жито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zito/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 07:23:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zito/ 32 32 Украина во јули двојно го зголемила извозот на житарки и покрај засилените руски напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-vo-juli-dvojno-go-zgolemila-izvozot-na-zhitarki-i-pokraj-zasilenite-ruski-napadi/ Mon, 12 Aug 2024 07:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=805650

Украина во јули двојно го зголеми извозот на жито, на повеќе од 4,2 милиони метрички тони, во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Украинската асоцијација на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучното пристаниште на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште на Дунав за извоз на жито во Европа.

Британските медиуми пренесуваат дека Украина во јули извезла 3,7 милиони тони земјоделски производи преку Одеса и 569.000 тони преку Дунав. Тоа е двојно повеќе во споредба со јули минатата година кога преку Одеса беа извезени 291.000 тони и преку Дунав 2,07 милиони тони.

Украинското жито најмногу се транспортирало до пристаништето Ротердам во Холандија, Картагена во Шпанија, како и до Кина, Египет и Турција.

И покрај зголемената продажба од минатиот месец, се очекува вкупен пад на извозот во сезоната 2024/2025. поради неповолните временски услови и влијанието на војната, соопштија од земјоделско консултантско друштво АСАП (ASAP).

Украина воспостави привремен поморски коридор откако договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море пропадна минатата година поради тоа што Русија се повлече од договорот.

Украина е главниот светски производител на пченица и пченка, а пред почетокот на војната во февруари 2022 година, извезуваше околу шест милиони тони жито месечно преку Црното Море

The post Украина во јули двојно го зголемила извозот на житарки и покрај засилените руски напади appeared first on Република.

]]>

Украина во јули двојно го зголеми извозот на жито, на повеќе од 4,2 милиони метрички тони, во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Украинската асоцијација на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучното пристаниште на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште на Дунав за извоз на жито во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека Украина во јули извезла 3,7 милиони тони земјоделски производи преку Одеса и 569.000 тони преку Дунав. Тоа е двојно повеќе во споредба со јули минатата година кога преку Одеса беа извезени 291.000 тони и преку Дунав 2,07 милиони тони. Украинското жито најмногу се транспортирало до пристаништето Ротердам во Холандија, Картагена во Шпанија, како и до Кина, Египет и Турција. И покрај зголемената продажба од минатиот месец, се очекува вкупен пад на извозот во сезоната 2024/2025. поради неповолните временски услови и влијанието на војната, соопштија од земјоделско консултантско друштво АСАП (ASAP). Украина воспостави привремен поморски коридор откако договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море пропадна минатата година поради тоа што Русија се повлече од договорот. Украина е главниот светски производител на пченица и пченка, а пред почетокот на војната во февруари 2022 година, извезуваше околу шест милиони тони жито месечно преку Црното Море

The post Украина во јули двојно го зголемила извозот на житарки и покрај засилените руски напади appeared first on Република.

]]>
Русија го зголеми својот удел на врвот на светскиот пазар на пченица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-zgolemi-svojot-udel-na-vrvot-na-svetskiot-pazar-na-pchenitsa/ Thu, 04 Jul 2024 15:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=793448

Уделот на Русија на светскиот пазар на пченица во земјоделската година 2023/24 се зголемил на 28%, соопшти руската логистичка компанија „Русагротранс“.

Русија извезла 55,4 милиони тони пченица, што претставува околу 28% (во споредба со 25% во претходната година) од вкупниот обем на светската трговија од 200 милиони тони, се вели во прелиминарната анализа на Русагротранс.

Со ваквите бројки, Русија значително ја надминуваа ЕУ, чии земји извезле 34 милиони тони пченица на странските пазари, како и Канада со 23,5 милиони тони, Австралија со 20,5 милиони тони и САД со 19,6 милиони тони.

Според извештајот, најголемите три земји купувачи на руска пченица се:

Египет, кој откупил речиси 8,6 милиони тони пченица оваа година;

Турција (7 милиони тони);

Бангладеш (3,8 милиони тони).

The post Русија го зголеми својот удел на врвот на светскиот пазар на пченица appeared first on Република.

]]>

Уделот на Русија на светскиот пазар на пченица во земјоделската година 2023/24 се зголемил на 28%, соопшти руската логистичка компанија „Русагротранс“.
Русија извезла 55,4 милиони тони пченица, што претставува околу 28% (во споредба со 25% во претходната година) од вкупниот обем на светската трговија од 200 милиони тони, се вели во прелиминарната анализа на Русагротранс.
Со ваквите бројки, Русија значително ја надминуваа ЕУ, чии земји извезле 34 милиони тони пченица на странските пазари, како и Канада со 23,5 милиони тони, Австралија со 20,5 милиони тони и САД со 19,6 милиони тони. Според извештајот, најголемите три земји купувачи на руска пченица се: Египет, кој откупил речиси 8,6 милиони тони пченица оваа година; Турција (7 милиони тони); Бангладеш (3,8 милиони тони).

The post Русија го зголеми својот удел на врвот на светскиот пазар на пченица appeared first on Република.

]]>
Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgore-zhito-megu-karbinskite-sela-dolni-balvan-i-trogertsi/ Thu, 20 Jun 2024 16:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=789409

Меѓу селата Долни Балван и Трогерци во Општина Карбинци опожарен е комбајн и поголема површина на жито, кое не е ожнеано. Командирот на Територијалната Противпожарна едница (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов за МИА вели дека пожарот настанал откако се запалил комбајн кој жнеел јачмен, по што огнените јазици зафатиле и дел од неожнеаното жито. Повикот до нив е пристигнат околу 14 часот, а во моментов е изгаснат и пожарникарите се вратени од терен.

-Комбајнот е опожарен, за среќа имале противпожарен апарат и не дозволиле да биде зафатен целосно, но пожарот се проширил и по ожнеаниот дел, но и по житото кое требало да се жнеее, околу 20 хектари се зафатени, вели Ренџов.

Пожарот го гаснеле осум пожарникари со три противпожарни возила. Ренџов вели дека денеска имале и уште една помала интервенција во градот Штип.

The post Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци appeared first on Република.

]]>

Меѓу селата Долни Балван и Трогерци во Општина Карбинци опожарен е комбајн и поголема површина на жито, кое не е ожнеано. Командирот на Територијалната Противпожарна едница (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов за МИА вели дека пожарот настанал откако се запалил комбајн кој жнеел јачмен, по што огнените јазици зафатиле и дел од неожнеаното жито. Повикот до нив е пристигнат околу 14 часот, а во моментов е изгаснат и пожарникарите се вратени од терен. -Комбајнот е опожарен, за среќа имале противпожарен апарат и не дозволиле да биде зафатен целосно, но пожарот се проширил и по ожнеаниот дел, но и по житото кое требало да се жнеее, околу 20 хектари се зафатени, вели Ренџов. Пожарот го гаснеле осум пожарникари со три противпожарни возила. Ренџов вели дека денеска имале и уште една помала интервенција во градот Штип.

The post Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци appeared first on Република.

]]>
Литванија повторно увезува жито од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/litvanija-povtorno-uvezuva-zhito-od-rusija/ Sun, 21 Apr 2024 13:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=768773

Литванија повторно почна да откупува жито од Русија, покажуваат податоците на Европската статистичка служба.

Првата испорака на руско жито во Литванија од јули 2023 година се случила во февруари оваа година, кога биле увезени 12,2 илјади тони во вредност од 1,95 милиони евра.

Летонија, истовремено, го зголемила увозот, купувајќи 58,8 илјади тони жито од Руската Федерација за 10 милиони евра на крајот на зимата 2024 година.

The post Литванија повторно увезува жито од Русија appeared first on Република.

]]>

Литванија повторно почна да откупува жито од Русија, покажуваат податоците на Европската статистичка служба. Првата испорака на руско жито во Литванија од јули 2023 година се случила во февруари оваа година, кога биле увезени 12,2 илјади тони во вредност од 1,95 милиони евра. Летонија, истовремено, го зголемила увозот, купувајќи 58,8 илјади тони жито од Руската Федерација за 10 милиони евра на крајот на зимата 2024 година.

The post Литванија повторно увезува жито од Русија appeared first on Република.

]]>
Мали ќе добие уште 50.000 тони пченица од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mali-ke-dobie-ushte-50-000-toni-pchenitsa-od-rusija/ Wed, 17 Apr 2024 06:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=766459

Мали се подготвува да прими уште 50.000 тони пченица од Русија.

Министерството за индустрија и трговија на оваа африканска земја одржа стратешка сесија на која разговараше за претстојната пратка.

