жирафа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zirafa/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 18:38:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жирафа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zirafa/ 32 32 Стигнаа резултатите од обдукцијата: Познати се причините од што угина жирафата Флопи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stignaa-rezultatite-od-obduktsijata-poznati-se-prichinite-od-shto-ugina-zhirafata-flopi/ Thu, 07 Dec 2023 18:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=720845

Малиген тумор на црниот дроб и метастази на белите дробови се причините за угинувањето на жирафата Флопи, велат официјалните резултати од обдукцијата што денеска ги доби скопската Зоолошка градина.

Врз основа на патохистолошкиот наод, како и негативниот микробиолошки и молекуларен наод, од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок дека Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови. За жал оваа болест е најфаталната на 21 век, од која како и луѓето, страдаат и многу животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи веќе метастазирал и во белите дробови како еден вид на агресивен карцином. Дури и кај луѓето, овој тип на карцином многу ретко може да се дијагностицира во рана фаза, се вели во соопштението на ЗОО Скопје врз основа на обдукцијата што ја направи Ветеринарниот институт.

The post Стигнаа резултатите од обдукцијата: Познати се причините од што угина жирафата Флопи appeared first on Република.

]]>

Малиген тумор на црниот дроб и метастази на белите дробови се причините за угинувањето на жирафата Флопи, велат официјалните резултати од обдукцијата што денеска ги доби скопската Зоолошка градина. Врз основа на патохистолошкиот наод, како и негативниот микробиолошки и молекуларен наод, од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок дека Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови. За жал оваа болест е најфаталната на 21 век, од која како и луѓето, страдаат и многу животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи веќе метастазирал и во белите дробови како еден вид на агресивен карцином. Дури и кај луѓето, овој тип на карцином многу ретко може да се дијагностицира во рана фаза, се вели во соопштението на ЗОО Скопје врз основа на обдукцијата што ја направи Ветеринарниот институт.

The post Стигнаа резултатите од обдукцијата: Познати се причините од што угина жирафата Флопи appeared first on Република.

]]>
Неколку часа по смртта на негувателот во Скопје ЗОО, починала и последната жирафа во зоолошката градина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nekolku-chasa-po-smrtta-na-neguvatelot-vo-skopje-zoo-pochinala-i-poslednata-zhirafa-vo-zooloshkata-gradina/ Mon, 27 Nov 2023 17:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=716888

Откако во јавноста се појави веста дека починал Ристе Трајковски, кој се грижеше за жирафите во скопската зоолошка градина, попладнево доаѓа друга лоша вест од ЗОО Скопје.

Неофицијално, пред неколку часа починала и последната жирафа во зоолошката, пишува „Фокус“.

Извори од зоолошката за „Фокус“ велат дека не можат да зборуваат официјално за настанот и угинувањето на жирафата Флопи, бидејќи не се овластени да даваат изјави за медиуми, а пак директорот Зоран Поповски не одговорил на телефонските повици на медиумот.

Како што пишува „Фокус“, низа на немили настани се случија периодов во институцијата. Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен брзоделувачки отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА.

Една од најпосетуваните институции до пред две години, денес скопската зоолошка градина се соочува со сериозни ситуации кои ја вознемирија јавноста.

Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани.

The post Неколку часа по смртта на негувателот во Скопје ЗОО, починала и последната жирафа во зоолошката градина appeared first on Република.

]]>

Откако во јавноста се појави веста дека починал Ристе Трајковски, кој се грижеше за жирафите во скопската зоолошка градина, попладнево доаѓа друга лоша вест од ЗОО Скопје. Неофицијално, пред неколку часа починала и последната жирафа во зоолошката, пишува „Фокус“. Извори од зоолошката за „Фокус“ велат дека не можат да зборуваат официјално за настанот и угинувањето на жирафата Флопи, бидејќи не се овластени да даваат изјави за медиуми, а пак директорот Зоран Поповски не одговорил на телефонските повици на медиумот. Како што пишува „Фокус“, низа на немили настани се случија периодов во институцијата. Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен брзоделувачки отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА. Една од најпосетуваните институции до пред две години, денес скопската зоолошка градина се соочува со сериозни ситуации кои ја вознемирија јавноста. Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани.

The post Неколку часа по смртта на негувателот во Скопје ЗОО, починала и последната жирафа во зоолошката градина appeared first on Република.

