жители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziteli/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 17:06:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziteli/ 32 32 Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zhitelite-na-dolna-i-gorna-banitsa-protestiraa-protiv-sproveduvaneto-na-planot-za-izgradba-na-koridorot-8-najavija-tselosna-blokada/ Tue, 27 Feb 2024 17:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=749002

Жители од гостиварските села Долна и Горна Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од добиените ветувања за барањата околу спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8. Тие предупредија и најавија целосно блокирање на работите на терен кои ги изведува „Бехтел и Енка“ од наредната недела.

Насир Асипи, на собирот во името на жителите овие две гостиварски села појасни дека пред еден месец имале средби во владата со министрите Артан Груби, Благој Бочварски на која ги изнеле барањата.

- На состанокот им кажавме дека нашето основно барање се однесува на изградбата на камповите за сместување на работници. Тие да не бидат по трасата, бидејќи така дополнително ќе ни одземаат земја. Таков камп да се прави на просторот на старата касарна и воените магацини. Не сме против изградбата на патот и го поддржуваме проектот, но нема да даваме земја за други намени освен за патот, рече Асипи.

Тој посочи дека министрите им ветиле дека набрзо ќе добијат одговор, но како што рече никој повеќе од еден емсец не ги контактирал и го оцени како несериозен однос. Поради тоа селаните се принудени на порадикални мерки.

- Доколку до понеделник не добиеме позитивен одговор на нашето барање, ние ќе почнеме со блокади и целосно ќе ја стопираме работата на фирмите кои работат на коридорот во атарите на нашите села, потенцира Насир Асипи.

Жителите на Долна и Горна Бањица во неколку наврати со повеќечасовни блокади на локални регионални патишта изразуваа револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата.

Проектот што автопатски треба да ги поврзе Гостивар и Кичево е предвидено да минува низ атарите на овие села како дел од Коридорот 8. Според првичните оценки треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште.

The post Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада appeared first on Република.

]]>

Жители од гостиварските села Долна и Горна Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од добиените ветувања за барањата околу спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8. Тие предупредија и најавија целосно блокирање на работите на терен кои ги изведува „Бехтел и Енка“ од наредната недела. Насир Асипи, на собирот во името на жителите овие две гостиварски села појасни дека пред еден месец имале средби во владата со министрите Артан Груби, Благој Бочварски на која ги изнеле барањата.
- На состанокот им кажавме дека нашето основно барање се однесува на изградбата на камповите за сместување на работници. Тие да не бидат по трасата, бидејќи така дополнително ќе ни одземаат земја. Таков камп да се прави на просторот на старата касарна и воените магацини. Не сме против изградбата на патот и го поддржуваме проектот, но нема да даваме земја за други намени освен за патот, рече Асипи.
Тој посочи дека министрите им ветиле дека набрзо ќе добијат одговор, но како што рече никој повеќе од еден емсец не ги контактирал и го оцени како несериозен однос. Поради тоа селаните се принудени на порадикални мерки.
- Доколку до понеделник не добиеме позитивен одговор на нашето барање, ние ќе почнеме со блокади и целосно ќе ја стопираме работата на фирмите кои работат на коридорот во атарите на нашите села, потенцира Насир Асипи.
Жителите на Долна и Горна Бањица во неколку наврати со повеќечасовни блокади на локални регионални патишта изразуваа револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата. Проектот што автопатски треба да ги поврзе Гостивар и Кичево е предвидено да минува низ атарите на овие села како дел од Коридорот 8. Според првичните оценки треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште.

The post Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада appeared first on Република.

]]>
Ова се најпознатите жители на скопската населбата Тафталиџе https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ova-se-najpoznatite-zhiteli-na-skopskata-naselbata-taftalidhe/ Sun, 09 Apr 2023 17:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=629110

Новинари, политичари, актери, спортисти, реномирани професори и доктори...кој сѐ живеел и /или сега живее во една од најурбаните скопски населби Тафталиџе.

Порталот „Скопјеинфо“ прави анализа кои се најпознатите жители на Тафталиџе.

