Зибери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziberi/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 12:06:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зибери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziberi/ 32 32 Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител https://arhiva3.republika.mk/vesti/ziberi-sobranieto-ne-izbra-zamenitsi-a-vladata-ne-obezbedi-soodvetni-prostorni-uslovi-za-narodniot-pravobranitel/ Wed, 27 Dec 2023 12:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=727097

Сакам да го изразам моето незадоволство од несоработката на клучните органи во државата со Народниот правобранител, а што се однесуваат на обезбедувањето соодветни услови за работа и поефикасно функционирање на институцијата, истакна на денешната прес-конференција Народниот поравобранител Насер Зибери, на која ги презентираше состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.

- Ниту во 2023 година Собранието не успеа да ги избере петте заменици на Народниот правобранител во Скопје и за подрачјето на канцелариите во Тетово, Куманово, Штип и Струмица, што директно влијае врз работата на истите, ја намалува видливоста на институцијата и ја влошува заштитата на правата на граѓаните во тие подрачја. Со двегодишно одложување успеа да определи две од трите потребни невладини организации во тимот за граѓанска контрола при институцијата Народен правобранител, за третата постапката е во  тек, но во исто време Министертвото за финансии не обезбеди средства истиот тим да функционира. Собранието со сериозно задоцнување го стави на дневен ред предлогот за измени и дополување на Законот за народен правобранител и со оглед на времето што овој состав го има на располагање, скептик сум дека измените ќе бидат донесени, истакна Зибери.

Во обраќањето тој нагласи дека неусвојувањето на овие измени и понатаму ќе биде пречка оваа институција, како национално тело за заштита на човековите права, да се акредитира со статус А во ОН според Париските принципи и Венецијанските начела, според кои кадровската, просторната и финансиската независност мора да се гарантираат со закон.

-Ние сме меѓу ретките во регионот која нема статус А и како таква не ги исполнуваме ниту критериумите од преговарачката рамка со ЕУ кога се во прашање поглавјата 23 и 24 во делот на фундаменталните права, за што имаме констатции, како во годишниот извештај на Европската Kомисија, така и во извештајот на оценската мисија на ЕУ. Министерството за финансиси со недавањето или давањето со неколкумесечно задоцнување на согласности, дури и за испразнетите работни места, директно влијаеше институцијата да не се доекипира и тоа за работни места за кои нема ниту еден извршител, као што е  советник за меѓународна соработка, преведдувачи од англиски и албански јазик итн. Министерството две години по ред не одобрува соодветен износ за функционирање на посебните тимови на Народниот правобранител како што е националниот превентивен механизам, механзимот за граѓанска контрола, тимот за борба против нелегалната миграција и трговија со луѓе. Владата и понатаму не обезбеудва соодветни просторни услови за сместување на институцијата со што сериозно ги нарушува принципите на самостојност и финансиска независност, додаде Зибери.

На прес-конференцијата беа изнесени забелешки за примената на начинот на спроведување на Законот за облигацините односи, Законот за извршување и Законот за финансиско работење.

-Голем број претставки пристигаат за начинот на постапување на институциите од овие области за примената на законските измени, како и за начинот на пресметување на каматата, така и за застарување на предметите. Ако се анализираат одговорите на соодветните судови по постапување по претставките од граѓаните ќе се види дека од ниту еден суд две исти одлуки не можете да најдете. Финансиските друштва продолжија да одобруваат кредити преку онлајн апликации, не ја зголемија транспарентноста на критериумите и условите под кои истите се одобруваат и сето тоа доведе до сериозми злоупотреби и повреда на правата на граѓаните, истакна Зибери.

Народниот правобранител се осврна и на неодамнешната интервенција на МВР во полуотвореното одделение на казнено-поправниот дом Идризово, поточно во полуотвореното одделение, каде по увидот е констатирано дека имало примена на прекумерна сила врз затворениците, кои се стекнале со видливи повреди. Поради тоа, до ОЈО - Скопје ќе биде поднесено барање за утврдување кривична одговорност за дела сторени од лица со полициски овластување и на затворската полиција за кривично дело тортура, по член 142 од КЗ.

На крајот од прес-конференцијата, народниот правобранител ги изнесе забелешките за нарушувањето на детските права во областа на образованието, нагласувајќи дека претходната и актуелната учебна година се доцнело со навременото издавање на свидетелствата, немало учебници и не биле навремено дистрибуирани.

