животен век Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivoten-vek/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 11:26:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png животен век Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivoten-vek/ 32 32 Македонците живеат најкратко од сите во Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedontsite-zhiveat-najkratko-od-site-vo-zapaden-balkan/ Sun, 09 Jun 2024 11:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=785895

Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, со просек од 80 години, се посочува во извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, пренесува Бета.

Населението во Косово е четири до пет години подолговечно од жителите на другите земји од Западен Балкан.

Очекуваниот животен век во Албанија е 77 години, во Црна Гора 76, во Босна и Херцеговина и во Србија 75, а во Македонија 74 години.

The post Македонците живеат најкратко од сите во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, со просек од 80 години, се посочува во извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, пренесува Бета. Населението во Косово е четири до пет години подолговечно од жителите на другите земји од Западен Балкан. Очекуваниот животен век во Албанија е 77 години, во Црна Гора 76, во Босна и Херцеговина и во Србија 75, а во Македонија 74 години.

The post Македонците живеат најкратко од сите во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pandemijata-na-koronavirusot-go-skrati-zhivotniot-vek-za-dve-godini/ Thu, 11 Apr 2024 09:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=764864

Пандемијата на коронавирусот која го зафати светот во 2020 години го скрати животниот век за околу две години, покажаа некои истражувања. Според последните податоци, стапката на смртност е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените.

Постковид-период може на многу начини да го уништи нашето тело.

Меѓу најчестите постковид-симптоми се: забрзано чукање на срцето, чувство на прескокнување на ритамот на срцето, отежнато дишење, задушување, премаленост и замор, синдром на хроничен замор, варијации на крвниот притисок, зголемена анксиозност, чести главоболки и вртоглавица, губење на слухот, зголемено потење.

Меѓу најопасните болести што се јавуваат во овој постковид-период, особено кај луѓе што веќе имале слабости на еден од системите во телото, се: оштетување на белите дробови, оштетување на срцето, оштетување на бубрезите, оштетување на мозокот. Исто така, како последица на ковид-19 се појавуваат и продолжена премаленост, болки во зглобовите, болки во градите, отежнато дишење, астма, срцеви заболувања, деменција…

Ковид-19 може да предизвика и астма или да им ја „врати“ на возрасните што ја имале во детството. Кај некои луѓе што имале коронавирус пред повеќе од една година, кашлицата што се појавувала повремено почнувала да станува посилна, а некои од нив добиле и дијагноза на астма.

Аритмиите се меѓу симптомите по инфекција со коронавирус, кои предупредуваат дека е време пациентот да оди на лекар.

Во периодот по долгиот ковид, некои луѓе развиле и невролошки проблеми. Има примери на луѓе што биле во почетна фаза на деменција, кој кои се забрзала болеста, а голем број луѓе се жалеле дека имаат проблеми со меморијата, дека станале заборавени, расеани и деконцентрирани. Дијагнозите што се јавуваат две години по коронавирусот се разликуваат во однос на возраста на луѓето, па деменцијата, мозочните удари и мозочната магла се најчести кај возрасните над 65 години, а мозочната магла кај оние меѓу 18 и 64-годишна возраст, додека епилепсиите и психотичните нарушувања се најчести кај најмладите, односно кај децата.

Експертите забележале дека меѓу долготрајните симптоми на ковид-19 е и опаѓањето на косата.

 

The post Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години appeared first on Република.

]]>

Пандемијата на коронавирусот која го зафати светот во 2020 години го скрати животниот век за околу две години, покажаа некои истражувања. Според последните податоци, стапката на смртност е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените. Постковид-период може на многу начини да го уништи нашето тело. Меѓу најчестите постковид-симптоми се: забрзано чукање на срцето, чувство на прескокнување на ритамот на срцето, отежнато дишење, задушување, премаленост и замор, синдром на хроничен замор, варијации на крвниот притисок, зголемена анксиозност, чести главоболки и вртоглавица, губење на слухот, зголемено потење. Меѓу најопасните болести што се јавуваат во овој постковид-период, особено кај луѓе што веќе имале слабости на еден од системите во телото, се: оштетување на белите дробови, оштетување на срцето, оштетување на бубрезите, оштетување на мозокот. Исто така, како последица на ковид-19 се појавуваат и продолжена премаленост, болки во зглобовите, болки во градите, отежнато дишење, астма, срцеви заболувања, деменција… Ковид-19 може да предизвика и астма или да им ја „врати“ на возрасните што ја имале во детството. Кај некои луѓе што имале коронавирус пред повеќе од една година, кашлицата што се појавувала повремено почнувала да станува посилна, а некои од нив добиле и дијагноза на астма. Аритмиите се меѓу симптомите по инфекција со коронавирус, кои предупредуваат дека е време пациентот да оди на лекар. Во периодот по долгиот ковид, некои луѓе развиле и невролошки проблеми. Има примери на луѓе што биле во почетна фаза на деменција, кој кои се забрзала болеста, а голем број луѓе се жалеле дека имаат проблеми со меморијата, дека станале заборавени, расеани и деконцентрирани. Дијагнозите што се јавуваат две години по коронавирусот се разликуваат во однос на возраста на луѓето, па деменцијата, мозочните удари и мозочната магла се најчести кај возрасните над 65 години, а мозочната магла кај оние меѓу 18 и 64-годишна возраст, додека епилепсиите и психотичните нарушувања се најчести кај најмладите, односно кај децата. Експертите забележале дека меѓу долготрајните симптоми на ковид-19 е и опаѓањето на косата.  

