животно дело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivotno-delo/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 18:02:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png животно дело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivotno-delo/ 32 32 Виктор Шеќеровски е добитник на наградата за животно дело на Охридски поетски бисер-Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/viktor-shekerovski-e-dobitnik-na-nagradata-za-zhivotno-delo-na-ohridski-poetski-biser-ohrid/ Sun, 30 Jun 2024 18:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=792202

Писателот и поет Виктор Шеќеровски, кој има македонско потекло, а живее и работи во Белград, Србија, доби награда за животно дело од Меѓународната поетска манифестација Охридски поетски бисер-Охрид.

Следејќи ги древните македонски световни традиции, деветтата поетска манифестација која се одржа во духовно светилиште, црквата Пресвета Богородица Перивлепта во Охрид, од пристигнатите 154 поетски творби, од кои 111 од македонски автори вклучувајќи ги младите поети и поетите од македонската дијаспора, како и 43 странски автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Српска (БИХ) и Косово, наградите за животно дело оваа година ги додели на македонскиот книжевник од Србија-Виктор Шеќероски и на Паско Кузман познат македонски, балкански, европски и светски археолог, поет и публицист, јави дописникот на МИА од Белград.

Првата награда за македонски поети од дијаспората ја доби Ангелина Бачева Орбовиќ од Белград, додека втората награда на странски поети ја доби Весна Стојкоска од Белград. Вероника Саздовска доби награда за млади поети, додека Љиљана Тричковиќ доби признание од поетска манифестација Охридски поетски бисер-Охрид.

За нас, македонскиот јазик, почитувајќи ги сите светски јазици, е и ќе остане наш корен, наш стожер, наша духовност, наша опстојба и водилка кон иднината на идните македонски генерации“, порача на доделување на наградите Мирко Томовски, претседател на Здружението за литература и култура Охридски поетски бисер Охрид.

Виктор Шеќеровски е најпознатиот македонски поет и писател во Србија, кој со децении живее и твори во Белград, есеист, преведувач, еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик, култура и лингвистика во Србија, автор на повеќе книжевни дела и поетски збирки, кои ги твори на двата јазици-и на македонски и на српски јазик.

Член е на Друштвото на писателите и на Србија и на Македонија. Беше основач и уредник во НИУМИЦ од Панчево-институција задолжена при Национаниот совет на Македонците во Србија за издавање на списанија и книги на македонски јазик, беше уредник на списанието Македонска виделина, како и уредник на списанието за литература, култура и уметност Видело. Добитник е на повеќе српски и македонски книжевни награди.

 

The post Виктор Шеќеровски е добитник на наградата за животно дело на Охридски поетски бисер-Охрид appeared first on Република.

]]>

Писателот и поет Виктор Шеќеровски, кој има македонско потекло, а живее и работи во Белград, Србија, доби награда за животно дело од Меѓународната поетска манифестација Охридски поетски бисер-Охрид. Следејќи ги древните македонски световни традиции, деветтата поетска манифестација која се одржа во духовно светилиште, црквата Пресвета Богородица Перивлепта во Охрид, од пристигнатите 154 поетски творби, од кои 111 од македонски автори вклучувајќи ги младите поети и поетите од македонската дијаспора, како и 43 странски автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Српска (БИХ) и Косово, наградите за животно дело оваа година ги додели на македонскиот книжевник од Србија-Виктор Шеќероски и на Паско Кузман познат македонски, балкански, европски и светски археолог, поет и публицист, јави дописникот на МИА од Белград. Првата награда за македонски поети од дијаспората ја доби Ангелина Бачева Орбовиќ од Белград, додека втората награда на странски поети ја доби Весна Стојкоска од Белград. Вероника Саздовска доби награда за млади поети, додека Љиљана Тричковиќ доби признание од поетска манифестација Охридски поетски бисер-Охрид.
За нас, македонскиот јазик, почитувајќи ги сите светски јазици, е и ќе остане наш корен, наш стожер, наша духовност, наша опстојба и водилка кон иднината на идните македонски генерации“, порача на доделување на наградите Мирко Томовски, претседател на Здружението за литература и култура Охридски поетски бисер Охрид.
Виктор Шеќеровски е најпознатиот македонски поет и писател во Србија, кој со децении живее и твори во Белград, есеист, преведувач, еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик, култура и лингвистика во Србија, автор на повеќе книжевни дела и поетски збирки, кои ги твори на двата јазици-и на македонски и на српски јазик. Член е на Друштвото на писателите и на Србија и на Македонија. Беше основач и уредник во НИУМИЦ од Панчево-институција задолжена при Национаниот совет на Македонците во Србија за издавање на списанија и книги на македонски јазик, беше уредник на списанието Македонска виделина, како и уредник на списанието за литература, култура и уметност Видело. Добитник е на повеќе српски и македонски книжевни награди.  