Во врска со неотпочнувањето со настава за децата од неколку основни, односно средни училита во општините Гази Баба, Велес и Чашка, Зибери информнираше дека биле побарани известувања од инспекторатот, Министерството за образование и од Општина Велес. По неколку обраќања Народниот правобранител добил известување од Државниот просветен инспекторат за пропусти во постапувањето на училиштата.

The post Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител appeared first on Република.

]]>

Сакам да го изразам моето незадоволство од несоработката на клучните органи во државата со Народниот правобранител, а што се однесуваат на обезбедувањето соодветни услови за работа и поефикасно функционирање на институцијата, истакна на денешната прес-конференција Народниот поравобранител Насер Зибери, на која ги презентираше состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.
- Ниту во 2023 година Собранието не успеа да ги избере петте заменици на Народниот правобранител во Скопје и за подрачјето на канцелариите во Тетово, Куманово, Штип и Струмица, што директно влијае врз работата на истите, ја намалува видливоста на институцијата и ја влошува заштитата на правата на граѓаните во тие подрачја. Со двегодишно одложување успеа да определи две од трите потребни невладини организации во тимот за граѓанска контрола при институцијата Народен правобранител, за третата постапката е во  тек, но во исто време Министертвото за финансии не обезбеди средства истиот тим да функционира. Собранието со сериозно задоцнување го стави на дневен ред предлогот за измени и дополување на Законот за народен правобранител и со оглед на времето што овој состав го има на располагање, скептик сум дека измените ќе бидат донесени, истакна Зибери.
Во обраќањето тој нагласи дека неусвојувањето на овие измени и понатаму ќе биде пречка оваа институција, како национално тело за заштита на човековите права, да се акредитира со статус А во ОН според Париските принципи и Венецијанските начела, според кои кадровската, просторната и финансиската независност мора да се гарантираат со закон.
-Ние сме меѓу ретките во регионот која нема статус А и како таква не ги исполнуваме ниту критериумите од преговарачката рамка со ЕУ кога се во прашање поглавјата 23 и 24 во делот на фундаменталните права, за што имаме констатции, како во годишниот извештај на Европската Kомисија, така и во извештајот на оценската мисија на ЕУ. Министерството за финансиси со недавањето или давањето со неколкумесечно задоцнување на согласности, дури и за испразнетите работни места, директно влијаеше институцијата да не се доекипира и тоа за работни места за кои нема ниту еден извршител, као што е  советник за меѓународна соработка, преведдувачи од англиски и албански јазик итн. Министерството две години по ред не одобрува соодветен износ за функционирање на посебните тимови на Народниот правобранител како што е националниот превентивен механизам, механзимот за граѓанска контрола, тимот за борба против нелегалната миграција и трговија со луѓе. Владата и понатаму не обезбеудва соодветни просторни услови за сместување на институцијата со што сериозно ги нарушува принципите на самостојност и финансиска независност, додаде Зибери.
На прес-конференцијата беа изнесени забелешки за примената на начинот на спроведување на Законот за облигацините односи, Законот за извршување и Законот за финансиско работење.
-Голем број претставки пристигаат за начинот на постапување на институциите од овие области за примената на законските измени, како и за начинот на пресметување на каматата, така и за застарување на предметите. Ако се анализираат одговорите на соодветните судови по постапување по претставките од граѓаните ќе се види дека од ниту еден суд две исти одлуки не можете да најдете. Финансиските друштва продолжија да одобруваат кредити преку онлајн апликации, не ја зголемија транспарентноста на критериумите и условите под кои истите се одобруваат и сето тоа доведе до сериозми злоупотреби и повреда на правата на граѓаните, истакна Зибери.
Народниот правобранител се осврна и на неодамнешната интервенција на МВР во полуотвореното одделение на казнено-поправниот дом Идризово, поточно во полуотвореното одделение, каде по увидот е констатирано дека имало примена на прекумерна сила врз затворениците, кои се стекнале со видливи повреди. Поради тоа, до ОЈО - Скопје ќе биде поднесено барање за утврдување кривична одговорност за дела сторени од лица со полициски овластување и на затворската полиција за кривично дело тортура, по член 142 од КЗ. На крајот од прес-конференцијата, народниот правобранител ги изнесе забелешките за нарушувањето на детските права во областа на образованието, нагласувајќи дека претходната и актуелната учебна година се доцнело со навременото издавање на свидетелствата, немало учебници и не биле навремено дистрибуирани. Во врска со неотпочнувањето со настава за децата од неколку основни, односно средни училита во општините Гази Баба, Велес и Чашка, Зибери информнираше дека биле побарани известувања од инспекторатот, Министерството за образование и од Општина Велес. По неколку обраќања Народниот правобранител добил известување од Државниот просветен инспекторат за пропусти во постапувањето на училиштата.