The post Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години appeared first on Република.

]]>
Лошиот квалитет на животот си го зема данокот: Македонците со најкраток животен век во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/loshiot-kvalitet-na-zhivotot-si-go-zema-danokot-makedontsite-so-najkratok-zhivoten-vek-vo-regionot/ Sat, 16 Mar 2024 12:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=755371

Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година.

По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019.

Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години.

Најкраток очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година.

Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години.

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година.

Во 2021 е забележан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во споредба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

The post Лошиот квалитет на животот си го зема данокот: Македонците со најкраток животен век во регионот appeared first on Република.

]]>

Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година. По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019. Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години. Најкраток очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година. Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години. Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година. Во 2021 е забележан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во споредба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

The post Лошиот квалитет на животот си го зема данокот: Македонците со најкраток животен век во регионот appeared first on Република.

]]>
Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-eu-e-80-6-godini-vo-makedonija-73-2/ Sat, 16 Mar 2024 09:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=755339

Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година.

По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019.

Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години.

Најкратон очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година.

Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години.

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година.

Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроедба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

The post Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2 appeared first on Република.

]]>

Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година. По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019. Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години. Најкратон очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година. Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години. Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година. Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроедба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

The post Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2 appeared first on Република.

]]>
Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-i-makedontsite-zhiveat-najkratko-vo-regionot/ Tue, 11 Apr 2023 08:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=629724

Граѓаните на Бугарија и на  Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година.

Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години.

Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

„Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години.

Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.

The post Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Бугарија и на  Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП). Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година. Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години. Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години. „Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години. Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.

The post Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот appeared first on Република.

]]>
Научници ја одредиле најгорната граница до која може да живеат луѓето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nauchnitsi-ja-odredile-najgornata-granitsa-do-koja-mozhe-da-zhiveat-lugeto/ Sat, 25 Feb 2023 09:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=612974

Истражувајќи ги податоците од околу 75.000 Холанѓани, чија точна возраст била забележана во моментот на смртта, статистичарите од Универзитетот во Тилбург и Еразмус од Ротердам ја утврдиле максималната горна граница на животниот век на жените на 115,7 години. Кај мажите таа возраст е малку пониска и изнесува 114,1 година.

Примероците се од податоци од последните 30 години. Се разбира, просечниот животен век е зголемен. Сепак, максималната горна граница не е променета, вели професорот Џон Ајнмахл, еден од тројцата научници кои ја спровеле студијата.

Ова не е очекуваниот животен век, туку очекуваниот животен век што се користи за да се одреди колку долго може да живее поединецот ако се грижи за себе. Овие наоди се совпаѓаат со студијата спроведена во САД, каде што истражувачите откриле сличен опсег на животниот век.

Научниците утврдиле дека максималниот животен век на една личност е генерално во деведесеттите години и веројатно нема да се зголеми над 115. Но, тие потврдуваат дека бројот на луѓе кои живеат над 95 во Холандија е тројно зголемен во последните 30 години.

Најстарата личност која некогаш живеела е 122 години. Жан Луиз Калмент била родена во 1875 година во Франција. Таа почина во 1997 година и беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како личност која живеела најдолго.

Ајнмахл вели дека наодите од истражувањето ќе бидат објавени во текот на следниот месец.

https://twitter.com/SolaceFunerals/status/1627546358386401280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1627546358386401280%7Ctwgr%5Eaf8d6d1ee8b2627eeb99fa19984c91d3821906d6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkonekt.mk%2F2023%2F02%2F21%2FD0BDD0B0D183D187D0BDD0B8D186D0B8D182D0B5-D0BED0B1D198D0B0D0B2D0B8D198D0B0-D0BAD0BED0BBD0BAD183-D0BDD0B0D198D0B4D0BED0BBD0B3D0BE-D187%2F

The post Научници ја одредиле најгорната граница до која може да живеат луѓето appeared first on Република.