The post Виктор Шеќеровски е добитник на наградата за животно дело на Охридски поетски бисер-Охрид appeared first on Република.

]]>
Тони Михајловски ја доби театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/toni-mihajlovski-ja-dobi-teatarskata-nagrada-za-zhivotno-delo-petre-prlichko-za-2024/ Tue, 12 Mar 2024 14:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=754073

Тони Михајловски (1967), театарски и филмски актер кој над триесет години е дел од македонската култура и уметност, почитуван поради својот талент, карактеристичност и посветеност е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024.

Вака едногласно одлучи Жири комисијата за доделување на актерска награда за животно дело „Петре Прличко" во состав: Фаик Мефаиловски претставник на Општина Велес, Благојчо Стојанов претставник на Општина Велес и Слободанка Чичевска актер, претставник на НУЦК театар „ЈХК- Џинот" Велес, на 6- ти март едногласно одлучи наградата за животно дело „Петре Прличко" да му припадне на актерот Тони Михајловски. Наградата ја доделуваат Народниот театар „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и Општина Велес.

Михајловски во Македонскиот народен театар е вработен од 1994 - 1999 година, откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности- Скопје.

Повторно е дел од актерскиот ансамбл на театарот од 2003 година, а во текот на 2015 година е и уметнички директор на истиот. Првата улога во театар ја остварува во 1991 година во представата „Крик" во продукција на МНТ. Тони Михајловски е пред се актер, но и ТВ- водител, режисер и текстописец.

- Преку сите овие области тој се етаблира во една од најсестраните личности во македонската култура и уметност и во секоја од нив остварува автентични, препознатливи изведби и дела, забележани и од публиката и од критиката. Преку остварените ликови тој испишува голем дел во историјата на театарот. Михајловски е актер кој вредно и трпеливо ја гради својата кариера и прерасна во една од најдоминантните појави не само на македонската, туку и на балканската театарска и филмска сцена. Тој е еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и надвор од нашата домашна продукција. Актер кој стана миленик на публиката од целиот Балкан, комплексна актерска личност кој реализира карактерни креации без исклучок дали се главни или споредни, низ кои се препознава и надоградува стилот на неговата игра: сигурноста и квалитетот на индивидуалноста на Михајловски, неговата енергија и страст кон даските што живот значат, кон камерата и моќта да го постави и толкува ликот низ неговата душа. Со појавата на Тони Михајловски театарот и филмот како медиуми станаа побогати, а публиката е таа која со нетрпение го исчекува секој негов нов лик, ново искуство, нова потврда на неговата актерска величина, потенцираат во образложението за наградата.

Додаваат дека неговата прецизна игра и можност за широка трансформација, од 2023 год несебично ја пренесува на следните генерации млади кои имаат интерс, а и желба за актерство преку „Актерско студио Михајловски".

Воедно потсетуваат дека за неговата работа како актер, доказ се и многубројните награди кои ги има добиено уште од 1993 и 1994 година. Награда „Трајко Чоревски" за млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински , награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински"-Прилеп 2007 год, награда за актер за 1997 годона на „Златна Бубамара на популарноста", награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински" за улогата на Петар Стефановски во представата „Будење на пролетта" во 2000 година, награда „Златна маска" на фестивалот Охридско лето за улогата на Пер Гинт во истоимената представа во 2001 година, награда за најдобар актер на фестивалот „Јоаким Интер Фест" во Крагуевац - Србија во 2010 година, награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински" за улогата на Ефрем Поплавски во представата „Вечна куќа" во 2013 година, како и наградата „13- ти Ноември" на Град Скопје за 2022 година.

Наградата на Михајловски ќе му биде врачена на отворањето на Фестивалот „5-ре“ на 20 март вечерта на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а во негова чест актерите од велешкиот театар премиерно ќе ја изведат претставата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов.

The post Тони Михајловски ја доби театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 appeared first on Република.

