На 24-те Зимски олимписки игри заврши претпоследниот ден по кој и натаму убедливо најуспешна земја е Норвешка.
Поредок на првите шестопласирани:
1. Норвешка 15 злата+8 сребрени+12 бронзени медали
2. Германија 11+8+5
3. Кина 9+4+2
4. САД 8+9+7
5. Шведска 8+5+5
6. Холандија 8+5+4.
Вкупно 22 држави имаат освоено златен медал, а 29 се имаат закитено со одличје.
ЗОИ 2022 ќе бидат свечено затворено утре, откако ќе се поделат последните пет комплети медали (паралел слалом мешани тимови, боб четворосед мажи, хокеј мажи, крос-кантри маратон 30 км жени и карлинг жени.
The post Норвешка засега со најмногу медали на ЗОИ appeared first on Република.
]]>The post Норвешка засега со најмногу медали на ЗОИ appeared first on Република.
]]>Со рекордни 15 златни од вкупно 34 освоени одличја, Норвешка влегува во завршниот натпреварувачки викенд на Зимските олимписки игри во Пекинг како најуспешна нација.
По Норвежаните, на ранг-листата на најуспешни нации следуваат Германија и САД.
Табела на освоени медали:
Норвешка 15 8 11 34
Германија 10 7 5 22
САД 8 8 5 21
Кина 8 4 2 14
Холандија 7 5 4 16
Шведска 7 5 4 16
Швајцарија 7 2 5 14
Австрија 6 7 4 17
Русија 5 9 13 27
Франција 5 7 2 14
The post Норвешка во последниот олимписки викенд влегува со рекорден број златни медали appeared first on Република.
]]>The post Норвешка во последниот олимписки викенд влегува со рекорден број златни медали appeared first on Република.
]]>Mашката хокеарска репрезентација на Русијапротив Финска ќе ја брани титулата олимписки првак во финалето на Зимските олимписки игри во Пекинг. За место во финалето, Русите се изборија со победа против Шведска на пенали. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 1:1.
Во неизвесен и тензичен натпревар, Русија поведе преку Антон Слепишев, на самиот старт на втората третиина, а Шведска израмни со голот на Антон Ландер, во последниот дел.
Решавачкиот гол за Русите во пенал серијата го постигна Арсени Гричук.
Противник на актуелниот олимписки шампион в недела ќе биде Финска, која во првото полуфинале ја совлада Словачка со 2-0.
The post Русија против Финска ќе ја брани хокеарската титула на Олимписките игри appeared first on Република.
]]>The post Русија против Финска ќе ја брани хокеарската титула на Олимписките игри appeared first on Република.
]]>Швајцарецот Рајан Режес во својот прв настап во кариерата на Зимските олимписки игри го освои златниот медал во слободно скијање, во дисциплината ски крос.
Среброто му припадна на неговиот сонародник Алекс Фива, кој, пак, својот прв олимписки медал го освои на 36-годишна возраст.
Место на победничкиот пиедестал имаше и за рускиот натпреварувач Сергеј Ридзик, кој на последните Игри во Пјонгчанг, исто така, го освои бронзеното одличје во ски крос трката.
The post Олимпискиот дебитант Рајан Режес од Швајцарија го освои златниот мрдал во ски крос appeared first on Република.
]]>The post Олимпискиот дебитант Рајан Режес од Швајцарија го освои златниот мрдал во ски крос appeared first on Република.
]]>Кинеската натпреварувачка во слободно скијање, Ејлин Гу, го освои вториот златен медал и вкупно трет на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Гу победи со 95.25 поени во дисциплината халфпајп и го повтори успехот во „биг ер“, а освои и сребро во слопстајл.
Второпласирана во дисциплината халфпајп заврши Канаѓанката и олимписка победничка од Пјонгчанг, Кеси Шарп (90.75 поени), додека бронзата ја освои нејзината сонародничка Рејчел Каркер (87.75).
The post Второ злато и трет медал за Кинеската Ејлин Гу appeared first on Република.
]]>The post Второ злато и трет медал за Кинеската Ејлин Гу appeared first on Република.
]]>Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал на хокеарскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг.
Канаѓанките во финалето ги совладаа своите ривалки од САД со 3:2 (2:0; 1:1; 0:1).
Двоен стрелец за победничката репрезентација беше Мари-Филип Пулен, еднаш погоди Сара Нерс. За Американките реализираа Хилари Најт и Аманда Кесел.