Овој состанок беше резултат на успешната деловна мисија во Русија на почетокот на оваа година, каде што беа постигнати договори, меѓу другото, за увоз на 50.000 тони пченица, на која и претходеше испорака на 75.000 тони“, соопштија од Министерството.

https://republika.mk/vesti/svet/rusija-isporachuva-200-000-toni-besplatno-zhito-za-najsiromashnite-drzhavi-vo-afrika/

Властите на Мали истакнаа дека оваа хуманитарна мисија е од витално значење за Мали, како од економска, така и од гледна точка на безбедноста на снабдувањето со храна.

The post Мали ќе добие уште 50.000 тони пченица од Русија appeared first on Република.

]]>

Мали се подготвува да прими уште 50.000 тони пченица од Русија. Министерството за индустрија и трговија на оваа африканска земја одржа стратешка сесија на која разговараше за претстојната пратка.
Овој состанок беше резултат на успешната деловна мисија во Русија на почетокот на оваа година, каде што беа постигнати договори, меѓу другото, за увоз на 50.000 тони пченица, на која и претходеше испорака на 75.000 тони“, соопштија од Министерството.
https://republika.mk/vesti/svet/rusija-isporachuva-200-000-toni-besplatno-zhito-za-najsiromashnite-drzhavi-vo-afrika/ Властите на Мали истакнаа дека оваа хуманитарна мисија е од витално значење за Мали, како од економска, така и од гледна точка на безбедноста на снабдувањето со храна.

The post Мали ќе добие уште 50.000 тони пченица од Русија appeared first on Република.

]]>
Вулин лут на СДСМ и ДУИ: „Северномакедонците“ знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vulin-lut-na-sdsm-i-dui-severnomakedontsite-znaat-deka-nivniot-glas-ne-znachi-nishto-duri-ni-koga-stanuva-zbor-za-nivnoto-ime-ili-jazik/ Tue, 16 Apr 2024 07:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=766557

Дел од српските политичари реагираа на информацијата дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

Се чини најдалеку отиде Александар Вулин, поранешен шеф на српската Безбедносно-информативна агенција и ексминистер за одбрана и внатрешни работи на Србија, кој порача дека „Македонија навистина треба, покрај името и историјата, да го промени и јазикот, како што бараат Бугарите“.

Лидерот на Движењето на српските социјалисти истакна дека „Македонија можела барем да се воздржи, ако веќе не може да ја поддржи Србија“.

– Кога ги нарекуваа Поранешна Југословенска Република Македонија и Скопје, ние ги нарекувавме Македонија. Со нив делевме лекови за време на ковид-пандемијата, им ги дадовме нашите резерви од жито, брашно и шеќер, а СПЦ на Македонската црква и овозможи независност и име. Македонија им се заблагодари на Србите за сето тоа со признавањето на Косово и сега со ентузијазам учествува во резолуцијата која треба да ги прогласи Србите за геноциден народ, изјавил Вулин, пренесуваат српските медиуми.

Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку не можат да ја поддржат Србија. Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите. Навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам, додал Вулин реагирајќи на изјавата на министерот Османи.

Се огласи и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој го оцени како „дрскост“ ставот на Османи и го праша дали сака да поднесе Резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.

-Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа не повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани, рекол Дачиќ.

Шефот на македонската дипломатија вчера соопшти дека нашата земја е коспонзор, заедно со Германија, САД и други земји, на Резолуција во ОН за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на комеморација и сеќавање на геноцидот во Сребреница, БиХ во 1995 година и одбележување на истиот секоја година.

-Мислам дека е особено важно Србија да гласа за оваа резолуција со цел да се признаат и промовираат фактите, бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница се случил геноцид. Сè додека тој се негира и не се признава, веројатна е можноста да се повтори, посочи Османи.

The post Вулин лут на СДСМ и ДУИ: „Северномакедонците“ знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик appeared first on Република.

]]>

Дел од српските политичари реагираа на информацијата дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница. Се чини најдалеку отиде Александар Вулин, поранешен шеф на српската Безбедносно-информативна агенција и ексминистер за одбрана и внатрешни работи на Србија, кој порача дека „Македонија навистина треба, покрај името и историјата, да го промени и јазикот, како што бараат Бугарите“. Лидерот на Движењето на српските социјалисти истакна дека „Македонија можела барем да се воздржи, ако веќе не може да ја поддржи Србија“.
– Кога ги нарекуваа Поранешна Југословенска Република Македонија и Скопје, ние ги нарекувавме Македонија. Со нив делевме лекови за време на ковид-пандемијата, им ги дадовме нашите резерви од жито, брашно и шеќер, а СПЦ на Македонската црква и овозможи независност и име. Македонија им се заблагодари на Србите за сето тоа со признавањето на Косово и сега со ентузијазам учествува во резолуцијата која треба да ги прогласи Србите за геноциден народ, изјавил Вулин, пренесуваат српските медиуми.
Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку не можат да ја поддржат Србија. Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите. Навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам, додал Вулин реагирајќи на изјавата на министерот Османи. Се огласи и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој го оцени како „дрскост“ ставот на Османи и го праша дали сака да поднесе Резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.
-Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа не повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани, рекол Дачиќ.
Шефот на македонската дипломатија вчера соопшти дека нашата земја е коспонзор, заедно со Германија, САД и други земји, на Резолуција во ОН за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на комеморација и сеќавање на геноцидот во Сребреница, БиХ во 1995 година и одбележување на истиот секоја година.
-Мислам дека е особено важно Србија да гласа за оваа резолуција со цел да се признаат и промовираат фактите, бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница се случил геноцид. Сè додека тој се негира и не се признава, веројатна е можноста да се повтори, посочи Османи.

The post Вулин лут на СДСМ и ДУИ: „Северномакедонците“ знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик appeared first on Република.

]]>
Русија испорачува 200.000 тони бесплатно жито за најсиромашните држави во Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-isporachuva-200-000-toni-besplatno-zhito-za-najsiromashnite-drzhavi-vo-afrika/ Sun, 03 Dec 2023 10:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=718685

Русија почна бесплатна испорака на жито за африканските народи, како дел од хуманитарна иницијатива.

Вкупниот руски ангажман изнесува 200.000 тони жито, што ќе биде испорачано до крајот на 2023 година.

Со оваа руска иницијатива се опфатени дел од најсиромашните африкански земји како Сомалија, Еритреја, Зимбабве, Мали, Буркина Фасо, Центро Африканската Република.

Реакција за ваквата руска иницијатива дојде од Сомалија, од каде изразуваат благодарност до Русија за хуманитарната помош.

Ние сме благодарни за испораката на 25.000 тони жито, што во голема мера ќе им користи на илјадниците Сомалијци погодени од сегашните поплави во регионот. Оваа помош доаѓа во клучен момент и уште еднаш ја пофалуваме Русија за нејзината значајна поддршка и непоколеблива посветеност да и помогне на Сомалија да го надмине овој предизвикувачки период“, изјави сомалискиот министер за информации, култура и туризам, Дауд Аваис.

 

The post Русија испорачува 200.000 тони бесплатно жито за најсиромашните држави во Африка appeared first on Република.

]]>

Русија почна бесплатна испорака на жито за африканските народи, како дел од хуманитарна иницијатива. Вкупниот руски ангажман изнесува 200.000 тони жито, што ќе биде испорачано до крајот на 2023 година. Со оваа руска иницијатива се опфатени дел од најсиромашните африкански земји како Сомалија, Еритреја, Зимбабве, Мали, Буркина Фасо, Центро Африканската Република. Реакција за ваквата руска иницијатива дојде од Сомалија, од каде изразуваат благодарност до Русија за хуманитарната помош.
Ние сме благодарни за испораката на 25.000 тони жито, што во голема мера ќе им користи на илјадниците Сомалијци погодени од сегашните поплави во регионот. Оваа помош доаѓа во клучен момент и уште еднаш ја пофалуваме Русија за нејзината значајна поддршка и непоколеблива посветеност да и помогне на Сомалија да го надмине овој предизвикувачки период“, изјави сомалискиот министер за информации, култура и туризам, Дауд Аваис.
 

The post Русија испорачува 200.000 тони бесплатно жито за најсиромашните држави во Африка appeared first on Република.