]]>
Американка се обидела да пренесе измет од жирафа од Кенија преку царина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/amerikanka-se-obidela-da-prenese-izmet-od-zhirafa-od-kenija-preku-tsarina/ Fri, 06 Oct 2023 07:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=688410

Американските цариници спречиле жена од Ајова која се обидела да внесе измет од жирафа во САД, со својот багаж. Таа сакала да си направи накит од својот „сувенир“ што го зела на пат во Кенија

Кога била избрана за дополнителен преглед по пристигнувањето на аеродромот „Минеаполис-Сент Пол“ на 29 септември, патничката сама пријавила дека има мала кутија со измет. Жената им кажала на цариниците дека имала намера да направи ланче од изметот, бидејќи веќе имала накит од измет од лос. Стручњаци од Агенцијата за земјоделство потоа ја заплениле малата кутија и го уништиле изметот од жирафа, соопшти Царината на САД.

- Постои реална опасност од внесување фекални материи во САД... Доколку личноста влезеше во САД и не пријавеше што донела, многу веројатно би се разболела од таков накит, со опасност од сериозни здравствени проблеми, изјави одговрниот за царина и гранична заштита на Чикаго, Лафонда Д. Сатон-Бурк.

Африканска свинска чума, класична свинска чума, Њукаслова болест, шап и лигавка и свинска везикуларна болест се дел од заболувањата во Кенија кои Царината ги наведе како опасност од внесувањето измет.

The post Американка се обидела да пренесе измет од жирафа од Кенија преку царина appeared first on Република.

]]>

Американските цариници спречиле жена од Ајова која се обидела да внесе измет од жирафа во САД, со својот багаж. Таа сакала да си направи накит од својот „сувенир“ што го зела на пат во Кенија Кога била избрана за дополнителен преглед по пристигнувањето на аеродромот „Минеаполис-Сент Пол“ на 29 септември, патничката сама пријавила дека има мала кутија со измет. Жената им кажала на цариниците дека имала намера да направи ланче од изметот, бидејќи веќе имала накит од измет од лос. Стручњаци од Агенцијата за земјоделство потоа ја заплениле малата кутија и го уништиле изметот од жирафа, соопшти Царината на САД. - Постои реална опасност од внесување фекални материи во САД... Доколку личноста влезеше во САД и не пријавеше што донела, многу веројатно би се разболела од таков накит, со опасност од сериозни здравствени проблеми, изјави одговрниот за царина и гранична заштита на Чикаго, Лафонда Д. Сатон-Бурк. Африканска свинска чума, класична свинска чума, Њукаслова болест, шап и лигавка и свинска везикуларна болест се дел од заболувањата во Кенија кои Царината ги наведе како опасност од внесувањето измет.

The post Американка се обидела да пренесе измет од жирафа од Кенија преку царина appeared first on Република.

]]>
Жирафата Каспер од скопската ЗОО угинала од салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zhirafata-kasper-od-skopskata-zoo-uginala-od-salmonela/ Mon, 05 Jun 2023 09:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=647960

Жирафата Каспер која угина во скопската зоолошка угинала од инфекцијата салмонела. Според патохистолошката анализа Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити, објави Макфакс.

„Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“.

Засега нема информации со каква храна била хранета жирафата во Зоолошката градина, а од која би можела да ја добие бактеријата салмонела. Директорот Зоран Попов, претходно само истакна дека жирафата повеќе месеци не била во добра состојба.

The post Жирафата Каспер од скопската ЗОО угинала од салмонела appeared first on Република.

]]>

Жирафата Каспер која угина во скопската зоолошка угинала од инфекцијата салмонела. Според патохистолошката анализа Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити, објави Макфакс. „Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“. Засега нема информации со каква храна била хранета жирафата во Зоолошката градина, а од која би можела да ја добие бактеријата салмонела. Директорот Зоран Попов, претходно само истакна дека жирафата повеќе месеци не била во добра состојба.

The post Жирафата Каспер од скопската ЗОО угинала од салмонела appeared first on Република.

]]>
Миленикот на најмалите: Угина жирафата Каспер од ЗОО Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/milenikot-na-najmalite-ugina-zhirafata-kasper-od-zoo-skopje/ Thu, 04 May 2023 12:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=636843

Угина жирафата Каспер, информираат од Зоолошката градина Скопје.

Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, од ЗОО Скопје ќе информираат за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители.

Каспер беше донесен во Зоолошката градина Скопје, од ЗОО Штутгарт, каде што се роди на 21 јули 2011 година. Жирафата имаше 12 години.

The post Миленикот на најмалите: Угина жирафата Каспер од ЗОО Скопје appeared first on Република.

]]>

Угина жирафата Каспер, информираат од Зоолошката градина Скопје. Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, од ЗОО Скопје ќе информираат за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители. Каспер беше донесен во Зоолошката градина Скопје, од ЗОО Штутгарт, каде што се роди на 21 јули 2011 година. Жирафата имаше 12 години.

The post Миленикот на најмалите: Угина жирафата Каспер од ЗОО Скопје appeared first on Република.

]]>