]]>

Истражувајќи ги податоците од околу 75.000 Холанѓани, чија точна возраст била забележана во моментот на смртта, статистичарите од Универзитетот во Тилбург и Еразмус од Ротердам ја утврдиле максималната горна граница на животниот век на жените на 115,7 години. Кај мажите таа возраст е малку пониска и изнесува 114,1 година.
Примероците се од податоци од последните 30 години. Се разбира, просечниот животен век е зголемен. Сепак, максималната горна граница не е променета, вели професорот Џон Ајнмахл, еден од тројцата научници кои ја спровеле студијата.
Ова не е очекуваниот животен век, туку очекуваниот животен век што се користи за да се одреди колку долго може да живее поединецот ако се грижи за себе. Овие наоди се совпаѓаат со студијата спроведена во САД, каде што истражувачите откриле сличен опсег на животниот век. Научниците утврдиле дека максималниот животен век на една личност е генерално во деведесеттите години и веројатно нема да се зголеми над 115. Но, тие потврдуваат дека бројот на луѓе кои живеат над 95 во Холандија е тројно зголемен во последните 30 години. Најстарата личност која некогаш живеела е 122 години. Жан Луиз Калмент била родена во 1875 година во Франција. Таа почина во 1997 година и беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како личност која живеела најдолго. Ајнмахл вели дека наодите од истражувањето ќе бидат објавени во текот на следниот месец. https://twitter.com/SolaceFunerals/status/1627546358386401280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1627546358386401280%7Ctwgr%5Eaf8d6d1ee8b2627eeb99fa19984c91d3821906d6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkonekt.mk%2F2023%2F02%2F21%2FD0BDD0B0D183D187D0BDD0B8D186D0B8D182D0B5-D0BED0B1D198D0B0D0B2D0B8D198D0B0-D0BAD0BED0BBD0BAD183-D0BDD0B0D198D0B4D0BED0BBD0B3D0BE-D187%2F

The post Научници ја одредиле најгорната граница до која може да живеат луѓето appeared first on Република.

]]>
Пад на очекуваниот животен век во Германија за време на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pad-na-ochekuvaniot-zivoten-vek-vo-germanija-za-vreme-na-pandemijata/ Tue, 26 Jul 2022 10:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=533315

Просечниот очекуван животен век во Германија забележливо падна меѓу 2019 и 2021 година, соопшти денеска националното Биро за статистика, препишувајќи ја промената на невообичаено високиот број на починати за време на пандемијата од Ковид-19, пренесе Бета.

Очекуваниот животен век за новородените девојчиња минатата година бил 83,2 години, а за момчиња 78,2, што е намалување од 0,4 односно 0,6 години во однос на 2019, годината пред пандемијата.

Главната причина за ваквите податоци е невообичаено високиот број на починати за време на бранот од Ковид-19, се наведува во соопштението.

Зголемениот удел на стари лица во германското население доведе до очекување за зголемување на бројот на смртни случаи изминатите 20 години, истакнува Бирото, но, се додава оти очекуваниот животен век се зголемувал пред пандемијата.

Пред појавата на Ковид-19, бројот на починати растеше во просек еден до два отсто годишно. Но, беше пет отсто повисок во 2020 година и дополнителни четири проценти поголем лани, покажуваат податоците.

Тоа значи дека имало 70.000 до 100.000 повеќе починати за време на изминатите две години, отколку што би се очекувало статистички, пишува во соопштението.

Како што се појаснува, регистрирани се речиси 115.000 лица починати со коронавирус изминатите две години, додека можно е мерките на претпазливост поврзани со пандемијата да допринеле за намалување на смртни случаи од други болести.

Германија има 83 милиони жители.

The post Пад на очекуваниот животен век во Германија за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Просечниот очекуван животен век во Германија забележливо падна меѓу 2019 и 2021 година, соопшти денеска националното Биро за статистика, препишувајќи ја промената на невообичаено високиот број на починати за време на пандемијата од Ковид-19, пренесе Бета. Очекуваниот животен век за новородените девојчиња минатата година бил 83,2 години, а за момчиња 78,2, што е намалување од 0,4 односно 0,6 години во однос на 2019, годината пред пандемијата. Главната причина за ваквите податоци е невообичаено високиот број на починати за време на бранот од Ковид-19, се наведува во соопштението. Зголемениот удел на стари лица во германското население доведе до очекување за зголемување на бројот на смртни случаи изминатите 20 години, истакнува Бирото, но, се додава оти очекуваниот животен век се зголемувал пред пандемијата. Пред појавата на Ковид-19, бројот на починати растеше во просек еден до два отсто годишно. Но, беше пет отсто повисок во 2020 година и дополнителни четири проценти поголем лани, покажуваат податоците. Тоа значи дека имало 70.000 до 100.000 повеќе починати за време на изминатите две години, отколку што би се очекувало статистички, пишува во соопштението. Како што се појаснува, регистрирани се речиси 115.000 лица починати со коронавирус изминатите две години, додека можно е мерките на претпазливост поврзани со пандемијата да допринеле за намалување на смртни случаи од други болести. Германија има 83 милиони жители.