Во градската населба која е лоцирана западно од центарот на градот живеше починатиот актер Димче Мешковски и неговата ќерка, позната пливачка Наташа Мешковска, славниот гитарист Влатко Стефановски, покојниот д-р Чепреганов, Горан Николовски - екс градоначалник на Скопје…

Тука се и ексградоначалникот на Скопје Петре Шилегов, Стојан Андов, Софија Куновска, фудбалерот на ФБ Вардар Љупчо Геогиевски-Ташко, пијанистката Јасминка Чакар, Дарко Мијалковски, Александар Прокопиев, Горазд Чомовски, Александар Чомовски, Спасе Куновски, Јана Куновска (татко и ќерка сликари), Драган Попоски - Дада (вајар), Тодор Николовски - Тодорче (театарски, филмски и телевизиски глумец), Радмила Шекеринска, Станислав Длака Бис-Без...

Преземено од „Скопјеинфо“.

The post Ова се најпознатите жители на скопската населбата Тафталиџе appeared first on Република.

]]>

Новинари, политичари, актери, спортисти, реномирани професори и доктори...кој сѐ живеел и /или сега живее во една од најурбаните скопски населби Тафталиџе. Порталот „Скопјеинфо“ прави анализа кои се најпознатите жители на Тафталиџе. Во градската населба која е лоцирана западно од центарот на градот живеше починатиот актер Димче Мешковски и неговата ќерка, позната пливачка Наташа Мешковска, славниот гитарист Влатко Стефановски, покојниот д-р Чепреганов, Горан Николовски - екс градоначалник на Скопје… Тука се и ексградоначалникот на Скопје Петре Шилегов, Стојан Андов, Софија Куновска, фудбалерот на ФБ Вардар Љупчо Геогиевски-Ташко, пијанистката Јасминка Чакар, Дарко Мијалковски, Александар Прокопиев, Горазд Чомовски, Александар Чомовски, Спасе Куновски, Јана Куновска (татко и ќерка сликари), Драган Попоски - Дада (вајар), Тодор Николовски - Тодорче (театарски, филмски и телевизиски глумец), Радмила Шекеринска, Станислав Длака Бис-Без... Преземено од „Скопјеинфо“.

The post Ова се најпознатите жители на скопската населбата Тафталиџе appeared first on Република.

]]>
Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zhitelite-na-avtokomanda-deneska-ke-go-blokiraat-bulevarot-aleksandar-makedonski-poradi-tajnoto-prefrluvane-na-naselbata-na-toplana-istok/ Tue, 07 Feb 2023 13:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=606032

Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото „железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ.

Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели.

Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните.

Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.

The post Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток appeared first on Република.

]]>

Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото „железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ. Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели. Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните. Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.

The post Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток appeared first on Република.

]]>
Бројот на жители во Германија првпат надмина 84 милиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhiteli-vo-germanija-prvpat-nadmina-84-milioni/ Thu, 19 Jan 2023 12:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=598670

Германија на крајот на 2022 година имала најмалку 84,3 милиони жители, според прелиминарните проценки направени денеска од Федералниот завод за статистика од Визбаден, што е повеќе отколку на крајот на некоја година откако се води статистика.

Сепак, причината не е позитивен наталитет, туку рекордната имиграција.

Споредено со крајот на 2021 година, бројот на жители се зголемил за 1,1 милион луѓе, а причината е далеку поголем број имигранти во Германија од тие што ја напуштиле.

Една од главните причини е војната во Украина, бидејќи огромен број украински бегалци побарале засолниште во Германија. Според претходните податоци, само во првата половина на 2022 година во Германија дошле околу 750.000 Украинци, главно жени, деца и постари лица.

Во соопштението на Заводот за статистика се наведува дека во Германија во 2022 година дошле меѓу 1,42 и 1,45 милиони луѓе повеќе отколку што емигрирале во странство.

Тоа е над четири пати повеќе отколку во 2021 година, кога тоа позитивно салдо изнесуваше 329.163. Во исто време, тој е највисок од 1950 година.

Заедно со бегалците од Украина, значително е зголемена и доселувањето на граѓани од други земји.

Од 2014 до 2022 година, бројот на германски жители се зголемил за околу 2,9 милиони луѓе, но во исто време се намалил и бројот на жители со германско државјанство. Намален е и бројот на германски државјани на работоспособна возраст од 15 до 65 години.

Според показателите од ноември минатата година, украинските бегалци биле далеку понапред, а во периодот од 2014 до 2022 година најмногу пристигнати се регистрирани од Романија, Полска, Бугарија, Авганистан и Сирија.

Заводот за статистика денеска прецизираше дека од обединувањето на Германија пред три децении, населението речиси постојано се зголемува.

 

The post Бројот на жители во Германија првпат надмина 84 милиони appeared first on Република.