За Канада ова е петти златен медал на Олимпијадите. Претходно хокеарките на оваа земја победуваа на ЗОИ во 2002, 2006, 2010 и 2014 година.
САД не успеаја да го одбранaт златото освоено на претходната Олимпијада, во Пјонгчанг 2018 година.
The post Хокеарките на Канада подобри од САД во дуелот за златниот медал на женскиот хокеарски турнир во Пекинг appeared first on Република.
]]>The post Хокеарките на Канада подобри од САД во дуелот за златниот медал на женскиот хокеарски турнир во Пекинг appeared first on Република.
]]>Украинa го освои првиот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. На натпреварот во скијање слободен стил, Олександер Абраменко освои сребро во акробации, при што првите честитки ги доби од Русинот, Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.
Претходно, Министерството за спорт на Украина им препорача своите спортисти и тренери на Олимпијадата во Пекинг да не стојат покрај Русите кога тие во раце го држат знамето на Рускиот олимписки комитет.
Сепак, денешниот гест на двајцата спортисти покажа дека во спортот и Олимпијадите нема место за политиката.
Златниот медал во оваа дисциплина го освои Кинезот Ки Гуангпу.
The post Абраменко го освои првиот медал за Украина, првата честитка ја доби од рускиот ривал appeared first on Република.
]]>The post Абраменко го освои првиот медал за Украина, првата честитка ја доби од рускиот ривал appeared first on Република.
]]>Норвешката репрезентација го освои златниот медал во биатлон 4×7,5 километри на Олимписките игри во Пекинг. За Норвешка ова е 10. златен медал во Пекинг за лидерско место во поредокот на земји медалисти.
Во составот на норвешкиот национален тим беа: Холм Легрејд, Тарјеј Бо, Јоханес Бо и Ветл Кристијансен. Вкупното време на Норвежаните е 1:19:50.2 час.
Сребрениот медал го освои репрезентацијата на Франција, која заостана 27,4 секунди.
Бронзениот медал отиде кај Русите кои беа во водство пред последната измена, но на крајот заостанаа 45,3 секунди.
The post Норвешка прва до десет златни медали во Пекинг appeared first on Република.
]]>The post Норвешка прва до десет златни медали во Пекинг appeared first on Република.
]]>Ски-скокачите на Австрија го освоија златниот медал во тимска конкуренција на големата скокалница на Олипмијадата во Пекинг.
Иако по првата серија во водство беше репрезентацијата на Словенија со девет бодови предност, во втората серија Австријците имаа подобри скокови и на крајот заслужено се најдоа на првото место.
Златото на Австрија и го донесоа Стефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Херл и Мануел Фетнер.
Резултати на трите првопласирани селекции:
1. Австрија 942,7 бодови
2. Словенија 934,4
3. Германија 922,9 бода.
The post Австрија победник во ски скокови тимска конкуренција на големата скокалница во Пекинг appeared first on Република.
]]>The post Австрија победник во ски скокови тимска конкуренција на големата скокалница во Пекинг appeared first on Република.
]]>Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски одржа работна средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), Јохан Елиаш.
На овој состанок се разговараше за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето. Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ.
Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, се сретна и со членот на ИОК, д-р Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за Односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија - информираа од МОК.
Димевски е дел од македонската делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг.
The post Димевски на средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација appeared first on Република.
]]>На овој состанок се разговараше за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето. Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ. Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, се сретна и со членот на ИОК, д-р Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за Односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија - информираа од МОК.Димевски е дел од македонската делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг.
The post Димевски на средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација appeared first on Република.
]]>Хокеарската репрезентација на Канада ќе игра во финалето на женскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг. Канаѓанките во првото полуфинале ја победија селекцијата на Швајцарија со убедливи 10:3.
Победникот беше решен веќе по првата третина која заврши со 5:1, а во следните два периода Канада само ја потврди доминацијата (3:2 и 2:0).
Во второто полуфинале денес од 14:10 часот ќе се соочат репрезентациите на САД и на Финска.
Победникот од овој меч ќе игра со Канада за златото, додека поразените ќе се сретнат со Швајцарија во дуел за бронзениот медал.
The post Канада прв финалист на женскиот хокеарски турнир appeared first on Република.
]]>The post Канада прв финалист на женскиот хокеарски турнир appeared first on Република.
]]>Норвешката биатлонка Марте Олсбу Ројселанд во својот четврти настап на Зимските олимписки игриво Пекинг го освои третото злато, како и четвртиот медал, убедливо триумфирајќи во трката на 10 километри.
