Живко Гроздановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhivko-grozdanovski/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 10:03:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Живко Гроздановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhivko-grozdanovski/ 32 32 Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-pismo-za-glorija-od-zhivko-grozdanoski-vo-strumitsa-2/ Sat, 08 Apr 2023 10:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=628616

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ вечер, во 20 часот, во кафе бар „Нагоре“ во Струмица организира промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски.

Митко Гогов ќе биде модертор, а промотор на романот ќе биде писателот Ацо Гогов.

„Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во издание на „Или-или“ е еден од четирите романи финалисти што влегоа во потесниот избор за „Роман на годината“ за 2022 година на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Романот е замислен како книга за траумата, но и за терапевтското влијание на пишувањето. Ова е книга за разбирањето, за милоста и за прошката. Најпосле, тоа е книга што се обидува да зборува за неискажливото доживување на врховната едност, која сè наоколу трајно преобразува во свест, љубов, радост и благодарност.

Според Фросина Пармаковска, овој роман е „обид за автофикција“, односно книга која преку „себеосознавање, себесоочување и самопомош“ говори за траумите од животните преломи кои можат да остават траен белег при градењето на карактерот на еден човек.

„Писмо за Глорија“ е роман кој додека го читате ве наведува на интроспекција, на споредување со главниот лик и неговите избори во конкретни ситуации, реалноста на моменти е толку јасна и чиста, а веќе на следната страница умешно потопена во имагинацијата.

-Овој роман-патешествие нѐ потсетува на пријателството, на важноста да бидеме сами и кога сме во друштво и обратно: да бидеме уво за премрежињата низ кои поминуваат оние околу нас, се вели во најавата.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

The post Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица appeared first on Република.

]]>

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ вечер, во 20 часот, во кафе бар „Нагоре“ во Струмица организира промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски. Митко Гогов ќе биде модертор, а промотор на романот ќе биде писателот Ацо Гогов. „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во издание на „Или-или“ е еден од четирите романи финалисти што влегоа во потесниот избор за „Роман на годината“ за 2022 година на Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е замислен како книга за траумата, но и за терапевтското влијание на пишувањето. Ова е книга за разбирањето, за милоста и за прошката. Најпосле, тоа е книга што се обидува да зборува за неискажливото доживување на врховната едност, која сè наоколу трајно преобразува во свест, љубов, радост и благодарност. Според Фросина Пармаковска, овој роман е „обид за автофикција“, односно книга која преку „себеосознавање, себесоочување и самопомош“ говори за траумите од животните преломи кои можат да остават траен белег при градењето на карактерот на еден човек. „Писмо за Глорија“ е роман кој додека го читате ве наведува на интроспекција, на споредување со главниот лик и неговите избори во конкретни ситуации, реалноста на моменти е толку јасна и чиста, а веќе на следната страница умешно потопена во имагинацијата. -Овој роман-патешествие нѐ потсетува на пријателството, на важноста да бидеме сами и кога сме во друштво и обратно: да бидеме уво за премрежињата низ кои поминуваат оние околу нас, се вели во најавата. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

The post Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица appeared first on Република.

]]>
Промоцијата на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски вечерва во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsijata-na-romanot-pismo-za-glorija-od-zhivko-grozdanoski-vecherva-vo-mkts/ Wed, 01 Mar 2023 08:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=614501

В среда (1 март), со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски како 216. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите.

„Романот „Писмо за Глорија“ е автифокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една навистина, благородна стремеж – испишување на реалноста, што честопати може да биде необична и себеиспишување, што секогаш мора да биде комплексно и трауматично. Може ли тоа да значи зацелување, соочување со траумата и нејзино надминување? Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеспознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора преку бескрајните предели на убавата литература“, вели Пармаковска во освртот кон романот.

Живко Грозданоски е роден 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

The post Промоцијата на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски вечерва во МКЦ appeared first on Република.