Живи и здрави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhivi-i-zdravi/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 16:52:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Живи и здрави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhivi-i-zdravi/ 32 32 Македонска премиера на „Живи и здрави“ на „Синедејс“: Иван Маринковиќ, режисерот и сценарист на филмот допатува во Скопје и синоќа ја поздрави публиката во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonska-premiera-na-zhivi-i-zdravi-na-sinedejs-ivan-marinkovik-rezhiserot-i-stsenarist-na-filmot-dopatuva-vo-skopje-i-sinoka-ja-pozdravi-publikata-vo-mkts/ Wed, 17 Jul 2024 19:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=797790

Македонската премиера на филмот „Живи и здрави“ на сценаристот и режисер Иван Мариновиќ, беше прикажана на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Филмот е мнозински црногорски филм снимен во копродукција со уште пет држави. Партнери во филмската копродукција се „Адриатик вестерн“ од Црна Гора, „Сенс продукција“ од Србија, „Аналог вижн“ од Чешка, „Кинорама“ од Хрватска, „Круг филм“ од Македонија“ и „Спок филм“ од Словенија, а како копродуцент се појавува и Радиотелевизија Црна Гора. Од Македонија копродуцент е Дејан Крајчевски.

Два дена пред свадбата, Драгана, невестата, изјавува дека нема да се мажи, и покрај тоа што сѐ е подготвено. Лесо, немилосрдниот патријарх на семејството на младоженецот, ѝ нуди на бунтовната невеста „да ја истера проклетата свадбата и потоа оди каде сака“. Таа прифаќа. Момо, младоженецот, сѐ уште ја сака и се надева дека таа ќе остане...

Традиционалната црногорска свадба е со цела низа откачени ликови кои следат серија од апсурдни чекори, во комбинација со алкохол, пукање и динамит. Оваа весела фарса ќе ги изнесе на површина и нивните најлоши лични дилеми.

Режисерот Иван Мариновиќ истовремено е и продуцент на филмот, заедно со Марија Стојановиќ. Кинематографер е Доминик Истенич, а монтажата е на Михаил Рајх.

Во филмот играат Тихана Лазовиќ, Горан Славиќ, Момо Пичуриќ, Горан Богдан, Снежана Синовчиќ, Мирјана Јоковиќ, а и нашиот Никола Ристановски се појавува во една од епизодните улоги.

Музиката во филмот е на Тони Китановски. Токму овој наш музичар, синоќа во Паркот на МКЦ по премиерата го издвои Маринковиќ во своето обраќање велејќи дека треба да го чуваме, бидејќи е скапоцен.

Ова е втор филм на Мариновиќ. Снимањето на филмот траеше 33 дена, а се одвиваше на локации во Црна Гора, во градовите Херцег Нови и Игало, како и на полуостровот Луштица. Македонската премиера на долгометражниот игран филм „Живи и здрави“ се одржа на 16 јули, во рамки на програмата „МК во ЕУ“ на фестивалот на европски филм „Синедејс“, а ќе биде прикажан и на 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо, фестивал кој ќе се одржи од 17 до 23.јули во Охрид.

 