До својот вкупно шести олимписки медал во кариерата најдобрата светска биатлонка дојде со предност од 1:36.5 минути пред Швеѓанката Елвира Оеберг, која го освои среброто.
Трката на 10 километри донесе драматична борба за бронзениот медал, кој цврсто во своите раце го држеше Норвежанката Ингрид Трандерволд, но во финишот доживеа физички колапс и едвај ја мина целта, завршувајќи дури на 14 место. Тоа најдобро го искористи нејзината сонародничка Тирил Екноф, која на крајот го освои бронзениот медал, нејзин трет во кариерата од Олимписките игри.
The post Трето злато за Норвежанката Ројселанд, драматичен завршеток на борбата за бронзата на 10 километри appeared first on Република.
]]>The post Трето злато за Норвежанката Ројселанд, драматичен завршеток на борбата за бронзата на 10 километри appeared first on Република.
]]>Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо стана олимписки шампион на траката од 10 километари биатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Норвежанецот до златниот медал стигна на убедлив начин со време 24:00.4 минути.
Второто место го зазеде Французинот Квентин Фијон Меје со 25,5 секунди побавно време зад победникот (24:25.9).
Трет на трката заврши повозрасниот брат на победникот, Тарјеи Бо, кој до бронзениот медал дојде со заостанување од 38,9 секунди (24:39.3).
Со ваквиот расплет на трката, браќата Бо го удвоија бројот на своите освоени медали, откако претходно беа дел од норвешката мешана штафета што го освои златото.
По победата на Јоханес Тингнес Бо во биатлон, Норвешка се изедначи на врвот на листата на медалисти со германската репрезентација со по седум златни медали.
The post Браќата Бо заедно застанаа на победничкиот подиум со освоени медали на 10 км биатлон appeared first on Република.
]]>The post Браќата Бо заедно застанаа на победничкиот подиум со освоени медали на 10 км биатлон appeared first on Република.
]]>Швеѓанецот Нилс ван дер Пул, го имаше еден од највпечатливите настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, рушејќи го сопствениот светски рекорд на 10.000 метри брзо лизгање, со што дојде до двојна круна во долгите лизгачки дисциплини. Ван дер Пул претходно, го освои и залтниот медал на трката на 5.000 метри.
Својата одлична форма, Швеѓанецот ја прикажа со тоа што трката ја заврши со време 12:30.74, над две секунди побрзо од претходното најдобро време во историјата, што го постави минатата година во Херенвен.
Холанѓанецот Патрик Рост го освои среброто (12:44.59), додека Италијанецот Давиде Ѓото, кој лизгаше во пар со Ван дер Пул, стигна до бронзениот медал (12:45.98).
The post Сензационално лизгање на Швеѓанецот Нилс ван дер Пул: Нов светски рекорд на 10 километри appeared first on Република.
]]>The post Сензационално лизгање на Швеѓанецот Нилс ван дер Пул: Нов светски рекорд на 10 километри appeared first on Република.
]]>Најдобриот фински натпреварувач во скијачко трчање, 30-годишниот Иво Нисканен, е олимписки победник во трката на 15 километри класичен стил.
До своето трето олимписко злато, Нисканен дојде на убедлив начин, со 23,2 секунди пред второпласираниот Александер Болшунов од Русија.
За Нисканен ова е втор медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, по бронзата во скијатлон, додека Болшунов по златото во скијатлон, мораше да се задоволи со среброто.
Бронзата ја освои Норвежанецот Јоханес Клебо, кој заостана зад Нисканен 37.5 секунди. И за него ова е второ одличје во Пекинг, по златниот медал што го освои во спринтот на 1.5 километар.
The post Финецот Нисканен го освои златото во трката на 15 километри класичен стил appeared first on Република.
]]>The post Финецот Нисканен го освои златото во трката на 15 километри класичен стил appeared first on Република.
]]>Русија го освои златото во уметничко лизгање во тимска конкуренција, но доделувањето на медалите е одложено поради „легален проблем“, соопштија од Меѓунарониот олимписки комитет.
Церемонијата за доделување на медалите на која Русија треба да го добие златото, САД среброто и Јапонија бронзата, првично беше закажана за вторникот вечерта, но не се одржа.
https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/15-godishna-rusinka-stana-prvata-lizgachka-koja-izvela-chetvorokraten-skok-na-olimpiski-igri/
Портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс, соопшти дека одложувањето е поради „легална консултација“ побарана од светската лисгачка федерација.