The post Пад на очекуваниот животен век во Германија за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>
Крпен живот: Очекуваниот животен век за родени во ЕУ е 80,4, а кај нас 74,4 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krpen-zivot-ochekuvaniot-zivoten-vek-za-rodeni-vo-eu-e-80-4-a-kaj-nas-74-4-godini/ Sat, 30 Apr 2022 07:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=495598

Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат.

Во земјите од регионот најголем очекуван животен век при раѓање имаат Грција – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5, Македонија – 74,4 и Бугарија – 73,6 години.

Животниот век при раѓање во нашата земја споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија за 1,5 години.

Според податоците на Евростат, на ниво на ЕУ жените имаат за 5,7 години повисок очекуван животен век (83,2 години) отколку мажите (77,5 години), додека споредно со 2019 година на ниво на ЕУ очекуваниот животен век при раѓање е намален за 0,9 години. Мажите имаат поголемо намалување, за точно една години, додека жените за 0,8 години. Ваквото остро намалување на очекуваниот животен век се должи на зголемената смртност во 2020 година поради КОВИД-19 пандемијата.

Во 2020 година региони со највисок очекуван животен век при раѓање се во Франција – Корзика (84 години), Шпанија – Балеарските Осторви (83,9 години) и Грција – Епир (83,8 години).

Од друга страна во ЕУ сите региони со најмал очекуван животен век при раѓање се во Бугарија – Северозападен (72,1 година), Североцентрален (72,8) и Југоисточен (72,9 години).

Францускиот остров Корзика имал најголем животен век на жените (87,0 години), а потоа следи шпанскиот регион Галиција (86,7). Два француски региони (Лоара и Миди-Пиринејски), Оландските Острови во Финска и регионот Епир во Грција забележале ист животен век на жените – 86,4 години. Највисоките нивоа на очекуваниот животен век на мажите при раѓање се забележани во регионот на Епир во Грција, во регионот на Умбрија во централна Италија и на Балеарските острови во Шпанија (сите 81,4).

Очекуваниот животен век при раѓање е просечниот број на години што едно лице може да очекува да ги живее при раѓање доколку е подложено на моментални услови на смртност во текот на остатокот од својот живот.

Помеѓу 2002 и 2020 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е зголемен за 2,8 години, од 77,6 на 80,4 години. Зголемувањето е за 2,4 години кај жените и 3,2 години кај мажите.

The post Крпен живот: Очекуваниот животен век за родени во ЕУ е 80,4, а кај нас 74,4 години appeared first on Република.

]]>

Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат. Во земјите од регионот најголем очекуван животен век при раѓање имаат Грција – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5, Македонија – 74,4 и Бугарија – 73,6 години. Животниот век при раѓање во нашата земја споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија за 1,5 години. Според податоците на Евростат, на ниво на ЕУ жените имаат за 5,7 години повисок очекуван животен век (83,2 години) отколку мажите (77,5 години), додека споредно со 2019 година на ниво на ЕУ очекуваниот животен век при раѓање е намален за 0,9 години. Мажите имаат поголемо намалување, за точно една години, додека жените за 0,8 години. Ваквото остро намалување на очекуваниот животен век се должи на зголемената смртност во 2020 година поради КОВИД-19 пандемијата. Во 2020 година региони со највисок очекуван животен век при раѓање се во Франција – Корзика (84 години), Шпанија – Балеарските Осторви (83,9 години) и Грција – Епир (83,8 години). Од друга страна во ЕУ сите региони со најмал очекуван животен век при раѓање се во Бугарија – Северозападен (72,1 година), Североцентрален (72,8) и Југоисточен (72,9 години). Францускиот остров Корзика имал најголем животен век на жените (87,0 години), а потоа следи шпанскиот регион Галиција (86,7). Два француски региони (Лоара и Миди-Пиринејски), Оландските Острови во Финска и регионот Епир во Грција забележале ист животен век на жените – 86,4 години. Највисоките нивоа на очекуваниот животен век на мажите при раѓање се забележани во регионот на Епир во Грција, во регионот на Умбрија во централна Италија и на Балеарските острови во Шпанија (сите 81,4). Очекуваниот животен век при раѓање е просечниот број на години што едно лице може да очекува да ги живее при раѓање доколку е подложено на моментални услови на смртност во текот на остатокот од својот живот. Помеѓу 2002 и 2020 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е зголемен за 2,8 години, од 77,6 на 80,4 години. Зголемувањето е за 2,4 години кај жените и 3,2 години кај мажите.

The post Крпен живот: Очекуваниот животен век за родени во ЕУ е 80,4, а кај нас 74,4 години appeared first on Република.

]]>