зинедин зидан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zinedin-zidan/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 14:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зинедин зидан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zinedin-zidan/ 32 32 Зидан поради англискиот не станал тренер на Манчестер Јунајтед https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zidan-poradi-angliskiot-ne-stanal-trener-na-manchester-junajted/ Mon, 09 Sep 2024 14:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=814698

Легендата на францускиот фудбал Зинедин Зидан обелодени во јавноста дека не се согласил да го преземе Манчестер Јунајтед поради јазичната бариера.
Францускиот тренер и поранешен репрезентативец изјави дека разбира англиски, но не го владее јазикот на ниво за ефективно да го предводи премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

„Би сакал да раководам со Манчестер Јунајтед. Разбирам англиски, но не го зборувам течно. Знам дека има тренери кои доаѓаат во клубот без да зборуваат странски јазик, но јас работам поинаку. Во глобален контекст, победата се состои од многу детали и знам што е неопходно“, рече Зидан во интервју за францускиот весник Л’Екип.

Зидан е без тренерски ангажман од летото 2021 година, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид. Тој двапати го предводеше Кралскиот клуб, од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година

The post Зидан поради англискиот не станал тренер на Манчестер Јунајтед appeared first on Република.

]]>

Легендата на францускиот фудбал Зинедин Зидан обелодени во јавноста дека не се согласил да го преземе Манчестер Јунајтед поради јазичната бариера. Францускиот тренер и поранешен репрезентативец изјави дека разбира англиски, но не го владее јазикот на ниво за ефективно да го предводи премиерлигашот од „Олд Трафорд“.
„Би сакал да раководам со Манчестер Јунајтед. Разбирам англиски, но не го зборувам течно. Знам дека има тренери кои доаѓаат во клубот без да зборуваат странски јазик, но јас работам поинаку. Во глобален контекст, победата се состои од многу детали и знам што е неопходно“, рече Зидан во интервју за францускиот весник Л’Екип.
Зидан е без тренерски ангажман од летото 2021 година, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид. Тој двапати го предводеше Кралскиот клуб, од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година

The post Зидан поради англискиот не станал тренер на Манчестер Јунајтед appeared first on Република.

]]>
Зидан се враќа во фудбалот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zidan-se-vraka-vo-fudbalot/ Wed, 05 Jun 2024 05:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=785078

Зинедин Зидан призна дека ги „наполнил батериите“ и е подготвен да му се врати на фудбалот. 51-годишната легенда одмара веќе три години откако ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид.

Се шпекулираше дека Зизу би можел да стане селектор на Франција, но на Дидие Дешам му беше продолжен договорот.

-Иако е потребно многу енергија, мислам дека е време да се вратам на фудбалот. Мојата пауза траеше предолго. Вистина е дека животот на тренерот е заморувачки, но во исто време и недостасува. Ќе видиме кога ќе се вратам, призна Зидан.

Легендарниот плејмејкер го тренираше само Реал Мадрид, со два повеќе од успешни престои на „Бернабеу“. Со текот на годините, гласините го поврзуваа со неговите поранешни клубови Јувентус и Олимпик Марсеј, како и со гигантите Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

The post Зидан се враќа во фудбалот appeared first on Република.

]]>

Зинедин Зидан призна дека ги „наполнил батериите“ и е подготвен да му се врати на фудбалот. 51-годишната легенда одмара веќе три години откако ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид. Се шпекулираше дека Зизу би можел да стане селектор на Франција, но на Дидие Дешам му беше продолжен договорот.
-Иако е потребно многу енергија, мислам дека е време да се вратам на фудбалот. Мојата пауза траеше предолго. Вистина е дека животот на тренерот е заморувачки, но во исто време и недостасува. Ќе видиме кога ќе се вратам, призна Зидан.
Легендарниот плејмејкер го тренираше само Реал Мадрид, со два повеќе од успешни престои на „Бернабеу“. Со текот на годините, гласините го поврзуваа со неговите поранешни клубови Јувентус и Олимпик Марсеј, како и со гигантите Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

The post Зидан се враќа во фудбалот appeared first on Република.

]]>
Зидан на клупата на Баерн? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zidan-na-klupata-na-baern/ Fri, 19 Apr 2024 13:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=768030

Зинедин Зидан е на чекор од тоа да стане тренер на Баерн Минхен, тврди „Мундо Депортиво“. 51-годишниот стручњак е слободен откако последен пат го водеше Реал Мадрид.