]]>

Германија на крајот на 2022 година имала најмалку 84,3 милиони жители, според прелиминарните проценки направени денеска од Федералниот завод за статистика од Визбаден, што е повеќе отколку на крајот на некоја година откако се води статистика. Сепак, причината не е позитивен наталитет, туку рекордната имиграција. Споредено со крајот на 2021 година, бројот на жители се зголемил за 1,1 милион луѓе, а причината е далеку поголем број имигранти во Германија од тие што ја напуштиле. Една од главните причини е војната во Украина, бидејќи огромен број украински бегалци побарале засолниште во Германија. Според претходните податоци, само во првата половина на 2022 година во Германија дошле околу 750.000 Украинци, главно жени, деца и постари лица. Во соопштението на Заводот за статистика се наведува дека во Германија во 2022 година дошле меѓу 1,42 и 1,45 милиони луѓе повеќе отколку што емигрирале во странство. Тоа е над четири пати повеќе отколку во 2021 година, кога тоа позитивно салдо изнесуваше 329.163. Во исто време, тој е највисок од 1950 година. Заедно со бегалците од Украина, значително е зголемена и доселувањето на граѓани од други земји. Од 2014 до 2022 година, бројот на германски жители се зголемил за околу 2,9 милиони луѓе, но во исто време се намалил и бројот на жители со германско државјанство. Намален е и бројот на германски државјани на работоспособна возраст од 15 до 65 години. Според показателите од ноември минатата година, украинските бегалци биле далеку понапред, а во периодот од 2014 до 2022 година најмногу пристигнати се регистрирани од Романија, Полска, Бугарија, Авганистан и Сирија. Заводот за статистика денеска прецизираше дека од обединувањето на Германија пред три децении, населението речиси постојано се зголемува.  

The post Бројот на жители во Германија првпат надмина 84 милиони appeared first on Република.

]]>
Србија со огромен јаз меѓу бројот на жители и недвижности, изгуби половина милион луѓе, а доби 400.000 станови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-so-ogromen-jaz-megu-brojot-na-zhiteli-i-nedvizhnosti-izgubi-polovina-milion-luge-a-dobi-400-000-stanovi/ Tue, 10 Jan 2023 09:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=595228

Во претходните 11 години, Белград официјално доби повеќе од 26.000 жители и повеќе од 136.000 станови. На ниво на цела држава Србија во тој период изгубила половина милион луѓе, но добила 396.000 станови повеќе, покажаа првите резултати од овогодинешниот попис, јави Блумберг Адрија.

Александар Радивојевиќ, научен соработник на Фондацијата за економски научен развој при Економскиот факултет во Белград, јазот меѓу зголемувањето на бројот на станови во однос на бројот на жители го објаснува со тоа што по 2011 година се подобриле условите за купување недвижен имот, како и други фактори кои го ставаат купувањето на недвижен имот како приоритет на граѓаните.

Тој додава дека реалната заработка пораснала, особено во евра, поради политиката на девизниот курс, дека кредитните услови биле поволни, а инвестирањето во недвижности било профитабилно – и од гледна точка на изнајмување поради постојано растечките кирии, и од аспект на инвестирање во недвижности поради постојаниот пораст на цените на недвижностите.

Зголемувањето на бројот на станови во однос на бројот на жители е најочигледно во Белград. Главниот град во претходните 11 години официјално доби повеќе од 26.000 жители и повеќе од 136.000 станови.

Според првите резултати од пописот спроведен годинава, во Белград има вкупно 871.245 станови. Од нив, најмногу се изградени во Нов Белград, нешто повеќе од 101.000, потоа околу 95.000 во Ѕвездара, а на трето место по број на станови во Белград е општината Палилула со 91.000 станови. Според последниот попис, во Белград живеат вкупно 1.685.563 жители.

На ниво на остатокот од државата, во последните 10 години, во Војводина се изградени уште околу 50.000 станови, нешто повеќе од 115.000 станови во регионот на Шумадија и Западна Србија, а регионите на Јужна и Источна Србија добија околу 95.000 нови станови. Србија во последните десет години доби нешто помалку од 400.000 нови станови, а загуби околу половина милион жители.

Податоците во туристичките средини покажуваат дека становите најчесто се купуваат за издавање, а не за живеење. На пример, во Врњачка Бања во последните десет години бројот на жители се намалил за повеќе од 2.000, а бројот на станови се зголемил за повеќе од 3.000.

The post Србија со огромен јаз меѓу бројот на жители и недвижности, изгуби половина милион луѓе, а доби 400.000 станови appeared first on Република.

