живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivot/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 17:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zivot/ 32 32 Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-evropska-drzhava-ima-najdobri-uslovi-za-zhiveene-za-penzionerite/ Fri, 23 Aug 2024 17:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=809575

Иако припаѓа на една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со зголемен број нови жители, особено пензионери. А, причината не се само прекрасните плажи – од кои едната е прогласена за најдобра во Европа.

Веб-страницата Global Citizen Solutions создаде листа на најдобри земји за пензионерско живеење, а Малта е трета, зад Португалија и Шпанија.

„Малта може да се пофали со неверојатен здравствен систем, пристапни цени на имотот, фантастични даночни олеснувања и стимулации, политичка стабилност, широк спектар на опции за забава, идеално време во текот на целата година и голема популација што зборува англиски, меѓу другото“, се вели во извештајот.

Земјата, која се наоѓа меѓу Италија и Либија, има население од нешто повеќе од 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традициите на Малта се мешавина што ги одразува северноафриканските, европските и блискоисточните влијанија низ вековите. И иако можеби имаше турбулентно минато, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка.

Како дополнителна предност, англискиот е еден од официјалните јазици на Малта, така што привлекува многу имигранти и многу ја олеснува културната асимилација и секојдневниот живот.

 

The post Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Иако припаѓа на една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со зголемен број нови жители, особено пензионери. А, причината не се само прекрасните плажи – од кои едната е прогласена за најдобра во Европа. Веб-страницата Global Citizen Solutions создаде листа на најдобри земји за пензионерско живеење, а Малта е трета, зад Португалија и Шпанија. „Малта може да се пофали со неверојатен здравствен систем, пристапни цени на имотот, фантастични даночни олеснувања и стимулации, политичка стабилност, широк спектар на опции за забава, идеално време во текот на целата година и голема популација што зборува англиски, меѓу другото“, се вели во извештајот. Земјата, која се наоѓа меѓу Италија и Либија, има население од нешто повеќе од 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традициите на Малта се мешавина што ги одразува северноафриканските, европските и блискоисточните влијанија низ вековите. И иако можеби имаше турбулентно минато, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка. Како дополнителна предност, англискиот е еден од официјалните јазици на Малта, така што привлекува многу имигранти и многу ја олеснува културната асимилација и секојдневниот живот.  

The post Оваа европска држава има најдобри услови за живеење за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnite-troshotsi-za-osnovni-potrebi-na-edno-semejstvo-vo-juli-60-570-denari/ Mon, 22 Jul 2024 10:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=799148

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари.

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

The post Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари appeared first on Република.

]]>

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

The post Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари appeared first on Република.

]]>
Германците се најнезадоволни од животот, а Австријците се најзадоволни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germantsite-se-najnezadovolni-od-zhivotot-a-avstrijtsite-se-najzadovolni/ Thu, 18 Jan 2024 09:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=734297

Покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија и натаму се многу задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европскиот завод за статистика Евростат.

Истражувањето беше спроведено во 2022 година и во него од луѓето ширум ЕУ се бараше да оценат колку се задоволни од нивната животна ситуација на скала од еден до 10. Жителите на ЕУ го оценија животот во просек со 7,1, додека во 18 од 27 земји на ЕУ задоволство од животот е оценето со просечна или повисока оценка отколку што е во ЕУ, пренесува Дојче веле.

Во сите земји освен во Бугарија, просечните оценки за задоволството од животот биле над шест, што значи дека мнозинството луѓе во ЕУ се изјасниле дека се повеќе задоволни отколку незадоволни.

На последните три места се Бугарија (5,6), Германија (6,5) и Грција (6,7), каде што треба да се нагласи дека во последните десет години животното задоволство во Грција е зголемено за 0,5 поени, додека во Бугарија е зголемено во однос на 2013. за 0,8 поени.

Според истражувањето, задоволството од животот кај Германците паднало за 0,8 поени, што претставува најголем пад меѓу сите земји на ЕУ.