Има спортисти кои освоија медали, а кои се зафатени со консултациите. Сите прават се што е можно за ситуацијата да биде решена што е можно поскоро. Но, како што знаете, легалните прашања некогаш може да се оддолжат - изјави Адамс.
Доколку некој спортист или репрезентација бидат дисквалификувани, постои можност за жалба на Судот за спортска арбитража.
The post Доделувањето медали во уметничко лизгање тимска конкуренција одложено поради „легален проблем“ appeared first on Република.
]]>Има спортисти кои освоија медали, а кои се зафатени со консултациите. Сите прават се што е можно за ситуацијата да биде решена што е можно поскоро. Но, како што знаете, легалните прашања некогаш може да се оддолжат - изјави Адамс.Доколку некој спортист или репрезентација бидат дисквалификувани, постои можност за жалба на Судот за спортска арбитража.
The post Доделувањето медали во уметничко лизгање тимска конкуренција одложено поради „легален проблем“ appeared first on Република.
]]>Словачката скијачка Петра Влхова го освои златниот медал во слалом на Олимписките игри во Пекинг. Влхова по првото возење беше на 8.место, но со извонреден настап во второто возење успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.
За Словачка ова е прво злато во алпските дисциплини на едни Олимписки игри и воопшто прв медал на ЗОИ 2022.
Влхова двете трки ги заврши со вкупно време 1:44.98 минута.
https://twitter.com/eurosport/status/1491302221333598216?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1491302221333598216%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.eurosport.com%2Falpine-skiing%2Fbeijing-2022%2F2022%2Fpetra-vlhova-wins-first-ever-olympic-gold-after-big-rival-mikaela-shiffrin-crashes-in-first-run-at-w_sto8770335%2Fstory.shtml
Веднаш по Влхова, стартуваше светската шампионка во слалом, Австријката Катерина Линсбергер, која направи серија грешки по кои заврши со 0,08 секунди заостанување зад Влхова (1:45.06), но дојде до сребрениот медал.
Бронзениот медал го освои Венди Холденер од Швајцарија (1:45.10), додека водечката по првото возење, Германката Лена Дур на крајот заврши како четврто пласирана и остана без медал.
The post Сензационално второ слалом возење на Петра Влхова за прво злато на Словачка appeared first on Република.
]]>The post Сензационално второ слалом возење на Петра Влхова за прво злато на Словачка appeared first on Република.
]]>Норвежанецот Бирк Руд го освои златниот медал во скијање слободен стил дисциплина „Биг ер“ со резултат 187,75.
Второто место и сребрениот медал му припадна на Американецот Колби Стивенсон со 183 поени, додека бронзата ја освои Швеѓанецот Оливер Магнусон со резултат 178.25.
Со овој златен медал, Норвешка се изедначи со Шведска на врвот на листата медалисти со по четири освоени најсјајни одличја.
The post Норвежанецот Бирк Руд го освои златниот медал во слободно скијање „Биг ер“ appeared first on Република.
]]>The post Норвежанецот Бирк Руд го освои златниот медал во слободно скијање „Биг ер“ appeared first on Република.
]]>Франција се вброи помеѓу земјите освојувачки на златен медал на Олимписките игри во Пекинг. За првото француско злато се избори Кантен Фијон Маје во машкиот биатлон на 20 километри.
Маје трката ја заврши со време 48:47.4 минути.
Второто место и сребрениот медал отиде кај Антон Смолски од Белорусија со 14,8 секунди заостанување зад победникот.
Бронзен медал избори Јоханес Бе со 31,1 секунда побавно време од Маје.
The post Франција стана 16-та земја со златен медал во Пекинг appeared first on Република.
]]>The post Франција стана 16-та земја со златен медал во Пекинг appeared first on Република.
]]>Натурализираната Кинезинка, Ејлин Гу, го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа до златниот медал дојде со 188,25 бодови.
Второто место и припадна на Тес Ледо од Франција со 187,50 поени.
Трета заврши .Матилда Гремо од Швајцарија со освоени 182,50 поени.
Гу, која е родена во Сан Франциско, го обезбеди третиот златен медал за Кина на Зимските Олимписки игри во Пекинг, со што домаќините се пробија на првото место на листата медалисти со три злата и вкупно пет медали.
Најголем вкупен број медали има Русија - осум, од кои два се златни и по три сребрени и бронзени.
The post Со злато во слободно скијање Кина стана лидер по освоени медали appeared first on Република.
]]>The post Со злато во слободно скијање Кина стана лидер по освоени медали appeared first on Република.
]]>