]]>

Во претходните 11 години, Белград официјално доби повеќе од 26.000 жители и повеќе од 136.000 станови. На ниво на цела држава Србија во тој период изгубила половина милион луѓе, но добила 396.000 станови повеќе, покажаа првите резултати од овогодинешниот попис, јави Блумберг Адрија. Александар Радивојевиќ, научен соработник на Фондацијата за економски научен развој при Економскиот факултет во Белград, јазот меѓу зголемувањето на бројот на станови во однос на бројот на жители го објаснува со тоа што по 2011 година се подобриле условите за купување недвижен имот, како и други фактори кои го ставаат купувањето на недвижен имот како приоритет на граѓаните. Тој додава дека реалната заработка пораснала, особено во евра, поради политиката на девизниот курс, дека кредитните услови биле поволни, а инвестирањето во недвижности било профитабилно – и од гледна точка на изнајмување поради постојано растечките кирии, и од аспект на инвестирање во недвижности поради постојаниот пораст на цените на недвижностите. Зголемувањето на бројот на станови во однос на бројот на жители е најочигледно во Белград. Главниот град во претходните 11 години официјално доби повеќе од 26.000 жители и повеќе од 136.000 станови. Според првите резултати од пописот спроведен годинава, во Белград има вкупно 871.245 станови. Од нив, најмногу се изградени во Нов Белград, нешто повеќе од 101.000, потоа околу 95.000 во Ѕвездара, а на трето место по број на станови во Белград е општината Палилула со 91.000 станови. Според последниот попис, во Белград живеат вкупно 1.685.563 жители. На ниво на остатокот од државата, во последните 10 години, во Војводина се изградени уште околу 50.000 станови, нешто повеќе од 115.000 станови во регионот на Шумадија и Западна Србија, а регионите на Јужна и Источна Србија добија околу 95.000 нови станови. Србија во последните десет години доби нешто помалку од 400.000 нови станови, а загуби околу половина милион жители. Податоците во туристичките средини покажуваат дека становите најчесто се купуваат за издавање, а не за живеење. На пример, во Врњачка Бања во последните десет години бројот на жители се намалил за повеќе од 2.000, а бројот на станови се зголемил за повеќе од 3.000.

The post Србија со огромен јаз меѓу бројот на жители и недвижности, изгуби половина милион луѓе, а доби 400.000 станови appeared first on Република.

]]>
Жители на Шуто Оризари ќе протестираат пред Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ziteli-na-shuto-orizari-kje-protestiraat-pred-grad-skopje/ Sun, 11 Sep 2022 13:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=549720

Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа граѓаните на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини утре, на денот на Општина Шуто Оризари, во 19 часот заеднички пред град Скопје ќе го постават прашањето: „Шуто Оризари - заборавена општина - ДО КОГА"?, се вели во најавата за протестот. Собирањето ќе започне во 18 часот во паркот во населбата по што ќе се тргне кон седиштето на Градот.

Организаторите наведуваат:

1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз?

2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини?
3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари?
4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?

Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на град Скопје кои ќе бидат преточени во реалзирани проекти во општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница. Ги повикуваме граѓаните, граѓанските здруженија, политичките субјекти, бизнис секторот и секој граѓанин кој е засегнат од прашањата кои се интерес на протестот да ни се придружат, се вели во соопштението испратено до медиумите.

 

The post Жители на Шуто Оризари ќе протестираат пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа граѓаните на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини утре, на денот на Општина Шуто Оризари, во 19 часот заеднички пред град Скопје ќе го постават прашањето: „Шуто Оризари - заборавена општина - ДО КОГА"?, се вели во најавата за протестот. Собирањето ќе започне во 18 часот во паркот во населбата по што ќе се тргне кон седиштето на Градот. Организаторите наведуваат: 1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз? 2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини? 3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари? 4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?
Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на град Скопје кои ќе бидат преточени во реалзирани проекти во општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница. Ги повикуваме граѓаните, граѓанските здруженија, политичките субјекти, бизнис секторот и секој граѓанин кој е засегнат од прашањата кои се интерес на протестот да ни се придружат, се вели во соопштението испратено до медиумите.
 