The post Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител appeared first on Република.

]]>
Бислимовски на средба со Зибери: Струјомерите мора да се читаат најмалку 4 пати годишно, се размислува и за рамномерно плаќање струја на 12 рати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-na-sredba-so-ziberi-strujomerite-mora-da-se-chitaat-najmalku-4-pati-godishno-se-razmisluva-i-za-ramnomerno-plakjanje-struja-na-12-rati/ Tue, 14 Jun 2022 10:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=514950

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. За овој проблем, на заедничка маса седнале народниот правобанител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, а разултат на нивната соработка, како што беше кажано на прес конференцијата, е нов правилник според кој Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите. Според сегашната регулатива, тоа има обврска да го прави еднаш годишно.

Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи , на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски.

The post Бислимовски на средба со Зибери: Струјомерите мора да се читаат најмалку 4 пати годишно, се размислува и за рамномерно плаќање струја на 12 рати appeared first on Република.

]]>

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. За овој проблем, на заедничка маса седнале народниот правобанител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, а разултат на нивната соработка, како што беше кажано на прес конференцијата, е нов правилник според кој Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите. Според сегашната регулатива, тоа има обврска да го прави еднаш годишно. Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи , на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски.

The post Бислимовски на средба со Зибери: Струјомерите мора да се читаат најмалку 4 пати годишно, се размислува и за рамномерно плаќање струја на 12 рати appeared first on Република.

]]>
Една десетина од државните институции воопшто не одговараат на барањата на Народниот правобранител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-desetina-od-drzavnite-institucii-voopshto-ne-odgovaraat-na-baranjata-na-narodniot-pravobranitel/ Wed, 06 Apr 2022 20:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=484425

Народниот правобранител Насер Зибери, во вечерашната Топ Тема на Телма, откри дека многу помал е бројот на државни институции со кои Омбдусманот има одлична соработка. „Кај некооперативните е поголема конкуренцијата“, иронично рече Зибери, пред да додаде дека народниот правобранител направил анализа како соработуваат органите на управата и другите инсититуции со Народниот правобранител, и дошле до фрапантни резултати.

Само една третина од институциите одговараат во законски предвидениот рок на обраќањата на Народниот правобранител. Околу една третина од институциите одговараат на нашите барања дури по неколкукратна ургенција дека го прекршуваат законот, дека ја попречуваат работата на Народниот правобранител, што претставува казнено дело. Околу 10 посто воопшто не одговараат на обраќањата на Народниот правобранител. Меѓу органите кои послабо соработуваат има неколку министерства. Морам да ги издвојам Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за труд и социјална политика, делови од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, рече Зибери.

The post Една десетина од државните институции воопшто не одговараат на барањата на Народниот правобранител appeared first on Република.

Зибери: Годинава на многу судии и обвинители им завршуваат функциите со што сериозно ќе се наруши работата на правосудството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-godinava-na-mnogu-sudii-i-obviniteli-im-zavrshuvaat-funkciite-so-shto-seriozno-kje-se-narushi-rabotata-na-pravosudstvoto/ Wed, 06 Apr 2022 18:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=484362

Во текот на 2022 година сериозно ќе биде нарушена работата на правосудниот систем, бидејќи на голем број судии и јавни обвинители им завршуваат функциите, а Академијата за судии и јавни обвинители нема доволно капацитет да го надомести тој број, изјави народниот правобранител Насер Зибери во интервју за Топ Тема на телевизија Телма.

Тука сигурно една од првите жртви ќе бидат токму постапките кои се итни и за кои треба брзо да се реагира. Но, за жал ситуацијата е таква и мислам дека многу брзо треба да се реагира, изјави Зибери.

Тој нагласи дека Академијата за судии и јавни обвинители мора да има поголем капацитет за создавање на кадар, додавајќи дека според информациите и разговорите кои ги имал, постојат сериозни проблеми и во однос на спроведување на конкурсите и програмата за обука.

