житарки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zitarki/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 12:23:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png житарки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zitarki/ 32 32 Во експлозија на силоси за жито во Турција оштетени се околу 15.000 тони житарки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-eksplozija-na-silosi-za-zhito-vo-turtsija-oshteteni-se-okolu-15-000-toni-zhitarki/ Tue, 08 Aug 2023 12:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=669997

Околу 15.000 тони житарки се оштетени во експлозијата на силосите во близина на пристаништето Деринџе во северозападна Турција, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

Експлозијата се случи вчера поради компресијата на пченичната прашина при префрлање на пченицата од бродот до силосите, изјави гувернерот на провинцијата Коџаели, Седар Јавуз.

Ројтерс наведува дека не е прецизирано за кои житарки станува збор.

Експлозијата во силосите на Турската управа за жито (ТМО) оштети 13 од 60 тамошни силоси, а 12 лица се повредени.

Силосите на ТМО во пристаништето Деринџе имаат капацитет за 95.000 тони житарки, а при експлозијата биле складирани 75.000 тони, се вели во соопштението на ТМО, во кое се додава дека според првите проценки, околу 20 отсто од магацините биле оштетени.

Градоначалникот на Деринџе, Зеки Ајгун, вчера изјави дека властите првично мислеле дека дошло до земјотрес поради силната бучава, но набрзо дознале дека се работи за експлозија на силос

The post Во експлозија на силоси за жито во Турција оштетени се околу 15.000 тони житарки appeared first on Република.

]]>

Околу 15.000 тони житарки се оштетени во експлозијата на силосите во близина на пристаништето Деринџе во северозападна Турција, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател. Експлозијата се случи вчера поради компресијата на пченичната прашина при префрлање на пченицата од бродот до силосите, изјави гувернерот на провинцијата Коџаели, Седар Јавуз. Ројтерс наведува дека не е прецизирано за кои житарки станува збор. Експлозијата во силосите на Турската управа за жито (ТМО) оштети 13 од 60 тамошни силоси, а 12 лица се повредени. Силосите на ТМО во пристаништето Деринџе имаат капацитет за 95.000 тони житарки, а при експлозијата биле складирани 75.000 тони, се вели во соопштението на ТМО, во кое се додава дека според првите проценки, околу 20 отсто од магацините биле оштетени. Градоначалникот на Деринџе, Зеки Ајгун, вчера изјави дека властите првично мислеле дека дошло до земјотрес поради силната бучава, но набрзо дознале дека се работи за експлозија на силос

The post Во експлозија на силоси за жито во Турција оштетени се околу 15.000 тони житарки appeared first on Република.

]]>
Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/podobro-e-da-izedete-pitsa-odoshto-sekoj-den-da-jadete-zhitarki/ Sun, 19 Mar 2023 20:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=621346

Доколку и вие спаѓате во групата луѓе што сметаат дека житарките се еден од најздравите појадоци, се лажете!

Житарките за многумина се најчестиот избор за појадок, како поради тоа што се приготвуваат многу брзо така и поради општоприфатеното мислење дека се здрави. Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека повеќето житарки се толку хранливи што, всушност, подобро да изедете парче пица.

Имено, тие истакнуваат дека едно просечно парче пица и порција житарки содржат речиси ист број калории, но додаваат дека пицата дури содржи и извесен број протеини, што подолго време ќе ве држат сити.

Нутриционистката Челси Ејмер додава и дека пицата содржи повеќе масти, а помалку шеќер од повеќето житарки кои може да се најдат во продавниците, па така пицата нема да ви предизвика ненадеен скок на шеќерот.

Секако, ова не значи дека секое утро треба да појадувате пица!

„Добрата работа во врска со пицата, во споредба со многу житарки што може да се најдат во продавниците, е тоа што таа содржи балансирана количина на протеини, масти и јаглехидрати. Житарките, од друга страна, генерално содржат премногу шеќер“, вели нутриционистот Сајмон Јуркив.

Сајмон препорачува да го започнете денот со оброк што содржи балансирана количина на здрави масти, влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Таков пример е овесната каша, но ако додадете лажица путер од кикирики во неа.

The post Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки appeared first on Република.