The post Жители на Шуто Оризари ќе протестираат пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Жителите на Мариупол полека се враќаат во нормала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zitelite-na-mariupol-poleka-se-vrakjaat-vo-normala/ Tue, 19 Apr 2022 16:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=490702

Животот на граѓаните во Мариупол, полека се враќа во каква-таква нормалност.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледаат обични луѓе, жители на Мариупол, како ги извршуваат секојдневните обврски, иако воените дејствија не се целосно завршени во градот и се уште има борби во индустрискиот комплекс „Азовстал“.

Недостигот на гориво ги принудува цивилите масовно да користат велосипеди.

Велосипедизмот деновиве во Мариупол стана еден од главните начини на транспорт. Жителите го користат не само за патување, туку и за носење огревно дрво и друга стока - се наведува во описот на видеото.

https://twitter.com/oggieridomani/status/1516420651317346309?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516420651317346309%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F620686%2Fukrajina-rat-specijalna-operacija-rusija%2Fvest

The post Жителите на Мариупол полека се враќаат во нормала appeared first on Република.

]]>

Животот на граѓаните во Мариупол, полека се враќа во каква-таква нормалност. На видео објавено на социјалните мрежи се гледаат обични луѓе, жители на Мариупол, како ги извршуваат секојдневните обврски, иако воените дејствија не се целосно завршени во градот и се уште има борби во индустрискиот комплекс „Азовстал“. Недостигот на гориво ги принудува цивилите масовно да користат велосипеди.
Велосипедизмот деновиве во Мариупол стана еден од главните начини на транспорт. Жителите го користат не само за патување, туку и за носење огревно дрво и друга стока - се наведува во описот на видеото.
https://twitter.com/oggieridomani/status/1516420651317346309?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516420651317346309%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F620686%2Fukrajina-rat-specijalna-operacija-rusija%2Fvest

The post Жителите на Мариупол полека се враќаат во нормала appeared first on Република.

]]>
Треска е небезбедно место за живеење, со години се случуваат пожари- се жалат жителите на „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/treska-e-nebezbedno-mesto-za-ziveenje-so-godini-se-sluchuvaat-pozari-se-zalat-zitelite-na-treska/ Thu, 14 Apr 2022 15:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=488569

Ние, претставниците на работничките станови кај Треска кои живееме на овој предел, револтирани сме што со години веќе никој не наоѓа решение за нашата безбедност. Не е прв пат да апелираме дека Треска е небезбедно место за живеење, каде многу често доаѓа до пожари, а неодамна испративме и известување до јавноста дека старата фабрика за мебел е еколошка темпирана бомба, стои во соопштението на жителите на Треска кои го испратија до медиумите и јавноста.

Тие посочуваат дека повеќепати биле сведоци на палење на електрични кабли поради крадење на бакарот, што доведувало до бројни пожари и интервенции на Противпожарната служба, меѓутоа поради непристапноста на теренот последиците биле огромни.

Секојдневно гледаме разбојништва во напуштениот индустриски капацитет и „Треска“ веќе одамна е прибежиште на крадци, бездомници и наркомани. Стравуваме за безбедноста на нашите животи и безбедноста на нашите деца, кои наместо да живеат во урбанизирана населба сред центарот на Скопје, во своите дворови гледаат наезди од инсекти, змии и стаорци. Практично од самото затворање на фабриката, оваа локација е потенцијална опасност не само за нас жителите, туку и за сите граѓани на Скопје, и бараме итно решавање на проблемот и конечно урбанизирање на овој дел од градот. Од нашето уставно загарантирано право на достоен живот нема да се откажеме, а денешниот пожар е само уште една потврда дека овде до овие рушевини повеќе не е безбедно да се живее, се вели во соопштението.

Жителите стравуваат дека може да има нови експлозии и нови поголеми пожари, а додаваат дека повиците за урбанизација на оваа локација не доаѓаат само поради денешната катастрофа, туку поради сè понеподносливите услови за живот.

Како и сите граѓани, и ние сакаме отворени прозори со свеж воздух и зеленило, а не смрдеа, страв од разбојници и живот на депонија, истакнуваат тие.

