Ѕиркачот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zirkachot/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Jun 2023 07:57:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѕиркачот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zirkachot/ 32 32 Промоција на „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zirkachot-na-aleksandar-prokopiev-vo-slovenija/ Tue, 20 Jun 2023 07:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=653268

На 15. јуни, во чудесниот амбиент на вилата „Златица“, именувана по саканата ќерка на најпознатиот љубљански жупан Иван Хрибар, е одржана промоцијата на „Шпегавец“, словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев.

Во полниот салон романот го претставија и за него разговараа професорката Намита Субиото, преведувачот на делото Роберт Суша и авторот Прокопиев, со помош на Соња Цекова – Стојановска што консекутивно ги пренесуваше интересните дијалози во взаемна жива комуникација со публиката, што продолжи по промоцијата во градината на вилата.

Неколку дена пред промоцијата на Третата програма „Арс“ на радио Словенија беше емитирано долго интервју со Прокопиев што го водеше младиот критичар Сашо Пуљаревиќ, што подоцна во печатена форма беше поставено во информативниот портал на РТВ Словенија.

За мене и овој книжевен престој во Словенија беше извонредно организиран, облагодарен со човечката топлина на промоторите и организаторите што долго ќе ме грее и храбри, изјави писателот Александар Прокопиев.

The post Промоција на „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев во Словенија appeared first on Република.

]]>

На 15. јуни, во чудесниот амбиент на вилата „Златица“, именувана по саканата ќерка на најпознатиот љубљански жупан Иван Хрибар, е одржана промоцијата на „Шпегавец“, словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев. Во полниот салон романот го претставија и за него разговараа професорката Намита Субиото, преведувачот на делото Роберт Суша и авторот Прокопиев, со помош на Соња Цекова – Стојановска што консекутивно ги пренесуваше интересните дијалози во взаемна жива комуникација со публиката, што продолжи по промоцијата во градината на вилата. Неколку дена пред промоцијата на Третата програма „Арс“ на радио Словенија беше емитирано долго интервју со Прокопиев што го водеше младиот критичар Сашо Пуљаревиќ, што подоцна во печатена форма беше поставено во информативниот портал на РТВ Словенија.
За мене и овој книжевен престој во Словенија беше извонредно организиран, облагодарен со човечката топлина на промоторите и организаторите што долго ќе ме грее и храбри, изјави писателот Александар Прокопиев.

The post Промоција на „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев во Словенија appeared first on Република.

]]>
„Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев објавен во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zirkachot-na-aleksandar-prokopiev-objaven-vo-slovenija/ Mon, 06 Feb 2023 09:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=605312

Едицијата „Сто словенски романи“ се приближува до бројката од сто објавени наслови. Словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на македонскиот писател Александар Прокопиев доаѓа на полиците со книги во Словенија, во превод на словенечки како 97-та книга од едицијата. Преводот од македонски на словенечки е на Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото.
Книгата ја издаде Форумот на словенски култури.
Александар Прокопиев е еден од најинтересните современи македонски прозаисти, а со литература се занимава и како научник и предавач на Институтот за македонска литература во Скопје и како уметнички директор на меѓународниот книжевен фестивал „Про-За Балкан“.

Во романот „Ѕиркачот“ приказните на книжевните личности, скицирани претежно во груби потези со неколку истакнати детали, стануваат комплицирани и испреплетени. Еден од нив е авторот, кој измислува приказна за Ѕиркачот, главниот книжевен лик, самец средовечен човек, кој од досада и незадоволство од сопствениот живот, невротично талка низ градот (Скопје) и меланхолично ги оживува детските спомени и младоста – пишува Намита Субиото во својот предговор на словенечкото издание.

„Ѕиркачот“ е краток роман од Александар Прокопиев, во издание на „Магор“, во 2007 година. Овој роман беше кандидат за книжевната награда „Балканика“, во 2007 година. Романот е преведен на српски, италијански и други јазици.

Александар Прокопиев е македонски прозаист, есеист и поет. Работел во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје и сè уште им е ментор на постдипломците. Наедно е и основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. За збирката „Човечулец“ за 2010 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Тој го освои првото место во конкуренција од истакнати имиња од повеќе европски земји. На „Балканика“ учествуваа „Коли и други раскази“ од Здравка Евтимова од Бугарија, „Крстопатот на Константин“ од Дејан Стоиљковиќ од Србија, „Црвеното на биковите“ од Мира Мекси од Албанија, „Ќе се случи нешто, ќе видиш“ од Христос Економу од Грција, „Огнот на кармата“ од Ома Станеску од Романија и „Камена куќа“ од турската писателка Асли Ердоган. Венко Андоновски дотогаш беше единствениот македонски писател што ја имаше освоено наградата „Балканика“, во 2001 година за романот „Папокот на светот“. Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.

The post „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев објавен во Словенија appeared first on Република.

]]>

Едицијата „Сто словенски романи“ се приближува до бројката од сто објавени наслови. Словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на македонскиот писател Александар Прокопиев доаѓа на полиците со книги во Словенија, во превод на словенечки како 97-та книга од едицијата. Преводот од македонски на словенечки е на Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото. Книгата ја издаде Форумот на словенски култури. Александар Прокопиев е еден од најинтересните современи македонски прозаисти, а со литература се занимава и како научник и предавач на Институтот за македонска литература во Скопје и како уметнички директор на меѓународниот книжевен фестивал „Про-За Балкан“.
Во романот „Ѕиркачот“ приказните на книжевните личности, скицирани претежно во груби потези со неколку истакнати детали, стануваат комплицирани и испреплетени. Еден од нив е авторот, кој измислува приказна за Ѕиркачот, главниот книжевен лик, самец средовечен човек, кој од досада и незадоволство од сопствениот живот, невротично талка низ градот (Скопје) и меланхолично ги оживува детските спомени и младоста – пишува Намита Субиото во својот предговор на словенечкото издание.
„Ѕиркачот“ е краток роман од Александар Прокопиев, во издание на „Магор“, во 2007 година. Овој роман беше кандидат за книжевната награда „Балканика“, во 2007 година. Романот е преведен на српски, италијански и други јазици. Александар Прокопиев е македонски прозаист, есеист и поет. Работел во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје и сè уште им е ментор на постдипломците. Наедно е и основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. За збирката „Човечулец“ за 2010 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Тој го освои првото место во конкуренција од истакнати имиња од повеќе европски земји. На „Балканика“ учествуваа „Коли и други раскази“ од Здравка Евтимова од Бугарија, „Крстопатот на Константин“ од Дејан Стоиљковиќ од Србија, „Црвеното на биковите“ од Мира Мекси од Албанија, „Ќе се случи нешто, ќе видиш“ од Христос Економу од Грција, „Огнот на кармата“ од Ома Станеску од Романија и „Камена куќа“ од турската писателка Асли Ердоган. Венко Андоновски дотогаш беше единствениот македонски писател што ја имаше освоено наградата „Балканика“, во 2001 година за романот „Папокот на светот“. Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.

The post „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев објавен во Словенија appeared first on Република.

]]>