Државата мора побрзо да реагира, судството да се консолидира, за да не дојде до наталожување на предмети, да не дојде до судење надвор од законски предвидениот рок и полека да се врати довербата на граѓаните (во судството), затоа што таа навистина е алармантна, смета Зибери.

Во интервјуто тој се осврна и воведувањето на дигиталните учебници, посочувајќи дека пред да се донесе одлука за тоа требало да се испита каква е подготвеноста на училиштата за спроведување на таков тип на настава.

Ние се уште имаме проблем. Одредени училишта немаат пристап до интернет, ниту стабилно електрично напојување за да имаат во функција уред. Нема ни поеднаква подготвеност на наставниот кадар за примена на новите технологии, вели Зибери.

Според него, поради ова некои деца биле оневозможени да ја следат наставата.

Да се надеваме дека полека проблемите ќе се надминат и државата ќе води соодветна сметка за сите параметри за вклучување на учениците во процесот преку новата концепција на учење, додаде Зибери.

The post Зибери: Годинава на многу судии и обвинители им завршуваат функциите со што сериозно ќе се наруши работата на правосудството appeared first on Република.

Неодговарање на барање од народниот правобранител се смета за попречување на неговата работа, вели Зибери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neodgovaranje-na-baranje-od-narodniot-pravobranitel-se-smeta-za-poprechuvanje-na-negovata-rabota-veli-ziberi/ Tue, 01 Feb 2022 10:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=452354

Народниот правобранител, Насер Зибери, во своето гостување во Утрински брифинг рече дека пред два месеца е направена анализа како постапуваат институциите по препораките од правобрантелот и дека 30 отсто од органите постапуваат навремено и 30 отсто реагираат по повторено барање, а 30 отсто воопшто не одговараат.

Зибери вели дека најмалку кооперативни се судството и апаратот на присила во државата кој се чувствува моќен и не сака контрола. Неодговарање на барање од народниот правобранител се смета за попречување на работата на народниот правобранител.

Целиот текст овде.

The post Неодговарање на барање од народниот правобранител се смета за попречување на неговата работа, вели Зибери appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител, Насер Зибери, во своето гостување во Утрински брифинг рече дека пред два месеца е направена анализа како постапуваат институциите по препораките од правобрантелот и дека 30 отсто од органите постапуваат навремено и 30 отсто реагираат по повторено барање, а 30 отсто воопшто не одговараат. Зибери вели дека најмалку кооперативни се судството и апаратот на присила во државата кој се чувствува моќен и не сака контрола. Неодговарање на барање од народниот правобранител се смета за попречување на работата на народниот правобранител. Целиот текст овде.

The post Неодговарање на барање од народниот правобранител се смета за попречување на неговата работа, вели Зибери appeared first on Република.

]]>
Зибери: Нема подеднакво подобрување на етничката застапеност во институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-nema-podednakvo-podobruvanje-na-etnichkata-zastapenost-vo-instituciite/ Fri, 28 Jan 2022 12:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=450716

Нема подеднакво подобрување околу соодветна и правична застапеност на помалите заедници во сите јавни сектори во 2020 година. Во државните органи како што е Собрание, Народен правобранител, Влада, министерства и единиците на локална самоуправа состојбата е значително подобрена, но во  јавните претпријатија, обвинителствата и судовите има застој во спроведувањето на ова начело.

Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција ги презентираше податоците за почитувањето на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност, како и за половата застапеност во јавниот сектор за 2020 година.

Во насока на спроведување на оваа активност од Народниот правобранител беа поднесени барања до 1.345 институции, од нив, одговориле 1.209. Вкупно 136 институции не доставиле податоци за состојбата со примената на начелото на соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната власт, и во целина јавниот сектор и локална самоуправа.

Според Зибери, почнувајќи од 2007 година кога почна да се применува оваа анализа па до денес, општа констатација е дека има подобрување во насока на етничката застапеност на граѓаните во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавниот сектор во целина.

Како илустрација, тој го наведе податокот дека во 2007 година Албанците биле застапени со 10,8 проценти, а во 2020 година тој процент е 20,1. Турците во 2007 година биле застепни со 1,1 процент, а во 2020 со 2,1 процент.