The post Треска е небезбедно место за живеење, со години се случуваат пожари- се жалат жителите на „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Ние, претставниците на работничките станови кај Треска кои живееме на овој предел, револтирани сме што со години веќе никој не наоѓа решение за нашата безбедност. Не е прв пат да апелираме дека Треска е небезбедно место за живеење, каде многу често доаѓа до пожари, а неодамна испративме и известување до јавноста дека старата фабрика за мебел е еколошка темпирана бомба, стои во соопштението на жителите на Треска кои го испратија до медиумите и јавноста. Тие посочуваат дека повеќепати биле сведоци на палење на електрични кабли поради крадење на бакарот, што доведувало до бројни пожари и интервенции на Противпожарната служба, меѓутоа поради непристапноста на теренот последиците биле огромни. Секојдневно гледаме разбојништва во напуштениот индустриски капацитет и „Треска“ веќе одамна е прибежиште на крадци, бездомници и наркомани. Стравуваме за безбедноста на нашите животи и безбедноста на нашите деца, кои наместо да живеат во урбанизирана населба сред центарот на Скопје, во своите дворови гледаат наезди од инсекти, змии и стаорци. Практично од самото затворање на фабриката, оваа локација е потенцијална опасност не само за нас жителите, туку и за сите граѓани на Скопје, и бараме итно решавање на проблемот и конечно урбанизирање на овој дел од градот. Од нашето уставно загарантирано право на достоен живот нема да се откажеме, а денешниот пожар е само уште една потврда дека овде до овие рушевини повеќе не е безбедно да се живее, се вели во соопштението. Жителите стравуваат дека може да има нови експлозии и нови поголеми пожари, а додаваат дека повиците за урбанизација на оваа локација не доаѓаат само поради денешната катастрофа, туку поради сè понеподносливите услови за живот. Како и сите граѓани, и ние сакаме отворени прозори со свеж воздух и зеленило, а не смрдеа, страв од разбојници и живот на депонија, истакнуваат тие.

The post Треска е небезбедно место за живеење, со години се случуваат пожари- се жалат жителите на „Треска“ appeared first on Република.

]]>
„Треска“ е еколошка темпирана бомба, предупредуваат жителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/treska-e-ekoloshka-tempirana-bomba-predupreduvaat-zitelite/ Fri, 08 Apr 2022 20:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=485598

Поттикнати од состанокот на Партиципативното тело за Треска, кое се одржа во четвртокот во Општина Центар, на кое биле присутни и претставниците на соптвениците на работничките станови на овој опфат, кои сакаат јавно да го изразат својот револт во врска со долгогодишната опструкција на изградбата на комплексот.

Претставниците на Партиципативното тело, упорно четири години го опструираат развојот на овој предел и револтирани сме што постојано една иста група поединци нема слух за нашата страна и нехуманите услови во кои со децении живееме“, се наведува во дописот, се вели во дописот до медиумите на група граѓани кои живеат на реонот кај „Треска“.

Старата фабрика „Треска“, велат во продолжение, претставува „темпирана еколошка бомб“а и веќе години наназад е огромен безбедносен ризик за жителите кои живееме во бараките на потегот „Рузвелтова“ и улицата „Владимир Полежановски“. Целиот простор со години е дувло за бездомници и наркомани, а нашите бараки се мета на разбојништва, кои и покрај интервенциите на полицијата, продолжуваат да се случуваат практично секој ден.

Постојано живееме во страв, не само за нашата материјална безбедност, туку и за безбедноста за нашиот живот, бидејќи на овој простор често доаѓа и до пожари поради крадење и палење на електричните кабли, се вели во продолжение на реакцијата.

Тие ги канат сите оние коишто сакаат да ја спречат градбата на овој комплекс, како и медиумите, да дојдат и да се уверат во какви услови живеат, и тоа во центарот на Скопје, особено сега во периодот на дождови кога целиот простор се поплавува, или во пресрет на летната сезона кога од маслата и машините се соочуваме со наезда од инсекти, црви од по 20 сантиметри и змии.

„Треска е градот на духовите и претставува еколошка закана не само за нас жителите од оваа локација, туку и за целиот град Скопје. Јавно го прашуваме ова Партиципативно тело, како и организацијата „Шанса за Центар“, зошто противуставно се обидуваат со години да го загрозат нашето право на достоен живот, прво со незаконски мораториуми, а сега и со нелогични барања за реализација на некои конкурсни решенија кои воопшто не се во наш интерес?

Го охрабруваме градоначалникот Герасимовски конечно да го усвои планот на сопствениците на приватните парцели кај „Треска“, кој за разлика од моменталната ужасна состојба, предвидува комплекс со ниски згради и многу зеленило и како таков, нема никакви причини зошто да не се реализира.

На крајот, опоменуваме и дека доколку дојде до било какви нови опструкции на предвидениот проект, остро ќе реагираме и ќе ги искористиме сите правни механизми за да го добиеме она што ни е загарантирано, а тоа е единствено правото на достоинствен живот, заклучува споменатата група граѓани.