Информациите наведуваат дека остануваат уште детали да се разговара пред да се потпише договор. Една од желбите на Зидан е да ја засили одбраната на Баварците.

Баерн е во потрага по нов тренер откако се согласи да се раздели со Томас Тухел на крајот од сезоната. Германскиот колос најпрвин беше одбиен од Чаби Алонсо кој претпочиташе да остане во Баер Леверкузен, а денеска стана јасно дека Јулијан Нагелсман ќе потпише нов договор како селектор на Германија и нема да се врати на „Алијанц Арената“.

Зинедин Зидан имаше две периоди на чело на Реал Мадрид, освојувајќи ја Лигата на шампионите три пати.

The post Зидан на клупата на Баерн? appeared first on Република.

]]>

Зинедин Зидан е на чекор од тоа да стане тренер на Баерн Минхен, тврди „Мундо Депортиво“. 51-годишниот стручњак е слободен откако последен пат го водеше Реал Мадрид. Информациите наведуваат дека остануваат уште детали да се разговара пред да се потпише договор. Една од желбите на Зидан е да ја засили одбраната на Баварците. Баерн е во потрага по нов тренер откако се согласи да се раздели со Томас Тухел на крајот од сезоната. Германскиот колос најпрвин беше одбиен од Чаби Алонсо кој претпочиташе да остане во Баер Леверкузен, а денеска стана јасно дека Јулијан Нагелсман ќе потпише нов договор како селектор на Германија и нема да се врати на „Алијанц Арената“. Зинедин Зидан имаше две периоди на чело на Реал Мадрид, освојувајќи ја Лигата на шампионите три пати.

The post Зидан на клупата на Баерн? appeared first on Република.

]]>
Зидан сака да се врати во Италија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zidan-saka-da-se-vrati-vo-italija/ Tue, 27 Feb 2024 14:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=748980

 Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговори на прашање за можна работа во италијанското првенство.

Педесет и едногодишниот Французин присуствуваше на премиерата на документарниот филм за поранешниот селектор на Јувентус и Италија, Марчело Липи. Таму беше прашан за можна работа во Серија А.

-Зошто да не, се може да се случи. Сега правам други работи, но ќе видиме. „Се разбира, би сакал повторно да се вратам на работа, го цитира новинарот Џанлука Ди Марцио одговорот на Зидан.

Зидан е без ангажман од летото 2021 година, кога по втор пат во својата тренерска кариера го напушти Реал Мадрид.

The post Зидан сака да се врати во Италија appeared first on Република.

]]>

 Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговори на прашање за можна работа во италијанското првенство. Педесет и едногодишниот Французин присуствуваше на премиерата на документарниот филм за поранешниот селектор на Јувентус и Италија, Марчело Липи. Таму беше прашан за можна работа во Серија А.
-Зошто да не, се може да се случи. Сега правам други работи, но ќе видиме. „Се разбира, би сакал повторно да се вратам на работа, го цитира новинарот Џанлука Ди Марцио одговорот на Зидан.
Зидан е без ангажман од летото 2021 година, кога по втор пат во својата тренерска кариера го напушти Реал Мадрид.

The post Зидан сака да се врати во Италија appeared first on Република.

]]>
Дали Зидан ќе го замени Клоп во Ливерпул? https://arhiva3.republika.mk/vesti/dali-zidan-ke-go-zameni-klop-vo-liverpul/ Wed, 31 Jan 2024 10:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=738946

Ливерпул е заинтересиран да го назначи Французинот Зинедин Зидан за главен тренер на тимот, објави TodoFichajes“.

Управата на англискиот клуб водела преговори со застапниците на 51-годишниот фудбалски стручњак за да дознаат за неговиот интерес за работа во Премиер лигата. Ливерпул е подготвен да му дозволи на Зидан да повика кој било играч во тимот.

„Црвените“ моментално се предводени од Јирген Клоп. На 26 јануари 56-годишниот Германец објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната 2023/24.

Претходно беше објавено дека Зидан сака да се вработи во француската репрезентација и е подготвен да чека додека не се испразни местото селектор во националниот тим.

Последното место на работа на францускиот стручњак беше Реал Мадрид, кој го напушти летото 2021 година

The post Дали Зидан ќе го замени Клоп во Ливерпул? appeared first on Република.