]]>
Русија се врати меѓу првите пет најголеми добавувачи на жито во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-se-vrati-megu-prvite-pet-najgolemi-dobavuvachi-na-zhito-vo-eu/ Sun, 03 Dec 2023 07:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=718678

По година ипол, Русија повторно е меѓу првите пет најголеми добавувачи на жито во Европската Унија. Ова го покажува анализата на податоците на „Евростат“.

Европската Унија десет пати го зголеми откупот на жито од Русија во текот на годината - до 180 илјади тони. Ова е максималниот обем на набавки од март минатата година и и овозможи на Русија да стане четврти најголем извозник на жито во ЕУ од март 2022 година“, соопшти „Евростат“.

Украина остана главна увозна дестинација за Европската Унија. Залихите од таму паднаа за една четвртина во текот на годината, на 1,2 милиони тони.

По Украина на рангирањето следува Бразил, кој го зголеми извозот за 1,8 пати. Турција е трета, Русија четврта, а Канада петта.

The post Русија се врати меѓу првите пет најголеми добавувачи на жито во ЕУ appeared first on Република.

]]>

По година ипол, Русија повторно е меѓу првите пет најголеми добавувачи на жито во Европската Унија. Ова го покажува анализата на податоците на „Евростат“.
Европската Унија десет пати го зголеми откупот на жито од Русија во текот на годината - до 180 илјади тони. Ова е максималниот обем на набавки од март минатата година и и овозможи на Русија да стане четврти најголем извозник на жито во ЕУ од март 2022 година“, соопшти „Евростат“.
Украина остана главна увозна дестинација за Европската Унија. Залихите од таму паднаа за една четвртина во текот на годината, на 1,2 милиони тони. По Украина на рангирањето следува Бразил, кој го зголеми извозот за 1,8 пати. Турција е трета, Русија четврта, а Канада петта.

The post Русија се врати меѓу првите пет најголеми добавувачи на жито во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Нестабилен период за внатрешниот пазар на ЕУ со истекот на забраната за увоз на житарки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nestabilen-period-za-vnatreshniot-pazar-na-eu-so-istekot-na-zabranata-za-uvoz-na-zhitarki/ Sat, 23 Sep 2023 11:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=684368

Привремената забрана за увоз на жито од Украина во петте соседни земји од Европската Унија беше укината на 15 септември. Унгарија, Словачка и Полска - наближуваат парламентарни избори во последните две држави - еднострано ги продолжија своите забрани, спротивно на одлуката на ЕУ. Како резултат на тоа, Украина поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО).

На 15 септември, Европската комисија одлучи да не ја продолжи забраната за увоз на жито од Украина - особено пченица, пченка, сончоглед и репка - што се однесуваше на соседите на таа земја кои се членки на ЕУ, Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија.

Еден ден подоцна, Полска, Украина и Словачка воведоа свои ограничувања за увозот на жито и други стоки од Украина, наведувајќи ја потребата да ги заштитат нивните земјоделци од конкуренцијата поради значително зголемениот увоз од Украина.

Украина и Европската Комисија ги повикаа трите земји да отстапат од едностраното продолѓување на ембаргото. Комисијата ги анализираа мерките преземени од трите ЕУ земји, изјави портпаролка на Комисијата.

Киев во меѓувреме поднесе жалба до СТО против трите земји. Европскиот комесар за земјоделство од Полска, Јануш Војчиеховски, изјави дека бил „прилично изненаден што Украина го одбрала овој пат“, со оглед на тоа дека обемот на извозот значително пораснал во последните неколку месеци и покрај ограничувањата.

„За нас, во принцип е важно да докажеме дека поединечни земји-членки не може да воведат забрана за увоз на украински стоки“, изјави вицепремиерката и министер за економија на Украина, Јулија Свириденко.

За време на говорот во рамки на Генерално собрание на Обединетите Нации, Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, рече дека „политичкиот театар“ околу увозот само би ѝ помогнал на Москва.

„Привремена солидарност“ не е доволна, мора да преовладува обединетост на внатрешниот пазар

Во понеделникот, министрите за земјоделство на блокот се состанаа за Советот на ЕУ за земјоделство и рибарство, каде некои од нив изразија загриженост за забраните од Варшава, Братислава и Будимпешта, додека останатите ги разбраа нивните одлуки.

„Верувам дека не е само погрешно, туку е и спротивно на правото на Заедницата и очигледно на принципите на внатрешниот пазар, некои земји-членки да усвојат еднострани рестриктивни мерки“, истакна шпанскиот министер за земјоделство, Луис Планас, кој претседаваше со состанокот.

Посочи дека ЕУ-27 ја бранеле потребата да се зачува единството во одбрана на Украина во однос на „едностраните“ забрани за увоз на жито и дека тие повикале да се преземат мерки „со консензус на сите“.

Министерката за земјоделство на Словенија, Ирена Шинко, исто така, изрази загриженост за едностраните мерки и ја поддржа важноста на обединет пристап на ЕУ. Министерот за земјоделство на Германија, Џем Оздемир, го критикуваше потегот на владите на Варшава, Будимпешта и Братислава како „привремена солидарност“ со Украина. „Не гледам како ова може да се усогласи со законодавството на ЕУ“ додаде тој, велејќи дека неговите информации покажале дека пазарот добро се справува со украинското жито.

Неговиот австриски колега, Норберт Точниг, ја повика ЕУ да го обезбеди функционирањето на внатрешниот пазар, нагласувајќи ја солидарноста со Украина, но покажа и разбирање кон соседните земји.

Инфраструктурата треба да се прошири за житото увезено од Украина да стигне каде што треба - на пример до земјите на Блискиот Исток и Африка, нагласи Точниг.

Патишта на солидарност, грижа за глобалните резерви на жито

Украина, како значителен производител на жито, тешко се справува со извозот на храна поради руската блокада на пристаништата на Црното Море, што предизвика глобална загриженост за резервите на жито. Поради тоа ЕУ стана главен транзитен пат и дестинација за извоз на украинско жито за Африка и Блискиот Исток. Во средината на јули, Русија го напушти Црноморскиот договор за жито, кој претходно и овозможуваше на Украина да го извезува житото преку пристаништата на Црното Море и ги засили нападите врз украинските капацитети за извоз.

ЕУ ги зајакна другите таканаречени „Патишта на солидарност“ преку копно и по реките што се користеа за извоз на преку 44 милиони тони жито од Украина по руската инвазија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е испратена јасна порака до раководството на Украина, додавајќи дека Хрватска би сакала да биде транзитна земја, а не земја во која ќе има наплив на огромни количества евтини житарки кои би можеле да предизвикаат проблеми за локалните земјоделци. На почетокот на месецот, украинските функционери потврдија дека украинските житарки се извезуваат преку хрватските пристаништа на реката Дунав и Јадранско Море.

„Иако станува збор само за спореден трговски пат, тој е веќе популарен”, изјави Јулија Свириденко.

Мерки, протести, страв и жито

Првично, мерката на ЕУ за привремена забрана за увоз беше воведена во април и продолжена во јуни до средината на септември. Соочени со падот на цените на локалните пазари и гневните Европски земјоделци, забраната беше усвоена како одговор на доцнењата со транспорт и насобраното жито, кои предизвикаа нарушувања на пазарот во петте источноевропски земји.

Според Европската комисија, овие нарушувања сега „исчезнаа“, со што привремените ограничувања „веќе не се потребни“. Оваа одлука беше донесена откако Киев се согласи да воведе нови мерки, како на пример систем за лиценцирање на извоз во рок од 30 дена за „да се избегне наплив на жито“, изјави Европската комисија.

Министерот земјоделска политика и храна на Украина, Микола Солски, кој се обрати преку видео на земјоделскиот состанок на ЕУ рече

„Сметаме дека овие мерки ќе ги задоволат сите страни. И дека дури и оние три земји кои во моментов се противат на украинскиот земјоделски извоз, ќе се согласат на планот. Затоа што сите имаме една цел, а тоа е победа во оваа ужасна војна. И за таа цел, мораме да имаме меѓусебно разбирање и меѓусебна поддршка“.

Веднаш по истекувањето на забраната на ЕУ, Унгарија најави дека ја затвора границата за 24 украински продукти, од претходните четири.

Популистичката десничарска влада на Полска, партијата „Право и правда“, веднаш по примерот на Унгарија воведе ембарго на жито од Украина. Овој проблем е особено деликатен поради претстојните избори во Полска, бидејќи актуелната влада има силна поддршка од земјоделските региони и тоа придонесе за расправиите помеѓу Варшава и Киев. „Ги предупредувам украинските власти: ако конфликтот ескалира, ќе забраниме увоз и на други производи на полска територија“, истакна полскиот премиер, Матеуш Моравјецки. Сепак, тој увери дека Полска - клучен сојузник на Украина - ќе продолжи да му помага на својот сосед, но „не по цена на дестабилизација на полскиот пазар“.