 

The post „Треска“ е еколошка темпирана бомба, предупредуваат жителите appeared first on Република.

]]>

Поттикнати од состанокот на Партиципативното тело за Треска, кое се одржа во четвртокот во Општина Центар, на кое биле присутни и претставниците на соптвениците на работничките станови на овој опфат, кои сакаат јавно да го изразат својот револт во врска со долгогодишната опструкција на изградбата на комплексот.
Претставниците на Партиципативното тело, упорно четири години го опструираат развојот на овој предел и револтирани сме што постојано една иста група поединци нема слух за нашата страна и нехуманите услови во кои со децении живееме“, се наведува во дописот, се вели во дописот до медиумите на група граѓани кои живеат на реонот кај „Треска“.
Старата фабрика „Треска“, велат во продолжение, претставува „темпирана еколошка бомб“а и веќе години наназад е огромен безбедносен ризик за жителите кои живееме во бараките на потегот „Рузвелтова“ и улицата „Владимир Полежановски“. Целиот простор со години е дувло за бездомници и наркомани, а нашите бараки се мета на разбојништва, кои и покрај интервенциите на полицијата, продолжуваат да се случуваат практично секој ден. Постојано живееме во страв, не само за нашата материјална безбедност, туку и за безбедноста за нашиот живот, бидејќи на овој простор често доаѓа и до пожари поради крадење и палење на електричните кабли, се вели во продолжение на реакцијата.
Тие ги канат сите оние коишто сакаат да ја спречат градбата на овој комплекс, како и медиумите, да дојдат и да се уверат во какви услови живеат, и тоа во центарот на Скопје, особено сега во периодот на дождови кога целиот простор се поплавува, или во пресрет на летната сезона кога од маслата и машините се соочуваме со наезда од инсекти, црви од по 20 сантиметри и змии.
„Треска е градот на духовите и претставува еколошка закана не само за нас жителите од оваа локација, туку и за целиот град Скопје. Јавно го прашуваме ова Партиципативно тело, како и организацијата „Шанса за Центар“, зошто противуставно се обидуваат со години да го загрозат нашето право на достоен живот, прво со незаконски мораториуми, а сега и со нелогични барања за реализација на некои конкурсни решенија кои воопшто не се во наш интерес? Го охрабруваме градоначалникот Герасимовски конечно да го усвои планот на сопствениците на приватните парцели кај „Треска“, кој за разлика од моменталната ужасна состојба, предвидува комплекс со ниски згради и многу зеленило и како таков, нема никакви причини зошто да не се реализира. На крајот, опоменуваме и дека доколку дојде до било какви нови опструкции на предвидениот проект, остро ќе реагираме и ќе ги искористиме сите правни механизми за да го добиеме она што ни е загарантирано, а тоа е единствено правото на достоинствен живот, заклучува споменатата група граѓани.  

The post „Треска“ е еколошка темпирана бомба, предупредуваат жителите appeared first on Република.

]]>
Во Македонија живеат 1.836.713 жители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-ziveat-1-836-713-ziteli/ Wed, 30 Mar 2022 10:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=480793

Државниот завод за статистика денеска ги објави официјалните резултати од Пописот на земјава што се спроведе во земјава минатата година.

Како што објави директорот на ДЗС, Апостол Симовски во земјава вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители.

Симовски во своето обраќање истакна дека Државниот завод за статистика успеал да спроведе успешен попис.

 

The post Во Македонија живеат 1.836.713 жители appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика денеска ги објави официјалните резултати од Пописот на земјава што се спроведе во земјава минатата година. Како што објави директорот на ДЗС, Апостол Симовски во земјава вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители. Симовски во своето обраќање истакна дека Државниот завод за статистика успеал да спроведе успешен попис.  

The post Во Македонија живеат 1.836.713 жители appeared first on Република.

]]>
Жителите на Киев заминуваат од градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zitelite-na-kiev-zaminuvaat-od-gradot/ Thu, 24 Feb 2022 07:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=462778

Жителите на Киев го напуштаат градот по почетокот на руските напади врз Украина.

Русија ја нападна Украина во текот на ноќта. Во меѓувреме, според советник во украинското Министерство за внатрешни работи, во регионот на Киев веќе има први жртви. Во Украина е прогласена воена состојба.

извор: Дојче веле

The post Жителите на Киев заминуваат од градот appeared first on Република.