Од друга страна, најзадоволна земја е Швајцарија со просечна оценка 8 и покрај тоа што не е членка на ЕУ, но се појавува во студиите на Евростат.

Од членките на ЕУ, најзадоволни се Австрија (7,9), Финска, Полска и Романија (сите со по 7,7), Белгија и Холандија (7,6), додека најголем пораст на задоволството за еден поен е забележан во Кипар, чијa просечна оценка за задоволство од животот е 7.2.

The post Германците се најнезадоволни од животот, а Австријците се најзадоволни appeared first on Република.

]]>

Покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија и натаму се многу задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европскиот завод за статистика Евростат. Истражувањето беше спроведено во 2022 година и во него од луѓето ширум ЕУ се бараше да оценат колку се задоволни од нивната животна ситуација на скала од еден до 10. Жителите на ЕУ го оценија животот во просек со 7,1, додека во 18 од 27 земји на ЕУ задоволство од животот е оценето со просечна или повисока оценка отколку што е во ЕУ, пренесува Дојче веле. Во сите земји освен во Бугарија, просечните оценки за задоволството од животот биле над шест, што значи дека мнозинството луѓе во ЕУ се изјасниле дека се повеќе задоволни отколку незадоволни. На последните три места се Бугарија (5,6), Германија (6,5) и Грција (6,7), каде што треба да се нагласи дека во последните десет години животното задоволство во Грција е зголемено за 0,5 поени, додека во Бугарија е зголемено во однос на 2013. за 0,8 поени. Според истражувањето, задоволството од животот кај Германците паднало за 0,8 поени, што претставува најголем пад меѓу сите земји на ЕУ. Од друга страна, најзадоволна земја е Швајцарија со просечна оценка 8 и покрај тоа што не е членка на ЕУ, но се појавува во студиите на Евростат. Од членките на ЕУ, најзадоволни се Австрија (7,9), Финска, Полска и Романија (сите со по 7,7), Белгија и Холандија (7,6), додека најголем пораст на задоволството за еден поен е забележан во Кипар, чијa просечна оценка за задоволство од животот е 7.2.

The post Германците се најнезадоволни од животот, а Австријците се најзадоволни appeared first on Република.

]]>
Бугарија е на последното место по квалитет на живот во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bugarija-e-na-poslednoto-mesto-po-kvalitet-na-zhivot-vo-evropa/ Wed, 13 Dec 2023 07:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=722398

Бугарија е држава од Европската Унија со најмалку среќни или задоволни луѓе. Тоа се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат.

Според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место.

Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови. Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови.

Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1. Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест.

The post Бугарија е на последното место по квалитет на живот во Европа appeared first on Република.

]]>

Бугарија е држава од Европската Унија со најмалку среќни или задоволни луѓе. Тоа се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат. Според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место. Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови. Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови. Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1. Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест.

The post Бугарија е на последното место по квалитет на живот во Европа appeared first on Република.

]]>
Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10,1 отсто во споредба со април лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-povisoki-za-13-a-tsenite-na-malo-za-10-1-otsto-vo-sporedba-so-april-lani-2/ Mon, 08 May 2023 10:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=638301

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.0 %, месото за 1.4 %, виното за 1.2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0.4 %, рибата и морските плодови за 0.2 %.

Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42.4 %, туристичките аранжмани за 8.4 %, парамедицинските услуги за 6.7 %, домашните миленици и сродните производи за 5.4 %, услугите за рекреација и спорт за 3.3 %, обувките за 2.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.4 %, игрите, играчките и хобијата за 2.2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2.1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2.0 %, другите лични предмети за 1.7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, патниот патнички транспорт за 1.1 %. Кај информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за има раст од 1.0 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0.7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.2 %, млекото за 3.4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.4 % и пивото за 0.3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3.0 %, гасот за домаќинствата за 2.9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.2 %, текстилот за домаќинствата за 0.8 %, книгите за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.са/

 