По првичното недоразбирање околу забелешките на премиерот во врска со испораката на оружје во средата, владин портпарол во четвртокот појасни дека „во врска со прашањата за испорака на оружје, би сакал да информирам дека Република Полска ќе ги изврши само претходно договорените испораки на муниција и вооружување. Вклучувајќи ги и оние кои произлегуваа од потпишаните договори со Украина“.

Словачка првично, исто така, објави дека ќе го забрани увозот на четири стоки, вклучително и пченица, до крајот на годината.

„Нашиот став е дека ќе примениме еднострани мерки сè додека не се оцени системот на гаранции од Украина и има гаранции дека извозот е под контрола“, рече словачкиот министер за земјоделство, Јозеф Береш.

Понатаму тој изјави дека Европската комисија требало да воведе преоден период за тестирање на системот за да се оцени неговата ефикасност и дали може да го спречи неконтролираниот увоз пред укинувањето на мерките.

Но, министерот посочи дека и покрај новонастанатата ситуација, поддршката за Украина и транзитот на жито од таа земја до светските пазари останува. Во четвртокот, Украина и Словачка се согласија да воспостават систем за лиценцирање за трговија со жито што ќе овозможи да се укине забраната за извоз. На 30 септември се закажани предвремени парламентарни избори во Словачка за избор на нови членови на Националниот совет.

Бугарија се издвојува од своите регионални соседи: многу од производителите на сончогледово масло се пожалија на сериозниот недостиг на семиња и високи цени како последица на ембаргото. Но, земјоделците во таа земја се незадоволни од одлуките на владата за истекот на забраната. „Преработувачките погони увезуваат поевтини житарки од Украина, додека нашите трошоци трикратно се зголемија од почетокот на војната“, рече земјоделецот Јасен Наков на протестот.

Земјоделските организации објавија список до пет барања и на 20 септември постигнаа договор со кој владата вети дека ќе го забрани увозот на сончоглед од Украина додека не се договорат увозните квоти. Владата, исто така, се согласи да воведе режим за лиценцирање за увоз на пченица, пченка и репка, да ги скрати роковите за исплата на субвенции и да ги намали административните трошоци на земјоделците.

Во Романија, преку која поминуваат најголемите количества на украинско жито, земјоделските организации ги прекинаа протестите во исчекување на спроведувањето на украинскиот акциски план. Претставници на земјоделските организации веруваат дека, во овој период нема да има никаков увоз од Украина. Тие упатија јасни барања до владата, која е задолжена за процедурата за лиценцирање. Доколку не се почитуваат одлуките, Романија ќе преземе едностран чекор да го забрани увозот од Украина. Земјоделците изјавија дека во спротивно би одговориле со „големи протести“.


Содржината се заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.

Извор: МИА

The post Нестабилен период за внатрешниот пазар на ЕУ со истекот на забраната за увоз на житарки appeared first on Република.

]]>

Привремената забрана за увоз на жито од Украина во петте соседни земји од Европската Унија беше укината на 15 септември. Унгарија, Словачка и Полска - наближуваат парламентарни избори во последните две држави - еднострано ги продолжија своите забрани, спротивно на одлуката на ЕУ. Како резултат на тоа, Украина поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО). На 15 септември, Европската комисија одлучи да не ја продолжи забраната за увоз на жито од Украина - особено пченица, пченка, сончоглед и репка - што се однесуваше на соседите на таа земја кои се членки на ЕУ, Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија. Еден ден подоцна, Полска, Украина и Словачка воведоа свои ограничувања за увозот на жито и други стоки од Украина, наведувајќи ја потребата да ги заштитат нивните земјоделци од конкуренцијата поради значително зголемениот увоз од Украина. Украина и Европската Комисија ги повикаа трите земји да отстапат од едностраното продолѓување на ембаргото. Комисијата ги анализираа мерките преземени од трите ЕУ земји, изјави портпаролка на Комисијата. Киев во меѓувреме поднесе жалба до СТО против трите земји. Европскиот комесар за земјоделство од Полска, Јануш Војчиеховски, изјави дека бил „прилично изненаден што Украина го одбрала овој пат“, со оглед на тоа дека обемот на извозот значително пораснал во последните неколку месеци и покрај ограничувањата.
„За нас, во принцип е важно да докажеме дека поединечни земји-членки не може да воведат забрана за увоз на украински стоки“, изјави вицепремиерката и министер за економија на Украина, Јулија Свириденко.
За време на говорот во рамки на Генерално собрание на Обединетите Нации, Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, рече дека „политичкиот театар“ околу увозот само би ѝ помогнал на Москва. „Привремена солидарност“ не е доволна, мора да преовладува обединетост на внатрешниот пазар Во понеделникот, министрите за земјоделство на блокот се состанаа за Советот на ЕУ за земјоделство и рибарство, каде некои од нив изразија загриженост за забраните од Варшава, Братислава и Будимпешта, додека останатите ги разбраа нивните одлуки.
„Верувам дека не е само погрешно, туку е и спротивно на правото на Заедницата и очигледно на принципите на внатрешниот пазар, некои земји-членки да усвојат еднострани рестриктивни мерки“, истакна шпанскиот министер за земјоделство, Луис Планас, кој претседаваше со состанокот.
Посочи дека ЕУ-27 ја бранеле потребата да се зачува единството во одбрана на Украина во однос на „едностраните“ забрани за увоз на жито и дека тие повикале да се преземат мерки „со консензус на сите“. Министерката за земјоделство на Словенија, Ирена Шинко, исто така, изрази загриженост за едностраните мерки и ја поддржа важноста на обединет пристап на ЕУ. Министерот за земјоделство на Германија, Џем Оздемир, го критикуваше потегот на владите на Варшава, Будимпешта и Братислава како „привремена солидарност“ со Украина. „Не гледам како ова може да се усогласи со законодавството на ЕУ“ додаде тој, велејќи дека неговите информации покажале дека пазарот добро се справува со украинското жито. Неговиот австриски колега, Норберт Точниг, ја повика ЕУ да го обезбеди функционирањето на внатрешниот пазар, нагласувајќи ја солидарноста со Украина, но покажа и разбирање кон соседните земји.
Инфраструктурата треба да се прошири за житото увезено од Украина да стигне каде што треба - на пример до земјите на Блискиот Исток и Африка, нагласи Точниг.
Патишта на солидарност, грижа за глобалните резерви на жито Украина, како значителен производител на жито, тешко се справува со извозот на храна поради руската блокада на пристаништата на Црното Море, што предизвика глобална загриженост за резервите на жито. Поради тоа ЕУ стана главен транзитен пат и дестинација за извоз на украинско жито за Африка и Блискиот Исток. Во средината на јули, Русија го напушти Црноморскиот договор за жито, кој претходно и овозможуваше на Украина да го извезува житото преку пристаништата на Црното Море и ги засили нападите врз украинските капацитети за извоз. ЕУ ги зајакна другите таканаречени „Патишта на солидарност“ преку копно и по реките што се користеа за извоз на преку 44 милиони тони жито од Украина по руската инвазија. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е испратена јасна порака до раководството на Украина, додавајќи дека Хрватска би сакала да биде транзитна земја, а не земја во која ќе има наплив на огромни количества евтини житарки кои би можеле да предизвикаат проблеми за локалните земјоделци. На почетокот на месецот, украинските функционери потврдија дека украинските житарки се извезуваат преку хрватските пристаништа на реката Дунав и Јадранско Море.
„Иако станува збор само за спореден трговски пат, тој е веќе популарен”, изјави Јулија Свириденко.
Мерки, протести, страв и жито Првично, мерката на ЕУ за привремена забрана за увоз беше воведена во април и продолжена во јуни до средината на септември. Соочени со падот на цените на локалните пазари и гневните Европски земјоделци, забраната беше усвоена како одговор на доцнењата со транспорт и насобраното жито, кои предизвикаа нарушувања на пазарот во петте источноевропски земји. Според Европската комисија, овие нарушувања сега „исчезнаа“, со што привремените ограничувања „веќе не се потребни“. Оваа одлука беше донесена откако Киев се согласи да воведе нови мерки, како на пример систем за лиценцирање на извоз во рок од 30 дена за „да се избегне наплив на жито“, изјави Европската комисија. Министерот земјоделска политика и храна на Украина, Микола Солски, кој се обрати преку видео на земјоделскиот состанок на ЕУ рече
„Сметаме дека овие мерки ќе ги задоволат сите страни. И дека дури и оние три земји кои во моментов се противат на украинскиот земјоделски извоз, ќе се согласат на планот. Затоа што сите имаме една цел, а тоа е победа во оваа ужасна војна. И за таа цел, мораме да имаме меѓусебно разбирање и меѓусебна поддршка“.
Веднаш по истекувањето на забраната на ЕУ, Унгарија најави дека ја затвора границата за 24 украински продукти, од претходните четири. Популистичката десничарска влада на Полска, партијата „Право и правда“, веднаш по примерот на Унгарија воведе ембарго на жито од Украина. Овој проблем е особено деликатен поради претстојните избори во Полска, бидејќи актуелната влада има силна поддршка од земјоделските региони и тоа придонесе за расправиите помеѓу Варшава и Киев. „Ги предупредувам украинските власти: ако конфликтот ескалира, ќе забраниме увоз и на други производи на полска територија“, истакна полскиот премиер, Матеуш Моравјецки. Сепак, тој увери дека Полска - клучен сојузник на Украина - ќе продолжи да му помага на својот сосед, но „не по цена на дестабилизација на полскиот пазар“. По првичното недоразбирање околу забелешките на премиерот во врска со испораката на оружје во средата, владин портпарол во четвртокот појасни дека „во врска со прашањата за испорака на оружје, би сакал да информирам дека Република Полска ќе ги изврши само претходно договорените испораки на муниција и вооружување. Вклучувајќи ги и оние кои произлегуваа од потпишаните договори со Украина“. Словачка првично, исто така, објави дека ќе го забрани увозот на четири стоки, вклучително и пченица, до крајот на годината.
„Нашиот став е дека ќе примениме еднострани мерки сè додека не се оцени системот на гаранции од Украина и има гаранции дека извозот е под контрола“, рече словачкиот министер за земјоделство, Јозеф Береш.
Понатаму тој изјави дека Европската комисија требало да воведе преоден период за тестирање на системот за да се оцени неговата ефикасност и дали може да го спречи неконтролираниот увоз пред укинувањето на мерките. Но, министерот посочи дека и покрај новонастанатата ситуација, поддршката за Украина и транзитот на жито од таа земја до светските пазари останува. Во четвртокот, Украина и Словачка се согласија да воспостават систем за лиценцирање за трговија со жито што ќе овозможи да се укине забраната за извоз. На 30 септември се закажани предвремени парламентарни избори во Словачка за избор на нови членови на Националниот совет.
Бугарија се издвојува од своите регионални соседи: многу од производителите на сончогледово масло се пожалија на сериозниот недостиг на семиња и високи цени како последица на ембаргото. Но, земјоделците во таа земја се незадоволни од одлуките на владата за истекот на забраната. „Преработувачките погони увезуваат поевтини житарки од Украина, додека нашите трошоци трикратно се зголемија од почетокот на војната“, рече земјоделецот Јасен Наков на протестот.
Земјоделските организации објавија список до пет барања и на 20 септември постигнаа договор со кој владата вети дека ќе го забрани увозот на сончоглед од Украина додека не се договорат увозните квоти. Владата, исто така, се согласи да воведе режим за лиценцирање за увоз на пченица, пченка и репка, да ги скрати роковите за исплата на субвенции и да ги намали административните трошоци на земјоделците. Во Романија, преку која поминуваат најголемите количества на украинско жито, земјоделските организации ги прекинаа протестите во исчекување на спроведувањето на украинскиот акциски план. Претставници на земјоделските организации веруваат дека, во овој период нема да има никаков увоз од Украина. Тие упатија јасни барања до владата, која е задолжена за процедурата за лиценцирање. Доколку не се почитуваат одлуките, Романија ќе преземе едностран чекор да го забрани увозот од Украина. Земјоделците изјавија дека во спротивно би одговориле со „големи протести“.
Содржината се заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.

