животни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivotni/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 10:20:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png животни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivotni/ 32 32 Приведен 19-годишен тетовец за „мачење животни“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-19-godishen-tetovets-za-machene-zhivotni/ Thu, 22 Feb 2024 10:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=746910

Полицијата во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело мачење животни.

Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Приведен 19-годишен тетовец за „мачење животни“ appeared first on Република.

]]>

Полицијата во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело мачење животни.
Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Приведен 19-годишен тетовец за „мачење животни“ appeared first on Република.

]]>
Шпанија: Над 400 животни спасени од криминална банда која тргувала со нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-nad-400-zhivotni-spaseni-od-kriminalna-banda-koja-trguvala-so-niv/ Thu, 19 Oct 2023 09:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=692739

Над 400 животни, главно мачки и кучиња, се спасени од мрежа за трговија со луѓе и животни во Шпанија. Бандата е осомничена дека илегално увезувала животни во Шпанија од источна Европа преку Андора пред да ги продаде за да оствари профит, пренесува Би-Би-Си.

Тие исто така се обвинети дека фалсификувале документи за да кажат дека животните биле здрави за продажба кога не биле. Тринаесет лица се уапсени под обвиненија, вклучувајќи злоупотреба на животни, измама и перење пари. Животните, кои често биле чувани во лоши услови, оттогаш добиваат грижа од ветеринари.

https://www.youtube.com/watch?v=jWTwKKmqMAI

The post Шпанија: Над 400 животни спасени од криминална банда која тргувала со нив appeared first on Република.

]]>

Над 400 животни, главно мачки и кучиња, се спасени од мрежа за трговија со луѓе и животни во Шпанија. Бандата е осомничена дека илегално увезувала животни во Шпанија од источна Европа преку Андора пред да ги продаде за да оствари профит, пренесува Би-Би-Си. Тие исто така се обвинети дека фалсификувале документи за да кажат дека животните биле здрави за продажба кога не биле. Тринаесет лица се уапсени под обвиненија, вклучувајќи злоупотреба на животни, измама и перење пари. Животните, кои често биле чувани во лоши услови, оттогаш добиваат грижа од ветеринари. https://www.youtube.com/watch?v=jWTwKKmqMAI

The post Шпанија: Над 400 животни спасени од криминална банда која тргувала со нив appeared first on Република.

]]>
Козметиката која е одржлива, не тестира на животни и се грижи за природата станува сè поатрактивна https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/kozmetikata-koja-e-odrzhliva-ne-testira-na-zhivotni-i-se-grizhi-za-prirodata-stanuva-se-poatraktivna/ Fri, 03 Mar 2023 10:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=615442

Козметика која своите производи не ги тестира врз животни, се грижи за природата, се бори за заштита на околината и животните и е одржлива станува сè поатрактивна и повеќе барана. Важно е како е направен кремот за лице, шампонот за коса, млекото за тело. Какви производи се користени, дали се нарушени етичките норми во создавањето, дали трговијата е фер? И уште поважно е дека амбалажата може да се реупотреби, повторно да се наполни и со тоа да се спречи да се создава отпад.

За овие прашања се говореше на дебатата „Убавина што носи промени“, која беше организирана по повод отворањето на британскиот козметички бренд The Body Shop, кому му се важни човековите права, инклузивноста и заштитата на животните и планетата.

Индустријата за разубавување е посочена како еден од актерите кои мора од корен да се променат во борбата со климатските промени за да биде поодржлива и да остава помал отпечаток врз околината и живиот свет.

Модераторката на настанот, Ана Јовковска ги отвори прашањата околу изборот на продукти за секојдневна употреба како и за тоа дека секој човек може да има влијание врз промените.

Сите можеме да имаме влијание врз промените ако користиме производи направени од состојки добиени со фер-трговија со заедниците, што значи дека се добиени на одржлив начин или директно од производителите кои се платени фер, без користење детски труд, вели Јовковска.

Таа додаде дека секој може да избере да не користи амбалажа за една употреба за производите што ги користиме секојдневно.

Важно е да се говори за промените во општеството, за отпадот, за тестирањето врз животни, за грижата за себе, го сведочевме маршот на убавината. Ваквите дебати се повеќе од потребни во времето во кое живееме, рече музичарката Леана Таќи.

Современото општество наметнува високи и нереални стандарди за убавината. На трибината се говореше и за козметиката како ритуал на љубов кон себеси. Новинарката Марија Атанасовска зборуваше за достоинственото стареење.