]]>

Ливерпул е заинтересиран да го назначи Французинот Зинедин Зидан за главен тренер на тимот, објави TodoFichajes“. Управата на англискиот клуб водела преговори со застапниците на 51-годишниот фудбалски стручњак за да дознаат за неговиот интерес за работа во Премиер лигата. Ливерпул е подготвен да му дозволи на Зидан да повика кој било играч во тимот. „Црвените“ моментално се предводени од Јирген Клоп. На 26 јануари 56-годишниот Германец објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната 2023/24. Претходно беше објавено дека Зидан сака да се вработи во француската репрезентација и е подготвен да чека додека не се испразни местото селектор во националниот тим. Последното место на работа на францускиот стручњак беше Реал Мадрид, кој го напушти летото 2021 година

The post Дали Зидан ќе го замени Клоп во Ливерпул? appeared first on Република.

]]>
Зидан можен тренер на Реал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zinad-mozhen-trener-na-real/ Thu, 12 Oct 2023 14:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=690608

Реал Мадрид ја разгледува опцијата да го врати Зинедин Зидан за тренер.

Новинарот Хозе Алварез на „El Chiringuito“ изјави дека меѓу кандидатите кои Реал Мадрид ги смета за замена на Карло Анчелоти, најсериозен е Зидан, кој е без клуб по заминувањето од Мадрид во мај 2021 година.

Според Алварез, клубот е во контакт со тренерот. Реал гледа и споредна придобивка во евентуалното назначување на Зидан - неговото доаѓање ќе помогне да се организира трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој има посебен однос со Зинедин.

- Реал Мадрид има многу сериозна опција доколку Анчелоти замине. Оваа опција ќе му ја отвори вратата на Мбапе за преселба во Реал Мадрид. Тренерот со кој Реал Мадрид е во контакт. Зинедин Зидан е најсериозната опција во случај на заминување на Анчелоти, тој ќе го доближи Мбапе до Мадрид. Зидан би сакал да се врати. Сите знаат за неговиот однос со Мбапе и тоа го доближува до Мадрид, изјави Алварез.

За време на својата тренерска кариера, Зидан работеше само во Реал Мадрид - од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Како тренер на Мадрид, три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а по два пати ја освои Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство

The post Зидан можен тренер на Реал appeared first on Република.

]]>

Реал Мадрид ја разгледува опцијата да го врати Зинедин Зидан за тренер. Новинарот Хозе Алварез на „El Chiringuito“ изјави дека меѓу кандидатите кои Реал Мадрид ги смета за замена на Карло Анчелоти, најсериозен е Зидан, кој е без клуб по заминувањето од Мадрид во мај 2021 година. Според Алварез, клубот е во контакт со тренерот. Реал гледа и споредна придобивка во евентуалното назначување на Зидан - неговото доаѓање ќе помогне да се организира трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој има посебен однос со Зинедин.
- Реал Мадрид има многу сериозна опција доколку Анчелоти замине. Оваа опција ќе му ја отвори вратата на Мбапе за преселба во Реал Мадрид. Тренерот со кој Реал Мадрид е во контакт. Зинедин Зидан е најсериозната опција во случај на заминување на Анчелоти, тој ќе го доближи Мбапе до Мадрид. Зидан би сакал да се врати. Сите знаат за неговиот однос со Мбапе и тоа го доближува до Мадрид, изјави Алварез.
За време на својата тренерска кариера, Зидан работеше само во Реал Мадрид - од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Како тренер на Мадрид, три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а по два пати ја освои Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство

The post Зидан можен тренер на Реал appeared first on Република.

]]>
Легендите Зидан, Мурињо, Малдини, Капело, Занети ќе ги менуваат фудбалските правила https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/legendite-zidan-murino-maldini-kapelo-zaneti-ke-gi-menuvaat-fudbalskite-pravila/ Fri, 07 Apr 2023 12:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=628353

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе создаде Борд од легендарни тренери и играчи, објави „Тајмс“.

Главните активности на комисијата ќе бидат консултации за промена на правилата на игра, судење, календар на натпревари и развој на младите.

Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, Паоло Малдини, Фабио Капело, Хавиер Занети, Луис Фиго, Филип Лам, Роналд Куман, Герет Саутгејт, Рио Фердинанд, Микаел Лаудруп, Рафа Бенитез, Роберто Мартинез, Роби Кин.