Ромите биле застапени со 0,8 проценти, а сега се со 1,3 проценти. Власите се на исто ниво, Бошњаците биле со 0,3 а сега се со 0,5 отсто.

За жал, подобрување на состојбата нема подеднакво во сите сектори, институции и органи. Во некои од органите на државата, како Собрание, Народен правобранител, Влада, министерства, единиците на локална самоуправа и во некои од поголемите фондови состојбата е значително подобрена. Но и тука, не за сите заедници подеднакво, рече Зибери.

Анализата на податоците покажува дека застапеноста не е иста и во поглед на структурата по однос на образование, раководни и нераководни позиции.

Оттука, податокот говори дека во раководните позиции застапеноста на помалку бројните заедници е далеку помала од бројот на вработените. За разлика од ова, кај избраните и именуваните лица состојбата соодвествува со нивната застапеност, додаде Зибери.

Народниот правобранител, констатирајќи ги овие состојби препорачува преземање посериозни мерки во насока на почитување на оваа темелна вредност и препораките се адресирани до сите институции зависно состојбата која е констатирана.

Впрочем, Народниот правобранител постапувајќи и по претставките во годишниот изваштај за 2020 односно 2021 година констатираше дека во насока на подобрување на примена на ова начело сериозен проблем претставува и примената на законското решение за т.н. балансер во застапувањето на заедниците.

Оттука , препорака на Народниот правобранител до Министерството за информатичко општество и јавна администрација е да се позанимава посериозно со наоѓање соодветен механизам со кој ќе се елиминира злоупотребата на т.н. балансер и начелото на правична и соодветна застапеност да биде имплементирана како што тоа е утврдено и во Уставот.

Како што информираше Зибери, во органите на државата, како што се Претседател, Собрание, Влада, Уставен, Врховен и управни судови, Народна банка, застапеноста за 2020 година е следна: Mакедонци се 75,6 проценти, Aлбанци 17,7 проценти, Tурци 1,6 проценти, Роми 1 процент, Срби 1,7 проценти, Власи 1,7 проценти, Бошњаци 0,5 проценти и останати 0,3 проценти.

Според народниот правобранител, овие податоци покажуваат дека во 2020 година не е забележано подобрување на застапеноста, а кај некои органи тоа дури сериозно е изразено, како на пример кај Кабинетот на Претседателот на државата и Уставниот суд.

Зибери потенцираше дека кај некои органи како што е МАНУ, има голема отстапка во поглед на примената на ова начело, односно застапеноста на помалку бројните заедници. Во МАНУ 95,7 отсто се вработени Македонци, а само 1,4 отсто се Албанци.

Во министерствата, народниот правобранител рече дека состојбата во целина е подобрена, но и тука не соодвествува застапеноста во однос на раководни и нераководни позиции.

Зибери упати јавна критика до министерствата за финансии и за транспорт и врски кои не одговорија на барањето на Народниот правобранител и за 2020 година немаат доставено податоци за застапеноста на заедниците во нивните ресор.

Состојбата во целина во министерствата е следнa: Македонци се 69,9 отсто, Албанци 24,3 отсто, Турци 1,9 проценти, Роми 1 процент, Срби 1,5 проценти, Власи 0,5, Бошњаци 0,6 проценти и останти 0,3 проценти.

Народниот правобранител констатира дека трендот на застапеноста на помалите заедници во министерствата се уште е незадоволителна, а особено тоа се однесува на раководните места. Затоа, народниот правобранител препорачува воспоставување систем на доследна имплементација на начелото на соодветна и правична застапеност.

Во јавни установи и други правни лица како што се агенции, дирекции, комисии, заводи состојбата е следна: Македонци 76,8 отсто, Албанци 17,6 отсто, Турци 1,8 отсто, Роми 0,8 отсто, Срби 1,4 отсто, Власи 1,4 отсто, Бошњаци 1,4 отсто и останати 0,4 отсто,

Од анализата на податоците се забележува дека кај овие институции во 2020 година има зголемување на бројот на вработени за 365 лица, во однос на претходната година, но само кај мал дел од овие институции има подобрување на етничката состојба на застапеност по овој критериум, рече Зибери.

Тој додаде дека во некои од институциите состојбата со застапеноста е загрижувачка. Како пример го наведе АД за изградба и стопанисувања со станбен и деловен простор во државна сопственост, каде структурата е следна: Македонци 90,6 отсто, Албанци 2,6 отсто, Турци 0,6 отсто, Роми 1,8 отсто, Срби 2,6 отсто, Власи 1,2 отсто, Бошњаци 0,3 и останати 3 проценти.

