Жозе Луиш Пејшото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhoze-luish-pejshoto/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 07:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жозе Луиш Пејшото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhoze-luish-pejshoto/ 32 32 „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kniga-od-zhoze-luish-pejshoto-objavena-na-makedonski-jazik/ Tue, 02 Apr 2024 07:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=761142

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Книга“ од португалскиот прозаист, поет и драматург Жозе Луиш Пејшото.

Една мајка му дава книга на своето дете и му вели дека набргу ќе се врати. Таа никогаш не се враќа. Илидио ќе порасне во внатрешноста на Португалија и ќе се вљуби во прекрасната Аделајд. Но парот се разделува. Девојката ќе замине во Франција и со себе понесува само една книга што ја добива на подарок – истата онаа што ќе му ја остави мајката на Илидио пред многу години. Аделајд ќе се омажи и тоа повторно со посредство на книгата, но нејзиниот маж е позаинтересиран за политиката отколку за сопругата. Илидио се решава да отпатува во потрага по својата поранешна девојка, оставајќи го Жозуе, човекот што го израснал.

„Книга“ е летопис за руралниот егзодус во кој над милион португалски емигранти трагаат по својата среќа во периодот меѓу 1960 и 1974 година. Низ очите на ликовите сведочиме за суровата реалност на емигрантскиот живот, но и за истрајната надеж за враќањето.

Писма што не стигнуваат, неуспешни потраги, комплицирани љубови и горчлив-сладок копнеж го исполнуваат овој романтичен роман, во кој болката се претвора во услов на постоењето.

Преводот од португалски на македонски го направи Ненад Трповски.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

[caption id="attachment_761146" align="alignnone" width="1080"] Жозе Луиш Пејшото: За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.[/caption]

За авторот: Жозе Луиш Пејшото (1974) е португалски прозаист, поет и драматург. Роден е во мало гратче во областа Алентежо. Студирал современи јазици и книжевност на Универзитетот „Нова“ во Лисабон. По студиите бил учител во Португалија и на Зелен ’Рт. Од 2001 година професионално се занимава со пишување. Има објавено тринаесет книги проза, четири збирки поезија, два патописи и две книги за деца. Неговите дела се преведени на повеќе од триесет јазици. Тој е најмладиот добитник на наградата „Сарамаго“ во чест на Жозе Сарамаго. За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.

[caption id="attachment_761147" align="alignnone" width="1228"] Ненад Трповски e книжевен преведувач[/caption]

Ненад Трповски e книжевен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за италијански и португалски јазик и книжевност во 2009 година. Во периодот помеѓу 2011 и 2013 година живеел и работел во Лисабон, Португалија. Како стипендист на португалскиот институт „Камоиш“ завршил и напреден степен по португалски јазик и книжевност на Универзитетот во Лисабон. За „Антолог“ ги превел книгите „Сочувство“ од Дулсе Марија Кардозо, „Девет ноќи“ од Бернардо Карваљо, „Просечен индекс на среќата“ од Давид Машадо и „Сенки“ од Томазо Ландолфи.

 

The post „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Книга“ од португалскиот прозаист, поет и драматург Жозе Луиш Пејшото. Една мајка му дава книга на своето дете и му вели дека набргу ќе се врати. Таа никогаш не се враќа. Илидио ќе порасне во внатрешноста на Португалија и ќе се вљуби во прекрасната Аделајд. Но парот се разделува. Девојката ќе замине во Франција и со себе понесува само една книга што ја добива на подарок – истата онаа што ќе му ја остави мајката на Илидио пред многу години. Аделајд ќе се омажи и тоа повторно со посредство на книгата, но нејзиниот маж е позаинтересиран за политиката отколку за сопругата. Илидио се решава да отпатува во потрага по својата поранешна девојка, оставајќи го Жозуе, човекот што го израснал. „Книга“ е летопис за руралниот егзодус во кој над милион португалски емигранти трагаат по својата среќа во периодот меѓу 1960 и 1974 година. Низ очите на ликовите сведочиме за суровата реалност на емигрантскиот живот, но и за истрајната надеж за враќањето. Писма што не стигнуваат, неуспешни потраги, комплицирани љубови и горчлив-сладок копнеж го исполнуваат овој романтичен роман, во кој болката се претвора во услов на постоењето. Преводот од португалски на македонски го направи Ненад Трповски. Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“. [caption id="attachment_761146" align="alignnone" width="1080"] Жозе Луиш Пејшото: За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.[/caption] За авторот: Жозе Луиш Пејшото (1974) е португалски прозаист, поет и драматург. Роден е во мало гратче во областа Алентежо. Студирал современи јазици и книжевност на Универзитетот „Нова“ во Лисабон. По студиите бил учител во Португалија и на Зелен ’Рт. Од 2001 година професионално се занимава со пишување. Има објавено тринаесет книги проза, четири збирки поезија, два патописи и две книги за деца. Неговите дела се преведени на повеќе од триесет јазици. Тој е најмладиот добитник на наградата „Сарамаго“ во чест на Жозе Сарамаго. За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година. [caption id="attachment_761147" align="alignnone" width="1228"] Ненад Трповски e книжевен преведувач[/caption] Ненад Трповски e книжевен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за италијански и португалски јазик и книжевност во 2009 година. Во периодот помеѓу 2011 и 2013 година живеел и работел во Лисабон, Португалија. Како стипендист на португалскиот институт „Камоиш“ завршил и напреден степен по португалски јазик и книжевност на Универзитетот во Лисабон. За „Антолог“ ги превел книгите „Сочувство“ од Дулсе Марија Кардозо, „Девет ноќи“ од Бернардо Карваљо, „Просечен индекс на среќата“ од Давид Машадо и „Сенки“ од Томазо Ландолфи.  

The post „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>