]]>

Тони Михајловски (1967), театарски и филмски актер кој над триесет години е дел од македонската култура и уметност, почитуван поради својот талент, карактеристичност и посветеност е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024. Вака едногласно одлучи Жири комисијата за доделување на актерска награда за животно дело „Петре Прличко" во состав: Фаик Мефаиловски претставник на Општина Велес, Благојчо Стојанов претставник на Општина Велес и Слободанка Чичевска актер, претставник на НУЦК театар „ЈХК- Џинот" Велес, на 6- ти март едногласно одлучи наградата за животно дело „Петре Прличко" да му припадне на актерот Тони Михајловски. Наградата ја доделуваат Народниот театар „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и Општина Велес. Михајловски во Македонскиот народен театар е вработен од 1994 - 1999 година, откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности- Скопје. Повторно е дел од актерскиот ансамбл на театарот од 2003 година, а во текот на 2015 година е и уметнички директор на истиот. Првата улога во театар ја остварува во 1991 година во представата „Крик" во продукција на МНТ. Тони Михајловски е пред се актер, но и ТВ- водител, режисер и текстописец. - Преку сите овие области тој се етаблира во една од најсестраните личности во македонската култура и уметност и во секоја од нив остварува автентични, препознатливи изведби и дела, забележани и од публиката и од критиката. Преку остварените ликови тој испишува голем дел во историјата на театарот. Михајловски е актер кој вредно и трпеливо ја гради својата кариера и прерасна во една од најдоминантните појави не само на македонската, туку и на балканската театарска и филмска сцена. Тој е еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и надвор од нашата домашна продукција. Актер кој стана миленик на публиката од целиот Балкан, комплексна актерска личност кој реализира карактерни креации без исклучок дали се главни или споредни, низ кои се препознава и надоградува стилот на неговата игра: сигурноста и квалитетот на индивидуалноста на Михајловски, неговата енергија и страст кон даските што живот значат, кон камерата и моќта да го постави и толкува ликот низ неговата душа. Со појавата на Тони Михајловски театарот и филмот како медиуми станаа побогати, а публиката е таа која со нетрпение го исчекува секој негов нов лик, ново искуство, нова потврда на неговата актерска величина, потенцираат во образложението за наградата. Додаваат дека неговата прецизна игра и можност за широка трансформација, од 2023 год несебично ја пренесува на следните генерации млади кои имаат интерс, а и желба за актерство преку „Актерско студио Михајловски". Воедно потсетуваат дека за неговата работа како актер, доказ се и многубројните награди кои ги има добиено уште од 1993 и 1994 година. Награда „Трајко Чоревски" за млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински , награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински"-Прилеп 2007 год, награда за актер за 1997 годона на „Златна Бубамара на популарноста", награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински" за улогата на Петар Стефановски во представата „Будење на пролетта" во 2000 година, награда „Златна маска" на фестивалот Охридско лето за улогата на Пер Гинт во истоимената представа во 2001 година, награда за најдобар актер на фестивалот „Јоаким Интер Фест" во Крагуевац - Србија во 2010 година, награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински" за улогата на Ефрем Поплавски во представата „Вечна куќа" во 2013 година, како и наградата „13- ти Ноември" на Град Скопје за 2022 година. Наградата на Михајловски ќе му биде врачена на отворањето на Фестивалот „5-ре“ на 20 март вечерта на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а во негова чест актерите од велешкиот театар премиерно ќе ја изведат претставата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов.

The post Тони Михајловски ја доби театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 appeared first on Република.

]]>
„Златна бубамара“ за животно дело за легендата Драган Мијалковски https://arhiva3.republika.mk/scena/zlatna-bubamara-za-zhivotno-delo-za-legendata-dragan-mijalkovski/ Tue, 13 Feb 2024 08:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=743461

Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски.

Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената.

Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје....

Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-ите и 80-ите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити култура“ со с

Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претставува како своевиден Синатра на домашната музика.

27-то издание на „Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 22.02. со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски“ ,

Бубамара најавува дека за сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта , што е причина повеќе  добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија.

Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

 

The post „Златна бубамара“ за животно дело за легендата Драган Мијалковски appeared first on Република.

]]>

Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски. Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената. Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје.... Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-ите и 80-ите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити култура“ со с Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претставува како своевиден Синатра на домашната музика. 27-то издание на „Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 22.02. со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски“ , Бубамара најавува дека за сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта , што е причина повеќе  добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија. Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.  

The post „Златна бубамара“ за животно дело за легендата Драган Мијалковски appeared first on Република.

]]>