Во некои институции состојбата е дури поеклатантна. За споредување ќе го наведам Државниот инспекторат за техничка инспекција, каде што 96 отсто се Македонци, 0 проценти се Албанци. Слична е состобата и во Центарот за развој на скопско планинскиот регион, каде освен Македонци нема вработено ниту еден од друга етничка припадност, додаде народниот правобранител.

Во КПУ и воспитноуправните установи анализата и податоците покажуваат дека застапеноста во овие установи е следна – Македонци 78,9, Албанци 17,6, Турци 1,1, Роми 0,4, Срби 1, Власи 0,8, Бошњаци 0,1 и останати 0,2 проценти.

Зибери додаде дека од прикажаните податоци се забележува напредок во спроведување на начелото на соодветна и правична застапеност во овие установи особено кај побројната етничка заедница – Албанската, каде во последната година се вработени 62 припадници од оваа заедница.

Во јавните претпријатија податоците покажуваат многу помала застапеност на заедниците. Така, во целина земено, во јавните претпријатија е следна Македонци 74,2, Албанци 15,8, Турци 1,8, Ром 4,1, Срби 1,7, Власи 0,5, Бошњаци 0,7 и останати 1 процент.

Како поеклатантен пример Зибери ја наведе јавната установа Зоолошка градина на Град Скопје каде од вкупниот број вработени 48 само еден е од албанската заедница, а ниту еден Турчин не е вработен.

Согледувајќи ја состојбата, Народниот правобранител препорачува сериозна имплементација на начелото на соодветна и правична застапеност во јавните претпријатија.

Кај фондовите ситуацијата е поразлична. По број на вработени во поголеми фондови како што е ФЗОМ и ПИОМ двете побројни заедници – македонската и албанската се застапени и тоа Македонци со 70,5, Албанците 25 отсто, но загрижувачка е состојбата со застапеноста на турската заедница со само 0,7 отсто, ромската со само 0,3 отсто, додаде Зибери.

Оттука, препорака на Народниот правобранител до овие фондови е да се направат дополнителни напори помалкубројните заедници да бидат посоодветно застапени.

Но, состојбата кај двата помали фонда – ФИТР и Фондот за осигурување на депозити, според Зибери, состојбата е многу загрижувачка. Како пример тој го наведе ФИТР каде освен македонската етничка заедница, нема вработено ниту еден од друга етничка заедница.

Во судството исто така не може да се изнесе податок дека состојбата е добра. Напротив, и во судството нема напредок во подобрување на состојбата, рече Зибери.

Од вкуп ниот број на вработени во судството во сите нивоа на судови Македонци се 78,9, Албанци 15, Турци 1,5, Роми 0,9, Срби 1,4, Власи 1,1, Бошњаци 0,8 и останати со 0,5 отсто.

Народниот правобранител упати препорака, судството да направи дополнителни чекори за подобрување на состојбата а како посебна критика упати до Основниот граѓански суд Скопје кој за 2020 година не испратил податок за состојбата за нивниот број на вработени и етничката припадност на вработените.

Во обвинителствата е дури позагрижувачка и во споредба со судството. 81,9 од вкупниот број се Македонци, 12,1 отсто се Албанци, 2,3 се Турци, 0,8 се Роми, 0,8 се Срби, 1,5 се Власи, 1,3 се Бошњаци и останати 3 отсто. Видливо е дека во ОЈО состојбата останува иста, а тоа значи дека се игнорираат досегашните укажувања на НП за подобрување на состојбата во оваа насока, додаде Зибери.

Посочи дека е слична состојбата и во Вишото јавно обвинителство и во Обвинителството на РСМ за што упати сериозна забелешка овие институции да преземат сериозни чекори во подобрување на состојбата и заради еден друг факт – заради создавање на доверба на граѓаните кон овие институции пред се судството и обвинителството зошто застапувањето на сите заедници подеднакво на бројот на населението оди во прилог на создавање на поголема доверба во одлуките на овие институции.

The post Зибери: Нема подеднакво подобрување на етничката застапеност во институциите appeared first on Република.

