животен стандард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivoten-standard/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 19:16:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png животен стандард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivoten-standard/ 32 32 Животниот стандард каска зад цените, ДЗС регистрирал поскапување кај повеќе категории производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zhivotniot-standard-kaska-zad-tsenite-dzs-registriral-poskapuvane-kaj-poveke-kategorii-proizvodi/ Wed, 07 Aug 2024 19:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=804330

Трошоците за живот во јули на годишно ниво пораснале за три проценти, цените на мало пак за 3.9 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5 отсто. Луѓето се на ставот дека од месец во месец имаат се помалку пари, примањата исти, цените до небо.

Во последниот извештај од областа на цени Државниот завод за статистика регистрирал поскапување кај повеќето категории, додека пак намалување имало за облека, комуникации, храна и безалкохолни пијалоци. За мебел, покуќнина, одржување на домаќинствата и образование се на истото ниво од претходниот месец.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Поскапувањето на производите кои редовно се набавуваат придонесува во континуитат да се намалува куповната моќ, со што паѓа квалитетот на живот на граѓаните. Се купува тоа што е поевтино, овошјето и зеленчукот како прва асоцијација за здрава храна стана вистински луксуз, посетата на културни манифестации за многумина е научна фантастика, транспортот е се поскап, се купува најосновното и најнеопходното за преживување.

The post Животниот стандард каска зад цените, ДЗС регистрирал поскапување кај повеќе категории производи appeared first on Република.

]]>

Трошоците за живот во јули на годишно ниво пораснале за три проценти, цените на мало пак за 3.9 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5 отсто. Луѓето се на ставот дека од месец во месец имаат се помалку пари, примањата исти, цените до небо. Во последниот извештај од областа на цени Државниот завод за статистика регистрирал поскапување кај повеќето категории, додека пак намалување имало за облека, комуникации, храна и безалкохолни пијалоци. За мебел, покуќнина, одржување на домаќинствата и образование се на истото ниво од претходниот месец. Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %. Поскапувањето на производите кои редовно се набавуваат придонесува во континуитат да се намалува куповната моќ, со што паѓа квалитетот на живот на граѓаните. Се купува тоа што е поевтино, овошјето и зеленчукот како прва асоцијација за здрава храна стана вистински луксуз, посетата на културни манифестации за многумина е научна фантастика, транспортот е се поскап, се купува најосновното и најнеопходното за преживување.

The post Животниот стандард каска зад цените, ДЗС регистрирал поскапување кај повеќе категории производи appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Животниот стандард на работниците за нас е на прво место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitikji-zivotniot-standard-na-rabotnicite-za-nas-e-na-prvo-mesto/ Fri, 23 Dec 2022 15:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=589268

Ги поддржуваме компаниите за да генерираат нови работни места и подобро платени работни места. Не правиме компромис меѓу бизнисот и работниците. Ние сме социјалдемократска Влада и за нас животниот стандард на работниците е на прво место, порачува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју.

Во изминатите три години, како што посочува вицепремиерот во интервју за Фронтлајн, биле поддржани околу 600 домашни и странски компании.

Се сеќавате ли дека до пред само шест години, до 2016 година имаше роуд шоуа низ целиот свет (од Владата на Груевски), а само вкупно 15 беа донесени во државата, но за тоа беа потрошени 250 милиони евра. Ние со нула трошоци за промоција, во овој момент имаме 630 компании кои ги поддржуваме, 97 проценти македонски и 3 проценти странски. Така се сака татковината, тоа е она што треба да го прави една власт, вели вицепремиерот Битиќи.

Тој истакнува дека е испорачано ветеното зголемување на минималната плата, која, посочува дека во 2024 година ќе биде поголема и ќе биде 20.000 денари.

Просечната плата уште сега е 33.200 денари, една година и половина пред завршувањето на мандатот и порано од ветеното, зголемени пензии за десет проценти за една година и уште 6-7 во наредната година во март, и она што досега не сме го објавиле е дека над 35.000 пензионери ги извлековме од прагот на сиромаштија и добиваат пензии повисоки од 14.000 денари и сето тоа за една година. Е тоа е успех, вели Битиќи.

Потсетува и дека Владата обезбеди струја и покрај енергетска криза и наспроти сите сомнежи дека ќе нема да можат да испорачаат.

Осигуравме електрична енергија, осигуравме топлинска енергија за цел град Скопје, не дозволувајќи граѓаните да останат со студени радијатори. И она што е многу важно, им го олеснивме на сите граѓани товарот на скапата струја да не падне врз нив, туку ги субвенционираме. Секој граѓанин во државата, еден милион осумстотини триесет и шест илјади попишани наши сограѓани добиваат по 6.800 денари за 2022 година или по 21.000 по семејство субвенционирана струја. Некој ќе рече зошто не е по 1.000 евра, затоа што таква е нашата структура, толку е нашиот фискален капацитет, вели Битиќи.