The post Македонска премиера на „Живи и здрави“ на „Синедејс“: Иван Маринковиќ, режисерот и сценарист на филмот допатува во Скопје и синоќа ја поздрави публиката во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Македонската премиера на филмот „Живи и здрави“ на сценаристот и режисер Иван Мариновиќ, беше прикажана на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Филмот е мнозински црногорски филм снимен во копродукција со уште пет држави. Партнери во филмската копродукција се „Адриатик вестерн“ од Црна Гора, „Сенс продукција“ од Србија, „Аналог вижн“ од Чешка, „Кинорама“ од Хрватска, „Круг филм“ од Македонија“ и „Спок филм“ од Словенија, а како копродуцент се појавува и Радиотелевизија Црна Гора. Од Македонија копродуцент е Дејан Крајчевски. Два дена пред свадбата, Драгана, невестата, изјавува дека нема да се мажи, и покрај тоа што сѐ е подготвено. Лесо, немилосрдниот патријарх на семејството на младоженецот, ѝ нуди на бунтовната невеста „да ја истера проклетата свадбата и потоа оди каде сака“. Таа прифаќа. Момо, младоженецот, сѐ уште ја сака и се надева дека таа ќе остане... Традиционалната црногорска свадба е со цела низа откачени ликови кои следат серија од апсурдни чекори, во комбинација со алкохол, пукање и динамит. Оваа весела фарса ќе ги изнесе на површина и нивните најлоши лични дилеми. Режисерот Иван Мариновиќ истовремено е и продуцент на филмот, заедно со Марија Стојановиќ. Кинематографер е Доминик Истенич, а монтажата е на Михаил Рајх. Во филмот играат Тихана Лазовиќ, Горан Славиќ, Момо Пичуриќ, Горан Богдан, Снежана Синовчиќ, Мирјана Јоковиќ, а и нашиот Никола Ристановски се појавува во една од епизодните улоги. Музиката во филмот е на Тони Китановски. Токму овој наш музичар, синоќа во Паркот на МКЦ по премиерата го издвои Маринковиќ во своето обраќање велејќи дека треба да го чуваме, бидејќи е скапоцен. Ова е втор филм на Мариновиќ. Снимањето на филмот траеше 33 дена, а се одвиваше на локации во Црна Гора, во градовите Херцег Нови и Игало, како и на полуостровот Луштица. Македонската премиера на долгометражниот игран филм „Живи и здрави“ се одржа на 16 јули, во рамки на програмата „МК во ЕУ“ на фестивалот на европски филм „Синедејс“, а ќе биде прикажан и на 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо, фестивал кој ќе се одржи од 17 до 23.јули во Охрид.  

The post Македонска премиера на „Живи и здрави“ на „Синедејс“: Иван Маринковиќ, режисерот и сценарист на филмот допатува во Скопје и синоќа ја поздрави публиката во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на долгометражниот игран филм „Живи и здрави“ денеска на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonska-premiera-na-dolgometrazhniot-igran-film-zhivi-i-zdravi-deneska-na-sinedejs/ Tue, 16 Jul 2024 07:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=797226

Македонската премиера на долгометражниот игран филм „Живи и здрави“ на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ ќе се одржи на 16 јули, во 20:30 часот, во рамки на програмата „МК во ЕУ“ на фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Парк МКЦ.

Играниот филм „Живи и здрави“ на сценаристот и режисер Иван Мариновиќ е мнозински црногорски филм снимен во копродукција со уште пет држави. Партнери во филмската копродукција се „Адриатик вестерн“ од Црна Гора, „Сенс продукција“ од Србија, „Аналог вижн“ од Чешка, „Кинорама“ од Хрватска, „Круг филм“ од Македонија“ и „Спок филм“ од Словенија, а како копродуцент се појавува и Радио-телевизија Црна Гора.

Два дена пред свадбата, Драгана, невестата, изјавува дека нема да се мажи, и покрај тоа што сѐ е подготвено. Лесо, немилосрдниот патријарх на семејството на младоженецот, ѝ го нуди на бунтовната невеста следново: истерај ја проклетата свадбата и потоа оди каде сакаш. Таа прифаќа. Момо, младоженецот, сѐ уште ја сака и се надева дека таа ќе остане.

Традиционалната црногорска свадба е со цела низа откачени ликови кои следат серија од апсурдни чекори, во комбинација со алкохол, пукање и динамит. Оваа весела фарса ќе ги изнесе на површина и нивните најлоши лични дилеми.

На шестиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

 

22:30 Body Odyssey dir. Grazia Tricarico (OC) МКЦ Парк- Дебитантскиот филм на Грација Трикарико е преамбициозна приказна за 40-годишен бодибилдер опседнат со совршенство. Приказната допира длабоко во психата на спортистот.

 

20:00 Skopje 1963 – 77’ Кинотека внатре

Документарен филм за еден од најтажните денови во историјата на Скопје. Како изгледало Скопје тие денови и како скопјани се организирале обидувајќи се да ги вратат нештата во нормален тек.