]]>

Нема подеднакво подобрување околу соодветна и правична застапеност на помалите заедници во сите јавни сектори во 2020 година. Во државните органи како што е Собрание, Народен правобранител, Влада, министерства и единиците на локална самоуправа состојбата е значително подобрена, но во  јавните претпријатија, обвинителствата и судовите има застој во спроведувањето на ова начело. Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција ги презентираше податоците за почитувањето на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност, како и за половата застапеност во јавниот сектор за 2020 година. Во насока на спроведување на оваа активност од Народниот правобранител беа поднесени барања до 1.345 институции, од нив, одговориле 1.209. Вкупно 136 институции не доставиле податоци за состојбата со примената на начелото на соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната власт, и во целина јавниот сектор и локална самоуправа. Според Зибери, почнувајќи од 2007 година кога почна да се применува оваа анализа па до денес, општа констатација е дека има подобрување во насока на етничката застапеност на граѓаните во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавниот сектор во целина. Како илустрација, тој го наведе податокот дека во 2007 година Албанците биле застапени со 10,8 проценти, а во 2020 година тој процент е 20,1. Турците во 2007 година биле застепни со 1,1 процент, а во 2020 со 2,1 процент. Ромите биле застапени со 0,8 проценти, а сега се со 1,3 проценти. Власите се на исто ниво, Бошњаците биле со 0,3 а сега се со 0,5 отсто.
За жал, подобрување на состојбата нема подеднакво во сите сектори, институции и органи. Во некои од органите на државата, како Собрание, Народен правобранител, Влада, министерства, единиците на локална самоуправа и во некои од поголемите фондови состојбата е значително подобрена. Но и тука, не за сите заедници подеднакво, рече Зибери.
Анализата на податоците покажува дека застапеноста не е иста и во поглед на структурата по однос на образование, раководни и нераководни позиции.
Оттука, податокот говори дека во раководните позиции застапеноста на помалку бројните заедници е далеку помала од бројот на вработените. За разлика од ова, кај избраните и именуваните лица состојбата соодвествува со нивната застапеност, додаде Зибери.
Народниот правобранител, констатирајќи ги овие состојби препорачува преземање посериозни мерки во насока на почитување на оваа темелна вредност и препораките се адресирани до сите институции зависно состојбата која е констатирана. Впрочем, Народниот правобранител постапувајќи и по претставките во годишниот изваштај за 2020 односно 2021 година констатираше дека во насока на подобрување на примена на ова начело сериозен проблем претставува и примената на законското решение за т.н. балансер во застапувањето на заедниците. Оттука , препорака на Народниот правобранител до Министерството за информатичко општество и јавна администрација е да се позанимава посериозно со наоѓање соодветен механизам со кој ќе се елиминира злоупотребата на т.н. балансер и начелото на правична и соодветна застапеност да биде имплементирана како што тоа е утврдено и во Уставот. Како што информираше Зибери, во органите на државата, како што се Претседател, Собрание, Влада, Уставен, Врховен и управни судови, Народна банка, застапеноста за 2020 година е следна: Mакедонци се 75,6 проценти, Aлбанци 17,7 проценти, Tурци 1,6 проценти, Роми 1 процент, Срби 1,7 проценти, Власи 1,7 проценти, Бошњаци 0,5 проценти и останати 0,3 проценти. Според народниот правобранител, овие податоци покажуваат дека во 2020 година не е забележано подобрување на застапеноста, а кај некои органи тоа дури сериозно е изразено, како на пример кај Кабинетот на Претседателот на државата и Уставниот суд. Зибери потенцираше дека кај некои органи како што е МАНУ, има голема отстапка во поглед на примената на ова начело, односно застапеноста на помалку бројните заедници. Во МАНУ 95,7 отсто се вработени Македонци, а само 1,4 отсто се Албанци. Во министерствата, народниот правобранител рече дека состојбата во целина е подобрена, но и тука не соодвествува застапеноста во однос на раководни и нераководни позиции. Зибери упати јавна критика до министерствата за финансии и за транспорт и врски кои не одговорија на барањето на Народниот правобранител и за 2020 година немаат