Живко Гроздаановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhivko-grozdaanovski/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 16:31:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Живко Гроздаановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhivko-grozdaanovski/ 32 32 Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhivko-grozdanovski-e-izbran-za-nov-pretsedatel-na-drushtvoto-na-pisateli-na-makedonija/ Sat, 01 Jun 2024 16:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=783918

Писателит Живко Грозданоски (38) е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На денешното редовно изборно Собрание Грозданоски е избран во конкуренција на Весна Дамчевска Илиевска, Мирче Нешовски, Југослав Петровски, а Јордан Ѓорчев вчера ја повлече кандидатурата за прв човек на ДПМ.

За Грозданоски гласале најголем број од присутните активни членови на Собранието.

ДПМ денеска избра и нови раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.

Грозданоски основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија „Нова“ во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика).

Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД, Италија и БиХ. Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница DoKo YoMi во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In Cage”, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week).

Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ).

The post Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија appeared first on Република.

]]>

Писателит Живко Грозданоски (38) е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На денешното редовно изборно Собрание Грозданоски е избран во конкуренција на Весна Дамчевска Илиевска, Мирче Нешовски, Југослав Петровски, а Јордан Ѓорчев вчера ја повлече кандидатурата за прв човек на ДПМ. За Грозданоски гласале најголем број од присутните активни членови на Собранието. ДПМ денеска избра и нови раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски. Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото. Грозданоски основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија „Нова“ во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика). Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД, Италија и БиХ. Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница DoKo YoMi во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In Cage”, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week). Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ).

The post Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија appeared first on Република.

]]>