зиборен процес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziboren-protses/ За подобро да се разбереме Fri, 03 May 2024 15:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зиборен процес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziboren-protses/ 32 32 Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-mediumite-imaat-kluchna-uloga-osobeno-vo-izborniot-protses/ Fri, 03 May 2024 15:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=773867

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес.

Денес е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што медиумите треба и мора да ја играат во текот на процесот. Слободен и жив печат кој ги испитува фактите, соопштува идеи и предлози до јавноста и ги притиска официјалните лица да ја објаснат својата позиција за прашања кои се важни за животите на граѓаните и за одредување на текот на државата, потенцира амбасадорката Агелер во објава на платформата X.

Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година во извештајот на „Репортери без граници“, што е за две места скок во однос на 38-то место лани. Од земјите во регионот, Македонија е најдобро оценета, по што следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија (98) и Албанија (99).

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.

The post Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес appeared first on Република.

]]>