Зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zimskata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jan 2022 07:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zimskata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ 32 32 Денеска почнува Зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-zimskata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ Mon, 24 Jan 2022 07:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=448529

Денеска почнува Втората зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Свеченото отворање ќе се одржи на платформата Зум, а најавено е поздравно обраќање на ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, по што ќе се обрати и директорката на МСМЈЛК, Весна Мојсова-Чепишевска.

Преку виртуелна настава, над 40 странски македонисти и слависти од 17 земји, во период од 24 до 29 јануари ќе ги продлабочат своите познавања и ќе согледаат нови предизвици за своите проучувања за македонскиот јазик, литература и култура.

Веднаш по отворањето, Школата ќе започне со интензивна работа – секој ден, од понеделник до сабота и за секоја група ќе се одржуваат по шест часа. Организирани се лекторски групи за сите нивоа – почетно, средно и напреднато и тоа напреднатото со две поднивоа, за јазик, и за литература.

Пријавени се учесници од универзитетските центри од Австралија, Бугарија, Велика Британија, Грција, Италија, Полска, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска, Чешката Република и Швајцарија и тоа како истакнати имиња на славистиката, универзитетски професори со долгогодишно искуство и автори на референтни истражувања на европската и светската филологија. Млади истражувачи – слависти и македонисти, меѓу коишто се и студенти на прв циклус студии – идни афирматори на македонскиот јазик, литература и култура во светот, информираат организаторите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура првпат се одржа минатата година, како прва активност во рамки на програмата за одбележување на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески и значајно дополнување на редовните активности на МСМЈЛК при УКИМ, особено на Летната школа, којашто традиционално се одржува во Охрид и годинава ќе одбележи голем јубилеј – 55 години.

The post Денеска почнува Зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Денеска почнува Втората зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи на платформата Зум, а најавено е поздравно обраќање на ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, по што ќе се обрати и директорката на МСМЈЛК, Весна Мојсова-Чепишевска. Преку виртуелна настава, над 40 странски македонисти и слависти од 17 земји, во период од 24 до 29 јануари ќе ги продлабочат своите познавања и ќе согледаат нови предизвици за своите проучувања за македонскиот јазик, литература и култура. Веднаш по отворањето, Школата ќе започне со интензивна работа – секој ден, од понеделник до сабота и за секоја група ќе се одржуваат по шест часа. Организирани се лекторски групи за сите нивоа – почетно, средно и напреднато и тоа напреднатото со две поднивоа, за јазик, и за литература.