 

20:30 Forever hold your peace dir. Ivan Marinovic (MK/EU) МКЦ парк

- Црна Гора. Два дена пред свадба, црногорска традиционална. Невестата се предомислува. И тогаш почнува...

 

21:30 The Shrouds dir. David Cronenberg (G) кино Фросина

- Морничав, мрачен, но и смешен хорор, кој на некој начин е инспириран од смртта на сопругата на Кроненберг во 2017 година.

 

21:30 Spirit of Ecstasy dir. Helena Klotz (OC) Кинотека надвор

- Во овој свет во кој живееме, во кој доминира технолошкото забрзување и каде што општествениот статус е често директно поврзан со парите, „местото на луѓето на бојното поле на иднината" е во прашање.

 

19:30 Marcello Mio dir. Chrisrophe Honore (G) Кино Фросина

 

- Ќерката на славната италијанска филмска икона Марчело Мастројани облекува црн костум и се претвора во ликовите што татко ѝ ги игра во „8½“ и „La Dolce Vita“, внесувајќи забава во француските филмски кругови.

 

23:00 Cyril-Cyril (koncert) МКЦ парк

Сирил Сирил е швајцарско музичко дуо формирано од Сирил Јетеријан и Сирил Бонди. Нивниот звук претставува уникатен спој на фолк, психоделија и етно музика и создава хипнотичко и опојно искуство за слушателите. Музиката на дуото е под големо влијание на традиционалните северноафрикански и блискоисточни ритми, помешана со модерни електронски елементи и експериментални техники. Вокалот на Сирил Јетеријан, придружуван од низа инструменти како тапани, гитара и оргули, создава атмосфера налик на сон и транс. Настапите на дуото се познати по нивната енергија и интензитет, правејќи ги бенд што мора да го видите во живо.

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

 

 

The post Македонска премиера на долгометражниот игран филм „Живи и здрави“ денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Македонската премиера на долгометражниот игран филм „Живи и здрави“ на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ ќе се одржи на 16 јули, во 20:30 часот, во рамки на програмата „МК во ЕУ“ на фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Парк МКЦ. Играниот филм „Живи и здрави“ на сценаристот и режисер Иван Мариновиќ е мнозински црногорски филм снимен во копродукција со уште пет држави. Партнери во филмската копродукција се „Адриатик вестерн“ од Црна Гора, „Сенс продукција“ од Србија, „Аналог вижн“ од Чешка, „Кинорама“ од Хрватска, „Круг филм“ од Македонија“ и „Спок филм“ од Словенија, а како копродуцент се појавува и Радио-телевизија Црна Гора. Два дена пред свадбата, Драгана, невестата, изјавува дека нема да се мажи, и покрај тоа што сѐ е подготвено. Лесо, немилосрдниот патријарх на семејството на младоженецот, ѝ го нуди на бунтовната невеста следново: истерај ја проклетата свадбата и потоа оди каде сакаш. Таа прифаќа. Момо, младоженецот, сѐ уште ја сака и се надева дека таа ќе остане. Традиционалната црногорска свадба е со цела низа откачени ликови кои следат серија од апсурдни чекори, во комбинација со алкохол, пукање и динамит. Оваа весела фарса ќе ги изнесе на површина и нивните најлоши лични дилеми. На шестиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:   22:30 Body Odyssey dir. Grazia Tricarico (OC) МКЦ Парк- Дебитантскиот филм на Грација Трикарико е преамбициозна приказна за 40-годишен бодибилдер опседнат со совршенство. Приказната допира длабоко во психата на спортистот.   20:00 Skopje 1963 – 77’ Кинотека внатре Документарен филм за еден од најтажните денови во историјата на Скопје. Како изгледало Скопје тие денови и како скопјани се организирале обидувајќи се да ги вратат нештата во нормален тек.   20:30 Forever hold your peace dir. Ivan Marinovic (MK/EU) МКЦ парк - Црна Гора. Два дена пред свадба, црногорска традиционална. Невестата се предомислува. И тогаш почнува...   21:30 The Shrouds dir. David Cronenberg (G) кино Фросина - Морничав, мрачен, но и смешен хорор, кој на некој начин е инспириран од смртта на сопругата на Кроненберг во 2017 година.   21:30 Spirit of Ecstasy dir. Helena Klotz (OC) Кинотека надвор - Во овој свет во кој живееме, во кој доминира технолошкото забрзување и каде што општествениот статус е често директно поврзан со парите, „местото на луѓето на бојното поле на иднината" е во прашање.   19:30 Marcello Mio dir. Chrisrophe Honore (G) Кино Фросина   - Ќерката на славната италијанска филмска икона Марчело Мастројани облекува црн костум и се претвора во ликовите што татко ѝ ги игра во „8½“ и „La Dolce Vita“, внесувајќи забава во француските филмски кругови.   23:00 Cyril-Cyril (koncert) МКЦ парк Сирил Сирил е швајцарско музичко дуо формирано од Сирил Јетеријан и Сирил Бонди. Нивниот звук претставува уникатен спој на фолк, психоделија и етно музика и создава хипнотичко и опојно искуство за слушателите. Музиката на дуото е под големо влијание на традиционалните северноафрикански и блискоисточни ритми, помешана со модерни електронски елементи и експериментални техники. Вокалот на Сирил Јетеријан, придружуван од низа инструменти како тапани, гитара и оргули, создава атмосфера налик на сон и транс. Настапите на дуото се познати по нивната енергија и интензитет, правејќи ги бенд што мора да го видите во живо. Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.    