The post Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10,1 отсто во споредба со април лани appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.0 %, месото за 1.4 %, виното за 1.2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0.4 %, рибата и морските плодови за 0.2 %. Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42.4 %, туристичките аранжмани за 8.4 %, парамедицинските услуги за 6.7 %, домашните миленици и сродните производи за 5.4 %, услугите за рекреација и спорт за 3.3 %, обувките за 2.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.4 %, игрите, играчките и хобијата за 2.2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2.1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2.0 %, другите лични предмети за 1.7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, патниот патнички транспорт за 1.1 %. Кај информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за има раст од 1.0 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0.7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.2 %, млекото за 3.4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.4 % и пивото за 0.3 %. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3.0 %, гасот за домаќинствата за 2.9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.2 %, текстилот за домаќинствата за 0.8 %, книгите за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.са/  

The post Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10,1 отсто во споредба со април лани appeared first on Република.

]]>
Животот во брак е добар за здравјето https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/zhivotot-vo-brak-e-dobar-za-zdravjeto/ Tue, 07 Feb 2023 14:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=606065

Факт е дека е намален бројот на склучени бракови во светот. Од денеска до 14 февруари во светот се одбележува Недела на бракот под слоганот „Зошто брак“, па тоа е шанса да се потсетиме за некои истражувања околу меѓусебното влијание на партнерите.

Љуѓето кои се во среќен брак живеат во просек четири до осум години подолго од неожените и ретко заболлуваат од висок крвен притисок и други кардиоваскуларни болести. Помалку се подложени на болести, бидејќи имаат посилен имуносистем, бидејќи се емотивно постабилни, отпорни се на депресија, стрес и анксиозност. Според статистиката, самците имаат 40 отсто поголема шанса да починат од срцев удар, отколку луѓето во брак. Нежените имаат двапати поголема шанса да загинат во сообраќајна несреќа, отколку неоженетите.

Овие социопсихолошки истражувања зборуваат во прилог на тезата дека заедничкиот живот има многу предности, како за поединецот, така и за семејството и нацијата. За многумина, бракот е синоним за сигурност - емотивна, животна и финансиска. Меѓу сопружниците кои се сакаат постои поголемо ниво на посветеност која ја немаат вонбрачните партнери. Тие секојдневно ги делат своите мисли, чувства и проблеми и си се потпора еден на друг во тешките периоди во живнотните кризи. Знаат дека животот истовремено е многу убав и многу тежок за да го живеат сам. Најдобра превенциија од насилството и социјалната патологија е здраво и добро семејство. Интересно е што бројните истражувања говорат во прилог на тезата дека бракот е добар и за нацијата. Со проучување на 80 отсто од културите кои настанале од почетокот на човештвото, научините од Оксфор дошле до заклучок дека бракот е единствен клучен фактор за опстанок, односно за исчезнување на нацијата. Потребни се само три генерации кои не веруваат во брак за нацијата да престане да постои.

 

The post Животот во брак е добар за здравјето appeared first on Република.

]]>

Факт е дека е намален бројот на склучени бракови во светот. Од денеска до 14 февруари во светот се одбележува Недела на бракот под слоганот „Зошто брак“, па тоа е шанса да се потсетиме за некои истражувања околу меѓусебното влијание на партнерите. Љуѓето кои се во среќен брак живеат во просек четири до осум години подолго од неожените и ретко заболлуваат од висок крвен притисок и други кардиоваскуларни болести. Помалку се подложени на болести, бидејќи имаат посилен имуносистем, бидејќи се емотивно постабилни, отпорни се на депресија, стрес и анксиозност. Според статистиката, самците имаат 40 отсто поголема шанса да починат од срцев удар, отколку луѓето во брак. Нежените имаат двапати поголема шанса да загинат во сообраќајна несреќа, отколку неоженетите. Овие социопсихолошки истражувања зборуваат во прилог на тезата дека заедничкиот живот има многу предности, како за поединецот, така и за семејството и нацијата. За многумина, бракот е синоним за сигурност - емотивна, животна и финансиска. Меѓу сопружниците кои се сакаат постои поголемо ниво на посветеност која ја немаат вонбрачните партнери. Тие секојдневно ги делат своите мисли, чувства и проблеми и си се потпора еден на друг во тешките периоди во живнотните кризи. Знаат дека животот истовремено е многу убав и многу тежок за да го живеат сам. Најдобра превенциија од насилството и социјалната патологија е здраво и добро семејство. Интересно е што бројните истражувања говорат во прилог на тезата дека бракот е добар и за нацијата. Со проучување на 80 отсто од културите кои настанале од почетокот на човештвото, научините од Оксфор дошле до заклучок дека бракот е единствен клучен фактор за опстанок, односно за исчезнување на нацијата. Потребни се само три генерации кои не веруваат во брак за нацијата да престане да постои.  