Извор: МИА

The post Нестабилен период за внатрешниот пазар на ЕУ со истекот на забраната за увоз на житарки appeared first on Република.

]]>
Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-brod-so-zhito-isplovi-od-ukrainskoto-pristanishte/ Fri, 22 Sep 2023 07:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=683997

Вториот товарен брод, „Аројат“, го напушти украинското црноморско пристаниште Чорноморск откако натовари жито, изјави денеска извор од индустријата.

Бродовите „Ресилиент Африка“ и „Аројат“ пристигнаа во Украина во саботата и требаше да заминат откако ќе натоварат речиси 20.000 тони пченица за Африка и Азија.

Бродот „Ресилиент Африка“ ја напушти Украина во вторникот со товар од 3.000 метрички тони пченица.

Испораките се тест за способноста на Украина повторно да ги отвори поморските патишта откако договорот постигнат со посредство на ОН за да и се дозволи на Украина да извезува жито, пропадна по повлекувањето на Русија.

Украина минатиот месец објави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да ги ослободи бродовите заглавени во нејзините пристаништа откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022 година и да го заобиколи неуспешниот договор.

Москва изврши чести напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина.

Трите поморски пристаништа во Одеса, вклучувајќи го и Чорноморск, испорачаа десетици милиони тони жито за време на руската инвазија според договор со посредство на ОН.

The post Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште appeared first on Република.

]]>

Вториот товарен брод, „Аројат“, го напушти украинското црноморско пристаниште Чорноморск откако натовари жито, изјави денеска извор од индустријата. Бродовите „Ресилиент Африка“ и „Аројат“ пристигнаа во Украина во саботата и требаше да заминат откако ќе натоварат речиси 20.000 тони пченица за Африка и Азија. Бродот „Ресилиент Африка“ ја напушти Украина во вторникот со товар од 3.000 метрички тони пченица. Испораките се тест за способноста на Украина повторно да ги отвори поморските патишта откако договорот постигнат со посредство на ОН за да и се дозволи на Украина да извезува жито, пропадна по повлекувањето на Русија. Украина минатиот месец објави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да ги ослободи бродовите заглавени во нејзините пристаништа откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022 година и да го заобиколи неуспешниот договор. Москва изврши чести напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина. Трите поморски пристаништа во Одеса, вклучувајќи го и Чорноморск, испорачаа десетици милиони тони жито за време на руската инвазија според договор со посредство на ОН.

The post Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште appeared first on Република.

]]>
Украина ја омекнува реториката, бара дипломатско решение со Полска и Словачка за извозот на жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-ja-omeknuva-retorikata-bara-diplomatsko-reshenie-so-polska-i-slovachka-za-izvozot-na-zhito/ Thu, 21 Sep 2023 19:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=683928

Украина денеска се согласи да го лиценцира извозот на житарки во Словачка, а исто така се обиде да склучи договор со Полска за ставање крај на ограничувањата наметнати од таа соседна земја за увоз на украинско жито.

Словачкото Министерство за земјоделство соопшти дека се договорило со Украина да воспостави систем за лиценцирање за трговија со житарки, кој, откако ќе се воспостави, ќе овозможи укинување на забраната за увоз на четири видови украински стоки во Словачка.

Во соопштението се наведува дека министрите се согласиле за создавање на систем за трговија со жито заснован на издавање и контрола на лиценци и се додава дека, додека овој систем не биде лансиран и целосно тестиран, останува во сила забраната за увоз на четири видови стоки од Украина, која се согласи да се откаже од нејзината жалба до СТО.

Украина соопшти дека нејзиниот министер за земјоделство во телефонски разговор со полскиот колега се согласил да се најде решение за спорот околу извозот на житарки во интерес на двете земји.

Словачка, Полска и Унгарија минатата недела воведоа ограничувања за увоз на житарки од Украина, откако извршната власт на Европската унија одлучи да не ја прошири забраната за увоз во тие земји, како и во другите членки на ЕУ – Бугарија и Романија.

Овие земји тврдат дека евтината украинска земјоделска стока, која Украина ја извезува по копно од почетокот на војната со Русија и главно треба да оди подалеку на запад и до тамошните пристаништа, се продава во нивните земји и им нанесува штета на локалните земјоделци.

ЕУ, која ја воведе забраната во мај, дозволи таа да истече во петокот, откако Украина вети дека ќе ги зајакне контролите.

Поголемиот дел од житото од Украина, еден од најголемите светски извозници, поминуваше низ петте источни земји на ЕУ.

Конфликтот ескалира откако Украина, која се сврте кон копнени патишта кон запад по руската блокада на нејзините пристаништа на Црното Море, поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) поради забраните и се закани со реципрочни ограничувања на увозот.