]]>

Жителите на Киев го напуштаат градот по почетокот на руските напади врз Украина. Русија ја нападна Украина во текот на ноќта. Во меѓувреме, според советник во украинското Министерство за внатрешни работи, во регионот на Киев веќе има први жртви. Во Украина е прогласена воена состојба. извор: Дојче веле

The post Жителите на Киев заминуваат од градот appeared first on Република.

]]>
40 години не е обновен регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, жителите на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/40-godini-ne-e-obnoven-regionalniot-pat-demir-hisar-kichevo-zitelite-na-protest/ Sat, 12 Feb 2022 17:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=457647

Регионалниот пат Демир Хисар – Кичево денеска 2 часа беше блокиран од страна на жителите од демирхисарските села. Тие бараат да се реконструира оваа делница од околу 40 километри и рок до кога ќе се стори тоа.

Патот е стар речиси половина век, преполн е со ударни дупки, а на места асфалтот е целосно раскопан.

Тие се заканија дека доколку не добијат одговор од надлежните институции, ќе преземат порадикални мерки.

И во 2020 и во 2021 година, средствата беа обезбедени од ЕБОР, стои ставката за рехабилитација на Другово – Демир Хисар, нема реализација. Апелираме до надлежната институција во најбрз можен рок, да обзнани каква ќе биде нивната реакција. Ако не добиеме одговор ќе ги интензивираме протестите, рече Виктор Блажески, жител на демирхисарско.

Лошата состојба на патот, кој е од клучно значење бидејќи ја поврзува цела западна Македонија, велат дека им влијае врз нормалното живеење. Имаат огромни штети на автомобилите, а наместо за 35 минути, до Кичево пристигнуваат за 1 час.

Ова прашање беше покренато на состаноците на Пелагонискиот плански регион, патиштата во цел регион се катастрофални, но овој мислам дека е веќе алармантно и небезбедно и мислам дека мора да се преземат мерки што е можно поскоро – изјави Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар.

Од Министерството за транспорт и врски информираа дека Јавното претпријатие за државни патишта веќе работи на проектната документација за рехабилитација на регионалниот пат Демир Хисар – Другово.

Се очекува проектот да биде завршен до пролет оваа година, а предвидена е целосна рехабилитација во должина од 42 километри од овој патен правец.

Оттаму додаваат дека ќе им излезат во пресрет на жителите и додека се работи на проектната документација, претпријатието ќе ги санира најоштетените делови од овој патен правец.

The post 40 години не е обновен регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, жителите на протест appeared first on Република.

]]>

Регионалниот пат Демир Хисар – Кичево денеска 2 часа беше блокиран од страна на жителите од демирхисарските села. Тие бараат да се реконструира оваа делница од околу 40 километри и рок до кога ќе се стори тоа. Патот е стар речиси половина век, преполн е со ударни дупки, а на места асфалтот е целосно раскопан. Тие се заканија дека доколку не добијат одговор од надлежните институции, ќе преземат порадикални мерки.
И во 2020 и во 2021 година, средствата беа обезбедени од ЕБОР, стои ставката за рехабилитација на Другово – Демир Хисар, нема реализација. Апелираме до надлежната институција во најбрз можен рок, да обзнани каква ќе биде нивната реакција. Ако не добиеме одговор ќе ги интензивираме протестите, рече Виктор Блажески, жител на демирхисарско.
Лошата состојба на патот, кој е од клучно значење бидејќи ја поврзува цела западна Македонија, велат дека им влијае врз нормалното живеење. Имаат огромни штети на автомобилите, а наместо за 35 минути, до Кичево пристигнуваат за 1 час.
Ова прашање беше покренато на состаноците на Пелагонискиот плански регион, патиштата во цел регион се катастрофални, но овој мислам дека е веќе алармантно и небезбедно и мислам дека мора да се преземат мерки што е можно поскоро – изјави Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар.
Од Министерството за транспорт и врски информираа дека Јавното претпријатие за државни патишта веќе работи на проектната документација за рехабилитација на регионалниот пат Демир Хисар – Другово. Се очекува проектот да биде завршен до пролет оваа година, а предвидена е целосна рехабилитација во должина од 42 километри од овој патен правец. Оттаму додаваат дека ќе им излезат во пресрет на жителите и додека се работи на проектната документација, претпријатието ќе ги санира најоштетените делови од овој патен правец.

The post 40 години не е обновен регионалниот пат Демир Хисар – Кичево, жителите на протест appeared first on Република.

]]>