The post Животот во брак е добар за здравјето appeared first on Република.

]]>
Скап живот: Трошоците во мај повисоки за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skap-zivot-troshocite-vo-maj-povisoki-za-11-9-a-cenite-na-malo-za-12-1-otsto/ Tue, 07 Jun 2022 11:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=512165

Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2 %, млекото за 5.4 %, лебот и житата за 3.7 %, кафето, чајот, какаото за 3.1 %, сирењето и урдата за 2.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.7 %, свежото и разладеното овошје за 2.6 %, месото за 2.5 %, рибата и морските плодови за 2.3 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.1 %, пивото за 1.0 %, жестоките пијалаци за 0.5 % и виното за 0.3 %.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19.0 %, услугите за сместување за 7.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.4 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 7.0 %, течните горива за домаќинствата за 5.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 5.7 %, туристичките аранжмани за 4.3 %, обувките за 3.3 %, поправките и изнајмувањето на обувките за 2.6 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 2.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.2 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, гасот за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.7 %. Забележан е пораст и мебелот и покуќнината за 1.6 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1.5 %, велосипедите за 1.2 %, другата облека и додатоците за облека, моторните возила за 1.1 %, текстилот за домаќинствата за 1.0 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.9 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, терапевтските помагала и опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, медицинските услуги, медиумите за снимање, игрите , играчките и хобијата, услугите за рекреација и спорт, другите печатени материјали, рестораните, кафулињата и слично за 0.6 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.5 %, ткаенините за изработка на облека, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, облеката, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, малите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, услугите за култура, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, има кај воздухопловниот патнички транспорт за 10.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4 % и електричните апарати за лична хигиена за 1.2 %.

 

The post Скап живот: Трошоците во мај повисоки за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2 %, млекото за 5.4 %, лебот и житата за 3.7 %, кафето, чајот, какаото за 3.1 %, сирењето и урдата за 2.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.7 %, свежото и разладеното овошје за 2.6 %, месото за 2.5 %, рибата и морските плодови за 2.3 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.1 %, пивото за 1.0 %, жестоките пијалаци за 0.5 % и виното за 0.3 %. Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19.0 %, услугите за сместување за 7.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.4 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 7.0 %, течните горива за домаќинствата за 5.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 5.7 %, туристичките аранжмани за 4.3 %, обувките за 3.3 %, поправките и изнајмувањето на обувките за 2.6 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 2.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.2 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, гасот за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.7 %. Забележан е пораст и мебелот и покуќнината за 1.6 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1.5 %, велосипедите за 1.2 %, другата облека и додатоците за облека, моторните возила за 1.1 %, текстилот за домаќинствата за 1.0 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.9 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, терапевтските помагала и опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, медицинските услуги, медиумите за снимање, игрите , играчките и хобијата, услугите за рекреација и спорт, другите печатени материјали, рестораните, кафулињата и слично за 0.6 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.5 %, ткаенините за изработка на облека, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, облеката, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, малите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, услугите за култура, другите лични предмети за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, има кај воздухопловниот патнички транспорт за 10.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4 % и електричните апарати за лична хигиена за 1.2 %.  

The post Скап живот: Трошоците во мај повисоки за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто appeared first on Република.

]]>