The post Украина ја омекнува реториката, бара дипломатско решение со Полска и Словачка за извозот на жито appeared first on Република.

]]>

Украина денеска се согласи да го лиценцира извозот на житарки во Словачка, а исто така се обиде да склучи договор со Полска за ставање крај на ограничувањата наметнати од таа соседна земја за увоз на украинско жито. Словачкото Министерство за земјоделство соопшти дека се договорило со Украина да воспостави систем за лиценцирање за трговија со житарки, кој, откако ќе се воспостави, ќе овозможи укинување на забраната за увоз на четири видови украински стоки во Словачка. Во соопштението се наведува дека министрите се согласиле за создавање на систем за трговија со жито заснован на издавање и контрола на лиценци и се додава дека, додека овој систем не биде лансиран и целосно тестиран, останува во сила забраната за увоз на четири видови стоки од Украина, која се согласи да се откаже од нејзината жалба до СТО. Украина соопшти дека нејзиниот министер за земјоделство во телефонски разговор со полскиот колега се согласил да се најде решение за спорот околу извозот на житарки во интерес на двете земји. Словачка, Полска и Унгарија минатата недела воведоа ограничувања за увоз на житарки од Украина, откако извршната власт на Европската унија одлучи да не ја прошири забраната за увоз во тие земји, како и во другите членки на ЕУ – Бугарија и Романија. Овие земји тврдат дека евтината украинска земјоделска стока, која Украина ја извезува по копно од почетокот на војната со Русија и главно треба да оди подалеку на запад и до тамошните пристаништа, се продава во нивните земји и им нанесува штета на локалните земјоделци. ЕУ, која ја воведе забраната во мај, дозволи таа да истече во петокот, откако Украина вети дека ќе ги зајакне контролите. Поголемиот дел од житото од Украина, еден од најголемите светски извозници, поминуваше низ петте источни земји на ЕУ. Конфликтот ескалира откако Украина, која се сврте кон копнени патишта кон запад по руската блокада на нејзините пристаништа на Црното Море, поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) поради забраните и се закани со реципрочни ограничувања на увозот.

The post Украина ја омекнува реториката, бара дипломатско решение со Полска и Словачка за извозот на жито appeared first on Република.

]]>
Унгарија, во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе забрани увоз на украинско жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ungarija-vo-dogovor-so-romanija-slovachka-i-bugarija-ke-zabrani-uvoz-na-ukrainsko-zhito/ Wed, 13 Sep 2023 14:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=681647

Унгарија во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе воведе забрана за увоз на жито од Украина доколку Европската Унија не ја продолжи забраната, која истекува на 15 септември, изјави денеска унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ. Барањето за продолжување на мораториумот за увоз на украинско жито е со цел да се заштитат своите пазари.

Во видео објавено на неговиот Фејсбук профил, Наѓ рече дека новата национална забрана ќе го прошири бројот на украински производи на кои ќе им биде забранет увоз.

Се договоривме со нашите романски, словачки и бугарски колеги дека, доколку Брисел не донесе одлука за продолжување на постојниот мораториум, тогаш поединечно ќе преземеме национални мерки, истакна тој.

Покрај Унгарија, еднострана забрана за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина најави и Полска.

Меѓутоа, бугарскиот премиер Николај Денков пред почетокот на владината седница изјави за бугарската државна новинска агенција дека е пожелно укинување на забраната за увоз од Украина бидејќи тоа ќе ги намали цените на основните прехранбени производи.

Да бидам јасен, обновувањето на увозот од Украина ќе ги намали цените на основните прехранбени производи, ќе ја намали инфлацијата, што ќе им помогне на луѓето со ниски приходи и ќе ги зголеми буџетските приходи од увоз и извоз, рече Денков.

Собраниската комисија вчера усвои предлог-одлука Бугарија да ја укине забраната за увоз на некои производи од Украина по 15 септември. Конечната одлука ќе биде донесена на пленарна седница на парламентот

The post Унгарија, во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе забрани увоз на украинско жито appeared first on Република.

]]>

Унгарија во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе воведе забрана за увоз на жито од Украина доколку Европската Унија не ја продолжи забраната, која истекува на 15 септември, изјави денеска унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ. Барањето за продолжување на мораториумот за увоз на украинско жито е со цел да се заштитат своите пазари. Во видео објавено на неговиот Фејсбук профил, Наѓ рече дека новата национална забрана ќе го прошири бројот на украински производи на кои ќе им биде забранет увоз. Се договоривме со нашите романски, словачки и бугарски колеги дека, доколку Брисел не донесе одлука за продолжување на постојниот мораториум, тогаш поединечно ќе преземеме национални мерки, истакна тој.
Покрај Унгарија, еднострана забрана за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина најави и Полска.
Меѓутоа, бугарскиот премиер Николај Денков пред почетокот на владината седница изјави за бугарската државна новинска агенција дека е пожелно укинување на забраната за увоз од Украина бидејќи тоа ќе ги намали цените на основните прехранбени производи.
Да бидам јасен, обновувањето на увозот од Украина ќе ги намали цените на основните прехранбени производи, ќе ја намали инфлацијата, што ќе им помогне на луѓето со ниски приходи и ќе ги зголеми буџетските приходи од увоз и извоз, рече Денков.
Собраниската комисија вчера усвои предлог-одлука Бугарија да ја укине забраната за увоз на некои производи од Украина по 15 септември. Конечната одлука ќе биде донесена на пленарна седница на парламентот

The post Унгарија, во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе забрани увоз на украинско жито appeared first on Република.

]]>
Украинско жито се извезува преку хрватски пристаништа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ukrainsko-zhito-se-izvezuva-preku-hrvatski-pristanishta/ Thu, 07 Sep 2023 13:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=679717

Поради руската блокада на нејзините црноморски пристаништа, Украина почна да извезува жито преку хрватските пристаништа, изјави украинската вице-премиерка Јулија Свириденко во четвртокот (07.09.2023), додавајќи: „Иако станува збор само за споредна трговска рута, таа е доста заживеана и благодарни сме за оваа пружена можност“.

„Подготвени сме да го развиеме овој транспортен коридор со проширување на можностите“, рече таа. „Веруваме дека оваа логистичка рута ќе игра важна улога во билатералната трговија меѓу нашите земји и по војната“, истакна Свириденко.

Откако Русија се откажа од договорот,  дел од житото се праќа и со железница, но според украински брокери, железничките испораки до европските пристаништа се многу поскапи од директниот извоз преку украинските пристаништа.

Украинскиот трговски синдикат УГА оваа недела соопшти дека комбинираната жетва на жито и маслодајни семиња во тековнава 2023 година може да достигне 80,5 милиони метрички тони, а тоа значи дека во сезоната 2023/24 јули-јуни би можеле да бидат извезени околу 49 милиони тони.

Украинското министерството за земјоделство овој месец соопшти дека заклучно со 1 септември извозот изнесува вкупно 4,5 милиони тони.

 

The post Украинско жито се извезува преку хрватски пристаништа appeared first on Република.

]]>

Поради руската блокада на нејзините црноморски пристаништа, Украина почна да извезува жито преку хрватските пристаништа, изјави украинската вице-премиерка Јулија Свириденко во четвртокот (07.09.2023), додавајќи: „Иако станува збор само за споредна трговска рута, таа е доста заживеана и благодарни сме за оваа пружена можност“. „Подготвени сме да го развиеме овој транспортен коридор со проширување на можностите“, рече таа. „Веруваме дека оваа логистичка рута ќе игра важна улога во билатералната трговија меѓу нашите земји и по војната“, истакна Свириденко. Откако Русија се откажа од договорот,  дел од житото се праќа и со железница, но според украински брокери, железничките испораки до европските пристаништа се многу поскапи од директниот извоз преку украинските пристаништа. Украинскиот трговски синдикат УГА оваа недела соопшти дека комбинираната жетва на жито и маслодајни семиња во тековнава 2023 година може да достигне 80,5 милиони метрички тони, а тоа значи дека во сезоната 2023/24 јули-јуни би можеле да бидат извезени околу 49 милиони тони. Украинското министерството за земјоделство овој месец соопшти дека заклучно со 1 септември извозот изнесува вкупно 4,5 милиони тони.  

The post Украинско жито се извезува преку хрватски пристаништа appeared first on Република.