The post Македонска премиера на долгометражниот игран филм „Живи и здрави“ денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на „Живи и здрави“ на Бич филм фестивал во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonska-premiera-na-zhivi-i-zdravi-na-bich-film-festival-vo-ohrid/ Sun, 16 Jun 2024 11:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=788113

Од 17. до 23. јули во Охрид ќе се одржи 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо.

„Живи и здрави” е првиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови со македонска премиера на официјално отворање првата фестивалска вечер. Филмот е македонска копродукција со „Круг Филм“ со Никола Ристановски во една од улогите и со музика од Тони Китановски.

На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Франција, Холандија, Германија, Унгарија на локации Плажа Славија и Брод Армада.

Четиричленото жири на 7. издание на БФФ во состав Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka ќе ги додели наградите: Голем бран за најдобар долгометражен филм и Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување.

Во склоп на Фестивалот ќе се одржи и Филмска работилница наменета за сите средношколци и студенти кои имаат интерес за како изгледа еден процес позади секој филм и чекор по чекор ќе се покаже како од идеја до реализација се работи еден филм, вклучувајќи пишување на сценарио, снимање и монтажа.

Оваа работилница „Филмски Колаж” ја организира @charade_film_production во соработка со БФФ и е поддржана од Министерството за Култура.

 

The post Македонска премиера на „Живи и здрави“ на Бич филм фестивал во Охрид appeared first on Република.

]]>

Од 17. до 23. јули во Охрид ќе се одржи 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо. „Живи и здрави” е првиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови со македонска премиера на официјално отворање првата фестивалска вечер. Филмот е македонска копродукција со „Круг Филм“ со Никола Ристановски во една од улогите и со музика од Тони Китановски. На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Франција, Холандија, Германија, Унгарија на локации Плажа Славија и Брод Армада. Четиричленото жири на 7. издание на БФФ во состав Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka ќе ги додели наградите: Голем бран за најдобар долгометражен филм и Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување. Во склоп на Фестивалот ќе се одржи и Филмска работилница наменета за сите средношколци и студенти кои имаат интерес за како изгледа еден процес позади секој филм и чекор по чекор ќе се покаже како од идеја до реализација се работи еден филм, вклучувајќи пишување на сценарио, снимање и монтажа. Оваа работилница „Филмски Колаж” ја организира @charade_film_production во соработка со БФФ и е поддржана од Министерството за Култура.  

The post Македонска премиера на „Живи и здрави“ на Бич филм фестивал во Охрид appeared first on Република.

]]>