Зиадин Села Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziadin-sela/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 09:39:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зиадин Села Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ziadin-sela/ 32 32 Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-gi-obvini-sdsm-i-vmro-dpmne-deka-zaednichki-rabotele-kocho-angushev-da-bide-staven-na-tsrna-lista-na-sad/ Fri, 04 Oct 2024 09:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=822548

Пратеникот Зијадин Села, кој е дел од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори.

Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакнува дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.

-Кога зборувам за овие феномени претпочитам да зборувам за политички збиднувања и јавни изјави во минатото. Дали имаше изјава меѓу Мицкоски и Заев за време на кампањата и дадена рака меѓу нив дека ќе направат коалиција по изборите меѓу ВМРО и СДСМ со исклучување на албанскиот политички фактор? Тоа се случи во студио за време на кампања, 2020 година. Тоа е најава. Потоа проструи, исто така, една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО и СДСМ, со исклучување на ДУИ додека станеме рамноправна членка на ЕУ. Но, за таква најава постои ризик. И во време на СФРЈ сме имале претставници во власта, но не го претставувале народот, наведува Села.

Според него, исто е сега и со легитимитетот за кој зборуваат.

-Јас имам право да се сомневам. Да земаш политички губитник кај Албанците како дел од власта, па потоа да создаваш ситуација кога ќе немаш потреба од организирана партија кај Албанците, па ќе земеш индивидуалци Албанци, па на Албанците ќе им кажеш еве имате претставници во власта. Оваа идеја наликува многу на тоа што Заев правеше…, вели тој.

 

The post Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Зијадин Села, кој е дел од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори. Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакнува дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.
-Кога зборувам за овие феномени претпочитам да зборувам за политички збиднувања и јавни изјави во минатото. Дали имаше изјава меѓу Мицкоски и Заев за време на кампањата и дадена рака меѓу нив дека ќе направат коалиција по изборите меѓу ВМРО и СДСМ со исклучување на албанскиот политички фактор? Тоа се случи во студио за време на кампања, 2020 година. Тоа е најава. Потоа проструи, исто така, една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО и СДСМ, со исклучување на ДУИ додека станеме рамноправна членка на ЕУ. Но, за таква најава постои ризик. И во време на СФРЈ сме имале претставници во власта, но не го претставувале народот, наведува Села.
Според него, исто е сега и со легитимитетот за кој зборуваат.
-Јас имам право да се сомневам. Да земаш политички губитник кај Албанците како дел од власта, па потоа да создаваш ситуација кога ќе немаш потреба од организирана партија кај Албанците, па ќе земеш индивидуалци Албанци, па на Албанците ќе им кажеш еве имате претставници во власта. Оваа идеја наликува многу на тоа што Заев правеше…, вели тој.
 

The post Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>
Почна средбата: Дали Села како Трајанов ќе го прифати францускиот предлог? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-sredbata-dali-sela-kako-trajanov-kje-go-prifati-francuskiot-predlog/ Mon, 04 Jul 2022 09:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=523478

Во Клубот на пратеници претпладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.

Широките консултации за францускиот предлог почнаа во петокот најпрво со коалициските партнери во Владата, од кои дел веќе се изјаснија позитивно за предлогот, а дел се очекува тоа да го сторат во следниот период. Премиерот одржа и консултативни средби со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

Вчера, премиерот Ковачевски имаше средба и со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. За ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е неприфатлив. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена.

Францускиот предлог вчера беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свика претседателот на државата Стево Пендаровски. Шефот на државата по седницата на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е прифатлив. Со прифаќањето на предлогот, како што наведе, ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Се овозможува скрининг процес, што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите – поглавја и она што е најважно, како што рече, е тоа што со ништо не се поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота.

Францускиот предлог во земјава пристигна во четвртокот по што премиерот Ковачевски најави широк консултативен процес со владината коалиција, претседателот на државата, Парламентот, опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата

The post Почна средбата: Дали Села како Трајанов ќе го прифати францускиот предлог? appeared first on Република.

]]>

Во Клубот на пратеници претпладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. Широките консултации за францускиот предлог почнаа во петокот најпрво со коалициските партнери во Владата, од кои дел веќе се изјаснија позитивно за предлогот, а дел се очекува тоа да го сторат во следниот период. Премиерот одржа и консултативни средби со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Вчера, премиерот Ковачевски имаше средба и со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. За ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е неприфатлив. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена. Францускиот предлог вчера беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свика претседателот на државата Стево Пендаровски. Шефот на државата по седницата на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е прифатлив. Со прифаќањето на предлогот, како што наведе, ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Се овозможува скрининг процес, што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите – поглавја и она што е најважно, како што рече, е тоа што со ништо не се поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота. Францускиот предлог во земјава пристигна во четвртокот по што премиерот Ковачевски најави широк консултативен процес со владината коалиција, претседателот на државата, Парламентот, опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата

The post Почна средбата: Дали Села како Трајанов ќе го прифати францускиот предлог? appeared first on Република.

]]>