За шеф на фудбалскиот совет е избран поранешниот играч на Хрватска и Милан, Звонимир Бобан.

Првиот состанок на комисијата на „ѕвездите“ е закажан за 24 април во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. Вакви состаноци се очекува да се одржуваат секоја година

The post Легендите Зидан, Мурињо, Малдини, Капело, Занети ќе ги менуваат фудбалските правила appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе создаде Борд од легендарни тренери и играчи, објави „Тајмс“.

Главните активности на комисијата ќе бидат консултации за промена на правилата на игра, судење, календар на натпревари и развој на младите. Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, Паоло Малдини, Фабио Капело, Хавиер Занети, Луис Фиго, Филип Лам, Роналд Куман, Герет Саутгејт, Рио Фердинанд, Микаел Лаудруп, Рафа Бенитез, Роберто Мартинез, Роби Кин.

За шеф на фудбалскиот совет е избран поранешниот играч на Хрватска и Милан, Звонимир Бобан.

Првиот состанок на комисијата на „ѕвездите“ е закажан за 24 април во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. Вакви состаноци се очекува да се одржуваат секоја година

The post Легендите Зидан, Мурињо, Малдини, Капело, Занети ќе ги менуваат фудбалските правила appeared first on Република.

]]>
Зидан сака да се врати во Реал Мадрид https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zidan-saka-da-se-vrati-vo-real-madrid/ Thu, 26 Jan 2023 10:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=601212

Зинедин Зидан не исклучува можност по трет пат да стане тренер на Реал Мадрид.

Според „Атлетик“, повикувајќи се на извор од кругот на пријатели на Зидан, тренерот е отворен не само за соработка со француската репрезентација, туку и со Реал Мадрид, Јувентус и Марсеј.

Враќањето во Реал Мадрид ќе бара соодветни околности. Покрај тоа, претседателот на Реал, Флорентино Перез ќе мора да направи некои отстапки. Зидан е подготвен да го преземе Марсеј доколку клубот напредува и е подготвен да се бори за трофеи.

Неколку пати Зинедин го одби ПСЖ. На неговото одбивање да соработува со парижаните минатото лето влијаеше тоа што имаше можност да го води францускиот тим. Но, како што е наведено, Зидан навистина не сака да соработува со ПСЖ, бидејќи го почитува и сака Марсеј.

Да напоменеме дека Зидан е роден во Марсеј, а во текот на кариерата играше за Каен, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид.

Откако се повлече од функцијата менаџер на Реал Мадрид во мај 2021 година, Зидан е без работа. Работеше во Реал Мадрид двапати – од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Под негово водство, Мадрид ја освои Лигата на шампионите три пати, а исто така ја освои Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство по два пати

The post Зидан сака да се врати во Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>

Зинедин Зидан не исклучува можност по трет пат да стане тренер на Реал Мадрид. Според „Атлетик“, повикувајќи се на извор од кругот на пријатели на Зидан, тренерот е отворен не само за соработка со француската репрезентација, туку и со Реал Мадрид, Јувентус и Марсеј. Враќањето во Реал Мадрид ќе бара соодветни околности. Покрај тоа, претседателот на Реал, Флорентино Перез ќе мора да направи некои отстапки. Зидан е подготвен да го преземе Марсеј доколку клубот напредува и е подготвен да се бори за трофеи. Неколку пати Зинедин го одби ПСЖ. На неговото одбивање да соработува со парижаните минатото лето влијаеше тоа што имаше можност да го води францускиот тим. Но, како што е наведено, Зидан навистина не сака да соработува со ПСЖ, бидејќи го почитува и сака Марсеј. Да напоменеме дека Зидан е роден во Марсеј, а во текот на кариерата играше за Каен, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид. Откако се повлече од функцијата менаџер на Реал Мадрид во мај 2021 година, Зидан е без работа. Работеше во Реал Мадрид двапати – од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Под негово водство, Мадрид ја освои Лигата на шампионите три пати, а исто така ја освои Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство по два пати

The post Зидан сака да се врати во Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>
Мбапе: Зидан е Франција, заслужува почит https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mbape-zidan-e-frantsija-zasluzhuva-pochit/ Mon, 09 Jan 2023 10:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=594879

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, го критикуваше претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, кој изјави дека воопшто не го интересира каде легендарниот тренер Зинедин Зидан ќе ја продолжи кариерата.