The post Битиќи: Животниот стандард на работниците за нас е на прво место appeared first on Република.

]]>

Ги поддржуваме компаниите за да генерираат нови работни места и подобро платени работни места. Не правиме компромис меѓу бизнисот и работниците. Ние сме социјалдемократска Влада и за нас животниот стандард на работниците е на прво место, порачува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју. Во изминатите три години, како што посочува вицепремиерот во интервју за Фронтлајн, биле поддржани околу 600 домашни и странски компании.
Се сеќавате ли дека до пред само шест години, до 2016 година имаше роуд шоуа низ целиот свет (од Владата на Груевски), а само вкупно 15 беа донесени во државата, но за тоа беа потрошени 250 милиони евра. Ние со нула трошоци за промоција, во овој момент имаме 630 компании кои ги поддржуваме, 97 проценти македонски и 3 проценти странски. Така се сака татковината, тоа е она што треба да го прави една власт, вели вицепремиерот Битиќи.
Тој истакнува дека е испорачано ветеното зголемување на минималната плата, која, посочува дека во 2024 година ќе биде поголема и ќе биде 20.000 денари.
Просечната плата уште сега е 33.200 денари, една година и половина пред завршувањето на мандатот и порано од ветеното, зголемени пензии за десет проценти за една година и уште 6-7 во наредната година во март, и она што досега не сме го објавиле е дека над 35.000 пензионери ги извлековме од прагот на сиромаштија и добиваат пензии повисоки од 14.000 денари и сето тоа за една година. Е тоа е успех, вели Битиќи.
Потсетува и дека Владата обезбеди струја и покрај енергетска криза и наспроти сите сомнежи дека ќе нема да можат да испорачаат.
Осигуравме електрична енергија, осигуравме топлинска енергија за цел град Скопје, не дозволувајќи граѓаните да останат со студени радијатори. И она што е многу важно, им го олеснивме на сите граѓани товарот на скапата струја да не падне врз нив, туку ги субвенционираме. Секој граѓанин во државата, еден милион осумстотини триесет и шест илјади попишани наши сограѓани добиваат по 6.800 денари за 2022 година или по 21.000 по семејство субвенционирана струја. Некој ќе рече зошто не е по 1.000 евра, затоа што таква е нашата структура, толку е нашиот фискален капацитет, вели Битиќи.

The post Битиќи: Животниот стандард на работниците за нас е на прво место appeared first on Република.

]]>
Стандардот на македонските граѓани под 50% од европскиот просек https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/standardot-na-makedonskite-gragjani-pod-50-od-evropskiot-prosek/ Wed, 22 Jun 2022 20:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=518646

Со достигнување од 60 отсто од европскиот просек, црногорските граѓани се први во регионот, но утре да се приклучат кон ЕУ, би биле најлоши. Најблиску до нив е Бугарија, со 63 отсто од просекот на ЕУ, пишува Инвеститор.

Еуростат објасни дека стандардот ја мери фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку добра и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците ги сноси државата, односно невладините организации. Фактичката индивидуална потрошувачка (SIP) по глава на жител се изразува во стандардите за куповна моќ, вештачка валута која ги елиминира разликите во цените меѓу земјите.

Гледајќи ги земјите од регионот, Македонија е под 50% проценти од европскиот просек, односно 49%. Србија е на 52% од европскиот просек, Босна и Херцеговина 41% и Албанија 39%.

На ниво на ЕУ, Луксембург имале највисок стандард минатата година, со 46% над европскиот просек. Следат Данска и Германија со стандард повисок за една петтина.

Најблиску до просекот на Унијата се Италија, Литванија и Кипар, додека Чешка, Словенија, Полска, Шпанија, Португалија и Романија заостануваат во просек по околу 15 отсто.

Хрватска е во групата земји со најнизок стандард во ЕУ во 2021 година, изразен во реална лична потрошувачка по глава на жител, за 27 отсто пониска од просекот. Литванија, Унгарија и Словачка се во тој опсег, со стандард околу 30% под просекот на ЕУ.

The post Стандардот на македонските граѓани под 50% од европскиот просек appeared first on Република.

