е копродукција со универзитетот „Еуропа Прима“ од Скопје. Бобан Алексоски, Ива Петровска и Ане Блажовски се актерите во претставата, музиката е на Лука Тошев, а дизајнот на рекламниот материјал и во двете претстави е на Бојана Цилевска. „Разнесени“ исто така посочува на системот кој се бори со една тажна, насилна и бесмислена епоха во која живеееме, кајшто владее секаква омраза и страв, од разисам до хомофобија, со една надеж за промена во светот и општеството воопшто. – се вели за претставата. Освен фестивалските изведби, театар „Златен Елец“ периодов, редовно ги репризира сите претстави во Скопје и низ државата.

The post Независниот театар „Златен Елец“ со „Кенди“ денеска ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино appeared first on Република.

]]>
Претставата „Грета“ ќе се игра во Битола и Штип на 25 и 26 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-greta-kje-se-igra-vo-bitola-i-shtip-na-25-i-26-maj/ Mon, 23 May 2022 07:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=505720

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје гостува со претставата „Грета“ на 25 мај од 20 часот во Народниот театар Битола и во Народниот театар Штип на 26 мај, исто така со почеток во 20 часот.

Со ‘Грета’ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комични ситуации ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто, се посочува во најавата за изведбата.

Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од ‘Фауст’ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник.

Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати“, се додава во најавата.

Од „Златен Елец“ посочија дека за претставата во Битола може да се резервираат билети на телефонскиот број 047 55 22 44 или на билетарницата на Народниот театар Битола, додека во Штип на телефонскиот број 070 933 002 или на билетарницата на Народниот театар Штип.

The post Претставата „Грета“ ќе се игра во Битола и Штип на 25 и 26 мај appeared first on Република.

]]>

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје гостува со претставата „Грета“ на 25 мај од 20 часот во Народниот театар Битола и во Народниот театар Штип на 26 мај, исто така со почеток во 20 часот.
Со ‘Грета’ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комични ситуации ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто, се посочува во најавата за изведбата.
Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од ‘Фауст’ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник.
Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати“, се додава во најавата.
Од „Златен Елец“ посочија дека за претставата во Битола може да се резервираат билети на телефонскиот број 047 55 22 44 или на билетарницата на Народниот театар Битола, додека во Штип на телефонскиот број 070 933 002 или на билетарницата на Народниот театар Штип.

The post Претставата „Грета“ ќе се игра во Битола и Штип на 25 и 26 мај appeared first on Република.

]]>
Роденденска забава на театар „Златен Елец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rodendenska-zabava-na-teatar-zlaten-elec/ Thu, 17 Feb 2022 12:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=459836

В недела независниот театар „Златен Елец“ од Скопје ќе прослави две години постоење.

„Не ми го чепкај пивото!“, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“, „Дневникот на лудиот“, „Човекојадство“, „Чувари на планетата“, „Која сум јас“, „Новогодишна авантура“.. се премиерите што се случија овие години, во следниот период следуваат премиери на неколку претстави, како и меѓународен театарски фестивал во Бурса, Турција на 21ви март со претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева која на втори март може да се погледне во МКЦ Скопје.

„Грета“, „Куќа на духови“, „Вејка на ветрот“, „Кенди“ и уште други, се дел од насловите на новите премиери.

Репризите на сите претстави ќе се одвиваат во текот на целата година во Скопје и низ државата.

Надица Петрова со „Која сум јас“ или One wo/man comedy show во Балет – Скопје, Гевгелија и Богданци, оваа недела го почна годинашниот репертоар, Алексоски пак во петок на 18.02 ја игра „Човекојадство“, вториот дел од монодрамата „Дневникот на лудиот“.

Роденденската ноќ на 20.02 ќе ја почне Бобан Алексоски со „Дневникот на лудиот 1“ според тркстот на Николај Гогољ, од 20ч. „One wo/man comedy show“ и од 21ч. Jem Session во Социјален центар Дуња.

Нашиот развој е поткрепен од многумина уметници со кои досега соработувавме, многу работи се случија за две години, продолжуваме мотиварано и понатаму.

Театарот ќе се развива се додека постои, а токму тој развој е клучен за независната сцена

Театар „Златен Елец“ започна со работа во месец февруари 2020 година, основан од актерите Бобан Алексоски и Надица Петрова, како и неколку членови.

The post Роденденска забава на театар „Златен Елец“ appeared first on Република.

]]>

В недела независниот театар „Златен Елец“ од Скопје ќе прослави две години постоење. „Не ми го чепкај пивото!“, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“, „Дневникот на лудиот“, „Човекојадство“, „Чувари на планетата“, „Која сум јас“, „Новогодишна авантура“.. се премиерите што се случија овие години, во следниот период следуваат премиери на неколку претстави, како и меѓународен театарски фестивал во Бурса, Турција на 21ви март со претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева која на втори март може да се погледне во МКЦ Скопје. „Грета“, „Куќа на духови“, „Вејка на ветрот“, „Кенди“ и уште други, се дел од насловите на новите премиери. Репризите на сите претстави ќе се одвиваат во текот на целата година во Скопје и низ државата. Надица Петрова со „Која сум јас“ или One wo/man comedy show во Балет – Скопје, Гевгелија и Богданци, оваа недела го почна годинашниот репертоар, Алексоски пак во петок на 18.02 ја игра „Човекојадство“, вториот дел од монодрамата „Дневникот на лудиот“. Роденденската ноќ на 20.02 ќе ја почне Бобан Алексоски со „Дневникот на лудиот 1“ според тркстот на Николај Гогољ, од 20ч. „One wo/man comedy show“ и од 21ч. Jem Session во Социјален центар Дуња. Нашиот развој е поткрепен од многумина уметници со кои досега соработувавме, многу работи се случија за две години, продолжуваме мотиварано и понатаму. Театарот ќе се развива се додека постои, а токму тој развој е клучен за независната сцена Театар „Златен Елец“ започна со работа во месец февруари 2020 година, основан од актерите Бобан Алексоски и Надица Петрова, како и неколку членови.

The post Роденденска забава на театар „Златен Елец“ appeared first on Република.

]]>