Злате Мехмедовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlate-mehmedovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 12:53:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Злате Мехмедовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zlate-mehmedovikj/ 32 32 Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zlate-mehmedovik-ke-bide-noviot-direktor-na-klinikata-za-fizikalna-meditsina-i-rehabilitatsija/ Thu, 04 Jul 2024 12:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=793446

Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.

Официјална потврда од Министерството за здравство се уште нема, но добро упатени извори за МИА потврдија дека Мехмедовиќ ќе биде назначен на оваа функција.

Мехмедовиќ е портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот. Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.

The post Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација appeared first on Република.

]]>

Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. Официјална потврда од Министерството за здравство се уште нема, но добро упатени извори за МИА потврдија дека Мехмедовиќ ќе биде назначен на оваа функција. Мехмедовиќ е портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот. Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.  

The post Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-da-se-zasili-inspektsiskiot-nadzor-vo-gradinkite-za-sledene-na-nevaktsiniranite-detsa/ Tue, 05 Mar 2024 14:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=751557

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.

Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.

Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.

Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.

Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.

Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје.

Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца.

Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.
Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.
Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.
Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.
Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.
Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје. Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца. Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.  

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: „Кракен“ е лесно пренослив, но не дава причини за загриженост за хоспитализации и смртни случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mehmedovik-kraken-e-lesno-prenosliv-no-ne-dava-prichini-za-zagrizhenost-za-hospitalizatsii-i-smrtni-sluchai/ Sun, 15 Jan 2023 07:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=596959

Новата варијанта на корона вирусот наречена „кракен“ не е причини за загриженост за евентуални хоспитализации и смртни случаи, во разговор за Канал 5, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Д-р Мехмедовиќ вели дека може да загрижува само полесната преносливост на „кракен“, но дека сепак, не се очекуваат потешки форми на болеста. Тој вели дека варијантата „кракен“ не прави пневмонии, па затоа не очекува да се наполнат болниците.

За повеќе од двојно зголемениот број на потврдени случаи на грип, пак, д-р Мехмедовиќ вели дека состојбата не е алармантна и не отстапува од вообичаената крива во овој период од годината.

https://youtu.be/UXksCMkCrhM?t=2

The post Д-р Мехмедовиќ: „Кракен“ е лесно пренослив, но не дава причини за загриженост за хоспитализации и смртни случаи appeared first on Република.

]]>

Новата варијанта на корона вирусот наречена „кракен“ не е причини за загриженост за евентуални хоспитализации и смртни случаи, во разговор за Канал 5, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
Д-р Мехмедовиќ вели дека може да загрижува само полесната преносливост на „кракен“, но дека сепак, не се очекуваат потешки форми на болеста. Тој вели дека варијантата „кракен“ не прави пневмонии, па затоа не очекува да се наполнат болниците. За повеќе од двојно зголемениот број на потврдени случаи на грип, пак, д-р Мехмедовиќ вели дека состојбата не е алармантна и не отстапува од вообичаената крива во овој период од годината. https://youtu.be/UXksCMkCrhM?t=2

The post Д-р Мехмедовиќ: „Кракен“ е лесно пренослив, но не дава причини за загриженост за хоспитализации и смртни случаи appeared first on Република.

]]>
Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mehmedovikj-vo-momentov-ne-moze-da-stane-zbor-za-ukinuvanje-na-sertifikatite-za-prelezan-kovid-19/ Tue, 15 Feb 2022 14:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=458963

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, односно кога кога нема да има толку високи бројки, ќе може да се разговара и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани.

Мехмедовиќ додаде дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.

Тој посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие коишто немаат имунитет.

Денес сертификат искрено не можете да добиете доколку немате прележано болест, односно според тоа што го препорачавме од минатиот пат. Сега сертификатот ќе важи 180 дена, шест месеци, вакцините имаат неограничена важност. Тие кои не можат да докажат дека ја прележале болеста и на тој начин стекнале имунитет или се вакцинирале и на тој начин стекнале имунитет практично ќе бидат заштитени од тоа да не може да влегуваат во простории кои се од висок ризик за заразување со вирусот. И тоа е интенцијата во моментов на сертификатите, да не ги оставиме да бидат на таа страна тие кои немаат имунитет - додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

The post Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, односно кога кога нема да има толку високи бројки, ќе може да се разговара и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани. Мехмедовиќ додаде дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19. Тој посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие коишто немаат имунитет.