]]>
Николовски: Мелничарите да ги кажат аргументите за поскапувањето на лебот, купија суровина за 11, а не за 20 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-melnicharite-da-gi-kazhat-argumentite-za-poskapuvaneto-na-lebot-kupija-surovina-za-11-a-ne-za-20-denari/ Tue, 22 Aug 2023 17:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=674696

Цените на житото годинава се преполовени. Мелничарите се снабдија со суровина по цена од 11 денари, а не по цена од 20 денари. Затоа, треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал поскапување на лебот на грбот на граѓаните, рече денеска  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според Николовски, новите три мерки што ги донесе Владата на денешната седница и кои ќе се реализираат преку Интервентната програма, се насочени кон земјоделците зашто тие, како што напомена, се најпогодени.

-Мелничката индустрија оваа година се снабди со суровина која е преполовена и фер и коректно е да не се шпекулира и шпекулативно да не се создаваат цени. Ова е специфична година во која цената на житото на светските берзи беше преполовена, но и нашата мелничка индустрија се снабди со суровина која што е по цена од 11 денари, не по цена од 20 денари. Електричната енергија за разлика од минатата година исто така е стабилизиран пазарот и цените. Треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал покачување на цената на лебот на грбот на граѓаните кога мелничката индустрија се снабди со драстично поевтина суровина оваа година. И токму затоа нашата поддршка е со дополнителна поддршка на тие коишто го произведуваат житото, а тоа се земјоделците, потенцира министерот.

Според него, цените на светските берзи на житото оваа година се преполовени и затоа државната поддршка преку Интервентната програма, напомена, е насочена кон производителите.

-Ние и минатата година немавме поддршка од дополнителен еден, два или три денари за пченицата за откупот. Зошто? Затоа што цената откупна на пченицата беше и 20 и 22 денари зависно од квалитетот. Дури ни такво барање не беше воспоставено. Се сеќавам дека дури и тогаш немаше зголемување на цената на лебот, а камоли сега кога зборуваме за преполовени откупни цени на пченицата. Нашата цел е државната поддршка да ја насочиме кон оние што беа најпогодени. Тоа не е мелничката индустрија. Тоа се производителите и нашата цел е да го задржиме и стабилизираме домашното производство на пченица и на долг рок да станеме увозно независна, на среден и на долг рок, подвлече Николовски кој претходно ги објасни трите нови мерки за финансиска поддршка на производителите на пченица, семенски материјал и градинарски култури.

Новите три мерки што ги донесе Владата денеска се: три денари по килограм поддршка за остварено и предадено или складирано производство на пченица, за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, како и поддршка за домат и краставица.

The post Николовски: Мелничарите да ги кажат аргументите за поскапувањето на лебот, купија суровина за 11, а не за 20 денари appeared first on Република.

]]>

Цените на житото годинава се преполовени. Мелничарите се снабдија со суровина по цена од 11 денари, а не по цена од 20 денари. Затоа, треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал поскапување на лебот на грбот на граѓаните, рече денеска  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Според Николовски, новите три мерки што ги донесе Владата на денешната седница и кои ќе се реализираат преку Интервентната програма, се насочени кон земјоделците зашто тие, како што напомена, се најпогодени. -Мелничката индустрија оваа година се снабди со суровина која е преполовена и фер и коректно е да не се шпекулира и шпекулативно да не се создаваат цени. Ова е специфична година во која цената на житото на светските берзи беше преполовена, но и нашата мелничка индустрија се снабди со суровина која што е по цена од 11 денари, не по цена од 20 денари. Електричната енергија за разлика од минатата година исто така е стабилизиран пазарот и цените. Треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал покачување на цената на лебот на грбот на граѓаните кога мелничката индустрија се снабди со драстично поевтина суровина оваа година. И токму затоа нашата поддршка е со дополнителна поддршка на тие коишто го произведуваат житото, а тоа се земјоделците, потенцира министерот. Според него, цените на светските берзи на житото оваа година се преполовени и затоа државната поддршка преку Интервентната програма, напомена, е насочена кон производителите. -Ние и минатата година немавме поддршка од дополнителен еден, два или три денари за пченицата за откупот. Зошто? Затоа што цената откупна на пченицата беше и 20 и 22 денари зависно од квалитетот. Дури ни такво барање не беше воспоставено. Се сеќавам дека дури и тогаш немаше зголемување на цената на лебот, а камоли сега кога зборуваме за преполовени откупни цени на пченицата. Нашата цел е државната поддршка да ја насочиме кон оние што беа најпогодени. Тоа не е мелничката индустрија. Тоа се производителите и нашата цел е да го задржиме и стабилизираме домашното производство на пченица и на долг рок да станеме увозно независна, на среден и на долг рок, подвлече Николовски кој претходно ги објасни трите нови мерки за финансиска поддршка на производителите на пченица, семенски материјал и градинарски култури. Новите три мерки што ги донесе Владата денеска се: три денари по килограм поддршка за остварено и предадено или складирано производство на пченица, за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, како и поддршка за домат и краставица.

The post Николовски: Мелничарите да ги кажат аргументите за поскапувањето на лебот, купија суровина за 11, а не за 20 денари appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stejt-department-rusija-mora-da-ima-jasni-barana-za-da-go-reshime-problemot-so-izvozot-na-zhito/ Fri, 04 Aug 2023 15:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=668787

Координаторот за санкции на американскиот Стејт департмент Џејмс О'Брајан денеска изјави дека Русија треба да биде појасна за тоа што бара за да се врати на договорот за жито.

Во разговор со новинарите, тој рече дека САД се подготвени да помогнат, но дека „не е јасно што Русија смета за успех“.

Тоа е проблемот... Русија извезува рекордни количини на жито, тие соопштија дека се работи за количина од 61,8 милиони тони минатата година, што мислам дека е 10 до 15 проценти повеќе од која било година претходно. Ако нашата мерка е количината на храна на глобално ниво, тогаш треба да се фокусираме на процесот со посредство на ОН и Турција, кој и помага на Русија да извезува, а тие се жалат на ситниците во системот кој работи многу добро, рече О'Брајан.

Тој истакна дека во изминатата година и половина, светскиот пазар почна да се опоравува од шокот предизвикан од инвазијата на Украина, но работите неодамна се влошија „бидејќи Русија одлучи да се обиде воопшто да ја спречи Украина да извезува“.

Русија го напаѓа глобалниот систем за безбедност на храната и мислам дека не треба да замижуваме пред тоа. Русија мора да остане изолирана, изразувањето солидарност за ова прашање е многу важна позиција што светот сака да го види од Русија во контекст од оваа војна, рече О'Брајан.

Тој смета дека целта на излегувањето на Москва од договорот е зголемување на цените за да се сврти вниманието на барањата на Русија.

Пред војната, Украина обезбедуваше околу 10 проценти од житото на глобалниот пазар и околу 40 до 50 проценти од она што Светскиот фонд за храна го испраќаше до најсиромашните земји во светот, рече О'Брајан.

Покрај тоа што Русија го блокира извозот и најави дека секој брод што ќе исплови ќе биде легитимна воена цел, О'Брајан истакна дека Русија бомбардира магацини и дека до вчера биле уништени 2.200 тони складирано жито.

The post Стејт департмент: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито appeared first on Република.

]]>

Координаторот за санкции на американскиот Стејт департмент Џејмс О'Брајан денеска изјави дека Русија треба да биде појасна за тоа што бара за да се врати на договорот за жито. Во разговор со новинарите, тој рече дека САД се подготвени да помогнат, но дека „не е јасно што Русија смета за успех“.
Тоа е проблемот... Русија извезува рекордни количини на жито, тие соопштија дека се работи за количина од 61,8 милиони тони минатата година, што мислам дека е 10 до 15 проценти повеќе од која било година претходно. Ако нашата мерка е количината на храна на глобално ниво, тогаш треба да се фокусираме на процесот со посредство на ОН и Турција, кој и помага на Русија да извезува, а тие се жалат на ситниците во системот кој работи многу добро, рече О'Брајан.
Тој истакна дека во изминатата година и половина, светскиот пазар почна да се опоравува од шокот предизвикан од инвазијата на Украина, но работите неодамна се влошија „бидејќи Русија одлучи да се обиде воопшто да ја спречи Украина да извезува“.
Русија го напаѓа глобалниот систем за безбедност на храната и мислам дека не треба да замижуваме пред тоа. Русија мора да остане изолирана, изразувањето солидарност за ова прашање е многу важна позиција што светот сака да го види од Русија во контекст од оваа војна, рече О'Брајан.
Тој смета дека целта на излегувањето на Москва од договорот е зголемување на цените за да се сврти вниманието на барањата на Русија.
Пред војната, Украина обезбедуваше околу 10 проценти од житото на глобалниот пазар и околу 40 до 50 проценти од она што Светскиот фонд за храна го испраќаше до најсиромашните земји во светот, рече О'Брајан.
Покрај тоа што Русија го блокира извозот и најави дека секој брод што ќе исплови ќе биде легитимна воена цел, О'Брајан истакна дека Русија бомбардира магацини и дека до вчера биле уништени 2.200 тони складирано жито.