Се почесто сме сведоци за прекрасни жени кои одбираат да не ја бојат косата, но тоа не значи дека тие се занемаруваат себе. Напротив, се негуваат соодветно на својата возраст и избираат достоинствено да стареат, и тоа е љубов кон себе, вели Атанасовска.

The post Козметиката која е одржлива, не тестира на животни и се грижи за природата станува сè поатрактивна appeared first on Република.

]]>

Козметика која своите производи не ги тестира врз животни, се грижи за природата, се бори за заштита на околината и животните и е одржлива станува сè поатрактивна и повеќе барана. Важно е како е направен кремот за лице, шампонот за коса, млекото за тело. Какви производи се користени, дали се нарушени етичките норми во создавањето, дали трговијата е фер? И уште поважно е дека амбалажата може да се реупотреби, повторно да се наполни и со тоа да се спречи да се создава отпад. За овие прашања се говореше на дебатата „Убавина што носи промени“, која беше организирана по повод отворањето на британскиот козметички бренд The Body Shop, кому му се важни човековите права, инклузивноста и заштитата на животните и планетата. Индустријата за разубавување е посочена како еден од актерите кои мора од корен да се променат во борбата со климатските промени за да биде поодржлива и да остава помал отпечаток врз околината и живиот свет. Модераторката на настанот, Ана Јовковска ги отвори прашањата околу изборот на продукти за секојдневна употреба како и за тоа дека секој човек може да има влијание врз промените.
Сите можеме да имаме влијание врз промените ако користиме производи направени од состојки добиени со фер-трговија со заедниците, што значи дека се добиени на одржлив начин или директно од производителите кои се платени фер, без користење детски труд, вели Јовковска.
Таа додаде дека секој може да избере да не користи амбалажа за една употреба за производите што ги користиме секојдневно.
Важно е да се говори за промените во општеството, за отпадот, за тестирањето врз животни, за грижата за себе, го сведочевме маршот на убавината. Ваквите дебати се повеќе од потребни во времето во кое живееме, рече музичарката Леана Таќи.
Современото општество наметнува високи и нереални стандарди за убавината. На трибината се говореше и за козметиката како ритуал на љубов кон себеси. Новинарката Марија Атанасовска зборуваше за достоинственото стареење.
Се почесто сме сведоци за прекрасни жени кои одбираат да не ја бојат косата, но тоа не значи дека тие се занемаруваат себе. Напротив, се негуваат соодветно на својата возраст и избираат достоинствено да стареат, и тоа е љубов кон себе, вели Атанасовска.

The post Козметиката која е одржлива, не тестира на животни и се грижи за природата станува сè поатрактивна appeared first on Република.

]]>
Зоолошките градини во Харков ги пуштаат животните на слобода затоа што немаат услови да ги хранат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zooloshkite-gradini-vo-harkov-gi-pushtaat-zivotnite-na-sloboda-zatoa-shto-nemaat-uslovi-da-gi-hranat/ Sun, 27 Mar 2022 18:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=479436

Вработените во еко-паркот „Фелдман“ во близина на украинскиот град Харков ослободија елени, лосови, црвени волци и дел од птиците, кои можат да преживеат во природата. Ваквата одлука е донесена затоа што вработените во еко-паркот не можат да им обезбедат храна, објави „Би-Би-Си“.

Управникот на еко-паркот, Виталиј Илченко, вели дека дел од овој парк бил освоен од руските сили и дека тројца работници загинале.

Животните што се пуштени можат да преживеат, но лавовите и тигрите, што се останати во паркот може да умрат од глад - вели Илченко.

Истиот проблем го имаат и вработените во државната зоолошка градина во центарот на Харков.

На нашите мајмуни им треба овошје и зеленчук, на нашите предатори им треба месо - вели заменик-менаџерот на зоолошката градина Карина Детјук.

https://twitter.com/olex_scherba/status/1507824517607002119?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507824517607002119%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900577%2Fzivotinje-u-ekoparku-u-harkovu-ugrozene-zbog-raketiranja-i-gladi-mnoge-su-pustene-u-nadi-da-ce-se-snaci-da-prezive-u-divljini

Како што вели таа, вработените прават се за да ги одржат животните во живот.

Нашите волци завиваат полошо од сирените за воздушниот напад, што ни е многу тешко да го слушаме - вели таа.

https://twitter.com/Lyla_lilas/status/1506555717309939720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506555717309939720%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900577%2Fzivotinje-u-ekoparku-u-harkovu-ugrozene-zbog-raketiranja-i-gladi-mnoge-su-pustene-u-nadi-da-ce-se-snaci-da-prezive-u-divljini

The post Зоолошките градини во Харков ги пуштаат животните на слобода затоа што немаат услови да ги хранат appeared first on Република.