]]>

Доколку и вие спаѓате во групата луѓе што сметаат дека житарките се еден од најздравите појадоци, се лажете! Житарките за многумина се најчестиот избор за појадок, како поради тоа што се приготвуваат многу брзо така и поради општоприфатеното мислење дека се здрави. Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека повеќето житарки се толку хранливи што, всушност, подобро да изедете парче пица. Имено, тие истакнуваат дека едно просечно парче пица и порција житарки содржат речиси ист број калории, но додаваат дека пицата дури содржи и извесен број протеини, што подолго време ќе ве држат сити. Нутриционистката Челси Ејмер додава и дека пицата содржи повеќе масти, а помалку шеќер од повеќето житарки кои може да се најдат во продавниците, па така пицата нема да ви предизвика ненадеен скок на шеќерот. Секако, ова не значи дека секое утро треба да појадувате пица!
„Добрата работа во врска со пицата, во споредба со многу житарки што може да се најдат во продавниците, е тоа што таа содржи балансирана количина на протеини, масти и јаглехидрати. Житарките, од друга страна, генерално содржат премногу шеќер“, вели нутриционистот Сајмон Јуркив.
Сајмон препорачува да го започнете денот со оброк што содржи балансирана количина на здрави масти, влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Таков пример е овесната каша, но ако додадете лажица путер од кикирики во неа.

The post Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки appeared first on Република.

]]>
Ова не смеете да го доручкувате кога ќе ја минете четириесетката https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/ova-ne-smeete-da-go-doruchkuvate-koga-ke-ja-minete-chetiriesetkata/ Mon, 30 Jan 2023 07:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=602452

Појадокот е најважниот оброк во денот. Денес изборот е многу голем, па можете да изберете многу намирници со кои ќе го започнете денот. Сепак, постојат и намирници кои треба да се избегнуваат во овој случај.

Влакната се важна компонента на секоја здрава исхрана. Тие го поддржуваат здравјето на цревата, помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и не одржуваат сити подолго време, а сето тоа придонесува за здраво слабеење. Храната која не содржи многу влакна е лош избор за општото здравје, особено ако треба да изгубите неколку килограми - тврди доктор Оникс Адегбола и потсетува дека по 40-тиот роденден метаболизмот се забавува.

Преработената, рафинирана храна со ниски влакна содржи празни калории што може да доведат до зголемување на телесната тежина, бидејќи тие се богати со шеќер и нездрави масти, вели експертот, истакнувајќи дека јадењето храна со ниска содржина на влакна предизвикува скокови на нивото на шеќер во крвта во текот на денот и создава желби за нездрава храна.

Нутриционистката Алисон Сајзмор тврди дека зашеќерените житарки се лош избор за појадок.

„Јадењето на овие житарки, особено без протеини или влакна, може да предизвика зголемување на нивото на гликоза, што доведува до зголемување на телесната тежина и отпорност на инсулин со текот на времето“, предупреди Алисон.

Додатоци за убивање тежина

Не треба да заборавиме дека е голема грешка ако на житариците им додадеме шеќер, јаткасти плодови или сушено овошје. Според нутриционистите, ако сакаме да внесеме околу 2000 калории во текот на денот, колку што е просечната потреба на активен човек кој не е на диета, само 200 калории можат да дојдат од шеќерот.

The post Ова не смеете да го доручкувате кога ќе ја минете четириесетката appeared first on Република.

]]>

Појадокот е најважниот оброк во денот. Денес изборот е многу голем, па можете да изберете многу намирници со кои ќе го започнете денот. Сепак, постојат и намирници кои треба да се избегнуваат во овој случај.

Влакната се важна компонента на секоја здрава исхрана. Тие го поддржуваат здравјето на цревата, помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и не одржуваат сити подолго време, а сето тоа придонесува за здраво слабеење. Храната која не содржи многу влакна е лош избор за општото здравје, особено ако треба да изгубите неколку килограми - тврди доктор Оникс Адегбола и потсетува дека по 40-тиот роденден метаболизмот се забавува. Преработената, рафинирана храна со ниски влакна содржи празни калории што може да доведат до зголемување на телесната тежина, бидејќи тие се богати со шеќер и нездрави масти, вели експертот, истакнувајќи дека јадењето храна со ниска содржина на влакна предизвикува скокови на нивото на шеќер во крвта во текот на денот и создава желби за нездрава храна. Нутриционистката Алисон Сајзмор тврди дека зашеќерените житарки се лош избор за појадок.
„Јадењето на овие житарки, особено без протеини или влакна, може да предизвика зголемување на нивото на гликоза, што доведува до зголемување на телесната тежина и отпорност на инсулин со текот на времето“, предупреди Алисон.
Додатоци за убивање тежина Не треба да заборавиме дека е голема грешка ако на житариците им додадеме шеќер, јаткасти плодови или сушено овошје. Според нутриционистите, ако сакаме да внесеме околу 2000 калории во текот на денот, колку што е просечната потреба на активен човек кој не е на диета, само 200 калории можат да дојдат од шеќерот.

The post Ова не смеете да го доручкувате кога ќе ја минете четириесетката appeared first on Република.

