зимски услови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zimski-uslovi/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Jan 2023 09:17:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зимски услови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zimski-uslovi/ 32 32 РСБСП: Бидете одговорни и совесни возачи, возете безбедно во зимски услови https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/rsbsp-bidete-odgovorni-i-sovesni-vozachi-vozete-bezbedno-vo-zimski-uslovi/ Tue, 24 Jan 2023 09:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=600336

Возењето во услови на врнежи од снег и ниски температури има низа предизвици кои возачите треба да ги имаат предвид за да се сочува и нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Бидете одговорни и совесни возачи, возете безбедно во зимски услови, им порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на возачите.

Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата. Возете внимателно и со намалена брзина, одржувајте растојание од другите возила и избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот, велат од РСБСП.

Препорачуваат возачите во возилото секогаш да носат зимска опрема (ланци за снег, метла, чистач за мраз на ветробранско стакло и сл.), а возилото секогаш да биде добро исчистено од снежните наноси (особено прозорците и ретровизорите).

Проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло и сл. Користете зимски гуми. Исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото, советуваат од РСБСП.

The post РСБСП: Бидете одговорни и совесни возачи, возете безбедно во зимски услови appeared first on Република.

]]>

Возењето во услови на врнежи од снег и ниски температури има низа предизвици кои возачите треба да ги имаат предвид за да се сочува и нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Бидете одговорни и совесни возачи, возете безбедно во зимски услови, им порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на возачите. Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата. Возете внимателно и со намалена брзина, одржувајте растојание од другите возила и избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот, велат од РСБСП. Препорачуваат возачите во возилото секогаш да носат зимска опрема (ланци за снег, метла, чистач за мраз на ветробранско стакло и сл.), а возилото секогаш да биде добро исчистено од снежните наноси (особено прозорците и ретровизорите). Проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло и сл. Користете зимски гуми. Исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото, советуваат од РСБСП.

The post РСБСП: Бидете одговорни и совесни возачи, возете безбедно во зимски услови appeared first on Република.

]]>
Загрејте го автомобилот, без нагло забрзување и кочење, на мраз возете во втора: Совети за безбедно возење во зимски услови https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zagrejte-go-avtomobilot-bez-naglo-zabrzuvanje-i-kochenje-na-mraz-vozete-vo-vtora-soveti-za-bezbedno-vozenje-vo-zimski-uslovi/ Fri, 14 Jan 2022 09:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=444468

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува неколку совети за безбедно возење во зимски услови.

Користете задолжителна зимска опрема. Грижете се за техничката исправност на возилото. Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан. Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот. Возете на поголемо растојание од другите возила и одбегнувајте остри и ненадејни движења - се вели во соопштението од РСБСП.

Оттаму порачуваат да се почитува брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки.

Немојте да забрзувате и нагло да кочите бидејќи ваквите постапки ќе доведат до лизгање. Кочете порано и имајте на ум дека мора да ја попуштите кочницата за да управувате и вртите. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50 проценти подолг отколку во нормални услови. Бидете трпеливи и претекнувајте возила исклучиво кога тоа е безбедно. Во текот на возењето се препорачува лесна контрола врз гасот. Во зимските услови подобро е порано да се смени степенот на пренос, односно порано менување во поголема брзина. На замрзнати површини се препорачува возење во втора брзина. Бидете информирани за состојбата на патиштата - наведуваат од РСБСП.

Од РСБСП додаваат дека е добро во автомобилот да се има мала лопата, малку песок, крпа за бришење, мала метла за чистење на снегот од стаклата, антифриз, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.

Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете до посакуваната дестинација - советуваат од РСБСП.

The post Загрејте го автомобилот, без нагло забрзување и кочење, на мраз возете во втора: Совети за безбедно возење во зимски услови appeared first on Република.