]]>

Вработените во еко-паркот „Фелдман“ во близина на украинскиот град Харков ослободија елени, лосови, црвени волци и дел од птиците, кои можат да преживеат во природата. Ваквата одлука е донесена затоа што вработените во еко-паркот не можат да им обезбедат храна, објави „Би-Би-Си“. Управникот на еко-паркот, Виталиј Илченко, вели дека дел од овој парк бил освоен од руските сили и дека тројца работници загинале.
Животните што се пуштени можат да преживеат, но лавовите и тигрите, што се останати во паркот може да умрат од глад - вели Илченко.
Истиот проблем го имаат и вработените во државната зоолошка градина во центарот на Харков.
На нашите мајмуни им треба овошје и зеленчук, на нашите предатори им треба месо - вели заменик-менаџерот на зоолошката градина Карина Детјук.
https://twitter.com/olex_scherba/status/1507824517607002119?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507824517607002119%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900577%2Fzivotinje-u-ekoparku-u-harkovu-ugrozene-zbog-raketiranja-i-gladi-mnoge-su-pustene-u-nadi-da-ce-se-snaci-da-prezive-u-divljini Како што вели таа, вработените прават се за да ги одржат животните во живот.
Нашите волци завиваат полошо од сирените за воздушниот напад, што ни е многу тешко да го слушаме - вели таа.
https://twitter.com/Lyla_lilas/status/1506555717309939720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506555717309939720%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900577%2Fzivotinje-u-ekoparku-u-harkovu-ugrozene-zbog-raketiranja-i-gladi-mnoge-su-pustene-u-nadi-da-ce-se-snaci-da-prezive-u-divljini

The post Зоолошките градини во Харков ги пуштаат животните на слобода затоа што немаат услови да ги хранат appeared first on Република.

]]>
Полски ветеринар спасил повеќе од 260 домашни миленици од Украина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/polski-veterinar-spasil-povekje-od-260-domashni-milenici-od-ukraina/ Wed, 23 Mar 2022 12:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=477166

Јакуб Котовиц е ветеринар од Полска кој многумина на социјалните мрежи го прогласија за херој откако патувал низ Украина за да спаси животни оставени среде воена зона, а досега спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов.

32-годишниот ветеринар минатата недела влегол во воената зона како дел од конвојот од Пшемишл на полската граница.

Меѓу животните што ги спасил се Вира, куче застрелано во `рбетот и мала коза со деформирани нозе, по име Саша, која сега дели кревет со неколку кучиња.

Ветеринарот ја основал добротворната организација за спасување животни наречена Фондација АДА кога имал 17 години, а сега ја користи за да ги спаси заробените животни во војната.

Тој за „SWNS“ изјави дека се надева дека ќе купи уште едно возило за брза помош и ќе формира центар за повеќе животни заедно со складиште за пакување залихи.

И покрај тоа што биле спасени, некои животни морал да ги успие. Сепак, неколку здрави и закрепнати животни ќе бидат вдомени низ Европа. Две мачки повторно биле вратени кај нивните украински сопственици.

„Сите миленици се под голем стрес, патувањето од Лавов трае еден ден и ја поминуваме границата со дипломатска пропусница, но редот од Украина беше многу долг“, вели ветеринарот. „Ние ги подготвуваме животните за процесот на посвојување. Понекогаш оние кои се во многу лоша состојба ќе бидат со нас два или три месеци“, објасни тој.

The post Полски ветеринар спасил повеќе од 260 домашни миленици од Украина appeared first on Република.

]]>

Јакуб Котовиц е ветеринар од Полска кој многумина на социјалните мрежи го прогласија за херој откако патувал низ Украина за да спаси животни оставени среде воена зона, а досега спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов. 32-годишниот ветеринар минатата недела влегол во воената зона како дел од конвојот од Пшемишл на полската граница. Меѓу животните што ги спасил се Вира, куче застрелано во `рбетот и мала коза со деформирани нозе, по име Саша, која сега дели кревет со неколку кучиња. Ветеринарот ја основал добротворната организација за спасување животни наречена Фондација АДА кога имал 17 години, а сега ја користи за да ги спаси заробените животни во војната. Тој за „SWNS“ изјави дека се надева дека ќе купи уште едно возило за брза помош и ќе формира центар за повеќе животни заедно со складиште за пакување залихи. И покрај тоа што биле спасени, некои животни морал да ги успие. Сепак, неколку здрави и закрепнати животни ќе бидат вдомени низ Европа. Две мачки повторно биле вратени кај нивните украински сопственици.