]]>
Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-vospostavi-dve-ruti-za-izvoz-na-zitarki-preku-polska-i-romanija/ Sun, 12 Jun 2022 18:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=514210

Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави денеска помошник-шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник.

На безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, Сеник рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена затоа што руската инвазија го запре украинскиот извоз на житарки преку Црното Море, што предизвика општ недостиг и скок на цените.

Пред руската инвазија, Украина беше најголемиот светски производител на сончогледово масло и еден од главните извозници на пченица, додека милиони тони житарки се во пристаништата поради руската блокада.

– Украина беше во преговори со балтичките земји за додавање трет коридор за извоз на храна. Овие рути не се совршени бидејќи создаваат одредени тесни грла, но ние даваме сѐ од себе да ги развиеме тие рути – изјави Сеник.

Тој не даде детали колку житарки веќе се преместени или ќе бидат префрлени преку овие рути.

The post Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија appeared first on Република.

]]>

Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави денеска помошник-шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник.

На безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, Сеник рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена затоа што руската инвазија го запре украинскиот извоз на житарки преку Црното Море, што предизвика општ недостиг и скок на цените.

Пред руската инвазија, Украина беше најголемиот светски производител на сончогледово масло и еден од главните извозници на пченица, додека милиони тони житарки се во пристаништата поради руската блокада.

– Украина беше во преговори со балтичките земји за додавање трет коридор за извоз на храна. Овие рути не се совршени бидејќи создаваат одредени тесни грла, но ние даваме сѐ од себе да ги развиеме тие рути – изјави Сеник.

Тој не даде детали колку житарки веќе се преместени или ќе бидат префрлени преку овие рути.

The post Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија appeared first on Република.

]]>
Путин: Русија е подготвена да овозможи извоз на житарки од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-rusija-e-podgotvena-da-ovozmozi-izvoz-na-zitarki-od-ukraina/ Mon, 30 May 2022 19:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=508920

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да овозможи непречен извоз на жито од украинските пристаништа во координација со Турција, се наведува во соопштението на Кремљ за разговорот на двајцата лидери.

Русија и Украина заедно извезуваат 29 отсто од светското жито, најмногу преку Црното Море, како и 80 отсто од сончогледовото масло. Украина е исто така главен извозник на пченка.

„Во разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин повтори дека Русија би можела да извезува значителни количини ѓубрива и храна доколку бидат укинати санкциите против Москва“, наведува Кремљ.

„За време на дискусијата за ситуацијата во Украина, акцентот беше ставен на обезбедување безбедна пловидба во Црното и Азовското Море и елиминирање на заканите од мини во тие води“, соопшти Кремљ.

„Владимир Путин ја истакна подготвеноста на руската страна да овозможи непречен поморски транспорт на стоки во координација со турските партнери. Ова важи и за извозот на жита од украинските пристаништа“, се додава во соопштението.

Руската инвазија, која започна на 24 февруари, го наруши пазарот на жито. Годинава Москва очекува рекордна жетва што ќе се извезува од руските црноморски пристаништа, додека армијата на таа земја ги блокира украинските.

The post Путин: Русија е подготвена да овозможи извоз на житарки од Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да овозможи непречен извоз на жито од украинските пристаништа во координација со Турција, се наведува во соопштението на Кремљ за разговорот на двајцата лидери. Русија и Украина заедно извезуваат 29 отсто од светското жито, најмногу преку Црното Море, како и 80 отсто од сончогледовото масло. Украина е исто така главен извозник на пченка.
„Во разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин повтори дека Русија би можела да извезува значителни количини ѓубрива и храна доколку бидат укинати санкциите против Москва“, наведува Кремљ.
„За време на дискусијата за ситуацијата во Украина, акцентот беше ставен на обезбедување безбедна пловидба во Црното и Азовското Море и елиминирање на заканите од мини во тие води“, соопшти Кремљ. „Владимир Путин ја истакна подготвеноста на руската страна да овозможи непречен поморски транспорт на стоки во координација со турските партнери. Ова важи и за извозот на жита од украинските пристаништа“, се додава во соопштението. Руската инвазија, која започна на 24 февруари, го наруши пазарот на жито. Годинава Москва очекува рекордна жетва што ќе се извезува од руските црноморски пристаништа, додека армијата на таа земја ги блокира украинските.

The post Путин: Русија е подготвена да овозможи извоз на житарки од Украина appeared first on Република.

]]>
Забавен развојот на житарките, земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zabaven-razvojot-na-zitarkite-zemjodelcite-da-gi-zashtitat-kulturite-od-silniot-veter/ Wed, 18 May 2022 08:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=503709

Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите.

Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа ќе влијае и врз приносот. Сепак, денешните и врнежите кои се очекуваат за време на викендот може да ја подобрат состојбата со влага во почвата.

Температурата на почвата на длабочина од пет сантиметри, во наредниот период се очекува да се движи од 19 до 28 степени целзиусови.

Земјоделците да преземат соодветни мерки за заштита на културите од силниот ветер кој наредните денови во некои региони ќе надмине 60 километри на час. Временските услови во наредниот период ќе влијаат и на развојот на болести, штетници и плевели. Затоа се препорачува, кога временските услови тоа ќе го дозволат, да се искористи за заштита на земјоделските култури, велат агрометеоролозите.

Топлото време минатата недела со надпросечни температури на некои места, беше одлична можност за изведување земјоделски работи на отворено: меѓуредова обработка, активности во градинарството и расадување тутун во централниот и јужниот дел од земјата.

The post Забавен развојот на житарките, земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер appeared first on Република.

]]>

Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите. Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа ќе влијае и врз приносот. Сепак, денешните и врнежите кои се очекуваат за време на викендот може да ја подобрат состојбата со влага во почвата. Температурата на почвата на длабочина од пет сантиметри, во наредниот период се очекува да се движи од 19 до 28 степени целзиусови. Земјоделците да преземат соодветни мерки за заштита на културите од силниот ветер кој наредните денови во некои региони ќе надмине 60 километри на час. Временските услови во наредниот период ќе влијаат и на развојот на болести, штетници и плевели. Затоа се препорачува, кога временските услови тоа ќе го дозволат, да се искористи за заштита на земјоделските култури, велат агрометеоролозите. Топлото време минатата недела со надпросечни температури на некои места, беше одлична можност за изведување земјоделски работи на отворено: меѓуредова обработка, активности во градинарството и расадување тутун во централниот и јужниот дел од земјата.

The post Забавен развојот на житарките, земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер appeared first on Република.

]]>
ОН се обидува да издејствува извоз на житарки од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-se-obiduva-da-izdejstvuva-izvoz-na-zitarki-od-ukraina/ Tue, 17 May 2022 09:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=503269

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара од Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат да дозволи извоз на руски и белоруски ѓубрива.

Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и некои други земји, за да го отвори украинскиот извоз и да го избегне недостигот на храна во светот, изјави дипломатот кој бил информиран за оваа ситуација.

Русија ги блокираше црноморските пристаништа на Украина со цел да ја ослаби земјата и да го освои нејзиниот брег, објави „Волстрит журнал“.

The post ОН се обидува да издејствува извоз на житарки од Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара од Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат да дозволи извоз на руски и белоруски ѓубрива. Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и некои други земји, за да го отвори украинскиот извоз и да го избегне недостигот на храна во светот, изјави дипломатот кој бил информиран за оваа ситуација. Русија ги блокираше црноморските пристаништа на Украина со цел да ја ослаби земјата и да го освои нејзиниот брег, објави „Волстрит журнал“.

The post ОН се обидува да издејствува извоз на житарки од Украина appeared first on Република.

]]>
До 15 мај продолжена забраната за извоз на оделни житарки и сончогледово масло, до 31 мај укината царината за увоз на зејтин https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-15-maj-prodolzena-zabranata-za-izvoz-na-odelni-zitarki-i-sonchogledovo-maslo-do-31-maj-ukinata-carinata-za-uvoz-na-zejtin/ Tue, 12 Apr 2022 12:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=487403

Забраната за извоз на оделни житарки и сончогледово масло е продолжена за 30 дена, до 15 мај, а царината за увоз на масло за јадење е укината до 31 мај, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави Бектеши на својот фејсбук профил.

Согласно оваа одлука, и во наредните 30 дена, до 15 мај 2022 година, ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.

Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.

-Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените, напиша министерот Бектеши.

Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

-Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност, нагласува министерот.

The post До 15 мај продолжена забраната за извоз на оделни житарки и сончогледово масло, до 31 мај укината царината за увоз на зејтин appeared first on Република.

]]>

Забраната за извоз на оделни житарки и сончогледово масло е продолжена за 30 дена, до 15 мај, а царината за увоз на масло за јадење е укината до 31 мај, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави Бектеши на својот фејсбук профил. Согласно оваа одлука, и во наредните 30 дена, до 15 мај 2022 година, ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед. Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година. -Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените, напиша министерот Бектеши. Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните. -Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност, нагласува министерот.

The post До 15 мај продолжена забраната за извоз на оделни житарки и сончогледово масло, до 31 мај укината царината за увоз на зејтин appeared first on Република.

]]>