The post Стејт департмент: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-e-podgotvena-brzo-da-se-vrati-na-dogovorot-za-zhito-no-toj-treba-da-bide-sproveden-i-vo-delot-povrzan-so-moskva/ Wed, 02 Aug 2023 11:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=667899

Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претседателот Владимир Путин тоа веќе 100 пати го повтори. Русија е подготвена брзо да се врати на вистинскиот договор. Не само на разговорите, туку и на самиот договор. Таа е подготвена да го направи тоа веднаш. Договорот едноставно треба да се спроведе во делот што се однесува на Русија. Тоа досега не е направено - изјави Песков.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас Гринфилд, вчера посочи дека Русија е подготвена да се врати на преговорите за договорот кој овозможува безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море.

The post Песков: Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва appeared first on Република.

]]>

Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претседателот Владимир Путин тоа веќе 100 пати го повтори. Русија е подготвена брзо да се врати на вистинскиот договор. Не само на разговорите, туку и на самиот договор. Таа е подготвена да го направи тоа веднаш. Договорот едноставно треба да се спроведе во делот што се однесува на Русија. Тоа досега не е направено - изјави Песков.
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас Гринфилд, вчера посочи дека Русија е подготвена да се врати на преговорите за договорот кој овозможува безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море.

The post Песков: Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва appeared first on Република.

]]>
Путин објави кои земји ќе добијат жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-objavi-koi-zemji-ke-dobijat-zhito/ Thu, 27 Jul 2023 10:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=665849

Русија ќе биде подготвена да испорача бесплатно жито во некои од најсиромашните земји во Африка за 3-4 месеци, рече Владимир Путин.

Рускиот претседател ова го изјави за време на руско-африканскиот самит што се одржа во Санкт Петербург.

Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканската Република и Еритреја ќе добијат по 25-50 илјади тони жито, рече рускиот лидер.

Москва исто така ќе ги сноси и трошоците за испорака, додаде Путин, пренесува RT на англиски јазик.

Соопштението уследи една недела откако официјална Москва се повлече од Црноморскиот договор за жито, договор што овозможи украинското жито да се извезува со комерцијални бродови.

The post Путин објави кои земји ќе добијат жито appeared first on Република.

]]>

Русија ќе биде подготвена да испорача бесплатно жито во некои од најсиромашните земји во Африка за 3-4 месеци, рече Владимир Путин. Рускиот претседател ова го изјави за време на руско-африканскиот самит што се одржа во Санкт Петербург. Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканската Република и Еритреја ќе добијат по 25-50 илјади тони жито, рече рускиот лидер. Москва исто така ќе ги сноси и трошоците за испорака, додаде Путин, пренесува RT на англиски јазик. Соопштението уследи една недела откако официјална Москва се повлече од Црноморскиот договор за жито, договор што овозможи украинското жито да се извезува со комерцијални бродови.

The post Путин објави кои земји ќе добијат жито appeared first on Република.

]]>
ММФ: Глобалната цена на житото се зголемува и до 15 отсто поради повлекувањето на Русија од договорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-globalnata-tsena-na-zhitoto-se-zgolemuva-i-do-15-otsto-poradi-povlekuvaneto-na-rusija-od-dogovorot/ Wed, 26 Jul 2023 07:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=665390

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто.

Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.

„Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10 до 15 проценти“, рече Гуринчас.

The post ММФ: Глобалната цена на житото се зголемува и до 15 отсто поради повлекувањето на Русија од договорот appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто. Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.
„Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10 до 15 проценти“, рече Гуринчас.

The post ММФ: Глобалната цена на житото се зголемува и до 15 отсто поради повлекувањето на Русија од договорот appeared first on Република.

]]>
Поради повлекувањето на Русија од договорот: Глобалната цена на житото поскапува и до 15 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-povlekuvaneto-na-rusija-od-dogovorot-globalnata-tsena-na-zhitoto-poskapuva-i-do-15-otsto/ Wed, 26 Jul 2023 06:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=665317

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто.

Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.

Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10 до 15 проценти - рече Гуринчас.

The post Поради повлекувањето на Русија од договорот: Глобалната цена на житото поскапува и до 15 отсто appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто. Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.
Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10 до 15 проценти - рече Гуринчас.

The post Поради повлекувањето на Русија од договорот: Глобалната цена на житото поскапува и до 15 отсто appeared first on Република.

]]>
Гутереш повторно ја повика Русија да се врати на Црноморскиот договор за жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-povtorno-ja-povika-rusija-da-se-vrati-na-tsrnomorskiot-dogovor-za-zhito/ Mon, 24 Jul 2023 18:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=664857

Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море, повторувајќи го предлогот што му го дал на рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец.

„Со завршувањето на Црноморската иницијатива, најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш на отворањето на состанокот на високо ниво на Организацијата за храна (ФАО) при Обединетите нации во Рим.

„Кога цените на храната растат, сите плаќаме повеќе“, рече Гутереш.

Откако Русија се повлече од договорот и почна систематски да ги напаѓа украинските пристаништа на Црното Море и реката Дунав, цените на пченицата и пченката на светските берзи се зголемија.

„Она што се случува е особено поразително за земјите кои имаат проблеми со прехранувањето на своите жители“, додаде Гутереш.

Генералниот секретар на ОН му пиша на Путин на 11 јули во обид во последен момент да го спаси договорот за жито, предлагајќи Русија да остане во него, бројот на бродови што влегуваат и излегуваат од украинските пристаништа да се ограничи на по четири и поделбата на руската Аграрна банка, Роселколхозбанк, да биде поврзана со глобалниот платен систем СВИФТ. ЕУ ја исклучи банката од системот во јуни 2022 година.

Нејзиното враќање беше еден од условите на Москва да не го прекине учеството во договорот. Другиот беше да се олесни извозот на руски амонијак и ѓубрива, кој, според Кремљ, останува неисполнет, што е исто така аргумент за излегување од договорот за жито.

Од почетокот на војната во Украина, рускиот извоз на жито расте, но тој на вештачки ѓубрива драстично падна.

„Останувам посветен на олеснување за непречен пристап до глобалните пазари за храна и ѓубрива и од Украина и од Русија за да се обезбеди храната што секој човек ја заслужува“, рече Гутереш.

The post Гутереш повторно ја повика Русија да се врати на Црноморскиот договор за жито appeared first on Република.

]]>

Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море, повторувајќи го предлогот што му го дал на рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец. „Со завршувањето на Црноморската иницијатива, најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш на отворањето на состанокот на високо ниво на Организацијата за храна (ФАО) при Обединетите нации во Рим. „Кога цените на храната растат, сите плаќаме повеќе“, рече Гутереш. Откако Русија се повлече од договорот и почна систематски да ги напаѓа украинските пристаништа на Црното Море и реката Дунав, цените на пченицата и пченката на светските берзи се зголемија. „Она што се случува е особено поразително за земјите кои имаат проблеми со прехранувањето на своите жители“, додаде Гутереш. Генералниот секретар на ОН му пиша на Путин на 11 јули во обид во последен момент да го спаси договорот за жито, предлагајќи Русија да остане во него, бројот на бродови што влегуваат и излегуваат од украинските пристаништа да се ограничи на по четири и поделбата на руската Аграрна банка, Роселколхозбанк, да биде поврзана со глобалниот платен систем СВИФТ. ЕУ ја исклучи банката од системот во јуни 2022 година. Нејзиното враќање беше еден од условите на Москва да не го прекине учеството во договорот. Другиот беше да се олесни извозот на руски амонијак и ѓубрива, кој, според Кремљ, останува неисполнет, што е исто така аргумент за излегување од договорот за жито. Од почетокот на војната во Украина, рускиот извоз на жито расте, но тој на вештачки ѓубрива драстично падна. „Останувам посветен на олеснување за непречен пристап до глобалните пазари за храна и ѓубрива и од Украина и од Русија за да се обезбеди храната што секој човек ја заслужува“, рече Гутереш.

The post Гутереш повторно ја повика Русија да се врати на Црноморскиот договор за жито appeared first on Република.

]]>