доставено податоци за застапеноста на заедниците во нивните ресор. Состојбата во целина во министерствата е следнa: Македонци се 69,9 отсто, Албанци 24,3 отсто, Турци 1,9 проценти, Роми 1 процент, Срби 1,5 проценти, Власи 0,5, Бошњаци 0,6 проценти и останти 0,3 проценти. Народниот правобранител констатира дека трендот на застапеноста на помалите заедници во министерствата се уште е незадоволителна, а особено тоа се однесува на раководните места. Затоа, народниот правобранител препорачува воспоставување систем на доследна имплементација на начелото на соодветна и правична застапеност. Во јавни установи и други правни лица како што се агенции, дирекции, комисии, заводи состојбата е следна: Македонци 76,8 отсто, Албанци 17,6 отсто, Турци 1,8 отсто, Роми 0,8 отсто, Срби 1,4 отсто, Власи 1,4 отсто, Бошњаци 1,4 отсто и останати 0,4 отсто,
Од анализата на податоците се забележува дека кај овие институции во 2020 година има зголемување на бројот на вработени за 365 лица, во однос на претходната година, но само кај мал дел од овие институции има подобрување на етничката состојба на застапеност по овој критериум, рече Зибери.
Тој додаде дека во некои од институциите состојбата со застапеноста е загрижувачка. Како пример го наведе АД за изградба и стопанисувања со станбен и деловен простор во државна сопственост, каде структурата е следна: Македонци 90,6 отсто, Албанци 2,6 отсто, Турци 0,6 отсто, Роми 1,8 отсто, Срби 2,6 отсто, Власи 1,2 отсто, Бошњаци 0,3 и останати 3 проценти.
Во некои институции состојбата е дури поеклатантна. За споредување ќе го наведам Државниот инспекторат за техничка инспекција, каде што 96 отсто се Македонци, 0 проценти се Албанци. Слична е состобата и во Центарот за развој на скопско планинскиот регион, каде освен Македонци нема вработено ниту еден од друга етничка припадност, додаде народниот правобранител.
Во КПУ и воспитноуправните установи анализата и податоците покажуваат дека застапеноста во овие установи е следна – Македонци 78,9, Албанци 17,6, Турци 1,1, Роми 0,4, Срби 1, Власи 0,8, Бошњаци 0,1 и останати 0,2 проценти. Зибери додаде дека од прикажаните податоци се забележува напредок во спроведување на начелото на соодветна и правична застапеност во овие установи особено кај побројната етничка заедница – Албанската, каде во последната година се вработени 62 припадници од оваа заедница. Во јавните претпријатија податоците покажуваат многу помала застапеност на заедниците. Така, во целина земено, во јавните претпријатија е следна Македонци 74,2, Албанци 15,8, Турци 1,8, Ром 4,1, Срби 1,7, Власи 0,5, Бошњаци 0,7 и останати 1 процент. Како поеклатантен пример Зибери ја наведе јавната установа Зоолошка градина на Град Скопје каде од вкупниот број вработени 48 само еден е од албанската заедница, а ниту еден Турчин не е вработен. Согледувајќи ја состојбата, Народниот правобранител препорачува сериозна имплементација на начелото на соодветна и правична застапеност во јавните претпријатија.
Кај фондовите ситуацијата е поразлична. По број на вработени во поголеми фондови како што е ФЗОМ и ПИОМ двете побројни заедници – македонската и албанската се застапени и тоа Македонци со 70,5, Албанците 25 отсто, но загрижувачка е состојбата со застапеноста на турската заедница со само 0,7 отсто, ромската со само 0,3 отсто, додаде Зибери.
Оттука, препорака на Народниот правобранител до овие фондови е да се направат дополнителни напори помалкубројните заедници да бидат посоодветно застапени. Но, состојбата кај двата помали фонда – ФИТР и Фондот за осигурување на депозити, според Зибери, состојбата е многу загрижувачка. Како пример тој го наведе ФИТР каде освен македонската етничка заедница, нема вработено ниту еден од друга етничка заедница.
Во судството исто така не може да се изнесе податок дека состојбата е добра. Напротив, и во судството нема напредок во подобрување на состојбата, рече Зибери.
Од вкуп ниот број на вработени во судството во сите нивоа на судови Македонци се 78,9, Албанци 15, Турци 1,5, Роми 0,9, Срби 1,4, Власи 1,1, Бошњаци 0,8 и останати со 0,5 отсто. Народниот правобранител упати препорака, судството да направи дополнителни чекори за подобрување на состојбата а како посебна критика упати до Основниот граѓански суд Скопје кој за 2020 година не испратил податок за состојбата за нивниот број на вработени и етничката припадност на вработените.