Првиот човек на францускиот фудбал гостуваше во емисијата „Бартоли тајм“ на Радио РМЦ Спорт кај прославената француска тенисерка Марион Бартоли, каде објасни зошто е одлучено Дидие Дешамп да остане селектор на Франција.

Дел од медиумите претходно шпекулираа дека Зидан ќе биде нов селектор на Франција, но ФФФ неодамна го продолжи договорот со Дешамп до јуни 2026.

„Не би му се јавил на Зидан на телефон доколку ме побара. Што да му речам? Добар ден господине, барајте некој друг клуб, ние само што се договоривме со Дешамп. Зидан во Бразил? Не ме интересира. Тој работи што сака, тоа не е моја работа. Никогаш не сум се сретнал со него. Никогаш не сме размислуваме да ја прекинеме соработката со Дешамп“, рече Ле Грет.

Неговата изјава наиде на критики од францускиот репрезентативец Мбапе кој објави на социјалните мрежи оти никогаш не криел дека Зидан е неговиот идол.

„Зидан е Франција. Не можеме така да не ја почитуваме легендата“, напиша Мбапе на својот профил на Твитер

The post Мбапе: Зидан е Франција, заслужува почит appeared first on Република.

]]>

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, го критикуваше претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, кој изјави дека воопшто не го интересира каде легендарниот тренер Зинедин Зидан ќе ја продолжи кариерата. Првиот човек на францускиот фудбал гостуваше во емисијата „Бартоли тајм“ на Радио РМЦ Спорт кај прославената француска тенисерка Марион Бартоли, каде објасни зошто е одлучено Дидие Дешамп да остане селектор на Франција. Дел од медиумите претходно шпекулираа дека Зидан ќе биде нов селектор на Франција, но ФФФ неодамна го продолжи договорот со Дешамп до јуни 2026.
„Не би му се јавил на Зидан на телефон доколку ме побара. Што да му речам? Добар ден господине, барајте некој друг клуб, ние само што се договоривме со Дешамп. Зидан во Бразил? Не ме интересира. Тој работи што сака, тоа не е моја работа. Никогаш не сум се сретнал со него. Никогаш не сме размислуваме да ја прекинеме соработката со Дешамп“, рече Ле Грет.
Неговата изјава наиде на критики од францускиот репрезентативец Мбапе кој објави на социјалните мрежи оти никогаш не криел дека Зидан е неговиот идол. „Зидан е Франција. Не можеме така да не ја почитуваме легендата“, напиша Мбапе на својот профил на Твитер

The post Мбапе: Зидан е Франција, заслужува почит appeared first on Република.

]]>
Италијански новинар го открива вистинското име на Зинедин Зидан https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/italijanski-novinar-go-otkriva-vistinskoto-ime-na-zinedin-zidan/ Tue, 28 Jun 2022 09:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=520607

Италијанскиот спортски новинар и писател, Федерико Буфа, во една од своите емисии, објави еден податок, познат за малкумина луѓе ширум светот.

Иако Зинедин Зидан е еден од најславните фудбалери во историјата, Буфа го соопшти неговото вистинско име, кое гласи Заџид Алдид Ал Јазид.

Тоа што е познато за Зидан е дека е по потекло од Алжир, а израснал во сиромашно семејство. Неговиот татко Смаил бил негов ноќен чувар и магационер, а мајка му Малика била домаќинка.

Имам афинитет кон арапскиот свет. Го имам во крвта, преку моите родители. Многу сум горд што сум Французин, но исто така сум многу горд на моите корени и различности - изјави Зидан во една пригода.

The post Италијански новинар го открива вистинското име на Зинедин Зидан appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот спортски новинар и писател, Федерико Буфа, во една од своите емисии, објави еден податок, познат за малкумина луѓе ширум светот. Иако Зинедин Зидан е еден од најславните фудбалери во историјата, Буфа го соопшти неговото вистинско име, кое гласи Заџид Алдид Ал Јазид. Тоа што е познато за Зидан е дека е по потекло од Алжир, а израснал во сиромашно семејство. Неговиот татко Смаил бил негов ноќен чувар и магационер, а мајка му Малика била домаќинка.