зла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zla/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 13:55:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zla/ 32 32 Според Груби, Русија е виновна за инфлацијата, нередите во Собранието, Коридорот, а поттикнувала и меѓуетнички тензии и блокади https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spored-grubi-rusija-e-vinovna-za-inflatsijata-neredite-vo-sobranieto-koridorot-a-pottiknuvala-i-meguetnichki-tenzii-i-blokadi/ Tue, 23 Jan 2024 13:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=735948

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ја отвори Годишната владина конференција, упатувајќи низа критики и обвинувања на сметка на Русија за политичките состојби во Македонија.

Според Груби, во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност а тоа е Русија, додавајќи дека денес сме партнери на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, а само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.

Груби ја обвини Русија за предизвикување на проблеми од нередите во Собранието на 27 април, до опструкции на Коридорот 8, мешање во работата на верските заедници, европските интеграции.

За време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова. Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа, против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција. Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас“, рече Груби.

„Безбедносната криза, енергетската криза, ценовната криза, инфлацијата има само едно име Русија и нивната воена агресија врз Украина и последната војна во Европа после Втората светска војна од тие размери. Имаше протести против договорот за добрососедство со Бугарија кои беа поттикнати од руски елементи во нашето општеството. Можеби сите ќе помислите дека претерувам, но досега не испаднало нешто погрешно од тоа што сме рекле“, додаде.

Првиот вицептемиерот рече дека најголемиот инфраструктурен проект во земјава е Коридорот 8 и 10Д, проект кој со години беше опструиран од Русија, од руски компании.

Изгубивме една година токму поради руска компанија која влезе во постапката и го наруши целиот процес. Дали има руско влијание во нашите верски заедници, одговорот пронајдете го самите. Дали има руско влијание во медиумите, одговорот, пак, го знаете, дали има руско влијание во невладините организации? Има руски елементи кои прават се што е можно да нарушат прогресивно парламентарно мнозинство и коалиција, која сака да ја види оваа држава членка на НАТО и на ЕУ и е во вековно пријателство со САД“, рече Груби.

Денес, рече Груби, нашата заедничка држава е членка на НАТО, има отворени преговори со Европската Унија, е во стратешко партнерство со САД, има отворени врати во сите земји членки на ЕУ, претседава со ОБСЕ.

The post Според Груби, Русија е виновна за инфлацијата, нередите во Собранието, Коридорот, а поттикнувала и меѓуетнички тензии и блокади appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ја отвори Годишната владина конференција, упатувајќи низа критики и обвинувања на сметка на Русија за политичките состојби во Македонија. Според Груби, во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност а тоа е Русија, додавајќи дека денес сме партнери на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, а само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја. Груби ја обвини Русија за предизвикување на проблеми од нередите во Собранието на 27 април, до опструкции на Коридорот 8, мешање во работата на верските заедници, европските интеграции.
За време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова. Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа, против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција. Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас“, рече Груби.
„Безбедносната криза, енергетската криза, ценовната криза, инфлацијата има само едно име Русија и нивната воена агресија врз Украина и последната војна во Европа после Втората светска војна од тие размери. Имаше протести против договорот за добрососедство со Бугарија кои беа поттикнати од руски елементи во нашето општеството. Можеби сите ќе помислите дека претерувам, но досега не испаднало нешто погрешно од тоа што сме рекле“, додаде. Првиот вицептемиерот рече дека најголемиот инфраструктурен проект во земјава е Коридорот 8 и 10Д, проект кој со години беше опструиран од Русија, од руски компании.