]]>

Со достигнување од 60 отсто од европскиот просек, црногорските граѓани се први во регионот, но утре да се приклучат кон ЕУ, би биле најлоши. Најблиску до нив е Бугарија, со 63 отсто од просекот на ЕУ, пишува Инвеститор. Еуростат објасни дека стандардот ја мери фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку добра и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците ги сноси државата, односно невладините организации. Фактичката индивидуална потрошувачка (SIP) по глава на жител се изразува во стандардите за куповна моќ, вештачка валута која ги елиминира разликите во цените меѓу земјите. Гледајќи ги земјите од регионот, Македонија е под 50% проценти од европскиот просек, односно 49%. Србија е на 52% од европскиот просек, Босна и Херцеговина 41% и Албанија 39%. На ниво на ЕУ, Луксембург имале највисок стандард минатата година, со 46% над европскиот просек. Следат Данска и Германија со стандард повисок за една петтина. Најблиску до просекот на Унијата се Италија, Литванија и Кипар, додека Чешка, Словенија, Полска, Шпанија, Португалија и Романија заостануваат во просек по околу 15 отсто. Хрватска е во групата земји со најнизок стандард во ЕУ во 2021 година, изразен во реална лична потрошувачка по глава на жител, за 27 отсто пониска од просекот. Литванија, Унгарија и Словачка се во тој опсег, со стандард околу 30% под просекот на ЕУ.

The post Стандардот на македонските граѓани под 50% од европскиот просек appeared first on Република.

]]>
МЕ: Во првите 100 дена од Влада продолживме со мерки за подобар животен стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/me-vo-prvite-100-dena-od-vlada-prodolzivme-so-merki-za-podobar-zivoten-standard/ Thu, 28 Apr 2022 11:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=494739

Во првите 100 дена од работата на Владата, Министерството за економија (МЕ) креираше клучни мерки за поддршка на граѓаните и компаниите за подобрување на животниот стандард и целокупната економија. Како што истакнуваат од МЕ, во услови на енергетската криза во земјава, но и пошироко, презеле мерки за поддршка на потрошувачите на електрична енергија со ниски приходи за 2022 година.

Беше објавен јавен повик за финансиска поддршка во вкупен износ од 60 милиони денари, со што потрошувачите со ниски приходи ќе добијат пониски сметки за струја од 600 до 800 денари во период од 12 месеци за над 700 домаќинства, велат од МЕ.

Исто така, додаваат, за да се заштитат граѓаните од ценовни шокови, на предлог на Министерството за економија беше донесена одлука прво за замрзнување на цените на основните производи, која потоа беше заменета со одлуката за замрзнување на профитните маржи со утврдена највисока трговска маржа до 4 отсто од продажната цена во трговијата на големо, односно до 3 отсто од продажната цена во трговијата на мало како посебен услов во трговијата на основните прехранбени производи.

Со оваа одлука, за стоките, со исклучок на белиот и полубелиот леб (цел и исечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно масло) и пченично брашно – тип 400, кои се продаваат по набавна цена, се признаваат оперативните трошоци до 20 отсто од набавната цена во трговијата на големо, односно до 15 отсто од набавната цена во трговијата на мало. Одлуката се применува од 9 март до 31 мај годинава, поради потребата од ограничување на поскапувањата, велат од МЕ.

Со цел заштита на граѓаните од ценовни шокови, нагасуваат, исто така беше донесена одлука за ограничување на извозот на одделни стоки со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните пред се поради ценовните шокови предизвикано од војната во Украина.

Забраната за извоз се однесува на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед, масла од семе од сончоглед и е предвидено да трае до 15 мај. Како дел од мерките за заштита на граѓаните од раст на цените Министерството за економија донесе одлука за укинување на царинската давачка за увоз на масло за јадење која трае до 31 мај, прецизираат од МЕ.

Истакнуваат дека во изминатите 100 дена Министерството за економија континуирано ја поддржуваше промоцијата на обновливите извори на енергија во домаќинствата.

Преку Програмата за промоција на обновливите извори на енергија во домаќинствата за 2022 година оваа година се предвидени 30 милиони денари за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка за домаќинствата. Продолжува и поддршката за микро, малите и средни компании. Како дел од програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерството за економија беа објавен два јавни повици за поддршка на домашни компании со вкупна финансиска поддршка од еден милион евра, посочуваат од МЕ.

Министерството за економија, како што додаваат, меѓу своите приоритети го има и обезбедувањето нови работни места, и даде согласност за потпишување на договорот помеѓу Друштвото за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА и НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРУП, со што започнува реализацијата на оваа нова инвестиција, чија вредност достигнува износ од 9,2 милиони евра и се планира отворање на околу 300 нови работни места.

Продолжува изработката на Стратегијата за паметна специјализација и развојот на Стратегија за поттикнување на извозот. Исто така, во постапка се и закони, измени и дополнувања на закони во интерес на граѓаните и економскиот развој, велат од МЕ и потенцираат дека како и секогаш, но и поинтензивно од овие 100 дена, ќе продолжат да се грижат за граѓаните, односно за зачувување на стандардот на граѓаните.

The post МЕ: Во првите 100 дена од Влада продолживме со мерки за подобар животен стандард appeared first on Република.