Зимсли салон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zimsli-salon/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 11:26:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зимсли салон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zimsli-salon/ 32 32 Тања Балаќ лауреат на 20 „ Зимски салон“ на ДЛУМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tana-balak-laureat-na-20-zimski-salon-na-dlum/ Fri, 23 Feb 2024 11:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=747381

Уметницата Тања Балаќ за видео проектот „ Следна генерација“ , освои Гран при на 20 „ Зимски салон“, што традиционално го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Зад одлуката стои кораторката на „ Зимскиот салон“, Оксана Карповец од Украина. Таа ја соопшти одлуката синоќа на отворањето на изложбата, во Чифте амам.

Тања Балаќ дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје,  на отсекот  за сликарство во 1991 година. Во 2008 година, Балаќ се стекнала со звање магистер на ФЛУ. Член е на ДЛУМ од 1996 година, а во периодот од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото. Во 2003 година Тања Балаќ  посетувала студии во Париз, а учествувала и на бројни конференции и работилници, надвор од Македонија. Покрај сликарството таа работи и инсталации, уметнички видео проекти, и уметнички претстави.

Балаќ е добитничка на повеќе награди : „Жената симбол и инспирација“,  доделена од Културен центар „Кочо Рацин“- Скопје во 1992 година, награда за млади уметници, „Константин Мазев“, освоена на изложбата во КИЦ во 1995 година, „Методија Ивановски Менде“,  исто така од КИЦ во 1996 година,  „Никола Мартиновски“ во 2001 година, „Пејзаж“, ДЛУМ галерија во 2003 година и наградата „Нерешки мајстори“ на ДЛУМ, во 2015 година.

Како лауреат на годинашниот „ Зимски салон“, Тања Балаќ ќе има двомесечен престој во Париз, во атељето „ Cité internationale des arts “.

The post Тања Балаќ лауреат на 20 „ Зимски салон“ на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>

Уметницата Тања Балаќ за видео проектот „ Следна генерација“ , освои Гран при на 20 „ Зимски салон“, што традиционално го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Зад одлуката стои кораторката на „ Зимскиот салон“, Оксана Карповец од Украина. Таа ја соопшти одлуката синоќа на отворањето на изложбата, во Чифте амам. Тања Балаќ дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје,  на отсекот  за сликарство во 1991 година. Во 2008 година, Балаќ се стекнала со звање магистер на ФЛУ. Член е на ДЛУМ од 1996 година, а во периодот од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото. Во 2003 година Тања Балаќ  посетувала студии во Париз, а учествувала и на бројни конференции и работилници, надвор од Македонија. Покрај сликарството таа работи и инсталации, уметнички видео проекти, и уметнички претстави. Балаќ е добитничка на повеќе награди : „Жената симбол и инспирација“,  доделена од Културен центар „Кочо Рацин“- Скопје во 1992 година, награда за млади уметници, „Константин Мазев“, освоена на изложбата во КИЦ во 1995 година, „Методија Ивановски Менде“,  исто така од КИЦ во 1996 година,  „Никола Мартиновски“ во 2001 година, „Пејзаж“, ДЛУМ галерија во 2003 година и наградата „Нерешки мајстори“ на ДЛУМ, во 2015 година. Како лауреат на годинашниот „ Зимски салон“, Тања Балаќ ќе има двомесечен престој во Париз, во атељето „ Cité internationale des arts “.

The post Тања Балаќ лауреат на 20 „ Зимски салон“ на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>